ребаланс на буџетот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rebalans-na-budzetot/ За подобро да се разбереме Sun, 28 Jul 2024 15:42:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ребаланс на буџетот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rebalans-na-budzetot/ 32 32 Заврши општата комисиска расправа по ребалансот на Буџетот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zavrshi-opshtata-komisiska-rasprava-po-rebalansot-na-budhetot/ Sun, 28 Jul 2024 15:42:36 +0000 https://republika.mk/?p=801101

Собраниската Комисија за финансирање и буџет попладнево ја заврши општата рсправа по ребалансот на Буџетот за 2024 година, а седницата на Комисијата ќе продолжи во понеделник со амандманска расправа.

И во текот на денешниот трет ден во дискусиите на пратениците од владејачките партии можеше да се чујат обвинувања дека минатата власт оставила огромна буџетска дупка, која, како што рекоа, сепак ќе биде покриена со домаќинско работење. Опозицијата пак ја обини новата власт дека нема разбирање за потребите на граѓаните и оти давала лажни ветувања во предизборитето.

За власта ребалансот е спас на земјата од банкрот, почеток кој најавува жестока инвестициска офанзива и борба против криминалот и корупцијата, а за опозицијата показател дека Владата е во тотален хаос, без визија и капацитет да спроведе реформи и да ги реализира ветувањата.

Општата расправа за ребалансот траеше три дена, а амандманската за која се поднесени 58 амадмани, ќе трае шест дена. На првиот ден од расправата, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска го образложи ребалансот, нагласувајќи дека е креиран согласно затекнатите состојби во Буџетот. Како што рече Димитриеска-Кочоска, обезбедени се средства за се што треба да се исплати согласно закон.

Вкупните приходи во ребалансот на Буџетот се планирани на 318,2 милијарди денари, а расходите на 362,8 милијарди денари. Растот на БДП е проектиран на 2,1 процент, инфлацијата на ниво од 3,5 проценти, а буџетскиот дефицит на 4,9 проценти.

The post Заврши општата комисиска расправа по ребалансот на Буџетот appeared first on Република.

]]>

Собраниската Комисија за финансирање и буџет попладнево ја заврши општата рсправа по ребалансот на Буџетот за 2024 година, а седницата на Комисијата ќе продолжи во понеделник со амандманска расправа. И во текот на денешниот трет ден во дискусиите на пратениците од владејачките партии можеше да се чујат обвинувања дека минатата власт оставила огромна буџетска дупка, која, како што рекоа, сепак ќе биде покриена со домаќинско работење. Опозицијата пак ја обини новата власт дека нема разбирање за потребите на граѓаните и оти давала лажни ветувања во предизборитето. За власта ребалансот е спас на земјата од банкрот, почеток кој најавува жестока инвестициска офанзива и борба против криминалот и корупцијата, а за опозицијата показател дека Владата е во тотален хаос, без визија и капацитет да спроведе реформи и да ги реализира ветувањата. Општата расправа за ребалансот траеше три дена, а амандманската за која се поднесени 58 амадмани, ќе трае шест дена. На првиот ден од расправата, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска го образложи ребалансот, нагласувајќи дека е креиран согласно затекнатите состојби во Буџетот. Како што рече Димитриеска-Кочоска, обезбедени се средства за се што треба да се исплати согласно закон. Вкупните приходи во ребалансот на Буџетот се планирани на 318,2 милијарди денари, а расходите на 362,8 милијарди денари. Растот на БДП е проектиран на 2,1 процент, инфлацијата на ниво од 3,5 проценти, а буџетскиот дефицит на 4,9 проценти.

The post Заврши општата комисиска расправа по ребалансот на Буџетот appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Со ребалансот на Буџетот се обезбедуваат повисоки плати, пензии и нови антикризни мерки https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-so-rebalansot-na-budzetot-se-obezbeduvaat-povisoki-plati-penzii-i-novi-antikrizni-merki/ Sun, 24 Jul 2022 13:58:27 +0000 https://republika.mk/?p=532684

Премиерот Димитар Ковачевски во објавата за социјалните медиуми за усвоениот ребаланс на Буџетот за 2022 истакнува дека се обезбедуваат средства за раст на пензиите, за ранливите категории граѓани, раст на платите во одделни дејности во јавниот сектор, средства за фирмите за поддршка на растот на платите во приватниот сектор, дополнителни средства за земјоделците за повисоки приноси и стабилизирање на цените на храната, како и за нови антикризни мерки за заштита на стандардот на граѓаните и заштита на стопанството од шоковите од тековната енергетска криза.

Во продолжение објавата на премиерот Ковачевски во целина:

„Во година полна со економски, енергетски и здравствени предизвици, продолжуваме со вистинска грижа за сите граѓани и се фокусираме на целокупен развој на државата.

Со усвојување на ребалансот на Буџетот за 2022 година изминатава недела, обезбедуваме економска стабилност и поголема финансиска поддршка за граѓаните и компаниите во оваа исклучително кризна година.

Обезбедени се:

- 76 милиони евра за нови антикризни мерки

- 32 милиони евра за зголемување на домашното производство на храна

- Зголемени плати во образованието и детската заштита и нивна навремена исплата

- Повисоки пензии од септември за над 320.000 пензионери

- Субвенции за земјоделците

- Средства за развојни проекти

Ребалансот кој е поздравен од Светска банка и презентиран и пред граѓаните и пред бизнис заедницата, покрај одржување на макроекономската стабилност, цели и кон поддршка на економијата за враќање во предпандемиско ниво", пишува во објавата на социјалните медиуми.

The post Ковачевски: Со ребалансот на Буџетот се обезбедуваат повисоки плати, пензии и нови антикризни мерки appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски во објавата за социјалните медиуми за усвоениот ребаланс на Буџетот за 2022 истакнува дека се обезбедуваат средства за раст на пензиите, за ранливите категории граѓани, раст на платите во одделни дејности во јавниот сектор, средства за фирмите за поддршка на растот на платите во приватниот сектор, дополнителни средства за земјоделците за повисоки приноси и стабилизирање на цените на храната, како и за нови антикризни мерки за заштита на стандардот на граѓаните и заштита на стопанството од шоковите од тековната енергетска криза. Во продолжение објавата на премиерот Ковачевски во целина: „Во година полна со економски, енергетски и здравствени предизвици, продолжуваме со вистинска грижа за сите граѓани и се фокусираме на целокупен развој на државата. Со усвојување на ребалансот на Буџетот за 2022 година изминатава недела, обезбедуваме економска стабилност и поголема финансиска поддршка за граѓаните и компаниите во оваа исклучително кризна година. Обезбедени се: - 76 милиони евра за нови антикризни мерки - 32 милиони евра за зголемување на домашното производство на храна - Зголемени плати во образованието и детската заштита и нивна навремена исплата - Повисоки пензии од септември за над 320.000 пензионери - Субвенции за земјоделците - Средства за развојни проекти Ребалансот кој е поздравен од Светска банка и презентиран и пред граѓаните и пред бизнис заедницата, покрај одржување на макроекономската стабилност, цели и кон поддршка на економијата за враќање во предпандемиско ниво", пишува во објавата на социјалните медиуми.

The post Ковачевски: Со ребалансот на Буџетот се обезбедуваат повисоки плати, пензии и нови антикризни мерки appeared first on Република.

]]>
Ковачевски за ребаланосот на буџетот: Во година полна со економски, енергетски и здравствени предизвици, продолжуваме со вистинска грижа за сите граѓани https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-za-rebalanosot-na-budzetot-vo-godina-polna-so-ekonomski-energetski-i-zdravstveni-predizvici-prodolzuvame-so-vistinska-griza-za-site-gragjani/ Sun, 24 Jul 2022 13:15:58 +0000 https://republika.mk/?p=532663

Со усвојување на ребалансот на Буџетот за 2022 година изминатава недела, обезбедуваме економска стабилност и поголема финансиска поддршка за граѓаните и компаниите во оваа исклучително кризна година, објави на Фејсбук премиерот Димитар Ковачевски.

– Во година полна со економски, енергетски и здравствени предизвици, продолжуваме со вистинска грижа за сите граѓани и се фокусираме на целокупен развој на државата, наведува Ковачевски во објавата.

Тој потенцира дека со ребалансот се обезбедени 76 милиони евра за нови антикризни мерки, 32 милиони евра за зголемување на домашното производство на храна, зголемени плати во образованието и детската заштита и нивна навремена исплата, повисоки пензии од септември за над 320.000 пензионери, субвенции за земјоделците и средства за развојни проекти.

– Ребалансот кој е поздравен од Светска банка и презентиран и пред граѓаните и пред бизнис заедницата, покрај одржување на макроекономската стабилност, цели и кон поддршка на економијата за враќање во предпандемиско ниво, додава премиерот Ковачевски во објавата

The post Ковачевски за ребаланосот на буџетот: Во година полна со економски, енергетски и здравствени предизвици, продолжуваме со вистинска грижа за сите граѓани appeared first on Република.

]]>

Со усвојување на ребалансот на Буџетот за 2022 година изминатава недела, обезбедуваме економска стабилност и поголема финансиска поддршка за граѓаните и компаниите во оваа исклучително кризна година, објави на Фејсбук премиерот Димитар Ковачевски.
– Во година полна со економски, енергетски и здравствени предизвици, продолжуваме со вистинска грижа за сите граѓани и се фокусираме на целокупен развој на државата, наведува Ковачевски во објавата.
Тој потенцира дека со ребалансот се обезбедени 76 милиони евра за нови антикризни мерки, 32 милиони евра за зголемување на домашното производство на храна, зголемени плати во образованието и детската заштита и нивна навремена исплата, повисоки пензии од септември за над 320.000 пензионери, субвенции за земјоделците и средства за развојни проекти. – Ребалансот кој е поздравен од Светска банка и презентиран и пред граѓаните и пред бизнис заедницата, покрај одржување на макроекономската стабилност, цели и кон поддршка на економијата за враќање во предпандемиско ниво, додава премиерот Ковачевски во објавата

The post Ковачевски за ребаланосот на буџетот: Во година полна со економски, енергетски и здравствени предизвици, продолжуваме со вистинска грижа за сите граѓани appeared first on Република.

]]>
Бесими: Светска банка го поздрави ребалансот на Буџетот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/besimi-svetska-banka-go-pozdravi-rebalansot-na-budzetot/ Wed, 20 Jul 2022 15:24:34 +0000 https://republika.mk/?p=531503

Планот за забрзан раст со чија реализација е предвидено удвојување на стапките на раст, транзицијата кон зелена економија, енергетската криза, но и преземените мерки со кои се забави инфлацијата, како и оние кои ќе се преземат во наредниот период беа едни од суштинските теми на кои министерот за финансии Фатмир Бесими дискутираше со Масимилијано Паолучи, директор на Канцеларијата на Светска банка во Република Македонија Јасмин Чекири, менаџер за Оддел за макроекономија, трговија и инвестиции за регионот на Европа и Централна Азија при Светска банка.

Првиот пакет мерки беа со цел да успори инфлаторната спирала, следните мерки ќе бидат насочени повеќе кон одредени целни групи кои се најзасегнати од кризата и кои без тие мерки не би можеле да ги надминат овие ефекти. Ова е впрочем и препораката на меѓународните финансиски институции, како ММФ и Светска банка, но и на Европската унија – да се делува со мерките кон целни категории, истакна Бесими, посочуваат од Министерството за финансии.

Бесими воедно во делот на политиките за справување со енергетската криза, нагласил дека од Буџетот на Република Македонија за 2022 година, од почетокот на годината исплатени се средства во износ од 5,3 милијарди денари како финансиска поддршка за АД ЕСМ Скопје со цел справување со енергетската криза.

На ваков начин преку навремена поддршка во енергетскиот сектор беше надминат проблемот во снабдувањето со електрична енергија, се заштитија граѓаните од ценовните шокови, а за компаниите се обезбеди најповолната цена на електричната енергија, посочил Бесими.

Тој истакнал дека се посветени на реализација на Планот за забрзан раст чија цел е да се зголемат вкупните инвестиции во економијата, а притоа да се намали фискалниот дефицит и да се задржи долгот на стабилно ниво.

The post Бесими: Светска банка го поздрави ребалансот на Буџетот appeared first on Република.

Одбиени три клучни амандмани за ребалансот на Буџетот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/odbieni-tri-kluchni-amandmani-za-rebalansot-na-budzetot/ Mon, 20 Jun 2022 21:32:02 +0000 https://republika.mk/?p=517824

На првиот ден од амандманската расправа мнозинството одби три клучни амандмани, истакна денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски на прес-конференција во Собранието.

Првиот беше за намалувањето на ДДВ-то на храната од 5% на 0%, вториот беше за издвојување на средства за акцизите и ДДВ-то за намалувањето на цената на горивото и третиот е суштинскиот амандман кои што беше одбиен. Беше одбиен амандманот на Сојузот на синдикати на Македонија за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор од 2806 денари. Ние во текот на утрото како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и јас како претседател на Комисијата за финансирање и буџет остваривме средба со Дарко Димовски и со делегација од Синдикатот на која што се договоривме дека особено внимание ќе посветиме на тој амандман. За жал, мнозинството го одби и тука сакам да изразам жалење зошто се случи тоа. Ние потворно ќе оствариме средба со ССМ за да ги информираме зошто нивното барање е одбиено. Јас тука сакам да кажам дека веднаш по завршувањето на таа средба со ССМ, ние нема да запреме тука и повторно комисиски ќе поднесеме амандман за да може сите врабтени во јавниот сектор да добијат по 2806 денари заради тоа што тоа е егзистенционално прашање и навистина сериозен проблем на сите вработени, рече Стојановски.

The post Одбиени три клучни амандмани за ребалансот на Буџетот appeared first on Република.

Заврши втората расправа за ребалансот на буџетот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zavrshi-vtorata-rasprava-za-rebalansot-na-budzetot/ Tue, 14 Jun 2022 19:44:34 +0000 https://republika.mk/?p=515190

Заврши вториот ден расправа за ребалансот на Буџетот за 2022 година на собраниската Комисија за финансирање и Буџет.

За пратениците од власта, ребалансот на Буџетот е во насока на поефикасен одговор на последиците предизвикани од светската економска криза, а 76 милиони евра се предвидени за нови, приспособени и таргетирани мерки за помош на граѓаните и стопанството. За опозицијата, ребалансот е доказ дека државата е на раб на банкрот, јавниот долг ќе надмине рекордни 8 милијарди евра, а граѓаните секојдневно осиромашуваат.

Пратеникот од СДСМ Диме Велковски посочи дека државата е во стабилна состојба, покачени се платите и пензиите, а инфлацијата во голема мерка е увезена поради руско-украинската војна. Тој потенцира дека власта вратила стари долгови од над 800 мил евра.

– За да функционира економски државата, таа мора да ги исполнува сите услови, вклучително и да ги враќа своите долгови. Тоа државата успешно го прави и во време на сите овие кризи. Данокот на добивка во периодот јануари-мај годинава е за 43,1 отсто поголем во однос на 2021 година, во истиот период данокот на личен доход е поголем за 17,9 отсто, ДДВ е зголемен за 7,4 отсто, а царините за 34,2 отсто. Истовремено, бележиме и пад на јавниот долг од 2,2 процентни поени и пад на државниот долг од 1,9 процентни поени во првиот квартал од оваа година. Овие успешни економски политики мора да продолжат и затоа е потребно овој ребаланс да биде усвоен од страна на пратениците – рече Велковски.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски, кој е и претседател на Комисијата за финансирање и Буџет, во реплика до Велковски рече дека инфлацијата е домашна, а увезена околу 40 проценти.

– Треба да седнеме владејачко мнозинство и опозиција и да разрешиме некој прашања во интерес на граѓаните. Вака конципиран ребаланс на Буџетот нема да даде одговор на прашањата кои ги мачат граѓаните. Кризата ќе се продлабочува, новите бројки за инфлацијата ќе бидат поголеми од сегашната 12 проценти. Луѓето го губат чекорот со инфлацијата – рече Стојановски, додавајќи дека ние како држава не можеме да дадеме одговор за кризата.

Велковски во контрареплика рече дека и тој е свесен дека цените растат и дека е економска криза, но Владата носи антикризни мерки кои ќе помогнат во надминување на состојбата.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Лидија Петкоска во реплика до Велковски рече дека проекциите на власта се нереални.

– Како тргнавте, ќе се даваат средства за ова, ќе се даваат средства за она, народот ќе помисли дека ништо не треба да работи оти Владата ќе му даде пари – рече Петкоска.

Таа потсети дека кога се носел иницијалниот Буџет, власта велела дека тој е развоен и дека ќе се создадат услови за економски раст, за само по шест месеци, да слушнеме дека од силната развојна компонента на Буџетот, сега останува да се спаси тоа што може да се спаси.

Со ребалансот на Буџетот, вкупните приходи се планирани на ниво од 245,8 милијарди денари и се за околу 6,9 милијарди денари или 2,9 проценти повисоки во однос на иницијалните проекции на Буџетот. Износот на вкупните расходи е 288,5 милијарди денари или за околу 161,1 милијарда денари (5,9 проценти) повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за 2022 година. Капиталните расходи се планирани на ниво од 32,2 милијарди денари и се за околу шест милијарди денари пониски во однос на планот за 2022 година, но од власта најавуваат дека ќе продолжат проектите за изградба на патишта, железници, гасоводи …

Во ребалансот на Буџетот предвидени се околу 70 милиони евра за антикризни мерки кои, како што најавуваа владини претставници во изминатиов период, ќе бидат таргетирани кон оние на кои им се најпотребни.

Расправата за ребаланс на Буџетот на Комисијата за финансирање и Буџет продолжува во петок во 11 часот.

The post Заврши втората расправа за ребалансот на буџетот appeared first on Република.

]]>

Заврши вториот ден расправа за ребалансот на Буџетот за 2022 година на собраниската Комисија за финансирање и Буџет. За пратениците од власта, ребалансот на Буџетот е во насока на поефикасен одговор на последиците предизвикани од светската економска криза, а 76 милиони евра се предвидени за нови, приспособени и таргетирани мерки за помош на граѓаните и стопанството. За опозицијата, ребалансот е доказ дека државата е на раб на банкрот, јавниот долг ќе надмине рекордни 8 милијарди евра, а граѓаните секојдневно осиромашуваат. Пратеникот од СДСМ Диме Велковски посочи дека државата е во стабилна состојба, покачени се платите и пензиите, а инфлацијата во голема мерка е увезена поради руско-украинската војна. Тој потенцира дека власта вратила стари долгови од над 800 мил евра. – За да функционира економски државата, таа мора да ги исполнува сите услови, вклучително и да ги враќа своите долгови. Тоа државата успешно го прави и во време на сите овие кризи. Данокот на добивка во периодот јануари-мај годинава е за 43,1 отсто поголем во однос на 2021 година, во истиот период данокот на личен доход е поголем за 17,9 отсто, ДДВ е зголемен за 7,4 отсто, а царините за 34,2 отсто. Истовремено, бележиме и пад на јавниот долг од 2,2 процентни поени и пад на државниот долг од 1,9 процентни поени во првиот квартал од оваа година. Овие успешни економски политики мора да продолжат и затоа е потребно овој ребаланс да биде усвоен од страна на пратениците – рече Велковски. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски, кој е и претседател на Комисијата за финансирање и Буџет, во реплика до Велковски рече дека инфлацијата е домашна, а увезена околу 40 проценти. – Треба да седнеме владејачко мнозинство и опозиција и да разрешиме некој прашања во интерес на граѓаните. Вака конципиран ребаланс на Буџетот нема да даде одговор на прашањата кои ги мачат граѓаните. Кризата ќе се продлабочува, новите бројки за инфлацијата ќе бидат поголеми од сегашната 12 проценти. Луѓето го губат чекорот со инфлацијата – рече Стојановски, додавајќи дека ние како држава не можеме да дадеме одговор за кризата. Велковски во контрареплика рече дека и тој е свесен дека цените растат и дека е економска криза, но Владата носи антикризни мерки кои ќе помогнат во надминување на состојбата. Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Лидија Петкоска во реплика до Велковски рече дека проекциите на власта се нереални. – Како тргнавте, ќе се даваат средства за ова, ќе се даваат средства за она, народот ќе помисли дека ништо не треба да работи оти Владата ќе му даде пари – рече Петкоска. Таа потсети дека кога се носел иницијалниот Буџет, власта велела дека тој е развоен и дека ќе се создадат услови за економски раст, за само по шест месеци, да слушнеме дека од силната развојна компонента на Буџетот, сега останува да се спаси тоа што може да се спаси. Со ребалансот на Буџетот, вкупните приходи се планирани на ниво од 245,8 милијарди денари и се за околу 6,9 милијарди денари или 2,9 проценти повисоки во однос на иницијалните проекции на Буџетот. Износот на вкупните расходи е 288,5 милијарди денари или за околу 161,1 милијарда денари (5,9 проценти) повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за 2022 година. Капиталните расходи се планирани на ниво од 32,2 милијарди денари и се за околу шест милијарди денари пониски во однос на планот за 2022 година, но од власта најавуваат дека ќе продолжат проектите за изградба на патишта, железници, гасоводи … Во ребалансот на Буџетот предвидени се околу 70 милиони евра за антикризни мерки кои, како што најавуваа владини претставници во изминатиов период, ќе бидат таргетирани кон оние на кои им се најпотребни. Расправата за ребаланс на Буџетот на Комисијата за финансирање и Буџет продолжува во петок во 11 часот.

The post Заврши втората расправа за ребалансот на буџетот appeared first on Република.

]]>
Бесими: Ребалансот на Буџетот доаѓа по руската инвазија на Украина која ги наруши пазарите во Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/besimi-rebalansot-na-budzetot-doagja-po-ruskata-invazija-na-ukraina-koja-gi-narushi-pazarite-vo-evropa/ Tue, 14 Jun 2022 19:17:17 +0000 https://republika.mk/?p=515224

Ребалансот на Буџетот за 2022 година доаѓа по инвазијата на Русија врз Украина, што ги наруши пазарите во Европа, која е наш главен трговски партнер, а кај нас се одрази со зголемување на цените на основните прехранбени производи и на енергенсите. Од тие причини, ние уште во март пристапивме кон подготвување на пакет мерки, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими во вечерашното гостување на телевизија „Сител“.

– Ова што сега го правиме со ребалансот е одговор на тие мерки, значи приспособување во Буџетот. Иако, имавме обезбедено само 50 милиони евра, како бафер, ние отидовме со пакет кој вредеше многу повеќе. Сега пренамените се усогласуваат во Буџетот, да се врати во делот на одржување на растот и поддршката. На пример, околу 11 милиони евра беа одземени од Програмата за поддршка на развојот, на инвестиции. Сега тие се враќаат. Потоа имаме 2,4 милијарди денари, кои одат за гарантирана минимална помош, предвидени се 32 милиони евра за земјоделството и други мерки, рече Бесими.

Тој нагласи дека не се работи само за 76 милиони евра, кои стојат како бафер за програмата за антикризни мерки, туку многу повеќе.

Министерот Бесими додаде дека допрва ќе се дизајнираат мерките за најранливите категории, како и за стопанството.

-Во ребалансот се опфатени промените во однос на минималната плата, предвидени се пет отсто покачување на платите во здравство и во полиција, седум отсто за наставниот кадар во високо образование, 15 проценти во судство и правобранителство и 15 отсто средно образование и градинките, вели Бесими.

Министерот најави до крајот на годината да има уште едно прекројување на Буџетот.

The post Бесими: Ребалансот на Буџетот доаѓа по руската инвазија на Украина која ги наруши пазарите во Европа appeared first on Република.

]]>

Ребалансот на Буџетот за 2022 година доаѓа по инвазијата на Русија врз Украина, што ги наруши пазарите во Европа, која е наш главен трговски партнер, а кај нас се одрази со зголемување на цените на основните прехранбени производи и на енергенсите. Од тие причини, ние уште во март пристапивме кон подготвување на пакет мерки, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими во вечерашното гостување на телевизија „Сител“.
– Ова што сега го правиме со ребалансот е одговор на тие мерки, значи приспособување во Буџетот. Иако, имавме обезбедено само 50 милиони евра, како бафер, ние отидовме со пакет кој вредеше многу повеќе. Сега пренамените се усогласуваат во Буџетот, да се врати во делот на одржување на растот и поддршката. На пример, околу 11 милиони евра беа одземени од Програмата за поддршка на развојот, на инвестиции. Сега тие се враќаат. Потоа имаме 2,4 милијарди денари, кои одат за гарантирана минимална помош, предвидени се 32 милиони евра за земјоделството и други мерки, рече Бесими.
Тој нагласи дека не се работи само за 76 милиони евра, кои стојат како бафер за програмата за антикризни мерки, туку многу повеќе. Министерот Бесими додаде дека допрва ќе се дизајнираат мерките за најранливите категории, како и за стопанството.
-Во ребалансот се опфатени промените во однос на минималната плата, предвидени се пет отсто покачување на платите во здравство и во полиција, седум отсто за наставниот кадар во високо образование, 15 проценти во судство и правобранителство и 15 отсто средно образование и градинките, вели Бесими.
Министерот најави до крајот на годината да има уште едно прекројување на Буџетот.  

The post Бесими: Ребалансот на Буџетот доаѓа по руската инвазија на Украина која ги наруши пазарите во Европа appeared first on Република.

]]>
Бесими: Ребалансот има две цели – да ја задржи стабилноста и да ги поддржи економијата и граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/besimi-rebalansot-ima-dve-celi-da-ja-zadrzi-stabilnosta-i-da-gi-poddrzi-ekonomijata-i-gragjanite/ Mon, 13 Jun 2022 10:36:45 +0000 https://republika.mk/?p=514453

Со предлог-ребалансот на Буџетот треба да се постигнат две основни цели. Прво, да се одржи макроекономската стабилност, што е од суштинско значење за понатамошниот раст и развој на секоја економија. Второ, да се поддржи економијата за враќање во претпандемиското ниво, како и одржување на социјалната сигурност на граѓаните. Ова го посочи министерот за финансии Фамир Бесими во своето експозе на собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Според него, цели кои треба да се постигнат со овој документ е таргетирана поддршка за граѓаните и фирмите за надминување на предизвиците кои ги донесоа новите светски кризи.

-Ова ќе се постигне преку антикризни мерки, раст на пензиите и минималната плата, раст на поддршката за социјалните категории и раст на субвенциите за земјоделците со цел да се поттикне домашното производство. Понатаму, реализација на амбициозна инвестициона агенда во инфраструктурата од над половина милијарда евра, со цел да се даде поддршка на економскиот раст, во услови на забавување на светската економија и фискална одржливост и зачувување на макроекономската стабилност, посочи во своето излагање министерот за финансии Бесими.

Со предлог- ребалансот на буџетот приходите се проектирани на 245,8 милијарди денари и тие се за околу 6,9 милијарди денари повисоки во однос на иницијалните проекции, додека расходите на ниво од 288,5 милијарди денари, или за околу 16 милијарди денари повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за 2022 година.

Тековните трансфери се планирани на ниво од 189,7 милијарди денари или за околу 19 милијарди денари повисоки во однос на планот за 2022 година.

-Тука се планирани средства за антикризни мерки, но и други мерки за таргетирана поддршка за надминување на кризата. Би се осврнал на тоа зошто таргетирана поддршка. Ако првиот пакет на мерки беа општи со цел да успори инфлаторната спирала, следните мерки ќе бидат насочени повеќе кон одредени целни групи кои се најзасегнати од кризата и кои без тие мерки не би можеле да ги надминат овие ефекти. Ова е впрочем и препораката на меѓународните финансиски институции, како ММФ и Светска банка, но и на Европската унија – да се делува со мерките кон целни категории, рече Бесими.

Во ребалансот се предвидени 4,7 милијарди денари дополнителна финансиска поддршка за заштита на стандардот на граѓаните и ликвидноста на компаниите во услови на продолжена криза на светскиот пазар на енергенси и примарни производи.

Исто така, предвидени се и дополнителни субвенции и трансфери за земјоделците, односно на првично планираните субвенции дополнителни 3,2 милијарди денари. Овие средства имаат за цел да ги стимулираат приносите и продуктивноста, за да се амортизираат на ценовните притисоци на основните прехрамбени производи,

Планирани се и повисоки трансфери до општините, пред сѐ поради раст на блок-дотациите за покачување на платите во градинките и во основните и средните училишта за 15%.

Со ребалансот се предвидуваат и средства за раст на пензиите согласно новата методологија според индексот на трошоците за живот во висина од 50 отсто и порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во висина од 50 отсто. Планирани се и дополнителни 2,4 милијарди денари за корисниците на правото на гарантирана минимална помош.

Предвидени се средства за субвенции на придонеси за поддршка на работодавачите за раст на платите во приватниот сектор, вклучително и ефектот за субвенционирање на придонесите за минималната плата.

Расходите за исплата на платите се проектирани на ниво од 33,2 милијарди денари во чии рамки е содржан ефектот на усогласувањето на платите на вработените кај буџетските корисници со минималната плата од една страна и ефектите од контрола на новите вработувања и оптимизација на јавната администрација, од друга страна.

Собраниската комисија за финансирање и буџет, како матична комисија, денеска ја почна расправата по ребалансот на Буџетот.

Сојузот на синдикати на Македонија најави амандман со кој бара во ребалансот на Буџетот да бидат обезбедени пари за зголемување на платите во јавниот сектор за 2.806 денари во нето износ.

The post Бесими: Ребалансот има две цели – да ја задржи стабилноста и да ги поддржи економијата и граѓаните appeared first on Република.

]]>

Со предлог-ребалансот на Буџетот треба да се постигнат две основни цели. Прво, да се одржи макроекономската стабилност, што е од суштинско значење за понатамошниот раст и развој на секоја економија. Второ, да се поддржи економијата за враќање во претпандемиското ниво, како и одржување на социјалната сигурност на граѓаните. Ова го посочи министерот за финансии Фамир Бесими во своето експозе на собраниската Комисија за финансирање и буџет. Според него, цели кои треба да се постигнат со овој документ е таргетирана поддршка за граѓаните и фирмите за надминување на предизвиците кои ги донесоа новите светски кризи. -Ова ќе се постигне преку антикризни мерки, раст на пензиите и минималната плата, раст на поддршката за социјалните категории и раст на субвенциите за земјоделците со цел да се поттикне домашното производство. Понатаму, реализација на амбициозна инвестициона агенда во инфраструктурата од над половина милијарда евра, со цел да се даде поддршка на економскиот раст, во услови на забавување на светската економија и фискална одржливост и зачувување на макроекономската стабилност, посочи во своето излагање министерот за финансии Бесими. Со предлог- ребалансот на буџетот приходите се проектирани на 245,8 милијарди денари и тие се за околу 6,9 милијарди денари повисоки во однос на иницијалните проекции, додека расходите на ниво од 288,5 милијарди денари, или за околу 16 милијарди денари повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за 2022 година. Тековните трансфери се планирани на ниво од 189,7 милијарди денари или за околу 19 милијарди денари повисоки во однос на планот за 2022 година.
-Тука се планирани средства за антикризни мерки, но и други мерки за таргетирана поддршка за надминување на кризата. Би се осврнал на тоа зошто таргетирана поддршка. Ако првиот пакет на мерки беа општи со цел да успори инфлаторната спирала, следните мерки ќе бидат насочени повеќе кон одредени целни групи кои се најзасегнати од кризата и кои без тие мерки не би можеле да ги надминат овие ефекти. Ова е впрочем и препораката на меѓународните финансиски институции, како ММФ и Светска банка, но и на Европската унија – да се делува со мерките кон целни категории, рече Бесими.
Во ребалансот се предвидени 4,7 милијарди денари дополнителна финансиска поддршка за заштита на стандардот на граѓаните и ликвидноста на компаниите во услови на продолжена криза на светскиот пазар на енергенси и примарни производи. Исто така, предвидени се и дополнителни субвенции и трансфери за земјоделците, односно на првично планираните субвенции дополнителни 3,2 милијарди денари. Овие средства имаат за цел да ги стимулираат приносите и продуктивноста, за да се амортизираат на ценовните притисоци на основните прехрамбени производи, Планирани се и повисоки трансфери до општините, пред сѐ поради раст на блок-дотациите за покачување на платите во градинките и во основните и средните училишта за 15%. Со ребалансот се предвидуваат и средства за раст на пензиите согласно новата методологија според индексот на трошоците за живот во висина од 50 отсто и порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во висина од 50 отсто. Планирани се и дополнителни 2,4 милијарди денари за корисниците на правото на гарантирана минимална помош. Предвидени се средства за субвенции на придонеси за поддршка на работодавачите за раст на платите во приватниот сектор, вклучително и ефектот за субвенционирање на придонесите за минималната плата. Расходите за исплата на платите се проектирани на ниво од 33,2 милијарди денари во чии рамки е содржан ефектот на усогласувањето на платите на вработените кај буџетските корисници со минималната плата од една страна и ефектите од контрола на новите вработувања и оптимизација на јавната администрација, од друга страна. Собраниската комисија за финансирање и буџет, како матична комисија, денеска ја почна расправата по ребалансот на Буџетот. Сојузот на синдикати на Македонија најави амандман со кој бара во ребалансот на Буџетот да бидат обезбедени пари за зголемување на платите во јавниот сектор за 2.806 денари во нето износ.

The post Бесими: Ребалансот има две цели – да ја задржи стабилноста и да ги поддржи економијата и граѓаните appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Власта да не го блокира заемот од СБ за поддршка на општините https://arhiva3.republika.mk/vesti/mickoski-vlasta-da-ne-go-blokira-zaemot-od-sb-za-poddrshka-na-opshtinite/ Fri, 27 May 2022 11:03:08 +0000 https://republika.mk/?p=507596

Моментално комисиите и стручните тела на ВМРО-ДФПМНЕ работат заедно со политичките партии кои се дел од коалицијата и многу скоро од денеска ќе излеземе со амандмани за ребалансот на Буџетот кои ќе бидат доставени во Парламентот. Дел од тие амандмани ќе бидат произлезени од народот и потребата на народот како подобра инфраструктура, паркови, спортски игралишта, канализација, водовод и подобри услови за живот за граѓаните, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на општина Гази Баба.

Мицкоски потенцираше дека очекува власта да покаже зрелост и да ги поддржи амандманите кои ќе ги предложи ВМРО-ДПМНЕ и со истите да не се однесува неодговорно како што во моментов го кочи заемот од Светска банка за поддршка на општините во Македонија.

Очекувам од страна на владата одговорност и зрелост да ги поддржи тие амандмани, нешто што не е во случајот актуелно со заемот од Светска банка од 63 милиони евра кој го почнале уште во февруари 2021 мислејќи дека ќе победат градоначалниците на СДСМ на локални. И така секоја општина добива одредена сума на пари од Светска банка, потребни за подобрување на инфраструктурата. СДСМ доживеа дебакл на изборите и го кочи овој заем. Помина на комисија и сега Талат не ја става на пленарна седница, изјави Мицкоски.

Мицкоски посочи дека со тој заем Гази Баба треба да добие отприлика милион евра и ако сега се вложени рекордни 50 милиони во асфалтирања на улици, ќе има нови 60 милиони денари за нови улици, канализација, водовод.

Но, тоа не доаѓа на дневен ред, наместо тоа има лиценца за втора лотарија. Тоа што е потреба на граѓаните, не доаѓа на дневен ред, приоритет има се поединци. Ги повикуваме и Талат и останатите да се надминат и да ја стават точката на дневен ред за луѓето да можат да добијат нови улици и тие во Гази Баба и Струга, Струмица и другите општини. Нека се покажат станува збор за 63 милиони евра кои ќе го подобрат животот на граѓаните, потенцираше Мицкоски.

The post Мицкоски: Власта да не го блокира заемот од СБ за поддршка на општините appeared first on Република.

]]>

Моментално комисиите и стручните тела на ВМРО-ДФПМНЕ работат заедно со политичките партии кои се дел од коалицијата и многу скоро од денеска ќе излеземе со амандмани за ребалансот на Буџетот кои ќе бидат доставени во Парламентот. Дел од тие амандмани ќе бидат произлезени од народот и потребата на народот како подобра инфраструктура, паркови, спортски игралишта, канализација, водовод и подобри услови за живот за граѓаните, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на општина Гази Баба. Мицкоски потенцираше дека очекува власта да покаже зрелост и да ги поддржи амандманите кои ќе ги предложи ВМРО-ДПМНЕ и со истите да не се однесува неодговорно како што во моментов го кочи заемот од Светска банка за поддршка на општините во Македонија. Очекувам од страна на владата одговорност и зрелост да ги поддржи тие амандмани, нешто што не е во случајот актуелно со заемот од Светска банка од 63 милиони евра кој го почнале уште во февруари 2021 мислејќи дека ќе победат градоначалниците на СДСМ на локални. И така секоја општина добива одредена сума на пари од Светска банка, потребни за подобрување на инфраструктурата. СДСМ доживеа дебакл на изборите и го кочи овој заем. Помина на комисија и сега Талат не ја става на пленарна седница, изјави Мицкоски. Мицкоски посочи дека со тој заем Гази Баба треба да добие отприлика милион евра и ако сега се вложени рекордни 50 милиони во асфалтирања на улици, ќе има нови 60 милиони денари за нови улици, канализација, водовод.
Но, тоа не доаѓа на дневен ред, наместо тоа има лиценца за втора лотарија. Тоа што е потреба на граѓаните, не доаѓа на дневен ред, приоритет има се поединци. Ги повикуваме и Талат и останатите да се надминат и да ја стават точката на дневен ред за луѓето да можат да добијат нови улици и тие во Гази Баба и Струга, Струмица и другите општини. Нека се покажат станува збор за 63 милиони евра кои ќе го подобрат животот на граѓаните, потенцираше Мицкоски.

The post Мицкоски: Власта да не го блокира заемот од СБ за поддршка на општините appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Ребалансот е доказ за лошата политика на СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vmro-dpmne-rebalansot-e-dokaz-za-loshata-politika-na-sdsm/ Mon, 23 May 2022 07:30:40 +0000 https://republika.mk/?p=505716

Ребалансот е доказ за лошата политика на СДСМ, долгот ќе се зголемува, а проекти нема, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Владата оди со ребаланс на буџетот, кој пред 6 месеци кога го креираа им беше идеален. Ребалансот кој го бара сега Ковачевски, е на буџетот кој самиот тој како заменик министер го креирал. Владата планира нови задолжување, а во изминативе 3 години не задолжи 2.4 милијарди евра, без ништо да изгради. Само за споредба, претходните влади на ВМРО-ДПМНЕ за 10 години креираа долг од 2.8 милијарди евра. Со новите задолжувања овие две влади на СДСМ ќе бидат владите кои најмногу ја задолжиле Македонија, а немаат ништо направено. Капиталните расходи во периодот јануари – април во 2022 година се само 100 милиони евра или 16,3%. Со вакво темпо, владата едвај ќе надмине 50% реализација на првично предвидените пари за капитални инвестиции, велат од партијата.

Од таму додаваат дека каде одат парите кои утре народот ќе треба да ги враќа? Што направија до сега? Одговорот на овие прашања е причина зошто мора да има предвремени парламентарни избори час поскоро.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Ребалансот е доказ за лошата политика на СДСМ appeared first on Република.

Арсовски: Капиталните расходи двојно помали, инфлацијата двоцифрена, по ребалансот кризата ќе биде продлабочена https://arhiva3.republika.mk/vesti/arsovski-kapitalnite-rashodi-dvojno-pomali-inflacijata-dvocifrena-po-rebalansot-krizata-kje-bide-prodlabochena/ Sun, 22 May 2022 10:49:21 +0000 https://republika.mk/?p=505457

Навистина е трагично со каков курс и знаење се управуваат финансиите на Република Македонија. Пред само шест месеци од истата оваа говорница, апелиравме, најавувавме, предупредувавме дека Буџетот за 2022 година кој го предложи и донесе Владата е тотално неразвоен и за жал, луксузирачки за власта, а воопшто не е од корист за граѓаните стопанството и државата, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

интегрален текст во продолжение од неговата пре-конференција

Она што е уште потрагично е што истиот економски тим што го носеше Буџетот и тогаш пред само 6 месеци, го крои и ребалансот на истиот Буџет сега. Со нивната ароганција и самоувереност тогаш не убедуваа дека тогашниот предложен Буџет е најразвојниот и ќе ги санира сите проблеми, а гледајќи го сегашниот ребаланс, кој што треба да се дебатира во Собрание и да се гласа, сите ќе се согласиме дека Владата на чело со Ковачевски и Бесими ги лажела граѓаните и стопанството и ги потврдија нашите тврдења дека целиот проектиран Буџет за 2022 година им е промашен.

Да потенцираме и да предупредиме неколку важни работи за новиот ребаланс на Буџет.

Навистина е нејасно и навистина е срамно, како во ек на економска криза која ја зафати светот и кога знаеле целата Влада дека ќе има криза, тие испланирале стотици уште минатата година кога се носеше Буџетот за целата 2022 година, испланирале милиони евра непродуктивни трошоци, кои сега наводно ќе ги кратат. Верувам дека и во иднина нив поважен ќе им е луксузот, како што им беше поважен во планирањето на годишниот буџет, така ќе биде и сега. Наместо на самиот почеток кога се планирал годишниот Буџет тие средства да бидат искористени, практично непродуктивните трошоци кои гледаме дека се огромна бројка стотици милиони евра, наместо да бидат искористени за стабилизација на економијата и стопанството во пресрет на кризата која гледаме дека нема да заврши набрзо и истите да влијаат во заштита на стандардот на граѓаните, тие испланирале стотици милиони евра за непродуктивни трошоци. Практично уште повеќе да ја заглават економијата и да ја потонат.

Самото ова кратење сега е задоцнето и носи ненадоместливи штети. Вистинските непродуктивни трошоци лежат во одржувањето веб страни на министерство за политички систем, во ставката за перење на коли на одредени министерства кои се и тоа како големи, за пиењето и плаќање над 1200 кафиња дневно во Влада, изградба на милионски згради на институции токму сега на институции кои можат да почекаат подобри времиња итн итн. Ова се вистинските непродуктивни трошоци.

Она што е многу важно е што капиталните расходи во периодот јануари – април во 2022 година се само 100 милиони евра или 16,3% или ако гледаме од годишното проектирање од идеалните проектирани 33% за една третина од година, имајќи предвид дека е помината третина од годината, ова е половина реализација од идеално проектираните за една третина од годината. 16,3% е навистина ниска стапка за капитални инвестиции. Тоа покажува дека не работат ништо, дека на полето на инвестиции се деструктивни, дека немаат план и дека за џабе ги трошат народните пари за да земаат плати во владата.

Капитални инвестиции нема тоа го гледаме сите, не само оваа година тоа се сите претходни години наназад додека владее СДСМ, парите се потрошени, задолжувањето секојдневно расте, долгот се зголемува, што значи, со еден збор, парите на граѓаните се крадат. Оваа влада ги краде парите на граѓаните.

Инфлацијата веќе е двоцифрена, стапката на сиромаштија кај граѓаните е над 35%, тоа е повеќе од 1/3 од граѓаните да живеат во сиромаштија во Македонија и тоа власта го знае и тоа воопшто не и е гајле, нејзе единствено и е важен нејзиниот луксуз и да ги полнат нивните џебови.

Јавниот долг се ближи кон 8 милијарди евра, секојдневно гледаме преголеми задолжувања што не може да ги издржи нашата економија. Генерации наши деца ќе отплаќаат долгови на СДСМ заради нивното недомаќинско и раскалашено работење.

Проектираат намалување на планираниот раст на БДП за 25%, а голема е веројатноста да не го остварат и тој, што уште еднаш покажуваат дека се безидејни и дека не знаат всушност што работат и како да работат.

Жалосно е што се уште вештачки предвидуваат и пумпаат очекувања за реализација на патот Гостивар – Кичево, а не можат да изградат ниту 1 метар од автопатот Кичево – Охрид, навистина е смешно, навистина е трагични. Не можат да го доизградат ниту патот до Блаце, а веќе планираат за изградба за патот Гостивар – Кичево.

Се во оваа Влада е вештачко. Дури ниту тие самите не се сигурни во себе и не знаат што прават и што ќе прават. Сето ова е купи ден, продади политика, која ја наследија од Зоран Заев и успешно продолжуваат да ја спроведуваат и да ја надградуваат. Ништо ново, ништо корисно. Сето ова е трасирање на патот кон банкротот, каде што не мислат за идните генерации дека ќе ги заглават и дека некој ова ќе треба да го санира и да го отплаќа.

Сега повторно предупредуваме, кризата во Република Македонија со ваквата безидејност, со ваквата неспособност, само повеќе ќе се продлабочи со овие необмислени потези и безидејноста на економскиот тим на Владата, само повеќе ќе трпат штети граѓаните и стопанството. Затоа се потребни избори и нова подготвена Влада да ги врати работите во нормала.

The post Арсовски: Капиталните расходи двојно помали, инфлацијата двоцифрена, по ребалансот кризата ќе биде продлабочена appeared first on Република.

]]>

Навистина е трагично со каков курс и знаење се управуваат финансиите на Република Македонија. Пред само шест месеци од истата оваа говорница, апелиравме, најавувавме, предупредувавме дека Буџетот за 2022 година кој го предложи и донесе Владата е тотално неразвоен и за жал, луксузирачки за власта, а воопшто не е од корист за граѓаните стопанството и државата, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски. интегрален текст во продолжение од неговата пре-конференција Она што е уште потрагично е што истиот економски тим што го носеше Буџетот и тогаш пред само 6 месеци, го крои и ребалансот на истиот Буџет сега. Со нивната ароганција и самоувереност тогаш не убедуваа дека тогашниот предложен Буџет е најразвојниот и ќе ги санира сите проблеми, а гледајќи го сегашниот ребаланс, кој што треба да се дебатира во Собрание и да се гласа, сите ќе се согласиме дека Владата на чело со Ковачевски и Бесими ги лажела граѓаните и стопанството и ги потврдија нашите тврдења дека целиот проектиран Буџет за 2022 година им е промашен. Да потенцираме и да предупредиме неколку важни работи за новиот ребаланс на Буџет. Навистина е нејасно и навистина е срамно, како во ек на економска криза која ја зафати светот и кога знаеле целата Влада дека ќе има криза, тие испланирале стотици уште минатата година кога се носеше Буџетот за целата 2022 година, испланирале милиони евра непродуктивни трошоци, кои сега наводно ќе ги кратат. Верувам дека и во иднина нив поважен ќе им е луксузот, како што им беше поважен во планирањето на годишниот буџет, така ќе биде и сега. Наместо на самиот почеток кога се планирал годишниот Буџет тие средства да бидат искористени, практично непродуктивните трошоци кои гледаме дека се огромна бројка стотици милиони евра, наместо да бидат искористени за стабилизација на економијата и стопанството во пресрет на кризата која гледаме дека нема да заврши набрзо и истите да влијаат во заштита на стандардот на граѓаните, тие испланирале стотици милиони евра за непродуктивни трошоци. Практично уште повеќе да ја заглават економијата и да ја потонат. Самото ова кратење сега е задоцнето и носи ненадоместливи штети. Вистинските непродуктивни трошоци лежат во одржувањето веб страни на министерство за политички систем, во ставката за перење на коли на одредени министерства кои се и тоа како големи, за пиењето и плаќање над 1200 кафиња дневно во Влада, изградба на милионски згради на институции токму сега на институции кои можат да почекаат подобри времиња итн итн. Ова се вистинските непродуктивни трошоци. Она што е многу важно е што капиталните расходи во периодот јануари – април во 2022 година се само 100 милиони евра или 16,3% или ако гледаме од годишното проектирање од идеалните проектирани 33% за една третина од година, имајќи предвид дека е помината третина од годината, ова е половина реализација од идеално проектираните за една третина од годината. 16,3% е навистина ниска стапка за капитални инвестиции. Тоа покажува дека не работат ништо, дека на полето на инвестиции се деструктивни, дека немаат план и дека за џабе ги трошат народните пари за да земаат плати во владата. Капитални инвестиции нема тоа го гледаме сите, не само оваа година тоа се сите претходни години наназад додека владее СДСМ, парите се потрошени, задолжувањето секојдневно расте, долгот се зголемува, што значи, со еден збор, парите на граѓаните се крадат. Оваа влада ги краде парите на граѓаните. Инфлацијата веќе е двоцифрена, стапката на сиромаштија кај граѓаните е над 35%, тоа е повеќе од 1/3 од граѓаните да живеат во сиромаштија во Македонија и тоа власта го знае и тоа воопшто не и е гајле, нејзе единствено и е важен нејзиниот луксуз и да ги полнат нивните џебови. Јавниот долг се ближи кон 8 милијарди евра, секојдневно гледаме преголеми задолжувања што не може да ги издржи нашата економија. Генерации наши деца ќе отплаќаат долгови на СДСМ заради нивното недомаќинско и раскалашено работење. Проектираат намалување на планираниот раст на БДП за 25%, а голема е веројатноста да не го остварат и тој, што уште еднаш покажуваат дека се безидејни и дека не знаат всушност што работат и како да работат. Жалосно е што се уште вештачки предвидуваат и пумпаат очекувања за реализација на патот Гостивар – Кичево, а не можат да изградат ниту 1 метар од автопатот Кичево – Охрид, навистина е смешно, навистина е трагични. Не можат да го доизградат ниту патот до Блаце, а веќе планираат за изградба за патот Гостивар – Кичево. Се во оваа Влада е вештачко. Дури ниту тие самите не се сигурни во себе и не знаат што прават и што ќе прават. Сето ова е купи ден, продади политика, која ја наследија од Зоран Заев и успешно продолжуваат да ја спроведуваат и да ја надградуваат. Ништо ново, ништо корисно. Сето ова е трасирање на патот кон банкротот, каде што не мислат за идните генерации дека ќе ги заглават и дека некој ова ќе треба да го санира и да го отплаќа. Сега повторно предупредуваме, кризата во Република Македонија со ваквата безидејност, со ваквата неспособност, само повеќе ќе се продлабочи со овие необмислени потези и безидејноста на економскиот тим на Владата, само повеќе ќе трпат штети граѓаните и стопанството. Затоа се потребни избори и нова подготвена Влада да ги врати работите во нормала.

The post Арсовски: Капиталните расходи двојно помали, инфлацијата двоцифрена, по ребалансот кризата ќе биде продлабочена appeared first on Република.

]]>
ССМ бара истна средба со Владата: Во ребалансот не гледаме 2.806 денари за зголемување на платите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ssm-bara-istna-sredba-so-vladata-vo-rebalansot-ne-gledame-2-806-denari-za-zgolemuvanje-na-platite/ Sun, 22 May 2022 10:45:38 +0000 https://republika.mk/?p=505452

Сојузот на синдикатите на Македонија во ребалансот на буџетот кој вчера го презентираше министерот Бесими, не ги гледа парите за зголемување на платите на вработените во јавниот сектор, линеарно, по 2.086 денари.

„Потсетуваме дека во преговорите за нов Општ колективен договор за јавниот сектор беше прифатено дека линеарното зголемување на платите за најмалку 2.806 денари ќе се случи со ребалансот на буџетот, како што бевме убедувани од Владата, но за жал се покажува дека тоа било само купување на време и играње со судбината на 130.000 работници во државата, во време кога економската, енергетската криза и инфацијата ги јадат работничките плати“, се вели во соопштението.

ССМ и синдикатите бараа зголемување на платата уште од први мај и поради тоа на улица излегоа преку 7.500 работници кои јасно ја упатија пораката дека зголемени плати им се потребни веднаш, но очигледно пораката не е разбрана.

„Бараме итна средба со Владата на која ќе биде потврдено тоа што начелно беше договарано и истото да се реализира веднаш. Ако не биде постигнат договор за 2.806 денари сега, од септември истото ќе изнесува 18,4 отсто, односно онолку за колку што се зголеми минималната плата согласно Закон, каде што рокот од шест месеци мора да се испочитува за што и Владата јасно истакна дека во рок од шест месеци ќе се усогласат останатите плати и од тоа назад нема! ССМ настојува да се помогне на работниците со најниски примања и поради тоа барањето за зголемување на платите за 2.806 денари веднаш е солидарно решение, а во спротивно и од сигналите кои со ребалансот се испраќаат, солидарноста ќе ја снема и работниците ќе го бараат тоа што им следува по закон.

Потсетуваме: ПОДАДЕНА РАБОТНИЧКА РАКА МОЖЕ ДА БИДЕ И СТИСНАТА ТУПАНИЦА ВО БОРБАТА ЗА ЕГЗИСТЕНЦИЈА НА РАБОТНИЦИТЕ И НАШИТЕ ФАМИЛИИ“, се вели во соопштението од најголемиот синдикат во земјава.

The post ССМ бара истна средба со Владата: Во ребалансот не гледаме 2.806 денари за зголемување на платите appeared first on Република.

Со ребалансот на буџетот Владата крати 200 милиони евра, инфлацијата ќе биде 7,2 проценти https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/so-rebalansot-na-budzetot-vladata-krati-200-milioni-evra-inflacijata-kje-bide-7-2-procenti/ Sat, 21 May 2022 15:44:52 +0000 https://republika.mk/?p=505241

Со ребалансот на буџетот ќе се скратат 200 милиони евра непродуктивни трошоци, расходите поради кризата и поради потребата да се заштити стандардот на граѓаните ќе мора да се зголемат за над 470 милиони евра. Ова значи дека со ребалансот ќе има нето зголемување на расходите за 260 милиони евра, соопшти на пресконференција министерот за финансии Фатмир Бесими..

Дефицитот во буџетот ќе изнесува 694 милиони евра, или 5,3 отсто од бруто домашниот производ.

Нови дополнителни 76 милиони евра за мерки за заштита на стандарот на граѓаните и поддршка на стопанството се обезбедуваат со ребалансот на Буџетот, како средства за заштита или резерва и во случај на потреба ќе влезат во нов пакет мерки. Се обезбедуваат и дополнителни 52 милиони евра за субвенции за земјоделците, информираше денеска министерот за финансии Фатмир Бесими.

Со ребалансот на Буџетот, што го усвои вчера Владата, се обезбедени и средства за покачување на пензиите на пензионерите, на платите за наставниците, за субвенции за покачување на минималната плата, и во јавниот и во приватниот сектор, како и повеќе средства за социјални надоместоци и субвенции за гарантиран минимален приход.

Овој ребаланс е соодветен и навремен фискален одговор на тековните глобални случувања. Ова е ребаланс за целосно заздравување на економијата од пандемијата. Ребаланс за поддршка на граѓаните и фирмите во екот на глобалната ценовната и енергетска криза, рече Бесими.

Економскиот раст за годинава е проектиран на 3,2 проценти, што е намалување за 1,4 п.п. во однос на макроекономските проекции кога се креираше Буџетот. Се очекува побарувачката да биде главен двигател на растот, при што приватната потрошувачка се проектира со раст од 3,3 проценти.

Влијанието на ценовните притисоци врз доходот на домаќинствата ќе биде неутрализирано преку зголемената минимална плата, зголемените пензии, но и преку други владини мерки за ублажување на ефектите од ценовниот шок, најави Бесими.

Стапката на инфлација е проектирана на 7,2 проценти, што е интензивирање на ценовниот пораст споредено со 2021 година. Меѓународните финансиски институции, укажа Бесими, очекуваат во втората половина од годината умерено и постепено да се стабилизираат ценовните притисоци, додека догодина да дојде до нивна целосна стабилизација.

Според Бесими, годинава се очекува раст на побарувачката за работна сила, поттикната преку активните мерки и програми за вработување и поддршката на домашните и странските претпријатија за отворање нови работни места. Според основното макроекономско сценарио, растот на бројот на вработени е проектиран на 1,6 проценти, што ќе придонесе просечната стапка на вработеност да се зголеми на 47,9 проценти, додека стапката на невработеност да се намали на 14,5 проценти.

Просечната нето-плата се очекува забрзано да расте со проекција од 11 проценти за 2022, во услови на покачување на минималната плата за 18,4% во март, зголемување на платите во секторот образование, како и пораст на платите во некои високо-продуктивни дејности, како што се информациско-комуникациската дејност, стручни, научни и технички дејности.

Како што образложи Бесими, нарушувањата на глобалните синџири на добавување, како резултат на пандемијата, се покажале подолгорочни и придонеле за ценовни притисоци кај примарните производи, како храната и енергентите, а војната во Украина „долеа масло на оганот“.

Од почетокот на годината, конфликтот создаде дополнителни притисоци кај примарните производи, поради значајната улога на Русија и Украина во европските и светските синџири на добавување, како едни од најголемите извозници на енергенти и житарици.Дополнително, војната внесе нова неизвесност во изгледите за светската економија, рече Бесими. 

Имајќи ги предвид проекциите за нашите најголеми трговски партнери, наведе министерот, како и преземените фискални мерки за заштита на стандардот на граѓаните и поддршка на фирмите, очекувањата за нашата економија се дека заздравувањето на економијата во минатата година, ќе продолжи и во 2022 година, но со успорено темпо. Сепак, потенцира Бесими, очекувањата се дека во 2022 година економијата ќе се врати на преткризното ниво.  

The post Со ребалансот на буџетот Владата крати 200 милиони евра, инфлацијата ќе биде 7,2 проценти appeared first on Република.

]]>

Со ребалансот на буџетот ќе се скратат 200 милиони евра непродуктивни трошоци, расходите поради кризата и поради потребата да се заштити стандардот на граѓаните ќе мора да се зголемат за над 470 милиони евра. Ова значи дека со ребалансот ќе има нето зголемување на расходите за 260 милиони евра, соопшти на пресконференција министерот за финансии Фатмир Бесими..
Дефицитот во буџетот ќе изнесува 694 милиони евра, или 5,3 отсто од бруто домашниот производ.
Нови дополнителни 76 милиони евра за мерки за заштита на стандарот на граѓаните и поддршка на стопанството се обезбедуваат со ребалансот на Буџетот, како средства за заштита или резерва и во случај на потреба ќе влезат во нов пакет мерки. Се обезбедуваат и дополнителни 52 милиони евра за субвенции за земјоделците, информираше денеска министерот за финансии Фатмир Бесими.
  Со ребалансот на Буџетот, што го усвои вчера Владата, се обезбедени и средства за покачување на пензиите на пензионерите, на платите за наставниците, за субвенции за покачување на минималната плата, и во јавниот и во приватниот сектор, како и повеќе средства за социјални надоместоци и субвенции за гарантиран минимален приход.
Овој ребаланс е соодветен и навремен фискален одговор на тековните глобални случувања. Ова е ребаланс за целосно заздравување на економијата од пандемијата. Ребаланс за поддршка на граѓаните и фирмите во екот на глобалната ценовната и енергетска криза, рече Бесими.
  Економскиот раст за годинава е проектиран на 3,2 проценти, што е намалување за 1,4 п.п. во однос на макроекономските проекции кога се креираше Буџетот. Се очекува побарувачката да биде главен двигател на растот, при што приватната потрошувачка се проектира со раст од 3,3 проценти.
Влијанието на ценовните притисоци врз доходот на домаќинствата ќе биде неутрализирано преку зголемената минимална плата, зголемените пензии, но и преку други владини мерки за ублажување на ефектите од ценовниот шок, најави Бесими. Стапката на инфлација е проектирана на 7,2 проценти, што е интензивирање на ценовниот пораст споредено со 2021 година. Меѓународните финансиски институции, укажа Бесими, очекуваат во втората половина од годината умерено и постепено да се стабилизираат ценовните притисоци, додека догодина да дојде до нивна целосна стабилизација.
Според Бесими, годинава се очекува раст на побарувачката за работна сила, поттикната преку активните мерки и програми за вработување и поддршката на домашните и странските претпријатија за отворање нови работни места. Според основното макроекономско сценарио, растот на бројот на вработени е проектиран на 1,6 проценти, што ќе придонесе просечната стапка на вработеност да се зголеми на 47,9 проценти, додека стапката на невработеност да се намали на 14,5 проценти. Просечната нето-плата се очекува забрзано да расте со проекција од 11 проценти за 2022, во услови на покачување на минималната плата за 18,4% во март, зголемување на платите во секторот образование, како и пораст на платите во некои високо-продуктивни дејности, како што се информациско-комуникациската дејност, стручни, научни и технички дејности.