редовни парлементарни избори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/redovni-parlementarni-izbori/ За подобро да се разбереме Thu, 26 Oct 2023 12:53:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png редовни парлементарни избори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/redovni-parlementarni-izbori/ 32 32 Објавени можните датуми за избори во 2024 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/objaveni-mozhnite-datumi-za-izbori-vo-2024/ Thu, 26 Oct 2023 12:47:35 +0000 https://republika.mk/?p=695262

На денешниот брифинг со медиуми, претседателот на Собранието, Талат Џафери, ги презентираше можните датуми за претседателски и парламентарни избори, со цел да се запазат сите законски рокови.

Џафери им порача на полтичките партии консезуално да се договорат до крајот на годината, особено за датумот за претседателски избори.

Претседателски избори

Инаугурацијата на Претседателот на државата треба да биде на 12 мај 2024 година

Изборите се одржуваат во последните 60 дена на тековниот мандат

60-те последни дена се во рамки на датумите 14 март и 12 мај 2024 година

Изборите се одржуваат во два изборни круга:

Прв круг: најрано 14 март 2024 година

Втор круг: најдоцна 8 мај 2024 година

Изборите ги распишува претседателот на Собранието на Република Македонија (член 12 од Изборниот законик)

Од денот на распишување на изборите до денот на гласање рокот е: не помалку од 70 дена и не повеќе од 90 дена.

Прв круг: ако бидат на 14 март, тогаш распишување на изборите треба да биде на 4 јануари 2024 година (минимум 70 дена)

Втор круг: ако бидат покасно на 8 мај (тогаш во овој случај, Прв круг треба да бидат на 24 април), распишување на избори ќе треба да биде на 27 февруари, што обезбедува најмалку 70 дена до избори.

Можни датуми (14 март – 8 мај)

Прв круг: на 14 март, 28 март, 11 април и 25 април.

Втор круг: 28 март, 11 април, 25 април и 9 мај (критичен датум бидејќи инагурација ќе треба да биде на 12 мај)

Парламентарни избори

4 Август (завршува мандатот на пратениците)

Изборите се одржуваат во 90 дена од тековниот мандат (член 63 став 3 од Устав), или во рок од 60 дена од распуштање на Собранието

Редовни термини во редовен рок

5 мај – 15 јули, за да се овозможи конституирање во рамките на уставниот рок (член 63/1), најдоцна денот 20/21 од денот на гласање.

Доколку парламентарните избори се организираат пред 5 мај, тогаш тие избори се предвремени избори и во тој случај важат други членови, се нагласи на брифингот.

The post Објавени можните датуми за избори во 2024 appeared first on Република.

]]>

На денешниот брифинг со медиуми, претседателот на Собранието, Талат Џафери, ги презентираше можните датуми за претседателски и парламентарни избори, со цел да се запазат сите законски рокови. Џафери им порача на полтичките партии консезуално да се договорат до крајот на годината, особено за датумот за претседателски избори. Претседателски избори Инаугурацијата на Претседателот на државата треба да биде на 12 мај 2024 година Изборите се одржуваат во последните 60 дена на тековниот мандат 60-те последни дена се во рамки на датумите 14 март и 12 мај 2024 година Изборите се одржуваат во два изборни круга: Прв круг: најрано 14 март 2024 година Втор круг: најдоцна 8 мај 2024 година Изборите ги распишува претседателот на Собранието на Република Македонија (член 12 од Изборниот законик) Од денот на распишување на изборите до денот на гласање рокот е: не помалку од 70 дена и не повеќе од 90 дена. Прв круг: ако бидат на 14 март, тогаш распишување на изборите треба да биде на 4 јануари 2024 година (минимум 70 дена) Втор круг: ако бидат покасно на 8 мај (тогаш во овој случај, Прв круг треба да бидат на 24 април), распишување на избори ќе треба да биде на 27 февруари, што обезбедува најмалку 70 дена до избори. Можни датуми (14 март – 8 мај) Прв круг: на 14 март, 28 март, 11 април и 25 април. Втор круг: 28 март, 11 април, 25 април и 9 мај (критичен датум бидејќи инагурација ќе треба да биде на 12 мај) Парламентарни избори 4 Август (завршува мандатот на пратениците) Изборите се одржуваат во 90 дена од тековниот мандат (член 63 став 3 од Устав), или во рок од 60 дена од распуштање на Собранието Редовни термини во редовен рок 5 мај – 15 јули, за да се овозможи конституирање во рамките на уставниот рок (член 63/1), најдоцна денот 20/21 од денот на гласање. Доколку парламентарните избори се организираат пред 5 мај, тогаш тие избори се предвремени избори и во тој случај важат други членови, се нагласи на брифингот.

The post Објавени можните датуми за избори во 2024 appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Изборите ќе бидат редовни, во 2024 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-izborite-ke-bidat-redovni-vo-2024-godina/ Tue, 03 Oct 2023 18:34:34 +0000 https://republika.mk/?p=687626

СДСМ има и државнички и државотворен капацитет, отворена е за секого и секогаш без разлика кој на каква позиција се наоѓа во партијата или во државата. Од тој аспект беше формирано едно тело за подготовка на активности, меѓутоа клучна цел е обединување на сите прогресивни сили се со цел да бидат донесени потребните одлуки за државата а во насока на зачленување на Македонија во ЕУ до 2030 година, рече во интервју за Сител Телевизија претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање за последните внатрепартиски настани и активности.

Вие доколку ја погледнете сликата од самиот состанок забележавте дека таму имаше 3-ца премиери всушност. Еден актуелен, еден поранешен и еден технички премиер, поранешен генерален секретар на партијата, потпретседатели на партијата – луѓе кои имаат големо искуство и партиско но и во извршување на државни функции. Од тој аспект беше формирано едно тело за подготовка на она што следат како активности, меѓутоа целта клучна е како што беше објавено е обединување на сите прогресивни сили се со цел да бидат донесени потребните одлуки за државата а во насока на зачленување на Македонија во ЕУ до 2030 година, рече Ковачевски.

Формирани се и комисиите на СДСМ, предводени од заменик претседателката Сања Лукаревска коишто веќе работат на подготовка на програмата, додаде Ковачевски
-Изборите ќе бидат редовни, во 2024 година, меѓутоа сметам подготовката на програмата на СДСМ е еден процес во којшто ќе бидат вклучени, покрај партиските комисии и општински организации, пред се и граѓаните. Следуваат активности кои веќе започнаа преку програмски трибини на СДСМ во различни области кои се однесуваат на предлози и идеи од различни заинтересирани групи, целни групи и граѓани кои подоцна ќе бидат вградени во текот на изработката на самата програма за 2024 година, рече претседателот Димитар Ковачевски во интервју за Сител Телевизија.

The post Ковачевски: Изборите ќе бидат редовни, во 2024 година appeared first on Република.

]]>

СДСМ има и државнички и државотворен капацитет, отворена е за секого и секогаш без разлика кој на каква позиција се наоѓа во партијата или во државата. Од тој аспект беше формирано едно тело за подготовка на активности, меѓутоа клучна цел е обединување на сите прогресивни сили се со цел да бидат донесени потребните одлуки за државата а во насока на зачленување на Македонија во ЕУ до 2030 година, рече во интервју за Сител Телевизија претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање за последните внатрепартиски настани и активности. Вие доколку ја погледнете сликата од самиот состанок забележавте дека таму имаше 3-ца премиери всушност. Еден актуелен, еден поранешен и еден технички премиер, поранешен генерален секретар на партијата, потпретседатели на партијата – луѓе кои имаат големо искуство и партиско но и во извршување на државни функции. Од тој аспект беше формирано едно тело за подготовка на она што следат како активности, меѓутоа целта клучна е како што беше објавено е обединување на сите прогресивни сили се со цел да бидат донесени потребните одлуки за државата а во насока на зачленување на Македонија во ЕУ до 2030 година, рече Ковачевски. Формирани се и комисиите на СДСМ, предводени од заменик претседателката Сања Лукаревска коишто веќе работат на подготовка на програмата, додаде Ковачевски -Изборите ќе бидат редовни, во 2024 година, меѓутоа сметам подготовката на програмата на СДСМ е еден процес во којшто ќе бидат вклучени, покрај партиските комисии и општински организации, пред се и граѓаните. Следуваат активности кои веќе започнаа преку програмски трибини на СДСМ во различни области кои се однесуваат на предлози и идеи од различни заинтересирани групи, целни групи и граѓани кои подоцна ќе бидат вградени во текот на изработката на самата програма за 2024 година, рече претседателот Димитар Ковачевски во интервју за Сител Телевизија.

The post Ковачевски: Изборите ќе бидат редовни, во 2024 година appeared first on Република.

]]>
Ковачевски смета дека има цврста коалиција која ќе опстои до редовните парламентарни избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-smeta-deka-ima-cvrsta-koalicija-koja-kje-opstoi-do-redovnite-parlamentarni-izbori/ Sat, 16 Jul 2022 17:19:56 +0000 https://republika.mk/?p=530079

Коалицијата е цврста и таа ќе опстои до редовните парламентарни избори во 2024 година, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски по владината седница на која се донесе одлука за одобрување на предлогот на француското Претседателство.

Тој, одговарајќи на новинарски прашања во Владата, рече оти е горд што немаше ниту еден глас „против“ во Собранието.

Во однос на членовите на коалицијата, според Ковачевски секој има право да го изрази своето слободно уверување по однос на секоја точка која се предлага во коалицијата.

Во однос на заверените изјави на нотар на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека нема да прифатат промена на Уставот, Ковачевски рече дека оваа партија треба да објасни зошто се против внесувањето во Уставот на граѓаните на Македонија кои јасно се самоопределиле како Црногорци, како Хрвати, како Бугари, како Еѓипќани.

Зошто би имале тие против и доколку делови од израелскиот народ, односно Евреите во Македонија бидат дел од преамбулата на нашиот Устав тие граѓани се богатството на нашата држава. Ние сме граѓанска држава. Не може ако некој решил себе си да се изолира и да ја изолира својата партија, ако решил преку нотарски изјави да ги изолира своите пратеници тоа да го прави на сите граѓани на државата и на целата држава и неа да ја изолира. Тоа е неприфатливо, ретроградно и тоа треба да биде надминато, нагласи Ковачевски.

Според Ковачевски пратениците според Устав се независни во своето одлучување во Собранието.

Јас и граѓаните се надевавме дека ВМРО-ДПМНЕ конечно ќе биде партија што ќе се реформира, но гледаме дека таа политичка партија ниту милиметар не е променета во однос на она што го имавме под водство на нивниот претходен претседател. Во тоа време, нивните пратеници потпишуваа меници, а сега потпишуваат нотарски изјави. Пратениците според Устав се независни во своето одлучување во Собранието тие таму не претставуваат политичка партија или пак претседател на политичка партија којшто им бара нотарски изјави и мафта со нив по прес-конференции. Тие таму ги претставуваат граѓаните кои ги избрале, рече Ковачевски.

The post Ковачевски смета дека има цврста коалиција која ќе опстои до редовните парламентарни избори appeared first on Република.

]]>

Коалицијата е цврста и таа ќе опстои до редовните парламентарни избори во 2024 година, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски по владината седница на која се донесе одлука за одобрување на предлогот на француското Претседателство. Тој, одговарајќи на новинарски прашања во Владата, рече оти е горд што немаше ниту еден глас „против“ во Собранието. Во однос на членовите на коалицијата, според Ковачевски секој има право да го изрази своето слободно уверување по однос на секоја точка која се предлага во коалицијата. Во однос на заверените изјави на нотар на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека нема да прифатат промена на Уставот, Ковачевски рече дека оваа партија треба да објасни зошто се против внесувањето во Уставот на граѓаните на Македонија кои јасно се самоопределиле како Црногорци, како Хрвати, како Бугари, како Еѓипќани.
Зошто би имале тие против и доколку делови од израелскиот народ, односно Евреите во Македонија бидат дел од преамбулата на нашиот Устав тие граѓани се богатството на нашата држава. Ние сме граѓанска држава. Не може ако некој решил себе си да се изолира и да ја изолира својата партија, ако решил преку нотарски изјави да ги изолира своите пратеници тоа да го прави на сите граѓани на државата и на целата држава и неа да ја изолира. Тоа е неприфатливо, ретроградно и тоа треба да биде надминато, нагласи Ковачевски.
Според Ковачевски пратениците според Устав се независни во своето одлучување во Собранието.
Јас и граѓаните се надевавме дека ВМРО-ДПМНЕ конечно ќе биде партија што ќе се реформира, но гледаме дека таа политичка партија ниту милиметар не е променета во однос на она што го имавме под водство на нивниот претходен претседател. Во тоа време, нивните пратеници потпишуваа меници, а сега потпишуваат нотарски изјави. Пратениците според Устав се независни во своето одлучување во Собранието тие таму не претставуваат политичка партија или пак претседател на политичка партија којшто им бара нотарски изјави и мафта со нив по прес-конференции. Тие таму ги претставуваат граѓаните кои ги избрале, рече Ковачевски.

The post Ковачевски смета дека има цврста коалиција која ќе опстои до редовните парламентарни избори appeared first on Република.

]]>