Ребека Јанковска Ристевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rebeka-jankovska-ristevski/ За подобро да се разбереме Sat, 20 Aug 2022 13:55:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ребека Јанковска Ристевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rebeka-jankovska-ristevski/ 32 32 Ребека за одредени колеги: Не ги почитувам оние кои си зборуваат само за својот микро свет и нивната кариера https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/rebeka-za-odredeni-kolegi-ne-gi-pochituvam-onie-koi-si-zboruvaat-samo-za-svojot-mikro-svet-i-nivnata-kariera/ Sat, 20 Aug 2022 13:55:35 +0000 https://republika.mk/?p=542341

На протестите не бев само за зачувивање на македонскиот јазик! Бев за зачувување на иднината на Македонија, за иднината на моите, нашите деца, за зачувување на идентитетот, јазикот, историјата и достоинството на сите Македонци, вели во интервју за „Скопје инфо“ македонската пејачка и активистка Ребека Јанковска Ристески, која говореше на еден од протестите во Скопје против францускиот предлог.

Невообичаено ми е Вашето прашање!? Зошто се одлучив на ваков чекор? Секој од нас треба да се одлучи за ваков чекор. А, што треба да правам? Да ја пикнам главата во земја како ној?! Да молчам пред неправдите и асимилаторската политика на Бугарија, ЕУ и неспособноста на нашите политичари. Од секогаш сум се борела за човековите права, вели Ребека.

На прашањето дали смета дека јавните личности доволно гласно говорат за важни општествени теми и дали и тие треба да бидат вклучени во кревањето на јавната свест за некои важни прашања, таа вели дека не може да генерализира и да даде оценка за сите јавни личности.

Имаше прекрасни гестови, говори од неколкумина. Но, да, ако ме прашувате за одредени популарни јавни личности кои постојано молчат. Има некои кои си зборуваат само за својот микро свет и нивната кариера. Нив не ги допира ништо кога е во прашање љубовта кон татковината. Но, не е мое да судам. Можам само да ги игнорирам и да не ги почитувам. Овде од поодамна живееме во неколку парарелни светови, а рамнодушноста е како пандемија за која се чини нема лек, вели Ребека.

The post Ребека за одредени колеги: Не ги почитувам оние кои си зборуваат само за својот микро свет и нивната кариера appeared first on Република.

]]>

Јанковска-Ристески до власта: Што сте вие, луѓе ли сте, предавници! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jankovska-risteski-do-vlasta-shto-ste-vie-lugje-li-ste-predavnici/ Tue, 05 Jul 2022 19:42:01 +0000 https://republika.mk/?p=524450

„Што сте вие луѓе ли сте, предавници“, им порача пејачката Ребека Јанковска-Ристески на денешниот протест Ултиматум – НЕ благодарам од пред Собрание на властите кои сакаат по насилен пат да го прифатат францускиот предлог.

Јанковска-Ристески смета дека не се европски вредности тоа што Бугарија бара од нас да се откажеме од македонскиот јазик, историја и култура.

Македонскиот народ е мирољубив и никогаш никој не напаѓал. Ние не ги окупиравме соседите Бугарите и никого не му пречиме и никого не уценуваме да зборува како сака и да се вика како сака. Па нели тоа беа европските вредности, праша таа.

Таа додаде дека владата со овој француски предлог ја донесе и државата и граѓаните во ситуација на потчинетост, споменувајќи ја изјавата на Бујар Османи кога изјавил дека кога преговара за македонските национални прашања нема никакви емоции и побара оставка од влада.

Не донесовте во ситуација на потчинетост. Требаше одамна да кажете НЕ, гласно НЕ. Го слушнав еднаш Бујар Османи немал емоции кога разговарал и преговарал за прашањето за Македонија, немал никакви емоции, но извини нема да ви помине. Па каде си роден ти министре, изјави Јанковска-Ристески.

Јанковска-Ристески потенцираше дека нејзино право е да е Македонка и да зборува на македонски јазик, порачувајќи дека не смее да има промена на историјата во учебниците.

Моето право е да бидам Македонка, да зборувам на македонски јазик, да имам македонска историја и да учам во школо на македонски јазик и да не ги менуваат учебниците на моите деца, истакна Јанковска-Ристески.

The post Јанковска-Ристески до власта: Што сте вие, луѓе ли сте, предавници! appeared first on Република.

]]>

„Што сте вие луѓе ли сте, предавници“, им порача пејачката Ребека Јанковска-Ристески на денешниот протест Ултиматум – НЕ благодарам од пред Собрание на властите кои сакаат по насилен пат да го прифатат францускиот предлог. Јанковска-Ристески смета дека не се европски вредности тоа што Бугарија бара од нас да се откажеме од македонскиот јазик, историја и култура.
Македонскиот народ е мирољубив и никогаш никој не напаѓал. Ние не ги окупиравме соседите Бугарите и никого не му пречиме и никого не уценуваме да зборува како сака и да се вика како сака. Па нели тоа беа европските вредности, праша таа.
Таа додаде дека владата со овој француски предлог ја донесе и државата и граѓаните во ситуација на потчинетост, споменувајќи ја изјавата на Бујар Османи кога изјавил дека кога преговара за македонските национални прашања нема никакви емоции и побара оставка од влада.
Не донесовте во ситуација на потчинетост. Требаше одамна да кажете НЕ, гласно НЕ. Го слушнав еднаш Бујар Османи немал емоции кога разговарал и преговарал за прашањето за Македонија, немал никакви емоции, но извини нема да ви помине. Па каде си роден ти министре, изјави Јанковска-Ристески.
Јанковска-Ристески потенцираше дека нејзино право е да е Македонка и да зборува на македонски јазик, порачувајќи дека не смее да има промена на историјата во учебниците.
Моето право е да бидам Македонка, да зборувам на македонски јазик, да имам македонска историја и да учам во школо на македонски јазик и да не ги менуваат учебниците на моите деца, истакна Јанковска-Ристески.

The post Јанковска-Ристески до власта: Што сте вие, луѓе ли сте, предавници! appeared first on Република.

]]>
Општина Центар ќе изработи регистар за лица со аутизам и посебни потреби и ќе отвори дневни центри https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/opshtina-centar-kje-izraboti-registar-za-lica-so-autizam-i-posebni-potrebi-i-kje-otvori-dnevni-centri/ Sat, 02 Apr 2022 08:59:09 +0000 https://republika.mk/?p=482238

Поинакви, но не и помалку вредни. Децата и возрасните лица со аутизам и секоја друга попреченост имаат потреба од квалитетни услуги и поголема грижа, порача градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски по повод денешниот Светски ден за подигнување на свеста за аутизмот.

Ребека Јанковска Ристески, застапник на лицата со попреченост и борец за правата на децата со попреченост и ретки болести ме запозна со најголемите потреби на децата и возрасните. Токму затоа во Општина Центар ќе биде изработен регистар за лица со аутизам и посебни потреби по кој ќе се водиме при следните наши активности но и ќе бидат отворени дневни центри за престој на лицата со попреченост за поголема социјализација но и работа на различни активности кои ќе им го исполнат секојдневието.
Дополнително по барање на родителите ја продолжуваме и програмата за финансиска поддршка на личните асистенти на ученици со посебни образовни потреби и во месеците јуни и јули.
Заедно создаваме подобро и похумано општество, порача градоначалникот.

The post Општина Центар ќе изработи регистар за лица со аутизам и посебни потреби и ќе отвори дневни центри appeared first on Република.

]]>

Поинакви, но не и помалку вредни. Децата и возрасните лица со аутизам и секоја друга попреченост имаат потреба од квалитетни услуги и поголема грижа, порача градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски по повод денешниот Светски ден за подигнување на свеста за аутизмот.
Ребека Јанковска Ристески, застапник на лицата со попреченост и борец за правата на децата со попреченост и ретки болести ме запозна со најголемите потреби на децата и возрасните. Токму затоа во Општина Центар ќе биде изработен регистар за лица со аутизам и посебни потреби по кој ќе се водиме при следните наши активности но и ќе бидат отворени дневни центри за престој на лицата со попреченост за поголема социјализација но и работа на различни активности кои ќе им го исполнат секојдневието. Дополнително по барање на родителите ја продолжуваме и програмата за финансиска поддршка на личните асистенти на ученици со посебни образовни потреби и во месеците јуни и јули. Заедно создаваме подобро и похумано општество, порача градоначалникот.