реакција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/reakcija/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Nov 2024 08:14:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png реакција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/reakcija/ 32 32 Во археологијата не познаваме националност и етничка припадност, туку професионалци и дилетанти https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-arheologijata-ne-poznavame-natsionalnost-i-etnichka-pripadnost-tuku-profesionaltsi-i-diletanti/ Mon, 18 Nov 2024 08:14:13 +0000 https://republika.mk/?p=839011

По повод некои еклатантно неуки и тенденциозни написи и напади во медиумите и на социјалните мрежи во врска со епохалното откритие во македонската археологија на досега непознатата некропола од архајскиот период во струшкото село Корошишта, Македонското археолошко друштво (МАД), здружение на професионалните археолози во Македонија, ја упатува следната реакција до јавноста која ја пренесуваме во целост.

Археологијата е наука која се занимава со проучување на минатото преку откривање и анализа на материјални докази (археолошки предмети и целини) и критичка анализа на изворите со цел да се формира објективна слика за периодите од минатото, притоа користејќи востановена методологија позната очигледно секаде во светот, освен кај нас. Тенденциозни и малициозни толкувања на археолошките откритија од страна на непрофесионални и недоволно информирани „новинари“ во цел искривување на фактите заради политиканство или потврдување на однапред изградени „историски тези“, вообичаено не се вредни за коментар, но заради објективно информирање на јавноста, во овој случај се неопходни.

Археолошките ископувања во Корошишта беа транспаренти во секој поглед, а вредните откритија за кои примивме честитки од колеги од сите околни држави беа претставени пред јавноста веднаш по ископувањата. Како што налага нашата наука и методологија, понатаму следи детална компаративна и типолошка анализа на наодите и контекстот на откривање и примена и на егзактни методи, кои ќе се изнесат во научни трудови, а за резултатите вообичаено дискутира научната јавност на симпозиуми кои се отворени за сите кои се занимаваат со оваа професија без разлика на етничката припадност. Во археологијата не познаваме националност и етничка припадност, туку професионалци и дилетанти. Во друштвото членуваат, а во институциите работат археолози со различна етничка припадност чија работа е објективно толкување на откритијата, впрочем како што на професионалните новинари главен постулат во работата е објективно информирање на јавноста, што не беше случај со „новинарите“ од телевизија Алсат.

За информација на „новинарите“, раководителот на истражувањата има апсолутна слобода да го одбере својот тим од професионалци кои смета дека се потребни за процесот на работа или периодот кој се истражува, што беше и случај со археолошките ископувања во село Корошишта каде во стручниот тим беше вклучен колега, припадник на албанска националност, кој одамна учествува во истражувањата во Охридско-струшкиот регион заради неговата професионалност, а не заради неговата етничка припадност. Такви примери има и на други локалитети, а во истражувањата често се вклучуваат колеги дури и од други држави заради нивната потесна специјалност. Како и секоја друга наука, археологијата во Македонија треба да ја работат професионалните археолози, кои посветиле децении на стручно усовршување, за што голем дел од нив се познати и признати во светски рамки.

Крајно сме згрозени од невистините искажани во врска со Паско Кузман, наш колега, долгогодишен член и претседател на друштвото во минатото. Паско Кузман НИКОГАШ не бил суден, а уште помалку осуден за кражба и отуѓување на археолошки предмети. Неговата голгота низ судските лавиринти на државата беше од сосема друга природа, во процес кој нема никаква врска со отуѓување на археолошки предмети. Овие малициозни искази на неинформирани новинари се обид за манипулација со јавноста и клевета, со цел да се нанесе штета нему лично и на целата археолошка фела. Не може никој да го оспори неговиот придонес за македонската археологија и неговите залагања за истражување на бројни археолошки локалитети, наспроти заспаноста, незаинтересираноста и малите финансии доделувани за археологијата во претходниот период на кои многу археолози се обучија со неопходните теренски знаења. Тој со своето знаење и искуство секогаш ќе биде добредојден на нашите истражувања, исто како што ние бевме на неговите.

Просто е несфатливо како во една современа држава која тежнее да биде дел од европското семејство сè уште се занимаваме со ниска свест, поделби и поттикнување на етничка нетрпеливост, а пострашно е кога тоа доаѓа од една толку значајна јавна професија како што е новинарството, и кога се искористува наука која во суштина ги надминува етничките и националните граници. Македонското археолошко друштво апелира до јавноста и медиумите да престанат да ја користат археологијата во дневно политички дискусии кои нанесуваат штета не само на фелата, туку и на државата. Се надеваме дека медиумите кои ги пласираа во јавноста ваквите невистини, за што сметаме дека треба да следи и реакција од ЗНМ, ќе имаат доблест да се оградат од тенденциозните и паушални невистини искажани од нестручни поединци.

Македонското археолошко друштво од името на своите членови бара јавно извинување за изнесените невистини и шпекулации од страна на уредништвото на Алсат М Телевизија и новинарите Арта Тахири и Суад Бајрами.

П.С. За појаснување на терминот „македонска археологија“ на „новинарката“ на Алсат: станува збор за придавка изведена од името на државата. Сите модерни држави во суштина се мултиетнички, но се користи термин грчка археологија, бугарска археологија, албанска археологија, британска археологија, германска археологија итн., за да се презентираат откритијата и достигнувањата на оваа наука во рамки на државата, ама никаде никој не се обидел да ја „етницизира“ археологијата, а со тоа да ја омаловажи и археологијата и државата, како што Вие тоа го направивте.

The post Во археологијата не познаваме националност и етничка припадност, туку професионалци и дилетанти appeared first on Република.

]]>

По повод некои еклатантно неуки и тенденциозни написи и напади во медиумите и на социјалните мрежи во врска со епохалното откритие во македонската археологија на досега непознатата некропола од архајскиот период во струшкото село Корошишта, Македонското археолошко друштво (МАД), здружение на професионалните археолози во Македонија, ја упатува следната реакција до јавноста која ја пренесуваме во целост. Археологијата е наука која се занимава со проучување на минатото преку откривање и анализа на материјални докази (археолошки предмети и целини) и критичка анализа на изворите со цел да се формира објективна слика за периодите од минатото, притоа користејќи востановена методологија позната очигледно секаде во светот, освен кај нас. Тенденциозни и малициозни толкувања на археолошките откритија од страна на непрофесионални и недоволно информирани „новинари“ во цел искривување на фактите заради политиканство или потврдување на однапред изградени „историски тези“, вообичаено не се вредни за коментар, но заради објективно информирање на јавноста, во овој случај се неопходни. Археолошките ископувања во Корошишта беа транспаренти во секој поглед, а вредните откритија за кои примивме честитки од колеги од сите околни држави беа претставени пред јавноста веднаш по ископувањата. Како што налага нашата наука и методологија, понатаму следи детална компаративна и типолошка анализа на наодите и контекстот на откривање и примена и на егзактни методи, кои ќе се изнесат во научни трудови, а за резултатите вообичаено дискутира научната јавност на симпозиуми кои се отворени за сите кои се занимаваат со оваа професија без разлика на етничката припадност. Во археологијата не познаваме националност и етничка припадност, туку професионалци и дилетанти. Во друштвото членуваат, а во институциите работат археолози со различна етничка припадност чија работа е објективно толкување на откритијата, впрочем како што на професионалните новинари главен постулат во работата е објективно информирање на јавноста, што не беше случај со „новинарите“ од телевизија Алсат. За информација на „новинарите“, раководителот на истражувањата има апсолутна слобода да го одбере својот тим од професионалци кои смета дека се потребни за процесот на работа или периодот кој се истражува, што беше и случај со археолошките ископувања во село Корошишта каде во стручниот тим беше вклучен колега, припадник на албанска националност, кој одамна учествува во истражувањата во Охридско-струшкиот регион заради неговата професионалност, а не заради неговата етничка припадност. Такви примери има и на други локалитети, а во истражувањата често се вклучуваат колеги дури и од други држави заради нивната потесна специјалност. Како и секоја друга наука, археологијата во Македонија треба да ја работат професионалните археолози, кои посветиле децении на стручно усовршување, за што голем дел од нив се познати и признати во светски рамки. Крајно сме згрозени од невистините искажани во врска со Паско Кузман, наш колега, долгогодишен член и претседател на друштвото во минатото. Паско Кузман НИКОГАШ не бил суден, а уште помалку осуден за кражба и отуѓување на археолошки предмети. Неговата голгота низ судските лавиринти на државата беше од сосема друга природа, во процес кој нема никаква врска со отуѓување на археолошки предмети. Овие малициозни искази на неинформирани новинари се обид за манипулација со јавноста и клевета, со цел да се нанесе штета нему лично и на целата археолошка фела. Не може никој да го оспори неговиот придонес за македонската археологија и неговите залагања за истражување на бројни археолошки локалитети, наспроти заспаноста, незаинтересираноста и малите финансии доделувани за археологијата во претходниот период на кои многу археолози се обучија со неопходните теренски знаења. Тој со своето знаење и искуство секогаш ќе биде добредојден на нашите истражувања, исто како што ние бевме на неговите. Просто е несфатливо како во една современа држава која тежнее да биде дел од европското семејство сè уште се занимаваме со ниска свест, поделби и поттикнување на етничка нетрпеливост, а пострашно е кога тоа доаѓа од една толку значајна јавна професија како што е новинарството, и кога се искористува наука која во суштина ги надминува етничките и националните граници. Македонското археолошко друштво апелира до јавноста и медиумите да престанат да ја користат археологијата во дневно политички дискусии кои нанесуваат штета не само на фелата, туку и на државата. Се надеваме дека медиумите кои ги пласираа во јавноста ваквите невистини, за што сметаме дека треба да следи и реакција од ЗНМ, ќе имаат доблест да се оградат од тенденциозните и паушални невистини искажани од нестручни поединци. Македонското археолошко друштво од името на своите членови бара јавно извинување за изнесените невистини и шпекулации од страна на уредништвото на Алсат М Телевизија и новинарите Арта Тахири и Суад Бајрами. П.С. За појаснување на терминот „македонска археологија“ на „новинарката“ на Алсат: станува збор за придавка изведена од името на државата. Сите модерни држави во суштина се мултиетнички, но се користи термин грчка археологија, бугарска археологија, албанска археологија, британска археологија, германска археологија итн., за да се презентираат откритијата и достигнувањата на оваа наука во рамки на државата, ама никаде никој не се обидел да ја „етницизира“ археологијата, а со тоа да ја омаловажи и археологијата и државата, како што Вие тоа го направивте.

The post Во археологијата не познаваме националност и етничка припадност, туку професионалци и дилетанти appeared first on Република.

]]>
Реакција од Град Скопје на изјавите на министерот Николоски и градоначалникот Ѓорѓиевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/reaktsija-od-grad-skopje-na-izjavite-na-ministerot-nikoloski-i-gradonachalnikot-gorgievski/ Fri, 15 Nov 2024 16:50:44 +0000 https://republika.mk/?p=838234

Од град Скопје реагираат, како што велат, жално е што причинителите на голготата на граѓаните на градот Скопје со јавниот превоз, зборуваат за тоа како на нив им било жал за граѓаните.

Три години советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбиваат да одобрат набавка на 250 нови автобуси. Три години советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбиваат да гласаат за спроведување на проектот БРТ со кој Скопје ќе добие 50 нови автобуси, бесплатно.

Три години, советниците на ВМРО-ДПМНЕ ги блокираат буџетите и програмите за работа на ЈСП.

ВМРО-ДПМНЕ и владата предводена од Христијан Мицкоски одби да набави нови автобуси, иако предложивме средствата за набавка на нови автобуси да ги префрли градот Скопје на Владата, а тие да ги набават автобусите.

Три години, скопјани се жртви на секташкиот партиски менталитет на ВМРО-ДПМНЕ и нивните наводни душегрижници. Луѓе одвоени од реалноста, манипулатори и лажговци, се вели во реакцијата од град Скопје.

The post Реакција од Град Скопје на изјавите на министерот Николоски и градоначалникот Ѓорѓиевски appeared first on Република.

]]>

Од град Скопје реагираат, како што велат, жално е што причинителите на голготата на граѓаните на градот Скопје со јавниот превоз, зборуваат за тоа како на нив им било жал за граѓаните.
Три години советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбиваат да одобрат набавка на 250 нови автобуси. Три години советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбиваат да гласаат за спроведување на проектот БРТ со кој Скопје ќе добие 50 нови автобуси, бесплатно. Три години, советниците на ВМРО-ДПМНЕ ги блокираат буџетите и програмите за работа на ЈСП. ВМРО-ДПМНЕ и владата предводена од Христијан Мицкоски одби да набави нови автобуси, иако предложивме средствата за набавка на нови автобуси да ги префрли градот Скопје на Владата, а тие да ги набават автобусите. Три години, скопјани се жртви на секташкиот партиски менталитет на ВМРО-ДПМНЕ и нивните наводни душегрижници. Луѓе одвоени од реалноста, манипулатори и лажговци, се вели во реакцијата од град Скопје.

The post Реакција од Град Скопје на изјавите на министерот Николоски и градоначалникот Ѓорѓиевски appeared first on Република.

]]>
Битолската болница до СДСМ: Инфективно се затвора зошто вие го оставивте без кадар https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bitolskata-bolnitsa-do-sdsm-infektivno-se-zatvora-zoshto-vie-go-ostavivte-bez-kadar/ Thu, 03 Oct 2024 08:55:27 +0000 https://republika.mk/?p=822102

Со затворени одделенија и без кадар, еве вака ВМРО ДПМНЕ менаџира со институцијата што е камен-темелник на здравјето на Битолчани, рече на прес-конференција Анета Сердарова од битолската СДСМ.

Само два месеци работа ѝ беа потребни на новата директорка на Клиничката болница- Битола – кадар на ВМРО ДПМНЕ – да почне да затвора одделенија. Од денес, благодарение на нејзиното успешно менаџирање, Битолчани, но и сите пациенти од регионот не можат да се обратат во Инфективното одделение – одделение што постоеше и работеше од 1958 година! Како КБ Битола ќе работи без Инфективен оддел? Почитувана директорке, Ве повикуваме да ни одговорите: Каде ќе се лекуваат пациентите доколку ни се случи нов бран на КОВИД? Каде да одат оние со сезонски грип или, на пример, вирус на мајмунски сипаници – вирус кој е вистинска опасност и веќе се шири во Грција? Кој ќе ги лекува? Затворањето на Инфективното одделение е само почеток на крајот. Состојбата во КБ Битола е алармантна и доколку не се обезбеди кадар час поскоро, извесно е дека ќе се затворат и други оддели на болницата, па затоа ја повикуваме директорката на КБ кадар на ВМРО ДПМНЕ Битола да ја прифати одговорноста кон граѓаните и нивното здравје и да го отвори инфективно одделение повторно. Почитувани, вака владее ВМРО ДПМНЕ – вака се грижи за здравјето на граѓаните, рече Сердарова.

Со остра реакција денеска се огласија од Клиничката болница, од каде соопштението „Во име на ВИСТИНАТА, која, веруваме, на сите Вас, Ви е повеќе од јасна“ ви го пренесуваме во целост:

За да се затвори одделение, треба да нема кадар, а за да има кадар, истиот се создава минимум 6 години, колку што трае една специјализација, точно толку години колку што СДС беа на власт. Ако имаа план и визија, досега ќе имаше и специјалисти и функционални одделенија. Во време на претходната власт, пациентите со заразни заболувања, беа третирани и хоспитализирани на интерно одд, ЗАЕДНО со другите пациенти, што е едноставно, недопустливо. Инфективното одделение не функционира одамна, односно, во последниот период , работеше амбулантски, итоа САМО 2 пати неделно со ангажиран САМО ЕДЕН доктор од друга ЈЗУ, без хоспитализација. Специјалисти не се губат, а уште помалку се создаваат за само 2 месеци. Беспредметно е да се коментира затворањето и на други оддели, односно, неспособноста на СДС. Задоволството да се сликаат на неиздржани и срамни пресови од некомпетентни личности им остана единствената активност, за која очигледно се и единствено способни! ВМРО ДПМНЕ е сериозна партија, со план, способност и визија да го врати сјајот и местото кое го имаше и ќе го има Клиничка болница Битола. Тоа ќе биде и единствената патека по која ќе се движиме.

 

The post Битолската болница до СДСМ: Инфективно се затвора зошто вие го оставивте без кадар appeared first on Република.

]]>

Со затворени одделенија и без кадар, еве вака ВМРО ДПМНЕ менаџира со институцијата што е камен-темелник на здравјето на Битолчани, рече на прес-конференција Анета Сердарова од битолската СДСМ.
Само два месеци работа ѝ беа потребни на новата директорка на Клиничката болница- Битола – кадар на ВМРО ДПМНЕ – да почне да затвора одделенија. Од денес, благодарение на нејзиното успешно менаџирање, Битолчани, но и сите пациенти од регионот не можат да се обратат во Инфективното одделение – одделение што постоеше и работеше од 1958 година! Како КБ Битола ќе работи без Инфективен оддел? Почитувана директорке, Ве повикуваме да ни одговорите: Каде ќе се лекуваат пациентите доколку ни се случи нов бран на КОВИД? Каде да одат оние со сезонски грип или, на пример, вирус на мајмунски сипаници – вирус кој е вистинска опасност и веќе се шири во Грција? Кој ќе ги лекува? Затворањето на Инфективното одделение е само почеток на крајот. Состојбата во КБ Битола е алармантна и доколку не се обезбеди кадар час поскоро, извесно е дека ќе се затворат и други оддели на болницата, па затоа ја повикуваме директорката на КБ кадар на ВМРО ДПМНЕ Битола да ја прифати одговорноста кон граѓаните и нивното здравје и да го отвори инфективно одделение повторно. Почитувани, вака владее ВМРО ДПМНЕ – вака се грижи за здравјето на граѓаните, рече Сердарова.
Со остра реакција денеска се огласија од Клиничката болница, од каде соопштението „Во име на ВИСТИНАТА, која, веруваме, на сите Вас, Ви е повеќе од јасна“ ви го пренесуваме во целост:
За да се затвори одделение, треба да нема кадар, а за да има кадар, истиот се создава минимум 6 години, колку што трае една специјализација, точно толку години колку што СДС беа на власт. Ако имаа план и визија, досега ќе имаше и специјалисти и функционални одделенија. Во време на претходната власт, пациентите со заразни заболувања, беа третирани и хоспитализирани на интерно одд, ЗАЕДНО со другите пациенти, што е едноставно, недопустливо. Инфективното одделение не функционира одамна, односно, во последниот период , работеше амбулантски, итоа САМО 2 пати неделно со ангажиран САМО ЕДЕН доктор од друга ЈЗУ, без хоспитализација. Специјалисти не се губат, а уште помалку се создаваат за само 2 месеци. Беспредметно е да се коментира затворањето и на други оддели, односно, неспособноста на СДС. Задоволството да се сликаат на неиздржани и срамни пресови од некомпетентни личности им остана единствената активност, за која очигледно се и единствено способни! ВМРО ДПМНЕ е сериозна партија, со план, способност и визија да го врати сјајот и местото кое го имаше и ќе го има Клиничка болница Битола. Тоа ќе биде и единствената патека по која ќе се движиме.
 

The post Битолската болница до СДСМ: Инфективно се затвора зошто вие го оставивте без кадар appeared first on Република.

]]>
Реакција од ВМРО-ДПМНЕ: Безобразно е СДС да бара покачување на платите на наставниците, а не оставија буџет ниту за исплата на основните плати https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/reaktsija-od-vmro-dpmne-bezobrazno-e-sds-da-bara-pokachuvane-na-platite-na-nastavnitsite-a-ne-ostavija-budhet-nitu-za-isplata-na-osnovnite-plati/ Tue, 24 Sep 2024 16:51:26 +0000 https://republika.mk/?p=819357

Срамно е СДС да зборува за покачување на платите на наставниците и да се поставува во улога на нивен заштитник, кога во буџетот не оставија средства за исплата ниту на основните плати до крајот на календарската година. Манипулираат со податоци за покачувања на плати, кои патем, инфлацијата што самите ја создадоа, целосно ги анулираше и како и сите други граѓани, така ги доведе и наставниците во исклучително тешка економска положба, реагира владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

СДС и нивниот коалиционен партнер ДУИ буџетот за образование за 2024 година го потрошија во првите 6 месеци од годината. Новото раководство на министерството наследи буџетски дефицит од 5 милијарди денари. Немаше пари ниту за исплата на основните плати на наставниците, а не пак за нивно покачување. Иако во СДСМ се свесни дека наставниците го знаат ова, немаат проблем да се претставуваат како нивни поддржувачи, се вели во реакцијата.

Новата Влада предводена од ВМРО – ДПМНЕ со ребалансот на буџетот обезбеди средства во износ од 900 милиони денари за да можат наставниците да добиваат плата до крајот на тековната година. Во новиот буџет веќе се предвидени и средства за нивно зголемување следната година.

Освен на подобрувањето на материјалниот статус на наставниците, програмата на Владата предвидува и повеќе можности за кариерен и професионален развој, значително подобрување на условите за работа, како враќање на општествената вредност и почит кон наставничката професија, истакна ВМРО-ДПМНЕ.

The post Реакција од ВМРО-ДПМНЕ: Безобразно е СДС да бара покачување на платите на наставниците, а не оставија буџет ниту за исплата на основните плати appeared first on Република.

]]>

Срамно е СДС да зборува за покачување на платите на наставниците и да се поставува во улога на нивен заштитник, кога во буџетот не оставија средства за исплата ниту на основните плати до крајот на календарската година. Манипулираат со податоци за покачувања на плати, кои патем, инфлацијата што самите ја создадоа, целосно ги анулираше и како и сите други граѓани, така ги доведе и наставниците во исклучително тешка економска положба, реагира владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. СДС и нивниот коалиционен партнер ДУИ буџетот за образование за 2024 година го потрошија во првите 6 месеци од годината. Новото раководство на министерството наследи буџетски дефицит од 5 милијарди денари. Немаше пари ниту за исплата на основните плати на наставниците, а не пак за нивно покачување. Иако во СДСМ се свесни дека наставниците го знаат ова, немаат проблем да се претставуваат како нивни поддржувачи, се вели во реакцијата. Новата Влада предводена од ВМРО – ДПМНЕ со ребалансот на буџетот обезбеди средства во износ од 900 милиони денари за да можат наставниците да добиваат плата до крајот на тековната година. Во новиот буџет веќе се предвидени и средства за нивно зголемување следната година. Освен на подобрувањето на материјалниот статус на наставниците, програмата на Владата предвидува и повеќе можности за кариерен и професионален развој, значително подобрување на условите за работа, како враќање на општествената вредност и почит кон наставничката професија, истакна ВМРО-ДПМНЕ.

The post Реакција од ВМРО-ДПМНЕ: Безобразно е СДС да бара покачување на платите на наставниците, а не оставија буџет ниту за исплата на основните плати appeared first on Република.

]]>
Доста е со финансирање на балкански пејачки и градоначалници кои се сликаат со нив! https://arhiva3.republika.mk/vesti/dosta-e-so-finansirane-na-balkanski-pejachki-i-gradonachalnitsi-koi-se-slikaat-so-niv/ Fri, 30 Aug 2024 13:20:09 +0000 https://republika.mk/?p=811603

Сакаме да изразиме револт и големо разочарување од страна на македонските општини и градоначалници кои упорно ангажираат странски изведувачи за настаните кои ги прават низ годината, а посебно во летните периоди.

Изминатиов период се информиравме и се трудиме на правен начин да ја регулираме оваа непожелна ситуација со која се одлеваат народни пари надвор од државата и реагиравме кај неколку градоначалници директно, но одговорот беше дека голем дел од средствата ги даваат спонзори.

Дури и да е така, иако знаеме дека општините си ги организираат тие настани и нивни се желбите за викање на балкански пејачи, прво зошто да се одлеваат парите на наши фирми надвор, а второ, небулоза е да се викаат Северина, Пејовиќ, Реља, Розга итн… да пеат на наши национални настани поврзани со македонска традиција-тврди Горјан Стојановски, прв човек на Комората на музичката индустрија во Македонија.

Во отворена реакција, Стојановски реагира дека регионалните музичари не доаѓаат на хуманитарни концерти, добиваат десетпати повисоки хонорари од нашите изведувачи, и обвинува дека градоначалници се фотографираат со странски пејачки, прикажувајќи го тоа како голем успех, наместо да ја поддржат нашата естрада.

Тие не доаѓаат кога се прават хуманитарни настани, ниту ја презентираат нашата музика и држава кога е потребно, што значи дека нашата држава спонзорира, финансира и вреднува странски музичари многу повеќе од наши.

Поразувачки и понижувачки е кога од општина ќе побараат македонски изведувач за одреден настан и по кажаната сума за ангажман ќе им речат дека немаме толуку пари, за по некое време да видите реклама како ангажирале некој балкански пејач за десет пати поголема сума.

Проблемот дополнително се шири и на други полиња. Тука се приватните локали кои работат со таков тип на балкански забави и на кои им е оправдано да си викаат какви сакаат пејачи, бидејќи се приватни фирми. Ако се размисли подобро, небулоза е исто така дека тие фирми плаќаат данок од кој се финансирани општините, за потоа градоначалникот да си прави настан со тие пари за собирање на политички поени и сето тоа да е гратис” за народот.

Во денешно време, ај што не постои нешто што е гратис без да се има некаква корист, туку дополнително се прави проблем на луѓето кои те финансираат.
Потоа покрај приватните локали тука се и менаџерските куќи кои работат со концерти низ годината на кои дополнително им се отежнува работата за да наплатат карта кога овие со државните пари прават „гратис општонародно весеље“.

Страшно, субвенционирање на балкански пејачи, искомлексирани градоначалничиња што сакаат да се сликаат со пејачки за да се фалат како да постигнале некаков успех… мизерија!

Комората е постојано во барање начин за подобро функционирање и за овие неполни две години постоење организиравме настани и направивме средби од кои се надеваме дека за брзо време ќе ги имаме очекуваните резултати во корист на естрадата, наведува Стојановски во отворената реакција.

Инаку, Комората на музичката индустрија во Македонија е формирана пред околу две години по иницијатива на шесте музички здруженија од различни региони во кои членуваа повеќе од 2.000 музичари, а основана е со педесетина правни субјекти според Законот за формирање стопански комори.

Во неа членуваат голем дел од познати музички имиња како Елена Ристевска, која е потпретседател на Комората, Дани Димитровска, Пепи Ренџов, Тамара Тодеска, Каан Мазхар, Елена Велевска, Ламбе Алабаковски, Горила Продукција, Урбан Рекордс и други.

 

The post Доста е со финансирање на балкански пејачки и градоначалници кои се сликаат со нив! appeared first on Република.

]]>

Сакаме да изразиме револт и големо разочарување од страна на македонските општини и градоначалници кои упорно ангажираат странски изведувачи за настаните кои ги прават низ годината, а посебно во летните периоди. Изминатиов период се информиравме и се трудиме на правен начин да ја регулираме оваа непожелна ситуација со која се одлеваат народни пари надвор од државата и реагиравме кај неколку градоначалници директно, но одговорот беше дека голем дел од средствата ги даваат спонзори.
Дури и да е така, иако знаеме дека општините си ги организираат тие настани и нивни се желбите за викање на балкански пејачи, прво зошто да се одлеваат парите на наши фирми надвор, а второ, небулоза е да се викаат Северина, Пејовиќ, Реља, Розга итн… да пеат на наши национални настани поврзани со македонска традиција-тврди Горјан Стојановски, прв човек на Комората на музичката индустрија во Македонија.
Во отворена реакција, Стојановски реагира дека регионалните музичари не доаѓаат на хуманитарни концерти, добиваат десетпати повисоки хонорари од нашите изведувачи, и обвинува дека градоначалници се фотографираат со странски пејачки, прикажувајќи го тоа како голем успех, наместо да ја поддржат нашата естрада.
Тие не доаѓаат кога се прават хуманитарни настани, ниту ја презентираат нашата музика и држава кога е потребно, што значи дека нашата држава спонзорира, финансира и вреднува странски музичари многу повеќе од наши. Поразувачки и понижувачки е кога од општина ќе побараат македонски изведувач за одреден настан и по кажаната сума за ангажман ќе им речат дека немаме толуку пари, за по некое време да видите реклама како ангажирале некој балкански пејач за десет пати поголема сума.
Проблемот дополнително се шири и на други полиња. Тука се приватните локали кои работат со таков тип на балкански забави и на кои им е оправдано да си викаат какви сакаат пејачи, бидејќи се приватни фирми. Ако се размисли подобро, небулоза е исто така дека тие фирми плаќаат данок од кој се финансирани општините, за потоа градоначалникот да си прави настан со тие пари за собирање на политички поени и сето тоа да е гратис” за народот. Во денешно време, ај што не постои нешто што е гратис без да се има некаква корист, туку дополнително се прави проблем на луѓето кои те финансираат. Потоа покрај приватните локали тука се и менаџерските куќи кои работат со концерти низ годината на кои дополнително им се отежнува работата за да наплатат карта кога овие со државните пари прават „гратис општонародно весеље“. Страшно, субвенционирање на балкански пејачи, искомлексирани градоначалничиња што сакаат да се сликаат со пејачки за да се фалат како да постигнале некаков успех… мизерија! Комората е постојано во барање начин за подобро функционирање и за овие неполни две години постоење организиравме настани и направивме средби од кои се надеваме дека за брзо време ќе ги имаме очекуваните резултати во корист на естрадата, наведува Стојановски во отворената реакција. Инаку, Комората на музичката индустрија во Македонија е формирана пред околу две години по иницијатива на шесте музички здруженија од различни региони во кои членуваа повеќе од 2.000 музичари, а основана е со педесетина правни субјекти според Законот за формирање стопански комори. Во неа членуваат голем дел од познати музички имиња како Елена Ристевска, која е потпретседател на Комората, Дани Димитровска, Пепи Ренџов, Тамара Тодеска, Каан Мазхар, Елена Велевска, Ламбе Алабаковски, Горила Продукција, Урбан Рекордс и други.  

The post Доста е со финансирање на балкански пејачки и градоначалници кои се сликаат со нив! appeared first on Република.

]]>
Град Скопје: Мицкоски да преземе одговорност за состојбите во главниот град https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/grad-skopje-mitskoski-da-prezeme-odgovornost-za-sostojbite-vo-glavniot-grad/ Wed, 14 Aug 2024 09:40:44 +0000 https://republika.mk/?p=806413

Ја поздравуваме најавата на претседателот на Владата – Христијан Мицкоски и го охрабруваме во најбрз можен рок да преземе одговорност за нарушените состојби во главниот град, кои што ги креираше, соопштуваат денеска од Град Скопје.

Оттаму апелираат „премиерот Мицкоски да ги вразуми советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на град Скопје кои трета година по ред свесно и за политички поени ја кочат работата на јавните претпријатија. Апелираме Мицкоски да ги убеди советниците да гласаат за набавка на нови еколошки автобуси, проект кој заедно со градоначалничката Арсовска го ветуваше на скопјани. Апелираме советниците навремено да ги гласаат програмите за работа на јавните претпријатија со цел да не се кочи нивната ефикасност, апелираме Мицкоски да превземе одговорност и за свесното блокирање на претпријатијата“.

Го охрабруваме Мицкоски да се обиде и да ја преземе одговорноста за членовите на Управните и Надзорните одбори во претпријатијата на градот Скопје каде владејачката ВМРО-ДПМНЕ е застапена со над 90% од членовите на Одборите. Токму овие членови на УО и НО три години се изживуваат врз вработените и граѓаните на Скопје. Сите управни одбори без исклучок се со мнозинство членови на ВМРО-ДПМНЕ и се чини имаат единствена задача – влошување на состојбите и блокирање на услугите. Го охрабруваме Мицкоски да ги охрабри овие луѓе да ги одобрат плановите за вработување, плановите за набавки на нови контејнери, машини, дрвја, зеленило, автобуси и резервни делови. Апелираме да се стави крај на политичкиот терор, и сега како одговорна владејачка партија, Мицкоски да превземе одговорност за состојбите во главниот град за кои најзаслужни се советниците и членовите на Управните и Надзорните одбори на градските јавни претпријатија“ се вели во соопштението од Град Скопје.

Ова доаѓа откако вчера премиерот Христијан Мицкоски најави дека ако не се средат работите во градот, Владата ќе разгледува можност за одземање на ингеренциите на градоначалничката Арсовска.

The post Град Скопје: Мицкоски да преземе одговорност за состојбите во главниот град appeared first on Република.

]]>

Ја поздравуваме најавата на претседателот на Владата – Христијан Мицкоски и го охрабруваме во најбрз можен рок да преземе одговорност за нарушените состојби во главниот град, кои што ги креираше, соопштуваат денеска од Град Скопје. Оттаму апелираат „премиерот Мицкоски да ги вразуми советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на град Скопје кои трета година по ред свесно и за политички поени ја кочат работата на јавните претпријатија. Апелираме Мицкоски да ги убеди советниците да гласаат за набавка на нови еколошки автобуси, проект кој заедно со градоначалничката Арсовска го ветуваше на скопјани. Апелираме советниците навремено да ги гласаат програмите за работа на јавните претпријатија со цел да не се кочи нивната ефикасност, апелираме Мицкоски да превземе одговорност и за свесното блокирање на претпријатијата“.
Го охрабруваме Мицкоски да се обиде и да ја преземе одговорноста за членовите на Управните и Надзорните одбори во претпријатијата на градот Скопје каде владејачката ВМРО-ДПМНЕ е застапена со над 90% од членовите на Одборите. Токму овие членови на УО и НО три години се изживуваат врз вработените и граѓаните на Скопје. Сите управни одбори без исклучок се со мнозинство членови на ВМРО-ДПМНЕ и се чини имаат единствена задача – влошување на состојбите и блокирање на услугите. Го охрабруваме Мицкоски да ги охрабри овие луѓе да ги одобрат плановите за вработување, плановите за набавки на нови контејнери, машини, дрвја, зеленило, автобуси и резервни делови. Апелираме да се стави крај на политичкиот терор, и сега како одговорна владејачка партија, Мицкоски да превземе одговорност за состојбите во главниот град за кои најзаслужни се советниците и членовите на Управните и Надзорните одбори на градските јавни претпријатија“ се вели во соопштението од Град Скопје.
Ова доаѓа откако вчера премиерот Христијан Мицкоски најави дека ако не се средат работите во градот, Владата ќе разгледува можност за одземање на ингеренциите на градоначалничката Арсовска.

The post Град Скопје: Мицкоски да преземе одговорност за состојбите во главниот град appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: СДС е директно засегната од смените во МЕПСО и ЕСМ, затоа се занимаваат со лажни и подли кампањи со кои оцрнуваат луѓе кои чесно работат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-sds-e-direktno-zasegnata-od-smenite-vo-mepso-i-esm-zatoa-se-zanimavaat-so-lazhni-i-podli-kampani-so-koi-otsrnuvaat-luge-koi-chesno-rabotat/ Sun, 28 Jul 2024 13:21:52 +0000 https://republika.mk/?p=801064

Денешната прес конференција на СДС е последица на хаотична загриженост поради најавената смена на раководствата на МЕПСО и ЕСМ и ревизијата на нивната работа. Не е проблемот Сања Божиновска туку фактот што СДС и ДУИ 7 години полнеа џебови од криминалот во МЕПСО и ЕСМ, реагира ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата на СДСМ дека министерката за енергетика, Сања Божиновска била основач и управител на фирма која должела 1 милион евра кон МЕПСО.

Денешните прес конференции се лицемерни, најмалку поради два аспекти. Првиот, кога тоа долг на компанија е кривично дело? Второ, СДС имаше 7 години апсолутна власт со ДУИ. Ако имало криминал тогаш што правела СДС? Јасно е дека СДС е директно засегната од смените во МЕПСО и ЕСМ, затоа тие се занимаваат со лажни и подли кампањи со кои оцрнуваат луѓе кои чесно работат. Во отсуство на идеи, обременети со внатрешни проблеми и расколи, СДС која имаше 7 години власт не успеа да докаже ништо, и сега со маалски прес конференции, редовно во прашална форма се трудат да привлечат внимание, се вели во реакцијата.

Претходно Метоија Илиевски од СДСМ на прес конференција рече дека го објавува најновиот скандал поврзан со една од најблиските соработнички на Мицкоски.

„Божиновска која важи за партнер на Мицкоски во енергетика премиерот ја претстави како врвен експерт и менаџер во оваа индустрија. Божиновска која криеше и се уште крие дека има бугарски пасош, крие и многу други работи поврзани со нејзиното работење во приватниот сектор. Компанијата „ЕНГ сервис трејд ДОО Скопје“, фирма чиј основач и еден од управителите била токму Сања Божиновска, во период од 2016 до 2017 направила долгови од речиси 1 милион евра кон државната МЕПСО. Замислете, над 70% од вкупниот долг на МЕПСО во тоа време го направила само една фирма,  фирмата на Божиновска. Долгот е за неплатена електрична енергија и до крајот на 2017 година достигнал 59 милиони денари или скоро 1 милион евра. Еве го тој документ“, додава Илиевски.

Тој вели дека по одредено време, МЕПСО покренува постапка за наплата на долгот и иницира тужба против фирмата на Божиновска. Во 2019 година, спроведено е и вештачење од судски вештак кој ја утврдил вистината на каматите на фирмата на Божиновска која му должена на МЕПСО. Значи цели две и пол години Божиновска нема абер од плаќање на долгот кон државата.

Со наталожен долг кон државата, Божиновска го менува името на фирмата и прераснува во друг субјект. Наместо ‘ЕНГ Сервис Трејд’ сега се вика ‘КАРСЗЗ ТРАДЕ ДООЕЛ Скопје’. Веќе во 2022 година, фирмата ‘КАРСЗЗ ТРАДЕ ДООЕЛ Скопје’ работи со загуби и станува деловно неактивна. Причина за бришењето е поради тоа што не поднела годишна даночна пријава, внимавајте, за 2019 година. Денес ја прашуваме Божиновска а го прашуваме и Мицкоски, каде се парите? Дали се вратени 1 милион евра долг кон државната МЕПСО, де факто пари на граѓаните? Каде се 1 милион евра? Ова ли се менаџерските способности и експертизата на Божиновска,  да згаснуваат и менуваат имиња на фирми кои должат пари? Понатаму, Мицкоски да одговори, како може да постави кадар да раководи со енергетика и де факто да биде одговорна и за работењето на МЕПСО, а притоа таа да му должи на МЕПСО огромна сума пари? Дали ова не е само по себе конфликт? Зошто Мицкоски ја избра Божиновска и дури и направи и цело ново министерство? Во какви бизнис релации се двајцата? СДСМ располага со други информации за катастрофалниот учинок на Божиновска со приватниот сектор кои укажуваат дека таа не е способно за функцијата но има и сомнително минато како менаџер. Како ова ќе се одрази на нејзиното работење можеме само да претпоставиме, но повеќе од јасно е дека ништо добро не може да се очекува. Во следните денови ќе излезе со повеќе информации за сите овие скандали“, завршува Илиевски.

The post ВМРО-ДПМНЕ: СДС е директно засегната од смените во МЕПСО и ЕСМ, затоа се занимаваат со лажни и подли кампањи со кои оцрнуваат луѓе кои чесно работат appeared first on Република.

]]>

Денешната прес конференција на СДС е последица на хаотична загриженост поради најавената смена на раководствата на МЕПСО и ЕСМ и ревизијата на нивната работа. Не е проблемот Сања Божиновска туку фактот што СДС и ДУИ 7 години полнеа џебови од криминалот во МЕПСО и ЕСМ, реагира ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата на СДСМ дека министерката за енергетика, Сања Божиновска била основач и управител на фирма која должела 1 милион евра кон МЕПСО.
Денешните прес конференции се лицемерни, најмалку поради два аспекти. Првиот, кога тоа долг на компанија е кривично дело? Второ, СДС имаше 7 години апсолутна власт со ДУИ. Ако имало криминал тогаш што правела СДС? Јасно е дека СДС е директно засегната од смените во МЕПСО и ЕСМ, затоа тие се занимаваат со лажни и подли кампањи со кои оцрнуваат луѓе кои чесно работат. Во отсуство на идеи, обременети со внатрешни проблеми и расколи, СДС која имаше 7 години власт не успеа да докаже ништо, и сега со маалски прес конференции, редовно во прашална форма се трудат да привлечат внимание, се вели во реакцијата.
Претходно Метоија Илиевски од СДСМ на прес конференција рече дека го објавува најновиот скандал поврзан со една од најблиските соработнички на Мицкоски. „Божиновска која важи за партнер на Мицкоски во енергетика премиерот ја претстави како врвен експерт и менаџер во оваа индустрија. Божиновска која криеше и се уште крие дека има бугарски пасош, крие и многу други работи поврзани со нејзиното работење во приватниот сектор. Компанијата „ЕНГ сервис трејд ДОО Скопје“, фирма чиј основач и еден од управителите била токму Сања Божиновска, во период од 2016 до 2017 направила долгови од речиси 1 милион евра кон државната МЕПСО. Замислете, над 70% од вкупниот долг на МЕПСО во тоа време го направила само една фирма,  фирмата на Божиновска. Долгот е за неплатена електрична енергија и до крајот на 2017 година достигнал 59 милиони денари или скоро 1 милион евра. Еве го тој документ“, додава Илиевски. Тој вели дека по одредено време, МЕПСО покренува постапка за наплата на долгот и иницира тужба против фирмата на Божиновска. Во 2019 година, спроведено е и вештачење од судски вештак кој ја утврдил вистината на каматите на фирмата на Божиновска која му должена на МЕПСО. Значи цели две и пол години Божиновска нема абер од плаќање на долгот кон државата. Со наталожен долг кон државата, Божиновска го менува името на фирмата и прераснува во друг субјект. Наместо ‘ЕНГ Сервис Трејд’ сега се вика ‘КАРСЗЗ ТРАДЕ ДООЕЛ Скопје’. Веќе во 2022 година, фирмата ‘КАРСЗЗ ТРАДЕ ДООЕЛ Скопје’ работи со загуби и станува деловно неактивна. Причина за бришењето е поради тоа што не поднела годишна даночна пријава, внимавајте, за 2019 година. Денес ја прашуваме Божиновска а го прашуваме и Мицкоски, каде се парите? Дали се вратени 1 милион евра долг кон државната МЕПСО, де факто пари на граѓаните? Каде се 1 милион евра? Ова ли се менаџерските способности и експертизата на Божиновска,  да згаснуваат и менуваат имиња на фирми кои должат пари? Понатаму, Мицкоски да одговори, како може да постави кадар да раководи со енергетика и де факто да биде одговорна и за работењето на МЕПСО, а притоа таа да му должи на МЕПСО огромна сума пари? Дали ова не е само по себе конфликт? Зошто Мицкоски ја избра Божиновска и дури и направи и цело ново министерство? Во какви бизнис релации се двајцата? СДСМ располага со други информации за катастрофалниот учинок на Божиновска со приватниот сектор кои укажуваат дека таа не е способно за функцијата но има и сомнително минато како менаџер. Како ова ќе се одрази на нејзиното работење можеме само да претпоставиме, но повеќе од јасно е дека ништо добро не може да се очекува. Во следните денови ќе излезе со повеќе информации за сите овие скандали“, завршува Илиевски.

The post ВМРО-ДПМНЕ: СДС е директно засегната од смените во МЕПСО и ЕСМ, затоа се занимаваат со лажни и подли кампањи со кои оцрнуваат луѓе кои чесно работат appeared first on Република.

]]>
ИОК за превртено олимписко знаме: Жалиме за овој инцидент, но ова не е крај на светот https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/iok-za-prevrteno-olimpisko-zname-zhalime-za-ovoj-intsident-no-ova-ne-e-kraj-na-svetot/ Sat, 27 Jul 2024 13:58:17 +0000 https://republika.mk/?p=800776

Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) ја коментираше ситуацијата со превртеното знаме на отворањето на Игрите во 2024 година.

Олимпиското знаме беше обесено наопаку за време на отворањето на Олимпијадата во Париз.

Знамето беше неправилно закачено на јарболот, поради што се издигна со два круга нагоре, а не како во класичната верзија со три.

-Жалиме за овој инцидент. Сè може да се случи за време на организацијата. Продолжуваме да одиме напред, ова не е крај на светот, изјави Марк Адамс - директорот за комуникации на ИОК.

Игрите во Париз ќе траат до 11 август.

The post ИОК за превртено олимписко знаме: Жалиме за овој инцидент, но ова не е крај на светот appeared first on Република.

]]>

Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) ја коментираше ситуацијата со превртеното знаме на отворањето на Игрите во 2024 година. Олимпиското знаме беше обесено наопаку за време на отворањето на Олимпијадата во Париз. Знамето беше неправилно закачено на јарболот, поради што се издигна со два круга нагоре, а не како во класичната верзија со три. -Жалиме за овој инцидент. Сè може да се случи за време на организацијата. Продолжуваме да одиме напред, ова не е крај на светот, изјави Марк Адамс - директорот за комуникации на ИОК. Игрите во Париз ќе траат до 11 август.

The post ИОК за превртено олимписко знаме: Жалиме за овој инцидент, но ова не е крај на светот appeared first on Република.

]]>
АСОМ ја поздравува работата на Министерството за финансии, сите обложувалници да работат согласно законот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/asom-ja-pozdravuva-rabotata-na-ministerstvoto-za-finansii-site-oblozhuvalnitsi-da-rabotat-soglasno-zakonot/ Mon, 22 Jul 2024 19:39:47 +0000 https://republika.mk/?p=799335

Во однос на изјавата на министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во врска со постапката за одземање на лиценца за приредување игри на среќа на две друштва заради неисполнување на условите од издадената лиценца за приредување игри на среќа, Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) информира дека нивните членки секогаш се на страната на законот и се бори за спроведување на сите законски норми во нашите објекти.

Според Министерството за финансии, се работи за друштва кои не ги подмирувале своите давачки кон буџетот од своето основање до денес, што е констатирано и во записник од страна на УЈП. Во овој контекст, потсетуваме дека сите наши членки секогаш навремено и целосно ги подмируваат своите обврски, со што имаат и сериозен удел во државната каса, меѓутоа без исклучок работиме за спроведување и на сите останати законски прописи во однос на влез на малолетници во објектите, одговорно обложување и сл.

Ние како Асоцијација сме целосно посветени на одговорно спортско обложување, а како индустрија сме контруктивен партнер на институциите кој силно се бори против секаков вид неправилности во секторот. Оттука, силно ја поздравуваме работата на Министерството за финансии и институциите да работат согласно законот, а со крајна цел заштита на играчите.

Членките на АСОМ се легитимни претставници на индустријата кои секогаш делуваат во насока на унапредување на сите аспекти од работење. По сите основи, од приредувачите на игри на среќа на годишно ниво во буџетот се слеваат 280 милиони евра по сите основи, а индустријата индиректно придонесува за приходите на околу 54.000 лица“, се вели во денешното соопштение на АСОМ.

 

The post АСОМ ја поздравува работата на Министерството за финансии, сите обложувалници да работат согласно законот appeared first on Република.

]]>

Во однос на изјавата на министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во врска со постапката за одземање на лиценца за приредување игри на среќа на две друштва заради неисполнување на условите од издадената лиценца за приредување игри на среќа, Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) информира дека нивните членки секогаш се на страната на законот и се бори за спроведување на сите законски норми во нашите објекти.
Според Министерството за финансии, се работи за друштва кои не ги подмирувале своите давачки кон буџетот од своето основање до денес, што е констатирано и во записник од страна на УЈП. Во овој контекст, потсетуваме дека сите наши членки секогаш навремено и целосно ги подмируваат своите обврски, со што имаат и сериозен удел во државната каса, меѓутоа без исклучок работиме за спроведување и на сите останати законски прописи во однос на влез на малолетници во објектите, одговорно обложување и сл.
Ние како Асоцијација сме целосно посветени на одговорно спортско обложување, а како индустрија сме контруктивен партнер на институциите кој силно се бори против секаков вид неправилности во секторот. Оттука, силно ја поздравуваме работата на Министерството за финансии и институциите да работат согласно законот, а со крајна цел заштита на играчите.
Членките на АСОМ се легитимни претставници на индустријата кои секогаш делуваат во насока на унапредување на сите аспекти од работење. По сите основи, од приредувачите на игри на среќа на годишно ниво во буџетот се слеваат 280 милиони евра по сите основи, а индустријата индиректно придонесува за приходите на околу 54.000 лица“, се вели во денешното соопштение на АСОМ.
 

The post АСОМ ја поздравува работата на Министерството за финансии, сите обложувалници да работат согласно законот appeared first on Република.

]]>
Острa реакциja: Гаши со молитвата во Собранието ја наруши секуларноста на државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ostra-reaktsija-gashi-so-molitvata-vo-sobranieto-ja-narushi-sekularnosta-na-drzhavata/ Sat, 13 Jul 2024 07:42:04 +0000 https://republika.mk/?p=796308

Собранието не е и не смее да биде место за организирање на било какви религиски обреди, бидејќи Македонија е јасно определена според Уставот како секуларна држава, реагира владејачката ВМРО-ДПМНЕ откако претседателот на Собранието Африм Гаши и претставници на бошњачката заедница при оддавање почит на жртвите од геноцидот во Сребреница во Собранието се молеа. Опозицискиот СДСМ освен осуда дека на молитвата не ѝ е место во Собранието, побара институциите да реагираат и да има одговорност.

-Ги почитуваме сите религии и религиозни обреди. Меѓутоа, сакаме да истакнеме дека Собранието не е и не смее да биде место за организирање на било какви религиски обреди, бидејќи Македонија е јасно определена според Уставот како секуларна држава. Во нашата земја нема место за религиозни ритуали во државните институции, ниту пак, државата има право да се меша во работата на верските заедници. Во врска со настанот со кој се одбележа геноцидот во Сребреница, каде што еден од учесниците ја злоупотреби поканата и организираше исламска молитва во оваа државна институција, изразуваме најостра осуда – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија апелираат да не се политизира туѓата несреќа и да се собираат ситни политички поени врз несреќата на илјадници други луѓе.

-Со оваа постапка не им се оддава почит на жртвите од Сребреница, туку напротив, ова претставува тешка злоупотреба на оваа трагедија заради прибирање на политички поени. Трагедијата од Сребреница треба да биде потсетник за важноста на мирот и почитувањето на човековите права, а не повод за непотребни конфликти и поделби – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

За молитвата во Законодавниот дом реагира и опозицискиот СДСМ и ги повика институциите да реагираат.

-Африм Гаши ја наруши секулраноста на државата, тоа е непочитување и на Уставот. На верските обреди не им е местото во македонското Собрание ниту во било која државна институција. Претседателот на Собранието Африм Гаши, инаку коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ со овој чекор ја наруши секуларноста на државата, тоа е не почитување на Уставот. Повикуваме надлежните институции да постапат и за овој случај да има одговорност – велат од СДСМ.

The post Острa реакциja: Гаши со молитвата во Собранието ја наруши секуларноста на државата appeared first on Република.

]]>

Собранието не е и не смее да биде место за организирање на било какви религиски обреди, бидејќи Македонија е јасно определена според Уставот како секуларна држава, реагира владејачката ВМРО-ДПМНЕ откако претседателот на Собранието Африм Гаши и претставници на бошњачката заедница при оддавање почит на жртвите од геноцидот во Сребреница во Собранието се молеа. Опозицискиот СДСМ освен осуда дека на молитвата не ѝ е место во Собранието, побара институциите да реагираат и да има одговорност. -Ги почитуваме сите религии и религиозни обреди. Меѓутоа, сакаме да истакнеме дека Собранието не е и не смее да биде место за организирање на било какви религиски обреди, бидејќи Македонија е јасно определена според Уставот како секуларна држава. Во нашата земја нема место за религиозни ритуали во државните институции, ниту пак, државата има право да се меша во работата на верските заедници. Во врска со настанот со кој се одбележа геноцидот во Сребреница, каде што еден од учесниците ја злоупотреби поканата и организираше исламска молитва во оваа државна институција, изразуваме најостра осуда – велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачката партија апелираат да не се политизира туѓата несреќа и да се собираат ситни политички поени врз несреќата на илјадници други луѓе. -Со оваа постапка не им се оддава почит на жртвите од Сребреница, туку напротив, ова претставува тешка злоупотреба на оваа трагедија заради прибирање на политички поени. Трагедијата од Сребреница треба да биде потсетник за важноста на мирот и почитувањето на човековите права, а не повод за непотребни конфликти и поделби – велат од ВМРО-ДПМНЕ. За молитвата во Законодавниот дом реагира и опозицискиот СДСМ и ги повика институциите да реагираат. -Африм Гаши ја наруши секулраноста на државата, тоа е непочитување и на Уставот. На верските обреди не им е местото во македонското Собрание ниту во било која државна институција. Претседателот на Собранието Африм Гаши, инаку коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ со овој чекор ја наруши секуларноста на државата, тоа е не почитување на Уставот. Повикуваме надлежните институции да постапат и за овој случај да има одговорност – велат од СДСМ.

The post Острa реакциja: Гаши со молитвата во Собранието ја наруши секуларноста на државата appeared first on Република.

]]>
СОНК не ја прифаќа одлуката на МОН училиштата да ги одработуваат неработните денови https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sonk-ne-ja-prifaka-odlukata-na-mon-uchilishtata-da-gi-odrabotuvaat-nerabotnite-denovi/ Fri, 19 Apr 2024 16:03:07 +0000 https://republika.mk/?p=768123

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) реагира на известувањето на Министерството за образование и наука за одработувањето на деновите 24 април и 8 мај, кои Владата ги прогласи за неработни без одработување, поради одржувањето на претседателските и парламентарните избори.

Откако вчера претседателот на СОНК, Јаким Неделков го објави известувањето на МОН кое било испратено до училиштата, денеска следува и реакција од Синдикатот.

-СОНК е организација која се бори и е поборник за почитување на законите, но во овој случај, мора да реагира со неприфаќање на ваквата Ваша одлука, проследена преку известувањето, се вели во реакцијата на Синдикатот.

 

The post СОНК не ја прифаќа одлуката на МОН училиштата да ги одработуваат неработните денови appeared first on Република.

]]>

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) реагира на известувањето на Министерството за образование и наука за одработувањето на деновите 24 април и 8 мај, кои Владата ги прогласи за неработни без одработување, поради одржувањето на претседателските и парламентарните избори. Откако вчера претседателот на СОНК, Јаким Неделков го објави известувањето на МОН кое било испратено до училиштата, денеска следува и реакција од Синдикатот. -СОНК е организација која се бори и е поборник за почитување на законите, но во овој случај, мора да реагира со неприфаќање на ваквата Ваша одлука, проследена преку известувањето, се вели во реакцијата на Синдикатот.  

The post СОНК не ја прифаќа одлуката на МОН училиштата да ги одработуваат неработните денови appeared first on Република.

]]>
Реакција на поранешниот в.д. директор на НУ Филхармонија, М-р. Даниел Лазаровски по повод интервјуто со диригентот Јерухам Шаровски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/reaktsija-na-poraneshniot-v-d-direktor-na-nu-filharmonija-m-r-daniel-lazarovski-po-povod-intervjuto-so-dirigentot-jeruham-sharovski/ Sat, 13 Apr 2024 09:11:09 +0000 https://republika.mk/?p=765619

До редакцијата на „Република онлајн“ поранешниот в.д. директор на НУ Филхармонија, М-р. Даниел Лазаровски испрати реакција по повод објавеното интервју со диригентот Јерухам Шаровски.

Во продолжение ја објавуваме реакцијата во целост.

Реакција по повод интервјуто со Јерухам Шаровски

Почитувани, ви се обраќам по повод неодамнешното интервју со Јерухам Шаровски во кое што беа изнесени навреди, лаги и клевети кон мене и мојата работа како в.д. директор на НУ Филхармонија во периодот од пет месеци. Најпрво, би сакал да ве информирам за причината поради која Јерухам Шаровски во интервјуто го ословува периодот на моето раководење на институцијата како „мрачните времиња“, „тежок период“ и дека „по темнината доаѓа светлина“ и слични коментари. Причината за овие коментари би сакал да ја објаснам како повикан и прозван во неговото интервју. Имено, Јерухам Шаровски веќе еднаш беше во тесен избор за шеф диригент, меѓутоа тогашното раководство увиде дека тоа најдобар избор за иднината на оркестар, па во 2020 година му се даде шанса на одличниот млад романски диригент, Габриел Бебешелеа. Оттука почнуваат фрустрациите на Јерухам Шаровски, покажувајќи го своето незадоволство со одбивање на ангажмани во Македонија, а потоа и со вербални критики кон институцијата, раководството и музичарите во приватните комуникации со музичарите од оркестарот. Со доаѓањето на Тина Иванова, како раководител на институцијата, беа обновени контактите со Јерухам и тој повторно се наметна да диригира во годишната програма на Филхармонија, безобзирно погазувајќи ги сите зборови и критики кои самиот ги изрече за најстарата културна институција во Македонија. Кулминацијата на нелогичностите е постигната во Јуни минатата година, каде што непромислено и избрзано, без никаква нужност се потпишува договор кој што треба да важи од Јануари 2024, а кој прекршува низа закони и е спротивен на интересот на институцијата и културата во државата и единствен бенефит од тој договор е неговиот личен. Накратко, за на граѓаните да им биде јасно кој и како се расфрла со нивните пари, во договорот е предвидено: - „Шеф диригент“ кој ќе гостува само четири пати во годината, како што и гостуваат други диригенти без титулата шеф диригент. Како за споредба, шеф диригентот на соседна Белградска филхармонија, диригира минимум 12 концерти во една сезона. - „Уметнички директор“, повторно со доаѓање од само четири пати во годината, по пет дена, да одлучува за уметничката програма и развивање на институцијата, а притоа да добива астрономски бонуси за секој совет и консултација. Репутацијата на Јерухам Шаровски во меѓународните музички кругови е како диригент кој се пазари и условува уметници и диригенти за личен интерес, по принципот „натиго- дајмиго“. Токму оваа функција на „Уметнички директор“ му дозволува да ја користи Филхармонија исклучиво за свој личен бизнс и интерес. За потсетување, во Филхармонија се вработени двајца асистенти продуценти, чија примарна работа е токму тоа, да ја уредуваат годишната програма за институцијата. - Најголемата нелогичност во овој договор е што тој нема апсолутно никакви обврски кон Филхармонија, што ја става институцијата во подредена положба. - Договоро се базира исклучиво на усни ветувања за екскурзии на оркестарот, кои Јерухам нема никаква правна обврска да ги исполни, а доколку истите се исполнат, скапо ќе се платат од државните пари т.е. парите на граѓаните. Ова беше пракса во минатото, каде што гостувањата на Македонската Филхармонија во Израел и Кина, предводени од Шаровски, беа платени од средствата на касата на институцијата, настапија солисти од други држави со сомнителни квалитети, блиски на Јерухам, наместо домашни македонски музичари, а на одредени концерти дури и не стоеше репрезентативно име. Сметам дека не ни е потребен шеф диригент кој што ќе не шета на скапи екскурзии, СО НАШИ ПАРИ, а кој ќе ги спроведува своите лични агенди. Договорот крши и неколку закони, како : - Законот за јазици; истиот е склучен на само на англиски јазик. Иронијата оди дотаму што поранешната директорка која го склучила овој договор е поставена на позиција директор противзаконски, без задолжителен сертификат за англиски јазик. - Закон за работа со странци; не е утврден идентитетот на потписникот, бидејќи се комуницира со приватна електронска пошта од страна на Јерухам Шаровски. - Закон за култура; при потпишување на ваков тип на договори, потребно е да се прати допис до надлежното министерство и истото да се консултира за ангажирање на шеф диригент. Дополнителен сомнеж кон законитоста на договорот фрла фактот што потписот кој што се појавува на старите договори со Јерухам Шаровски и потписот кој е ставен на ништовниот договор, не се исти, а во официјалната електронска комуникација, недостасува прикачен и потпишан договор од негова страна. Овие факти, како и избрзаноста за потпишување на договор во Јуни 2023 со важност од Јануари 2024, фрла сомнеж за фалсификување на потпис, што е уште едно прекршување на закон. Покрај сите овие незаконитости и нелогичности, претседателот на синдикалната организација на Филхармонија, Владимир Лазаревски, јавно ги убедуваше и ги лажеше вработените и јавноста дека Јерухам веќе тужел, дотаму што г-дин Лазаревски веќе ја имаше изнесено пресудата и сумата (над 60 000 евра) која Филхармонија би ја платила заради нереализирањето на овој незаконит, ништовен и штетен договор. Ова фрла сомнеж и кон интересите кои ги има Владимир Лазаревски со потпишувањето на овој договор. Сомнеж фрла односот и инсистирањето на поранешната директорка Тина Иванова, која со своите структури и семејни врски, низ тесна врата ја наметнува програмата која токму таа ја правеше во текот на својот мандат и која беше сменета од моја страна поради ангажман на светски имиња, во споредба со дотогашните уметници со сомнителен квалитет, за сега повторно да се врати истата програма. Последниот инцидент, евидентиран во МВР, каде Тина Иванова физички и вербално ме нападна поради одредени медиумски пишувања, обвинувајќи ме мене за истите, покажуваат дека токму вистините кои јас гласно ги кажувам за бизнис интересите и криминалите во Филхармонија, почнувуват да ги загрижуваат главните чинители во истите. Во поглед на таканаречените „мрачни времиња“, би сакал да напоменам дека во моето пет месечното раководење на институцијата, беа донесени уметници како: Мануел Хернандез Силва, Алфонсо Скарано,Роберт Лакатош, Драган Ѓорѓевиќ, Кристијан Васкез, Пачо Флорез, Лео Рондон, Марина Хередиа, а за јубилејната 80 сезона, беа договорени уметници како Ана Софи Мутер, Џејмс Енес, Роман Ким, Јанин Јансен, Србољуб Диниќ, Зои Цоканоу. Ова се уметници однајвисок ранг, кои поради тешката достапност и презафатеноста навистина се предизвик да се ангажираат. Нивниот ангажман бил договаран исклучиво преку мои лични контакти и со тоа би се испишала нова историја на културата во Македнија. Договорена беше набавка на инструмент „контрафагот“ кој оркестарот на Македонска Филхармонија веќе 10 години го позајмува од други институции, а кој никој од претходните раководства не се ни осмелил да го набави поради високата вредност на инструментот но и недомаќинско работење. Неполни два месеци од моето поствување на функцијата в.д. директор, беше решено прашањето за потрошниот материјал кој поради неспособност на претходното раководство, не можеше да се реши речиси две години. Во поглед на финансиите, од денот на моето поставување па се до неправедното разрешување, состојбата на сметката беше петкратно зголемена, а притоа беа вратени стари долгови од судски спорови од претходните раководства. Беа наплатени стари долгови кон институцијата со сериозно високи износи, кои биле толерирани долго време од „непознати“ причини. Со ословување на овој период како „мрачно време“(за луѓето кои ја користат Филхармонија за свој личен бизнис интерес), јас сметам дека тоа е најсветлото време за Филхармонија и дополнително се потврдува дека одредени луѓе ја држат Филхармонија во заложништво и ја користат како средство за остварување на личните цели и бизнис интереси, а се тоа со државните пари од граѓаните. Ќе си дозволам да кажам дека на овој начин, допрва не очекуваат мрачни времиња. За крај ќе посочам дека човекот кој е поставен за шеф диригент на најстарата културна институција во Македонија, има репутација на диригент чиј пристап кон уметноста е исклучиво во лични бизнис интереси, забранувајќи настапи на солисти и диригенти кои не се согласуваат со неговите ставови и убедувања и кои не ги прифаќаат неговите бизнис игри. Дополнително, Јерухам Шаровски е познат по своите нехумани и расистички изјави во однос на муслиманите и Палестина, поистоветувајќи ги со „животни“, „нелуѓе“, „нечисти“, „луѓе кои не заслужуваат да живеат“ и „луѓе кои треба да им се покаже каде им е местото“. Верувам дека во едно мултирелигиско и мултиетничко општество како нашето, нема место за луѓе со вакви ставови.

Со почит,

М-р. Даниел Лазаровски

Поранешен в.д. директор на НУ Филхармонијa

https://republika.mk/vesti/kultura/orkestarot-na-makedonskata-filharmonija-mozhebi-nema-perfektna-tehnika-kako-germanskiot-nema-golem-budhet-kako-amerikanskiot-orkestar-no-ima-skrieno-oruzhje-a-toa-e-strasta/?fbclid=IwAR1VblnB4AJXqS1CiQJ9A5txAR5YrHWf4sBBjKmwwjmph3N2wvMLUAkTaVs

The post Реакција на поранешниот в.д. директор на НУ Филхармонија, М-р. Даниел Лазаровски по повод интервјуто со диригентот Јерухам Шаровски appeared first on Република.

]]>

До редакцијата на „Република онлајн“ поранешниот в.д. директор на НУ Филхармонија, М-р. Даниел Лазаровски испрати реакција по повод објавеното интервју со диригентот Јерухам Шаровски. Во продолжение ја објавуваме реакцијата во целост.
Реакција по повод интервјуто со Јерухам Шаровски Почитувани, ви се обраќам по повод неодамнешното интервју со Јерухам Шаровски во кое што беа изнесени навреди, лаги и клевети кон мене и мојата работа како в.д. директор на НУ Филхармонија во периодот од пет месеци. Најпрво, би сакал да ве информирам за причината поради која Јерухам Шаровски во интервјуто го ословува периодот на моето раководење на институцијата како „мрачните времиња“, „тежок период“ и дека „по темнината доаѓа светлина“ и слични коментари. Причината за овие коментари би сакал да ја објаснам како повикан и прозван во неговото интервју. Имено, Јерухам Шаровски веќе еднаш беше во тесен избор за шеф диригент, меѓутоа тогашното раководство увиде дека тоа најдобар избор за иднината на оркестар, па во 2020 година му се даде шанса на одличниот млад романски диригент, Габриел Бебешелеа. Оттука почнуваат фрустрациите на Јерухам Шаровски, покажувајќи го своето незадоволство со одбивање на ангажмани во Македонија, а потоа и со вербални критики кон институцијата, раководството и музичарите во приватните комуникации со музичарите од оркестарот. Со доаѓањето на Тина Иванова, како раководител на институцијата, беа обновени контактите со Јерухам и тој повторно се наметна да диригира во годишната програма на Филхармонија, безобзирно погазувајќи ги сите зборови и критики кои самиот ги изрече за најстарата културна институција во Македонија. Кулминацијата на нелогичностите е постигната во Јуни минатата година, каде што непромислено и избрзано, без никаква нужност се потпишува договор кој што треба да важи од Јануари 2024, а кој прекршува низа закони и е спротивен на интересот на институцијата и културата во државата и единствен бенефит од тој договор е неговиот личен. Накратко, за на граѓаните да им биде јасно кој и како се расфрла со нивните пари, во договорот е предвидено: - „Шеф диригент“ кој ќе гостува само четири пати во годината, како што и гостуваат други диригенти без титулата шеф диригент. Како за споредба, шеф диригентот на соседна Белградска филхармонија, диригира минимум 12 концерти во една сезона. - „Уметнички директор“, повторно со доаѓање од само четири пати во годината, по пет дена, да одлучува за уметничката програма и развивање на институцијата, а притоа да добива астрономски бонуси за секој совет и консултација. Репутацијата на Јерухам Шаровски во меѓународните музички кругови е како диригент кој се пазари и условува уметници и диригенти за личен интерес, по принципот „натиго- дајмиго“. Токму оваа функција на „Уметнички директор“ му дозволува да ја користи Филхармонија исклучиво за свој личен бизнс и интерес. За потсетување, во Филхармонија се вработени двајца асистенти продуценти, чија примарна работа е токму тоа, да ја уредуваат годишната програма за институцијата. - Најголемата нелогичност во овој договор е што тој нема апсолутно никакви обврски кон Филхармонија, што ја става институцијата во подредена положба. - Договоро се базира исклучиво на усни ветувања за екскурзии на оркестарот, кои Јерухам нема никаква правна обврска да ги исполни, а доколку истите се исполнат, скапо ќе се платат од државните пари т.е. парите на граѓаните. Ова беше пракса во минатото, каде што гостувањата на Македонската Филхармонија во Израел и Кина, предводени од Шаровски, беа платени од средствата на касата на институцијата, настапија солисти од други држави со сомнителни квалитети, блиски на Јерухам, наместо домашни македонски музичари, а на одредени концерти дури и не стоеше репрезентативно име. Сметам дека не ни е потребен шеф диригент кој што ќе не шета на скапи екскурзии, СО НАШИ ПАРИ, а кој ќе ги спроведува своите лични агенди. Договорот крши и неколку закони, како : - Законот за јазици; истиот е склучен на само на англиски јазик. Иронијата оди дотаму што поранешната директорка која го склучила овој договор е поставена на позиција директор противзаконски, без задолжителен сертификат за англиски јазик. - Закон за работа со странци; не е утврден идентитетот на потписникот, бидејќи се комуницира со приватна електронска пошта од страна на Јерухам Шаровски. - Закон за култура; при потпишување на ваков тип на договори, потребно е да се прати допис до надлежното министерство и истото да се консултира за ангажирање на шеф диригент. Дополнителен сомнеж кон законитоста на договорот фрла фактот што потписот кој што се појавува на старите договори со Јерухам Шаровски и потписот кој е ставен на ништовниот договор, не се исти, а во официјалната електронска комуникација, недостасува прикачен и потпишан договор од негова страна. Овие факти, како и избрзаноста за потпишување на договор во Јуни 2023 со важност од Јануари 2024, фрла сомнеж за фалсификување на потпис, што е уште едно прекршување на закон. Покрај сите овие незаконитости и нелогичности, претседателот на синдикалната организација на Филхармонија, Владимир Лазаревски, јавно ги убедуваше и ги лажеше вработените и јавноста дека Јерухам веќе тужел, дотаму што г-дин Лазаревски веќе ја имаше изнесено пресудата и сумата (над 60 000 евра) која Филхармонија би ја платила заради нереализирањето на овој незаконит, ништовен и штетен договор. Ова фрла сомнеж и кон интересите кои ги има Владимир Лазаревски со потпишувањето на овој договор. Сомнеж фрла односот и инсистирањето на поранешната директорка Тина Иванова, која со своите структури и семејни врски, низ тесна врата ја наметнува програмата која токму таа ја правеше во текот на својот мандат и која беше сменета од моја страна поради ангажман на светски имиња, во споредба со дотогашните уметници со сомнителен квалитет, за сега повторно да се врати истата програма. Последниот инцидент, евидентиран во МВР, каде Тина Иванова физички и вербално ме нападна поради одредени медиумски пишувања, обвинувајќи ме мене за истите, покажуваат дека токму вистините кои јас гласно ги кажувам за бизнис интересите и криминалите во Филхармонија, почнувуват да ги загрижуваат главните чинители во истите. Во поглед на таканаречените „мрачни времиња“, би сакал да напоменам дека во моето пет месечното раководење на институцијата, беа донесени уметници како: Мануел Хернандез Силва, Алфонсо Скарано,Роберт Лакатош, Драган Ѓорѓевиќ, Кристијан Васкез, Пачо Флорез, Лео Рондон, Марина Хередиа, а за јубилејната 80 сезона, беа договорени уметници како Ана Софи Мутер, Џејмс Енес, Роман Ким, Јанин Јансен, Србољуб Диниќ, Зои Цоканоу. Ова се уметници однајвисок ранг, кои поради тешката достапност и презафатеноста навистина се предизвик да се ангажираат. Нивниот ангажман бил договаран исклучиво преку мои лични контакти и со тоа би се испишала нова историја на културата во Македнија. Договорена беше набавка на инструмент „контрафагот“ кој оркестарот на Македонска Филхармонија веќе 10 години го позајмува од други институции, а кој никој од претходните раководства не се ни осмелил да го набави поради високата вредност на инструментот но и недомаќинско работење. Неполни два месеци од моето поствување на функцијата в.д. директор, беше решено прашањето за потрошниот материјал кој поради неспособност на претходното раководство, не можеше да се реши речиси две години. Во поглед на финансиите, од денот на моето поставување па се до неправедното разрешување, состојбата на сметката беше петкратно зголемена, а притоа беа вратени стари долгови од судски спорови од претходните раководства. Беа наплатени стари долгови кон институцијата со сериозно високи износи, кои биле толерирани долго време од „непознати“ причини. Со ословување на овој период како „мрачно време“(за луѓето кои ја користат Филхармонија за свој личен бизнис интерес), јас сметам дека тоа е најсветлото време за Филхармонија и дополнително се потврдува дека одредени луѓе ја држат Филхармонија во заложништво и ја користат како средство за остварување на личните цели и бизнис интереси, а се тоа со државните пари од граѓаните. Ќе си дозволам да кажам дека на овој начин, допрва не очекуваат мрачни времиња. За крај ќе посочам дека човекот кој е поставен за шеф диригент на најстарата културна институција во Македонија, има репутација на диригент чиј пристап кон уметноста е исклучиво во лични бизнис интереси, забранувајќи настапи на солисти и диригенти кои не се согласуваат со неговите ставови и убедувања и кои не ги прифаќаат неговите бизнис игри. Дополнително, Јерухам Шаровски е познат по своите нехумани и расистички изјави во однос на муслиманите и Палестина, поистоветувајќи ги со „животни“, „нелуѓе“, „нечисти“, „луѓе кои не заслужуваат да живеат“ и „луѓе кои треба да им се покаже каде им е местото“. Верувам дека во едно мултирелигиско и мултиетничко општество како нашето, нема место за луѓе со вакви ставови. Со почит, М-р. Даниел Лазаровски Поранешен в.д. директор на НУ Филхармонијa
https://republika.mk/vesti/kultura/orkestarot-na-makedonskata-filharmonija-mozhebi-nema-perfektna-tehnika-kako-germanskiot-nema-golem-budhet-kako-amerikanskiot-orkestar-no-ima-skrieno-oruzhje-a-toa-e-strasta/?fbclid=IwAR1VblnB4AJXqS1CiQJ9A5txAR5YrHWf4sBBjKmwwjmph3N2wvMLUAkTaVs

The post Реакција на поранешниот в.д. директор на НУ Филхармонија, М-р. Даниел Лазаровски по повод интервјуто со диригентот Јерухам Шаровски appeared first on Република.

]]>
И ИПИС најавува тужби по обвинувањата од СДСМ: Тажно е што наместо да ги сузбиваат лажните вести, тие се креатори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/i-ipis-najavuva-tuzhbi-po-obvinuvanata-od-sdsm-tazhno-e-shto-namesto-da-gi-suzbivaat-lazhnite-vesti-tie-se-kreatori/ Wed, 03 Apr 2024 12:24:52 +0000 https://republika.mk/?p=761680

Со жалење можеме да констатираме дека дел од општествените чинители наместо да бидат корективен фактор кој ќе се бори и ќе ги сузбива лажните вести и дезинформации, тие во одредени случаи се и самите креатори или поддржувачи на истите. За изнесените невистини поврзани со ИПИС ќе се преземат сите правни средства кои ни стојат на располагање, вклучително и тужби пред надлежните судови, најавија денеска од Институтот за политички истржувања од Скопје по обвинувањата на СДСМ дека анкетите објавени на Македонската телевизија се лажни и нарачани од штабот на ВМРО-ДПМНЕ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-objavuva-lazhni-dokumenti-vmro-dpmne-najavuva-tuzhba-za-kleveta/

Институтот за Политички истражувања од Скопје во соработка со МРТ спроведува серија на истражувања во пресрет на претседателските и парламентарни избори, по углед на соработката која ја имаат водечките светски медиуми и агенции за истражување на јавното мислење за време на изборните процеси во САД и повеќето земји на ЕУ. Оваа соработка е исклучиво врз база на договор меѓу ИПИС и продукцијата која е одговорна за овие емисии на МРТ без притоа да биде инволвирана било каква трета страна, односно друг правен субјект, организација или физичко лице.

Во однос на прецизноста и методологијата на самите анкети, ИПИС со сето свое икуство и минат труд стои позади резултатите кои се објавуваат. За точноста на податоците од истражувањата на ИПИС доволно е да се направи едноставна компарација со претходните изборни циклуси или референдуми во изминатите петнаесеттина години каде јасно може да се види дека сите проекции на изборните резултати кои ги објавил ИПИС се точни, односно во рамки на дозволената маргинална грешка.

Со жалење можеме да констатираме дека дел од општествените чинители наместо да бидат корективен фактор кој ќе се бори и ќе ги сузбива лажните вести и дезинформации, тие во одредени случаи се и самите креатори или поддржувачи на истите. За изнесените невистини поврзани со ИПИС ќе се преземат сите правни средства кои ни стојат на располагање, вклучително и тужби пред надлежните судови, се вели во реакцијата од ИПИС.

Претходно свои реакции имаа и МРТВ и ВМРО-ДПМНЕ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mrt-reagira-na-obvinuvanata-od-sdsm-politichkite-partii-da-prestanat-da-vrshat-pritisok-kon-javniot-servis/

The post И ИПИС најавува тужби по обвинувањата од СДСМ: Тажно е што наместо да ги сузбиваат лажните вести, тие се креатори appeared first on Република.

]]>

Со жалење можеме да констатираме дека дел од општествените чинители наместо да бидат корективен фактор кој ќе се бори и ќе ги сузбива лажните вести и дезинформации, тие во одредени случаи се и самите креатори или поддржувачи на истите. За изнесените невистини поврзани со ИПИС ќе се преземат сите правни средства кои ни стојат на располагање, вклучително и тужби пред надлежните судови, најавија денеска од Институтот за политички истржувања од Скопје по обвинувањата на СДСМ дека анкетите објавени на Македонската телевизија се лажни и нарачани од штабот на ВМРО-ДПМНЕ. https://republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-objavuva-lazhni-dokumenti-vmro-dpmne-najavuva-tuzhba-za-kleveta/
Институтот за Политички истражувања од Скопје во соработка со МРТ спроведува серија на истражувања во пресрет на претседателските и парламентарни избори, по углед на соработката која ја имаат водечките светски медиуми и агенции за истражување на јавното мислење за време на изборните процеси во САД и повеќето земји на ЕУ. Оваа соработка е исклучиво врз база на договор меѓу ИПИС и продукцијата која е одговорна за овие емисии на МРТ без притоа да биде инволвирана било каква трета страна, односно друг правен субјект, организација или физичко лице. Во однос на прецизноста и методологијата на самите анкети, ИПИС со сето свое икуство и минат труд стои позади резултатите кои се објавуваат. За точноста на податоците од истражувањата на ИПИС доволно е да се направи едноставна компарација со претходните изборни циклуси или референдуми во изминатите петнаесеттина години каде јасно може да се види дека сите проекции на изборните резултати кои ги објавил ИПИС се точни, односно во рамки на дозволената маргинална грешка. Со жалење можеме да констатираме дека дел од општествените чинители наместо да бидат корективен фактор кој ќе се бори и ќе ги сузбива лажните вести и дезинформации, тие во одредени случаи се и самите креатори или поддржувачи на истите. За изнесените невистини поврзани со ИПИС ќе се преземат сите правни средства кои ни стојат на располагање, вклучително и тужби пред надлежните судови, се вели во реакцијата од ИПИС.
Претходно свои реакции имаа и МРТВ и ВМРО-ДПМНЕ. https://republika.mk/vesti/makedonija/mrt-reagira-na-obvinuvanata-od-sdsm-politichkite-partii-da-prestanat-da-vrshat-pritisok-kon-javniot-servis/

The post И ИПИС најавува тужби по обвинувањата од СДСМ: Тажно е што наместо да ги сузбиваат лажните вести, тие се креатори appeared first on Република.

]]>
МРТ реагира на обвинувањата од СДСМ: Политичките партии да престанат да вршат притисок кон јавниот сервис https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mrt-reagira-na-obvinuvanata-od-sdsm-politichkite-partii-da-prestanat-da-vrshat-pritisok-kon-javniot-servis/ Wed, 03 Apr 2024 12:11:36 +0000 https://republika.mk/?p=761674

Јавниот сервис, своите обврски кон тие за кои и постои – граѓаните, ги реализира согласно сите законски регулативи и етички норми, реагираат денеска од Уредувачкиот колегиум на Македонската радио-телевизија, додавајќи дкеа Македонската телевизија, програмската содржина ја конципира според правилата кои претставуваат операционализација на обврските што ги има согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Законот за медиуми и согласно Етичкиот кодекс.

Секое намерно и неосновано поткопување на довербата на граѓаните во јавните институции по дефиниција е штетен наратив. Во тој контекст, штетните наративи кон Јавниот сервис растат во изборниот период. Во еден специфичен момент на технолошка револуција во Македонската телевизија, промовирање на новата виртуелна и проширена реалност преку програмските содржини што се емитуваат, Јавниот сервис се соочува со неосновани напади за веродостојноста на тоа што се пласира. Во рамки на емисијата Објектив, се презентира испитување на јавното мислење за прашања поврзани со актуелната политичко–економска состојба и рејтингот на политичките партии. Во истражувањето се вклучени две реномирани агенции (факт кои не се споенува во нападите кон нас) чии сопственици се Петар Арсовски и Владимир Божиновски, а во емисијата учествуваат и реномирани гости од општествено – политичкиот живот во Македонија. Наша определба и цел е ваков тип на емисии да има пред секој изборен циклус во државата. Потврдувајќи ја определбата на модерните демократии за почитување на основното право на слобода на изразување, загарантирано со членот 10 од Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи, МРТ секогаш се води според основните професионални стандарди и етички начела, се вели во реакцијата од МРТ.

Впрочем, додаваат оттаму, во просторот меѓу цензура и анархија, степенот на демократијата на едно општество се мери според слободата на изразување.

Поради тоа Јавниот сервис ги отфрла сите неосновани напади за професионалноста и објективното известување. Како досега, така и натаму ќе известува точно, проверено и објективно за да ја одржи стекнатата доверба кај граѓаните. Јавниот сервис е отчетен кон публиката и постапува транспарентно кон неа. Отчетноста значи дека сите медиумски работници вклучени во програмата стојат зад нивната работа. На крајот сакаме да потенцираме дека МТВ во никој случај нема да влезе во дневно политичка пресметка на партиите во овој предизборен период. Уште еднаш апелираме политичките партии да престанат да вршат притисок кон јавниот сервис. Како и до сега ќе продолжиме да работиме професионално, балансирано и согласно сите етички и професионални стандарди на известување. Впрочем на крајот на изборниот процес ќе ги видиме извештаите кои досега кажувале дека работиме балансирано и професионално. За сите овие партиски и политички притисоци и обиди за подривање на кредибилитетот на Јавниот сервис ќе бидат известени сите домашни и меѓународни медиумски организации како и амбасадите и мисијата на ОБСЕ, велат од МРТ.

Претходно денеска СДСМ обвини дека анкетите кои се објавуваат на МТВ се лажни и нарачани од штабот на ВМРО-ДПМНЕ, што веднаш беше демантирано и од партијата.

https://republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-objavuva-lazhni-dokumenti-vmro-dpmne-najavuva-tuzhba-za-kleveta/

 

The post МРТ реагира на обвинувањата од СДСМ: Политичките партии да престанат да вршат притисок кон јавниот сервис appeared first on Република.

]]>

Јавниот сервис, своите обврски кон тие за кои и постои – граѓаните, ги реализира согласно сите законски регулативи и етички норми, реагираат денеска од Уредувачкиот колегиум на Македонската радио-телевизија, додавајќи дкеа Македонската телевизија, програмската содржина ја конципира според правилата кои претставуваат операционализација на обврските што ги има согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Законот за медиуми и согласно Етичкиот кодекс.
Секое намерно и неосновано поткопување на довербата на граѓаните во јавните институции по дефиниција е штетен наратив. Во тој контекст, штетните наративи кон Јавниот сервис растат во изборниот период. Во еден специфичен момент на технолошка револуција во Македонската телевизија, промовирање на новата виртуелна и проширена реалност преку програмските содржини што се емитуваат, Јавниот сервис се соочува со неосновани напади за веродостојноста на тоа што се пласира. Во рамки на емисијата Објектив, се презентира испитување на јавното мислење за прашања поврзани со актуелната политичко–економска состојба и рејтингот на политичките партии. Во истражувањето се вклучени две реномирани агенции (факт кои не се споенува во нападите кон нас) чии сопственици се Петар Арсовски и Владимир Божиновски, а во емисијата учествуваат и реномирани гости од општествено – политичкиот живот во Македонија. Наша определба и цел е ваков тип на емисии да има пред секој изборен циклус во државата. Потврдувајќи ја определбата на модерните демократии за почитување на основното право на слобода на изразување, загарантирано со членот 10 од Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи, МРТ секогаш се води според основните професионални стандарди и етички начела, се вели во реакцијата од МРТ.
Впрочем, додаваат оттаму, во просторот меѓу цензура и анархија, степенот на демократијата на едно општество се мери според слободата на изразување.
Поради тоа Јавниот сервис ги отфрла сите неосновани напади за професионалноста и објективното известување. Како досега, така и натаму ќе известува точно, проверено и објективно за да ја одржи стекнатата доверба кај граѓаните. Јавниот сервис е отчетен кон публиката и постапува транспарентно кон неа. Отчетноста значи дека сите медиумски работници вклучени во програмата стојат зад нивната работа. На крајот сакаме да потенцираме дека МТВ во никој случај нема да влезе во дневно политичка пресметка на партиите во овој предизборен период. Уште еднаш апелираме политичките партии да престанат да вршат притисок кон јавниот сервис. Како и до сега ќе продолжиме да работиме професионално, балансирано и согласно сите етички и професионални стандарди на известување. Впрочем на крајот на изборниот процес ќе ги видиме извештаите кои досега кажувале дека работиме балансирано и професионално. За сите овие партиски и политички притисоци и обиди за подривање на кредибилитетот на Јавниот сервис ќе бидат известени сите домашни и меѓународни медиумски организации како и амбасадите и мисијата на ОБСЕ, велат од МРТ.
Претходно денеска СДСМ обвини дека анкетите кои се објавуваат на МТВ се лажни и нарачани од штабот на ВМРО-ДПМНЕ, што веднаш беше демантирано и од партијата. https://republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-objavuva-lazhni-dokumenti-vmro-dpmne-najavuva-tuzhba-za-kleveta/  

The post МРТ реагира на обвинувањата од СДСМ: Политичките партии да престанат да вршат притисок кон јавниот сервис appeared first on Република.

]]>
Ковачевски, очигледно не го знаете ни Уставот кој не познава поим род https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-ochigledno-ne-go-znaete-ni-ustavot-koj-ne-poznava-poim-rod/ Wed, 06 Mar 2024 11:18:13 +0000 https://republika.mk/?p=751848

Реакција на здружението „Родителски фронт“ по повод јавната изјава на Димитар Ковачевски дадена на маршот одржан на 1 март 2024 во Кавадарци, која ви ја пренесуваме во целост:

НЕПОЧИТУВАН И НИКОГАШ ОД НАРОДОТ ИЗБРАН Г-ДИН ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ!

Како претседател на СДСМ го предводевте осмомартовскиот марш организиран од партијата чиј лидер сте, на сосема друг датум, но ја искористивте можноста да упатите низа апели до вашите сопартијци и симпатизери, но и до нас останатите, на кои ни дадовте јасно до знаење каква патека трасирате и какви идеи и цели поставувате пред себе, кои би ги оствариле на Осми мај, кога вие непочитуван, пак ќе сте формирале влада и одново ќе сте биле премиер. Па така, без фанфари, триумфално, самоуверено, дрско и безобразно најавувате дека прв закон кој ќе го предложите да биде донесен е спорниот закон за родова еднаквост.

Да ни простите што тука грохотно ќе се насмееме, но за вас очигледно родовата еднаквост е непознат поим.

Не само што родовата еднаквост изгледа ви е непозната категорија, туку вие очигледно не го знаете и Уставот на Република Македонија кој не познава поим род, со што вие се залагате како прв да биде предложен и донесен противуставен закон.

И не само овој закон, туку еден куп закони за кои се фалите дека сте успеале да ги донесете во времето на вашето владеење.

Да резимираме Ковачевски!

Вие очигледно не сте го гледале дебаклот на вашиот Министер Јована Тренчевска во Струмица, на дебатата на која во однос на спорниот закон (чиј предлагач е Министерството со кое раководеше Тренчевска) не знаеше да одговори скоро на ниту едно од поставените прашања од учесниците во дебатата. Вие, ништо, Ковачевски немате научено ниту од Мила Царовска како пионер на родовата идеологија во Македонија.

Па така, вашето повикување дека сега во предлагањето на овој закон ќе застанат најнапред мажи, па потоа жени, рамо до рамо, преведено со речникот на родовата еднаквост, значи, дека, до вас може да застане и жена која се идентификува како маж, а до жените би можеле да застанат и мажи кои се идентификуваат како жени. Тоа е родовата еднаквост Ковачевски. Тоа не е закон кој ќе ја зајакне улогата на жената, затоа што жената во ова општество ги има и ужива сите права подеднакво со мажите. Туку овој закон е всушност филтер за протурнување на разновидни родови идентитети опфатени со овој спорен закон, покрај жените и мажите. Овој закон кој би стапил во сила наместо постоечкиот закон за еднакви можности на жените и мажите. Ја гледате ли разликата Ковачевски?! Значи во постоечкиот закон за еднакви можности на жените и мажите се опфатени жените и мажите, а во спорниот предлог закон за родова еднаквост се опфатени покрај жените и мажите и разновидните родови идентитети.

Вие, Ковачевски, заборавате дека во улога на премиер или министер би требало да бидете слуга на народот, а не овој народ, како и за се останато, да не го прашувате за ништо. Особено вие Ковачевски овој народ не го прашувате дали сака да му ги одземете традицоналните семејни вредности на кои ова општество почива и дали овој народ сака да се донесе законот за родова еднаквост со кој некој освен тоа што може да се идентификува како спротивниот пол, може да се идентификува на пример и како пеперутка и притоа доколку некој од нас не му го признае таквото идентификување ќе биде предмет на судски постапки, ќе биде предмет на опсервација и прогон од страна на Секретаријатот- тоа опасно тело кое се заканува да надвиснува над слободата на мислата и говорот кои како основни човекови права ни се загарантирани со меѓународни конвенции ратификувани во Македонија, но и со највисокиот правен акт- Уставот.

Со вашето преамбициозно залагање како закон над законите, како супразакон во оваа „розевина од општество“ во кое сите други егзистенцијални состојби и односи се регулирани со закон, да биде донесен законот за родова еднаквост, вие господине Ковачевски всушност сами си ја испишувате судбината на осми мај.

Се прашуваме од каде го црпите легитимитетот да одлучувате за вакви суштествени, сензитивни и значајни прашања за народот, кога вие никогаш досега не сте биле избран од народот!? Од каде ви е таа дрска и арогантна самоувереност особено после авантурата со предлог законот за родова еднаквост, а и сега, која како заразна болест ја пренесувате и врз вашите родови активисти од кои некои ќе се најдат на листите и за нив народот треба да гласа!?

Верувајте ниту еден од членовите на здружението на родители Родителски фронт, ниту еден од поддржувачите на нашите цели, како и останатите наши соработници и партнери нема да ве поддржи на осми мај. Вие, Ковачевски со овие штетни закони ни трасирате погрешен пат за нас и нашите деца, а на кои им овозможувате без да имаат наполнето 18 години да извршат промена на пол со проста изјава пред нотар. За нашите деца за кои ние сме подготвени да го дадеме и својот живот, а вие ни покажувате пат по кој ние не сакаме да чекориме,а уште помалку да ве следиме.

Вашата изјава дека борбата за родовата еднаквост продолжува, ја најавува и нашата борба на фронтот на родителите и на сите здраворазумни и совесни граѓани кои отворено застануваат во борба против вашето залагање законот за родова еднаквост да го дочека светлото некојси мајски ден.

Можеме слободно да ви кажеме дека сме ви бескрајно благодарни за вашата искреност на осмомартовскиот марш и дека на тој начин и оној кој се двоумел да го даде својот бесценет демократски глас на изборите за вас, сега нема да го даде. И дека на овој начин се докажа дека не сме донкихотовски настроени во борбата против ветерниците, туку имаме конкретен непријател, наш и на нашите деца.

Непочитуван Ковачевски, се надеваме, дека сте свесни за тежината на јавно изнесените ставови за поддржување на законот за родова еднаквост, со кои не повредувате сите нас кои се бориме да ги сочуваме традиционалните семејни вредности и она малку останато здраво ткиво на овој полураспаднат општествен систем.

Уште еднаш да ви напомнеме, историски гледано за правата на жените, некогаш некои храбри ликови се бореле, но за правата на биолошките жени, а не и за правата на мажите кои се идентификуваат како жени. Ќе беше учтиво во име на грамадноста на таа борба, на вашиот партиски осмомартовски марш родовата еднаквост да ја избегневте, а и заради почит кон жените во Македонија. Но, ви ја одземаме можноста да ВО ИМЕ НА НАРОДОТ зборувате дека законот за родова еднаквост е за јакнење на улогата на жените. Оти не е така!

Се гледаме на Осми мај!

Се гледаме на фронтот!

Без почит, Родителски фронт

The post Ковачевски, очигледно не го знаете ни Уставот кој не познава поим род appeared first on Република.

]]>

Реакција на здружението „Родителски фронт“ по повод јавната изјава на Димитар Ковачевски дадена на маршот одржан на 1 март 2024 во Кавадарци, која ви ја пренесуваме во целост:

НЕПОЧИТУВАН И НИКОГАШ ОД НАРОДОТ ИЗБРАН Г-ДИН ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ!

Како претседател на СДСМ го предводевте осмомартовскиот марш организиран од партијата чиј лидер сте, на сосема друг датум, но ја искористивте можноста да упатите низа апели до вашите сопартијци и симпатизери, но и до нас останатите, на кои ни дадовте јасно до знаење каква патека трасирате и какви идеи и цели поставувате пред себе, кои би ги оствариле на Осми мај, кога вие непочитуван, пак ќе сте формирале влада и одново ќе сте биле премиер. Па така, без фанфари, триумфално, самоуверено, дрско и безобразно најавувате дека прв закон кој ќе го предложите да биде донесен е спорниот закон за родова еднаквост. Да ни простите што тука грохотно ќе се насмееме, но за вас очигледно родовата еднаквост е непознат поим. Не само што родовата еднаквост изгледа ви е непозната категорија, туку вие очигледно не го знаете и Уставот на Република Македонија кој не познава поим род, со што вие се залагате како прв да биде предложен и донесен противуставен закон. И не само овој закон, туку еден куп закони за кои се фалите дека сте успеале да ги донесете во времето на вашето владеење. Да резимираме Ковачевски! Вие очигледно не сте го гледале дебаклот на вашиот Министер Јована Тренчевска во Струмица, на дебатата на која во однос на спорниот закон (чиј предлагач е Министерството со кое раководеше Тренчевска) не знаеше да одговори скоро на ниту едно од поставените прашања од учесниците во дебатата. Вие, ништо, Ковачевски немате научено ниту од Мила Царовска како пионер на родовата идеологија во Македонија. Па така, вашето повикување дека сега во предлагањето на овој закон ќе застанат најнапред мажи, па потоа жени, рамо до рамо, преведено со речникот на родовата еднаквост, значи, дека, до вас може да застане и жена која се идентификува како маж, а до жените би можеле да застанат и мажи кои се идентификуваат како жени. Тоа е родовата еднаквост Ковачевски. Тоа не е закон кој ќе ја зајакне улогата на жената, затоа што жената во ова општество ги има и ужива сите права подеднакво со мажите. Туку овој закон е всушност филтер за протурнување на разновидни родови идентитети опфатени со овој спорен закон, покрај жените и мажите. Овој закон кој би стапил во сила наместо постоечкиот закон за еднакви можности на жените и мажите. Ја гледате ли разликата Ковачевски?! Значи во постоечкиот закон за еднакви можности на жените и мажите се опфатени жените и мажите, а во спорниот предлог закон за родова еднаквост се опфатени покрај жените и мажите и разновидните родови идентитети. Вие, Ковачевски, заборавате дека во улога на премиер или министер би требало да бидете слуга на народот, а не овој народ, како и за се останато, да не го прашувате за ништо. Особено вие Ковачевски овој народ не го прашувате дали сака да му ги одземете традицоналните семејни вредности на кои ова општество почива и дали овој народ сака да се донесе законот за родова еднаквост со кој некој освен тоа што може да се идентификува како спротивниот пол, може да се идентификува на пример и како пеперутка и притоа доколку некој од нас не му го признае таквото идентификување ќе биде предмет на судски постапки, ќе биде предмет на опсервација и прогон од страна на Секретаријатот- тоа опасно тело кое се заканува да надвиснува над слободата на мислата и говорот кои како основни човекови права ни се загарантирани со меѓународни конвенции ратификувани во Македонија, но и со највисокиот правен акт- Уставот. Со вашето преамбициозно залагање како закон над законите, како супразакон во оваа „розевина од општество“ во кое сите други егзистенцијални состојби и односи се регулирани со закон, да биде донесен законот за родова еднаквост, вие господине Ковачевски всушност сами си ја испишувате судбината на осми мај. Се прашуваме од каде го црпите легитимитетот да одлучувате за вакви суштествени, сензитивни и значајни прашања за народот, кога вие никогаш досега не сте биле избран од народот!? Од каде ви е таа дрска и арогантна самоувереност особено после авантурата со предлог законот за родова еднаквост, а и сега, која како заразна болест ја пренесувате и врз вашите родови активисти од кои некои ќе се најдат на листите и за нив народот треба да гласа!? Верувајте ниту еден од членовите на здружението на родители Родителски фронт, ниту еден од поддржувачите на нашите цели, како и останатите наши соработници и партнери нема да ве поддржи на осми мај. Вие, Ковачевски со овие штетни закони ни трасирате погрешен пат за нас и нашите деца, а на кои им овозможувате без да имаат наполнето 18 години да извршат промена на пол со проста изјава пред нотар. За нашите деца за кои ние сме подготвени да го дадеме и својот живот, а вие ни покажувате пат по кој ние не сакаме да чекориме,а уште помалку да ве следиме. Вашата изјава дека борбата за родовата еднаквост продолжува, ја најавува и нашата борба на фронтот на родителите и на сите здраворазумни и совесни граѓани кои отворено застануваат во борба против вашето залагање законот за родова еднаквост да го дочека светлото некојси мајски ден. Можеме слободно да ви кажеме дека сме ви бескрајно благодарни за вашата искреност на осмомартовскиот марш и дека на тој начин и оној кој се двоумел да го даде својот бесценет демократски глас на изборите за вас, сега нема да го даде. И дека на овој начин се докажа дека не сме донкихотовски настроени во борбата против ветерниците, туку имаме конкретен непријател, наш и на нашите деца. Непочитуван Ковачевски, се надеваме, дека сте свесни за тежината на јавно изнесените ставови за поддржување на законот за родова еднаквост, со кои не повредувате сите нас кои се бориме да ги сочуваме традиционалните семејни вредности и она малку останато здраво ткиво на овој полураспаднат општествен систем. Уште еднаш да ви напомнеме, историски гледано за правата на жените, некогаш некои храбри ликови се бореле, но за правата на биолошките жени, а не и за правата на мажите кои се идентификуваат како жени. Ќе беше учтиво во име на грамадноста на таа борба, на вашиот партиски осмомартовски марш родовата еднаквост да ја избегневте, а и заради почит кон жените во Македонија. Но, ви ја одземаме можноста да ВО ИМЕ НА НАРОДОТ зборувате дека законот за родова еднаквост е за јакнење на улогата на жените. Оти не е така! Се гледаме на Осми мај! Се гледаме на фронтот! Без почит, Родителски фронт

The post Ковачевски, очигледно не го знаете ни Уставот кој не познава поим род appeared first on Република.

]]>
МАН: Малиот фирер од нашиот сокак против медиумите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/man-maliot-firer-od-nashiot-sokak-protiv-mediumite/ Mon, 04 Mar 2024 13:06:24 +0000 https://republika.mk/?p=751069

Македонската асоцијација на новинари (МАН) ги осудува заканите од Димитар Апасиев пратеник и претседател на политичка партија упатени до Канал 5 ТВ и директорот Иван Мирчевски.

Заканите за „војна“, “системски организирана кампања“ се сериозни закани по слободата на изразување која е гарантирана со Уставот, но и по слободата на претприемништво. Со својот статус на социјалната мрежа Фејсбук, Апасиев како пратеник и претседателот на политичката партија се заканува со последици по финансиската егзистенција на Канал 5 ТВ и врши политички притисок врз компании – деловни партнери, што е кривично дело – злоупотреба на службена положба од позиција на пратеник кој се заканува со употреба на својата политичка моќ. Не му е прв пат на овој претседател на партија да се заканува, да шири говор на омраза, навреди и клевети против новинари и против медиуми. И во овој случај, тој напиша куп навреди и клевети против директорот на Канал 5 ТВ Иван Мирчевски, за што го повикуваме Димитар Апасиев да се извини, велат МАН во нивната реакција.

МАН ги повикува надлежните институции, пред сè обвинителството, да реагира по ваквите закани и злоупотреба на службена положба од позиција на пратеник на Димитар Апасиев кој е и претседател на политичка партија, и да ги заштити медиумите и новинарите, особено заради фактот што Македонија влегува во период на избори.

Доколку обвинителството не преземе мерки за заштита на медиумите и новинарите, ваквите закани и злоупотребата на службената положба на Димитар Апасиев, пратеник и претседател на политичка партија, ќе охрабри и други поединци и/или групи да се закануваат кон медиумите и новинарите. Правните тимови на МАН секако дека ќе преземат мерки пред надлежните институции за запирање на злоупотребата на политичка положба, говор на омраза, заканите, навреди и клевети кои преку социјалните мрежи ги шири претседател на политичка партија. Изненадува фактот што дежурните цензори на социјалните мрежи кои ја гушат слободата на медиумите преку нивни наводни проверки на факти – немаат пријава до Фејсбук за блокирање на профил/и поради закани и злоупотреба на политичка моќ, односно останаа неми на овие закани од претседател на политичка партија кон Канал 5 ТВ, велат од МАН.

The post МАН: Малиот фирер од нашиот сокак против медиумите appeared first on Република.

]]>

Македонската асоцијација на новинари (МАН) ги осудува заканите од Димитар Апасиев пратеник и претседател на политичка партија упатени до Канал 5 ТВ и директорот Иван Мирчевски.
Заканите за „војна“, “системски организирана кампања“ се сериозни закани по слободата на изразување која е гарантирана со Уставот, но и по слободата на претприемништво. Со својот статус на социјалната мрежа Фејсбук, Апасиев како пратеник и претседателот на политичката партија се заканува со последици по финансиската егзистенција на Канал 5 ТВ и врши политички притисок врз компании – деловни партнери, што е кривично дело – злоупотреба на службена положба од позиција на пратеник кој се заканува со употреба на својата политичка моќ. Не му е прв пат на овој претседател на партија да се заканува, да шири говор на омраза, навреди и клевети против новинари и против медиуми. И во овој случај, тој напиша куп навреди и клевети против директорот на Канал 5 ТВ Иван Мирчевски, за што го повикуваме Димитар Апасиев да се извини, велат МАН во нивната реакција.
МАН ги повикува надлежните институции, пред сè обвинителството, да реагира по ваквите закани и злоупотреба на службена положба од позиција на пратеник на Димитар Апасиев кој е и претседател на политичка партија, и да ги заштити медиумите и новинарите, особено заради фактот што Македонија влегува во период на избори.
Доколку обвинителството не преземе мерки за заштита на медиумите и новинарите, ваквите закани и злоупотребата на службената положба на Димитар Апасиев, пратеник и претседател на политичка партија, ќе охрабри и други поединци и/или групи да се закануваат кон медиумите и новинарите. Правните тимови на МАН секако дека ќе преземат мерки пред надлежните институции за запирање на злоупотребата на политичка положба, говор на омраза, заканите, навреди и клевети кои преку социјалните мрежи ги шири претседател на политичка партија. Изненадува фактот што дежурните цензори на социјалните мрежи кои ја гушат слободата на медиумите преку нивни наводни проверки на факти – немаат пријава до Фејсбук за блокирање на профил/и поради закани и злоупотреба на политичка моќ, односно останаа неми на овие закани од претседател на политичка партија кон Канал 5 ТВ, велат од МАН.

The post МАН: Малиот фирер од нашиот сокак против медиумите appeared first on Република.

]]>
Физички нападнат лекар во Радовиш, реагира Лекарската комора https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/fizichki-napadnat-lekar-vo-radovish-reagira-lekarskata-komora/ Mon, 12 Feb 2024 13:33:05 +0000 https://republika.mk/?p=743246

Лекарската комора остро го осудува физичкиот напад на лекар вработен во Итната помош во Здравствениот дом во Радовиш, што се случи на 10 февруари, додека тој ја вршел својата професионална дејност и пружал здравствени услуги, се наведува во денешното соопштение на Комората.

Од Лекарската комора повикуваат на нула толеранција за насилство врз здравствените работници.

Насилството врз лекарите, без разлика дали е физичко, психичко или во која било друга форма, не смее да се толерира, бидејќи сериозно го засега интегритетот на докторите и нивните професионални активности, што негативно се одразува и на услугите што ги добиваат пациентите. Затоа ги повикуваме сите надлежни институции, неодложно и одговорно да постапат во случајот и да ги заштитат здравствените работници во вршењето на својата професија, подвлекуваат од Лекарската комора.

The post Физички нападнат лекар во Радовиш, реагира Лекарската комора appeared first on Република.

]]>

Лекарската комора остро го осудува физичкиот напад на лекар вработен во Итната помош во Здравствениот дом во Радовиш, што се случи на 10 февруари, додека тој ја вршел својата професионална дејност и пружал здравствени услуги, се наведува во денешното соопштение на Комората. Од Лекарската комора повикуваат на нула толеранција за насилство врз здравствените работници.
Насилството врз лекарите, без разлика дали е физичко, психичко или во која било друга форма, не смее да се толерира, бидејќи сериозно го засега интегритетот на докторите и нивните професионални активности, што негативно се одразува и на услугите што ги добиваат пациентите. Затоа ги повикуваме сите надлежни институции, неодложно и одговорно да постапат во случајот и да ги заштитат здравствените работници во вршењето на својата професија, подвлекуваат од Лекарската комора.

The post Физички нападнат лекар во Радовиш, реагира Лекарската комора appeared first on Република.

]]>
ЗНМ реагира до Митрески за вчерашниот непринципиелен третман кон странски новинари на сметка на домашните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/znm-reagira-do-mitreski-za-vcherashniot-neprintsipielen-tretman-kon-stranski-novinari-na-smetka-na-domashnite/ Mon, 29 Jan 2024 12:36:52 +0000 https://republika.mk/?p=738164

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска упати реакција и барање за објаснување за непринципиелниот третман кон странски новинари во Собранието на Македонија до новоизбраниот Претседател на Собранието, Јован Митрески.

По пријава до ЗНМ од страна на новинари и според медиумски објави во текот на вчерашниот ден, четворица новинари биле привилегирани од страна на службите за сметка на новинарите и медиумските работници од домашните медиуми. Според видео прилогот и укажувањата на порталот Portal X, четворицата странски новинари биле сместени да седат во дипломатскиот дел на терасата во пленарната сала и исто така во текот на нивната посета биле пренесувани со владини службени возила.

Сметаме дека досега ова не било пракса и укажуваме дека со ваквите постапки се прави преседан кој може да остави впечаток дека некој е привилигиран за сметка на друг во новинарската фела. Ваквиот третман во најмала рака ги омаловажува останатите новинари и создава перцепција дека се влијае на странските новинари да известуваат во полза на домашните чинители од политичките партии во собранието, додека пак нееднаквиот третман на новинарите придонесува за недостаток на транспарентност и отчетност, се вели во соопштението.

Привилегирањето на одредени новинари во однос на други од страна на службите на Република Македонија предизвикува сериозна загриженост за слободата и интегритетот на новинарството во земјата.

Таквото фаворизирање може да резултира со пристрасно известување, цензура и сузбивање на различни гласови, што на крајот ќе го загрози правото на јавноста за пристап до точни и непристрасни информации.

 

The post ЗНМ реагира до Митрески за вчерашниот непринципиелен третман кон странски новинари на сметка на домашните appeared first on Република.

]]>

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска упати реакција и барање за објаснување за непринципиелниот третман кон странски новинари во Собранието на Македонија до новоизбраниот Претседател на Собранието, Јован Митрески.
По пријава до ЗНМ од страна на новинари и според медиумски објави во текот на вчерашниот ден, четворица новинари биле привилегирани од страна на службите за сметка на новинарите и медиумските работници од домашните медиуми. Според видео прилогот и укажувањата на порталот Portal X, четворицата странски новинари биле сместени да седат во дипломатскиот дел на терасата во пленарната сала и исто така во текот на нивната посета биле пренесувани со владини службени возила. Сметаме дека досега ова не било пракса и укажуваме дека со ваквите постапки се прави преседан кој може да остави впечаток дека некој е привилигиран за сметка на друг во новинарската фела. Ваквиот третман во најмала рака ги омаловажува останатите новинари и создава перцепција дека се влијае на странските новинари да известуваат во полза на домашните чинители од политичките партии во собранието, додека пак нееднаквиот третман на новинарите придонесува за недостаток на транспарентност и отчетност, се вели во соопштението.
Привилегирањето на одредени новинари во однос на други од страна на службите на Република Македонија предизвикува сериозна загриженост за слободата и интегритетот на новинарството во земјата. Таквото фаворизирање може да резултира со пристрасно известување, цензура и сузбивање на различни гласови, што на крајот ќе го загрози правото на јавноста за пристап до точни и непристрасни информации.  

The post ЗНМ реагира до Митрески за вчерашниот непринципиелен третман кон странски новинари на сметка на домашните appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Дезертерот Ковачевски ќе биде заменет со нов дезертер Џафери! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-dezerterot-kovachevski-ke-bide-zamenet-so-nov-dezerter-dhaferi/ Fri, 08 Dec 2023 16:35:38 +0000 https://republika.mk/?p=721070

СДСМ забега со штетите кои ги предизвикува за Македонија. Ковачевски дезертирал од Армијата, правејќи се болен, само за да не ја отслужи својата обврска, исто како и неговиот наследник на местото технички премиер Талат Џафери, кој 2001-та од Армијата преминува во УЧК, реагира ВМРО-ДПМНЕ по информацјата од Мала Речица дека ДУИ одлучила Талат Џафери да биде технички прмеиер на Владата што треба да се формира на 28 јануари.

Деспотот од Форино ќе остане запаметен по неговите кршења на законот и процедурите и незаконскиот начин на кој беше поставен на тоа место. Тој одбиваше иницијативи за референдум ставајќи се во улога на врховен и уставен судија, потоа редеше европски знаменциња на сите штетни закони со кои оваа власт на ДУИ и СДС го крадеа народот и државата.

Исто така Талат Џафери ќе остане запаметен и по неуставното и незаконското донесување на законот за јазиците и редица други системски закони.

Сега јасно е зошто Ковачевски не се откажуваше од техничка влада. Дезертерот Ковачевски ќе биде заменет со нов дезертер Џафери, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

 

The post ВМРО-ДПМНЕ: Дезертерот Ковачевски ќе биде заменет со нов дезертер Џафери! appeared first on Република.

]]>

СДСМ забега со штетите кои ги предизвикува за Македонија. Ковачевски дезертирал од Армијата, правејќи се болен, само за да не ја отслужи својата обврска, исто како и неговиот наследник на местото технички премиер Талат Џафери, кој 2001-та од Армијата преминува во УЧК, реагира ВМРО-ДПМНЕ по информацјата од Мала Речица дека ДУИ одлучила Талат Џафери да биде технички прмеиер на Владата што треба да се формира на 28 јануари.
Деспотот од Форино ќе остане запаметен по неговите кршења на законот и процедурите и незаконскиот начин на кој беше поставен на тоа место. Тој одбиваше иницијативи за референдум ставајќи се во улога на врховен и уставен судија, потоа редеше европски знаменциња на сите штетни закони со кои оваа власт на ДУИ и СДС го крадеа народот и државата.
Исто така Талат Џафери ќе остане запаметен и по неуставното и незаконското донесување на законот за јазиците и редица други системски закони.
Сега јасно е зошто Ковачевски не се откажуваше од техничка влада. Дезертерот Ковачевски ќе биде заменет со нов дезертер Џафери, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.
 

The post ВМРО-ДПМНЕ: Дезертерот Ковачевски ќе биде заменет со нов дезертер Џафери! appeared first on Република.

]]>
Дали некој сака да ја уништи и странската македонистика, прашуваат лингвисти-македонисти https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dali-nekoj-saka-da-ja-unishti-i-stranskata-makedonistika-prashuvaat-lingvisti-makedonisti/ Thu, 28 Sep 2023 10:23:45 +0000 https://republika.mk/?p=685972

„Дали некој сака да ја уништи и странската македонистика? Откако ниту еднаш не застана во одбрана на македонскиот јазик по нападите и негирањата изминатите години и откако го урниса интересот за студирање македонска книжевност во земјава, на истата личност, сега ѝ е дадена функција да раководи со странската македонистика. На предлог на новата ректорка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Биљана Ангелова, за директорка на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, пред неколку дена била избрана Кристина Николовска“, се вели во реакцијата на македонисти - лингвисти испратена до медиумите.

„Претходно, Николовска раководела со Катедрата за македонска книжевност, а раководењето го завршила со само три запишани студенти оваа година. Се отвора прашањето дали ваквиот крах, под нејзино раководство, сега треба да им се случи и на катедрите и лекторатите по македонски јазик и литература на странските универзитети. Дали дури и натаму се водат битки за македонскиот идентитет и врие во спорот со Бугарија, некој сака македонскиот јазик да не постои на факултетите во Европа? Дали заради тоа, според новата ректорка не е компетентен ниту еден од професорите кои држат настава по македонски јазик на странци и вршат тестирање и сертифицирање? А соодветна е личност која не застанала во одбрана на македонскиот јазик и нема врска со странската македонистика, додека во јавноста е позната како шеф на кампањата 'Ден на дрвото'.

Кристина Николовска е личноста што не само што не кажала ниту еден збор за заштита на македонскиот јазик, туку и се криела од јавноста по слабиот интерес за студирање македонски јазик и литература во Македонија последните години, кога целата јавност се дигна на нозе за тоа што се случува. Од објавените податоци на веб-страницата на Факултетот може да се види дека по непрекинатиот слободен пад, токму оваа година, на крајот на нејзиниот мандат на Катедрата, со бројот на запишани студенти е допрено дното со најмал интерес во историјата. Ама веднаш потоа таа добила нова и уште поодговорна функција важна за државата – на ист начин да ги води студиите по македонски јазик и литература на странските универзитети. Затоа во академската средина и зачуденост зошто ректорката на УКИМ, Биљана Ангелова предложила ваков „кадар“ за ваква позиција. За што е 'наградена' Николовска со новата функција? Дали Николовска има 'задача' што треба да ја изврши како директорка?

[caption id="attachment_685974" align="alignnone" width="420"] Кристина Николовска[/caption]

Но, веќе и отворено прашање дали на Ангелова воопшто ѝ е важна странската македонистика што е приоритет за државата. Или Ангелова има други приоритети заради кои е потребно да се случи крах на развивањето на студиите по македонски јазик во странство со кои ќе раководи Кристина Николовска. Оваа одлука, како што се зборува во ходниците на УКИМ, новата ректорка ја донела само неколку дена по почетокот на ректорскиот мандат, што уште повеќе зачудува и се отвора и дилема дали Николовска е нејзин избор или 'решение' на некој друг што ѝ диктирал на Ангелова. Ама дури и да е на некој друг, сепак решението е на Ангелова, што предизвикува загриженост меѓу лингвистите: дали на новата ректорка не ѝ е приоритет она што е државен интерес? А со тоа веќе е отворена и дилемата колку Универзитетот е независен под водство на Ангелова која прво што направила е поставувањето ваков 'кадар' на клучна позиција.

[caption id="attachment_685975" align="alignnone" width="630"] Биљана Ангелова[/caption]

Оваа одлука на Ангелова следи само неколку недели откако беше објавена веста дека додека кај нашите студенти сè послаб е интересот за изучување на македонскиот јазик, странците сè повеќе се заинтересирани за него и го изучуваат на странските универзитети. Дали ова е случајно?! Дали треба странците веќе да не се заинтересирани за македонскиот јазик? Затоа и прашањето кои и чии интереси застапуваат Ангелова и УКИМ со поставувањето на Николовска на толку важна позиција. Очигледно е дека со оваа одлука ги немале предвид државните интереси.

Ако се погледнат јавно достапните податоци со она што досега го работела новата директорка на Меѓународниот семинар, Кристина Николовска, веднаш ќе се забележи дека врвот на нејзината кариера воопшто не е поврзан со македонскиот јазик. Нејзиното највисоко достигнување е токму тоа што била шеф на кампањата 'Ден на дрвото'. Оваа кампања беше укината заради слаби резултати. Тогаш беше соопштено дека по потрошени многу државни пари, ефектот од таа кампања бил од 0 до 15 отсто успешност. Дали вака несоодветно ќе се трошат и парите што државата ги издвојува за странската македонистика – со 0 до 15 отсто успешност? И колку ова 'искуство' на Николовска според Ангелова е потребно за ваква одговорна позиција? Зошто ова искуство е посоодветно од она на професорите од Катедрата за македонски јазик кои со години предаваат македонски јазик на странци, а некои и држат настава по предмети за изучување на македонскиот јазик како странски? Дали нејзиното искуство со „Ден на дрвото“ е поважно од нивното во единствениот центар за тестирање и сертифицирање на македонскиот јазик како странски – ЦЕТИС МАК, кој работи на Филолошкиот факултет 'Блаже Конески'?

Ако се погледне и на личниот профил на Николовска на Фејсбук ќе се забележи дека изминатиов период немала активности поврзани со македонскиот јазик на странски универзитети или со странци во Македонија. Сите нејзини активности биле само поетски настапи, рецитали и настапи на пијано во ресторан на хотел. Затоа и отворената дилема дали спротивно на државните интереси, Кристина Николовска сега треба да 'отсвири' и посмртен марш за странската македонистика во дуо со Биљана Ангелова. На кој инструмент свири Ангелова во дуото? Но, и кој го диригира посмртниот марш за странската македонистика?“, се вели во реакцијата.

 

The post Дали некој сака да ја уништи и странската македонистика, прашуваат лингвисти-македонисти appeared first on Република.

]]>

„Дали некој сака да ја уништи и странската македонистика? Откако ниту еднаш не застана во одбрана на македонскиот јазик по нападите и негирањата изминатите години и откако го урниса интересот за студирање македонска книжевност во земјава, на истата личност, сега ѝ е дадена функција да раководи со странската македонистика. На предлог на новата ректорка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Биљана Ангелова, за директорка на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, пред неколку дена била избрана Кристина Николовска“, се вели во реакцијата на македонисти - лингвисти испратена до медиумите. „Претходно, Николовска раководела со Катедрата за македонска книжевност, а раководењето го завршила со само три запишани студенти оваа година. Се отвора прашањето дали ваквиот крах, под нејзино раководство, сега треба да им се случи и на катедрите и лекторатите по македонски јазик и литература на странските универзитети. Дали дури и натаму се водат битки за македонскиот идентитет и врие во спорот со Бугарија, некој сака македонскиот јазик да не постои на факултетите во Европа? Дали заради тоа, според новата ректорка не е компетентен ниту еден од професорите кои држат настава по македонски јазик на странци и вршат тестирање и сертифицирање? А соодветна е личност која не застанала во одбрана на македонскиот јазик и нема врска со странската македонистика, додека во јавноста е позната како шеф на кампањата 'Ден на дрвото'. Кристина Николовска е личноста што не само што не кажала ниту еден збор за заштита на македонскиот јазик, туку и се криела од јавноста по слабиот интерес за студирање македонски јазик и литература во Македонија последните години, кога целата јавност се дигна на нозе за тоа што се случува. Од објавените податоци на веб-страницата на Факултетот може да се види дека по непрекинатиот слободен пад, токму оваа година, на крајот на нејзиниот мандат на Катедрата, со бројот на запишани студенти е допрено дното со најмал интерес во историјата. Ама веднаш потоа таа добила нова и уште поодговорна функција важна за државата – на ист начин да ги води студиите по македонски јазик и литература на странските универзитети. Затоа во академската средина и зачуденост зошто ректорката на УКИМ, Биљана Ангелова предложила ваков „кадар“ за ваква позиција. За што е 'наградена' Николовска со новата функција? Дали Николовска има 'задача' што треба да ја изврши како директорка? [caption id="attachment_685974" align="alignnone" width="420"] Кристина Николовска[/caption] Но, веќе и отворено прашање дали на Ангелова воопшто ѝ е важна странската македонистика што е приоритет за државата. Или Ангелова има други приоритети заради кои е потребно да се случи крах на развивањето на студиите по македонски јазик во странство со кои ќе раководи Кристина Николовска. Оваа одлука, како што се зборува во ходниците на УКИМ, новата ректорка ја донела само неколку дена по почетокот на ректорскиот мандат, што уште повеќе зачудува и се отвора и дилема дали Николовска е нејзин избор или 'решение' на некој друг што ѝ диктирал на Ангелова. Ама дури и да е на некој друг, сепак решението е на Ангелова, што предизвикува загриженост меѓу лингвистите: дали на новата ректорка не ѝ е приоритет она што е државен интерес? А со тоа веќе е отворена и дилемата колку Универзитетот е независен под водство на Ангелова која прво што направила е поставувањето ваков 'кадар' на клучна позиција. [caption id="attachment_685975" align="alignnone" width="630"] Биљана Ангелова[/caption] Оваа одлука на Ангелова следи само неколку недели откако беше објавена веста дека додека кај нашите студенти сè послаб е интересот за изучување на македонскиот јазик, странците сè повеќе се заинтересирани за него и го изучуваат на странските универзитети. Дали ова е случајно?! Дали треба странците веќе да не се заинтересирани за македонскиот јазик? Затоа и прашањето кои и чии интереси застапуваат Ангелова и УКИМ со поставувањето на Николовска на толку важна позиција. Очигледно е дека со оваа одлука ги немале предвид државните интереси. Ако се погледнат јавно достапните податоци со она што досега го работела новата директорка на Меѓународниот семинар, Кристина Николовска, веднаш ќе се забележи дека врвот на нејзината кариера воопшто не е поврзан со македонскиот јазик. Нејзиното највисоко достигнување е токму тоа што била шеф на кампањата 'Ден на дрвото'. Оваа кампања беше укината заради слаби резултати. Тогаш беше соопштено дека по потрошени многу државни пари, ефектот од таа кампања бил од 0 до 15 отсто успешност. Дали вака несоодветно ќе се трошат и парите што државата ги издвојува за странската македонистика – со 0 до 15 отсто успешност? И колку ова 'искуство' на Николовска според Ангелова е потребно за ваква одговорна позиција? Зошто ова искуство е посоодветно од она на професорите од Катедрата за македонски јазик кои со години предаваат македонски јазик на странци, а некои и држат настава по предмети за изучување на македонскиот јазик како странски? Дали нејзиното искуство со „Ден на дрвото“ е поважно од нивното во единствениот центар за тестирање и сертифицирање на македонскиот јазик како странски – ЦЕТИС МАК, кој работи на Филолошкиот факултет 'Блаже Конески'? Ако се погледне и на личниот профил на Николовска на Фејсбук ќе се забележи дека изминатиов период немала активности поврзани со македонскиот јазик на странски универзитети или со странци во Македонија. Сите нејзини активности биле само поетски настапи, рецитали и настапи на пијано во ресторан на хотел. Затоа и отворената дилема дали спротивно на државните интереси, Кристина Николовска сега треба да 'отсвири' и посмртен марш за странската македонистика во дуо со Биљана Ангелова. На кој инструмент свири Ангелова во дуото? Но, и кој го диригира посмртниот марш за странската македонистика?“, се вели во реакцијата.  

The post Дали некој сака да ја уништи и странската македонистика, прашуваат лингвисти-македонисти appeared first on Република.

]]>