Ред Бул Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/red-bul/ За подобро да се разбереме Sun, 23 Oct 2022 08:04:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ред Бул Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/red-bul/ 32 32 Почина основачот на Ред Бул https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/pochina-osnovachot-na-red-bul/ Sun, 23 Oct 2022 09:00:55 +0000 https://republika.mk/?p=564496

Сопственикот на Ред Бул, Дитрих Матешиc, почина на 78-годишна возраст.

Веќе некое време се шпекулираше дека Матешиц боледува од тешка болест и дека неговото здравје не е најдобро.

Матершиц е основач на Ред Бул, со кој влезе во светот на Формула 1 во последната деценија од минатиот век како спонзор на Заубер. Како основач на компанија за енергетски пијалоци во 1984 година, тој беше главната движечка сила зад влегувањето во светот на мотоспортот.

Во 2004 година, тој го купи тимот на Јагуар и го преименува во Ред Бул Рејсинг, за да стане светски шампион шест години подоцна со Себастијан Фетел како возач, а доминацијата на австрискиот тим продолжува до ден-денес.

Со Фетел четири пати ја освојуваше шампионската титула во конкуренција на возачи, но и во конкуренција на конструктори.

Покрај присуството во Ф1, тој беше сопственик на фудбалските клубови Салцбург, Њујорк Ред Булс и Лајпциг, како и на хокеарскиот тим РБ Минхен.

The post Почина основачот на Ред Бул appeared first on Република.

]]>

Сопственикот на Ред Бул, Дитрих Матешиc, почина на 78-годишна возраст. Веќе некое време се шпекулираше дека Матешиц боледува од тешка болест и дека неговото здравје не е најдобро. Матершиц е основач на Ред Бул, со кој влезе во светот на Формула 1 во последната деценија од минатиот век како спонзор на Заубер. Како основач на компанија за енергетски пијалоци во 1984 година, тој беше главната движечка сила зад влегувањето во светот на мотоспортот. Во 2004 година, тој го купи тимот на Јагуар и го преименува во Ред Бул Рејсинг, за да стане светски шампион шест години подоцна со Себастијан Фетел како возач, а доминацијата на австрискиот тим продолжува до ден-денес. Со Фетел четири пати ја освојуваше шампионската титула во конкуренција на возачи, но и во конкуренција на конструктори. Покрај присуството во Ф1, тој беше сопственик на фудбалските клубови Салцбург, Њујорк Ред Булс и Лајпциг, како и на хокеарскиот тим РБ Минхен.

The post Почина основачот на Ред Бул appeared first on Република.

]]>
Болидите на „Ред Бул“ зарибаа во Бахреин https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/bolidite-na-red-bul-zaribaa-vo-bahrein/ Mon, 21 Mar 2022 09:42:27 +0000 https://republika.mk/?p=475986

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ги сумираше впечатоците од вчерашната трка во Формула 1 за Големата награда на Бахреин, велејќи дека тимот се уште не ги знае точните причини за откажувањето на двата болида.

– Сè уште не сме сигурни зошто се појави овој проблем. Но, да, тоа дефинитивно се случи откако механичарите ги ставија тркалата на болидот на пит-стопот. Нешто се случи. И не е дека воланот наеднаш станал тежок или нешто слично. Не, воланот стана речиси невозможно да се сврти. И колку побрзо возев, проблемот стануваше позабележлив. Имаше доцнење на воланот – на пример, секогаш кога ќе го свртев воланот надесно, требаше некое време пред автомобилот да реагира на тоа. Всушност, затоа и направив толку лош рестарт. Сакав да згазнам на гас, но едноставно не можев да ги исправам тркалата, само беа заглавени. Така да, беше тешко. Што да се прави, ова е првиот тркачки викенд. Темпото на трката беше неверојатно, но рамнотежата на болидот поради некоја причина не беше толку добра како во петокот. И ова ќе треба да се реши, изјави Верстапен.

Холанѓанецот е бранител на шампионскиот трофеј освоен мината сезона. На трката во Бахреин победи Шарл Леклер од Ферари пред неговиот клупски партнер Карлос Сајнц. 

The post Болидите на „Ред Бул“ зарибаа во Бахреин appeared first on Република.