разузнавачи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/razuznavachi/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Mar 2024 11:09:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png разузнавачи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/razuznavachi/ 32 32 Западен Балкан под ризик од меѓуетничко насилство во 2024, проценуваат американските разузнавачи https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zapaden-balkan-pod-rizik-od-meguetnichko-nasilstvo-vo-2024-protsenuvaat-amerikanskite-razuznavachi/ Tue, 12 Mar 2024 11:09:53 +0000 https://republika.mk/?p=753983

Во годишниот извештај за глобалните закани на Разузнавачката заедница на Соединетите Држави, се наведува дека „Западен Балкан најверојатно ќе се соочи со зголемен ризик од локализирано меѓуетничко насилство во текот на 2024 година“.

Во три кратки параграфи за Западен Балкан, документот наведува дека „националистичките лидери најверојатно ќе ги влошат тензиите во своја политичка корист и надворешните актери ќе ги зајакнат и искористат етничките разлики, за да го зголемат или заштитат нивното регионално влијание или да спречат поголема интеграција на Балканот во ЕУ или евроатлантските институции.“

Во изештајот се потсетува дека „судирите меѓу српските националисти и косовските власти во 2023 година резултираа со смртни случаи и повредени, вклучително и повреди на мировниците на НАТО“.

Веднаш потоа се посочува дека „лидерот на босанските Срби, Милорад Додик презема провокативни чекори за да го неутрализира меѓународниот надзор во Босна и Херцеговина и да обезбеди, де факто, отцепување на својата Република Српска“.

На крајот од делот за Западен Балкан, се наведува дека „неговата (на Додик) акција може да ги поттикне водачите на бошњачкото население да го зајакнат сопствениот капацитет за заштита на нивните интереси и евентуално да доведе до насилни конфликти кои би можеле да ги совладаат мировните сили“.

The post Западен Балкан под ризик од меѓуетничко насилство во 2024, проценуваат американските разузнавачи appeared first on Република.

]]>

Во годишниот извештај за глобалните закани на Разузнавачката заедница на Соединетите Држави, се наведува дека „Западен Балкан најверојатно ќе се соочи со зголемен ризик од локализирано меѓуетничко насилство во текот на 2024 година“. Во три кратки параграфи за Западен Балкан, документот наведува дека „националистичките лидери најверојатно ќе ги влошат тензиите во своја политичка корист и надворешните актери ќе ги зајакнат и искористат етничките разлики, за да го зголемат или заштитат нивното регионално влијание или да спречат поголема интеграција на Балканот во ЕУ или евроатлантските институции.“ Во изештајот се потсетува дека „судирите меѓу српските националисти и косовските власти во 2023 година резултираа со смртни случаи и повредени, вклучително и повреди на мировниците на НАТО“. Веднаш потоа се посочува дека „лидерот на босанските Срби, Милорад Додик презема провокативни чекори за да го неутрализира меѓународниот надзор во Босна и Херцеговина и да обезбеди, де факто, отцепување на својата Република Српска“. На крајот од делот за Западен Балкан, се наведува дека „неговата (на Додик) акција може да ги поттикне водачите на бошњачкото население да го зајакнат сопствениот капацитет за заштита на нивните интереси и евентуално да доведе до насилни конфликти кои би можеле да ги совладаат мировните сили“.

The post Западен Балкан под ризик од меѓуетничко насилство во 2024, проценуваат американските разузнавачи appeared first on Република.

]]>
Тања Фајон потврди дека осомничените за шпионажа во Словенија се членови на руската разузнавачка служба https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/tana-fajon-potvrdi-deka-osomnichenite-za-shpionazha-vo-slovenija-se-chlenovi-na-ruskata-razuznavachka-sluzhba/ Wed, 01 Feb 2023 11:04:53 +0000 https://republika.mk/?p=603308

Шефицата на словенечката дипломатија Тања Фајон потврди дека двајцата странски државјани кои се осомничени за шпионажа и беа уапсени се агенти на руска разузнавачка служба.

Во тек е официјална истрага. Осомничени се за дејствување против националните интереси на Република Словенија и според последните информации се членови на руска разузнавачка служба, рече министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон.

Словенечката радио-телевизија објави дека уапсените се жена и маж на 39-годишна возраст кои живееле во изнајмена куќа во Љубљана. Сопственикот на куќата во која живееле осомничените не сакал да зборува пред камерите на словенечката телевизија, но во телефонски разговор со нив рекол дека со двојката се сретнал лично и дека немал никакви проблеми со нив.

Неофицијално, РТВ Словенија дознава дека двајцата уапсени собирале општи информации за настаните во земјата, но и дека двајцата биле руски државјани и покрај нивните аргентински пасоши.

Доколку бидат прогласени за виновни, на осомничените им се закануваат вкупно осум години затвор.

The post Тања Фајон потврди дека осомничените за шпионажа во Словенија се членови на руската разузнавачка служба appeared first on Република.

]]>

Шефицата на словенечката дипломатија Тања Фајон потврди дека двајцата странски државјани кои се осомничени за шпионажа и беа уапсени се агенти на руска разузнавачка служба.
Во тек е официјална истрага. Осомничени се за дејствување против националните интереси на Република Словенија и според последните информации се членови на руска разузнавачка служба, рече министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон.
Словенечката радио-телевизија објави дека уапсените се жена и маж на 39-годишна возраст кои живееле во изнајмена куќа во Љубљана. Сопственикот на куќата во која живееле осомничените не сакал да зборува пред камерите на словенечката телевизија, но во телефонски разговор со нив рекол дека со двојката се сретнал лично и дека немал никакви проблеми со нив.
Неофицијално, РТВ Словенија дознава дека двајцата уапсени собирале општи информации за настаните во земјата, но и дека двајцата биле руски државјани и покрај нивните аргентински пасоши. Доколку бидат прогласени за виновни, на осомничените им се закануваат вкупно осум години затвор.

The post Тања Фајон потврди дека осомничените за шпионажа во Словенија се членови на руската разузнавачка служба appeared first on Република.

]]>
Српски контраразузнавачи: Шест странски служби го следат и анализираат претседателот Вучиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srpski-kontrarazuznavachi-shest-stranski-sluzbi-go-sledat-i-analiziraat-pretsedatelot-vuchikj/ Thu, 09 Jun 2022 12:21:32 +0000 https://republika.mk/?p=513163

Претседателот на Србија Александар Вучиќ во овој момент оперативно го анализираат и чешлаат најмалку шест странски служби, информираат српските безбедносни структури.

Како што за порталот „Ало“ вели добро информиран соговорник, коментирајќи го вчера објавениот извештај на европските разузнавачки служби, таа анализа не е изненадување и покажува дека службите внимателно го анализирале Вучиќ и сите негови потези, со јасна цел да ја запрат и осуетат независната политика на Србија, .

Вучиќ во овој момент го анализираат уште неколку странски служби. Најмалку пет поголеми и којзнае колку помали, вклучително и сите во регионот. Едноставно е така, наша работа е да работиме контраразузнавање и да спречиме какво било конкретно разузнавачко влијание. И нека анализираат колку сакаат, уверете се сами дека не го натерале претседателот ни милиметар да отстапи од својата позиција и да се бори исклучиво за интересите на Србија - наведува соговорникот на „Ало“.

Тој конкретно наведува дека со Вучиќ во овој момент секако се занимаваат американските, руските, германските, британските и хрватските служби, покрај веќе споменатата европска служба за собирање податоци.

Поранешниот соработник на Државата Безбедност, Божидар Спасиќ за порталот објаснува дека протечениот документ на европското разузнавање не е извештај, туку разузнавачка анализа, која во одредени случаи може да биде достапна за јавноста.

Не станува збор за никакви оперативни податоци кои се од опкружувањето на Вучиќ, нашата влада или од некој стратешки план на нашата влада, туку анализи од говорот на претседателот, говорите на неговите најблиски соработници или текстови од весници. Ваквите анализи, всушност, прават главно новинари аналитичари, кои работат за одредени институции, вклучително и разузнавачки служби.

Има и други извештаи кои се многу посложени, каде се користат одредени лица, прислушување, податоци кои не се добиени од јавноста и овие податоци, се разбира, не се соопштуваат на јавноста, туку се користат за други методи кои ќе стават притисок врз Србија - нагласува Спасиќ.

Тој смета дека тука се особено активни два сервиси - германската БНД и американската, која користи и услуги на сателитски служби како хрватската, романската, бугарската и некои други.

The post Српски контраразузнавачи: Шест странски служби го следат и анализираат претседателот Вучиќ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија Александар Вучиќ во овој момент оперативно го анализираат и чешлаат најмалку шест странски служби, информираат српските безбедносни структури. Како што за порталот „Ало“ вели добро информиран соговорник, коментирајќи го вчера објавениот извештај на европските разузнавачки служби, таа анализа не е изненадување и покажува дека службите внимателно го анализирале Вучиќ и сите негови потези, со јасна цел да ја запрат и осуетат независната политика на Србија, .
Вучиќ во овој момент го анализираат уште неколку странски служби. Најмалку пет поголеми и којзнае колку помали, вклучително и сите во регионот. Едноставно е така, наша работа е да работиме контраразузнавање и да спречиме какво било конкретно разузнавачко влијание. И нека анализираат колку сакаат, уверете се сами дека не го натерале претседателот ни милиметар да отстапи од својата позиција и да се бори исклучиво за интересите на Србија - наведува соговорникот на „Ало“.
Тој конкретно наведува дека со Вучиќ во овој момент секако се занимаваат американските, руските, германските, британските и хрватските служби, покрај веќе споменатата европска служба за собирање податоци. Поранешниот соработник на Државата Безбедност, Божидар Спасиќ за порталот објаснува дека протечениот документ на европското разузнавање не е извештај, туку разузнавачка анализа, која во одредени случаи може да биде достапна за јавноста.
Не станува збор за никакви оперативни податоци кои се од опкружувањето на Вучиќ, нашата влада или од некој стратешки план на нашата влада, туку анализи од говорот на претседателот, говорите на неговите најблиски соработници или текстови од весници. Ваквите анализи, всушност, прават главно новинари аналитичари, кои работат за одредени институции, вклучително и разузнавачки служби.   Има и други извештаи кои се многу посложени, каде се користат одредени лица, прислушување, податоци кои не се добиени од јавноста и овие податоци, се разбира, не се соопштуваат на јавноста, туку се користат за други методи кои ќе стават притисок врз Србија - нагласува Спасиќ.