ребалнс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rebalns/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Jul 2022 17:50:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ребалнс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rebalns/ 32 32 Амандманската расправа за ребалансот на буџетот продолжува утре https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/amandmanskata-rasprava-za-rebalansot-na-budzetot-prodolzuva-utre/ Fri, 01 Jul 2022 17:50:51 +0000 https://republika.mk/?p=522300

Во Собранието попладнево на седницата на Комисијата за финансирање и буџет продолжи амандманската расправа за ребалансот на буџетот за оваа година. Ова е деветти ден од амандманската расправа, која ќе продолжи утре во 11 часот.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку предложените амандмани се обидува, како што рекоа, во повеќе области да ги придвижат работите во корист на граѓаните и на стопанството. За разлика од нив владејачкото мнозинство е со став дека проектираната калкулација ќе обезбеди инвестициски циклус и заштита на стандардот на граѓаните.

Членовите на Комисијата денеска разгледаа 50 амандмани, но ниту еден не беше прифатен. Амандманите најмногу се однесуваа на земјоделството, хидросистеми, канализација и комунални мрежи.

Поднесени се вкупно 204 амандмани, од кои над 170 од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, 28 на Алијанса на Албанците и два од парламентарното мнозинство.

Согласно Деловникот за работа, амандманската расправа трае десет дена и се очекува да заврши утре. (МИА)

The post Амандманската расправа за ребалансот на буџетот продолжува утре appeared first on Република.

]]>

Во Собранието попладнево на седницата на Комисијата за финансирање и буџет продолжи амандманската расправа за ребалансот на буџетот за оваа година. Ова е деветти ден од амандманската расправа, која ќе продолжи утре во 11 часот. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку предложените амандмани се обидува, како што рекоа, во повеќе области да ги придвижат работите во корист на граѓаните и на стопанството. За разлика од нив владејачкото мнозинство е со став дека проектираната калкулација ќе обезбеди инвестициски циклус и заштита на стандардот на граѓаните. Членовите на Комисијата денеска разгледаа 50 амандмани, но ниту еден не беше прифатен. Амандманите најмногу се однесуваа на земјоделството, хидросистеми, канализација и комунални мрежи. Поднесени се вкупно 204 амандмани, од кои над 170 од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, 28 на Алијанса на Албанците и два од парламентарното мнозинство. Согласно Деловникот за работа, амандманската расправа трае десет дена и се очекува да заврши утре. (МИА)  

The post Амандманската расправа за ребалансот на буџетот продолжува утре appeared first on Република.

]]>
Битиќи: Не е потребен ребалнс за повисоки плати и пензии https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bitikji-ne-e-potreben-rebalns-za-povisoki-plati-i-penzii/ Wed, 16 Feb 2022 11:02:10 +0000 https://republika.mk/?p=459258

Нема потреба од ребаланс за најавените зголемувања на минималната плата и пензиите бидејќи за тоа се обезбедени средства, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

И за минималната плата и за пензиите не треба да се прави ребаланс. Тие се веќе испланирани во Буџетот. За пензиите, Фондот на ПИОМ има обезбедено средства за еветуално зголемување. Не треба да се грижиме дека ќе земеме од некаде за да им дадеме на пензионерите. Пензионерите се осигурени со тоа што имаат доста средства во Фондот на ПИОМ – рече Битиќи.

До крајот на неделата се очекува да започнат разговорите со сите засегнати страни за зголемување на пензиите, а вицепремиерот Битиќи вели дека ќе го применат истиот принцип на преговори како и за минималната плата, односно ќе разговараат со сите страни со цел да се изнајде решение кое ќе биде прифатливо за сите.

Деновиве се координираме за да започнеме дијалог со сите чинители кои се засегнати од пензиите и најверојатно при крајот на неделата ќе го имаме првиот состанок на кој ќе се зборува дали ќе се оди со менување на методологијата или еднократна помош која би требало да дојде до најралнивите категории. Она што можам да го кажам е дека исходот ќе биде задоволителен за сите страни вклучени во дијалогот – рече Битиќи.

Во однос на мислењата на дел од експертите дека најавеното зголемување на пензиите ќе бара интервенција од Буџетот, вицепремиерот Битиќи со порака дека финансиските извештаи на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за минатата година покажуваат дека има значително зголемување на приходите.

Го почитувам мислењето на експертската заедница, но сметам дека ставовите треба да се конзистентни. Експертската заедница веројатно постоела таму последните 15-тина години и дозволила Пензискиот фонд да западне таму каде што западна. Ако добро ги видат финансиските извештаи на Фондот, ќе видат дека минатата година, иако беше година на пандемија и економска криза, има значително зголемени приходи заради движењето на самата економија и движењето на платите. Во една таква ситуација, давањето констатација дека тоа ќе ја зголеми потребата од страна на Буџетот да интервенира, мислам дека веројатно не ги прочитале доволно добро податоците од ПИОМ – рече Битиќи.

Во врска со реакциите на дел од компаниите дека се оневозможени да ги користат најавените субвенции за покривање на разликата во придонесите на зголемувањето на минималната плата, затоа што веќе користат субвенција за исплата на плати, Битиќи појасни дека тоа е направено за да нема концентрација на државна помош на исто место и за иста намена,

The post Битиќи: Не е потребен ребалнс за повисоки плати и пензии appeared first on Република.