разлика Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/razlika/ За подобро да се разбереме Fri, 25 Feb 2022 13:53:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png разлика Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/razlika/ 32 32 Разликата од придонесите на нето зголемената минимална плата ќе ја исплаќа МТСП https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/razlikata-od-pridonesite-na-neto-zgolemenata-minimalna-plata-kje-ja-isplakja-mtsp/ Fri, 25 Feb 2022 13:53:42 +0000 https://republika.mk/?p=463852

Министерот за финансии, Фатмир Бесими и директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска по денешната посета на производствените капацитети на компаниите „Јука“ во Велес и „Ука Комерц“ во Сарај на заедничка прес конференција дадоа објаснување за новите мерки за помош на компаниите за разликата од придонесите на нето зголемената минимална плата.

Бесими изјави дека целта на оваа посета е директен разговор и запознавање со ефектот на мерките што ги презема Владата.

Оваа посета коинцидира веднаш по два нови закони важни за стопанството, едниот е за минимална плата во однос на стандардот на вработените, но исто така и во делот на Законот за царинска тарифа која помина минатата недела во Собрание, кој треба да влијае подобро во конкурентноста на нашата економија. Можам да кажам дека овие средби ќе ни служат за меѓусебно запознавање, следење на ефикасноста на мерките, но и за доаѓање до нови идеи за поефикасни мерки во иднина за поддршка на стопанството и економијата воопшто во нашата земја - истакна министерот Бесими.

Лукаревска изјави дека мерката ќе се реализира преку УЈП со поднесување на пресметките за исплата на плата, а финансиската помош за исплата на разликата од придонесите на нето зголемената минимална плата ќе ја исплаќа Министерството за труд и социјална политика.

Постапката е едноставна, односно работодавачот во месечната пресметка за интегрирана наплата за оние лица за коишто ќе бара обезбедување на финансиска помош од државата ги означува со посебна шифра на која што работиме во моментот во УЈП и благовремено ќе известиме за сите соодветни поединости - изјави Лукаревска.

Таа рече има рок од 30 дена по истекот на месецот за кое се бара исплатата на финансиската помош да се достават обработени податоците до Министерството за труд и социјална политика од каде што ќе се врши и исплаќањето.

Финансиска помош за исплата на плата за разлика на придонесите на нето зголемената минимална плата ќе се исплати на оние работодавачи што ги исполнуваат следниве услови: работодавачот да не е ослободен од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување или данок на личен доход за вработено лице со минимална плата, да има статус на активен обврзник односно да не е во постапка на стечај или ликвидација или пак да биде во постапка на бришење, да ги има подмирено обврските по основ на плата, придонеси од задолжително социјално осигурување и даноци заклучно со последниот ден од месецот за кој се обезбедува финансиската помош - прецизираше директорката на УЈП.

Лукаревска исто така посочи дека во рамки на оваа мерка која што ќе се спроведе со поддршка на Министерството за Финансии и МТСП ќе има уште слични средби и во иднина.

Додека директорот на Ука Комерц, Адем Абази, потенцираше дека оваа криза којашто е и глобална, може заеднички да се совлада.

Последните шест месеци се поскапе, почнувајќи од главната суровина, а тоа е месото. Ние месото го увезуваме однадвор. Кај нас нема месо. Не само месото, туку и амбалажа се увезува од надвор. Ние сега се обидуваме со наше искуство да направиме формула на производот, да намалиме трошоци - рече Абази.

The post Разликата од придонесите на нето зголемената минимална плата ќе ја исплаќа МТСП appeared first on Република.

]]>

Министерот за финансии, Фатмир Бесими и директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска по денешната посета на производствените капацитети на компаниите „Јука“ во Велес и „Ука Комерц“ во Сарај на заедничка прес конференција дадоа објаснување за новите мерки за помош на компаниите за разликата од придонесите на нето зголемената минимална плата. Бесими изјави дека целта на оваа посета е директен разговор и запознавање со ефектот на мерките што ги презема Владата.
Оваа посета коинцидира веднаш по два нови закони важни за стопанството, едниот е за минимална плата во однос на стандардот на вработените, но исто така и во делот на Законот за царинска тарифа која помина минатата недела во Собрание, кој треба да влијае подобро во конкурентноста на нашата економија. Можам да кажам дека овие средби ќе ни служат за меѓусебно запознавање, следење на ефикасноста на мерките, но и за доаѓање до нови идеи за поефикасни мерки во иднина за поддршка на стопанството и економијата воопшто во нашата земја - истакна министерот Бесими.
Лукаревска изјави дека мерката ќе се реализира преку УЈП со поднесување на пресметките за исплата на плата, а финансиската помош за исплата на разликата од придонесите на нето зголемената минимална плата ќе ја исплаќа Министерството за труд и социјална политика.
Постапката е едноставна, односно работодавачот во месечната пресметка за интегрирана наплата за оние лица за коишто ќе бара обезбедување на финансиска помош од државата ги означува со посебна шифра на која што работиме во моментот во УЈП и благовремено ќе известиме за сите соодветни поединости - изјави Лукаревска.
Таа рече има рок од 30 дена по истекот на месецот за кое се бара исплатата на финансиската помош да се достават обработени податоците до Министерството за труд и социјална политика од каде што ќе се врши и исплаќањето.
Финансиска помош за исплата на плата за разлика на придонесите на нето зголемената минимална плата ќе се исплати на оние работодавачи што ги исполнуваат следниве услови: работодавачот да не е ослободен од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување или данок на личен доход за вработено лице со минимална плата, да има статус на активен обврзник односно да не е во постапка на стечај или ликвидација или пак да биде во постапка на бришење, да ги има подмирено обврските по основ на плата, придонеси од задолжително социјално осигурување и даноци заклучно со последниот ден од месецот за кој се обезбедува финансиската помош - прецизираше директорката на УЈП.
Лукаревска исто така посочи дека во рамки на оваа мерка која што ќе се спроведе со поддршка на Министерството за Финансии и МТСП ќе има уште слични средби и во иднина. Додека директорот на Ука Комерц, Адем Абази, потенцираше дека оваа криза којашто е и глобална, може заеднички да се совлада.