референдум Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/referendum/ За подобро да се разбереме Mon, 21 Oct 2024 09:42:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png референдум Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/referendum/ 32 32 Moлдавците сепак тесно одлучија дека сакаат во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/molavtsite-sepak-tesno-odluchija-deka-sakaat-vo-eu/ Mon, 21 Oct 2024 07:57:27 +0000 https://republika.mk/?p=829276

Повеќе од половина од гласачите во Молдавија гласаа за евроинтеграции на референдумот за членство на земјата во Европската унија, покажуваат прелиминарните податоци на Централната изборна комисија по обработени 98,38 отсто од гласачките ливчиња.

49,93 отсто од граѓаните гласале против идејата Кишињев да влезе во ЕУ.

https://republika.mk/vesti/svet/moldavija-i-kazha-ne-na-evropskata-unija-pristignuvaat-rezultatite-od-referendumot/

Според податоците на ЦИК, 732.780 гласачи гласале за членство на Молдавија во ЕУ, додека 730.664 гласале против.

Претходно, синоќа Централната изборна комисија соопшти дека граѓаните на Молдавија на референдумот не гласале за влез на републиката во ЕУ. По обработката на 30 отсто од гласачките ливчиња, 56 отсто биле „против“, додека 43 отсто гласале „за“.

Во рамките на референдумот беше потребно да се одговори на едно прашање: „Дали поддржувате измени на Уставот со цел членство на Република Молдавија во Европската Унија?“.

The post Moлдавците сепак тесно одлучија дека сакаат во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Повеќе од половина од гласачите во Молдавија гласаа за евроинтеграции на референдумот за членство на земјата во Европската унија, покажуваат прелиминарните податоци на Централната изборна комисија по обработени 98,38 отсто од гласачките ливчиња. 49,93 отсто од граѓаните гласале против идејата Кишињев да влезе во ЕУ. https://republika.mk/vesti/svet/moldavija-i-kazha-ne-na-evropskata-unija-pristignuvaat-rezultatite-od-referendumot/ Според податоците на ЦИК, 732.780 гласачи гласале за членство на Молдавија во ЕУ, додека 730.664 гласале против. Претходно, синоќа Централната изборна комисија соопшти дека граѓаните на Молдавија на референдумот не гласале за влез на републиката во ЕУ. По обработката на 30 отсто од гласачките ливчиња, 56 отсто биле „против“, додека 43 отсто гласале „за“. Во рамките на референдумот беше потребно да се одговори на едно прашање: „Дали поддржувате измени на Уставот со цел членство на Република Молдавија во Европската Унија?“.

The post Moлдавците сепак тесно одлучија дека сакаат во ЕУ appeared first on Република.

]]>
И Молдавија како Македонија кажа „не“ за промена на Уставот на референдум, дали ЕУ ќе ја промени волјата на народот? https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/i-moldavija-kako-makedonija-kazha-ne-za-promena-na-ustavot-na-referendum-dali-eu-ke-promeni-voljata-na-narodot/ Mon, 21 Oct 2024 07:06:36 +0000 https://republika.mk/?p=829251

Референдумот во Молдавија за тоа дали да го промени уставот и да се заложи за влез во ЕУ што се одржа во текот на вчерашниот ден „виси на конец“, при што процентот на гласовите „за“ и „не“ речиси е еднаков.

Во моментов 49,9 отсто од гласовите се за „да“, а 50,1 отсто од гласовите се за „не“, со преброени околу 97 отсто од гласовите. Тоа е резултат што малкумина го очекуваа, бидејќи неколку неодамнешни анкети сугерираа дека гласањето за влез во ЕУ сигурно ќе победи.

Актуелната проевропска претседателка Маја Санду претходно го осуди тесниот резултат како „производ на странско мешање во молдавската политика“.

Таа рече дека тоа е „напад без преседан врз демократијата“, мислејќи на широко распространетите наводи дека Русија им плаќала на луѓето да гласаат на одреден начин, што Москва го негира.

„Криминални групи, кои дејствуваат заедно со странски сили, непријателски настроени кон нашите национални интереси, ја нападнаа нашата земја со десетици милиони евра, лаги и пропаганда со цел да ја заробат во неизвесност и нестабилност“, рече Санду во Кишињев.

Санду, исто така, рече дека нејзината влада има „јасни докази“ дека биле купени 300.000 гласови, што таа го нарече „измама без преседан“.

„Ги чекаме конечните (изборни) резултати и ќе одговориме со силни одлуки“, изјави Санду. Кремљ ги отфрли обвинувањата за купување гласови.

Санду беше прва во првиот круг, но со многу помала разлика од очекуваното - 41отсто од гласовите - така што сега ќе се соочи со тежок втор круг на почетокот на ноември, каде што нејзините противници најверојатно ќе се обединат против неа.

Втор е Александар Стојаногло, кој е поддржан од проруската Социјалистичка партија, која освои речиси 30 проценти, повеќе од очекуваното. Ако другите кандидати го поддржат Стојаного пред вториот круг, Санду би можела да се изложи на реален ризик да не биде реизбрана.

Министерството за надворешни работи на Молдавија соопшти дека гласањето мора да се продолжи во Москва и на две избирачки места во Романија и едно во Франција поради големиот број гласачи. До затворањето во 21 часот на гласачките места се јавиле 51 процент од гласачите и по тој основ референдумот е валиден.

Овие избори се клучни тестови за земјата, која се соочува со избор помеѓу продолжување на членството во ЕУ или одржување блиски врски со Русија.

Молдавија во моментов е во преговори со ЕУ за членство. Пристапните преговори ќе продолжат и покрај исходот од референдумот, бидејќи тој не беше правно обврзувачки.

The post И Молдавија како Македонија кажа „не“ за промена на Уставот на референдум, дали ЕУ ќе ја промени волјата на народот? appeared first on Република.

]]>

Референдумот во Молдавија за тоа дали да го промени уставот и да се заложи за влез во ЕУ што се одржа во текот на вчерашниот ден „виси на конец“, при што процентот на гласовите „за“ и „не“ речиси е еднаков. Во моментов 49,9 отсто од гласовите се за „да“, а 50,1 отсто од гласовите се за „не“, со преброени околу 97 отсто од гласовите. Тоа е резултат што малкумина го очекуваа, бидејќи неколку неодамнешни анкети сугерираа дека гласањето за влез во ЕУ сигурно ќе победи. Актуелната проевропска претседателка Маја Санду претходно го осуди тесниот резултат како „производ на странско мешање во молдавската политика“. Таа рече дека тоа е „напад без преседан врз демократијата“, мислејќи на широко распространетите наводи дека Русија им плаќала на луѓето да гласаат на одреден начин, што Москва го негира.
„Криминални групи, кои дејствуваат заедно со странски сили, непријателски настроени кон нашите национални интереси, ја нападнаа нашата земја со десетици милиони евра, лаги и пропаганда со цел да ја заробат во неизвесност и нестабилност“, рече Санду во Кишињев.
Санду, исто така, рече дека нејзината влада има „јасни докази“ дека биле купени 300.000 гласови, што таа го нарече „измама без преседан“.
„Ги чекаме конечните (изборни) резултати и ќе одговориме со силни одлуки“, изјави Санду. Кремљ ги отфрли обвинувањата за купување гласови.
Санду беше прва во првиот круг, но со многу помала разлика од очекуваното - 41отсто од гласовите - така што сега ќе се соочи со тежок втор круг на почетокот на ноември, каде што нејзините противници најверојатно ќе се обединат против неа. Втор е Александар Стојаногло, кој е поддржан од проруската Социјалистичка партија, која освои речиси 30 проценти, повеќе од очекуваното. Ако другите кандидати го поддржат Стојаного пред вториот круг, Санду би можела да се изложи на реален ризик да не биде реизбрана. Министерството за надворешни работи на Молдавија соопшти дека гласањето мора да се продолжи во Москва и на две избирачки места во Романија и едно во Франција поради големиот број гласачи. До затворањето во 21 часот на гласачките места се јавиле 51 процент од гласачите и по тој основ референдумот е валиден. Овие избори се клучни тестови за земјата, која се соочува со избор помеѓу продолжување на членството во ЕУ или одржување блиски врски со Русија. Молдавија во моментов е во преговори со ЕУ за членство. Пристапните преговори ќе продолжат и покрај исходот од референдумот, бидејќи тој не беше правно обврзувачки.

The post И Молдавија како Македонија кажа „не“ за промена на Уставот на референдум, дали ЕУ ќе ја промени волјата на народот? appeared first on Република.

]]>
Молдавија и кажа „не“ на Европската Унија: Пристигнуваат резултатите од референдумот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/moldavija-i-kazha-ne-na-evropskata-unija-pristignuvaat-rezultatite-od-referendumot/ Sun, 20 Oct 2024 22:16:28 +0000 https://republika.mk/?p=829232

Во Молдавија оваа недела се одржаа претседателски избори и референдум за продолжување на приближувањето кон ЕУ. Се чини дека Молдавците рекоа „не“ на Европската Унија и го отфрлија планот поранешната советска република да ја додаде целта за пристапување во ЕУа во нејзиниот устав. Изборната комисија соопшти дека 56 отсто од гласачите рекле „не“ на предлогот по делумното пребројување, додека 44 отсто рекле „да“, објави Ројтерс.

Во исто време, првите податоци на молдавската изборна комисија (по пребројани 34 отсто од гласачките ливчиња) покажуваат дека актуелната претседателка Маја Санду е во водство со 35 отсто од освоените гласови. Сепак, блиску е опозицискиот кандидат Александр Столијаногло со 29 отсто од гласовите.

Главно земјоделска земја со околу 2,5 милиони жители, Молдавија се обиде да ги прекине врските со Русија и да се приближи до ЕУ по стартот на војната во Украина во 2022 година. Поранешната советска република ги почна преговорите за членство во ЕУ во јуни.

Пред референдумот, анкетите покажаа дека околу 55 отсто од Молдавците би го поддржале потегот, додека 34 отсто биле против.

Сепак, за да биде валиден резултатот, во гласањето треба да учествува најмалку 33 отсто од гласачкото тело.

The post Молдавија и кажа „не“ на Европската Унија: Пристигнуваат резултатите од референдумот appeared first on Република.

]]>

Во Молдавија оваа недела се одржаа претседателски избори и референдум за продолжување на приближувањето кон ЕУ. Се чини дека Молдавците рекоа „не“ на Европската Унија и го отфрлија планот поранешната советска република да ја додаде целта за пристапување во ЕУа во нејзиниот устав. Изборната комисија соопшти дека 56 отсто од гласачите рекле „не“ на предлогот по делумното пребројување, додека 44 отсто рекле „да“, објави Ројтерс. Во исто време, првите податоци на молдавската изборна комисија (по пребројани 34 отсто од гласачките ливчиња) покажуваат дека актуелната претседателка Маја Санду е во водство со 35 отсто од освоените гласови. Сепак, блиску е опозицискиот кандидат Александр Столијаногло со 29 отсто од гласовите. Главно земјоделска земја со околу 2,5 милиони жители, Молдавија се обиде да ги прекине врските со Русија и да се приближи до ЕУ по стартот на војната во Украина во 2022 година. Поранешната советска република ги почна преговорите за членство во ЕУ во јуни. Пред референдумот, анкетите покажаа дека околу 55 отсто од Молдавците би го поддржале потегот, додека 34 отсто биле против. Сепак, за да биде валиден резултатот, во гласањето треба да учествува најмалку 33 отсто од гласачкото тело.

The post Молдавија и кажа „не“ на Европската Унија: Пристигнуваат резултатите од референдумот appeared first on Република.

]]>
Словенија: Покрај изборите за Европскиот парламент на 9 јуни, можно е да се одржат и три референд https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/slovenija-pokraj-izborite-za-evropskiot-parlament-na-9-juni-mozhno-e-da-se-odrzhat-i-tri-referend/ Fri, 19 Apr 2024 09:50:37 +0000 https://republika.mk/?p=767945

Надлежните комисии на Државниот збор (Парламентот) на Словенија треба да одлучат дали на денот на изборите за Европскиот парламент во Словенија, 9 јуни, ќе се одржат истовремено три референдуми.

Но, не постои единство во владејачката коалиција за ваквиот предлог. Претставниците на Движењето за слобода се „за“, Левицата е рамнодушна, а Социјалдемократите (СД), Словенечката демократска партија (СДС) и Нова Словенија (НСи) се против.

В петок матичните комисии на Државниот збор ќе подготват уредби за распишување три советодавни референдуми, иако коалицијата се уште не се договорила за датумот на нивното спроведување. Во Движењето за слобода бараат референдуми да се одржат на денот на европските избори.

По процедуралните компликации на вонредната седница на Парламентот во средата, претставниците сепак ги прифатија предлозите за распишување три советодавни референдуми.

Така, гласачите ќе го кажат својот збор на референдумите за регулирање на правото на помош при доброволно завршување на животот, за воведување преференцијално гласање на изборите за Државниот збор и за одгледување, преработка и употреба на канабис.

Датумот на нивното спроведување сè уште не е целосно дефиниран, кој се носи заедно со уредбата за распишување референдум. Иако датумот се уште не е договорен ниту во коалицијата, претставниците веќе в петок во матичните работни тела ќе почнат да ги подготвуваат одлуките за распишување на сите три референдуми.

Во работните материјали за состаноците на матичните комисии на 6 мај се посочува на предлозите за одлуки за распишување на советодавнен референдум и датумот на распишување на референдумот, од кој почнуваат да течат роковите за негово спроведување, а недела, 9 јуни, како ден на гласање.

The post Словенија: Покрај изборите за Европскиот парламент на 9 јуни, можно е да се одржат и три референд appeared first on Република.

]]>

Надлежните комисии на Државниот збор (Парламентот) на Словенија треба да одлучат дали на денот на изборите за Европскиот парламент во Словенија, 9 јуни, ќе се одржат истовремено три референдуми. Но, не постои единство во владејачката коалиција за ваквиот предлог. Претставниците на Движењето за слобода се „за“, Левицата е рамнодушна, а Социјалдемократите (СД), Словенечката демократска партија (СДС) и Нова Словенија (НСи) се против. В петок матичните комисии на Државниот збор ќе подготват уредби за распишување три советодавни референдуми, иако коалицијата се уште не се договорила за датумот на нивното спроведување. Во Движењето за слобода бараат референдуми да се одржат на денот на европските избори. По процедуралните компликации на вонредната седница на Парламентот во средата, претставниците сепак ги прифатија предлозите за распишување три советодавни референдуми. Така, гласачите ќе го кажат својот збор на референдумите за регулирање на правото на помош при доброволно завршување на животот, за воведување преференцијално гласање на изборите за Државниот збор и за одгледување, преработка и употреба на канабис. Датумот на нивното спроведување сè уште не е целосно дефиниран, кој се носи заедно со уредбата за распишување референдум. Иако датумот се уште не е договорен ниту во коалицијата, претставниците веќе в петок во матичните работни тела ќе почнат да ги подготвуваат одлуките за распишување на сите три референдуми. Во работните материјали за состаноците на матичните комисии на 6 мај се посочува на предлозите за одлуки за распишување на советодавнен референдум и датумот на распишување на референдумот, од кој почнуваат да течат роковите за негово спроведување, а недела, 9 јуни, како ден на гласање.

The post Словенија: Покрај изборите за Европскиот парламент на 9 јуни, можно е да се одржат и три референд appeared first on Република.

]]>
Швајцарците на референдум гласаат за 13-та пензија и зголемување на старосната граница за пензионирање https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shvajtsartsite-na-referendum-glasaat-za-13-ta-penzija-i-zgolemuvane-na-starosnata-granitsa-za-penzionirane/ Sun, 03 Mar 2024 10:18:22 +0000 https://republika.mk/?p=750696

Швајцарија, чие население старее и се соочува со зголемени трошоци за живот, денеска одржува референдум за два клучни предлози за пензионерите: исплата на 13-та пензија и зголемување на старосната граница за пензионирање.

Предлогот за постепено зголемување на старосната граница за пензионирање од 65 на 66 години во следните десет години за да се обезбеди целосно финансирање на пензискиот систем, се чини дека е осуден на неуспех.

Имено, пред нешто помалку од две години, швајцарските гласачи тесно одлучија да ја подигнат старосната граница за пензионирање на жените од 64 на 65 години, колку што е за мажите.

Последниот предлог доаѓа од подмладокот на десничарската Либерална партија.

Но, се чини дека оваа иницијатива нема шанси за успех. Последните анкети покажуваат дека само 35 отсто од испитаниците ја поддржуваат ваквата одлука, а 63 отсто се против.

Што се однесува до 13-та пензија, швајцарските синдикати изнесоа предлог за воведување дополнителен месечен социјален надоместок за помош на пензионерите поради зголемените трошоци за живот во богатата алпска земја.

Иницијативата наречена „Подобар живот во пензија“ бара секоја година да се исплаќа 13-та пензија, како 13-та плата што ја добиваат многу работници во Швајцарија.

Анкетите покажуваат дека мнозинството Швајцарци го поддржуваат предлогот, иако се чини дека бројот на поддржувачи се намалува и се уште не е сигурно дека ќе помине.

Месечниот социјален надоместок во Швајцарија може да биде до 2.450 швајцарски франци за поединци и 3.675 франци за брачни парови.

Тоа можеби изгледа многу, но во земја која е меѓу најскапите во светот не е така.

Киријата за просечен двособен стан во швајцарските градови е најмалку 3.000 франци, а кафето чини повеќе од пет франци.

Доколку Швајцарците дадат зелено светло за тој предлог, нема да бидат први во Европа. Сличен систем со години има и соседен Лихтенштајн, уште една скапа земја која користи швајцарски франк.

Лидерот на Швајцарската синдикална федерација (СГБ), Пјер-Ив Мајар, кој припаѓа на кампањата „да“, рече дека „има криза на куповната моќ“ во земјата.

– Животниот стандард на пензионерите паѓа, нагласи тој.

The post Швајцарците на референдум гласаат за 13-та пензија и зголемување на старосната граница за пензионирање appeared first on Република.

]]>

Швајцарија, чие население старее и се соочува со зголемени трошоци за живот, денеска одржува референдум за два клучни предлози за пензионерите: исплата на 13-та пензија и зголемување на старосната граница за пензионирање. Предлогот за постепено зголемување на старосната граница за пензионирање од 65 на 66 години во следните десет години за да се обезбеди целосно финансирање на пензискиот систем, се чини дека е осуден на неуспех. Имено, пред нешто помалку од две години, швајцарските гласачи тесно одлучија да ја подигнат старосната граница за пензионирање на жените од 64 на 65 години, колку што е за мажите. Последниот предлог доаѓа од подмладокот на десничарската Либерална партија. Но, се чини дека оваа иницијатива нема шанси за успех. Последните анкети покажуваат дека само 35 отсто од испитаниците ја поддржуваат ваквата одлука, а 63 отсто се против. Што се однесува до 13-та пензија, швајцарските синдикати изнесоа предлог за воведување дополнителен месечен социјален надоместок за помош на пензионерите поради зголемените трошоци за живот во богатата алпска земја. Иницијативата наречена „Подобар живот во пензија“ бара секоја година да се исплаќа 13-та пензија, како 13-та плата што ја добиваат многу работници во Швајцарија. Анкетите покажуваат дека мнозинството Швајцарци го поддржуваат предлогот, иако се чини дека бројот на поддржувачи се намалува и се уште не е сигурно дека ќе помине. Месечниот социјален надоместок во Швајцарија може да биде до 2.450 швајцарски франци за поединци и 3.675 франци за брачни парови. Тоа можеби изгледа многу, но во земја која е меѓу најскапите во светот не е така. Киријата за просечен двособен стан во швајцарските градови е најмалку 3.000 франци, а кафето чини повеќе од пет франци. Доколку Швајцарците дадат зелено светло за тој предлог, нема да бидат први во Европа. Сличен систем со години има и соседен Лихтенштајн, уште една скапа земја која користи швајцарски франк. Лидерот на Швајцарската синдикална федерација (СГБ), Пјер-Ив Мајар, кој припаѓа на кампањата „да“, рече дека „има криза на куповната моќ“ во земјата. – Животниот стандард на пензионерите паѓа, нагласи тој.

The post Швајцарците на референдум гласаат за 13-та пензија и зголемување на старосната граница за пензионирање appeared first on Република.

]]>
ЛДП покрена инцијатива за смена на градоначалничката преку референдум, Арсовска вика биле несериозни https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ldp-pokrena-intsijativa-za-smena-na-gradonachalnichkata-preku-referendum-arsovska-vika-bile-neseriozni/ Thu, 21 Dec 2023 19:33:18 +0000 https://republika.mk/?p=725424

Иницијатива за измени на Законот за локална самоуправа и собирање на потписи за референдум за отповикување на градоначалници, најавува Либерално-демократската партија под водство на претседателката Моника Зајкова и ново основаната градска организација при ЛДП во Скопје, предводена од Филип Јакимовски.

„Она што се случува во главниот град Скопје е јасен знак дека мора да има механизам за отповикување на градоначалниците. Граѓаните не смеат да трпат заради неспособноста на локалните власти“, велат од ЛДП.

Од партијата посочуваат дека оваа Иницијатива е со цел да се одговори на потребите на граѓаните и да се подобри животот во главниот град.

„Со длабоко разочарување и загриженост ја гледам сегашната состојба во нашиот главен град. Паметам поубаво Скопје, град на светлина, култура и зеленило, а не град кој сега е завиен во темнина и се гуши во смет. Се чини дека сегашните локални власти се оддалечиле од основните потреби и желби на своите граѓани. Некогаш, Законот за локална самоуправа од 1996 година оставал законска можност за граѓаните активно да учествуваат во одлуките кои ги засегаат нивните животи, вклучително и механизмот за отповикување на градоначалниците. За жал оваа круцијална одредба во Законот за локалната самоуправа од 2002 година беше избришана и од тогаш па до денес граѓаните се лишени од законска можност да покренат постапка за отповикување на градоначалници“, вели претседателката Зајкова.

Таа додаде дека се наоѓаме во ситуација во која градоначалниците буквално можат да ги поминуваат своите мандати без реална одговорност и отчетност за нивното (не)сработеното, а од тоа страдаат општините и граѓаните.

„На европско тло досега се спроведени неколку постапки за отповикување на градоначалници, како примерот со Хана Гронкјевич Валц градоначалничка на Варшава, потоа се одржал локален референдум за отповикување на градоначалникот на Кишинев, а во 2015 година по предлог на тогашниот британски премиер Дејвид Камерон во парламентот се усвоил механизмот за отповикување во Обединетото Кралство. Воедно, Петер Фелдман, контроверзниот градоначалник на германскиот финансиски центар – Франкфурт, преку граѓански референдум бил сменет од функцијата“, појаснува таа.

Претседателот на Градската организација на ЛДП во Скопје, Филип Јакимовски, потенцираше за потребата од итна промена на градончалничката, кој повика Скопје да се врати на скопјани.

„Формирањето на нашата градска организација е од клучно значење за нашата мисија. Се обврзуваме на активно учество во процесот на мапирање на проблемите во Скопје и на наоѓање на решенија. Нашата цел е да создадеме посилна, поспособна и проактивна локална самоуправа која ќе ги негува вредностите во градот“, додаде тој.

ЛДП повикува сите заинтересирани граѓани да се приклучат кон оваа иницијатива, „заедно да работиме на создавање на отворен и одговорен систем на локално самоуправување во Скопје и во целата земја“.

За Арсовска, ова е крајно несериозна иницијатива.

„Несериозно е да коментирам изјави на сателит партии, особено на партија од чии редови произлегуваат кадри кои никој не ги препознава во политиката, па на овој начин се обидуваат да се профилираат. Иницијативата е крајно несериозна и укажува на основни непознавања од страна на пратеник, кој би требало да знае дека, законите немаат ретроактивна примена, а кога веќе измислуваат иницијативи, нека ги покренат и за пајтон пратениците кои менуваат дрес согласно моменталните прилики од лукративна природа“, реагира Арсовска за Телма.

Иницијативата следи откако новогодишното украсување на градот, особено елката, стана цел на потсмев и во регионот. Арсовска кажа дека украсувањето чини 30.000 евра, што е десетпати поевтино од претходните години, но не и дали имало ангажирано фирма и зошто не  е распишан тендер, бидејќи законот предвидува дека е обврзана да го стори тоа за набавка над 1.000 евра.

За ова се огласија и од обвинителството, со став дека,  доколку Управата за финансиска полиција, која  е надлежна да ги испита наводите за тоа каде завршиле парите од градската каса не го стори тоа, тие ќе оформат предмет и ќе ги извршат проверките.

The post ЛДП покрена инцијатива за смена на градоначалничката преку референдум, Арсовска вика биле несериозни appeared first on Република.

]]>

Иницијатива за измени на Законот за локална самоуправа и собирање на потписи за референдум за отповикување на градоначалници, најавува Либерално-демократската партија под водство на претседателката Моника Зајкова и ново основаната градска организација при ЛДП во Скопје, предводена од Филип Јакимовски.
„Она што се случува во главниот град Скопје е јасен знак дека мора да има механизам за отповикување на градоначалниците. Граѓаните не смеат да трпат заради неспособноста на локалните власти“, велат од ЛДП.
Од партијата посочуваат дека оваа Иницијатива е со цел да се одговори на потребите на граѓаните и да се подобри животот во главниот град.
„Со длабоко разочарување и загриженост ја гледам сегашната состојба во нашиот главен град. Паметам поубаво Скопје, град на светлина, култура и зеленило, а не град кој сега е завиен во темнина и се гуши во смет. Се чини дека сегашните локални власти се оддалечиле од основните потреби и желби на своите граѓани. Некогаш, Законот за локална самоуправа од 1996 година оставал законска можност за граѓаните активно да учествуваат во одлуките кои ги засегаат нивните животи, вклучително и механизмот за отповикување на градоначалниците. За жал оваа круцијална одредба во Законот за локалната самоуправа од 2002 година беше избришана и од тогаш па до денес граѓаните се лишени од законска можност да покренат постапка за отповикување на градоначалници“, вели претседателката Зајкова.
Таа додаде дека се наоѓаме во ситуација во која градоначалниците буквално можат да ги поминуваат своите мандати без реална одговорност и отчетност за нивното (не)сработеното, а од тоа страдаат општините и граѓаните.
„На европско тло досега се спроведени неколку постапки за отповикување на градоначалници, како примерот со Хана Гронкјевич Валц градоначалничка на Варшава, потоа се одржал локален референдум за отповикување на градоначалникот на Кишинев, а во 2015 година по предлог на тогашниот британски премиер Дејвид Камерон во парламентот се усвоил механизмот за отповикување во Обединетото Кралство. Воедно, Петер Фелдман, контроверзниот градоначалник на германскиот финансиски центар – Франкфурт, преку граѓански референдум бил сменет од функцијата“, појаснува таа.
Претседателот на Градската организација на ЛДП во Скопје, Филип Јакимовски, потенцираше за потребата од итна промена на градончалничката, кој повика Скопје да се врати на скопјани.
„Формирањето на нашата градска организација е од клучно значење за нашата мисија. Се обврзуваме на активно учество во процесот на мапирање на проблемите во Скопје и на наоѓање на решенија. Нашата цел е да создадеме посилна, поспособна и проактивна локална самоуправа која ќе ги негува вредностите во градот“, додаде тој.
ЛДП повикува сите заинтересирани граѓани да се приклучат кон оваа иницијатива, „заедно да работиме на создавање на отворен и одговорен систем на локално самоуправување во Скопје и во целата земја“. За Арсовска, ова е крајно несериозна иницијатива.
„Несериозно е да коментирам изјави на сателит партии, особено на партија од чии редови произлегуваат кадри кои никој не ги препознава во политиката, па на овој начин се обидуваат да се профилираат. Иницијативата е крајно несериозна и укажува на основни непознавања од страна на пратеник, кој би требало да знае дека, законите немаат ретроактивна примена, а кога веќе измислуваат иницијативи, нека ги покренат и за пајтон пратениците кои менуваат дрес согласно моменталните прилики од лукративна природа“, реагира Арсовска за Телма.
Иницијативата следи откако новогодишното украсување на градот, особено елката, стана цел на потсмев и во регионот. Арсовска кажа дека украсувањето чини 30.000 евра, што е десетпати поевтино од претходните години, но не и дали имало ангажирано фирма и зошто не  е распишан тендер, бидејќи законот предвидува дека е обврзана да го стори тоа за набавка над 1.000 евра. За ова се огласија и од обвинителството, со став дека,  доколку Управата за финансиска полиција, која  е надлежна да ги испита наводите за тоа каде завршиле парите од градската каса не го стори тоа, тие ќе оформат предмет и ќе ги извршат проверките.

The post ЛДП покрена инцијатива за смена на градоначалничката преку референдум, Арсовска вика биле несериозни appeared first on Република.

]]>
Полската влада планира на референдум да ги праша граѓаните сакаат да прифатат илегални мигранти https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/polskata-vlada-planira-na-referendum-da-gi-prasha-graganite-sakaat-da-prifatat-ilegalni-migranti/ Sun, 13 Aug 2023 12:51:10 +0000 https://republika.mk/?p=671648

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска најави дека Владата на референдум ќе ги праша граѓаните дали сакаат да примат „илјадници илегални имигранти од Блискиот Исток и Африка“ како дел од планот за релокација на Европската унија (ЕУ).

Моравјецки референдумот го најави преку видео објавено на социјалните мрежи.

Неговата партија Право и правда се обидува да ја задржи власта на парламентарните избори во октомври и сака да го искористи прашањето за имиграцијата во својата изборна кампања, истата тактика што и помогна да дојде на власт во 2015 година.

Полска во моментов е прибежиште за повеќе од милион украински бегалци.

Во јуни, министрите за внатрешни работи на ЕУ го поддржаа планот за споделување на одговорноста за мигрантите кои влегуваат во Европа без дозвола, што е основата на една од најдолготрајните политички кризи во Европа.

Мигрантската криза во Европа започна пред осум години откако повеќе од еден милион луѓе кои бегаа од војната во Сирија влегоа во ЕУ и ги оптоварија прифатните капацитети во Грција и Италија.

The post Полската влада планира на референдум да ги праша граѓаните сакаат да прифатат илегални мигранти appeared first on Република.

]]>

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска најави дека Владата на референдум ќе ги праша граѓаните дали сакаат да примат „илјадници илегални имигранти од Блискиот Исток и Африка“ како дел од планот за релокација на Европската унија (ЕУ). Моравјецки референдумот го најави преку видео објавено на социјалните мрежи. Неговата партија Право и правда се обидува да ја задржи власта на парламентарните избори во октомври и сака да го искористи прашањето за имиграцијата во својата изборна кампања, истата тактика што и помогна да дојде на власт во 2015 година. Полска во моментов е прибежиште за повеќе од милион украински бегалци. Во јуни, министрите за внатрешни работи на ЕУ го поддржаа планот за споделување на одговорноста за мигрантите кои влегуваат во Европа без дозвола, што е основата на една од најдолготрајните политички кризи во Европа. Мигрантската криза во Европа започна пред осум години откако повеќе од еден милион луѓе кои бегаа од војната во Сирија влегоа во ЕУ и ги оптоварија прифатните капацитети во Грција и Италија.

The post Полската влада планира на референдум да ги праша граѓаните сакаат да прифатат илегални мигранти appeared first on Република.

]]>
Шпанската влада ја отфрли идејата за референдум за независност на Каталонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shpanskata-vlada-ja-otfrli-idejata-za-referendum-za-nezavisnost-na-katalonija/ Thu, 13 Apr 2023 08:13:50 +0000 https://republika.mk/?p=630452

Шпанската влада го отфрли предлогот на автономната област Каталонија за одржување референдум за независност, јави ДПА.

Додека е владата на премиерот Санчез, нема да има референдум за независност на Каталонија, изјави министерката за финансии и јавни услуги, Марија Хесус Монтеро Куадрадо, во Мадрид.

Таа посочи дека каталонската Влада, на регионалниот премиер Пере Арагонес, мора да се придржува до уставот на Шпанија.

Арагонес во Барселона изјави дека предлогот „за решавање на каталонскиот проблем“ ќе биде изготвен во консултација со различни групи во општеството и ќе биде претставен во Мадрид најдоцна на почетокот на 2024 година. Арагонес додаде дека целта е да се направи референдум, сличен на оној во 1995 година во канадската провинција Квебек, каде што гласачите ја отфрлија независноста.

Никој не е задоволен од застојот во Каталонија, рече тој. „Конфликтот продолжува“, додаде каталонскиот премиер.

Иако од различни причини, неговата изјава беше критикувана не само во Мадрид, туку и од активисти во Каталонија кои се залагаат за независност на регионот. За разлика од левичарската „Републиканска левица на Каталонија“, предводена токму од Арагонес, другите партии, како што е конзервативната „Заедно за Каталонија“, сакаат регионот да стане независен без да се чека одобрувањето на референдумот од Мадрид.

По одржувањето на нелегален референдум за независност во есента 2017 година и последователната одлука за отцепување од Шпанија, Каталонија беше ставена под присилна власт на централната влада.

Регионалниот премиер во тоа време, Карлес Пуџдемон, побегна во странство со другите членови на владата и сега живее во Белгија. Оние кои останаа во земјава беа осудени на 13 години затвор, но подоцна беа помилувани.

The post Шпанската влада ја отфрли идејата за референдум за независност на Каталонија appeared first on Република.

]]>

Шпанската влада го отфрли предлогот на автономната област Каталонија за одржување референдум за независност, јави ДПА.
Додека е владата на премиерот Санчез, нема да има референдум за независност на Каталонија, изјави министерката за финансии и јавни услуги, Марија Хесус Монтеро Куадрадо, во Мадрид.
Таа посочи дека каталонската Влада, на регионалниот премиер Пере Арагонес, мора да се придржува до уставот на Шпанија. Арагонес во Барселона изјави дека предлогот „за решавање на каталонскиот проблем“ ќе биде изготвен во консултација со различни групи во општеството и ќе биде претставен во Мадрид најдоцна на почетокот на 2024 година. Арагонес додаде дека целта е да се направи референдум, сличен на оној во 1995 година во канадската провинција Квебек, каде што гласачите ја отфрлија независноста.
Никој не е задоволен од застојот во Каталонија, рече тој. „Конфликтот продолжува“, додаде каталонскиот премиер.
Иако од различни причини, неговата изјава беше критикувана не само во Мадрид, туку и од активисти во Каталонија кои се залагаат за независност на регионот. За разлика од левичарската „Републиканска левица на Каталонија“, предводена токму од Арагонес, другите партии, како што е конзервативната „Заедно за Каталонија“, сакаат регионот да стане независен без да се чека одобрувањето на референдумот од Мадрид. По одржувањето на нелегален референдум за независност во есента 2017 година и последователната одлука за отцепување од Шпанија, Каталонија беше ставена под присилна власт на централната влада. Регионалниот премиер во тоа време, Карлес Пуџдемон, побегна во странство со другите членови на владата и сега живее во Белгија. Оние кои останаа во земјава беа осудени на 13 години затвор, но подоцна беа помилувани.

The post Шпанската влада ја отфрли идејата за референдум за независност на Каталонија appeared first on Република.

]]>
Во Собранието доставена новата иницијатива за референдум на Левица https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-sobranieto-dostavena-novata-inicijativa-za-referendum-na-levica/ Sat, 08 Oct 2022 06:44:09 +0000 https://republika.mk/?p=558659

Политичката партија Левица вчера до Собранието ја поднесе граѓанската иницијатива за покренување задолжителен и дополнителен референдум на државно ниво на референдумско прашање „Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ со прифаќање на собраниските заклучоци од 16 јули 2022 година?“. Партијата собрала 750 потписи кои вчера со останатите материјали ги предаде во собраниската архива.

Лидерот на Левица Димитар Апасиев на прес-конференција во Собранието изрази верување дека ќе имаат координација со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ по ова прашање, но и како што нагласи очекува сериозно да бидат сфатени како опозиција. Тој, меѓудругото најави и целосна блокада на Собранието доколку спикерот Талат Џафери ја отфрли и оваа иницијатива.

Ние не очекуваме опструкции, доколку спикерот Талат Џафери се осмели да глуми уставен судија ќе почнеме со целосна блокада на Собранието - порача Апасиев, додавајќи оти се надеваме во добра волја да помине оваа референдумска иницијатива.

Апасиев, образложувајќи ја иницијативата рече дека таа се однесува на промена на заклучоците каде се спорни две точки.

Тоа се точка 1 и точка 3Г, каде што се вметнати „францускиот“ предлог и преговарачката рамка. Тоа практично би значело дека од ЕУ ќе се очекува нова преговарачка рамка без бугарските хегемонистички барања кои се инкорпорирани внатре. Тоа значи дека референдумот не е анти ЕУ, туку бојкотот на референдумот или недавањето да се случи референдум е чин на анти ЕУ. Демократското изјаснување на граѓаните не може да биде анти ЕУ - изјави Апасиев минатата недела кога ја ја поднесе иницијативата за референдум до ДИК.

СДСМ се уште е на став дека опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Левица прават сè за да се попречи патот на државата кон Европската Унија. Оттаму не сакаат да ја коментираат иницијативата додека не ја разгледаат.

Пратеникот од редовите на СДСМ Ненад Коциќ вчера во собранискиот прес-центар рече дека владејачкото мнозинство гласаше за заштита на македонскиот јазик, идентитет и култура во процесот на преговори со ЕУ.

Иницијативата прво треба да ја видиме, сè уште не е стасана до нас. Тоа што го знам е дека во ова Собрание мнозинството, и ние како СДСМ, гласаше за заштита на македонскиот јазик, идентитет и култура во процесот на преговори со ЕУ. Станува јасно дека сè што прават Мицкоски и Апасиев е да се препречи нашиот пат кон ЕУ. Друга желба и интенција нема. Инаку секое изјаснување, нормално е демократско - изјави Коциќ.

Претседателот Стево Пендаровски, пак, смета дека прашањето на Левица за референдумот е збунувачко и нејасно за граѓаните.

Прашањето кое Левица сака да го употреби во референдумското изјаснување е збунувачко и нејасно за граѓаните. Истото го повторувам периодов кога станува збор за референдум и кога ваква слична иницијатива поднесе и ВМРО-ДПМНЕ. Против сум вакви прашања кои сега Левица ги пласира во кои содржат збунувачка содржина - изјави Пендаровски.

Претседателот на Собранието Џафери на 13 септември ја отфрли иницијативата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за референдум за престанок на важењето на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, образложувајќи дека е противуставна и оти меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон.

Од ВМРО-ДПМНЕ тогаш оценија дека иницијативата е во сoгласност со членот 24 од Законот за референдум и порачаа дека Џафери нема основа да ја отфрли, додека од владејачката СДСМ ја поддржаа одлуката на Џафери поради тоа што и тие ја сметаат за неуставна.

ВМРО-ДПМНЕ на 9 септември ја достави иницијативата до Собранието за одржување референдум откако ги собраа потребните потписи за нејзино поднесување, а претходно на 5 септември партискиот Извршен комитет го усвои и референдумското прашање „Дали сте за напуштање на важноста на Законот за ратификација за Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија објавен во Службен весник од 18.01.2017?“.

Согласно Деловникот на Собранието, собранискиот спикер, по добивањето на предлогот за покренување на граѓанска иницијатива за донесување закон, за распишување референдум на државно ниво веднаш ја доставува до претседателот на Законодавно-правната комисија и до претседателот на матичното работно тело. Законодавно-правната комисија и матичното работно тело во рок од два работни дена до претседателот на Собранието доставуваат мислење за уредноста на иницијативата.

The post Во Собранието доставена новата иницијатива за референдум на Левица appeared first on Република.

]]>

Политичката партија Левица вчера до Собранието ја поднесе граѓанската иницијатива за покренување задолжителен и дополнителен референдум на државно ниво на референдумско прашање „Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ со прифаќање на собраниските заклучоци од 16 јули 2022 година?“. Партијата собрала 750 потписи кои вчера со останатите материјали ги предаде во собраниската архива. Лидерот на Левица Димитар Апасиев на прес-конференција во Собранието изрази верување дека ќе имаат координација со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ по ова прашање, но и како што нагласи очекува сериозно да бидат сфатени како опозиција. Тој, меѓудругото најави и целосна блокада на Собранието доколку спикерот Талат Џафери ја отфрли и оваа иницијатива.
Ние не очекуваме опструкции, доколку спикерот Талат Џафери се осмели да глуми уставен судија ќе почнеме со целосна блокада на Собранието - порача Апасиев, додавајќи оти се надеваме во добра волја да помине оваа референдумска иницијатива.
Апасиев, образложувајќи ја иницијативата рече дека таа се однесува на промена на заклучоците каде се спорни две точки.
Тоа се точка 1 и точка 3Г, каде што се вметнати „францускиот“ предлог и преговарачката рамка. Тоа практично би значело дека од ЕУ ќе се очекува нова преговарачка рамка без бугарските хегемонистички барања кои се инкорпорирани внатре. Тоа значи дека референдумот не е анти ЕУ, туку бојкотот на референдумот или недавањето да се случи референдум е чин на анти ЕУ. Демократското изјаснување на граѓаните не може да биде анти ЕУ - изјави Апасиев минатата недела кога ја ја поднесе иницијативата за референдум до ДИК.
СДСМ се уште е на став дека опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Левица прават сè за да се попречи патот на државата кон Европската Унија. Оттаму не сакаат да ја коментираат иницијативата додека не ја разгледаат. Пратеникот од редовите на СДСМ Ненад Коциќ вчера во собранискиот прес-центар рече дека владејачкото мнозинство гласаше за заштита на македонскиот јазик, идентитет и култура во процесот на преговори со ЕУ.
Иницијативата прво треба да ја видиме, сè уште не е стасана до нас. Тоа што го знам е дека во ова Собрание мнозинството, и ние како СДСМ, гласаше за заштита на македонскиот јазик, идентитет и култура во процесот на преговори со ЕУ. Станува јасно дека сè што прават Мицкоски и Апасиев е да се препречи нашиот пат кон ЕУ. Друга желба и интенција нема. Инаку секое изјаснување, нормално е демократско - изјави Коциќ.
Претседателот Стево Пендаровски, пак, смета дека прашањето на Левица за референдумот е збунувачко и нејасно за граѓаните.
Прашањето кое Левица сака да го употреби во референдумското изјаснување е збунувачко и нејасно за граѓаните. Истото го повторувам периодов кога станува збор за референдум и кога ваква слична иницијатива поднесе и ВМРО-ДПМНЕ. Против сум вакви прашања кои сега Левица ги пласира во кои содржат збунувачка содржина - изјави Пендаровски.
Претседателот на Собранието Џафери на 13 септември ја отфрли иницијативата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за референдум за престанок на важењето на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, образложувајќи дека е противуставна и оти меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон. Од ВМРО-ДПМНЕ тогаш оценија дека иницијативата е во сoгласност со членот 24 од Законот за референдум и порачаа дека Џафери нема основа да ја отфрли, додека од владејачката СДСМ ја поддржаа одлуката на Џафери поради тоа што и тие ја сметаат за неуставна. ВМРО-ДПМНЕ на 9 септември ја достави иницијативата до Собранието за одржување референдум откако ги собраа потребните потписи за нејзино поднесување, а претходно на 5 септември партискиот Извршен комитет го усвои и референдумското прашање „Дали сте за напуштање на важноста на Законот за ратификација за Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија објавен во Службен весник од 18.01.2017?“. Согласно Деловникот на Собранието, собранискиот спикер, по добивањето на предлогот за покренување на граѓанска иницијатива за донесување закон, за распишување референдум на државно ниво веднаш ја доставува до претседателот на Законодавно-правната комисија и до претседателот на матичното работно тело. Законодавно-правната комисија и матичното работно тело во рок од два работни дена до претседателот на Собранието доставуваат мислење за уредноста на иницијативата.

The post Во Собранието доставена новата иницијатива за референдум на Левица appeared first on Република.

]]>
Каталонија сака нов референдум, но со согласност на Мадрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/katalonija-saka-nov-referendum-no-so-soglasnost-na-madrid-2/ Tue, 27 Sep 2022 21:05:10 +0000 https://republika.mk/?p=555039

Каталонија ќе иницира нов договор со шпанската влада за одржување правно обврзувачки референдум за потенцијална независност на регионот што би бил признаен и од Шпанија и од меѓународната заедница, изјави денеска каталонскиот лидер Пере Арагонес.

Шефот на каталонската влада во регионалниот парламент изјави дека на Каталонија и е потребна согласност од Мадрид за уште еден референдум.

– Не се сомневам дека тоа е најбрзиот и најефикасен начин да се одржи уште едно гласање, имајќи ги предвид лекциите од 2017 година и тешкотиите што не ни дозволија да го спроведеме резултатот од пред пет години, посочи тој.

Арагонес го нарече неговиот предлог „најинклузивен, најдемократски и најобјаснив за меѓународната заедница“ и рече дека ќе побара поддршка од сите политички актери во Каталонија.

Шпанската влада го отфрли предлогот.

– Тие ги имаат тие максималистички аспирации, кои владата апсолутно не ги дели, рече владината портпаролка Изабел Родригез, додавајќи дека двете страни продолжиле да разговараат за нормализација на нивните односи.

The post Каталонија сака нов референдум, но со согласност на Мадрид appeared first on Република.

]]>

Каталонија ќе иницира нов договор со шпанската влада за одржување правно обврзувачки референдум за потенцијална независност на регионот што би бил признаен и од Шпанија и од меѓународната заедница, изјави денеска каталонскиот лидер Пере Арагонес. Шефот на каталонската влада во регионалниот парламент изјави дека на Каталонија и е потребна согласност од Мадрид за уште еден референдум. – Не се сомневам дека тоа е најбрзиот и најефикасен начин да се одржи уште едно гласање, имајќи ги предвид лекциите од 2017 година и тешкотиите што не ни дозволија да го спроведеме резултатот од пред пет години, посочи тој. Арагонес го нарече неговиот предлог „најинклузивен, најдемократски и најобјаснив за меѓународната заедница“ и рече дека ќе побара поддршка од сите политички актери во Каталонија. Шпанската влада го отфрли предлогот. – Тие ги имаат тие максималистички аспирации, кои владата апсолутно не ги дели, рече владината портпаролка Изабел Родригез, додавајќи дека двете страни продолжиле да разговараат за нормализација на нивните односи.

The post Каталонија сака нов референдум, но со согласност на Мадрид appeared first on Република.

]]>
Завршија референдумите во Украина за приклучување кон Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zavrshija-referendumite-vo-ukraina-za-prikluchuvanje-kon-rusija/ Tue, 27 Sep 2022 18:04:08 +0000 https://republika.mk/?p=554930

Москва почна да објавува првични делумни резултати од референдумот кој според руската страна покажува дека над 96 отсто од жителите во регионите Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон се за приклучување кон Русија. Ова го отвора патот за владимир путин да ги анектира четирите области, по што тој секој обид на Украина да ги врати ќе може да го прикаже како напад врз самата Русија. Гласањата организирани од Москва во четирите окупирани региони во Украина според шефот на НАТО, Јенс Столтенберг се „еклатантно кршење на меѓународното право“.

The post Завршија референдумите во Украина за приклучување кон Русија appeared first on Република.

]]>

Москва почна да објавува првични делумни резултати од референдумот кој според руската страна покажува дека над 96 отсто од жителите во регионите Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон се за приклучување кон Русија. Ова го отвора патот за владимир путин да ги анектира четирите области, по што тој секој обид на Украина да ги врати ќе може да го прикаже како напад врз самата Русија. Гласањата организирани од Москва во четирите окупирани региони во Украина според шефот на НАТО, Јенс Столтенберг се „еклатантно кршење на меѓународното право“.

The post Завршија референдумите во Украина за приклучување кон Русија appeared first on Република.

]]>
Македонија нема да ги признае руските референдуми во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-nema-da-gi-priznae-ruskite-referendumi-vo-ukraina/ Mon, 26 Sep 2022 10:12:00 +0000 https://republika.mk/?p=554266

На прашање дали Македонија ќе ги признае резултатите од референдумите во четири украински региони за приклучување кон Русија, министерот за надворешни работи Бујар Османи кажа дека Македонија никогаш нема тоа да го направи.

Тој додаде дека е важно Украина да победи во војната со Русија, која преку манипулативни референдуми сака да си обезбеди алиби за анектирање на украинска територија.

Важно е Украина да победи во оваа војна, а Република Македонија нема да признае манипулативни референдуми. Тие се манипулативни за да имаат алиби за своеволно анектирање на туѓи територии - кажа Османи на денешниот брифинг за новинарите.

Референдуми за приклучување кон Русија се одржуваат во регионите Донецк, Луханск, Запорожје и Херсон.

The post Македонија нема да ги признае руските референдуми во Украина appeared first on Република.

]]>

На прашање дали Македонија ќе ги признае резултатите од референдумите во четири украински региони за приклучување кон Русија, министерот за надворешни работи Бујар Османи кажа дека Македонија никогаш нема тоа да го направи. Тој додаде дека е важно Украина да победи во војната со Русија, која преку манипулативни референдуми сака да си обезбеди алиби за анектирање на украинска територија.
Важно е Украина да победи во оваа војна, а Република Македонија нема да признае манипулативни референдуми. Тие се манипулативни за да имаат алиби за своеволно анектирање на туѓи територии - кажа Османи на денешниот брифинг за новинарите.
Референдуми за приклучување кон Русија се одржуваат во регионите Донецк, Луханск, Запорожје и Херсон.

The post Македонија нема да ги признае руските референдуми во Украина appeared first on Република.

]]>
Четврти ден од референдумското изјаснување во украинските области под руска контрола https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/chetvrti-den-od-referendumskoto-izjasnuvanje-vo-ukrainskite-oblasti-pod-ruska-kontrola/ Mon, 26 Sep 2022 09:10:10 +0000 https://republika.mk/?p=554246

Во украинските области под руска контрола денеска четврти ден се спроведуваат референдумите за присоединување кон Русија.

Во првите три дена од референдумското изјаснување најголем одѕив забележала изборната комисија на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР), каде гласале 77,12 отсто од запишаните избирачи, соопшти претседателот на Централната изборна комисија на ДНР, Владимир Висоцки.

Серхиј Гајдаи, регионалниот гувернер на Луганск, соопшти дека официјални претставници на регионалните власти во Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје носат гласачки кутии од врата до врата, придружувани од припадници на службата за безбедност.

Тој тврди дека имињата на граѓаните бришат од списокот ако одбијат да гласаат или ако непрописно гласаат.

Жена оди по улица и со микрофон ги повикува жителите да гласаат на референдумот, додаде тој.

Според него, претставници на окупациските сили одат од врата до врата со гласачки кутии. „Тоа ли е тајно гласање”, прашува Гајдаи.

Руските сили воглавно ја имаат контролата врз четири украински региони, што чинат околу околу 15 отсто од територијата на Украина, површина приближно колку Португалија. Полуостровот Крим анектиран во 2014 година е со големина на Белгија.

Рускиот парламент (Дума) би можел да ја формализира анексијата на украинските региони во текот на наредните неколку дена.

Советникот за национална безбедност на претседателот Џо Бајден изјави дека САД никогаш нема да ги признаат руските претензии за украинските територии, истовремено заканувајќи се дека Русија ќе претрпи „катастрофални последици” ако употреби нуклеарно оружје против Украина.

Според неговите зборови, „САД ќе одговорат одлучно” ако Русија ја премине таа „црвена линија”.

 

The post Четврти ден од референдумското изјаснување во украинските области под руска контрола appeared first on Република.

]]>

Во украинските области под руска контрола денеска четврти ден се спроведуваат референдумите за присоединување кон Русија. Во првите три дена од референдумското изјаснување најголем одѕив забележала изборната комисија на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР), каде гласале 77,12 отсто од запишаните избирачи, соопшти претседателот на Централната изборна комисија на ДНР, Владимир Висоцки. Серхиј Гајдаи, регионалниот гувернер на Луганск, соопшти дека официјални претставници на регионалните власти во Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје носат гласачки кутии од врата до врата, придружувани од припадници на службата за безбедност. Тој тврди дека имињата на граѓаните бришат од списокот ако одбијат да гласаат или ако непрописно гласаат.
Жена оди по улица и со микрофон ги повикува жителите да гласаат на референдумот, додаде тој.
Според него, претставници на окупациските сили одат од врата до врата со гласачки кутии. „Тоа ли е тајно гласање”, прашува Гајдаи. Руските сили воглавно ја имаат контролата врз четири украински региони, што чинат околу околу 15 отсто од територијата на Украина, површина приближно колку Португалија. Полуостровот Крим анектиран во 2014 година е со големина на Белгија. Рускиот парламент (Дума) би можел да ја формализира анексијата на украинските региони во текот на наредните неколку дена. Советникот за национална безбедност на претседателот Џо Бајден изјави дека САД никогаш нема да ги признаат руските претензии за украинските територии, истовремено заканувајќи се дека Русија ќе претрпи „катастрофални последици” ако употреби нуклеарно оружје против Украина. Според неговите зборови, „САД ќе одговорат одлучно” ако Русија ја премине таа „црвена линија”.  

The post Четврти ден од референдумското изјаснување во украинските области под руска контрола appeared first on Република.

]]>
Швајцарија гласа „nein“ за пензионирање на жените на 65 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shvajcarija-glasa-nein-za-penzioniranje-na-zenite-na-65-godini/ Sun, 25 Sep 2022 16:47:56 +0000 https://republika.mk/?p=553957

Швајцарците денеска гласаат за контроверзната пензиска реформа за која владата вели дека е клучна за спас на системот и вклучува предлог за зголемување на старосната граница за пензионирање на жените.

По двата неуспешни обиди во 2004 и 2017 година, официјален Берн се надева дека конечно ќе добие доволно гласови за предлог за „стабилизирање“ на швајцарскиот пензиски систем, кој може да биде прегазен од големата бејби бум генерација која се ближи до пензионирање и чиј животен век се зголемува. Една од алатките за собирање повеќе пари за пензискиот систем е зголемувањето на данокот на промет, кој би требало да донесе приход од 12,4 милијарди швајцарски франци (97,3 милијарди куни) до 2032 година.

Реформата, која е уште поконтроверзна, предвидува жените да работат до 65 години за целосна пензија, наместо да можат да се пензионираат една година пред мажите, како што е сега. Ова, тврди владата, ќе и овозможи на Швајцарија да заштеди 4,9 милијарди швајцарски франци во следните 10 години.

Реформата ќе им го олесни на луѓето продолжувањето на работата по достигнувањето на официјалната возраст за пензионирање, овозможувајќи им постепено да се пензионираат до 70 години. Клучните мерки беа одобрени од парламентот на крајот на минатата година, но левичарските партии и синдикатите кои се против нив решија да побараат референдум.

Тврдејќи дека реформата се спроведува „на грбот на жените“, тие собраа три пати повеќе потписи од потребниот број за распишување референдум.

The post Швајцарија гласа „nein“ за пензионирање на жените на 65 години appeared first on Република.

]]>

Швајцарците денеска гласаат за контроверзната пензиска реформа за која владата вели дека е клучна за спас на системот и вклучува предлог за зголемување на старосната граница за пензионирање на жените. По двата неуспешни обиди во 2004 и 2017 година, официјален Берн се надева дека конечно ќе добие доволно гласови за предлог за „стабилизирање“ на швајцарскиот пензиски систем, кој може да биде прегазен од големата бејби бум генерација која се ближи до пензионирање и чиј животен век се зголемува. Една од алатките за собирање повеќе пари за пензискиот систем е зголемувањето на данокот на промет, кој би требало да донесе приход од 12,4 милијарди швајцарски франци (97,3 милијарди куни) до 2032 година. Реформата, која е уште поконтроверзна, предвидува жените да работат до 65 години за целосна пензија, наместо да можат да се пензионираат една година пред мажите, како што е сега. Ова, тврди владата, ќе и овозможи на Швајцарија да заштеди 4,9 милијарди швајцарски франци во следните 10 години. Реформата ќе им го олесни на луѓето продолжувањето на работата по достигнувањето на официјалната возраст за пензионирање, овозможувајќи им постепено да се пензионираат до 70 години. Клучните мерки беа одобрени од парламентот на крајот на минатата година, но левичарските партии и синдикатите кои се против нив решија да побараат референдум. Тврдејќи дека реформата се спроведува „на грбот на жените“, тие собраа три пати повеќе потписи од потребниот број за распишување референдум.

The post Швајцарија гласа „nein“ за пензионирање на жените на 65 години appeared first on Република.

]]>
Селаковиќ: Србија не ги прифаќа резултатите од референдумите во украинските региони https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/selakovikj-srbija-ne-gi-prifakja-rezultatite-od-referendumite-vo-ukrainskite-regioni/ Sun, 25 Sep 2022 10:42:12 +0000 https://republika.mk/?p=554010

Министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ изјави дека Србија не може да ги прифати резултатите од референдумите во украинските региони поддржани од Русија бидејќи, како што истакна, тоа би било целосно спротивно на српските државни и национални интереси, јави дописникот на МИА од Белград.

– Од една страна, нашата принципиелна посветеност на принципите и правилата на меѓународното јавно право, Повелбата на Обединетите нации, а од друга страна тоа би било целосно спротивно на нашите државни и национални интереси, целосно спротивно на нашата политика на зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет и посветеност на принципот на неповредливост на границите, истакна Селаковиќ на прес-конференција.

На прашањето за Договорот што беше потпишан со Русија, кој пред два дена во Њујорк во ОН тој го потпиша со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, Селаковиќ рече дека станува збор за документ кој не содржи прашања за усогласување на безбедносната политика.

– Тоа е документ кој се потпишува од 1996 година, тоа е техничка работа, која особено оваа година, покрај билатералните консултации кои се однесуваат на Обединетите нации, а што за нас е особено важно поради Косово, нема како тема консултации за безбедносната политиката, посочи тој.

Селаковиќ рече дека со потпишаниот Договор се регулираат билатералните односи, но и мултилатералните и дека таков договор се потпишува со години. Имајќи ја предвид актуелната ситуација, Селаковиќ наведе дека негов личен став е дека Србија можела да одбие да го потпише Договорот, но дека во него не гледа ништо суштински спорно на тој план за да се прекине соработката меѓу Србија и Русија.

Тој кажа дека за време на неговата посета со претседателот на Србија, Александар Вучиќ на ОН во Њујорк, биле потпишани 13 договори, протоколи и меморандуми, додавајќи дека главни теми на тие средби се однесувале на прашањето за Косово. об/ми/

The post Селаковиќ: Србија не ги прифаќа резултатите од референдумите во украинските региони appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ изјави дека Србија не може да ги прифати резултатите од референдумите во украинските региони поддржани од Русија бидејќи, како што истакна, тоа би било целосно спротивно на српските државни и национални интереси, јави дописникот на МИА од Белград. – Од една страна, нашата принципиелна посветеност на принципите и правилата на меѓународното јавно право, Повелбата на Обединетите нации, а од друга страна тоа би било целосно спротивно на нашите државни и национални интереси, целосно спротивно на нашата политика на зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет и посветеност на принципот на неповредливост на границите, истакна Селаковиќ на прес-конференција. На прашањето за Договорот што беше потпишан со Русија, кој пред два дена во Њујорк во ОН тој го потпиша со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, Селаковиќ рече дека станува збор за документ кој не содржи прашања за усогласување на безбедносната политика. – Тоа е документ кој се потпишува од 1996 година, тоа е техничка работа, која особено оваа година, покрај билатералните консултации кои се однесуваат на Обединетите нации, а што за нас е особено важно поради Косово, нема како тема консултации за безбедносната политиката, посочи тој. Селаковиќ рече дека со потпишаниот Договор се регулираат билатералните односи, но и мултилатералните и дека таков договор се потпишува со години. Имајќи ја предвид актуелната ситуација, Селаковиќ наведе дека негов личен став е дека Србија можела да одбие да го потпише Договорот, но дека во него не гледа ништо суштински спорно на тој план за да се прекине соработката меѓу Србија и Русија. Тој кажа дека за време на неговата посета со претседателот на Србија, Александар Вучиќ на ОН во Њујорк, биле потпишани 13 договори, протоколи и меморандуми, додавајќи дека главни теми на тие средби се однесувале на прашањето за Косово. об/ми/

The post Селаковиќ: Србија не ги прифаќа резултатите од референдумите во украинските региони appeared first on Република.

]]>
Швајцарците денеска гласаат на референдум за зголемување на старосната граница за пензионирање на жените https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shvajcarcite-deneska-glasaat-na-referendum-za-zgolemuvanje-na-starosnata-granica-za-penzioniranje-na-zenite/ Sun, 25 Sep 2022 08:32:10 +0000 https://republika.mk/?p=553972

Швајцарците денеска гласаат за контроверзната пензиска реформа за која владата вели дека е клучна за спас на системот и вклучува предлог за зголемување на старосната граница за пензионирање на жените.

По двата неуспешни обиди во 2004 и 2017 година, официјален Берн се надева дека конечно ќе добие доволно гласови за предлог за „стабилизирање“ на швајцарскиот пензиски систем, кој може да биде прегазен од големата бејби бум генерација која се ближи до пензионирање и чиј животен век се зголемува. Една од алатките за собирање повеќе пари за пензискиот систем е зголемувањето на данокот на промет, кој би требало да донесе приход од 12,4 милијарди швајцарски франци (97,3 милијарди куни) до 2032 година.

Реформата, која е уште поконтроверзна, предвидува жените да работат до 65 години за целосна пензија, наместо да можат да се пензионираат една година пред мажите, како што е сега. Ова, тврди владата, ќе и овозможи на Швајцарија да заштеди 4,9 милијарди швајцарски франци во следните 10 години.

Реформата ќе им го олесни на луѓето продолжувањето на работата по достигнувањето на официјалната возраст за пензионирање, овозможувајќи им постепено да се пензионираат до 70 години. Клучните мерки беа одобрени од парламентот на крајот на минатата година, но левичарските партии и синдикатите кои се против нив решија да побараат референдум.

Тврдејќи дека реформата се спроведува „над грб на жените“, тие собраа три пати повеќе потписи од потребниот број за распишување референдум.

The post Швајцарците денеска гласаат на референдум за зголемување на старосната граница за пензионирање на жените appeared first on Република.

]]>

Швајцарците денеска гласаат за контроверзната пензиска реформа за која владата вели дека е клучна за спас на системот и вклучува предлог за зголемување на старосната граница за пензионирање на жените. По двата неуспешни обиди во 2004 и 2017 година, официјален Берн се надева дека конечно ќе добие доволно гласови за предлог за „стабилизирање“ на швајцарскиот пензиски систем, кој може да биде прегазен од големата бејби бум генерација која се ближи до пензионирање и чиј животен век се зголемува. Една од алатките за собирање повеќе пари за пензискиот систем е зголемувањето на данокот на промет, кој би требало да донесе приход од 12,4 милијарди швајцарски франци (97,3 милијарди куни) до 2032 година. Реформата, која е уште поконтроверзна, предвидува жените да работат до 65 години за целосна пензија, наместо да можат да се пензионираат една година пред мажите, како што е сега. Ова, тврди владата, ќе и овозможи на Швајцарија да заштеди 4,9 милијарди швајцарски франци во следните 10 години. Реформата ќе им го олесни на луѓето продолжувањето на работата по достигнувањето на официјалната возраст за пензионирање, овозможувајќи им постепено да се пензионираат до 70 години. Клучните мерки беа одобрени од парламентот на крајот на минатата година, но левичарските партии и синдикатите кои се против нив решија да побараат референдум. Тврдејќи дека реформата се спроведува „над грб на жените“, тие собраа три пати повеќе потписи од потребниот број за распишување референдум.

The post Швајцарците денеска гласаат на референдум за зголемување на старосната граница за пензионирање на жените appeared first on Република.

]]>
Властите во Донбас задоволни од резултатите од референдумот, најголема излезност во Доњецк https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vlastite-vo-donbas-zadovolni-od-rezultatite-od-referendumot-najgolema-izleznost-vo-donjeck/ Sat, 24 Sep 2022 10:29:17 +0000 https://republika.mk/?p=553692

На референдумот во Доњецката област излезноста вчера беше 23,6 отсто, јавува руската државна новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на локален функционер.

Повеќе од 20,5 отсто од граѓаните со право на глас во регионот Запорожје и 15 отсто од оние во регионот Керсон гласаа во петокот, објави руската новинска агенција Интерфакс, цитирајќи претставници на локалните избори.

„Според нас, ова е доволно за првиот ден од гласањето“ – рече Марина Захарова, шеф на руската изборна комисија во Керсон.

Украинскиот гувернер на Луганск, Серхи Гајдаи изјави дека во градот Старобилск жителите се под полициски час и се принудени да ги напуштат своите домови за да гласаат на референдумот.

Во градот Биловодск, директорот на компанијата им рекол на вработените дека гласањето е задолжително и дека секој што ќе одбие да учествува ќе биде отпуштен и нивните имиња ќе бидат предадени на безбедносните служби, рече тој.

Во провинциите Луганск, Доњецк, Керсон и Запорожје од 23 до 27 септември се одржуваат референдуми со цел тие делови на Украина да се припојат кон Русија. Речиси целосно ги контролира Луганск и Керсон, а само делумно Запорожје и Доњецк.

The post Властите во Донбас задоволни од резултатите од референдумот, најголема излезност во Доњецк appeared first on Република.

]]>

На референдумот во Доњецката област излезноста вчера беше 23,6 отсто, јавува руската државна новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на локален функционер. Повеќе од 20,5 отсто од граѓаните со право на глас во регионот Запорожје и 15 отсто од оние во регионот Керсон гласаа во петокот, објави руската новинска агенција Интерфакс, цитирајќи претставници на локалните избори. „Според нас, ова е доволно за првиот ден од гласањето“ – рече Марина Захарова, шеф на руската изборна комисија во Керсон. Украинскиот гувернер на Луганск, Серхи Гајдаи изјави дека во градот Старобилск жителите се под полициски час и се принудени да ги напуштат своите домови за да гласаат на референдумот. Во градот Биловодск, директорот на компанијата им рекол на вработените дека гласањето е задолжително и дека секој што ќе одбие да учествува ќе биде отпуштен и нивните имиња ќе бидат предадени на безбедносните служби, рече тој. Во провинциите Луганск, Доњецк, Керсон и Запорожје од 23 до 27 септември се одржуваат референдуми со цел тие делови на Украина да се припојат кон Русија. Речиси целосно ги контролира Луганск и Керсон, а само делумно Запорожје и Доњецк.

The post Властите во Донбас задоволни од резултатите од референдумот, најголема излезност во Доњецк appeared first on Република.

]]>
Бајден: Вашингтон никогаш нема да ги признае резултатите од референдумот за анексија на четири региони во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bajden-vashington-nikogash-nema-da-gi-priznae-rezultatite-od-referendumot-za-aneksija-na-chetiri-regioni-vo-ukraina/ Sat, 24 Sep 2022 09:56:52 +0000 https://republika.mk/?p=553687

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека референдумите за анексија на четири региони во Украина контролирани од проруските сили се „измама“.

Тој посочи дека Вашингтон никогаш нема да ги признае нивните резултати.

Бајден вчера објави дека референдумите се „лажен изговор за обид за анексија на делови од Украина“ со сила и со флагрантно кршење на меѓународното право, вклучително и Повелбата на Обединетите нации, пренесува Си-Ен-Ен.

„Вашингтон никогаш нема да ги признае украинските територии како ништо друго освен како дел од Украина“, рече тој.

Бајден најави дека САД ќе соработуваат со сојузниците и партнерите за да воведат дополнителни брзи и строги економски санкции кон Русија.

„САД стојат со партнерите ширум светот и со секоја нација која ги почитува основните принципи на Повелбата на ОН во отфрлањето на какви било измислени исходи што Русија ќе ги објави“, рече Бајден.

Во четири украински региони под руска контрола вчера почна гласањето за референдуми за приклучување кон Русија. Гласањето ќе трае до 27 септември, кога ќе почне пребројувањето на гласовите.

Западот го осуди одржувањето на референдумот, наведувајќи дека тоа е обид на Москва да анектира делови од украинската територија.

The post Бајден: Вашингтон никогаш нема да ги признае резултатите од референдумот за анексија на четири региони во Украина appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека референдумите за анексија на четири региони во Украина контролирани од проруските сили се „измама“. Тој посочи дека Вашингтон никогаш нема да ги признае нивните резултати. Бајден вчера објави дека референдумите се „лажен изговор за обид за анексија на делови од Украина“ со сила и со флагрантно кршење на меѓународното право, вклучително и Повелбата на Обединетите нации, пренесува Си-Ен-Ен. „Вашингтон никогаш нема да ги признае украинските територии како ништо друго освен како дел од Украина“, рече тој. Бајден најави дека САД ќе соработуваат со сојузниците и партнерите за да воведат дополнителни брзи и строги економски санкции кон Русија. „САД стојат со партнерите ширум светот и со секоја нација која ги почитува основните принципи на Повелбата на ОН во отфрлањето на какви било измислени исходи што Русија ќе ги објави“, рече Бајден. Во четири украински региони под руска контрола вчера почна гласањето за референдуми за приклучување кон Русија. Гласањето ќе трае до 27 септември, кога ќе почне пребројувањето на гласовите. Западот го осуди одржувањето на референдумот, наведувајќи дека тоа е обид на Москва да анектира делови од украинската територија.

The post Бајден: Вашингтон никогаш нема да ги признае резултатите од референдумот за анексија на четири региони во Украина appeared first on Република.

]]>
Почна референдумот во Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје за приклучување кон Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pochna-referendumot-vo-donjeck-lugansk-herson-i-zaporozje-za-prikluchuvanje-kon-rusija/ Fri, 23 Sep 2022 06:43:34 +0000 https://republika.mk/?p=553356

Во украински региони под руска контрола утрово почна гласањето на референдум за приклучување кон Русија, пренесе Бета.

Сепаратистичките власти го најавија референдумот во Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје по контраофанзивата на украинската армија која врати делови од територијата во последните неколку недели.

Гласањата, кои треба да траат до 27 септември, почна утрово во 5.00 часот по Гринич.

Рускиот претседател Владимир Путин прогласи независност на Доњецката Народна Република (ДНР) и Луганската Народна Република (ЛНР) непосредно пред почетокот на офанзивата во Украина

The post Почна референдумот во Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје за приклучување кон Русија appeared first on Република.

]]>

Во украински региони под руска контрола утрово почна гласањето на референдум за приклучување кон Русија, пренесе Бета. Сепаратистичките власти го најавија референдумот во Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје по контраофанзивата на украинската армија која врати делови од територијата во последните неколку недели. Гласањата, кои треба да траат до 27 септември, почна утрово во 5.00 часот по Гринич. Рускиот претседател Владимир Путин прогласи независност на Доњецката Народна Република (ДНР) и Луганската Народна Република (ЛНР) непосредно пред почетокот на офанзивата во Украина

The post Почна референдумот во Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје за приклучување кон Русија appeared first on Република.

]]>
ЕУ ги осуди најавените руски референдуми во Донбас https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-gi-osudi-najavenite-ruski-referendumi-vo-donbas/ Wed, 21 Sep 2022 07:34:22 +0000 https://republika.mk/?p=552787

Европската Унија преку својата дипломатска служба ги осуди најавите за референдум во Луганск и Доњецк од страна на руските власти и ги нарече нарушување на суверенитетот на Украина, јави дописничката на МИА од Брисел.

Европската Унија смета дека овие планирани референдуми во областите Доњецк и Луганск се нелегални.

Тие се спротивни на законски и демократски одбраните украински власти и се нарушување на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, и на меѓународното право. Резултатот на овие дејствија ќе бидат неважечки и нема да бидат признаени од страна на ЕУ и нејзините земји членки, соопшти Европската Унија.

Според ЕУ, од почетокот на руската инвазија на Украина, бројни украински граѓани биле киднапирани, нелегално уапсени и жртви на тортура, додека друг дел од населението бил протеран, а легално избрани претставници биле насилно заменети. Пристапот до слободни и независни медиуми е силно ограничен.

Поради ова, овие нелегални “гласови“ не можат да се сметаат, под било кои околности, како слободен израз на волјата на народот кој живее во овие региони под постојана руска воена закана и заплашување, е ставот на ЕУ.

Унијата предупредува дека сите политички лидери од Русија инволвирани во најавените референдуми на Донбас ќе се сметаат за одговорни пред меѓународното право и ќе бидат најверојатно предмет на санкции.

The post ЕУ ги осуди најавените руски референдуми во Донбас appeared first on Република.

]]>

Европската Унија преку својата дипломатска служба ги осуди најавите за референдум во Луганск и Доњецк од страна на руските власти и ги нарече нарушување на суверенитетот на Украина, јави дописничката на МИА од Брисел. Европската Унија смета дека овие планирани референдуми во областите Доњецк и Луганск се нелегални. Тие се спротивни на законски и демократски одбраните украински власти и се нарушување на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, и на меѓународното право. Резултатот на овие дејствија ќе бидат неважечки и нема да бидат признаени од страна на ЕУ и нејзините земји членки, соопшти Европската Унија. Според ЕУ, од почетокот на руската инвазија на Украина, бројни украински граѓани биле киднапирани, нелегално уапсени и жртви на тортура, додека друг дел од населението бил протеран, а легално избрани претставници биле насилно заменети. Пристапот до слободни и независни медиуми е силно ограничен. Поради ова, овие нелегални “гласови“ не можат да се сметаат, под било кои околности, како слободен израз на волјата на народот кој живее во овие региони под постојана руска воена закана и заплашување, е ставот на ЕУ. Унијата предупредува дека сите политички лидери од Русија инволвирани во најавените референдуми на Донбас ќе се сметаат за одговорни пред меѓународното право и ќе бидат најверојатно предмет на санкции.

The post ЕУ ги осуди најавените руски референдуми во Донбас appeared first on Република.

]]>