разрешени Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/razresheni/ За подобро да се разбереме Sat, 10 Feb 2024 09:38:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png разрешени Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/razresheni/ 32 32 Со 62 гласа „за“ и ниту еден „против“ Собранието ги разреши министрите Меџити и Алиу https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/so-62-glasa-za-i-nitu-eden-protiv-sobranieto-gi-razreshi-ministrite-medhiti-i-aliu/ Sat, 10 Feb 2024 07:33:42 +0000 https://republika.mk/?p=742388

Меџити и Алиу се разрешени по предлог на техничкиот премиер Талат Џафери кој од собраниската говорница денеска образложувајќи го предлогот за разрешување рече дека според законот, не може да има два опозициски субјекта во состав на Владата и дека тоа е основната причина зошто е предложено разрешувањето на двајцата министри.

„Воопшто не станува збор за нивната стручност и професионалност кон што имам исклучителна почит“, рече Џафери.

Разрешувањето на двајцата министри уследи по расколот во Алијанса за Албанците откако актуелниот претседател на партијата Арбен Таравари побара поддршка од членството за коалиција со албанскиот опозициски блок на претстојните избори, со што не се согласува претседателот на Централното собрание Зијадин Села.

За нов министер за здравство е предложен актуелниот директор на Клиничката болница во Тетово, Илир Демири, а за министер за информатичко општество и администрација Наим Бајрами.

Пред гласањето вечерва се обрати министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу кој изнесе повеќе информации за опструкции што ги имал, како што рече, од страна на ДУИ, но и за тоа што се случувало изминатата недела по објавувањето на информацијата дека Алијанса на Албаците ќе ја поддржи опозицијата. Ние, потенцира Алиу, уште кога влеговме во Владата кажавме дека ќе бидеме опозиција во Владата и се гордееме со тоа.

Тој го обвини министерот за политички систем од редовите на ДУИ Артан Груби дека ги носел одлуките за разрешување на кадрите на Алијансата на Албанците кои не ја поддржувале ДУИ.

„На 5 февруари 2024 знаете ли која беше првата одлука на Артан Груби? – Разрешување на лицата од Алијанса за Албанците. Истиот ден тие почнаа да ги разрешуваат членовите на АА каде што биле вработени. Во вторникот одиме на Влада, влегува премиерот, од неговата лева страна седи Артан Груби и гледаме дека на дневен ред има уште двајца директори од АА и после денеска сме петок и сме тука за разрешување на двајца министри“, рече Алиу.

До вчера, рече Алиу, се зборуваше дека ДУИ ги контролира албанските партии, но денеска се гледа дека ДУИ ги контролира и отворено тие одлучуваат кој ќе биде министер во една друга партија, но тоа е пуч.

Координаторот на пратеничката група на ДУИ Арбер Адеми му реплицираше на Алиу, но и на пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ велејќи дека жали што опозоцијата си оди од салата и дека исто така верува дека и на 8 мај ќе бегаат.

„ВМРО-ДПМНЕ го реализира планот за раскол. Тие зборуваат за спам, за меил, фолдер, акаунт, додека на нив одамна им е изгорен хардискот“, рече Адеми.

The post Со 62 гласа „за“ и ниту еден „против“ Собранието ги разреши министрите Меџити и Алиу appeared first on Република.

]]>

Меџити и Алиу се разрешени по предлог на техничкиот премиер Талат Џафери кој од собраниската говорница денеска образложувајќи го предлогот за разрешување рече дека според законот, не може да има два опозициски субјекта во состав на Владата и дека тоа е основната причина зошто е предложено разрешувањето на двајцата министри. „Воопшто не станува збор за нивната стручност и професионалност кон што имам исклучителна почит“, рече Џафери. Разрешувањето на двајцата министри уследи по расколот во Алијанса за Албанците откако актуелниот претседател на партијата Арбен Таравари побара поддршка од членството за коалиција со албанскиот опозициски блок на претстојните избори, со што не се согласува претседателот на Централното собрание Зијадин Села. За нов министер за здравство е предложен актуелниот директор на Клиничката болница во Тетово, Илир Демири, а за министер за информатичко општество и администрација Наим Бајрами. Пред гласањето вечерва се обрати министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу кој изнесе повеќе информации за опструкции што ги имал, како што рече, од страна на ДУИ, но и за тоа што се случувало изминатата недела по објавувањето на информацијата дека Алијанса на Албаците ќе ја поддржи опозицијата. Ние, потенцира Алиу, уште кога влеговме во Владата кажавме дека ќе бидеме опозиција во Владата и се гордееме со тоа. Тој го обвини министерот за политички систем од редовите на ДУИ Артан Груби дека ги носел одлуките за разрешување на кадрите на Алијансата на Албанците кои не ја поддржувале ДУИ. „На 5 февруари 2024 знаете ли која беше првата одлука на Артан Груби? – Разрешување на лицата од Алијанса за Албанците. Истиот ден тие почнаа да ги разрешуваат членовите на АА каде што биле вработени. Во вторникот одиме на Влада, влегува премиерот, од неговата лева страна седи Артан Груби и гледаме дека на дневен ред има уште двајца директори од АА и после денеска сме петок и сме тука за разрешување на двајца министри“, рече Алиу. До вчера, рече Алиу, се зборуваше дека ДУИ ги контролира албанските партии, но денеска се гледа дека ДУИ ги контролира и отворено тие одлучуваат кој ќе биде министер во една друга партија, но тоа е пуч. Координаторот на пратеничката група на ДУИ Арбер Адеми му реплицираше на Алиу, но и на пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ велејќи дека жали што опозоцијата си оди од салата и дека исто така верува дека и на 8 мај ќе бегаат. „ВМРО-ДПМНЕ го реализира планот за раскол. Тие зборуваат за спам, за меил, фолдер, акаунт, додека на нив одамна им е изгорен хардискот“, рече Адеми.

The post Со 62 гласа „за“ и ниту еден „против“ Собранието ги разреши министрите Меџити и Алиу appeared first on Република.

]]>
Разрешени државните правобранители на подрачјата на Скопје и Струга https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/razresheni-drzhavnite-pravobraniteli-na-podrachjata-na-skopje-i-struga/ Tue, 09 Jan 2024 17:16:55 +0000 https://republika.mk/?p=731254

На предлог на Државниот правобранител, односно Министерството за правда, на денешната седница на Владата се донесе одлука за разрешување на државните правобранители во подрачјата на Струга и Скопје, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата.

Владата на РСМ одлучи Мирко Велјаноски да го разреши од должноста државен правобранител во Државното правобранителство на Република Македонија за подрачјето Струга, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата државен правобранител и Јане Јанкуловски од функцијата државен правобранител во Државното правобранителство на Република Македонија за подрачјето на Скопје, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата државен правобранител“ соопшти владината прес-служба.

The post Разрешени државните правобранители на подрачјата на Скопје и Струга appeared first on Република.

Фахрудин Хамиди и Љубе Стаменковски разрешени во М-НАВ, на нивно место именувани Илир Мехмеди и Милан Кораќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/fahrudin-hamidi-i-lube-stamenkovski-razresheni-vo-m-nav-na-nivno-mesto-imenuvani-ilir-mehmedi-i-milan-korak/ Tue, 09 Jan 2024 15:09:51 +0000 https://republika.mk/?p=731222

Претседателот на Управниот одбор на М-НАВ Фахрудин Хамиди и секторскиот извршен директор во М-НАВ Љубе Стаменковски да бидат разршени, а на нивно место да бидат именувани Илир Мехмеди и Милан Кораќ. Ваква насока дала Владата на денешната седница до Надзорниот одбор на Акционерското друштво во државна сопственост за вршење дејноста давање услуги во воздухопловна навигација „М-НАВ“ А.Д. – Скопје, информираа за МИА од Владата.

Владата на денешната седница даде насока на Надзорниот одбор Акционерско друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловна навигација „М-НАВ“ А.Д. – Скопје да ги разреши Фахрудин Хамиди од должноста претседател на Управен одбор и извршен директор во СВН и Љубе Стаменковски од должноста член на УО и извршен директор во СВТ. Владата воедно му препорача на Надзорниот одбор на Акционерско друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловна навигација „М-НАВ“ А.Д. – Скопје за извршен Директор во СВН да го именува Илир Мехмеди, а за извршен директор во СВТ да го именува Милан Кораќ, стои во изјавата од Владата.

Смените во раководството на М-НАВ, Владата ги најави по минатонеделниот упад во оваа институција и напад на вработени.

Струковиот синдикат на контролори на летање најави дека од одлуката на Владата ќе зависи дали утре ќе стапат во штрајк со целосно затворање на воздушниот сообраќај, откако претходно натамошното работење го услови со оставки од директорите во М-НАВ или нивно разрешување.

The post Фахрудин Хамиди и Љубе Стаменковски разрешени во М-НАВ, на нивно место именувани Илир Мехмеди и Милан Кораќ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Управниот одбор на М-НАВ Фахрудин Хамиди и секторскиот извршен директор во М-НАВ Љубе Стаменковски да бидат разршени, а на нивно место да бидат именувани Илир Мехмеди и Милан Кораќ. Ваква насока дала Владата на денешната седница до Надзорниот одбор на Акционерското друштво во државна сопственост за вршење дејноста давање услуги во воздухопловна навигација „М-НАВ“ А.Д. – Скопје, информираа за МИА од Владата.
Владата на денешната седница даде насока на Надзорниот одбор Акционерско друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловна навигација „М-НАВ“ А.Д. – Скопје да ги разреши Фахрудин Хамиди од должноста претседател на Управен одбор и извршен директор во СВН и Љубе Стаменковски од должноста член на УО и извршен директор во СВТ. Владата воедно му препорача на Надзорниот одбор на Акционерско друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловна навигација „М-НАВ“ А.Д. – Скопје за извршен Директор во СВН да го именува Илир Мехмеди, а за извршен директор во СВТ да го именува Милан Кораќ, стои во изјавата од Владата.
Смените во раководството на М-НАВ, Владата ги најави по минатонеделниот упад во оваа институција и напад на вработени. Струковиот синдикат на контролори на летање најави дека од одлуката на Владата ќе зависи дали утре ќе стапат во штрајк со целосно затворање на воздушниот сообраќај, откако претходно натамошното работење го услови со оставки од директорите во М-НАВ или нивно разрешување.  

The post Фахрудин Хамиди и Љубе Стаменковски разрешени во М-НАВ, на нивно место именувани Илир Мехмеди и Милан Кораќ appeared first on Република.

]]>