Ребека Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rebeka/ За подобро да се разбереме Sat, 20 Aug 2022 13:55:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ребека Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rebeka/ 32 32 Ребека за одредени колеги: Не ги почитувам оние кои си зборуваат само за својот микро свет и нивната кариера https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/rebeka-za-odredeni-kolegi-ne-gi-pochituvam-onie-koi-si-zboruvaat-samo-za-svojot-mikro-svet-i-nivnata-kariera/ Sat, 20 Aug 2022 13:55:35 +0000 https://republika.mk/?p=542341

На протестите не бев само за зачувивање на македонскиот јазик! Бев за зачувување на иднината на Македонија, за иднината на моите, нашите деца, за зачувување на идентитетот, јазикот, историјата и достоинството на сите Македонци, вели во интервју за „Скопје инфо“ македонската пејачка и активистка Ребека Јанковска Ристески, која говореше на еден од протестите во Скопје против францускиот предлог.

Невообичаено ми е Вашето прашање!? Зошто се одлучив на ваков чекор? Секој од нас треба да се одлучи за ваков чекор. А, што треба да правам? Да ја пикнам главата во земја како ној?! Да молчам пред неправдите и асимилаторската политика на Бугарија, ЕУ и неспособноста на нашите политичари. Од секогаш сум се борела за човековите права, вели Ребека.

На прашањето дали смета дека јавните личности доволно гласно говорат за важни општествени теми и дали и тие треба да бидат вклучени во кревањето на јавната свест за некои важни прашања, таа вели дека не може да генерализира и да даде оценка за сите јавни личности.

Имаше прекрасни гестови, говори од неколкумина. Но, да, ако ме прашувате за одредени популарни јавни личности кои постојано молчат. Има некои кои си зборуваат само за својот микро свет и нивната кариера. Нив не ги допира ништо кога е во прашање љубовта кон татковината. Но, не е мое да судам. Можам само да ги игнорирам и да не ги почитувам. Овде од поодамна живееме во неколку парарелни светови, а рамнодушноста е како пандемија за која се чини нема лек, вели Ребека.

The post Ребека за одредени колеги: Не ги почитувам оние кои си зборуваат само за својот микро свет и нивната кариера appeared first on Република.

]]>