развој Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/razvoj/ За подобро да се разбереме Thu, 24 Aug 2023 19:58:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png развој Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/razvoj/ 32 32 АППТ: Бројот на туристи зголемен за 30,1 отсто https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/appt-brojot-na-turisti-zgolemen-za-30-1-otsto/ Thu, 24 Aug 2023 19:58:01 +0000 https://republika.mk/?p=675542

На денешната презентација на стратешкото планирање за следната 2024 година од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот – АППТ и презентираните резултати  за првата половина од 2023 година,  директорот  д-р Љупчо Јаневски пред присутните стави акцент на потребата од континуирана работа и точки на подобрување во македонскиот туристички сектор.

Резултатите во првата половина од годината во целост го потврдија стратешкото планирање на Агенцијата за 2023 година кои се базирани на надминување на резултатите од 2019 година, притоа  предвидувајки го спорото закрепнување на неколку традиционални пазари и концентрирајки се на примарни пазари кои постигнаа за 20-50% подобри резултати споредбено 2019/2023 година.

Зголеменото на портфолио од дестинации од кои имаме гости во нашите туристички места и традиционалните пазари создадоа исполнетост на сместувачките капацитети за повеќе од 90% во месеците јули и август, додека резервациите продолжуваат до крајот на октомври потврдувајќи ги целите од 3,3 милиони ноќевања и повеќе од 530 милиони долари туристички промет оваа година во македонската економија од туризмот.

Овие резултати преставуваат силна порака до сите нас дека „Целта е достижна и треба да продолжиме со континуирана работа сите заедно за надминување на 3,7 милиони ноќевања во 2025 година , 600 милиони долари и 40.000 вработувања во македонскиот туристички сектор“  истакна на презентацијата Јаневски.
Доколку го компарираме учеството на туризмот во бруто домашниот производ - БДП низ последнате години од  2011 кога изнесувал 0,4 %, во 2018 2,4%,  за во 2022 година изнесува 3,6%, постигнувајки  481 милион долари, сврстувајќи го македонскиот туристички сектор во првите 10 земји  со раст според Светската Туристичка Организација ( UNWTO).

Македонските туристички потенцијали ќе се промовираат на примарните и секундарни пазари за 2024 година, односно Србија, Бугарија, Албанија, Косово, Словенија, Хрватска, Турција, Полска, Романија, Словачка, Велика Британија и Италија.  Овие пазари во последните пет години се помеѓу првите 10 земји по број на туристи и остварени ноќевања. Медиумската кампања ќе биде интегрирана  со интернационалните саемски преставувања заедно со туристичкиот сектор  на светските  саеми за туризам во Мадрид, Истанбул, Белград, Берлин, Загреб, Тирана, Букурешт, Милано, Римини, Сингапур, Њујорк, Лондон, Варшава, Измир и овозможување на поголем број B2B средби, презентации  и видливост на Република Македонија на светската туристичка мапа, довршување на националното туристичко брендирање, националната туристичка кампања во светски рамки како и продолжување на досегашните одлични практики во дигиталното промовирање од страна на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Отпочнување на туристичко брендирање на градовите во соработка со локалната самоуправа односно Скопје – градот на солидарноста е предвиден за програмата во 2024 кој ќе ги покаже ефектите и правецот за понатамошното делување на ова поле. Силен фокус на инфлуенсерите, блогерите и медиумите преку реализација на информативни патувања откривајки ја последната неоткриена туристичка дестинација за голем број на слободни патувачи

Секторот поддршка ќе се концентрира на проекти кои овозможуваат трајно зајакнување и развивање на концепти кои веќе успешно функционираат во светски рамки ,односно развој на активниот туризам преку проектот „10 планински врвови“ овозможувајки нови планински патеки, водич за движење во планина како и апликативно решение за сите планински патеки во земјата која има повеќе од 80% планини во својот рељеф.
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот како оптествено одговорна институција ќе се најде во проектот ,,Децата цртаат за татковината“, во кои преку соработка со институциите ќе бидат вклучени децата со попреченост каде нивната визија за татковината ќе биде преточена низ цртежи, а истите ќе бидат изложени на разни културни манифестации.
Развој на руралниот туризам преку повеќегодишниот проект „50 рурални села - 50  туристички приказни“ кој во следните години ќе овозможи повеќе од 500 категоризирани соби во селските средини, развој на агро туризмот, зголемен број на зелени работни места и позитивен развој на локалната економија .
Означување на винските патишта , дегустациски центри, патно означување со знаци, апликативни решенија кои ќе доведат до силен развој на ено-гастро туристичкиот концепт кој забрзано се развива во последните две години.
Подобрен модел на субвенционирање кој ќе овозможи развојна компонента во дестинацијата и за прв пат модел за субвенционирање на домашните туристи за домашните гости кој според проценките во 2024 година може да донесе 500.000 ноќевања повеќе од домашните туристи во ниската сезона во туристичкиот сектор.Зајакнување на АППТ со регионални канцаларии – ДМО кои ќе го интегрираат туристичкиот сектор во дестинациите во креирање на туристичките стратегии и политики  на локално ниво.
Брендирање на граничните премини  и наплатните рампи низ државата како прв чекор во градење и зајакнување на националниот туристички бренд.
Стратешкото планирање на АППТ за 2024 година е во корелација со стратешките согледувања на Светската туристичка организација (UNWTO)  во поглед на превземање на активности и можности за развој на туризмот во нашата држава
Ова се чекорите кои Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот се креирани заедно со советот на Агенцијата во кој членуваат сите релевантни туристички чинители јасно покажувајки го фокусот за следните години во македонскиот туризам. Затоа ве повикувам да продолжиме во градење на туризмот кој според моето убедување докажа и ќе докаже со резултатите во блиска иднина дека преставува значајна економска гранка која ќе донесе раст на македонската економија. Имаме можност, каков туристички сектор ќе изградиме во таков ќе работиме и оставиме на генерациите после нас“ истакна на крајот од своето излагање Јаневски

The post АППТ: Бројот на туристи зголемен за 30,1 отсто appeared first on Република.

]]>

На денешната презентација на стратешкото планирање за следната 2024 година од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот – АППТ и презентираните резултати  за првата половина од 2023 година,  директорот  д-р Љупчо Јаневски пред присутните стави акцент на потребата од континуирана работа и точки на подобрување во македонскиот туристички сектор. Резултатите во првата половина од годината во целост го потврдија стратешкото планирање на Агенцијата за 2023 година кои се базирани на надминување на резултатите од 2019 година, притоа  предвидувајки го спорото закрепнување на неколку традиционални пазари и концентрирајки се на примарни пазари кои постигнаа за 20-50% подобри резултати споредбено 2019/2023 година. Зголеменото на портфолио од дестинации од кои имаме гости во нашите туристички места и традиционалните пазари создадоа исполнетост на сместувачките капацитети за повеќе од 90% во месеците јули и август, додека резервациите продолжуваат до крајот на октомври потврдувајќи ги целите од 3,3 милиони ноќевања и повеќе од 530 милиони долари туристички промет оваа година во македонската економија од туризмот. Овие резултати преставуваат силна порака до сите нас дека „Целта е достижна и треба да продолжиме со континуирана работа сите заедно за надминување на 3,7 милиони ноќевања во 2025 година , 600 милиони долари и 40.000 вработувања во македонскиот туристички сектор“  истакна на презентацијата Јаневски. Доколку го компарираме учеството на туризмот во бруто домашниот производ - БДП низ последнате години од  2011 кога изнесувал 0,4 %, во 2018 2,4%,  за во 2022 година изнесува 3,6%, постигнувајки  481 милион долари, сврстувајќи го македонскиот туристички сектор во првите 10 земји  со раст според Светската Туристичка Организација ( UNWTO). Македонските туристички потенцијали ќе се промовираат на примарните и секундарни пазари за 2024 година, односно Србија, Бугарија, Албанија, Косово, Словенија, Хрватска, Турција, Полска, Романија, Словачка, Велика Британија и Италија.  Овие пазари во последните пет години се помеѓу првите 10 земји по број на туристи и остварени ноќевања. Медиумската кампања ќе биде интегрирана  со интернационалните саемски преставувања заедно со туристичкиот сектор  на светските  саеми за туризам во Мадрид, Истанбул, Белград, Берлин, Загреб, Тирана, Букурешт, Милано, Римини, Сингапур, Њујорк, Лондон, Варшава, Измир и овозможување на поголем број B2B средби, презентации  и видливост на Република Македонија на светската туристичка мапа, довршување на националното туристичко брендирање, националната туристичка кампања во светски рамки како и продолжување на досегашните одлични практики во дигиталното промовирање од страна на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Отпочнување на туристичко брендирање на градовите во соработка со локалната самоуправа односно Скопје – градот на солидарноста е предвиден за програмата во 2024 кој ќе ги покаже ефектите и правецот за понатамошното делување на ова поле. Силен фокус на инфлуенсерите, блогерите и медиумите преку реализација на информативни патувања откривајки ја последната неоткриена туристичка дестинација за голем број на слободни патувачи
Секторот поддршка ќе се концентрира на проекти кои овозможуваат трајно зајакнување и развивање на концепти кои веќе успешно функционираат во светски рамки ,односно развој на активниот туризам преку проектот „10 планински врвови“ овозможувајки нови планински патеки, водич за движење во планина како и апликативно решение за сите планински патеки во земјата која има повеќе од 80% планини во својот рељеф. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот како оптествено одговорна институција ќе се најде во проектот ,,Децата цртаат за татковината“, во кои преку соработка со институциите ќе бидат вклучени децата со попреченост каде нивната визија за татковината ќе биде преточена низ цртежи, а истите ќе бидат изложени на разни културни манифестации. Развој на руралниот туризам преку повеќегодишниот проект „50 рурални села - 50  туристички приказни“ кој во следните години ќе овозможи повеќе од 500 категоризирани соби во селските средини, развој на агро туризмот, зголемен број на зелени работни места и позитивен развој на локалната економија . Означување на винските патишта , дегустациски центри, патно означување со знаци, апликативни решенија кои ќе доведат до силен развој на ено-гастро туристичкиот концепт кој забрзано се развива во последните две години. Подобрен модел на субвенционирање кој ќе овозможи развојна компонента во дестинацијата и за прв пат модел за субвенционирање на домашните туристи за домашните гости кој според проценките во 2024 година може да донесе 500.000 ноќевања повеќе од домашните туристи во ниската сезона во туристичкиот сектор.Зајакнување на АППТ со регионални канцаларии – ДМО кои ќе го интегрираат туристичкиот сектор во дестинациите во креирање на туристичките стратегии и политики  на локално ниво. Брендирање на граничните премини  и наплатните рампи низ државата како прв чекор во градење и зајакнување на националниот туристички бренд. Стратешкото планирање на АППТ за 2024 година е во корелација со стратешките согледувања на Светската туристичка организација (UNWTO)  во поглед на превземање на активности и можности за развој на туризмот во нашата држава Ова се чекорите кои Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот се креирани заедно со советот на Агенцијата во кој членуваат сите релевантни туристички чинители јасно покажувајки го фокусот за следните години во македонскиот туризам. Затоа ве повикувам да продолжиме во градење на туризмот кој според моето убедување докажа и ќе докаже со резултатите во блиска иднина дека преставува значајна економска гранка која ќе донесе раст на македонската економија. Имаме можност, каков туристички сектор ќе изградиме во таков ќе работиме и оставиме на генерациите после нас“ истакна на крајот од своето излагање Јаневски

The post АППТ: Бројот на туристи зголемен за 30,1 отсто appeared first on Република.

]]>
ИТ е најперспективна индустрија за Македонија https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/it-e-najperspektivna-industrija-za-makedonija/ Fri, 11 Nov 2022 07:03:19 +0000 https://republika.mk/?p=572618

Во последните 15 години македонскиот ИТ сектор бележи вртоглав развој. Од тоа кога скоро никој не знаеше за Македонија и неколку мали комапнии кои пружаа услуги по outsourcing  моделот на клиенти од Западна Европа и Северна Америка некогаш, до тоа да бидеме препознаени како сервисни компании за светски познати компании или како земја со unicorn стартапи кои доживуваат глобален успех вреден во милијарди долари. 

Извозот на ИКТ услуги од Македонија, само во минатата година се зголеми за 37% и надмина 330 милиони евра. Над 2.000 економски активни компании фигурираат во ИКТ индустријата, генерирајќи близу милијарда евра во приходи, од кои 70% отпаѓаат на трошоци, а остатокот е чист профит. Оваа индустрија, која се покажа дека беше најимуна на Ковид пандемијата и забележа неверојатен раст во тој период, која вработува близу 20.000 е една од оние со најголеми побарувања на стручни лица за вработување, но исто така е индустрија која заради пандемијата го промовира remote working концептот кој останува тренд и по мерките да се работи од дома или од било каде во светот.

Тоа беше повод, за еднодневната конференција со наслов „The Future is Remote: Maceodnia„ која се одржа во Аудиокултура во Скопје, а ја организираше Native Teams-македонски стартап кој ги реши многуте проблеми на дигиталните номади, фриленсери и вработени во outsource компаниите во Македонија, а од од неодамна и глобално ширејќи се молскавично во дури 30 земји во светот. Оваа компанија е создавач на платформата која на фриленсерите и на сите кои работат remote им нуди флексибилни и лесно достапни начини за наплата на интернационални клиенти како и услуга за подигнување на тие средства со нивни бизнис АТМ картички, а нудат и услуги за регулирање на нивниот работен статус во земјата во која престојуваат, притоа работејќи од било каде во светот и за било кој клиент или фриленс.

„Work from home и work from anywhere, односно remote work  не се нови пристапи на работа во нашата индустрија. Пандемијата беше само катализатор која ја промена идејата и своето функционирање на работа од канцеларија. До 2027 година се смета дека многу повеќе луѓе ќе работат remote отколку од канцеларии- истакна Никола Бубевски, ко-основач и заменик претстедател на комерцијалниот сектор на Native Teams, личност која ги води сите стратешки проекти на глобално ниво за оваа компанија.

На конференцијата, говореа претставници на неколку македонски компании кои нижат успеси низ светот и се во редот компании од оваа индустрија која е нето извозник, односно повеќе извезува, отколку што увезува со што ја зголемува додадената вредност на македонскиот извоз и го намалува трговскиот дефицит во размената со странство.

Одлична е шансата на еден ваков настан да ги споделиме нашите искуства со другите компании како е да се работи remote и во исто време глобално. Нашата компанија е позната по флексибилноста која им ја дава на вработените да одлучат од каде и како сакаат да работат. Слободата на носење на одлуки на вработените долгорочно се исплати. Оттука, можеби и фактот што сме една од комапниите кои неколку години се наоѓа на листата на најпосакувани компании за работа„ - изјави Ентони Наумоф директор на Cosmic Development. Тој е роден и израснал во Чикаго, САД и е дел од една фантастична приказна на враќање во татковината на неговите родители и стартување на компанија која од мала канцеларија во Скопје пред 11 години, денес има своја глобална мрежа на канцеларии и 100 вработени.

Истражувањата покажуваат дека скоро 60% од вработените во овој сектор сака да го задржи принципот на работа од независни локации, а доколку тоа им биде оневозможено ќе бараат друга работа која тоа го дозволува.

„Work from anywhere“ моделот е тука за да остане, а комапниите кои нема да се прилагодат на концептот, можат да се најдат на маргините во битката за нови таленти.

На конференцијата зборуваше на оваа тема и Игор Маџов, ко-основач на Стартап Македонија и директор на Nest Investment. Тој како пасиониран инвеститор и претприемач кој е страствен поддржувач на развојот и експанзијата на македонскиот стартап еко-систем заклучи дека кризите, како претходната со пандемијата или оваа која се најавува и ќе биде економска, само укажуваат колку овој сектор и оваа индустрија се жилави, од аспект на прилагодување. Практично, кризите го поттикнуваат развојот на ИКТ индустријата, зголемувајќи ја потребата од повеќе специјалисти во оваа област.

Технолошката револуција, како и иновативните идеи поддржани од храброста на првите луѓе во ⋮IWCONNECT, се одличен пример како една компанија може да успее оттука и да стане глобално позиционирана приказна. Главните мотори на успехот се истрајноста и примената на јасна стратегија. Присуството и на нашата комапнија во Македонија веќе две децении е само доказ дека може да се успее од оваа точка на светот. Не сме инстант приказна на успех. Туку сме сведоци на сите процеси на дигитална трансформација на регионот, кои носеле многу предизвици. Да се работи во вакво опкружување, не е само работа, туку и многу посветеност на комапнијата и на луѓето околу вас. Оттука и нашиот глобален успех„ - истакна Благој Трајковски, директор на развој во ⋮IWCONNECT , IT консултант и менаџер за интеграциски решенија со лично портфолио од 15 посветени години во овој сектор за компанијата која е глобален пример за тоа, како од Македонија се може поинаку и како се создава нова историја за идните генерации.

Во последните 15 години македонскиот ИТ сектор бележи вртоглав развој. Од тоа кога скоро никој не знаеше за Македонија и неколку мали компании кои пружаа услуги по outsourcing моделот на клиенти од Западна Европа и Северна Америка некогаш, до тоа да бидеме препознаени како сервисни комапнии за светски познати компании или како земја со unicorn стартапи кои доживуваат глобален успех вреден во милијарди долари.

Предизвици секако има на претек, но она што радува кај оваа индустрија е константниот раст, особено во време на ковид кризата. Имаме и домашни и странски комапнии на наши адреси, што е најзначајно имаме се повеќе tech компании на домашен терен кои работат на развој на напредни технолошки решенија, продукти и софтвери заклучија присутните.

Remote културата значи и независност, но и комуникација со тимовите. Таа донесе добри нешта, како намалување на трошоците и можноста да се биде на услуга во различни часови заради различни временски зони. Таа овозможи и поинаква мерливост на ефикасноста кај вработените преку алатките кои онлајн работата ги овозможува„- изјави Михаил Китановски, меѓународен бизнис тренер кој како бизнис и менаџмент консултант работел со над 700 клиенти, во повеќе од 80 различни индустрии.

И колку да е голем растот на ИКТ индустријата од година во година, простор за создавање на подобри услови во државата за овој тип на компании секогаш ќе има. Сега го преминавме оној прв воведен ниво на развој и мораме да се соочиме со предизвиците кои носат некои сериозни услови во ИТ светот глобално, во кој Македонија веќе сега е дел. Во минатиот период имавме ИТ компании кои развиваа квалитетни производи, но денес меѓу нив имаме глобални лидери во некои домени. Имаме и голем раст на број на стартап комапнии кои развиваат сопствени производи за големите светски пазари. Тоа значи, дека ИКТ секторот денес во нашата земја создава услуги со голема додадена вредност и врвни продукти за глобалниот пазар, беше заклучено на конференцијата.

 

The post ИТ е најперспективна индустрија за Македонија appeared first on Република.

]]>

Во последните 15 години македонскиот ИТ сектор бележи вртоглав развој. Од тоа кога скоро никој не знаеше за Македонија и неколку мали комапнии кои пружаа услуги по outsourcing  моделот на клиенти од Западна Европа и Северна Америка некогаш, до тоа да бидеме препознаени како сервисни компании за светски познати компании или како земја со unicorn стартапи кои доживуваат глобален успех вреден во милијарди долари. 

Извозот на ИКТ услуги од Македонија, само во минатата година се зголеми за 37% и надмина 330 милиони евра. Над 2.000 економски активни компании фигурираат во ИКТ индустријата, генерирајќи близу милијарда евра во приходи, од кои 70% отпаѓаат на трошоци, а остатокот е чист профит. Оваа индустрија, која се покажа дека беше најимуна на Ковид пандемијата и забележа неверојатен раст во тој период, која вработува близу 20.000 е една од оние со најголеми побарувања на стручни лица за вработување, но исто така е индустрија која заради пандемијата го промовира remote working концептот кој останува тренд и по мерките да се работи од дома или од било каде во светот. Тоа беше повод, за еднодневната конференција со наслов „The Future is Remote: Maceodnia„ која се одржа во Аудиокултура во Скопје, а ја организираше Native Teams-македонски стартап кој ги реши многуте проблеми на дигиталните номади, фриленсери и вработени во outsource компаниите во Македонија, а од од неодамна и глобално ширејќи се молскавично во дури 30 земји во светот. Оваа компанија е создавач на платформата која на фриленсерите и на сите кои работат remote им нуди флексибилни и лесно достапни начини за наплата на интернационални клиенти како и услуга за подигнување на тие средства со нивни бизнис АТМ картички, а нудат и услуги за регулирање на нивниот работен статус во земјата во која престојуваат, притоа работејќи од било каде во светот и за било кој клиент или фриленс.

„Work from home и work from anywhere, односно remote work  не се нови пристапи на работа во нашата индустрија. Пандемијата беше само катализатор која ја промена идејата и своето функционирање на работа од канцеларија. До 2027 година се смета дека многу повеќе луѓе ќе работат remote отколку од канцеларии- истакна Никола Бубевски, ко-основач и заменик претстедател на комерцијалниот сектор на Native Teams, личност која ги води сите стратешки проекти на глобално ниво за оваа компанија.

На конференцијата, говореа претставници на неколку македонски компании кои нижат успеси низ светот и се во редот компании од оваа индустрија која е нето извозник, односно повеќе извезува, отколку што увезува со што ја зголемува додадената вредност на македонскиот извоз и го намалува трговскиот дефицит во размената со странство.
Одлична е шансата на еден ваков настан да ги споделиме нашите искуства со другите компании како е да се работи remote и во исто време глобално. Нашата компанија е позната по флексибилноста која им ја дава на вработените да одлучат од каде и како сакаат да работат. Слободата на носење на одлуки на вработените долгорочно се исплати. Оттука, можеби и фактот што сме една од комапниите кои неколку години се наоѓа на листата на најпосакувани компании за работа„ - изјави Ентони Наумоф директор на Cosmic Development. Тој е роден и израснал во Чикаго, САД и е дел од една фантастична приказна на враќање во татковината на неговите родители и стартување на компанија која од мала канцеларија во Скопје пред 11 години, денес има своја глобална мрежа на канцеларии и 100 вработени.
Истражувањата покажуваат дека скоро 60% од вработените во овој сектор сака да го задржи принципот на работа од независни локации, а доколку тоа им биде оневозможено ќе бараат друга работа која тоа го дозволува. „Work from anywhere“ моделот е тука за да остане, а комапниите кои нема да се прилагодат на концептот, можат да се најдат на маргините во битката за нови таленти. На конференцијата зборуваше на оваа тема и Игор Маџов, ко-основач на Стартап Македонија и директор на Nest Investment. Тој како пасиониран инвеститор и претприемач кој е страствен поддржувач на развојот и експанзијата на македонскиот стартап еко-систем заклучи дека кризите, како претходната со пандемијата или оваа која се најавува и ќе биде економска, само укажуваат колку овој сектор и оваа индустрија се жилави, од аспект на прилагодување. Практично, кризите го поттикнуваат развојот на ИКТ индустријата, зголемувајќи ја потребата од повеќе специјалисти во оваа област.
Технолошката револуција, како и иновативните идеи поддржани од храброста на првите луѓе во ⋮IWCONNECT, се одличен пример како една компанија може да успее оттука и да стане глобално позиционирана приказна. Главните мотори на успехот се истрајноста и примената на јасна стратегија. Присуството и на нашата комапнија во Македонија веќе две децении е само доказ дека може да се успее од оваа точка на светот. Не сме инстант приказна на успех. Туку сме сведоци на сите процеси на дигитална трансформација на регионот, кои носеле многу предизвици. Да се работи во вакво опкружување, не е само работа, туку и многу посветеност на комапнијата и на луѓето околу вас. Оттука и нашиот глобален успех„ - истакна Благој Трајковски, директор на развој во ⋮IWCONNECT , IT консултант и менаџер за интеграциски решенија со лично портфолио од 15 посветени години во овој сектор за компанијата која е глобален пример за тоа, како од Македонија се може поинаку и како се создава нова историја за идните генерации.
Во последните 15 години македонскиот ИТ сектор бележи вртоглав развој. Од тоа кога скоро никој не знаеше за Македонија и неколку мали компании кои пружаа услуги по outsourcing моделот на клиенти од Западна Европа и Северна Америка некогаш, до тоа да бидеме препознаени како сервисни комапнии за светски познати компании или како земја со unicorn стартапи кои доживуваат глобален успех вреден во милијарди долари. Предизвици секако има на претек, но она што радува кај оваа индустрија е константниот раст, особено во време на ковид кризата. Имаме и домашни и странски комапнии на наши адреси, што е најзначајно имаме се повеќе tech компании на домашен терен кои работат на развој на напредни технолошки решенија, продукти и софтвери заклучија присутните.
Remote културата значи и независност, но и комуникација со тимовите. Таа донесе добри нешта, како намалување на трошоците и можноста да се биде на услуга во различни часови заради различни временски зони. Таа овозможи и поинаква мерливост на ефикасноста кај вработените преку алатките кои онлајн работата ги овозможува„- изјави Михаил Китановски, меѓународен бизнис тренер кој како бизнис и менаџмент консултант работел со над 700 клиенти, во повеќе од 80 различни индустрии.
И колку да е голем растот на ИКТ индустријата од година во година, простор за создавање на подобри услови во државата за овој тип на компании секогаш ќе има. Сега го преминавме оној прв воведен ниво на развој и мораме да се соочиме со предизвиците кои носат некои сериозни услови во ИТ светот глобално, во кој Македонија веќе сега е дел. Во минатиот период имавме ИТ компании кои развиваа квалитетни производи, но денес меѓу нив имаме глобални лидери во некои домени. Имаме и голем раст на број на стартап комапнии кои развиваат сопствени производи за големите светски пазари. Тоа значи, дека ИКТ секторот денес во нашата земја создава услуги со голема додадена вредност и врвни продукти за глобалниот пазар, беше заклучено на конференцијата.  

The post ИТ е најперспективна индустрија за Македонија appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ крати од развојот, предвидува 15.7% помалку во развојната компонента на буџетот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vmro-dpmne-sdsm-krati-od-razvojot-predviduva-15-7-pomalku-vo-razvojnata-komponenta-na-budzetot/ Tue, 21 Jun 2022 12:32:52 +0000 https://republika.mk/?p=518055

Од ВМРо-ДПМНЕ реагираат за тоа што СДСМ крати од ставките за развој, односно предвидува 15.7% помалку во развојната компонента на буџетот.

Власта крати 2.2 милијарди денари од потпрограмата за патна инфраструктура.

Намалени се и средства во Министерство за животна средина за цели 335 милиони денари.

Се кратат пари и од образование.

СДСМ и ДУИ со ребалансот на буџетот кратат пари од капитални инвестиции, а трошат на непродуктивни трошоци.

Власта не работи за народот, туку целиот систем работи за неколку луѓе блиски до врвот на власта.

Нема пари за народот, има 1.4 милиони евра за Заев. Нема за плати и инвестиции, има за златни тањири, вилушки и лажици во владата.

Со СДСМ државата тоне. Народот осиромашува. Премногу е - се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ крати од развојот, предвидува 15.7% помалку во развојната компонента на буџетот appeared first on Република.

]]>

Од ВМРо-ДПМНЕ реагираат за тоа што СДСМ крати од ставките за развој, односно предвидува 15.7% помалку во развојната компонента на буџетот.
Власта крати 2.2 милијарди денари од потпрограмата за патна инфраструктура. Намалени се и средства во Министерство за животна средина за цели 335 милиони денари. Се кратат пари и од образование. СДСМ и ДУИ со ребалансот на буџетот кратат пари од капитални инвестиции, а трошат на непродуктивни трошоци. Власта не работи за народот, туку целиот систем работи за неколку луѓе блиски до врвот на власта. Нема пари за народот, има 1.4 милиони евра за Заев. Нема за плати и инвестиции, има за златни тањири, вилушки и лажици во владата. Со СДСМ државата тоне. Народот осиромашува. Премногу е - се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ крати од развојот, предвидува 15.7% помалку во развојната компонента на буџетот appeared first on Република.

]]>