реакции Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/reakcii/ За подобро да се разбереме Sat, 07 Sep 2024 11:13:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png реакции Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/reakcii/ 32 32 Во ново фијаско на јавна сцена, СДСМ уште еднаш демонстрираше непочитување и омаловажување на МПЦ-ОА https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-novo-fijasko-na-javna-stsena-sdsm-ushte-ednash-demonstrirashe-nepochituvane-i-omalovazhuvane-na-mpts-oa/ Sat, 07 Sep 2024 11:13:45 +0000 https://republika.mk/?p=814101

Во ново фијаско на јавна сцена, СДСМ уште еднаш демонстрираше непочитување и омаловажување на Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА). Имено, градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, јавно изјави дека општината нема да поддржи проекти кои „не се во интерес на општината“, отфрлајќи го барањето на МПЦ-ОА за донација за изградба на црква во Берлин.

Оваа изјава е одлична можност да покажеме дека ние заедно со МПЦ-ОА, ќе се бориме и ќе успееме, и покрај обидите за јавна дискредитација од страна на СДСМ, велат загрижени центарци на социјалните мрежи.

Според експертите, ставот на Герасимовски е директно по налог на Венко Филипче кој му го пренел при нивната средба пред неколку дена на настанот за почетокот на учебната година.

Овој инцидент е уште еден пример за непочитувањето на верските институции и нивните проекти од страна на актуелната власт.

Дури и да не се согласува со некое барање на МПЦ, што е нормална работа, СДСМ и Општина Центар не треба јавно да ја омаловажуваат црквата со вакви реакции, велат загрижени граѓани.

Јасно е дека СДСМ не само што се дистанцира од интересите на народот, туку и одработува по диктат на своите партиски интереси, занемарувајќи ги потребите и желбите на граѓаните кои ја поддржуваат МПЦ-ОА.

Да потсетиме, црквата е институција со највисока доверба кај граѓаните, наспроти СДСМ кој на последните избори освои едвај 180 илјади гласови, што е најнизок и според многумина најкатастрофален резултат досега.

The post Во ново фијаско на јавна сцена, СДСМ уште еднаш демонстрираше непочитување и омаловажување на МПЦ-ОА appeared first on Република.

]]>

Во ново фијаско на јавна сцена, СДСМ уште еднаш демонстрираше непочитување и омаловажување на Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА). Имено, градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, јавно изјави дека општината нема да поддржи проекти кои „не се во интерес на општината“, отфрлајќи го барањето на МПЦ-ОА за донација за изградба на црква во Берлин.
Оваа изјава е одлична можност да покажеме дека ние заедно со МПЦ-ОА, ќе се бориме и ќе успееме, и покрај обидите за јавна дискредитација од страна на СДСМ, велат загрижени центарци на социјалните мрежи.
Според експертите, ставот на Герасимовски е директно по налог на Венко Филипче кој му го пренел при нивната средба пред неколку дена на настанот за почетокот на учебната година. Овој инцидент е уште еден пример за непочитувањето на верските институции и нивните проекти од страна на актуелната власт.
Дури и да не се согласува со некое барање на МПЦ, што е нормална работа, СДСМ и Општина Центар не треба јавно да ја омаловажуваат црквата со вакви реакции, велат загрижени граѓани.
Јасно е дека СДСМ не само што се дистанцира од интересите на народот, туку и одработува по диктат на своите партиски интереси, занемарувајќи ги потребите и желбите на граѓаните кои ја поддржуваат МПЦ-ОА. Да потсетиме, црквата е институција со највисока доверба кај граѓаните, наспроти СДСМ кој на последните избори освои едвај 180 илјади гласови, што е најнизок и според многумина најкатастрофален резултат досега.

The post Во ново фијаско на јавна сцена, СДСМ уште еднаш демонстрираше непочитување и омаловажување на МПЦ-ОА appeared first on Република.

]]>
И од коалиционата ЛДП со осуди за навредите на митингот на СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/i-od-koalitsionata-ldp-so-osudi-za-navredite-na-mitingot-na-sdsm/ Mon, 15 Apr 2024 10:50:14 +0000 https://republika.mk/?p=766263

Форумот на жени на Либерално демократската партија (ЛДП) најостро го осуди недоличниот и навредлив коментар што беше упатен од страна на еден од присутните на вчерашниот митинг во Куманово, кон кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова.

Во време кога максимално се стремиме да живееме демократски, сметаме дека секоја форма на говор на омраза е неприфатлива и нечовечна, затоа најостро го осудуваме навредливиот коментар на еден од присутните граѓани на вчерашниот митинг во Куманово, насочен кон кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова, истакнаа од Форумот на жени на ЛДП.

Оттаму потенцираа дека говорот на омраза врз жените во политиката има штетно влијание не само врз поедини жени и нивната благосостојба, туку и врз општата мотивација на жените активно да се вклучат во политичкиот и општествениот живот.

Крајно време е да се покрене јавната свест за штетноста на таквото однесување. Крајно време е да бидеме прифатени и целосно да се исфрли ваквиот вид на реторика, бидејќи сме еднакви и секојдневно докажуваме колку можеме и знаеме. Исто така, од исклучително значење е секој да сноси одговорност за своето постапување, порачаа од Форумот на жени на ЛДП.

Тие нагласија дека гласно се спротивставуваат на каков било облик на дискриминација на жените кои се вклучени на политичката сцена.

Форумот на жени на ЛДП гласно кажува НЕ на вербално родово-базирано насилство, закани, говор на омраза, навреди, омаловажувања, притисоци, дискриминација, сексизам, затоа што насилството кон жени во политиката не познава етничка и политичка припадност, заклучија оттаму.

Оваа реакција треба да претставува пример за сите политички партии, да се престане со дискриминација на жените јавно во политиката.

The post И од коалиционата ЛДП со осуди за навредите на митингот на СДСМ appeared first on Република.

Зарина Првасевда: Министерство ми прави голема услуга, мислејќи дека нешто ме одбива, со секое удирање со боздоган по глава, уште повеќе сфаќам колку е голема моќта на поединецот кој поседува компетенции и квалитети https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zarina-prvasevda-ministerstvo-mi-pravi-golema-usluga-mislejki-deka-neshto-me-odbiva-so-sekoe-udirane-so-bozdogan-po-glava-ushte-poveke-sfakam-kolku-e-golema-mokta-na-poedinetsot-koj-poseduva-kompetent/ Mon, 12 Feb 2024 14:12:33 +0000 https://republika.mk/?p=743286

Драги пријатели, со вас сум слободна и отворена и ве чувствувам како едно мое големо семејство, па можам вака да споделам што имам да кажам на повеќе теми, пишува Зарина Првасевда на својот фејсбук профил осврнувајќи се на резултатите од Конкурсот на Министерството за култура.

Денес, ќе кажам збор- два по повод мојата одбиена апликација од Министерството за Култура. Сигурно прочитавте повеќе вакви статуси деновиве, но еве јас што имам да кажам на темата.

Искрено, секогаш кога ќе ми одбијат апликација од Министерство за култура или ќе ми дадат 3 денари пари за нешто големо, мене ми се посреќува. Да му е мерак на човек да пушти апликација, за да го одбијат, специјално. Еве ќе објаснам и зошто , за тие што имаат малку време и сакаат да знаат:
1. Снимањето на албумот " Ехо " 2021 - ОДБИЕН.
(Недоволно естетска целисходност и автентичност, вели Министерството).
- Се разбира, тоа ме разочара ужасно... Но, не ми ја уби силата и вербата што ја имав. Моите родители се скромни општи работници во државата, а јас во моментот работев за просечна плата, па така, беше речиси невозможно да се наслонам на сопствените финансиски средства за толку голем проект каков што го замислував од дете.
Барав илјадници начини, тропав од врата на врата, раскажував и верував дека некој ќе ми поверува на невидено. Се случи. Еден голем човек, мојот втор татко, не само што поверува, туку и направи да се случи. Иако не беше од " фелата ", нешто слушна и нешто препозна - " Ќе го направиме ова заедно рече, зошто на Македонија и треба нешто вакво. ". Така и би. Со поддршката и љубовта што ја добивав од него и неговото семејство, пријателите, од колегите, моето семејство и публиката која несомнено ми беше дирек кој ме држеше исправено.
НЕ ОД МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА.
- Мојот прв албум го издадов за странска издавачка куќа, т.е за една од најголемите на Балканот, Croatia Records или бившо Jugoton.
- Го издадов во Април 2022година.
- Истиот, нешто подоцна го освојува 9 - тото место на Балканската светска музичка листа како еден од најслушаните музички изведувачи во 3-тиот квартал на 2022 година.
2. Побарав средства од Министерството за култура кога решив да правам промоција на истиот со концерт Македонската филхармонија - со голем оркестар - ОДБИЕНО.
( Со оглед на тоа дека се обратив малку подоцна од конкурсите, имаа одличен изговор како да ме откачат во еден потег.
“ Не можиме да ти префрлиме пари, не можиме да ти помогнеме со отстапување на салата без финансиски надоместок... Не си во годишна програма. “ , вели Министерство .
Имено, после месец дена талкање од канцеларија до канцеларија со едно ранче на раменици, полно соништа и верба во тоа што имам да го кажам на светот , после многу НЕ, после илјада потсмеви и разочарувања , Пакомак, вели,
" Закажи го концертот ние ќе ти помогниме.".
Концертот, во сопствена лична продукција и организација , закажан на 15.04.2022, голема сала ја Филхармонија - за недела дена - РАСПРОДАДЕН.
Албумот сеуште не издаден, артистот НЕПОЗНАТ, НЕДОВОЛНО ЕСТЕТСКА ЦЕЛИСХОДНОСТ И АВТЕНТИЧНОСТ, концертот се распродава до последна карта.
Ух не... последната ја чував за министерката која што лично ја поканив.
Дали претпоставувате само кое место беше празно во салата?
3. Оваа година, поднесувам повторно аплкација за голем концерт во НОБ по повод нов албум , ОДБИЕН.
( цитирам : " СЕ ОДБИВА поради непостоење на доволна аргументација за негова уметничка и естетска целисходност како проект од национален интерес во музичка и музичко-сценската дејност, поради што проектот беше оценет со помалку од 51 бод., " , вели Министерството за Култура ) .
- Имено, во 2023 година ја освоив интернационалната награда за “ Најдобар нов талент за 2023 ” на интернационална платформа UPBeat , која се бави главно со светска традиционална музика, на која тимски работи и истражува во светот. Истата се добиваше по пат на отворено гласање и стручно жири, составено од професионалци во областа.
( Ниеден од Македонија ) .
- Во 2023 година, одржав концерти и се појавии на еминентни сцени во државата и надвор, како: OFF Fest - MК , D-Festival - MK, Budapest Ritmo - Budapest, Hungary , Saint Croix Volvestre - France , SHIP Festival - Croatia, A38 - Budapest, Hungary , BALKAN: MOST festival - Vesprem, Hungary , SoAlive Music Conference - Sofia, Bulgaria, како и солистички концерти низ Македонија: Велес, Кочани, Битола, Прилеп, Штип, Кичево и други, генерално распродадени.
- Во моментов се подготвувам за мојот концерт на еден од најголемите фестивали за Светска традиционална музика во Европа, Balkan Trafik, кој ќе се одржи во Брисел на 27. 04. 2024. Покрај овој концерт, својот концерт ќе го одржам и на Самитот на претседатели на влади и држави од земјите од Европска унија (29 април 2024 г) во Брисел a ќе одржам и уште неколку концерти во регионот за кои сеуште чекам датуми.
- Се подготвувам за снимање на нов албум кој е речиси готов, а богами и за промотивниот концерт во НОБ, кој Министерството за култура го одбива.
Покрај креативната работа на квалтитетот на музика и естетиката која треба да ја презентирам насекаде кадешто се појавувам со сопствениот прекрасен ансамбл составен музичари - професионалци, со високи достигнувања и сериозен придонес кон музичкото творештво, музичко - сценската дејност , издаваштвото во Македонија, во различни правци и насоки од областа, во педагошка работа во областа на музиката во Македонија, кој го одржувам во последните 3 години, треба да мислам на тоа каде и како ќе најдам средства за реализација, како ќе го изведам и сл.
Тоа најдобро знае мојот тим како изгледа, каков е мојот терк на работа за да успејам сите заедно да бидеме на сцена, затоа што ме гледаат постојано, но, нема да се жалам и не ми е тешко. Знам дека макотрпната работа и труд, секогаш на крајот се исплати. Го имам благословот да се бавам со она што живот ми значи и од него да живејам.
Фала му на Бога за тоа.
(Патем... Бидејќи се работи за големи проекти, ќе ми требаат спонзори, несомнено, како невработен и независен уметник во Македонија, па ако имате идеја за фирми - визиониери, секоја е добредојдена) .
Е сега, замислете, да ми беше репер за сопствениот квалитет Министерството за Култура и минстерката Бисера Костадиновска Стојчевска ? Замислете да верував дека ова се вистинските луѓе кои поставуваат стандард за тоа кој е квалитетен, автентичен и естетски издржан во Македонија? Замислете да чекав тие да ме видат или да ми помогнат?
Замислете да застанев со тоа што го работам, затоа што највисоката институција за култура во Македонија ме банира, не ме забележува или не ми дава од средствата кои би требало да бидат наменети за артисти како мене, патем, за афирмација на културата, фолклорот и традиционалната музика од земјава и регионот, во сопствената држава и секаде во светот кадешто настапувам? Замислете да покажувам благодарност и понизност за дадени 1000 евра за концерт кој чини 10 000 и тоа да ми биде стандардот во главата со кој ќе се задоволам ?
Замислете сега да кажам, не ми дадоа пари - не правам концерт или албум.
Кој страда? Музиката. Традиционалната музика, мојата публика која очекува нов албум и се разбира јас.
Напротив, министерство ми прави голема услуга, мислејќи дека нешто ме одбива. Со секое наредно вакво удирање со боздоган по глава, уште повеќе сфаќам колку е голема моќта на поединецот кој поседува компетенции, квалитети и тоа дека силата на еден ваков човек никогаш не може да биде ставена на кантар со обратното. Баби и жаби не можиме да мериме со ист аршин. Има некои работи кои ниедно министерство ниту министер на поединецот не може да му ги земе, затоа и нема од што да стравувам. Одиме понатака (јас и сите мои колеги кои се во истата позиција, на кои прочитав статуси после резултатите) , уште посилни.
Пирејот ќе најде пукнатина од кадешто ќе вирее, колку повеќе го киниш, толку повеќе никнува.
Ќе направам се како и до сега, со Божја помош, само овојпат како наравучение нема да ги правам истите грешки во однос на поканите.
Нема да дозволам некој добар човек кој ќе дојде со љубов на мојот концерт, ќе оддвои од својот скромен буџет и уредно ќе си купи карта, да не може да влезе заради некој којшто општеството ми го наметнува како авторитет, а притоа не само што нема компетенции и познавање од областа, туку нема ни грам од човечките вредности во кои јас верувам и ме водат на патот.
Фала ви драги луѓе, мои поддржувачи и пријатели за се, вашата поддршка живот ми значи.
Патем, со душа ве чекам сите кои сте на 24.04 во Скопје, да си дојдете во Public Room, да уживаме во ова што се вика
" Недоволна аргументација за уметничка и естетска целисходност." , па да се надеваме дека кај вас ќе добијам нешто над 51 бод или т.н прелазна :)))
Ако сеуште има, овде можете да најдете билети : https://bileti.drugastrana.mk/index.php?id=378
Топли прегратки и љубов секому!

The post Зарина Првасевда: Министерство ми прави голема услуга, мислејќи дека нешто ме одбива, со секое удирање со боздоган по глава, уште повеќе сфаќам колку е голема моќта на поединецот кој поседува компетенции и квалитети appeared first on Република.

Остри критики за маската со Исус и крстот од гајби https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ostri-kritiki-za-maskata-so-isus-i-krstot-od-gajbi/ Sun, 14 Jan 2024 10:47:12 +0000 https://republika.mk/?p=732780

Поради трагичниот настан, вчера на вевчанскиот карневал изостана музичкиот дел на дефилето и забавната програма во вечерните часови.

Посебен интерес меѓу маските кои продефилираа привлече маска со која се исмејува маката на Господ Исус Христос, прикажано како носи празни гајби од пиво наредени во форма на крст. На социјалните мрежи имаше бројни критики, а беше прозвана и МПЦ да реагира.

Новинарот Марјан Николовски упати остра критика и осуда. Потсети дека пред неколку години бил сквернавен Исламот и дека имало пракса тоа да не се повторува.

Пред неколку години кога на сличен начин беше сквернавен Исламот, беше воспоставена пракса да се избегнуваат маски со навредлива содржина кон верските чувства. Ова е класично сквернавење на Христијанството и неговиот столб, Распетието и Воскресението. МПЦ, Синодот, владиците, наместо да се занимава со предмети за екскомуникација на новинари, и со седенки со странски амбасадори, уште вечерва да ја осуди оваа маска и да побара одговорност, напиша Николовски кој со години ја следи тематиката поврзана со веронауката.

Бигорскиот манастир упати жестока критика кон организаторите на Вевчанскиот карневал, за, како што велат, исмевањето на Господ.

Длабоко повредени од непристојноста и од богохулното исмевање на Божествената Личност на Господ и Бог и Спасителот наш Исус Христос, воедно и на Сечесниот Крст, на т.н. Вевчански карневал, гласно повикуваме на јавно извинување од организаторите и од учесниците во тоа несреќно светогрдие, како и на превенирање на слични случувања во иднина,стои во реакцијата на Бигорскиот манастир.

Оттаму потсетуваат на случајот кога реакции имаше од припадниците на исламската вероисповед, кој предизвика бурна реакција на муслиманите во Македонија.

Оттука, се прашуваме зошто, имајќи го предвид негативното искуство од минатото, сега некој решил да ги злоупотреби и христијанските симболи и тоа на еден најпонижувачки и најнедостоинствен начин? Секако, според нас, поигрувањето и исмевањето со верските чувства на која било верска деноминација е злодело за кое се одговара не само пред Божјиот, туку и пред државниот суд, се вели во реакцијата на Бигорскиот манастир.

Сметаат дека манифестацијата е потполно туѓа на нашиот менталитет, кога се одбележува споменот на Св. Василиј Велики и почетокот на Новата година според Јулијанскиот календар.

The post Остри критики за маската со Исус и крстот од гајби appeared first on Република.

]]>

Поради трагичниот настан, вчера на вевчанскиот карневал изостана музичкиот дел на дефилето и забавната програма во вечерните часови. Посебен интерес меѓу маските кои продефилираа привлече маска со која се исмејува маката на Господ Исус Христос, прикажано како носи празни гајби од пиво наредени во форма на крст. На социјалните мрежи имаше бројни критики, а беше прозвана и МПЦ да реагира. Новинарот Марјан Николовски упати остра критика и осуда. Потсети дека пред неколку години бил сквернавен Исламот и дека имало пракса тоа да не се повторува.
Пред неколку години кога на сличен начин беше сквернавен Исламот, беше воспоставена пракса да се избегнуваат маски со навредлива содржина кон верските чувства. Ова е класично сквернавење на Христијанството и неговиот столб, Распетието и Воскресението. МПЦ, Синодот, владиците, наместо да се занимава со предмети за екскомуникација на новинари, и со седенки со странски амбасадори, уште вечерва да ја осуди оваа маска и да побара одговорност, напиша Николовски кој со години ја следи тематиката поврзана со веронауката.
Бигорскиот манастир упати жестока критика кон организаторите на Вевчанскиот карневал, за, како што велат, исмевањето на Господ.
Длабоко повредени од непристојноста и од богохулното исмевање на Божествената Личност на Господ и Бог и Спасителот наш Исус Христос, воедно и на Сечесниот Крст, на т.н. Вевчански карневал, гласно повикуваме на јавно извинување од организаторите и од учесниците во тоа несреќно светогрдие, како и на превенирање на слични случувања во иднина,стои во реакцијата на Бигорскиот манастир.
Оттаму потсетуваат на случајот кога реакции имаше од припадниците на исламската вероисповед, кој предизвика бурна реакција на муслиманите во Македонија.
Оттука, се прашуваме зошто, имајќи го предвид негативното искуство од минатото, сега некој решил да ги злоупотреби и христијанските симболи и тоа на еден најпонижувачки и најнедостоинствен начин? Секако, според нас, поигрувањето и исмевањето со верските чувства на која било верска деноминација е злодело за кое се одговара не само пред Божјиот, туку и пред државниот суд, се вели во реакцијата на Бигорскиот манастир.
Сметаат дека манифестацијата е потполно туѓа на нашиот менталитет, кога се одбележува споменот на Св. Василиј Велики и почетокот на Новата година според Јулијанскиот календар.

The post Остри критики за маската со Исус и крстот од гајби appeared first on Република.

]]>
Невкус и хаос, кичерајска музика до 2 часот наутро е злочин кон Охрид и кон се што овој духовен и културно-историски центар претставува, реагираат охриѓани https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/nevkus-i-haos-kicherajska-muzika-do-2-chasot-nautro-e-zlochin-kon-ohrid-i-kon-se-shto-ovoj-duhoven-i-kulturno-istoriski-tsentar-pretstavuva-reagiraat-ohrigani/ Mon, 31 Jul 2023 13:30:07 +0000 https://republika.mk/?p=667317

Лавина реакции има откога вчера ечеше турбофолк-музика од шест часот попладнето до два часот по полноќ. Охриѓани коментираат дека се слушало и на три километри од стадионот „Билјанини Извори“, каде што имаше концерт на Девито, Јала Брат и Бубо Корели.

Пред почетокот на концертот се пушташе музика – од Цеца и Северина до стари српски хитови, измиксани со тонови од познати светски хитови.

Освен за гласноста, бурно се реагира и за стилот на музиката што го окупира градот.

Да не должам многу и поедноставно да се изразам!

Оваа калаштурница, невкус и хаос во Охрид, кој моментално се случвит а се случвел и години наназад е срамота за сите нас почнувајќи од локалната самоуправа па се до сите државни институции кој на било кој начин се поврзани со ова безредие кое поттикнува една огромна лавина на некултура!
Трештење на кичерајска музика до 2 насабајле од сите страни во централното градско јадро
и вознемирувањето на сите охриѓани, домашни и странски туристи од кој повеќето дошле во потрага по мир, одмор и пријатно искуство е злочин спрема Охрид и спрема се шо овој духовен и културно-историски центар претставуват!, напиша на својот фејсбук профил Владимир Четкар и самиот музичар, охриѓанец.

Гласниот турбофолк, кој се слушаше од пробите до завршување на концертот, донесе и досетки, но и иронија.

Да му се јавиме на Стојанче Ангелов на 112 да нѐ евакуират ак не?!“, праша охриѓанецот Иљче Затаракоски, познат во јавноста по својата сатира, па во коментари додаде: „Стојанче Ангелов, криза во Охрид. Или нека намалет музика или пуштајте хеликоптери.

The post Невкус и хаос, кичерајска музика до 2 часот наутро е злочин кон Охрид и кон се што овој духовен и културно-историски центар претставува, реагираат охриѓани appeared first on Република.

]]>

Лавина реакции има откога вчера ечеше турбофолк-музика од шест часот попладнето до два часот по полноќ. Охриѓани коментираат дека се слушало и на три километри од стадионот „Билјанини Извори“, каде што имаше концерт на Девито, Јала Брат и Бубо Корели. Пред почетокот на концертот се пушташе музика – од Цеца и Северина до стари српски хитови, измиксани со тонови од познати светски хитови. Освен за гласноста, бурно се реагира и за стилот на музиката што го окупира градот.

Да не должам многу и поедноставно да се изразам!

Оваа калаштурница, невкус и хаос во Охрид, кој моментално се случвит а се случвел и години наназад е срамота за сите нас почнувајќи од локалната самоуправа па се до сите државни институции кој на било кој начин се поврзани со ова безредие кое поттикнува една огромна лавина на некултура!
Трештење на кичерајска музика до 2 насабајле од сите страни во централното градско јадро
и вознемирувањето на сите охриѓани, домашни и странски туристи од кој повеќето дошле во потрага по мир, одмор и пријатно искуство е злочин спрема Охрид и спрема се шо овој духовен и културно-историски центар претставуват!, напиша на својот фејсбук профил Владимир Четкар и самиот музичар, охриѓанец.
Гласниот турбофолк, кој се слушаше од пробите до завршување на концертот, донесе и досетки, но и иронија.
Да му се јавиме на Стојанче Ангелов на 112 да нѐ евакуират ак не?!“, праша охриѓанецот Иљче Затаракоски, познат во јавноста по својата сатира, па во коментари додаде: „Стојанче Ангелов, криза во Охрид. Или нека намалет музика или пуштајте хеликоптери.

The post Невкус и хаос, кичерајска музика до 2 часот наутро е злочин кон Охрид и кон се што овој духовен и културно-историски центар претставува, реагираат охриѓани appeared first on Република.

]]>
Реакција на МНР со осуда за провокативните навреди и пароли на натпреварот меѓу РК Партизан и РК Вардар во Белград https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/reaktsija-na-mnr-so-osuda-za-provokativnite-navredi-i-paroli-na-natprevarot-megu-rk-partizan-i-rk-vardar-vo-belgrad/ Thu, 02 Mar 2023 10:51:51 +0000 https://republika.mk/?p=615024

Министерството за надворешни работи, во текот на вчерашниот ден, стапи во контакт со колегите од Министерството за надворешни работи на Република Србија, при што упати реакција со осуда за провокативните навреди и пароли демонстрирани за време на натпреварот меѓу РК Партизан и РК Вардар во Белград од страна на навивачката група на РК Партизан.

Со овие непријатни активности освен што беа погазени принципите за фер и спортско однесување, беа длабоко повредени  достоинството на Република Македонија и нејзините граѓани. Министерството укажа дека ваквите реакции од групи поединци воопшто не се во духот на одличните билатерални односи кои ги негуваат двете земји.

Српската страна, преку својата Амбасадорка во Македонија,  изрази жалење и се огради од овие изолирани случаи на поединци кои на никаков начин не ги отсликуваат позициите на официјален Белград во однос на нашата земја, ниту пак се во духот на заемните заложби за јакнење на севкупни билатерални односи меѓу двете земји.

The post Реакција на МНР со осуда за провокативните навреди и пароли на натпреварот меѓу РК Партизан и РК Вардар во Белград appeared first on Република.