реформа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/reforma/ За подобро да се разбереме Wed, 17 Jul 2024 17:55:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png реформа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/reforma/ 32 32 Реформа на процесите на УЈП – ќе се открива неплатен данок и ќе се подобрат услугите за граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/reforma-na-protsesite-na-ujp-ke-se-otkriva-neplaten-danok-i-ke-se-podobrat-uslugite-za-graganite/ Wed, 17 Jul 2024 20:26:40 +0000 https://republika.mk/?p=797814

Претстои голем реформски процес на редизајнирање на деловните процеси и нивно автоматизирање и дигитализирање, со кои ќе се промени начинот на пресметки на платите и собирање на даноците, најави новата директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Елена Петрова. Со новините се очекува да биде променет сегашниот, како што рече, традиционален начин на функционирање на УЈП како даночна администрација.

-Тоа значи дека во некоја блиска иднина, наместо неповрзани системи, пресметувањето и плаќањето на даночните  обврски би преминале во еден поврзан интероперабилен даночен екосистем, во кој би имало поврзаност меѓу системите на УЈП, даночните обврзници, со тоа што пресметувањето и плаќањето на даночните обврски треба да биде вградено всушност во деловните системи на даночните обврзници, како дел од нивното секојдневно деловно работење, изјави Петрова за медиумите по отворањето на сесијата „Градење кохезивна дигитална инфраструктура за развој на напредни јавни финансии“ што ја организираше Националната конвенција за Европската Унија во Република Македонија (НКЕУ-МК).

Од аспект на собирање на даночните приходи, рече директорката на Управата, реформата ќе значи дека податоците во УЈП нема да доаѓаат како историски податоци, по завршување на даночниот период, туку ќе бидат достапни во реално време односно во време кога ќе се случуваат оданочивите деловни трансакции.

-Со тоа УЈП ќе може во реално време да има пристап и да ги следи ризиците, отстапувањата во пресметувањето на даночните обврски и да овозможи во реално време да се собира точниот износ на данок односно да се собираат точните даночни приходи, рече директорката на УЈП.

Достапноста на податоците во УЈП во реално време што ќе се обезбеди преку дигитализацијата ќе овозможи и брзо справување со разни форми на неплаќање данок кои, како што рече, „може да е движат од ненамерни грешки па сѐ до свесни и намерни злоупотреби и даночни измами“.

Петрова посочи дека овие процеси ќе овозможат и достапност на услугите што од Управата за јавни приходи треба да ги  примаат даночните обврзници.

-Наместо граѓаните да ги добиваат услугите на шалтери и преку персонализирани контакти со даночни службеници, ќе имаме нов пристап каде услугите ќе бидат достапни преку електронските системи  што ќе овозможи поголема конзистентност, скратување на времето потребно за добивање на услугите и, воопшто, повисоки стандарди на квалитетот на услугите што треба да ги испорачува УЈП кон даночните обврзници, додаде директорката на УЈП.

The post Реформа на процесите на УЈП – ќе се открива неплатен данок и ќе се подобрат услугите за граѓаните appeared first on Република.

]]>

Претстои голем реформски процес на редизајнирање на деловните процеси и нивно автоматизирање и дигитализирање, со кои ќе се промени начинот на пресметки на платите и собирање на даноците, најави новата директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Елена Петрова. Со новините се очекува да биде променет сегашниот, како што рече, традиционален начин на функционирање на УЈП како даночна администрација. -Тоа значи дека во некоја блиска иднина, наместо неповрзани системи, пресметувањето и плаќањето на даночните  обврски би преминале во еден поврзан интероперабилен даночен екосистем, во кој би имало поврзаност меѓу системите на УЈП, даночните обврзници, со тоа што пресметувањето и плаќањето на даночните обврски треба да биде вградено всушност во деловните системи на даночните обврзници, како дел од нивното секојдневно деловно работење, изјави Петрова за медиумите по отворањето на сесијата „Градење кохезивна дигитална инфраструктура за развој на напредни јавни финансии“ што ја организираше Националната конвенција за Европската Унија во Република Македонија (НКЕУ-МК). Од аспект на собирање на даночните приходи, рече директорката на Управата, реформата ќе значи дека податоците во УЈП нема да доаѓаат како историски податоци, по завршување на даночниот период, туку ќе бидат достапни во реално време односно во време кога ќе се случуваат оданочивите деловни трансакции. -Со тоа УЈП ќе може во реално време да има пристап и да ги следи ризиците, отстапувањата во пресметувањето на даночните обврски и да овозможи во реално време да се собира точниот износ на данок односно да се собираат точните даночни приходи, рече директорката на УЈП. Достапноста на податоците во УЈП во реално време што ќе се обезбеди преку дигитализацијата ќе овозможи и брзо справување со разни форми на неплаќање данок кои, како што рече, „може да е движат од ненамерни грешки па сѐ до свесни и намерни злоупотреби и даночни измами“. Петрова посочи дека овие процеси ќе овозможат и достапност на услугите што од Управата за јавни приходи треба да ги  примаат даночните обврзници. -Наместо граѓаните да ги добиваат услугите на шалтери и преку персонализирани контакти со даночни службеници, ќе имаме нов пристап каде услугите ќе бидат достапни преку електронските системи  што ќе овозможи поголема конзистентност, скратување на времето потребно за добивање на услугите и, воопшто, повисоки стандарди на квалитетот на услугите што треба да ги испорачува УЈП кон даночните обврзници, додаде директорката на УЈП.

The post Реформа на процесите на УЈП – ќе се открива неплатен данок и ќе се подобрат услугите за граѓаните appeared first on Република.

]]>
Николоски: Планираме сериозна реформа во здравството https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-planirame-seriozna-reforma-vo-zdravstvoto/ Fri, 15 Mar 2024 13:32:43 +0000 https://republika.mk/?p=755151

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање од Прилеп во однос на состојбата во здравството и случувањата во Битолската и Прилепската болница истакна дека состојбата во здравството е катастрофална, постои криминал и незаинтересираност поради што пропаѓаат болниците но ВМРО-ДПМНЕ планира сериозна реформа во здравството, прво крај на криминалот и корупцијата и втор чекор регионализација и стимулирање на здравствените работници.

„Во однос на состојбата со здравството таа е катастрофална, гледам дека еден поранешен министер за здравство почна јако да се рекламира последните денови веројатно мисли дека граѓаните заборавија што се случуваше во неговиот мандат, кога Македонија за жал уриваше црни рекорди по смртност во делот на пандемијата со корона и кога освен гол пи ар не се правеше ништо друго гледам дека со исти гол пи-ар се продолжува и сега, наместо да се лечат пациенти и да се спасуваат животи со камери им се влегува на операција што е дно, нема збор да се употреби и една работа која што е прашање на етика и морал. Така што во такви услови состојбата во здравството е катастрофална поделена е на личен пи ар на огромен криминал и на незаинтересираност и затоа пропаѓаат и Битолската и Прилепската болница. Не е тука прашањето дали некој е виновен во Битолската или во Прилепската болница, во двете болници нема соодветни услови за да можат соодветно луѓето да се лечат во Пелагонискиот регион иако тука планираме една сериозна реформа која што почнува со првиот и едноставен чекор а тоа е да запре криминалот и корупцијата во здравството, второ е веќе да се оди кон регионализација и јасно утврдување на тоа што е потребно за секој регион за да има квалитетна здравствена заштита и секако стимулирање на здравствените работници затоа што сметаме дека е основно да се подобрат условите на здравствените работници како би можело да даваат подобри услуги на граѓаните“, нагласи Николоски.

The post Николоски: Планираме сериозна реформа во здравството appeared first on Република.

Весна Јаневска: Потребна е брза и одлучна акција за укинување на пропаднатата реформа во образованието https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vesna-janevska-potrebna-e-brza-i-odluchna-aktsija-za-ukinuvane-na-propadnatata-reforma-vo-obrazovanieto/ Fri, 01 Sep 2023 11:35:34 +0000 https://republika.mk/?p=677887

Почитувани ученици и наставници ви посакувам среќен почеток на новата учебна година. На првачињата им истурам река вода по нивните стапки за образованието да им тече како вода, да им биде убаво и забавно во училиште, да учат најмногу што можат и да бидат најдобри што можат, рече на денешната прес-конференција Весна Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ.

На овој убав ден сепак со јавноста треба да споделам со кои предизвици ќе се соочуваат и учениците и наставниците. Вчера еден од креаторите на фамозната Концепција за реформи во образованието, кој држеше обуки и ја промовираше Концепцијата, Кирил Барбареев изјави дека реформата во основното образование е веќе пропадната. ВМРО-ДПМНЕ и експертската јавност во Македонија од сам почеток тврдеа дека оваа реформа е неспроведлива и крајно лошо обмислена. На Кирил Барбареев тоа му станува јасно по 2,5 години, а Владата се уште се обидува да ја спроведе таа пропадната реформа. Учебници за сите ученици на првиот училишен ден нема да има, а и не само на првиот и понатаму. Учениците ќе бидат дискриминирани со тоа што едни ќе имаат учебници, а други материјали за учење, односно линк до ПДФ формат некакви материјали. Огромен број на ученици ќе имаат полураспагнати учебници користени во претходните години. Врв на хипокризијата на оваа Влада во однос на учебниците е изјавата на премиерот дека министерот не пишува учебници и не е одговорен за нивниот недостаток. Премиере и изминатите 30 години министерот не пишуваше учебници ама нив ги имаше. Наставниците ќе бидат фрустрирани бидејќи оваа година ќе држат различен број часови за иста плата. Историја, во шесто одделение учениците ќе учат само во прво полугодие, а потоа следната година, во седмо. Кога сме кај историја, уште една важна информација за наставниците, ве молам да не ги учите учениците дека Тигар и Еуфрат се наоѓаат во Африка, така пишува во новите материјали за учење објавени на страната на БРО, дека Нил, Тигар и Еуфрат се наоѓаат во Африка. Ве молам, направете напори и науштете ги учениците дека Нил е во Африка, а Тигар и Еуфрат во Азија. Дел од наставниците ќе предаваат предмети за кои немаат компетенции и вештини. Наместо оценки по предмет наставниците ќе пишуваат оценки на модули. Сето ова како резултат на Насоките за планирање, организација и реализација на наставата, документ кој ако се спроведува води до кршење на најмалку 3 закони. Значи ли тоа дека ако директорите ги спроведуваат овие насоки, утре може да бидат и разрешени и казнети за непочитување на постоечкиот важечки закон? Потоа Владата ќе побара одговорност и од градоначалниците. Проѕирна е играта, но не зборавајте дека директорот на Бирото за развој на образованието ставил потпис на документот, а над него е министерот. За да го сврти вниманието на наставниците од проблемите во училиштето и наставата, Владата ги замајува деновиве со проценти од плата, иако вети потпишување на Колективниот договор требаше да биде потпишан уште пролетта. Во ваквата хаотична состојба само оваа Влада може да очекува подобри резултати на учениците. Тоа не е можно. Можеби таа и не очекува, но упорно не убедува дека се е добро и многу европски, истакна Јаневска.

Почитувани, не треба да поминат нови 2,5 години за на Владата и стане јасно што прави, потребна е брза и одлучна акција (кажано во нивен стил на изразување) за укинување на пропаднатата реформа, додаде Јаневска.

The post Весна Јаневска: Потребна е брза и одлучна акција за укинување на пропаднатата реформа во образованието appeared first on Република.

Над илјада рецепти за хронична терапија за еден ден препишале матичните лекари со новата реформа https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/nad-iljada-retsepti-za-hronichna-terapija-za-eden-den-prepishale-matichnite-lekari-so-novata-reforma/ Fri, 25 Aug 2023 09:53:23 +0000 https://republika.mk/?p=675684

Над илјада рецепти за хронична терапија за еден ден препишале матичните лекари со новата реформа во примарната здравствена заштита, информираше денеска министерот за здравство Фатмир Меџити.

Меџити денеска ја посети поликлиниката Јане Сандански во Скопје, каде разговараше со дел од матичните лекари и пациенти во врска со предностите од новата реформска мерка во Примарната здравствена заштита (ПЗЗ). Во рамки на посетата, Меџити го посети и интерниот оддел на Поликлиниката каде најмногу се гледаат предностите од новата реформа.

Процесот на работа со пациентите на кои им се препишува хронична терапија воопшто не е сложен, јасните насоки напишани во клиничките патеки им ја олеснуваат работата на матичните лекари, така што имаме одличен старт на реформата. Во текот на вчерашниот ден, според податоците од Мој Термин, 506 пациенти добиле терапија за своето хронично заболување од матичен лекар. Биле препишани 1073 лекови.

Со новата реформска мерка пациентите со дијабетес, астма, ХОББ, намалена функција на тироидна жлезда и хипертензија, не мора да одат на Клиника за да им се продолжи или да им се препише хронична терапија, тоа може да го направат кај својот долгогодишен лекар.

The post Над илјада рецепти за хронична терапија за еден ден препишале матичните лекари со новата реформа appeared first on Република.

]]>

Над илјада рецепти за хронична терапија за еден ден препишале матичните лекари со новата реформа во примарната здравствена заштита, информираше денеска министерот за здравство Фатмир Меџити. Меџити денеска ја посети поликлиниката Јане Сандански во Скопје, каде разговараше со дел од матичните лекари и пациенти во врска со предностите од новата реформска мерка во Примарната здравствена заштита (ПЗЗ). Во рамки на посетата, Меџити го посети и интерниот оддел на Поликлиниката каде најмногу се гледаат предностите од новата реформа. Процесот на работа со пациентите на кои им се препишува хронична терапија воопшто не е сложен, јасните насоки напишани во клиничките патеки им ја олеснуваат работата на матичните лекари, така што имаме одличен старт на реформата. Во текот на вчерашниот ден, според податоците од Мој Термин, 506 пациенти добиле терапија за своето хронично заболување од матичен лекар. Биле препишани 1073 лекови. Со новата реформска мерка пациентите со дијабетес, астма, ХОББ, намалена функција на тироидна жлезда и хипертензија, не мора да одат на Клиника за да им се продолжи или да им се препише хронична терапија, тоа може да го направат кај својот долгогодишен лекар.  

The post Над илјада рецепти за хронична терапија за еден ден препишале матичните лекари со новата реформа appeared first on Република.

]]>
Францускиот Сенат ja усвои контроверзната реформа на пензискиот систем https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/frantsuskiot-senat-ja-usvoi-kontroverznata-reforma-na-penziskiot-sistem/ Sun, 12 Mar 2023 09:17:16 +0000 https://republika.mk/?p=618671

Горниот дом на францускиот Парламент го усвои контроверзниот план за реформа на пензискиот систем, предложен од францускиот претседател Емануел Макрон. Предлогот беше усвоен во францускиот Сенат со 195 гласа „за“, додека 112 сенатори беа „против“.

Откако предлогот беше усвоен во Сенатот, за него е предвидено да се изјасни, најверојатно в среда, комисија составена од пратеници на Долниот и Горниот дом на францускиот Парламент. Во случај предлогот да биде усвоен од комисијата, се очекува дека Горниот и Долниот дом на Парламентот - Сенатот и Националното собрание - потоа, најверојатно, повторно ќе се изјаснат в четврток.

Исходот од гласањето во Националното собрание е неизвесен, имајќи предвид дека на партијата на Макрон и се потребни гласовите на сојузниците за да го усвои предлогот за пензиските реформи. Предлогот на Макрон за реформа на пензискиот систем предизвика повеќенеделни протести низ Франција. Демонстрантите вчера излегоа на нови протести низ Франција против планираните реформи.

Најголем одѕив на демонстранти е забележан во вторникот, кога според податоците на француската влада протестирале 1.280.000 луѓе.

Макрон се залага за реформа која би ја зголемила старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години, нагласувајќи дека таквата одлука е од витално значење за да се избегне колапс на државниот пензиски систем.

The post Францускиот Сенат ja усвои контроверзната реформа на пензискиот систем appeared first on Република.

]]>

Горниот дом на францускиот Парламент го усвои контроверзниот план за реформа на пензискиот систем, предложен од францускиот претседател Емануел Макрон. Предлогот беше усвоен во францускиот Сенат со 195 гласа „за“, додека 112 сенатори беа „против“. Откако предлогот беше усвоен во Сенатот, за него е предвидено да се изјасни, најверојатно в среда, комисија составена од пратеници на Долниот и Горниот дом на францускиот Парламент. Во случај предлогот да биде усвоен од комисијата, се очекува дека Горниот и Долниот дом на Парламентот - Сенатот и Националното собрание - потоа, најверојатно, повторно ќе се изјаснат в четврток. Исходот од гласањето во Националното собрание е неизвесен, имајќи предвид дека на партијата на Макрон и се потребни гласовите на сојузниците за да го усвои предлогот за пензиските реформи. Предлогот на Макрон за реформа на пензискиот систем предизвика повеќенеделни протести низ Франција. Демонстрантите вчера излегоа на нови протести низ Франција против планираните реформи. Најголем одѕив на демонстранти е забележан во вторникот, кога според податоците на француската влада протестирале 1.280.000 луѓе. Макрон се залага за реформа која би ја зголемила старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години, нагласувајќи дека таквата одлука е од витално значење за да се избегне колапс на државниот пензиски систем.

The post Францускиот Сенат ja усвои контроверзната реформа на пензискиот систем appeared first on Република.

]]>
Култниот американски репрезентатвец Алекси Лалас објави шокантни идeи за реформа на фудбалот https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/kultniot-amerikanski-reprezentatvets-aleksi-lalas-objavi-shokantni-idei-za-reforma-na-fudbalot/ Mon, 02 Jan 2023 15:14:42 +0000 https://republika.mk/?p=592244

Поранешниот американски фудбалски репрезентативец, Алекси Лалас (52), кој за време на Мундијалот во Катар беше ангажиран како стручен коментатор за телевијзта Фокс спорт, предизвика шок во јавноста откако објави седум предлози за подобрување на фудбалската игра.

Поранешниот дефанзивец на Падова, Њу Ингланд, Канзас сити и ЛА галакси, меѓу другото, предложи да се укине изведувањето пенали, промена на правилото за офсајд, два бода за гол надвор од шеснаесетникот и воведување слободен удар од 35 метри за симулирање прекршок.

Предлозите за неговата фудбалска „реформа“ предизвикаа бројни критики на социјалните мрежи, а за кратко време доби повеќе од 1.800 негативни коментари од американските љубители на фудбалот.

Само замолчи. Играше на светско првенство, а имаш помалку фудбалско познавање од мојот вујко, кој никогаш не гледал ниту еден натпревар. Поради вакви „генијалци“ сме предмет на потсмев во светот, гласи еден од коментарите на предлозите на Лалас.

Алекси Лалас е култен американски фудбалер кој го носеше дресот на својата репрезентација од 1991 до 1996 и одигра 96 натпревари на кои постигна десет голови.

The post Култниот американски репрезентатвец Алекси Лалас објави шокантни идeи за реформа на фудбалот appeared first on Република.

]]>

Поранешниот американски фудбалски репрезентативец, Алекси Лалас (52), кој за време на Мундијалот во Катар беше ангажиран како стручен коментатор за телевијзта Фокс спорт, предизвика шок во јавноста откако објави седум предлози за подобрување на фудбалската игра. Поранешниот дефанзивец на Падова, Њу Ингланд, Канзас сити и ЛА галакси, меѓу другото, предложи да се укине изведувањето пенали, промена на правилото за офсајд, два бода за гол надвор од шеснаесетникот и воведување слободен удар од 35 метри за симулирање прекршок. Предлозите за неговата фудбалска „реформа“ предизвикаа бројни критики на социјалните мрежи, а за кратко време доби повеќе од 1.800 негативни коментари од американските љубители на фудбалот.