рецепти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/recepti/ За подобро да се разбереме Thu, 09 May 2024 11:23:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png рецепти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/recepti/ 32 32 Сочен чоколаден колач без шеќер и брашно https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/sochen-chokoladen-kolach-bez-sheker-i-brashno/ Thu, 09 May 2024 11:23:12 +0000 https://republika.mk/?p=776331

Рецептот за овој сочен колач без шеќер и брашно потекнува од Јужна Америка. Потребни ви се само 6 намирници и малку време, а вкусот ќе ве воодушеви!

Состојки:
  • 4 јајца
  • 2 портокали
  • 200 г мелени ореви, бадеми, лешници или кокос
  • половина лажичка сода бикарбона

За филот:

  • 100 гр темно чоколадо
  • 200 мл неутрална павлака за готвење
  • Приготвување:

    Портокалите потопете ги во раствор од сода бикарбона и оставете ги да отстојат половина час.

    Потоа, гответе ги околу 30 минути, додека омекнат. Измелете ги добро во блендер, додајте ги јајцата, мелените оревите, и малку сода бикарбона.

    Печете на 200 степени околу 20 минути.

    На рингла, згответе ја малку неутралната павлака, па додајте ѝ го чоколадото и мешајте додека се растопи. Прелејте го готовиот и изладен колач. Изладете добро во фрижидер, а потоа послужете.

The post Сочен чоколаден колач без шеќер и брашно appeared first on Република.

]]>

Рецептот за овој сочен колач без шеќер и брашно потекнува од Јужна Америка. Потребни ви се само 6 намирници и малку време, а вкусот ќе ве воодушеви!
Состојки:
  • 4 јајца
  • 2 портокали
  • 200 г мелени ореви, бадеми, лешници или кокос
  • половина лажичка сода бикарбона
За филот:
  • 100 гр темно чоколадо
  • 200 мл неутрална павлака за готвење
  • Приготвување:
    Портокалите потопете ги во раствор од сода бикарбона и оставете ги да отстојат половина час. Потоа, гответе ги околу 30 минути, додека омекнат. Измелете ги добро во блендер, додајте ги јајцата, мелените оревите, и малку сода бикарбона. Печете на 200 степени околу 20 минути. На рингла, згответе ја малку неутралната павлака, па додајте ѝ го чоколадото и мешајте додека се растопи. Прелејте го готовиот и изладен колач. Изладете добро во фрижидер, а потоа послужете.

The post Сочен чоколаден колач без шеќер и брашно appeared first on Република.

]]>
Матичните лекари ќе може да препишуваат терапија за висок притисок, дијабетес, астма, ХОББ и хипотироидизам https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/matichnite-lekari-ke-mozhe-da-prepishuvaat-terapija-za-visok-pritisok-dijabetes-astma-hobb-i-hipotiroidizam/ Mon, 21 Aug 2023 12:20:30 +0000 https://republika.mk/?p=674202

Матичните лекари ќе може да препишуваат терапија за висок притисок, дијабетес, астма, хронична опструктивна белодробна болест, астма и хипотироидизам. Оваа новина во примарната здравствена заштита денеска ја најавија министерот за здравство Фатмир Меџити и д-р Злате мехмедовиќ, координатор на реформите за примарна заштита во МЗ.

Неделава ја посветуваме на промоција на новините во системот на примарна здравствена заштита, отпечатени се информативни брошури со поддршка од СЗО, завршена е едукацијата за 700 матични лекари за новиот правилник за препишување лекови и во следните неколку дена планираме посети во повеќе здравствени домови во државата, со цел одблиску да ги запознаеме пациентите и докторите со овие новини, изјави Меџити.

На овој начин се врши растоварување на секундарното и терциерното здравство, преку засилување на улогата на матичните лекари, како и намалување на административните процедури за препишување на хронична терапија, објасни министерот. Потребно е, кажа Меџити, да се обезбедат специјализации по семејна медицина за матичните лекари.

Паралелно со тоа ќе овозможиме поголем број лекари од општа пракса да имаат специјализација по семејна медицина, со цел пациентите да добијат што е можно повеќе здравствени услуги на едно место - ЕКГ, ЕХО, доплер, спирометрија, проширен ЛУ1 пакет и слично, појасни министерот.

Сите овие активности се реформска мерка и се дел во програмата за економски реформи на Владата за периодот 2023 -2025, а доставен е и предлог да влезат во новата стратегија на Светска банка за партнерство со нашата држава за периодот 2024-2028 година.

На овој начин правиме децентрализација на здравство, тоа што не успеавме со општините, рече Меџити.

Реферомите кои беа денеска најави ќе треба да се спроведат во следните три години.

Хипертензијата и дијабетесот обично се дијагностицираат доцна, со манифестирани симптоми или развиени компликации во болнички услови. Оваа анализа покажа дека пациентите што ќе бидат дијагностицирани како дијабетичари или хипертоничари, се на третман со лекови. Сепак во студијата 27 отсто од оние кои беа идентификувани со трет трет степен на хипертензија и 41 отсто од оние кои беа откриени со хипертензија од втор степен, беа на монотерапија во времето на прегледот на медицинските податоци, изјави д-р Мехмедовиќ.

Д-р Мехемдовиќ најави дека и прегледот кај матичниот лекар ќе може да се закажува онлајн, секој индивидуално, преку Мој термин.

Закажувањето кај матичен лекар нема да важи секаде и секогаш. Во работата на матичните лекари со хронични пациенти и со итни случаи, ќе се остават термини за прегледи на останати пациенти, рече д-р Мехмедовиќ.

The post Матичните лекари ќе може да препишуваат терапија за висок притисок, дијабетес, астма, ХОББ и хипотироидизам appeared first on Република.

]]>

Матичните лекари ќе може да препишуваат терапија за висок притисок, дијабетес, астма, хронична опструктивна белодробна болест, астма и хипотироидизам. Оваа новина во примарната здравствена заштита денеска ја најавија министерот за здравство Фатмир Меџити и д-р Злате мехмедовиќ, координатор на реформите за примарна заштита во МЗ.
Неделава ја посветуваме на промоција на новините во системот на примарна здравствена заштита, отпечатени се информативни брошури со поддршка од СЗО, завршена е едукацијата за 700 матични лекари за новиот правилник за препишување лекови и во следните неколку дена планираме посети во повеќе здравствени домови во државата, со цел одблиску да ги запознаеме пациентите и докторите со овие новини, изјави Меџити.
На овој начин се врши растоварување на секундарното и терциерното здравство, преку засилување на улогата на матичните лекари, како и намалување на административните процедури за препишување на хронична терапија, објасни министерот. Потребно е, кажа Меџити, да се обезбедат специјализации по семејна медицина за матичните лекари.
Паралелно со тоа ќе овозможиме поголем број лекари од општа пракса да имаат специјализација по семејна медицина, со цел пациентите да добијат што е можно повеќе здравствени услуги на едно место - ЕКГ, ЕХО, доплер, спирометрија, проширен ЛУ1 пакет и слично, појасни министерот.
Сите овие активности се реформска мерка и се дел во програмата за економски реформи на Владата за периодот 2023 -2025, а доставен е и предлог да влезат во новата стратегија на Светска банка за партнерство со нашата држава за периодот 2024-2028 година.
На овој начин правиме децентрализација на здравство, тоа што не успеавме со општините, рече Меџити.
Реферомите кои беа денеска најави ќе треба да се спроведат во следните три години.
Хипертензијата и дијабетесот обично се дијагностицираат доцна, со манифестирани симптоми или развиени компликации во болнички услови. Оваа анализа покажа дека пациентите што ќе бидат дијагностицирани како дијабетичари или хипертоничари, се на третман со лекови. Сепак во студијата 27 отсто од оние кои беа идентификувани со трет трет степен на хипертензија и 41 отсто од оние кои беа откриени со хипертензија од втор степен, беа на монотерапија во времето на прегледот на медицинските податоци, изјави д-р Мехмедовиќ.
Д-р Мехемдовиќ најави дека и прегледот кај матичниот лекар ќе може да се закажува онлајн, секој индивидуално, преку Мој термин. Закажувањето кај матичен лекар нема да важи секаде и секогаш. Во работата на матичните лекари со хронични пациенти и со итни случаи, ќе се остават термини за прегледи на останати пациенти, рече д-р Мехмедовиќ.  

The post Матичните лекари ќе може да препишуваат терапија за висок притисок, дијабетес, астма, ХОББ и хипотироидизам appeared first on Република.

]]>
Функционира „Моe oсигурување“, велат од Фонд за здравство чиј систем е хакиран од 6 февруари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/funktsionira-moe-osiguruvane-velat-od-fond-za-zdravstvo-chij-sistem-e-hakiran-od-6-fevruari/ Mon, 20 Feb 2023 09:26:49 +0000 https://republika.mk/?p=610971

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОРСМ) известува дека системот „Мое Осигурување" функционира за осигурениците во цела држава, со тоа што поради технички прилагодувања, во целосна функција ќе биде ставен до крај на денот.

До овој момент „Мој термин" ги има преземено податоците заклучно со денешен датум, 20 февруари 2023. Сите платени придонеси од сите обврзници се евидентирани во Мој Термин. Ова значи дека сите здравствени работници и аптеки имаат можност да го проверат статусот на осигурување во Мој Термин, соопштија денеска од ФЗОРСМ.

Оттаму информираат дека активно работат и на системот за исплата на плати, породилни боледувања и други рефундации. Очекуваат во текот на денов враќање и на останатите состеми. Сите информации, како што најавуваат, веднаш и благовремено ќе бидат споделени со јавноста.

Премиерот Димитар Ковачевски викендот во интервју за МИА истакна дека проблемот со хакерскиот напад на Фондот за здравствено осигурување ќе се реши. На него, како што информираше деноноќно работат домашни и експерти од земјите - членки на НАТО. Личните податоци на граѓаните, според Ковачевски се заштитени, а се прават напори да им бидат исплатени и платите на здравствените работници.

The post Функционира „Моe oсигурување“, велат од Фонд за здравство чиј систем е хакиран од 6 февруари appeared first on Република.

]]>

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОРСМ) известува дека системот „Мое Осигурување" функционира за осигурениците во цела држава, со тоа што поради технички прилагодувања, во целосна функција ќе биде ставен до крај на денот.
До овој момент „Мој термин" ги има преземено податоците заклучно со денешен датум, 20 февруари 2023. Сите платени придонеси од сите обврзници се евидентирани во Мој Термин. Ова значи дека сите здравствени работници и аптеки имаат можност да го проверат статусот на осигурување во Мој Термин, соопштија денеска од ФЗОРСМ.
Оттаму информираат дека активно работат и на системот за исплата на плати, породилни боледувања и други рефундации. Очекуваат во текот на денов враќање и на останатите состеми. Сите информации, како што најавуваат, веднаш и благовремено ќе бидат споделени со јавноста. Премиерот Димитар Ковачевски викендот во интервју за МИА истакна дека проблемот со хакерскиот напад на Фондот за здравствено осигурување ќе се реши. На него, како што информираше деноноќно работат домашни и експерти од земјите - членки на НАТО. Личните податоци на граѓаните, според Ковачевски се заштитени, а се прават напори да им бидат исплатени и платите на здравствените работници.