реформа во правосудство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/reforma-vo-pravosudstvo/ За подобро да се разбереме Tue, 28 Mar 2023 12:16:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png реформа во правосудство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/reforma-vo-pravosudstvo/ 32 32 Лога: Не смееме да дозволиме да се изгуби довербата во правосудството, јавните обвинители мора да постапуваат независно и самостојно при носењето на одлуките https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/loga-ne-smeeme-da-dozvolime-da-se-izgubi-doverbata-vo-pravosudstvoto-javnite-obviniteli-mora-da-postapuvaat-nezavisno-i-samostojno-pri-noseneto-na-odlukite/ Tue, 28 Mar 2023 12:16:12 +0000 https://republika.mk/?p=624666

Време е да се врати довербата во правосудството а јавните обвинители при спроведувањето на постапките и носењето на одлуките да постапуваат самостојно и независносно. Министерот за правда Кренар Лога во своето обраќање на Конференцијата,,Подобрување на ефикасноста, транспарентноста и отчетноста на јавното обвинителство” рече дека без видливост на работата и постигнатите резултати, без мерливи и квалитетни споредбени податоци кои се собираат и обработуваат, исто како во земјите членки на Советот на Европа и Европската унија, правдата ќе остане слепа и нема, а граѓаните нема да ја добијат уставно загарантираната заштита.

Идните процеси на дигитализација, на отвореност и транспарентност за Јавното обвинителство се услов тоа да опстои. Во изминатиот период, иако со посредство и помош на нашите пријатели од меѓународната заедница беа организирани голем број обуки на луѓето од правосудството во земјата, а особено на судиите и јавните обвинители, отсуствува покривање на можеби најзначајниот дел од нивната работа а тоа е начинот на спроведување или имплементацијата на нивната независност и самостојност особено при спроведувањето на постапките и донесувањето на одлуките.  Затоа , ве повикувам во иднина при спроведувањето на обуките да се стави акцент на самостојното, законитото непристрасното и објективното вршење на јавнообвинителската функција. Време е да тргнеме напред и да го поправиме угледот и кај домашната и кај меѓународната јавност и институциите, рече Лога.

Министерот за правда информираше дека од 1 јануари годинава Министерството за правда даде насоки задолжително да се применува системот за управување со предмети во јавните обвинителства. Тоа ќе претставува алатка во извршувањето на основните задачи на јавните обвинителства со која ќе се обезбеди чување на информации, следење и архивирање на предметите како и увид во нив во секој момент. Со него се обезбедува непрекинат проток на податоци, а основната цел е автоматизирање на процесите преку дигитализација и чување на документацијата обезбедувајќи висок степен на безбедност.

The post Лога: Не смееме да дозволиме да се изгуби довербата во правосудството, јавните обвинители мора да постапуваат независно и самостојно при носењето на одлуките appeared first on Република.

]]>

Maричиќ се пожали дека кратко му било времето да го промени судството https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-se-pozali-deka-kratko-mu-bilo-vremeto-da-go-promeni-sudstvoto/ Fri, 14 Jan 2022 14:34:21 +0000 https://republika.mk/?p=444647

Во изминатите 16 месеци започнавме многу важни процеси коишто сигурен сум дека еднакво успешно и подобро ќе ги продолжи наредниот министер, професорот Никола Тупанчевски, изјави на денешната прес-конференција министерот за правда Бојан Маричиќ, одговарајќи на новинарско прашање до каде се реформите во правосудството.

Маричиќ смета дека се започнати многу процеси и на многу полиња е раздвижено и во Министерството за правда и во областа правосудство и владеењето на право.

– Мислам дека меѓународните извештаи го верификуваат тоа, имаме позитивна оценка со напредок во Извештајот на ЕК, позитивна оценка и во извештајот на американската Влада. За мене, секако, има уште многу, но не може цела перцепција и не може се да се смени за 16 месеци, но мислам дека е добра основа за наредниот министер да направи уште повеќе и да го валоризира сите оние напори коишто ги правевме за 16 месеци, изјави Маричиќ.

За направеното во секторот, Маричиќ посочи дека, после 20 години државата спроведе попис, првпат се усвоени методологиите за оценување и на судиите и на обвинителите и тие се применуваат во избор и разрешување на судиите и обвинителите, како и дека врз основа на оваа методологија и на донесените претходни закони имавме голема активност на Судскиот совет.

– Имаме повеќе разрешувања на судии – 16, коишто покажуваат зголемена активност и зголемен број на постапки за испитување на дисциплинска одговорност, изјави Маричиќ, додавајќи дека разрешувањето не е единствен инструмент.

Маричиќ, исто така, посочи дека се поднесени и голем број законски проекти коишто се однесуваат и на измена на Кривичниот законик за зајакнување на заштитата на новинарите и имплементација на Истанбулската конвенција, а и Законот за парнична постапка, исто така, е во законска процедура.

– Имаме добро исполнување на стратегијата за реформи во правосудството кое што треба до крајот на оваа година да заврши, наредната да биде подготвена и да започне да се спроведува. Започнат е процесот на дигитализација на судовите. Првата опрема е пристигната, ќе има процес на опремување на сите судници преку 130 судници низ цела држава. И Законот за медијација е дел од тоа, намалување на судските такси, измена на Законот за бесплатна правна помош  и негово подобрување – една серија мерки за подобрување на пристапот кон правдата од страна на граѓаните, изјави Маричиќ.

Има многу работи, рече Маричиќ, коишто можело да бидат направени, меѓутоа во 16 месеци, според него, е направено многу, како и дека ако има нешто што пропуштено, тоа ќе остане за до крајот на мандатот го доврши наредниот министер.

The post Maричиќ се пожали дека кратко му било времето да го промени судството appeared first on Република.

]]>

Во изминатите 16 месеци започнавме многу важни процеси коишто сигурен сум дека еднакво успешно и подобро ќе ги продолжи наредниот министер, професорот Никола Тупанчевски, изјави на денешната прес-конференција министерот за правда Бојан Маричиќ, одговарајќи на новинарско прашање до каде се реформите во правосудството. Маричиќ смета дека се започнати многу процеси и на многу полиња е раздвижено и во Министерството за правда и во областа правосудство и владеењето на право.  
– Мислам дека меѓународните извештаи го верификуваат тоа, имаме позитивна оценка со напредок во Извештајот на ЕК, позитивна оценка и во извештајот на американската Влада. За мене, секако, има уште многу, но не може цела перцепција и не може се да се смени за 16 месеци, но мислам дека е добра основа за наредниот министер да направи уште повеќе и да го валоризира сите оние напори коишто ги правевме за 16 месеци, изјави Маричиќ.
За направеното во секторот, Маричиќ посочи дека, после 20 години државата спроведе попис, првпат се усвоени методологиите за оценување и на судиите и на обвинителите и тие се применуваат во избор и разрешување на судиите и обвинителите, како и дека врз основа на оваа методологија и на донесените претходни закони имавме голема активност на Судскиот совет. – Имаме повеќе разрешувања на судии – 16, коишто покажуваат зголемена активност и зголемен број на постапки за испитување на дисциплинска одговорност, изјави Маричиќ, додавајќи дека разрешувањето не е единствен инструмент. Маричиќ, исто така, посочи дека се поднесени и голем број законски проекти коишто се однесуваат и на измена на Кривичниот законик за зајакнување на заштитата на новинарите и имплементација на Истанбулската конвенција, а и Законот за парнична постапка, исто така, е во законска процедура.