ребаланс на буџет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rebalans-na-budzet/ За подобро да се разбереме Tue, 13 Aug 2024 12:49:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ребаланс на буџет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rebalans-na-budzet/ 32 32 Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот капиталните расходи остануваат на ист износ, насочени се кон проекти кои ќе се реализираат https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dimitrieska-kochoska-so-rebalansot-kapitalnite-rashodi-ostanuvaat-na-ist-iznos-nasocheni-se-kon-proekti-koi-ke-se-realiziraat/ Tue, 13 Aug 2024 11:52:05 +0000 https://republika.mk/?p=806156

Капиталните расходи со Ребалансот на Буџетот за 2024 година не се засегнати. Бројките покажуваат дека износот е ист, само е направена пренамена кон проекти коишто се очекува да имаат забрзана динамика. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во „Тема на денот“ во Днeвникот на Сител.

„Кога ќе ги погледнете бројките може да видите дека износот е ист. Сега нема средства за корупција и криминал, туку има точно средства наменети за реализација на проекти, пари коишто ќе се наменат за проекти коишто имаат додадена вредност. Капиталните проекти остануваат и понатаму. Направена е пренамена на средства од оние капитални инфраструктурни проекти со послаба реализација кон општините, затоа што знаеме дека има готови проекти кај сите општини и коишто ќе може да се реализираат. Ние не можеме да чуваме средства за капитални инвестиции за нешто што нема да се реализира“, рече министерката за финансии.

Таа додаде дека аванси без никаква реализација нема да бидат исплаќани, туку дека ќе се плаќа врз основа на реализација.

„Илузорно е да планирате 250 милиони евра за проектот за коридорите 8 и 10д во ситуација кога не можете да завршите експропријација, имате еден куп проблеми, кога не ја знаете трасата, односно кога знете дека нема да ги реализирате и тие на крајот на годината ќе завршеа во некои коруптивни зделки“, истакна Димитриеска-Кочоска и додаде дека за следната годината за овој проект ќе бидат планирани 250 милиони евра и дека веќе се работи на тоа проектот да почне да се реализира, да се гради и да е плаќа врз основа на завршени работи и ситуации.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/donesen-rebalansot-obezbedeni-sredstva-za-penzii-i-plati-za-studentite-zemjodeltsite-biznisot-i-dospeanite-obvrski/

Во интервјуто министерката се осврна и на барањето на синдикатите за зголемување на минималната плата, за растот на платите, за нивото на јавниот долг, како и за реализација на проектите од железничката инфраструктура.

The post Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот капиталните расходи остануваат на ист износ, насочени се кон проекти кои ќе се реализираат appeared first on Република.

]]>

Капиталните расходи со Ребалансот на Буџетот за 2024 година не се засегнати. Бројките покажуваат дека износот е ист, само е направена пренамена кон проекти коишто се очекува да имаат забрзана динамика. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во „Тема на денот“ во Днeвникот на Сител.

„Кога ќе ги погледнете бројките може да видите дека износот е ист. Сега нема средства за корупција и криминал, туку има точно средства наменети за реализација на проекти, пари коишто ќе се наменат за проекти коишто имаат додадена вредност. Капиталните проекти остануваат и понатаму. Направена е пренамена на средства од оние капитални инфраструктурни проекти со послаба реализација кон општините, затоа што знаеме дека има готови проекти кај сите општини и коишто ќе може да се реализираат. Ние не можеме да чуваме средства за капитални инвестиции за нешто што нема да се реализира“, рече министерката за финансии.
Таа додаде дека аванси без никаква реализација нема да бидат исплаќани, туку дека ќе се плаќа врз основа на реализација.
„Илузорно е да планирате 250 милиони евра за проектот за коридорите 8 и 10д во ситуација кога не можете да завршите експропријација, имате еден куп проблеми, кога не ја знаете трасата, односно кога знете дека нема да ги реализирате и тие на крајот на годината ќе завршеа во некои коруптивни зделки“, истакна Димитриеска-Кочоска и додаде дека за следната годината за овој проект ќе бидат планирани 250 милиони евра и дека веќе се работи на тоа проектот да почне да се реализира, да се гради и да е плаќа врз основа на завршени работи и ситуации.
https://republika.mk/vesti/ekonomija/donesen-rebalansot-obezbedeni-sredstva-za-penzii-i-plati-za-studentite-zemjodeltsite-biznisot-i-dospeanite-obvrski/ Во интервјуто министерката се осврна и на барањето на синдикатите за зголемување на минималната плата, за растот на платите, за нивото на јавниот долг, како и за реализација на проектите од железничката инфраструктура.

The post Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот капиталните расходи остануваат на ист износ, насочени се кон проекти кои ќе се реализираат appeared first on Република.

]]>
Донесен ребалансот – обезбедени средства за пензии и плати, за студентите, земјоделците, бизнисот и доспеаните обврски https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/donesen-rebalansot-obezbedeni-sredstva-za-penzii-i-plati-za-studentite-zemjodeltsite-biznisot-i-dospeanite-obvrski/ Tue, 13 Aug 2024 05:20:18 +0000 https://republika.mk/?p=805980

Дополнителни 4,2 милијарда денари за исплата на плати, 5,1 милијарда денари за исплата на пензии, 800 милиони денари за исплата на правото на гарантирана минимална помош, 1,7 милијарди денари за здравствена заштита, 1 милијарда денари за ТИРЗ зоните,1,7 милијарди денари за директна финансиска поддршка во земјоделскиот сектор, 437 милиони денари за студентски оброк, 207 милиони денари за исплата на стипендии, 300 милионии денари за блок дотации, дополнителни 0,8 милијарди денари за исплата на камати кон домашни меѓународни кредитори, како и 5,1 милијарда денари за исплата на гаранции кои претпријатијата до крајот на 2024 година година сукцесивно треба да ги вратат во Буџетот на државата, се само дел од проекциите предвидени со ребалансот на Буџетот за 2024 година што вчера беше донесен од Собранието.

Со ребалансот, вкупните приходи се планирани на 318,2 милијарди денари што е 2,6 проценти повеќе во однос на иницијалните проекции, вкупните расходи се планирани на 362,8 милијарди денари или за 5,6 проценти повеќе во однос на иницијалните проекции, капиталните расходи се планирани во висина од околу 44,7 милијарди денари, а дефицитот е планиран на ниво од 44,7 милијарди денари, односно од иницијално планираните 3,4 проценти на 4,9 проценти од БДП.

Обезбедени се и 6 милијарди денари за локални инфраструктурни проекти, како и капитални расходи во висина од 44,7 милијарди денари наменети за инвестиции во реконструкции и модернизација на јавните здравствени установи, капитални инвестиции во образованието, детската и социјалната заштита, патната, железничката и комуналната инфраструктура, исполнување на договорите во одбраната и безбедноста, како и за рурален развој.

Со ребалансот на Буџетот економскиот раст е ревидиран на 2,1 отсто од претходно проектираните 3,4 проценти, додека стапката на инфлација е проектирана на 3,5 отсто.

Според Владата, ребалансот треба да ја санира наследената „катастрофална состојба“ и „да ги закрпи дупките“ во државната каса.Како што рекоа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во текот на собраниската рапсрава, документот е обид да се прераспределат слабо или нереализираните средства, како и да се дочека крајот на годината во што понормална состојба.

Ребалансот не доби поддршка од СДСМ и коалицијата, а пратениците од Европски фронт ја напуштија седницата пред расправата со образложение дека е симнат од дневен ред Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри.

Со предложениот ребаланс ги исправаме пропустите направени со иницијалниот Буџет - недоволно испланирани средства за законски предвидени права, средства за сервисирање на доспеани обврски и средства за поддршка на економијата. Тоа значи, обезбедуваме редовна исплата на плати кои ќе бидат усогласени согласно Закон во септември и редовна исплата на пензиите, а го реализираме и нашето изборно ветување за линеарно зголемување на пензиите во септември, исплата на доспеаните обврски без одложување, зашто тоа го бара економијата во која покрај најавениот поволен кредит за реализација на инвестиции ќе се вбризгаат дополнителни 6 милијарди денари преку нивно ангажирање во реализацијата на проектите на локално ниво. Тоа е еден од факторите со кои сакаме да ја поддржиме економијата, која, како што покажуваат податоците, забележа слаби резултати во првата половина од годината, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во експозето.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го повторија партискиот став, дека со ребалансот се обезбедуваат средства за плати, пензии, студентски оброк и стипанедии, земјоделски субвенции, средства за општините, за сервисирање на долговите, за спортистите,...

Во делот на плати не се обезбедени средства за континуиран раст на платите и за пораст на минималната плата, ниту за раст на платите во образованието иако постојат поголеми приходи во Буџетот, не се предвидени средства за покривање на обврските од социјална заштита, ниту за покачување на правата за детска заштита, намалени се средствата за ИПАРД програмата, односно за земјоделците, како и средствата за авансна исплата на земјоделските субвенции,..., рече Димитар Ковачевски, објаснувајќи зошто СДСМ и коалицијата нема да го поддржат ребалансот.

Собранието го усвои ребалансот уште првиот ден од расправата, со 67 гласови „за“, седум против и без ниту еден воздржан.

The post Донесен ребалансот – обезбедени средства за пензии и плати, за студентите, земјоделците, бизнисот и доспеаните обврски appeared first on Република.

]]>

Дополнителни 4,2 милијарда денари за исплата на плати, 5,1 милијарда денари за исплата на пензии, 800 милиони денари за исплата на правото на гарантирана минимална помош, 1,7 милијарди денари за здравствена заштита, 1 милијарда денари за ТИРЗ зоните,1,7 милијарди денари за директна финансиска поддршка во земјоделскиот сектор, 437 милиони денари за студентски оброк, 207 милиони денари за исплата на стипендии, 300 милионии денари за блок дотации, дополнителни 0,8 милијарди денари за исплата на камати кон домашни меѓународни кредитори, како и 5,1 милијарда денари за исплата на гаранции кои претпријатијата до крајот на 2024 година година сукцесивно треба да ги вратат во Буџетот на државата, се само дел од проекциите предвидени со ребалансот на Буџетот за 2024 година што вчера беше донесен од Собранието. Со ребалансот, вкупните приходи се планирани на 318,2 милијарди денари што е 2,6 проценти повеќе во однос на иницијалните проекции, вкупните расходи се планирани на 362,8 милијарди денари или за 5,6 проценти повеќе во однос на иницијалните проекции, капиталните расходи се планирани во висина од околу 44,7 милијарди денари, а дефицитот е планиран на ниво од 44,7 милијарди денари, односно од иницијално планираните 3,4 проценти на 4,9 проценти од БДП. Обезбедени се и 6 милијарди денари за локални инфраструктурни проекти, како и капитални расходи во висина од 44,7 милијарди денари наменети за инвестиции во реконструкции и модернизација на јавните здравствени установи, капитални инвестиции во образованието, детската и социјалната заштита, патната, железничката и комуналната инфраструктура, исполнување на договорите во одбраната и безбедноста, како и за рурален развој. Со ребалансот на Буџетот економскиот раст е ревидиран на 2,1 отсто од претходно проектираните 3,4 проценти, додека стапката на инфлација е проектирана на 3,5 отсто.   Според Владата, ребалансот треба да ја санира наследената „катастрофална состојба“ и „да ги закрпи дупките“ во државната каса.Како што рекоа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во текот на собраниската рапсрава, документот е обид да се прераспределат слабо или нереализираните средства, како и да се дочека крајот на годината во што понормална состојба. Ребалансот не доби поддршка од СДСМ и коалицијата, а пратениците од Европски фронт ја напуштија седницата пред расправата со образложение дека е симнат од дневен ред Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри.
Со предложениот ребаланс ги исправаме пропустите направени со иницијалниот Буџет - недоволно испланирани средства за законски предвидени права, средства за сервисирање на доспеани обврски и средства за поддршка на економијата. Тоа значи, обезбедуваме редовна исплата на плати кои ќе бидат усогласени согласно Закон во септември и редовна исплата на пензиите, а го реализираме и нашето изборно ветување за линеарно зголемување на пензиите во септември, исплата на доспеаните обврски без одложување, зашто тоа го бара економијата во која покрај најавениот поволен кредит за реализација на инвестиции ќе се вбризгаат дополнителни 6 милијарди денари преку нивно ангажирање во реализацијата на проектите на локално ниво. Тоа е еден од факторите со кои сакаме да ја поддржиме економијата, која, како што покажуваат податоците, забележа слаби резултати во првата половина од годината, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во експозето.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го повторија партискиот став, дека со ребалансот се обезбедуваат средства за плати, пензии, студентски оброк и стипанедии, земјоделски субвенции, средства за општините, за сервисирање на долговите, за спортистите,...
Во делот на плати не се обезбедени средства за континуиран раст на платите и за пораст на минималната плата, ниту за раст на платите во образованието иако постојат поголеми приходи во Буџетот, не се предвидени средства за покривање на обврските од социјална заштита, ниту за покачување на правата за детска заштита, намалени се средствата за ИПАРД програмата, односно за земјоделците, како и средствата за авансна исплата на земјоделските субвенции,..., рече Димитар Ковачевски, објаснувајќи зошто СДСМ и коалицијата нема да го поддржат ребалансот.
Собранието го усвои ребалансот уште првиот ден од расправата, со 67 гласови „за“, седум против и без ниту еден воздржан.

The post Донесен ребалансот – обезбедени средства за пензии и плати, за студентите, земјоделците, бизнисот и доспеаните обврски appeared first on Република.

]]>
Собранието го донесе ребалансот на Буџетот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/sobranieto-go-donese-rebalansot-na-budhetot/ Mon, 12 Aug 2024 16:39:46 +0000 https://republika.mk/?p=805925

Собранието попладнево со 67 гласови „за“, седум против и без ниту еден воздржан, го усвои ребалансот на Буџетот за 2024 година.

Со ребалансот, вкупните приходи се планирани на 318,2 милијарди денари што е 2,6 проценти повеќе во однос на иницијалните проекции, вкупните расходи се планирани на 362,8 милијарди денари или за 5,6 проценти повеќе во однос на иницијалните проекции, капиталните расходи се планирани во висина од околу 44,7 милијарди денари, а дефицитот е планиран на ниво од 44,7 милијарди денари, односно од иницијално планираните 3,4 проценти на 4,9 проценти од БДП.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/dimitrieska-kochoska-rebalansot-ke-obezbedi-likvidnost-za-redovno-servisirane-na-site-obvrski-do-krajot-na-godinata/

Како што рече министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во експозето пред пратениците, ребалансот е обид на новата Влада да обезбеди ликвидност за редовно сервисирање на сите обврски до крајот на годината со истовремено обезбедување нормално функционирање на институциите и реализација на проектите што имаат соодветна динамика.

Треба да се обезбеди ликвидност, исплата на зголемени пензии, права на вработените и доспените обврски кон стопанството, истакна Димитриеска Кочоска.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го повторија партискиот став, дека со ребалансот се обезбедуваат средства за плати, пензии, студентски оброк и стипанедии, земјоделски субвенции, средства за општините, за сервисирање на долговите, за спортистите,...

Ребалансот е обид да ги прераспределиме слабо или нереализираните средства, да го дочекаме крајот на годината во што понормална состојба, подвлекоа пратениците, обвинувајќи ја претходната власт за, како што истакнаа, расипничко трошење на народните пари.

Прв за збор во општата расправа на пленарната седница се јави Димитар Ковачевски кој кажа дека СДСМ и коалицијата нема да го поддржат ребалансот. Пратениците од Европски фронт, пак, ја напуштија седницата зашто беше симнат од дневен ред Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, во прво читање.

Седницата на која, покрај ребалансот на Буџетот, има повеќе точки треба да продолжи утре во 12 часот.

The post Собранието го донесе ребалансот на Буџетот appeared first on Република.

]]>

Собранието попладнево со 67 гласови „за“, седум против и без ниту еден воздржан, го усвои ребалансот на Буџетот за 2024 година. Со ребалансот, вкупните приходи се планирани на 318,2 милијарди денари што е 2,6 проценти повеќе во однос на иницијалните проекции, вкупните расходи се планирани на 362,8 милијарди денари или за 5,6 проценти повеќе во однос на иницијалните проекции, капиталните расходи се планирани во висина од околу 44,7 милијарди денари, а дефицитот е планиран на ниво од 44,7 милијарди денари, односно од иницијално планираните 3,4 проценти на 4,9 проценти од БДП. https://republika.mk/vesti/ekonomija/dimitrieska-kochoska-rebalansot-ke-obezbedi-likvidnost-za-redovno-servisirane-na-site-obvrski-do-krajot-na-godinata/ Како што рече министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во експозето пред пратениците, ребалансот е обид на новата Влада да обезбеди ликвидност за редовно сервисирање на сите обврски до крајот на годината со истовремено обезбедување нормално функционирање на институциите и реализација на проектите што имаат соодветна динамика.
Треба да се обезбеди ликвидност, исплата на зголемени пензии, права на вработените и доспените обврски кон стопанството, истакна Димитриеска Кочоска.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го повторија партискиот став, дека со ребалансот се обезбедуваат средства за плати, пензии, студентски оброк и стипанедии, земјоделски субвенции, средства за општините, за сервисирање на долговите, за спортистите,...
Ребалансот е обид да ги прераспределиме слабо или нереализираните средства, да го дочекаме крајот на годината во што понормална состојба, подвлекоа пратениците, обвинувајќи ја претходната власт за, како што истакнаа, расипничко трошење на народните пари.
Прв за збор во општата расправа на пленарната седница се јави Димитар Ковачевски кој кажа дека СДСМ и коалицијата нема да го поддржат ребалансот. Пратениците од Европски фронт, пак, ја напуштија седницата зашто беше симнат од дневен ред Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, во прво читање. Седницата на која, покрај ребалансот на Буџетот, има повеќе точки треба да продолжи утре во 12 часот.

The post Собранието го донесе ребалансот на Буџетот appeared first on Република.

]]>
Од септември линеарно зголемување на пензиите за 2.500 денари, во март за уште толку https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/od-septemvri-linearno-zgolemuvane-na-penziite-za-2-500-denari-vo-mart-za-ushte-tolku/ Mon, 12 Aug 2024 14:56:27 +0000 https://republika.mk/?p=805903

Со ребалансот на Буџетот за 2024 година се обезбедуваат пет милијарди денари за пензиите или 2 500 денари плус за 300 000 пензионери. Од септември, сите пензионери линеарно ќе добијат по 2 500 денари и тоа нема да биде еднократна помош, туку системско решение со кое, вклучувајќи го покачувањето од дополнителните 2 500 денари во март догодина, секој пензионер ќе добие 5 000 денари, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски.

Во текот на собраниската расправа, Стојаноски, кој подетално се осврна на проекциите, најави дека веќе се подготвува новиот буџет за 2025 година што ќе покаже однесување на сосема нова политичка елита чиј приоритет се граѓаните и стопанството.

Овој ребаланс е доказ за катаклимизмичкото однесување на претходната влада и за епското крадење од народот. Со него само се обидуваме да ги прераспределиме слабо или нереализираните средства, да го дочекаме крајот на годината во што понормална состојба. Се подготвува нов буџет за 2025 година во кој ќе бидат внесени сите владини приоритети, а во фокусот ќе бидат народот и стопанството. Ќе го покажеме зенитот на однесување на новата политичка елита на која граѓаните и развојот на стопанството и се на прво место. Притоа, средствата ќе бидат наменети, пред се, за капитални инвестиции, истакна Стојаноски.

Тој потсети дека со ребалансот се предвидени и 100 милиони евра за општините, една милијарда денари за исплата во зоните, 322 милиона за ДИК, односно за исплата на одборите и медиумите, 644 милиони за студентски оброк и стипендии, 5,1 милијарда денаари за кредитни обврски на неколку претрпијатија, 600 милиони за исплата по судски решенија, 1,7 милијарди за субвенции, 550 милиони за ваучери за спорт,...

Во Буџетот не биле вкалкулирани средства за плати на многу институции, ниту била до крај предвидена сумата за исплата на пензии, потенцира Стојаноски според кој новата Влада до крајот на годината планира да собере дополнителни 130 милиони по основа на приходи.

За збор се јави и Малиша Станковиќ кој укажа дека Буџетот и ребалансот треба да се разграничат. Тој воедно ги повика сите пратеници да гласаат за ребалансот.

Не може од ребалансот да очекуваме чуда. Ова е осми месец во кој 71 процент од Буџетот се веќе истрошени. Ние сега само се прилагодуваме на состојбата за до крајот на годината да испливаме од сегашното сценарио. Во овој ребаланс не постои ниту една ставка која значи расипничко трошење, рече Станковиќ кој, како што напомена, иако знаел дека Буџетот е лош, не очекувал „дупка“ од 40 милијарди денари.

Прв за збор во општата расправа се јави пратеникот Димитар Ковачевски од СДСМ кој кажа дека неговата партија и коалицијата нема да о поддржат ребалансот.

Претходно, експозе имаше министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

Пратениците се моментно на пауза, а, како што рече претседателот на Собрабнието Африм Гаши, седницата ќе продолжи и по 18.00 часот.

The post Од септември линеарно зголемување на пензиите за 2.500 денари, во март за уште толку appeared first on Република.

]]>

Со ребалансот на Буџетот за 2024 година се обезбедуваат пет милијарди денари за пензиите или 2 500 денари плус за 300 000 пензионери. Од септември, сите пензионери линеарно ќе добијат по 2 500 денари и тоа нема да биде еднократна помош, туку системско решение со кое, вклучувајќи го покачувањето од дополнителните 2 500 денари во март догодина, секој пензионер ќе добие 5 000 денари, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски. Во текот на собраниската расправа, Стојаноски, кој подетално се осврна на проекциите, најави дека веќе се подготвува новиот буџет за 2025 година што ќе покаже однесување на сосема нова политичка елита чиј приоритет се граѓаните и стопанството.
Овој ребаланс е доказ за катаклимизмичкото однесување на претходната влада и за епското крадење од народот. Со него само се обидуваме да ги прераспределиме слабо или нереализираните средства, да го дочекаме крајот на годината во што понормална состојба. Се подготвува нов буџет за 2025 година во кој ќе бидат внесени сите владини приоритети, а во фокусот ќе бидат народот и стопанството. Ќе го покажеме зенитот на однесување на новата политичка елита на која граѓаните и развојот на стопанството и се на прво место. Притоа, средствата ќе бидат наменети, пред се, за капитални инвестиции, истакна Стојаноски.
Тој потсети дека со ребалансот се предвидени и 100 милиони евра за општините, една милијарда денари за исплата во зоните, 322 милиона за ДИК, односно за исплата на одборите и медиумите, 644 милиони за студентски оброк и стипендии, 5,1 милијарда денаари за кредитни обврски на неколку претрпијатија, 600 милиони за исплата по судски решенија, 1,7 милијарди за субвенции, 550 милиони за ваучери за спорт,...

Во Буџетот не биле вкалкулирани средства за плати на многу институции, ниту била до крај предвидена сумата за исплата на пензии, потенцира Стојаноски според кој новата Влада до крајот на годината планира да собере дополнителни 130 милиони по основа на приходи.

За збор се јави и Малиша Станковиќ кој укажа дека Буџетот и ребалансот треба да се разграничат. Тој воедно ги повика сите пратеници да гласаат за ребалансот.
Не може од ребалансот да очекуваме чуда. Ова е осми месец во кој 71 процент од Буџетот се веќе истрошени. Ние сега само се прилагодуваме на состојбата за до крајот на годината да испливаме од сегашното сценарио. Во овој ребаланс не постои ниту една ставка која значи расипничко трошење, рече Станковиќ кој, како што напомена, иако знаел дека Буџетот е лош, не очекувал „дупка“ од 40 милијарди денари.
Прв за збор во општата расправа се јави пратеникот Димитар Ковачевски од СДСМ кој кажа дека неговата партија и коалицијата нема да о поддржат ребалансот. Претходно, експозе имаше министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. Пратениците се моментно на пауза, а, како што рече претседателот на Собрабнието Африм Гаши, седницата ќе продолжи и по 18.00 часот.

The post Од септември линеарно зголемување на пензиите за 2.500 денари, во март за уште толку appeared first on Република.

]]>
Димитриеска Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди ликвидност за редовно сервисирање на сите обврски до крајот на годината https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dimitrieska-kochoska-rebalansot-ke-obezbedi-likvidnost-za-redovno-servisirane-na-site-obvrski-do-krajot-na-godinata/ Mon, 12 Aug 2024 14:43:49 +0000 https://republika.mk/?p=805902

Ребалансот на Буџетот за 2024 година претставува обид на новата Влада да обезбеди ликвидност за редовно сервисирање на сите обврски до крајот на годината со истовремено обезбедување нормално функционирање на институциите и реализација на проектите кои што имаат соодветна динамика. Треба да обезбеди ликвидност, исплата на зголемени пензии, права на вработените и доспените обврски кон стопанството, оцени денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на 12-тата седница на Собранието.

Со предложениот ребаланс ги исправаме пропустите направени со иницијалниот Буџет како што се недоволно испланирани средства за права коишто се законски предвидени, средства за сервисирање на доспеани обврски и средства за поддршка на економијата. Тоа значи да обезбедиме редовна исплата на плати, кои ќе бидат усогласени согласно Закон во септември, да обезбедиме редовна исплата на пензиите и да го реализираме нашето изборно ветување за линеарно зголемување на пензиите во септември, да ги исплатиме доспеаните обврски и да не ги одложуваме, затоа што тоа го бара економијата, во која покрај најавениот поволен кредит за реализација на инвестиции ќе се вбризгаат дополнителни шест милијарди денари преку нивно ангажирање во реализацијата на проектите на локално ниво, рече Димитриеска Кочоска во експозето пред пратениците.

Вкупните приходи, како што кажа, се планирани на ниво од 318,2 милијарди денари или повисоко за 2,6 проценти, односно за околу 8 милијарди денари повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за 2024 година, вкупните расходи се планирани на ниво од 362,8 милијарди денари или повисоко за 5,6 проценти, односно за околу 19,2 милијарди денари повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за 2024 година, капиталните расходи се планирани во висина од околу 44,7 милијарди денари, а дефицитот е планиран на ниво од 44,7 милијарди денари, односно од иницијално планираните 3,4 проценти на 4,9 проценти од БДП.

Тоа се должи на потребата за обезбедување на неопходни средства наменети за исплата на плати за кои се проектирани дополнителни средства од околу 4,2 милијарди денари. Зголемувањето на платите се должи на обврските кои произлегуваат од потпишаните колективни договори и законските решенија и тоа колективниот договор на УКИМ и измената на законите за високо образoвание и научно истражувачката дејност, усогласување со минималната плата за вработените каде минималната плата претставува компонента на основната плата, усогласување на платите според индексот на трошоци на живот за првите шест месеци од годината, согласно одредбите од Општиот колективен договор за вработените во јавниот сектор и обезбедување на дополнителни средства за исплата на апанажи на функционерите, исплата на пензии, за кои се обезбедени дополнителни средства во износ од 5,1 милијарди денари, од кои 2,5 милијарди денари ќе бидат наменети за дополнителен пораст од 2.500 денари, почнувајќи од септемвриската пензија, со што ќе се овозможи подобар и поквалитетен живот на највозрасните граѓани, рече Димитриеска Кочоска.

За транзициски трошоци-втор пензиски столб, додаде, обезбедени се дополнителни средства во износ од околу 400 милиони денари, за корисниците на правото на гарантирана минимална помош обезбедена е дополнителна финансиска поддршка од околу 0,8 милијарди денари, за здравствена заштита дополнителни 1,7 милијарди денари, наменети за здравствено осигурување, боледувања и исплата на обврски, за ТИРЗ зоните дополнителни 1 милијарда денари, за субвенции и трансфери за директна финансиска поддршка во земјоделскиот сектор дополнителни 1,7 милијарди денари, за студентски оброк предвидени се дополнителни средства во износ од 437 милиони денари, како и средства за исплата на стипендии во износ од 207 милиони денари, за блок дотации планирани се дополнителни средства во износ од 300 милиони денари за материјални расходи, како и дополнителни средства за извршни исплати и за поврат на средства кон Европската комисија согласно наодите на ОЛАФ.

За исплата на камати кон домашни и меѓународните кредитори планирани се дополнителни средства во износ од околу 0,8 милијарди денари, за јавните претпријатија и АД во државна сопственост по основ на задолжувања (активирани гаранции) преку буџетот обезбедени се околу 5,1 милијарда денари, со обврска овие компании до крајот на 2024 година сукцесивно за исплатените гаранции да ги вратат и уплатат средствата во Буџетот на државата, за локални инфраструктурни проекти за општините – планирани се 6 милијарди денари.

Тоа, додаде, е еден од факторите со кои сакаме да ја поддржиме економијата, која како што покажуваат податоците забележа слаби резултати во првата половина од годината.

Фискалната политика до крајот на годината ќе биде насочена кон враќање на макроекономската стабилност и поддршка на економската активност преку постепена фискална консолидација, подобрување на управувањето на јавните финансии и оддржливо ниво на капитални расходи, посочи Димитриеска Кочоска.

Нагласи дека вкупните остварени приходи на Буџетот во првите два квартала изнесуваат 144,3 милијарди денари  што е 46,54 отсто од планираните приходи за 2024 година.

Во рамки на вкупните приходи 133,9 милијарди денари се остварени по основ на даночни приходи и социјални придонеси, односно 48 проценти од планираниот буџет на даночни приходи и социјални придонеси за 2024 година и се за 14,4 проценти повисоки од даночните приходи и социјални придонеси остварени за истиот период минатата година. Придонесите за социјално осигурување, како изворен приход на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Агенцијата за вработување и Фондот за здравствено осигурување, се остварени во износ од 50,2 милијарди денари и се повисоки за 14,4 проценти, споредено со анализираниот период во 2023 година, појасни Димитриеска Кочоска.

Во првите шест месеци од годинава, истакна, вкупните реализирани расходи на Буџетот се на ниво од 168,2 милијарди денари и се за 8,6 проценти повисоки во однос на вкупните расходи реализирани во истиот период во 2023 година.

За тековни расходи потрошени се 155,2 милијарди денари или 16,8 проценти повисоки во споредба со истиот период минатата година. Платите и надоместоците се реализирани во износ од 21 милијарди денари и се повисоки за 22,7 проценти споредено со првите шест месеци во 2023 година. За стоки и услуги се реализирани вкупно 10,4 милијарди денари и се повисоки за 8,6 проценти во споредба со 2023 година. Трансфери до единиците на локалната самоуправа се реализирани во износ од 14,7 милијарди денари, а 11,2 милијарди денари се исплатени за каматни плаќања по основ на користени кредити и издадени државни хартии од вредност и се за 67,8 проценти повисоки од реализираните каматни плаќања во 2023 година, рече Димитриеска Кочоска.

Субвенциите и трансферите, како што кажа, се реализирани во вкупен износ од 14,4 милијарди денари и се повисоки за 3,8 проценти од реализираните субвенции и трансфери во првите шест месеци лани. При тоа, социјалните трансфери се исплатени во износ од 82,5 милијарди денари и нивната реализација е повисока за 15,7 отсто во споредба со истиот период во 2023 година.

Од тие преку Фондот за пензиско и инвалидско осигурување се реализирани 52,1 милијарди денари или 44,1 милијарди денари за исплата на пензии и 7,9 милијарди денари за приватни пензиски фондови. Расходите за социјална помош реализирани се во износ од 7,4 милијарди денари. За остварување на правото за паричен надоместок во случај на невработеност преку Агенцијата за вработување  реализирани се 836 милиони денари, а за здравствена заштита преку Фондот за здравствено осигурување реализирани се 22,2 милијарди денари, посочи Димитриеска Кочоска.

Капиталните расходи на Буџетот во првите шест месеци во 2024 година реализирани се во износ од 12,9 милијарди денари или 28,62 проценти во однос на планираните капитални расходи за 2024 година и се за 41 отсто пониски во споредба со  истиот период во 2023 год, односно за 8,9 милијарди денари.

Буџетот во овој период се финансираше од домашни и странски извори. Од буџетираните 43,1 милијарди денари предвидени за странско задолжување, во првите шест месеци вкупно се реализирани 14,7 милијарди денари.  Кај домашното финансирање, заклучно со 30.06.2024 година, е реализирано нето задолжувањето од 19 милијарди денари. При тоа Министерството за финансии се задолжува во согласност со донесената Одлука од страна на Владата за утврдување на максималниот износ на нето задолжување преку издавање на државни хартии од вредност на домашниот финансиски пазар со која  во 2024 година е предвиден износ од 22 милијарди денари, појасни Димитриеска Кочоска.

Остварениот буџетски дефицит во овој период  е на ниво од 23,9 милијарди денари или 2,64 проценти од проектираниот БДП за 2024 година што претставува 71,13 проценти од планираниот за 2024 година. За овој период остварен е примарен дефицит од 1,3 проценти.

Како што кажа, послабото остварување во 2023 година во однос на очекуваното, податоците за економските движења во првата половина од 2024 година, како и понеповолното меѓународно окружување, условуваат надолна ревизија на очекувањата за раст на домашната економија годинава, кој е проектиран на ниво од 2,1 процент, наспроти растот од 3,4 проценти согласно претходните проекции од декември 2023 година.

Приватната потрошувачка и понатаму се очекува да биде еден од главните двигатели на растот , поддржана од растот на расположливиот доход и од солидната кредитна активност на банкарскиот систем. Расположливиот доход е поддржан од високиот раст на платите на реална основа, како и од линеарното зголемување на пензиите што ќе ја динамизира потрошувачката во следниот период. Оттаму, приватната потрошувачка се очекува да забележи раст од 2,7 проценти на реална основа, рече Димитриеска Кочоска.

Бруто – инвестициите, како што кажа, се очекува да забележат раст од 10 проценти, јавната потрошувачка се очекува да забележи раст од 3,3 проценти, извозот  на стоки  и услуги се очекува да закрепне во следниот период и да забележи раст од 2,5 проценти.

Растот на извозот, како и растот на домашната побарувачка и инвестициите, се очекува да влијаат на зголемување и на увозот на стоки и услуги и тоа со позасилена динамика и се очекува да забележи раст од 5,4 проценти, така што се очекува вкупниот придонес на нето-извозот да биде негативен, истакна Димитриеска Кочоска.

Стапката на инфлација за 2024 година, како што кажа, е проектирана на 3,5 проценти, што претставува значително забавување на ценовната динамика споредено со 2023 година.

Во текот на втората половина од годината се очекува понатамошно забавување на растот на инфлацијата, односно стабилизирање на цените на храната и енергенсите, како и поумерен притисок од базичната инфлација. Позитивните движења на пазарот на труд се очекува да продолжат и во следниот период, но со нешто поумерена динамика во однос на претходните проекции. Бројот на вработени се очекува да се зголеми за околу 1 процент, додека стапката на невработеност во просек да се намали на ниво од 12,6 проценти за 2024 година. Во 2024 година се очекува да се задржи високиот раст на просечната нето-плата кој е проектиран на ниво од 13 проценти во просек, во услови на зголемување на платите во одредени дејности од јавниот сектор и порастот на платите во некои високопродуктивни дејности, рече Димитриеска Кочоска.

Основното макроекономско сценарио е придружено со ризици, коишто се оценуваат како надолни во однос на проектираниот економски раст. Ризиците во однос на надворешното окружување и понатаму се поврзани со геополитичките тензии, односно војната во Украина и конфликтот на Блискиот Исток.

Ребалансот на Буџетот во 2024 година е насочено кон ревидирање на иницијалните фискални проекции во согласност со макроекономските движења во првата половина од годината, реструктуирање на буџетските расходи за сервисирање на најприоритетните обврски, како и оптимизирање на изворите за финансирање на буџетскиот дефицит.  Со ревидираните проекции на расходната страна се изврши намалување кај несуштинските трошења и кај проектите со позабавена динамика на реализација, а едновремено се обезбедија средства за доспеаните законски обврски, како и за новите политики на Владата за линеарен пораст на пензии, локални инфраструктурни проекти. Со ова ниво на буџетска потрошувачка се овозможува нормално и непречено функционирање на институциите, исполнување на обврските кон меѓународните кредитори, како и подобрување на животниот стандард на граѓаните и бизнис заедницата, порача Димитриеска Кочоска.

Врз основа на ревидираните проекции на приходи и расходи на Буџетот, првично планираниот дефицит од 3,4 проценти од планираниот БДП е ревидиран на 4,9 проценти од планираниот БДП, односно од 33,5 милијарди денари е проектиран на ниво од 44,7 милијарди денари.

Ваквото ревидирање е резултат  на потребата за обезбедување на неопходни средства за непречено функционирање на институциите и сервисирање на обврските.Вкупните приходи се планирани на ниво од 318,2 милијарди денари или повисоко за 2,6 проценти, односно за околу 8 милијарди денари повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за 2024 година. Вкупните расходи се планирани на ниво од 362,8 милијарди денари или повисоко за 5,6 проценти, односно за околу 19,2 милијарди денари повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за 2024 година, рече Димитриеска Кочоска.

Износот на државниот долг нзаклучно со 30 јуни годинава, како што потенцира, е 7,642 милијарди евра, односно 52,1 отсто од БДП, а на јавниот долг 8,87 милијарди евра, односно 60,5 проценти од БДП. Согласно последните проекции на Министерството за финансии државниот долг на крајот на 2024 година ќе изнесува 57,1 проценти од БДП, а јавниот долг се очекува да биде на нивото од 66,3 проценти.

Целта на овој ребаланс е да најавиме на некој начин и по која линија ќе ја водиме фискалната политика во наредниот период. Да креираме буџети во наредните години кои ќе содржат приоритети кои ќе имаат додадена вредност, приоритети кои ќе дадат најдобар ефект за потрошените пари на граѓаните. Политики кои ќе не водат напред и кон подобро утре. При тоа  да ја имаме предвид и потребата од фискална консолидација, за постепено намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг, посочи Димитриеска Кочоска.

Расправата по Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2024 година на пленарната седница трае најмногу три дена.

The post Димитриеска Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди ликвидност за редовно сервисирање на сите обврски до крајот на годината appeared first on Република.

Остварениот буџетски дефицит во овој период  е на ниво од 23,9 милијарди денари или 2,64 проценти од проектираниот БДП за 2024 година што претставува 71,13 проценти од планираниот за 2024 година. За овој период остварен е примарен дефицит од 1,3 проценти. Како што кажа, послабото остварување во 2023 година во однос на очекуваното, податоците за економските движења во првата половина од 2024 година, како и понеповолното меѓународно окружување, условуваат надолна ревизија на очекувањата за раст на домашната економија годинава, кој е проектиран на ниво од 2,1 процент, наспроти растот од 3,4 проценти согласно претходните проекции од декември 2023 година.
Приватната потрошувачка и понатаму се очекува да биде еден од главните двигатели на растот , поддржана од растот на расположливиот доход и од солидната кредитна активност на банкарскиот систем. Расположливиот доход е поддржан од високиот раст на платите на реална основа, како и од линеарното зголемување на пензиите што ќе ја динамизира потрошувачката во следниот период. Оттаму, приватната потрошувачка се очекува да забележи раст од 2,7 проценти на реална основа, рече Димитриеска Кочоска.
Бруто – инвестициите, како што кажа, се очекува да забележат раст од 10 проценти, јавната потрошувачка се очекува да забележи раст од 3,3 проценти, извозот  на стоки  и услуги се очекува да закрепне во следниот период и да забележи раст од 2,5 проценти.
Растот на извозот, како и растот на домашната побарувачка и инвестициите, се очекува да влијаат на зголемување и на увозот на стоки и услуги и тоа со позасилена динамика и се очекува да забележи раст од 5,4 проценти, така што се очекува вкупниот придонес на нето-извозот да биде негативен, истакна Димитриеска Кочоска.
Стапката на инфлација за 2024 година, како што кажа, е проектирана на 3,5 проценти, што претставува значително забавување на ценовната динамика споредено со 2023 година.
Во текот на втората половина од годината се очекува понатамошно забавување на растот на инфлацијата, односно стабилизирање на цените на храната и енергенсите, како и поумерен притисок од базичната инфлација. Позитивните движења на пазарот на труд се очекува да продолжат и во следниот период, но со нешто поумерена динамика во однос на претходните проекции. Бројот на вработени се очекува да се зголеми за околу 1 процент, додека стапката на невработеност во просек да се намали на ниво од 12,6 проценти за 2024 година. Во 2024 година се очекува да се задржи високиот раст на просечната нето-плата кој е проектиран на ниво од 13 проценти во просек, во услови на зголемување на платите во одредени дејности од јавниот сектор и порастот на платите во некои високопродуктивни дејности, рече Димитриеска Кочоска.
Основното макроекономско сценарио е придружено со ризици, коишто се оценуваат како надолни во однос на проектираниот економски раст. Ризиците во однос на надворешното окружување и понатаму се поврзани со геополитичките тензии, односно војната во Украина и конфликтот на Блискиот Исток.
Ребалансот на Буџетот во 2024 година е насочено кон ревидирање на иницијалните фискални проекции во согласност со макроекономските движења во првата половина од годината, реструктуирање на буџетските расходи за сервисирање на најприоритетните обврски, како и оптимизирање на изворите за финансирање на буџетскиот дефицит.  Со ревидираните проекции на расходната страна се изврши намалување кај несуштинските трошења и кај проектите со позабавена динамика на реализација, а едновремено се обезбедија средства за доспеаните законски обврски, како и за новите политики на Владата за линеарен пораст на пензии, локални инфраструктурни проекти. Со ова ниво на буџетска потрошувачка се овозможува нормално и непречено функционирање на институциите, исполнување на обврските кон меѓународните кредитори, како и подобрување на животниот стандард на граѓаните и бизнис заедницата, порача Димитриеска Кочоска.
Врз основа на ревидираните проекции на приходи и расходи на Буџетот, првично планираниот дефицит од 3,4 проценти од планираниот БДП е ревидиран на 4,9 проценти од планираниот БДП, односно од 33,5 милијарди денари е проектиран на ниво од 44,7 милијарди денари.
Ваквото ревидирање е резултат  на потребата за обезбедување на неопходни средства за непречено функционирање на институциите и сервисирање на обврските.Вкупните приходи се планирани на ниво од 318,2 милијарди денари или повисоко за 2,6 проценти, односно за околу 8 милијарди денари повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за 2024 година. Вкупните расходи се планирани на ниво од 362,8 милијарди денари или повисоко за 5,6 проценти, односно за околу 19,2 милијарди денари повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за 2024 година, рече Димитриеска Кочоска.
Износот на државниот долг нзаклучно со 30 јуни годинава, како што потенцира, е 7,642 милијарди евра, односно 52,1 отсто од БДП, а на јавниот долг 8,87 милијарди евра, односно 60,5 проценти од БДП. Согласно последните проекции на Министерството за финансии државниот долг на крајот на 2024 година ќе изнесува 57,1 проценти од БДП, а јавниот долг се очекува да биде на нивото од 66,3 проценти.
Целта на овој ребаланс е да најавиме на некој начин и по која линија ќе ја водиме фискалната политика во наредниот период. Да креираме буџети во наредните години кои ќе содржат приоритети кои ќе имаат додадена вредност, приоритети кои ќе дадат најдобар ефект за потрошените пари на граѓаните. Политики кои ќе не водат напред и кон подобро утре. При тоа  да ја имаме предвид и потребата од фискална консолидација, за постепено намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг, посочи Димитриеска Кочоска.
Расправата по Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2024 година на пленарната седница трае најмногу три дена.

The post Димитриеска Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди ликвидност за редовно сервисирање на сите обврски до крајот на годината appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: СДСМ и коалицијата нема да го поддржат ребалансот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-sdsm-i-koalitsijata-nema-da-go-poddrzhat-rebalansot/ Mon, 12 Aug 2024 14:18:55 +0000 https://republika.mk/?p=805896

СДСМ и коалицијата нема да го поддржат ребалансот, рече пратеникот Димитар Ковачевски во општата собраниска расправа што почна попладнево, по експозето на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Како што рече Ковачевски кој накусо ја образложи ваквата одлука, со ребалансот не се обезбедени средства за континуиран раст на платите и за зголемување на минималната плата, не се предвидени средства за исплата на договорните обврски за поддршка на инвестициите на домашните компании, намалени се средствата за земјоделски субвенции, намалени се и за 10 милиони денари средствата за здруженијата на инвалидни лица и за организациите кои се борат против семејно насилство и други поврзани области,...

Ковачевски се осврна и на економските показатели, нагласувајќи дека според ребалансот, 4,9 проценти е дефицитот од планираниот БДП што е зголемување од една третина во однос на оригинално планираниот дефицит.

СДСМ нема да ја одолговлекува расправата за ребалансот. Во текот на комисиската расправа, СДСМ и коалицијата поднесоа 58 амандмани од кои не беше прифатен нту еден. Во делот на плати не се обезбедени срдетсва за континуиран раст на платите и за пораст на минималната плата, не се определени средства за раст на платите во образованието иако постојат поголеми приходи во Буџетот, не се предвидени средства за покривање на обврските од социјална заштита, ниту за покачување на правата за детска заштита, намалени се средствата за ИПАРД програмата, односно за земјоделците, како и средствата за авансна исплата на земјоделските субвенции,..., истакна Ковачевски кој ги спомна и новите четири министерства кои во тековниот буџет, напомена, немаат можност да исплатат плати на вработените.

Реплицираше Игор Здравковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Ги задолживте и живите и неродените. Сега 1,8 милијареди треба да се вратат само по основ на камата за направените задолжувања, истакна Здравковски.

Во претходниот дел од расправата, министерката Димитриеска Кочоска го оцени ребалансот како обид на новата Влада да обезбеди ликвидност за редовно сервисирање на сите обврски до крајот на годината со истовремено обезбедување нормално функционирање на институциите и реализација на проектите кои што имаат соодветна динамика.

The post Ковачевски: СДСМ и коалицијата нема да го поддржат ребалансот appeared first on Република.

]]>

СДСМ и коалицијата нема да го поддржат ребалансот, рече пратеникот Димитар Ковачевски во општата собраниска расправа што почна попладнево, по експозето на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Како што рече Ковачевски кој накусо ја образложи ваквата одлука, со ребалансот не се обезбедени средства за континуиран раст на платите и за зголемување на минималната плата, не се предвидени средства за исплата на договорните обврски за поддршка на инвестициите на домашните компании, намалени се средствата за земјоделски субвенции, намалени се и за 10 милиони денари средствата за здруженијата на инвалидни лица и за организациите кои се борат против семејно насилство и други поврзани области,... Ковачевски се осврна и на економските показатели, нагласувајќи дека според ребалансот, 4,9 проценти е дефицитот од планираниот БДП што е зголемување од една третина во однос на оригинално планираниот дефицит.
СДСМ нема да ја одолговлекува расправата за ребалансот. Во текот на комисиската расправа, СДСМ и коалицијата поднесоа 58 амандмани од кои не беше прифатен нту еден. Во делот на плати не се обезбедени срдетсва за континуиран раст на платите и за пораст на минималната плата, не се определени средства за раст на платите во образованието иако постојат поголеми приходи во Буџетот, не се предвидени средства за покривање на обврските од социјална заштита, ниту за покачување на правата за детска заштита, намалени се средствата за ИПАРД програмата, односно за земјоделците, како и средствата за авансна исплата на земјоделските субвенции,..., истакна Ковачевски кој ги спомна и новите четири министерства кои во тековниот буџет, напомена, немаат можност да исплатат плати на вработените.
Реплицираше Игор Здравковски од ВМРО-ДПМНЕ.
Ги задолживте и живите и неродените. Сега 1,8 милијареди треба да се вратат само по основ на камата за направените задолжувања, истакна Здравковски.
Во претходниот дел од расправата, министерката Димитриеска Кочоска го оцени ребалансот како обид на новата Влада да обезбеди ликвидност за редовно сервисирање на сите обврски до крајот на годината со истовремено обезбедување нормално функционирање на институциите и реализација на проектите кои што имаат соодветна динамика.

The post Ковачевски: СДСМ и коалицијата нема да го поддржат ребалансот appeared first on Република.

]]>
Почна пленарната расправа за ребалансот на Буџетот за 2024 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/pochna-plenarnata-rasprava-za-rebalansot-na-budhetot-za-2024-godina/ Mon, 12 Aug 2024 14:06:56 +0000 https://republika.mk/?p=805898

Собранието во рамките на 12-тата седница ја почна расправата за ребалансот на Буџетот за 2024 година која може да трае најмногу три дена. Со првичниот Предлог за изменување и дополнување на Буџетот за 2024 година вкупните приходи беа планирани на ниво од 318,2 милијарди денари, а расходите на ниво од 362,8 милијарди денари. Растот на БДП е проектиран на 2,1 процент, инфлацијата на ниво од 3,5 проценти, а буџетскиот дефицит на 4,9 проценти. Комисијата за финансирање и буџет во текот на амандманската расправа за ребалансот на Буџетот прифати два амандмана, за исплата на административците кои беа вклучени во спроведувањето на годинашните избори, како и за платено политичко рекламирање.

Со првиот усвоен амандман се предвидени 318 милиони денари за изборната администрација, а со вториот 32,169 милиони денари за платено политичко рекламирање, средства кои се наменети за исплата на законски обврски.

Како што информира во експозето министерската за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, дополнително, Владата по пат на реалокација обезбеди средства за повеќе комисии, агенции, совети, инспекторати, министерства и општини, како и за народниот правобранител и за одбележување на годишнината од склучувањето на Рамковниот договор.

Ребалансот на Буџетот за 2024 година Димитриеска Кочоска го оцени како обид на новата Влада да обезбеди ликвидност за редовно сервисирање на сите обврски до крајот на годината со истовремено обезбедување нормално функционирање на институциите и реализација на проектите кои што имаат соодветна динамика.

Со предложениот ребаланс ги исправаме пропустите направени со иницијалниот Буџет како што се недоволно испланирани средства за права коишто се законски предвидени, средства за сервисирање на доспеани обврски и средства за поддршка на економијата. Тоа значи да обезбедиме редовна исплата на плати, кои ќе бидат усогласени согласно Законот во септември, да обезбедиме редовна исплата на пензиите и да го реализираме нашето изборно ветување за линеарно зголемување на пензиите во септември, да ги исплатиме доспеаните обврски и да не ги одложуваме, рече Димитриеска Кочоска.

Тоа, како што кажа, го бара економијата, во која покрај најавениот поволен кредит за реализација на инвестиции ќе се вбризгаат дополнителни шест милијарди денари преку нивно ангажирање во реализацијата на проектите на локално ниво.

Тоа е еден од факторите со кои сакаме да ја поддржиме економијата, која како што покажуваат податоците забележа слаби резултати во првата половина од годината, потенцира Димитриеска Кочоска.

Претходно без расправа Собранието ги усвои првите шест точки на дневиот ред на седницата.

The post Почна пленарната расправа за ребалансот на Буџетот за 2024 година appeared first on Република.

]]>

Собранието во рамките на 12-тата седница ја почна расправата за ребалансот на Буџетот за 2024 година која може да трае најмногу три дена. Со првичниот Предлог за изменување и дополнување на Буџетот за 2024 година вкупните приходи беа планирани на ниво од 318,2 милијарди денари, а расходите на ниво од 362,8 милијарди денари. Растот на БДП е проектиран на 2,1 процент, инфлацијата на ниво од 3,5 проценти, а буџетскиот дефицит на 4,9 проценти. Комисијата за финансирање и буџет во текот на амандманската расправа за ребалансот на Буџетот прифати два амандмана, за исплата на административците кои беа вклучени во спроведувањето на годинашните избори, како и за платено политичко рекламирање. Со првиот усвоен амандман се предвидени 318 милиони денари за изборната администрација, а со вториот 32,169 милиони денари за платено политичко рекламирање, средства кои се наменети за исплата на законски обврски. Како што информира во експозето министерската за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, дополнително, Владата по пат на реалокација обезбеди средства за повеќе комисии, агенции, совети, инспекторати, министерства и општини, како и за народниот правобранител и за одбележување на годишнината од склучувањето на Рамковниот договор. Ребалансот на Буџетот за 2024 година Димитриеска Кочоска го оцени како обид на новата Влада да обезбеди ликвидност за редовно сервисирање на сите обврски до крајот на годината со истовремено обезбедување нормално функционирање на институциите и реализација на проектите кои што имаат соодветна динамика.
Со предложениот ребаланс ги исправаме пропустите направени со иницијалниот Буџет како што се недоволно испланирани средства за права коишто се законски предвидени, средства за сервисирање на доспеани обврски и средства за поддршка на економијата. Тоа значи да обезбедиме редовна исплата на плати, кои ќе бидат усогласени согласно Законот во септември, да обезбедиме редовна исплата на пензиите и да го реализираме нашето изборно ветување за линеарно зголемување на пензиите во септември, да ги исплатиме доспеаните обврски и да не ги одложуваме, рече Димитриеска Кочоска.
Тоа, како што кажа, го бара економијата, во која покрај најавениот поволен кредит за реализација на инвестиции ќе се вбризгаат дополнителни шест милијарди денари преку нивно ангажирање во реализацијата на проектите на локално ниво.
Тоа е еден од факторите со кои сакаме да ја поддржиме економијата, која како што покажуваат податоците забележа слаби резултати во првата половина од годината, потенцира Димитриеска Кочоска.
Претходно без расправа Собранието ги усвои првите шест точки на дневиот ред на седницата.

The post Почна пленарната расправа за ребалансот на Буџетот за 2024 година appeared first on Република.

]]>
Почнува собраниската расправа за ребаланс на буџетот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/pochnuva-sobraniskata-rasprava-za-rebalans-na-budhetot/ Mon, 12 Aug 2024 06:20:32 +0000 https://republika.mk/?p=805607

Во Собранието денеска започнува тридневната расправа за ребалансот на Буџетот за 2024 година. Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот за 2024 година, во второ читање, е седма точка од дневниот ред на 12. собраниска седница.

Согласно Деловникот на Собранието, претресот по предлогот за изменување и дополнување на Буџетот, односно по дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот на седница на Собрание трае најмногу три дена. Пратеникот во текот на претресот може да говори повеќе пати во траење од вкупно 20 минути, а координатор на пратеничка група вкупно 30 минути. Претставникот на Владата може да говори повеќе пати, но не повеќе од 30 минути вкупно.

Ребалансот ги помина општиот претрес и амандманската расправа во Комисијата за финансирање и Буџет во која беа усвоени два амандмани, по што Владата на 6 август, го донесе и дополнетиот ребаланс на Буџетот со кој, како што соопшти, се обезбедуваат плус средства - за плати и за набавка на опрема за повеќе институции.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска викендов во интервју за Националната телевизија изјави дека со ребалансот на Буџетот се обезбедени пари за сите обврски коишто се согласно закон и тие ќе се сервисираат.

-Голем притисок којшто се прави врз Буџетот доаѓа од исплатата на гаранциите, односно кредити за одредени јавни претпријатија коишто не се во состојба да ги вратат, потенцира Димитриеска-Кочоска.

Во ребалансот, како што вели таа, е испланирано да се исплати се она што е согласно закон и законски измени.

-Предвидени се средства и за доспеаните обврски, коишто иако биле доспеани не биле воопшто евидентирани во ЕСПЕО системот на Министерството за финансии. При тоа даваме приоритет на сервисирањето на она што е сигурно за плаќање согласно закон. На дел од доспеаните обврски се прави ревизија по што ќе се направат исплати согласно утврдените анализи. Во фаза сме кога може да трошиме толку колку што ќе наплатиме со цел да не креираме дополнителен буџетски дефицит, којшто е веќе зголемен за 181 милион евра, рече министерката.

Таа додаде дека сериозна тежина претставуваат исплатите на гаранциите кое влијае на реализацијата на инвестиции.

- Станува збор за сериозна тежина којашто се прави врз Буџетот од исплатата на гаранциите, затоа што поради корупција и криминал некои претпријатија се уништени и сето тоа паѓа на товар на државата. И наместо да обезбедиме 100 милиони евра за инвестиции во здравство, образование и слично, ние враќаме гаранции, односно кредити на јавните претпријатија коишто не се во состојба да ги вратат. На пример само за ЈПДП годинава сервисираме 90 милиони евра. Ако до минатата година ова претпријатие било во состојба да плати една рата во годината, сега не може да сервисира ниту една, потенцира Димитриеска-Кочоска и додаде дека тоа се случува во момент кога Буџетот е во тешка состојба, а државата како крајна инстанца мора да обезбеди пари за враќање на кредитите.

За најавеното линеарно зголемување на пензиите смета дека тоа е нешто што го заслужуваат пензионерите.

- Ако на некој со пензија од 13.000 денари му додадете 5.000 денари, значи му давате пари за да преживее, имајќи ги предвид зголемените трошоци. Ние само ја менуваме методологијата со која се фокусираме тие што имаат пониски пензии да добијат поголем износ и со тоа да се намали јазот со повисоките пензии, рече министерката за финансии.

Билатераниот заем од Унгарија, според министерката не прави дополнителен притисок врз Буџетот, бидејќи, како што вели, износот од 500 милиони евра е предвиден од претходната Влада.

-Она што го правиме ние е обезбедување поевтини пари. Односно доколку отидевме со изддавање еврообврзница ќе добиевме средства со камата од над 6%, а овој заем е со камата од 3,25%, рече Димитриеска-Кочоска.

Министерката истакна дека јавниот долг може да биде одржлив преку справување со неформалната економоија и дека важен аспект е и на кој начин се трошат парите што се позајмуваат, односно дали тие се трошат за инвестиции.

Минатата недела образложувајќи го дополнетиот ребаланс што го усвои Владата, Диомитриеска Кочоска истакна дека се проектирани преку 4,1 милијарда денари за исплата на плати, 5,1 милијарда денари за пензии, 800 милиони денари за корисниците на гарантирана минимална помош, 1,7 милијарди денари за здравствена заштитра, една милијарда за ТИРЗ, 1,7 милијарди за субвенции во земјоделство, 437 милиони за студентски оброк и 207 милиони за стипендии, како и шест милијарди денари за проекти во општините.

Со дополнувањето на ребалансот се обезедени дополнителни средства за повеќе институции:  Државната изборна комисија, Комисијата за заштита на конуренција, Агенцијата за заштита на лични податоци, МВР, Инспекцискиот совет, министерствата за образование и за транспорт и врски, Царинската управа, судската власт, Јавното обвинителство, Народниот правобранител, Советот на јавни обвинители, МАНУ,...

The post Почнува собраниската расправа за ребаланс на буџетот appeared first on Република.

]]>

Во Собранието денеска започнува тридневната расправа за ребалансот на Буџетот за 2024 година. Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот за 2024 година, во второ читање, е седма точка од дневниот ред на 12. собраниска седница. Согласно Деловникот на Собранието, претресот по предлогот за изменување и дополнување на Буџетот, односно по дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот на седница на Собрание трае најмногу три дена. Пратеникот во текот на претресот може да говори повеќе пати во траење од вкупно 20 минути, а координатор на пратеничка група вкупно 30 минути. Претставникот на Владата може да говори повеќе пати, но не повеќе од 30 минути вкупно. Ребалансот ги помина општиот претрес и амандманската расправа во Комисијата за финансирање и Буџет во која беа усвоени два амандмани, по што Владата на 6 август, го донесе и дополнетиот ребаланс на Буџетот со кој, како што соопшти, се обезбедуваат плус средства - за плати и за набавка на опрема за повеќе институции. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска викендов во интервју за Националната телевизија изјави дека со ребалансот на Буџетот се обезбедени пари за сите обврски коишто се согласно закон и тие ќе се сервисираат. -Голем притисок којшто се прави врз Буџетот доаѓа од исплатата на гаранциите, односно кредити за одредени јавни претпријатија коишто не се во состојба да ги вратат, потенцира Димитриеска-Кочоска. Во ребалансот, како што вели таа, е испланирано да се исплати се она што е согласно закон и законски измени. -Предвидени се средства и за доспеаните обврски, коишто иако биле доспеани не биле воопшто евидентирани во ЕСПЕО системот на Министерството за финансии. При тоа даваме приоритет на сервисирањето на она што е сигурно за плаќање согласно закон. На дел од доспеаните обврски се прави ревизија по што ќе се направат исплати согласно утврдените анализи. Во фаза сме кога може да трошиме толку колку што ќе наплатиме со цел да не креираме дополнителен буџетски дефицит, којшто е веќе зголемен за 181 милион евра, рече министерката. Таа додаде дека сериозна тежина претставуваат исплатите на гаранциите кое влијае на реализацијата на инвестиции. - Станува збор за сериозна тежина којашто се прави врз Буџетот од исплатата на гаранциите, затоа што поради корупција и криминал некои претпријатија се уништени и сето тоа паѓа на товар на државата. И наместо да обезбедиме 100 милиони евра за инвестиции во здравство, образование и слично, ние враќаме гаранции, односно кредити на јавните претпријатија коишто не се во состојба да ги вратат. На пример само за ЈПДП годинава сервисираме 90 милиони евра. Ако до минатата година ова претпријатие било во состојба да плати една рата во годината, сега не може да сервисира ниту една, потенцира Димитриеска-Кочоска и додаде дека тоа се случува во момент кога Буџетот е во тешка состојба, а државата како крајна инстанца мора да обезбеди пари за враќање на кредитите. За најавеното линеарно зголемување на пензиите смета дека тоа е нешто што го заслужуваат пензионерите.
- Ако на некој со пензија од 13.000 денари му додадете 5.000 денари, значи му давате пари за да преживее, имајќи ги предвид зголемените трошоци. Ние само ја менуваме методологијата со која се фокусираме тие што имаат пониски пензии да добијат поголем износ и со тоа да се намали јазот со повисоките пензии, рече министерката за финансии.
Билатераниот заем од Унгарија, според министерката не прави дополнителен притисок врз Буџетот, бидејќи, како што вели, износот од 500 милиони евра е предвиден од претходната Влада. -Она што го правиме ние е обезбедување поевтини пари. Односно доколку отидевме со изддавање еврообврзница ќе добиевме средства со камата од над 6%, а овој заем е со камата од 3,25%, рече Димитриеска-Кочоска. Министерката истакна дека јавниот долг може да биде одржлив преку справување со неформалната економоија и дека важен аспект е и на кој начин се трошат парите што се позајмуваат, односно дали тие се трошат за инвестиции. Минатата недела образложувајќи го дополнетиот ребаланс што го усвои Владата, Диомитриеска Кочоска истакна дека се проектирани преку 4,1 милијарда денари за исплата на плати, 5,1 милијарда денари за пензии, 800 милиони денари за корисниците на гарантирана минимална помош, 1,7 милијарди денари за здравствена заштитра, една милијарда за ТИРЗ, 1,7 милијарди за субвенции во земјоделство, 437 милиони за студентски оброк и 207 милиони за стипендии, како и шест милијарди денари за проекти во општините. Со дополнувањето на ребалансот се обезедени дополнителни средства за повеќе институции:  Државната изборна комисија, Комисијата за заштита на конуренција, Агенцијата за заштита на лични податоци, МВР, Инспекцискиот совет, министерствата за образование и за транспорт и врски, Царинската управа, судската власт, Јавното обвинителство, Народниот правобранител, Советот на јавни обвинители, МАНУ,...

The post Почнува собраниската расправа за ребаланс на буџетот appeared first on Република.

]]>
Гордана Димитриеска-Кочоска: Обезбедивме пари за плати и набавка на опрема https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/gordana-dimitrieska-kochoska-obezbedivme-pari-za-plati-i-nabavka-na-oprema/ Tue, 06 Aug 2024 16:05:24 +0000 https://republika.mk/?p=803972

Oткако во собраниската Комисија за финансирање и буџет беше разгледан Предлог-ребалансот и во рамки на која се отвори конструктивна расправа, Владата го усвои Дополнетиот предлог за измени и дополнувања на Буџетот за 2024 година, кој ќе биде испратен повторно во Собранието за негово разгледување и усвојување на пленарна седница.

Според министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, дополнетиот Ребаланс на Буџетот за 2024 година одговори на неколку дополнителни предизвици за кои се појави потреба да се направи надополнување во буџетите на одредени буџетски корисници.

Со дополнувањето кое ќе го доставиме на усвојување во Собранието се обезедија надополнувања во: Државната изборна комисија, Комисијата за заштита на конкуренцијата, Агенцијата за заштита на лични податоци, Оперативно-техничката агенција, Инспекцискиот совет, Министерството за внатрешни работи, Министерството за транспорт и врски, Министерството за образование, Царинската управа, судската власт, Јавното обвинителство, Советот на јавни обвинители, Народен правобранител и слично. Поконкретно, со надополнувањата се обезбедуваат средства за исплата на плати, како и за набавка на опрема. Меѓу другото во Државната изборна комисија се дополни износ од 350 милиони денари, 147 илјади денари за набавка на опрема во Инспекциски совет, 60.000.000 денари во МВР за набавка на материјали за лични документи, 87,2 милиони за дореализација на Проект Брана Отиња и дополнителни 20 милиони денари се наменети за надомест за одземен имот за Проектот Брана Отиња (експропријација), кај Македонската академија на науките и уметностите 18,7 милиони денари за научно истражувачки проекти и 3,3 милиони за набавка на опрема, како и 138.000 денари за дореализација за набавка на опрема кај Народниот правобранител - изјави министерката.

Таа додаде дека ребалансот е документ којшто го подготвиле и го надоградивле, а со него ги надоместуваат пропустите во планирањето на иницијалниот Буџет и обезбедуваат средства за исплата на сите права согласно закон.

На тој начин обезбедивме средства за целосно сервисирање на сите права и доспеани обврски до крајот на годината, средства за пензионерите, за вработените во администрацијата, за бизнисот, за здравство и слично - посочи Гордана Димитриеска-Кочоска

Таа тврди дека со Ребаланс на Буџет се обезбедени:

-Над 4 милијарда денари дополнителни средства за исплата на плати. Средства потребни за реализација на преземените обврски за зголемувањето на платите согласно потпишаните колективни договори и законските решенија кои беа донесени по усвојување на Буџетот на РМ за 2024 година и тоа:

Колективниот договор на УКИМ и измената на законите за високо образoвание и научно истражувачката дејност,
Усогласување со минималната плата за вработените каде минималната плата претставува компонента на основната плата
Усогласување на платите според индексот на трошоци на живот за првите шест месеци од годината, согласно одредбите од Општиот колективен договор за вработените во јавниот сектор и ова право ќе биде исплатено со септемвриската плата на вработените

- 5,1 милијарди денари дополнително за исплата на пензии и обезбедување подобар и поквалитетен живот на највозрасните граѓаните.

-За корисниците на правото на гарантирана минимална помош обезбедена е дополнителна финансиска поддршка од околу 800 милиони денари.

- за здравствена заштита обезбедени се дополнителни 1,7 милијарди денари, наменети за здравствено осигурување, боледувања и исплата на обврски,

Дополнително обезбедени се уште:

- 1 милијарда денари за ТИРЗ,

-за субвенции и трансфери за директна финансиска поддршка во земјоделскиот сектор дополнителни 1,7 милијарди денари.

- за студентски оброк дополнителни 437 милиони денари, како и 207 милиони денари за исплата на стипендии.

Со ребалансот на Буџетот извдвоивме 6 милијарди денари за проекти во општините.

Намерата на Владата е со овој Ребаланс да обезбедиме непречено сервисирање на обврските кон огромен број на граѓани и компании, вклучувајќи ги младите, спортистите, земјоделците, пензионерите, како и вработените во администрацијата преку исполнување на нивните права согласно колективните договори. Стоиме исправени пред предизвикот да ги решиме отворените прашања и да одиме чекор по чекор во исполнување на нашите политики за подобар живот на сите граѓаните - рече министерката.

The post Гордана Димитриеска-Кочоска: Обезбедивме пари за плати и набавка на опрема appeared first on Република.

]]>

Oткако во собраниската Комисија за финансирање и буџет беше разгледан Предлог-ребалансот и во рамки на која се отвори конструктивна расправа, Владата го усвои Дополнетиот предлог за измени и дополнувања на Буџетот за 2024 година, кој ќе биде испратен повторно во Собранието за негово разгледување и усвојување на пленарна седница. Според министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, дополнетиот Ребаланс на Буџетот за 2024 година одговори на неколку дополнителни предизвици за кои се појави потреба да се направи надополнување во буџетите на одредени буџетски корисници.
Со дополнувањето кое ќе го доставиме на усвојување во Собранието се обезедија надополнувања во: Државната изборна комисија, Комисијата за заштита на конкуренцијата, Агенцијата за заштита на лични податоци, Оперативно-техничката агенција, Инспекцискиот совет, Министерството за внатрешни работи, Министерството за транспорт и врски, Министерството за образование, Царинската управа, судската власт, Јавното обвинителство, Советот на јавни обвинители, Народен правобранител и слично. Поконкретно, со надополнувањата се обезбедуваат средства за исплата на плати, како и за набавка на опрема. Меѓу другото во Државната изборна комисија се дополни износ од 350 милиони денари, 147 илјади денари за набавка на опрема во Инспекциски совет, 60.000.000 денари во МВР за набавка на материјали за лични документи, 87,2 милиони за дореализација на Проект Брана Отиња и дополнителни 20 милиони денари се наменети за надомест за одземен имот за Проектот Брана Отиња (експропријација), кај Македонската академија на науките и уметностите 18,7 милиони денари за научно истражувачки проекти и 3,3 милиони за набавка на опрема, како и 138.000 денари за дореализација за набавка на опрема кај Народниот правобранител - изјави министерката.
Таа додаде дека ребалансот е документ којшто го подготвиле и го надоградивле, а со него ги надоместуваат пропустите во планирањето на иницијалниот Буџет и обезбедуваат средства за исплата на сите права согласно закон.
На тој начин обезбедивме средства за целосно сервисирање на сите права и доспеани обврски до крајот на годината, средства за пензионерите, за вработените во администрацијата, за бизнисот, за здравство и слично - посочи Гордана Димитриеска-Кочоска
Таа тврди дека со Ребаланс на Буџет се обезбедени: -Над 4 милијарда денари дополнителни средства за исплата на плати. Средства потребни за реализација на преземените обврски за зголемувањето на платите согласно потпишаните колективни договори и законските решенија кои беа донесени по усвојување на Буџетот на РМ за 2024 година и тоа: Колективниот договор на УКИМ и измената на законите за високо образoвание и научно истражувачката дејност, Усогласување со минималната плата за вработените каде минималната плата претставува компонента на основната плата Усогласување на платите според индексот на трошоци на живот за првите шест месеци од годината, согласно одредбите од Општиот колективен договор за вработените во јавниот сектор и ова право ќе биде исплатено со септемвриската плата на вработените - 5,1 милијарди денари дополнително за исплата на пензии и обезбедување подобар и поквалитетен живот на највозрасните граѓаните. -За корисниците на правото на гарантирана минимална помош обезбедена е дополнителна финансиска поддршка од околу 800 милиони денари. - за здравствена заштита обезбедени се дополнителни 1,7 милијарди денари, наменети за здравствено осигурување, боледувања и исплата на обврски, Дополнително обезбедени се уште: - 1 милијарда денари за ТИРЗ, -за субвенции и трансфери за директна финансиска поддршка во земјоделскиот сектор дополнителни 1,7 милијарди денари. - за студентски оброк дополнителни 437 милиони денари, како и 207 милиони денари за исплата на стипендии. Со ребалансот на Буџетот извдвоивме 6 милијарди денари за проекти во општините.
Намерата на Владата е со овој Ребаланс да обезбедиме непречено сервисирање на обврските кон огромен број на граѓани и компании, вклучувајќи ги младите, спортистите, земјоделците, пензионерите, како и вработените во администрацијата преку исполнување на нивните права согласно колективните договори. Стоиме исправени пред предизвикот да ги решиме отворените прашања и да одиме чекор по чекор во исполнување на нашите политики за подобар живот на сите граѓаните - рече министерката.

The post Гордана Димитриеска-Кочоска: Обезбедивме пари за плати и набавка на опрема appeared first on Република.

]]>
Владата усвои дополнет ребаланс на Буџетот, обезбедени плус средства за повеќе институции https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-usvoi-dopolnet-rebalans-na-budhetot-obezbedeni-plus-sredstva-za-poveke-institutsii/ Tue, 06 Aug 2024 15:13:18 +0000 https://republika.mk/?p=803956

Владата усвои дополнет ребаланс на Буџетот за 2024 година со кој се обезбедуваат дополнителни средства за повеќе институции: Државната изборна комисија, Комисијата за заштита на конуренција, Агенцијата за заштита на лични податоци, МВР, Инспекцискиот совет, министерствата за образование и за транспорт и врски, Царинската управа, судската власт, Јавното обвинителство, Народниот правобранител, Советот на јавни обвинители, МАНУ,…

Како што рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на прес-конференција во Владата, со дополнетиот буџет се обезбедуваат средства за исплата на плати и набавка на опрема.

-ДИК доби дополнителни 350 милиони денари, Инспекцискиот совет 147 милиони, МВР 60 милиони за набавка на материјали за лични документи, МАНУ 18,7 милиони за научно-истражувачки проекти и 3,3 милиони за набавака на опрема, информира министерката.

Димитриеска-Кочоска посочи дека дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2024 ќе биде доставен на разгледување и усвојување во Собранието.

The post Владата усвои дополнет ребаланс на Буџетот, обезбедени плус средства за повеќе институции appeared first on Република.

]]>

Владата усвои дополнет ребаланс на Буџетот за 2024 година со кој се обезбедуваат дополнителни средства за повеќе институции: Државната изборна комисија, Комисијата за заштита на конуренција, Агенцијата за заштита на лични податоци, МВР, Инспекцискиот совет, министерствата за образование и за транспорт и врски, Царинската управа, судската власт, Јавното обвинителство, Народниот правобранител, Советот на јавни обвинители, МАНУ,… Како што рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на прес-конференција во Владата, со дополнетиот буџет се обезбедуваат средства за исплата на плати и набавка на опрема.
-ДИК доби дополнителни 350 милиони денари, Инспекцискиот совет 147 милиони, МВР 60 милиони за набавка на материјали за лични документи, МАНУ 18,7 милиони за научно-истражувачки проекти и 3,3 милиони за набавака на опрема, информира министерката.
Димитриеска-Кочоска посочи дека дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2024 ќе биде доставен на разгледување и усвојување во Собранието.

The post Владата усвои дополнет ребаланс на Буџетот, обезбедени плус средства за повеќе институции appeared first on Република.

]]>
Ребалансот на буџетот мора да се донесе за најмногу три дена https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/rebalansot-na-budhetot-mora-da-se-donese-za-najmnogu-tri-dena/ Tue, 06 Aug 2024 06:04:19 +0000 https://republika.mk/?p=803704

Ребалансот на буџетот ја помина собраниската Комисија за финансирање и буџет, по што треба да добие поддршка на пленарна седница, која може да трае најмногу три дена. Општата расправа на Комисијата за ребалансот траеше три дена, а амандманската заврши вчера.

За ребалансот пратениците поднесоа вкупно 58 амадмани, дел од нив повлекоа, другите беа одбиени. Прифатени беа само два амандмана - за исплата на административците и за политичко рекламирање кои беа вклучени во спроведувањето на годинашните избори, што ги поднесоа пратениците Бојан Стојаноски и Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ непосредно пред завршувањето на седницата.

Стојаноски со амандманот побара 318 милиони денари за изборната администрација, а Стојаноска 32,169 милиони денари за платено политичко рекламирање.

Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски рече дека двата амандмана се прифатливи, зашто, објасни, се работи за исплата на законски обврски.

Според пратениците од Европски фронт ребалансот на буџетот е нелегитимен, нереален, селективен и популистички, поради што најавија дека нема да го поддржат.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ планира ребалансот на буџетот за 2024-та година да биде донесен во втората недела од август, по што, како што вели пратеникот Бојан Стојановски, ќе започне консолидацијата на затегнатите состојби.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска образложувајќи го ребалансот на собраниската Комисија, нагласи дека е креиран согласно затекнатите состојби во Буџетот. Како што рече Димитриеска-Кочоска, обезбедени се средства за се што треба да се исплати согласно закон.

Ре

Со Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2024 година вкупните приходи се планирани на 318,2 милијарди денари, а расходите на 362,8 милијарди денари. Растот на БДП е проектиран на 2,1 процент, инфлацијата на ниво од 3,5 проценти, а буџетскиот дефицит на 4,9 проценти.

The post Ребалансот на буџетот мора да се донесе за најмногу три дена appeared first on Република.

]]>

Ребалансот на буџетот ја помина собраниската Комисија за финансирање и буџет, по што треба да добие поддршка на пленарна седница, која може да трае најмногу три дена. Општата расправа на Комисијата за ребалансот траеше три дена, а амандманската заврши вчера. За ребалансот пратениците поднесоа вкупно 58 амадмани, дел од нив повлекоа, другите беа одбиени. Прифатени беа само два амандмана - за исплата на административците и за политичко рекламирање кои беа вклучени во спроведувањето на годинашните избори, што ги поднесоа пратениците Бојан Стојаноски и Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ непосредно пред завршувањето на седницата. Стојаноски со амандманот побара 318 милиони денари за изборната администрација, а Стојаноска 32,169 милиони денари за платено политичко рекламирање. Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски рече дека двата амандмана се прифатливи, зашто, објасни, се работи за исплата на законски обврски. Според пратениците од Европски фронт ребалансот на буџетот е нелегитимен, нереален, селективен и популистички, поради што најавија дека нема да го поддржат. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ планира ребалансот на буџетот за 2024-та година да биде донесен во втората недела од август, по што, како што вели пратеникот Бојан Стојановски, ќе започне консолидацијата на затегнатите состојби. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска образложувајќи го ребалансот на собраниската Комисија, нагласи дека е креиран согласно затекнатите состојби во Буџетот. Како што рече Димитриеска-Кочоска, обезбедени се средства за се што треба да се исплати согласно закон. Ре Со Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2024 година вкупните приходи се планирани на 318,2 милијарди денари, а расходите на 362,8 милијарди денари. Растот на БДП е проектиран на 2,1 процент, инфлацијата на ниво од 3,5 проценти, а буџетскиот дефицит на 4,9 проценти.

The post Ребалансот на буџетот мора да се донесе за најмногу три дена appeared first on Република.

]]>
Петти ден амандманска расправа за ребалансот на Буџетот за 2024 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/petti-den-amandmanska-rasprava-za-rebalansot-na-budhetot-za-2024-godina/ Mon, 05 Aug 2024 06:14:48 +0000 https://republika.mk/?p=803334

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе продолжи амандманската расправа за Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2024 година со кој вкупните приходи се планирани на ниво од 318,2 милијарди денари, а расходите на ниво од 362,8 милијарди денари. Растот на БДП е проектиран на 2,1 процент, инфлацијата на ниво од 3,5 проценти, а буџетскиот дефицит на 4,9 проценти.

Согласно Деловникот, амандманската расправа, која денеска се одвива веќе петти ден, треба да заврши за шест дена. За ребалансот на Буџетот беа поднесени 58 амандмани, но во текот на расправата дел од нив беа повлечени од предлагачите.

Досега не е прифатен ниту еден амандман.

The post Петти ден амандманска расправа за ребалансот на Буџетот за 2024 година appeared first on Република.

]]>

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе продолжи амандманската расправа за Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2024 година со кој вкупните приходи се планирани на ниво од 318,2 милијарди денари, а расходите на ниво од 362,8 милијарди денари. Растот на БДП е проектиран на 2,1 процент, инфлацијата на ниво од 3,5 проценти, а буџетскиот дефицит на 4,9 проценти. Согласно Деловникот, амандманската расправа, која денеска се одвива веќе петти ден, треба да заврши за шест дена. За ребалансот на Буџетот беа поднесени 58 амандмани, но во текот на расправата дел од нив беа повлечени од предлагачите. Досега не е прифатен ниту еден амандман.

The post Петти ден амандманска расправа за ребалансот на Буџетот за 2024 година appeared first on Република.

]]>
Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/prodolzhuva-amandmanskata-rasprava-za-rebalansot-na-budhetot/ Thu, 01 Aug 2024 07:14:58 +0000 https://republika.mk/?p=802146

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска продолжува амандманската расправа по релабансот на Буџетот за 2024 година.

Поднесени се 58 амадмани, а во изминатите денови поминати, но неприфатени се 20-тина амандмани.

Според очекувањата на владејачкото мнозинство, ребалансот треба да биде усвоен во втората недела од август.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во експозето на почетокот на расправата за ребалансот на Буџетот посочи дека тој е скроен согласно затекнатите состојби во Буџетот и дека се обезбедени средства за се она што треба да се исплати согласно закон.

За пратениците од парламентарното мнозинство, ребалансот е за спас на државата затоа што средствата во Буџетот биле планирани само за првите шест месеци од годината и фалат пари за обврски што треба да се исплатат од страна на државата, додека оценката на опозицијата е дека ребалансот е скроен за да ги задоволи коалициските договарања и не се работи за никакво штедење затоа што од Буџетот треба да се исплатат најмалку 12 нови функционери од четирите нови министерства.

The post Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот appeared first on Република.

]]>

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска продолжува амандманската расправа по релабансот на Буџетот за 2024 година. Поднесени се 58 амадмани, а во изминатите денови поминати, но неприфатени се 20-тина амандмани. Според очекувањата на владејачкото мнозинство, ребалансот треба да биде усвоен во втората недела од август. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во експозето на почетокот на расправата за ребалансот на Буџетот посочи дека тој е скроен согласно затекнатите состојби во Буџетот и дека се обезбедени средства за се она што треба да се исплати согласно закон. За пратениците од парламентарното мнозинство, ребалансот е за спас на државата затоа што средствата во Буџетот биле планирани само за првите шест месеци од годината и фалат пари за обврски што треба да се исплатат од страна на државата, додека оценката на опозицијата е дека ребалансот е скроен за да ги задоволи коалициските договарања и не се работи за никакво штедење затоа што од Буџетот треба да се исплатат најмалку 12 нови функционери од четирите нови министерства.

The post Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот appeared first on Република.

]]>
Стојаноска: Со усвојувањето на Ребалансот на Буџетот почнува консолидацијата на Република Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/stojanoska-so-usvojuvaneto-na-rebalansot-na-budhetot-pochnuva-konsolidatsijata-na-republika-makedonija/ Tue, 30 Jul 2024 10:10:36 +0000 https://republika.mk/?p=801597

Со усвојувањето на Ребалансот на Буџетот за 2024 година почнува консолидацијата на Република Македонија.Дури и со ваква опустошена државна каса, доколку има волја, знаење и капацитет може да почнат промените на подобро, вели Дафина Стојаноска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со овој Ребаланс ќе започнат и клучни реформи во секторот Здравство. Обезбедени се финансии за почетокот на реализацијата на проектот за вработување на приватните специјализанти. До крајот на оваа година, македонските болници ќе бидат посилни за 300 млади доктори специјалисти. 300 специјалисти оваа, а 300 догодина ќе бидат соодветно ангажирани во здравствениот систем и на тој начин ќе се зголеми квалитетот на самата здравствена услуга. Докторите нема повеќе да ја напуштаат државата бидејќи таа ќе се грижи за нив, истакна таа.

Стојаноска вели дека во Ребалансот исто така има обезбедено средства и за проширување на позитивната листа на лекови.

-Прв пат по 15 години, позитивната листа ќе биде проширена и македонските граѓани ќе плаќаат поевтини лекови. Во рамки на првиот пакет реформи во секторот здравство е и укинувањето на економските директори т.е. дуализмот кој не ги даде посакуваните резултати. Ваквата промена со системот на здравствена заштита ќе има позитивни фискални импликации од неколку милиони евра годишно. За крај, во периодот што претстои ќе се заложиме во најбрз можен рок да заврши изградбата и да се пуштат во употреба болниците во Штип и во Кичево кои се од исклучително значење за голем број граѓани од овие региони, истакна пратеничката.

The post Стојаноска: Со усвојувањето на Ребалансот на Буџетот почнува консолидацијата на Република Македонија appeared first on Република.

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот, седница ќе одржи и Законодавно правната комисија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prodolzhuva-amandmanskata-rasprava-za-rebalansot-na-budhetot-sednitsa-ke-odrzhi-i-zakonodavno-pravnata-komisija/ Tue, 30 Jul 2024 05:53:08 +0000 https://republika.mk/?p=801477

Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно правната комисија.

На седницата на Комисијата за финансирање и буџет втор ден продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот. Вчера, на првиот ден од амадманската расправа не беше прифатен амандманот поднесен од СДСМ со кој се бараше да се обезбедат 200 милиони евра за зголемување на платите и надоместоците согласно обврските од законската регулатива и потпишаните колективни договори.

На Предлог ребалансот на Буџетот поднесени се вкупно 58 амадмани, а расправата трае шест дена.

На седницата на Законодавно правна комисија пратениците ќе расправаат по Предлог измените на Законот за здравствената заштита, во второ читање.

The post Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот, седница ќе одржи и Законодавно правната комисија appeared first on Република.

]]>

Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно правната комисија. На седницата на Комисијата за финансирање и буџет втор ден продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот. Вчера, на првиот ден од амадманската расправа не беше прифатен амандманот поднесен од СДСМ со кој се бараше да се обезбедат 200 милиони евра за зголемување на платите и надоместоците согласно обврските од законската регулатива и потпишаните колективни договори. На Предлог ребалансот на Буџетот поднесени се вкупно 58 амадмани, а расправата трае шест дена. На седницата на Законодавно правна комисија пратениците ќе расправаат по Предлог измените на Законот за здравствената заштита, во второ читање.

The post Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот, седница ќе одржи и Законодавно правната комисија appeared first on Република.

]]>
Димитриеска-Кочоска: Ребалансот значи спроведување на колективните договори и сите други обврски, од 2025 може да размислуваме за развоен буџет https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dimitrieska-kochoska-rebalansot-znachi-sproveduvane-na-kolektivnite-dogovori-i-site-drugi-obvrski-od-2025-mozhe-da-razmisluvame-za-razvoen-budhet/ Sat, 27 Jul 2024 19:37:45 +0000 https://republika.mk/?p=800910

Вработените во јавниот сектор ќе ги добијат правата коишто ги предвидува Општиот колективен договор. Со ребалансот на Буџетот обезбедивме средства и ќе се спроведе се што е предвидено со Колективниот договор, а ќе има и усогласување на платите предвидено со Закон.

Ова го посочи министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување на ТВ Алфа, во која најави дека ќе се работи на предизвикот со нееднаквоста на платите во различни институции.

„Усогласување на платите на вработените во јавниот сектор ќе има. Иако, прашањето е зошто за тоа не биле предвидени средства во Буџетот. Исто така ќе се спроведе и се она што подразбира Општиот колективен договор. Но, она што отвора дилема е што се донесол Закон за високо образование во Собранието со кој им се зголемуваат платите, при тоа не се планирани средства во Буџетот. Се потпишува Колективен договор во Министерство за одбрана, исто така не се предвидени средства. Се потпишувале колективни договори и се зголемувале плати. Но, навистина има одредени институции коишто од аспект на платите се во многу лоша состојба, во однос на други институции каде има големи плати. Тука претставуваат предизвик и платите во здравството, образованието. Но тоа е прашање што ќе се решава во наредниот период. Во платите на вработените на исто ниво во различни институции не треба да има толкави разлики“, рече министерката и додаде дека за да не се продолжи со таквата пракса и да се прави штета на одредени вработени дадена е насока да не се потпишуваат колективни договори без обезбедени средства за таа намена и дека таквата постапка ќе се спроведува преку Министерството за финансии.

Министерката оцени дека станува збор за буџет кој до крајот на годината обезбедува сервисирање на законските обврски и доспеаните обврски, со цел од следната година да може да се размислува за развоен буџет.

„Дали е развоен или не може да зборуваат, на крајот на денот, резултатите што ќе се остварат на крајот на годината. Резултатите на претходната Влада гледани преку БДП зборуваат дека не бил развоен и дека спроведувале катастрофални политики. Овој Буџет треба да ги сервисира законските обврски и доспеаните обврски, за да може следната година да размислуваме за развоен буџет“, истакна министерката за финансии, додавајќи дека се обезбедени средства за плати, пензии, студентски оброк, стипендии, спортски ваучери, социјални надоместоци…

Осврнувајќи се на состојбата со јавниот долг рече дека тој е двојно зголемен од 2017 година, а растот на БДП е поразителен.

„Прво треба да погледнеме како стигнавме до тој процент од 68% Не можам да дозволам да се коментира дека ќе имаме странско задолжување, затоа што тоа е планирано од претходната Влада. Да немавме избори ќе беше реализирано претходно. Она што се трудиме е да најдеме поевтина алтернатива за странското задолжување. Ако излеземе на пазарот со еврообрзница ќе плаќаме камата над 6%, а сега ќе плаќаме 3,25%. Она што е факт дека ние го зголемуваме долгот за 181 милион евра колку што е дефицитот. Планираме малку поголемо задолжување затоа што во јануари и февруари ни достасуваат големи кредити. И летгитимно е да сме загрижени затоа што не сакаме да дозволиме да ни падне кредитниот рејтинг“, посочи Димитриеска- Кочоска.

Во интервјуто вели дека нивото на јавниот долг е согласно постојната Фискална стратегија и дека со носењето на новата можно е ревидирање на нивото што ќе зависи од тоа дали ќе се реализираат одредени проекти како што е жеклезницата кон Бугарија.

Во гостувањето се осврна на состојбата во која е затекната буџетската каса, посочувајќи дека таа била во минус 3,6 милијарди денари, а на девизната сметка салдото било само 47 милиони евра.

The post Димитриеска-Кочоска: Ребалансот значи спроведување на колективните договори и сите други обврски, од 2025 може да размислуваме за развоен буџет appeared first on Република.

]]>

Вработените во јавниот сектор ќе ги добијат правата коишто ги предвидува Општиот колективен договор. Со ребалансот на Буџетот обезбедивме средства и ќе се спроведе се што е предвидено со Колективниот договор, а ќе има и усогласување на платите предвидено со Закон. Ова го посочи министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување на ТВ Алфа, во која најави дека ќе се работи на предизвикот со нееднаквоста на платите во различни институции.
„Усогласување на платите на вработените во јавниот сектор ќе има. Иако, прашањето е зошто за тоа не биле предвидени средства во Буџетот. Исто така ќе се спроведе и се она што подразбира Општиот колективен договор. Но, она што отвора дилема е што се донесол Закон за високо образование во Собранието со кој им се зголемуваат платите, при тоа не се планирани средства во Буџетот. Се потпишува Колективен договор во Министерство за одбрана, исто така не се предвидени средства. Се потпишувале колективни договори и се зголемувале плати. Но, навистина има одредени институции коишто од аспект на платите се во многу лоша состојба, во однос на други институции каде има големи плати. Тука претставуваат предизвик и платите во здравството, образованието. Но тоа е прашање што ќе се решава во наредниот период. Во платите на вработените на исто ниво во различни институции не треба да има толкави разлики“, рече министерката и додаде дека за да не се продолжи со таквата пракса и да се прави штета на одредени вработени дадена е насока да не се потпишуваат колективни договори без обезбедени средства за таа намена и дека таквата постапка ќе се спроведува преку Министерството за финансии.
Министерката оцени дека станува збор за буџет кој до крајот на годината обезбедува сервисирање на законските обврски и доспеаните обврски, со цел од следната година да може да се размислува за развоен буџет.
„Дали е развоен или не може да зборуваат, на крајот на денот, резултатите што ќе се остварат на крајот на годината. Резултатите на претходната Влада гледани преку БДП зборуваат дека не бил развоен и дека спроведувале катастрофални политики. Овој Буџет треба да ги сервисира законските обврски и доспеаните обврски, за да може следната година да размислуваме за развоен буџет“, истакна министерката за финансии, додавајќи дека се обезбедени средства за плати, пензии, студентски оброк, стипендии, спортски ваучери, социјални надоместоци…
Осврнувајќи се на состојбата со јавниот долг рече дека тој е двојно зголемен од 2017 година, а растот на БДП е поразителен.
„Прво треба да погледнеме како стигнавме до тој процент од 68% Не можам да дозволам да се коментира дека ќе имаме странско задолжување, затоа што тоа е планирано од претходната Влада. Да немавме избори ќе беше реализирано претходно. Она што се трудиме е да најдеме поевтина алтернатива за странското задолжување. Ако излеземе на пазарот со еврообрзница ќе плаќаме камата над 6%, а сега ќе плаќаме 3,25%. Она што е факт дека ние го зголемуваме долгот за 181 милион евра колку што е дефицитот. Планираме малку поголемо задолжување затоа што во јануари и февруари ни достасуваат големи кредити. И летгитимно е да сме загрижени затоа што не сакаме да дозволиме да ни падне кредитниот рејтинг“, посочи Димитриеска- Кочоска.
Во интервјуто вели дека нивото на јавниот долг е согласно постојната Фискална стратегија и дека со носењето на новата можно е ревидирање на нивото што ќе зависи од тоа дали ќе се реализираат одредени проекти како што е жеклезницата кон Бугарија. Во гостувањето се осврна на состојбата во која е затекната буџетската каса, посочувајќи дека таа била во минус 3,6 милијарди денари, а на девизната сметка салдото било само 47 милиони евра.

The post Димитриеска-Кочоска: Ребалансот значи спроведување на колективните договори и сите други обврски, од 2025 може да размислуваме за развоен буџет appeared first on Република.

]]>
И денеска продолжува расправата за ребаланс на буџетот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/i-deneska-prodolzhuva-raspravata-za-rebalans-na-budhetot/ Sat, 27 Jul 2024 06:57:06 +0000 https://republika.mk/?p=800665

На собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска трет ден по ред треба да продолжи општата расправа за ребалансот на Буџетот.

Според пратениците од власта, ова е најтешкиот ребаланс затоа што е врз база на најлошиот и најтешкиот Буџет. Посочија дека Буџетот кога бил предложен претходната власт кажала ќе биде развоен и ќе има реализација на капиталните инвестиции, а сега, велат, имаме потреба не само од фискална консолидација, туку и од консолидација на државата. Додека, па, според пратениците на опозицијата, овој ребаланс е најлошиот досега и со него нема раст на платите и пензиите, а зголемен е и јавниот долг од 58 на 68 отсто.

На вчерашниот втор ден, пратениците расправаа околу намалувањето на буџетот на судовите и јавните обвинителства. Според пратениците на опозицијата, институциите од судската власт треба да имаат поголеми буџети, додека, пак, според владините пратеници овој буџет им е премногу со доверба од само два проценти кај граѓаните.

Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски вчера на собраниската комисиска расправа истакна дека оваа Влада има намера да направи финансиска консолидација на целокупното стопанство, да ги екипира сите буџетски корисници и да направи контрола на непродуктивните трошења, ќе продолжи со зголемување на платите и пензиите, а обезбеди и средства од каде можеше за нормално функционирање на државата.

Реплицирајќи и на пратеничката Јованка Тренчевска од СДСМ според која овој ребаланс е најлошиот досега, Јанкуловски потенцира дека Владата ги креирала проекциите согласно состојбите што ги наследила.

„Ова е најлошиот ребаланс, и за граѓаните и за еконоимијата. Платите и пензиите во изминатите години растеа како никогаш досега, и просечната и минималната плата, а како резултат на тоа се подобруваше животот на граѓаните и тоа е непобитен факт, но и доказ за добрите политики на СДСМ. Во делот на пензиите, ако вие како ВМРО-ДПМНЕ ги зголемувавте 11 години како ние, наместо да ги лажете пензионерите со 600 денари, денеска ќе зборувавме за минимални пензии од 20.000 денари“, изјави Тренчевска.

Општата расправа за ребалансот на Буџетот трае најмногу три дена, а амандманската за која се поднесени 58 амадмани, шест дена. Завчера, на првиот ден од расправата, министерката Гордана Димитриеска-Кочоска го образложи ребалансот, нагласувајќи дека е креиран согласно затекнатите состојби во Буџетот. Како што рече Димитриеска-Кочоска, обезбедени се средства за се што треба да се исплати согласно закон.

Вкупните приходи во ребалансот на Буџетот се планирани на 318,2 милијарди денари, а расходите на 362,8 милијарди денари. Растот на БДП е проектиран на 2,1 процент, инфлацијата на ниво од 3,5 проценти, а буџетскиот дефицит на 4,9 проценти.

The post И денеска продолжува расправата за ребаланс на буџетот appeared first on Република.

]]>

На собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска трет ден по ред треба да продолжи општата расправа за ребалансот на Буџетот. Според пратениците од власта, ова е најтешкиот ребаланс затоа што е врз база на најлошиот и најтешкиот Буџет. Посочија дека Буџетот кога бил предложен претходната власт кажала ќе биде развоен и ќе има реализација на капиталните инвестиции, а сега, велат, имаме потреба не само од фискална консолидација, туку и од консолидација на државата. Додека, па, според пратениците на опозицијата, овој ребаланс е најлошиот досега и со него нема раст на платите и пензиите, а зголемен е и јавниот долг од 58 на 68 отсто. На вчерашниот втор ден, пратениците расправаа околу намалувањето на буџетот на судовите и јавните обвинителства. Според пратениците на опозицијата, институциите од судската власт треба да имаат поголеми буџети, додека, пак, според владините пратеници овој буџет им е премногу со доверба од само два проценти кај граѓаните. Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски вчера на собраниската комисиска расправа истакна дека оваа Влада има намера да направи финансиска консолидација на целокупното стопанство, да ги екипира сите буџетски корисници и да направи контрола на непродуктивните трошења, ќе продолжи со зголемување на платите и пензиите, а обезбеди и средства од каде можеше за нормално функционирање на државата. Реплицирајќи и на пратеничката Јованка Тренчевска од СДСМ според која овој ребаланс е најлошиот досега, Јанкуловски потенцира дека Владата ги креирала проекциите согласно состојбите што ги наследила.
„Ова е најлошиот ребаланс, и за граѓаните и за еконоимијата. Платите и пензиите во изминатите години растеа како никогаш досега, и просечната и минималната плата, а како резултат на тоа се подобруваше животот на граѓаните и тоа е непобитен факт, но и доказ за добрите политики на СДСМ. Во делот на пензиите, ако вие како ВМРО-ДПМНЕ ги зголемувавте 11 години како ние, наместо да ги лажете пензионерите со 600 денари, денеска ќе зборувавме за минимални пензии од 20.000 денари“, изјави Тренчевска.
Општата расправа за ребалансот на Буџетот трае најмногу три дена, а амандманската за која се поднесени 58 амадмани, шест дена. Завчера, на првиот ден од расправата, министерката Гордана Димитриеска-Кочоска го образложи ребалансот, нагласувајќи дека е креиран согласно затекнатите состојби во Буџетот. Како што рече Димитриеска-Кочоска, обезбедени се средства за се што треба да се исплати согласно закон. Вкупните приходи во ребалансот на Буџетот се планирани на 318,2 милијарди денари, а расходите на 362,8 милијарди денари. Растот на БДП е проектиран на 2,1 процент, инфлацијата на ниво од 3,5 проценти, а буџетскиот дефицит на 4,9 проценти.

The post И денеска продолжува расправата за ребаланс на буџетот appeared first on Република.

]]>
Јанкуловски: Со ребалансот финансиски го консолидираме стопанството, ќе продолжи зголемувањето на платите и пензиите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/jankulovski-so-rebalansot-finansiski-go-konsolidirame-stopanstvoto-ke-prodolzhi-zgolemuvaneto-na-platite-i-penziite/ Fri, 26 Jul 2024 13:04:02 +0000 https://republika.mk/?p=800565

Оваа Влада има намера да направи финансиска консолидација на целокупното стопанство, да ги екипира сите буџетски корисници и да направи контрола на непродуктивните трошења, ќе продолжи со зголемување на платите и пензиите, а обезбеди и средства од каде можеше за нормално функционирање на државата, рече денеска заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски во текот на собраниската комисиска расправа за ребалансот на Буџетот.

Реплицирајќи и на пратеничката Јованка Тренчевска од СДСМ според која овој ребаланс е најлошиот досега, Јанкуловски потенцира дека Владата ги креирала проекциите согласно состојбите што ги наследила.

Наследивме 1,2 отсто економски раст, пад од 2,5 отсто на градежната активност во првиот квартал од 2024 година, многу поголем увоз на храна и пад од 21,6 отсто на извозот на стоки.

Нема сектор што го наследивме каде не постои пад, во кој било дел од стопанството, земјоделство, градежништво, извоз,. . . , укажа заменик-министерот.

Тренчевска претходно обвини дека со ребалансот нема раст на платите и пензиите, а зголемен е, нагласи, и јавниот долг од 58 на 68 отсто. -Ребалансот не носи никаква придобивка за граѓаните и државата.

Од 58 на 68 отсто е зголемен јавниот долг, бранете го, но тоа е вистината и не треба да мижиме пред фактите.

Кратите од средствата за лицата со попреченост, а загрижува и продлабочувањето на буџетскиот дефицит.

Во првите 30 дена покажувате чист популизам, без да донесете ниту една конкретна мерка за граѓаните, рече Тренчевска.

Таа оцени дека ако ВМРО-ДПМНЕ во текот на претходните 11 години владеење ги зголемела пензиите, не по 600 денари, денес минималната пензија ќе била 20 000 денари.

Ова е најлошиот ребаланс, и за граѓаните и за економијата.

Платите и пензиите во изминатите години растеа како никогаш досега, и просечната и минималната плата, а како резултат на тоа се подобруваше животот на граѓаните и тоа е непобитен факт, но и доказ за добрите политики на СДСМ.

Во делот на пензиите, ако вие како ВМРО-ДПМНЕ ги зголемувавте 11 години како ние, наместо да ги лажете пензионерите со 600 денари, денеска ќе зборувавме за минимални пензии од 20 000 денари, истакна пратеничката од СДСМ.

На тоа реплицираа повеќе нејзини колеги од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е најтешкиот ребаланс зашто е врз база на најлошиот и најтешкиот Буџет.

Буџетот кога бешпе предложен тука, не не слушавте ниту нас, ниту фелата, ниту економистот што го цитиравте, велевте Буџетот ќе биде развоен, дека ќе има реализација на капиталните инвестиции, а сега имаме потреба не само од фискална консолидација, туку и од консолидација на државата.

Како дојдовме од развојна компонента, до потреба за консолидација? Оваа Влада ќе направи се за државата да се стави на здрави нозе, порача Тони Јаревски.

Благица Ласовска обвини дека СДСМ трошела „душмански“. -Очигледно не сте ја научиле лекцијата.

Душмански трошевте, се расфрлавте со народните пари, најголемото задолжување е од вас, граѓаните трпеа и затоа ве казнија.

Некој сега мора да ја стабилизира економијата, имајте трпение ќе научите како се води државата, а дотогаш реформирајте се, и рече Ласовска на Тренчевска.

На тоа Тренчевска возврати дека СДСМ наместо за гипс картони и железо, седум години трошела пари за граѓаните и економијата, а креирала и девет антикризни пакети во кои секогаш биле вклучени и пензионерите.

Љупчо Пренџов укажа дека на расправата за ребалансот не се присутни пратениците од ДУИ, лидерот на СДСМ Венко Филипе и поранешниот претседател на СДСМ и актуелен пратеник Димитар Ковачевски кој, како што рече, го креирал Буџетот.

Тоа, според Пренџов, мора да се забележи зашто претставува, оцени, елементарно непочитување на граѓаните. -Овие два дена нема присутен ниту еден пратеник од ДУИ.

Холдинот не е заинтересиран за Буџетот освен кога е на власт.

Го нема и Венко Филипче, а многу е нечесно кога ќе дојде ваков сериозен документ во Собранието, претседателот на СДСМ да одржува бледа партиска прес-конференција и да не се појави во Парламентот.

Очигледно наместо работата за која е платен, на Филипче му е пример за однеусвање Али Ахмети кого 20 години го нема во Собранието и доаѓа само за гласање на „битни законски решенија“.

Тоа многу зборува за СДСМ, а ова не е обичен ребаланс, зашто вакви ребалсани се направени два пати во последните 17 години, при менувањето на власта.

Очекував поранешниот премиер, креаторот на овој Буџет, Ковачевски, прв да дојде и да земе збор, да каже зошто државата е во ваква состојба.

Каде се парите? Каде се ветувањата? Во македонија овие сеудм години како чума да поминала?, подвлече Пренџов.

За збор се јави и Благој Бочварски кој направи паралела како СДСМ во 2017 година ја презеде власта од ВМРО-ДПМНЕ, а како ја предава денес, како и какви беа состојбите тогаш, а какви се денес.

Според него, ПР стратегијата е едно, но реалноста е нешто сосема друго. Расправата која се одвива во рамки на собраниската Комисија за финансирање и буџет почна со два часа задоцнување.

The post Јанкуловски: Со ребалансот финансиски го консолидираме стопанството, ќе продолжи зголемувањето на платите и пензиите appeared first on Република.

]]>

Оваа Влада има намера да направи финансиска консолидација на целокупното стопанство, да ги екипира сите буџетски корисници и да направи контрола на непродуктивните трошења, ќе продолжи со зголемување на платите и пензиите, а обезбеди и средства од каде можеше за нормално функционирање на државата, рече денеска заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски во текот на собраниската комисиска расправа за ребалансот на Буџетот. Реплицирајќи и на пратеничката Јованка Тренчевска од СДСМ според која овој ребаланс е најлошиот досега, Јанкуловски потенцира дека Владата ги креирала проекциите согласно состојбите што ги наследила. Наследивме 1,2 отсто економски раст, пад од 2,5 отсто на градежната активност во првиот квартал од 2024 година, многу поголем увоз на храна и пад од 21,6 отсто на извозот на стоки. Нема сектор што го наследивме каде не постои пад, во кој било дел од стопанството, земјоделство, градежништво, извоз,. . . , укажа заменик-министерот. Тренчевска претходно обвини дека со ребалансот нема раст на платите и пензиите, а зголемен е, нагласи, и јавниот долг од 58 на 68 отсто. -Ребалансот не носи никаква придобивка за граѓаните и државата. Од 58 на 68 отсто е зголемен јавниот долг, бранете го, но тоа е вистината и не треба да мижиме пред фактите. Кратите од средствата за лицата со попреченост, а загрижува и продлабочувањето на буџетскиот дефицит. Во првите 30 дена покажувате чист популизам, без да донесете ниту една конкретна мерка за граѓаните, рече Тренчевска. Таа оцени дека ако ВМРО-ДПМНЕ во текот на претходните 11 години владеење ги зголемела пензиите, не по 600 денари, денес минималната пензија ќе била 20 000 денари. Ова е најлошиот ребаланс, и за граѓаните и за економијата. Платите и пензиите во изминатите години растеа како никогаш досега, и просечната и минималната плата, а како резултат на тоа се подобруваше животот на граѓаните и тоа е непобитен факт, но и доказ за добрите политики на СДСМ. Во делот на пензиите, ако вие како ВМРО-ДПМНЕ ги зголемувавте 11 години како ние, наместо да ги лажете пензионерите со 600 денари, денеска ќе зборувавме за минимални пензии од 20 000 денари, истакна пратеничката од СДСМ. На тоа реплицираа повеќе нејзини колеги од ВМРО-ДПМНЕ. Ова е најтешкиот ребаланс зашто е врз база на најлошиот и најтешкиот Буџет. Буџетот кога бешпе предложен тука, не не слушавте ниту нас, ниту фелата, ниту економистот што го цитиравте, велевте Буџетот ќе биде развоен, дека ќе има реализација на капиталните инвестиции, а сега имаме потреба не само од фискална консолидација, туку и од консолидација на државата. Како дојдовме од развојна компонента, до потреба за консолидација? Оваа Влада ќе направи се за државата да се стави на здрави нозе, порача Тони Јаревски. Благица Ласовска обвини дека СДСМ трошела „душмански“. -Очигледно не сте ја научиле лекцијата. Душмански трошевте, се расфрлавте со народните пари, најголемото задолжување е од вас, граѓаните трпеа и затоа ве казнија. Некој сега мора да ја стабилизира економијата, имајте трпение ќе научите како се води државата, а дотогаш реформирајте се, и рече Ласовска на Тренчевска. На тоа Тренчевска возврати дека СДСМ наместо за гипс картони и железо, седум години трошела пари за граѓаните и економијата, а креирала и девет антикризни пакети во кои секогаш биле вклучени и пензионерите. Љупчо Пренџов укажа дека на расправата за ребалансот не се присутни пратениците од ДУИ, лидерот на СДСМ Венко Филипе и поранешниот претседател на СДСМ и актуелен пратеник Димитар Ковачевски кој, како што рече, го креирал Буџетот. Тоа, според Пренџов, мора да се забележи зашто претставува, оцени, елементарно непочитување на граѓаните. -Овие два дена нема присутен ниту еден пратеник од ДУИ. Холдинот не е заинтересиран за Буџетот освен кога е на власт. Го нема и Венко Филипче, а многу е нечесно кога ќе дојде ваков сериозен документ во Собранието, претседателот на СДСМ да одржува бледа партиска прес-конференција и да не се појави во Парламентот. Очигледно наместо работата за која е платен, на Филипче му е пример за однеусвање Али Ахмети кого 20 години го нема во Собранието и доаѓа само за гласање на „битни законски решенија“. Тоа многу зборува за СДСМ, а ова не е обичен ребаланс, зашто вакви ребалсани се направени два пати во последните 17 години, при менувањето на власта. Очекував поранешниот премиер, креаторот на овој Буџет, Ковачевски, прв да дојде и да земе збор, да каже зошто државата е во ваква состојба. Каде се парите? Каде се ветувањата? Во македонија овие сеудм години како чума да поминала?, подвлече Пренџов. За збор се јави и Благој Бочварски кој направи паралела како СДСМ во 2017 година ја презеде власта од ВМРО-ДПМНЕ, а како ја предава денес, како и какви беа состојбите тогаш, а какви се денес. Според него, ПР стратегијата е едно, но реалноста е нешто сосема друго. Расправата која се одвива во рамки на собраниската Комисија за финансирање и буџет почна со два часа задоцнување.  

The post Јанкуловски: Со ребалансот финансиски го консолидираме стопанството, ќе продолжи зголемувањето на платите и пензиите appeared first on Република.

]]>
Ребалансот на Буџетот во четврток на седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/rebalansot-na-budhetot-vo-chetvrtok-na-sednitsa-na-sobraniskata-komisija-za-finansirane-i-budhet/ Mon, 22 Jul 2024 07:09:44 +0000 https://republika.mk/?p=799043

Ребалансот на буџетот во четврток ќе се најде на дневен ред на собраниската Комисија за финансирање и буџет. Според информациите од веб страницата на Собранието, седницата на Комисијата е закажана во 11 часот. Ребалансот на буџетот се очекува да биде усвоен најдоцна до првата недела од август.

Ребалансот беше усвоен на владина седница во вторникот, а во средата на прес-конференција во Владата го образложи министерката за финансии Гордана Димитриевска-Кочовска.

Растот на БДП е ревидиран од првично планираниот 3,4 проценти на 2,1 проценти, а инфлацијата е проектирана на ниво од 3,5 проценти. Во втората половина на годината се очекува забавување на растот на инфлацијата, односно стабилизирање на цените на храната и енергенсите, како и поумерен притисок од базичната инфлација.

Вкупните приходи се планирани на ниво од 318 милијарди 150 милиони денари и бележат зголемување за 8 милијарди и 22 милиони денари, додека расходите се проектирани на ниво од 362 милијарди 816 милиони денари, односно на расходна страна има зголемување од 19 милијарди 178 милиони денари.

Според министерката за финансии, измените и дополнувањата на Буџетот се насочени кон ревидирање на иницијалните фискални проекции во согласност со макроекономските движења во првата половина од годината, реструктуирањето на буџетските расходи за сервисирање на најприоритетните обврски, како и оптимизирање на изворите на финансирање на буџетскиот дефицит.

– Затекнуваме состојба која значи држава во хаос и долгови. Буџет кој е список на желби, место креиран развој. Предимензионирани плаќања. Економијата е во клиничка смрт, рече Димитриеска-Кочоска на прес-конференцијата во средата.

Вели дека се обезбедени пари за исплата на плати, пензии и законски обврски. Како што посочи, обезбедени се 4,1 милијарда денари за плати од кои 1,1 милијарда денари за блок дотации кои не биле планирани во основниот буџет, пет милијарди денари за пензиите, 600 милиони денари за исплата по судски решенија, една милијарда денари за исплата на законската финансиска помош во зоните, што не била обезбедена, 322 милиони денари за Државна изборна комисија кои не беа испланирани за исплата на медиумите согласно Изборниот законик, 644 милиони денари за студентски оброк и за стипендии….

На седницата на Владата во вторникот биле прифатени и неколку заклучоци предложени од Министерството за финансии.

Меѓу нив се задолжуваат буџетските корисници при склучување на колективните договори да ги имаат предвид одобрените буџетски средства и да не преземаат обврски за кои немаат обезбедено средства во буџетот за тековната година и утврдените максимални износи на расходи на среден рок.

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост при склучување на колективните договори треба да побараат мислење од Министерството за финансии. При имплементација на Буџетот, буџетските корисници да не преземаат обврски над обезбедените средства со буџетот за соодветната фискална година.

Оние буџетски корисници кои остваруваат самофинансирачки активности и имаат неискористени средства во форма на салдо на сметки, тековното работење на институцијата наместо со буџетски средства да го финансираат со користење на средства од сопствените сметки.

Буџетските корисници исто така се задолжуваат континуирано да ги спроведуваат активностите за наплата на сопствените приходи и сите субјекти согласно ЕСПЕО да ги почитуваат обврските за навремено пријавување на доспеани, а не платени обврски согласно законските рокови.

На општините, јавните претпријатија и трговските друштва во државна сопственост им се препорачува да ги консолидираат финансиите, односно да преземат активности за наплата на сопствените приходи како и да ги намалат непродуктивните трошења.

Меѓу препораките усвоена на владината седница е и препораката работодавачите од јавниот сектор да преземат итни активности за спроведување на функционална анализа и за тоа да ја информираат Владата.

The post Ребалансот на Буџетот во четврток на седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет appeared first on Република.

]]>

Ребалансот на буџетот во четврток ќе се најде на дневен ред на собраниската Комисија за финансирање и буџет. Според информациите од веб страницата на Собранието, седницата на Комисијата е закажана во 11 часот. Ребалансот на буџетот се очекува да биде усвоен најдоцна до првата недела од август. Ребалансот беше усвоен на владина седница во вторникот, а во средата на прес-конференција во Владата го образложи министерката за финансии Гордана Димитриевска-Кочовска. Растот на БДП е ревидиран од првично планираниот 3,4 проценти на 2,1 проценти, а инфлацијата е проектирана на ниво од 3,5 проценти. Во втората половина на годината се очекува забавување на растот на инфлацијата, односно стабилизирање на цените на храната и енергенсите, како и поумерен притисок од базичната инфлација. Вкупните приходи се планирани на ниво од 318 милијарди 150 милиони денари и бележат зголемување за 8 милијарди и 22 милиони денари, додека расходите се проектирани на ниво од 362 милијарди 816 милиони денари, односно на расходна страна има зголемување од 19 милијарди 178 милиони денари. Според министерката за финансии, измените и дополнувањата на Буџетот се насочени кон ревидирање на иницијалните фискални проекции во согласност со макроекономските движења во првата половина од годината, реструктуирањето на буџетските расходи за сервисирање на најприоритетните обврски, како и оптимизирање на изворите на финансирање на буџетскиот дефицит. – Затекнуваме состојба која значи држава во хаос и долгови. Буџет кој е список на желби, место креиран развој. Предимензионирани плаќања. Економијата е во клиничка смрт, рече Димитриеска-Кочоска на прес-конференцијата во средата. Вели дека се обезбедени пари за исплата на плати, пензии и законски обврски. Како што посочи, обезбедени се 4,1 милијарда денари за плати од кои 1,1 милијарда денари за блок дотации кои не биле планирани во основниот буџет, пет милијарди денари за пензиите, 600 милиони денари за исплата по судски решенија, една милијарда денари за исплата на законската финансиска помош во зоните, што не била обезбедена, 322 милиони денари за Државна изборна комисија кои не беа испланирани за исплата на медиумите согласно Изборниот законик, 644 милиони денари за студентски оброк и за стипендии…. На седницата на Владата во вторникот биле прифатени и неколку заклучоци предложени од Министерството за финансии. Меѓу нив се задолжуваат буџетските корисници при склучување на колективните договори да ги имаат предвид одобрените буџетски средства и да не преземаат обврски за кои немаат обезбедено средства во буџетот за тековната година и утврдените максимални износи на расходи на среден рок. Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост при склучување на колективните договори треба да побараат мислење од Министерството за финансии. При имплементација на Буџетот, буџетските корисници да не преземаат обврски над обезбедените средства со буџетот за соодветната фискална година. Оние буџетски корисници кои остваруваат самофинансирачки активности и имаат неискористени средства во форма на салдо на сметки, тековното работење на институцијата наместо со буџетски средства да го финансираат со користење на средства од сопствените сметки. Буџетските корисници исто така се задолжуваат континуирано да ги спроведуваат активностите за наплата на сопствените приходи и сите субјекти согласно ЕСПЕО да ги почитуваат обврските за навремено пријавување на доспеани, а не платени обврски согласно законските рокови. На општините, јавните претпријатија и трговските друштва во државна сопственост им се препорачува да ги консолидираат финансиите, односно да преземат активности за наплата на сопствените приходи како и да ги намалат непродуктивните трошења. Меѓу препораките усвоена на владината седница е и препораката работодавачите од јавниот сектор да преземат итни активности за спроведување на функционална анализа и за тоа да ја информираат Владата.

The post Ребалансот на Буџетот во четврток на седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет appeared first on Република.

]]>
Димитриеска Кочоска: Со ребалансот на Буџетот ќе треба да се обезбедат уште околу 80 милиони евра за да можат да се исплаќаат зголемените пензии https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dimitrieska-kochoska-so-rebalansot-na-budhetot-ke-treba-da-se-obezbedat-ushte-okolu-80-milioni-evra-za-da-mozhat-da-se-isplakaat-zgolemenite-penzii/ Thu, 27 Jun 2024 19:01:58 +0000 https://republika.mk/?p=791392

Со корекцијата што треба да се направи во септември пензионерите ќе го добијат првото линеарно покачување од 2.500 денари, а следното линеарно покачување, исто така од 2500 денари, ќе биде во март следната година, посочи вечерва министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска и додаде дека тоа ќе биде потврдено на утрешната прва владина седница.

- Пензионер кој има пензија од 15.000 денари со покачувањето во септември ќе има пензија од 17.500 денари, а со покачувањето во март идната година од 20.000 денари. Таквата пензија ќе ја добива секој месец, а првото вообичаено усогласување на пензиите со трошоците на живот ќе го имаат во септември 2025 година, рече Димитриеска Кочоска во интервју за ТВ Сител.

Нагласи дека со ребалансот на Буџетот ќе треба да се обезбедат уште околу 80 милиони евра за да можат да се исплаќаат зголемените пензии. Од нив, како што кажа, околу 40 милиони евра се за линеарното зголемување, а останатите 40 милиони евра не биле предвидени од поранешната власт во Буџетот за годинава за непречена исплата на пензиите. Во фокусот на ребалансот, како што кажа, ќе бидат општините, пензиите, парите за плати, а се друго ќе се крати.

-Ќе можеме да ги обезбедиме овие средства затоа што ќе скратиме од непродуктивните трошоци. За жал за годинава невозможно е да се скрати се зашто во голем дел се веќе исплатени средствата и имаме огромен буџетски дефицит. Парите се веќе потрошени и нема од каде да се скрати, но се она што е непродуктивно и останало ќе се крати, рече Димитриеска Кочоска.

Сепак, посочи дека има уште простор за кратење и оти има многу нелогичности и вети дека ќе се обезбедат средства за сите вообичаени исплати во Буџетот.

Нагласи дека ќе остане и мерката Мој ДДВ со истите средства за граѓаните, но ќе има корекции во делот на УЈП и давањето одговори за жалбите од граѓаните за одбиените скенирани сметки од граѓаните. Во овој момент, посочи, нема да се кратат платите на функционерите. Воедно, нема да продолжи издавањето на граѓанските обврзници се додека не се врати довербата во системот и во државата.

-Кога ќе ја вратиме комплетно довербата на граѓаните во системот и во државата тогаш може да зборуваме за граѓанска обврзница, а во овој момент не, потенцира Димитриеска Кочоска.

За кредитот од една милијарда евра што го најави премиерот Христијан Мицкоски рече дека ќе се добие со камата помала од 3 отсто, а доколку се издаде еврообврзница каматата би била над 5,6 отсто.

-Таа една милијарда евра нема да ја земеме наеднаш и нема наеднаш да влезе во економијата. Дел од нејзе ветивме дека ќе ја дадеме на приватниот сектор преку Развојната банка, тоа се 250 милиони евра, а 750 милиони евра ќе останат за поддршка на ликвидноста на Буџетот поврзана со капиталните проекти, прецизира Димитриеска Кочоска.

За минималната плата и нејзиното евентуално покачување, како што бараат синдикатите, рече дека треба да биде поврзана со продуктивноста и посочи дека нема економска логика да ни паѓа продуктивноста.

-Мора да видиме зошто ни се намалува продуктивноста. Се сомневам дека голем удел за тоа има сивата економија. Ако успееме да се избориме, а јас верувам дека ќе успееме, ќе се создадат поволни услови за зголемување и на минималната плата и на реалните плати, истакна Димитриеска Кочоска и додаде дека на таа тема ќе разговараат со синдикатите кои бараат уште во првите 100 дена на владата минималната плата да биде 450 евра.

The post Димитриеска Кочоска: Со ребалансот на Буџетот ќе треба да се обезбедат уште околу 80 милиони евра за да можат да се исплаќаат зголемените пензии appeared first on Република.

]]>

Со корекцијата што треба да се направи во септември пензионерите ќе го добијат првото линеарно покачување од 2.500 денари, а следното линеарно покачување, исто така од 2500 денари, ќе биде во март следната година, посочи вечерва министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска и додаде дека тоа ќе биде потврдено на утрешната прва владина седница.
- Пензионер кој има пензија од 15.000 денари со покачувањето во септември ќе има пензија од 17.500 денари, а со покачувањето во март идната година од 20.000 денари. Таквата пензија ќе ја добива секој месец, а првото вообичаено усогласување на пензиите со трошоците на живот ќе го имаат во септември 2025 година, рече Димитриеска Кочоска во интервју за ТВ Сител.
Нагласи дека со ребалансот на Буџетот ќе треба да се обезбедат уште околу 80 милиони евра за да можат да се исплаќаат зголемените пензии. Од нив, како што кажа, околу 40 милиони евра се за линеарното зголемување, а останатите 40 милиони евра не биле предвидени од поранешната власт во Буџетот за годинава за непречена исплата на пензиите. Во фокусот на ребалансот, како што кажа, ќе бидат општините, пензиите, парите за плати, а се друго ќе се крати.
-Ќе можеме да ги обезбедиме овие средства затоа што ќе скратиме од непродуктивните трошоци. За жал за годинава невозможно е да се скрати се зашто во голем дел се веќе исплатени средствата и имаме огромен буџетски дефицит. Парите се веќе потрошени и нема од каде да се скрати, но се она што е непродуктивно и останало ќе се крати, рече Димитриеска Кочоска.
Сепак, посочи дека има уште простор за кратење и оти има многу нелогичности и вети дека ќе се обезбедат средства за сите вообичаени исплати во Буџетот. Нагласи дека ќе остане и мерката Мој ДДВ со истите средства за граѓаните, но ќе има корекции во делот на УЈП и давањето одговори за жалбите од граѓаните за одбиените скенирани сметки од граѓаните. Во овој момент, посочи, нема да се кратат платите на функционерите. Воедно, нема да продолжи издавањето на граѓанските обврзници се додека не се врати довербата во системот и во државата.