разбојништво Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/razbojnishtvo/ За подобро да се разбереме Sun, 09 Jun 2024 11:38:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png разбојништво Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/razbojnishtvo/ 32 32 27-годишна девојка претепала и ограбила малолетник во Центар https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/27-godishna-devojka-pretepala-i-ograbila-maloletnik-vo-tsentar/ Sun, 09 Jun 2024 11:38:00 +0000 https://republika.mk/?p=785904

Ноќва во 00.20 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода З.К.(27) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека на 08.06.2024 околу 23.40 часот на подрачјето на Центар физички нападнала малолетник од Скопје и му одзела пари.

Со неа бил извршен разговор во полициска станица и кај неа биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичното дело.

По целосно документирање на случајот Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво“.

The post 27-годишна девојка претепала и ограбила малолетник во Центар appeared first on Република.

]]>

Ноќва во 00.20 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода З.К.(27) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека на 08.06.2024 околу 23.40 часот на подрачјето на Центар физички нападнала малолетник од Скопје и му одзела пари. Со неа бил извршен разговор во полициска станица и кај неа биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичното дело. По целосно документирање на случајот Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво“.  

The post 27-годишна девојка претепала и ограбила малолетник во Центар appeared first on Република.

]]>
Три лица, меѓу кои и полицаец, осомничени за киднапирање и разбојништво https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tri-litsa-megu-koi-i-politsaets-osomnicheni-za-kidnapirane-i-razbojnishtvo/ Sat, 04 May 2024 11:39:02 +0000 https://republika.mk/?p=774080

Три лица, меѓу кои и полицаец, се осомничени за разбојништво и противправно лишување од слобода.

Јавното обвинителство денеска соопшти дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донел наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои како соизвршители се осомничени за кривични дела „разбојништво“ и „противправно лишување од слобода“.

Двајцата се осомничени дека на 23 април противправно лишиле од слобода едно лице, така што го повикале да излезе со изговор дека им е потребна помош, а потоа присилно го внеле во автомобил и се упатиле кон мостот на улицата „Беласица”.

Со возилото управувало трето лице – полициски службеник против кого постапката е издвоена и ќе ја води Одделението за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Додека полицискиот службеник возел, двајцата други осомничени му се заканувале на оштетениот и му нанеле убодни рани со нож во ногата и во рамото. Кога стигнале под мостот, насилно го извадиле од автомобилот и сите тројца физички го нападнале со удари со клоци и тупаници по целото тело, нанесувајќи му тешки повреди.

Му одзеле околу 8.000 денари колку што имал оштетениот со себе во моментот, а потоа го пуштиле да си оди со закана дека доколку до 1 мај не им исплати 10.000 евра ќе го убијат и него и неговиот татко.

- Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени против кои постапува. Едниот од нив е во бегство и притворската мерка ќе започне да се применува од неговото пронаоѓање и лишување од слобода, информираат од Обвинителството.

The post Три лица, меѓу кои и полицаец, осомничени за киднапирање и разбојништво appeared first on Република.

]]>

Три лица, меѓу кои и полицаец, се осомничени за разбојништво и противправно лишување од слобода. Јавното обвинителство денеска соопшти дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донел наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои како соизвршители се осомничени за кривични дела „разбојништво“ и „противправно лишување од слобода“. Двајцата се осомничени дека на 23 април противправно лишиле од слобода едно лице, така што го повикале да излезе со изговор дека им е потребна помош, а потоа присилно го внеле во автомобил и се упатиле кон мостот на улицата „Беласица”. Со возилото управувало трето лице – полициски службеник против кого постапката е издвоена и ќе ја води Одделението за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Додека полицискиот службеник возел, двајцата други осомничени му се заканувале на оштетениот и му нанеле убодни рани со нож во ногата и во рамото. Кога стигнале под мостот, насилно го извадиле од автомобилот и сите тројца физички го нападнале со удари со клоци и тупаници по целото тело, нанесувајќи му тешки повреди. Му одзеле околу 8.000 денари колку што имал оштетениот со себе во моментот, а потоа го пуштиле да си оди со закана дека доколку до 1 мај не им исплати 10.000 евра ќе го убијат и него и неговиот татко. - Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени против кои постапува. Едниот од нив е во бегство и притворската мерка ќе започне да се применува од неговото пронаоѓање и лишување од слобода, информираат од Обвинителството.

The post Три лица, меѓу кои и полицаец, осомничени за киднапирање и разбојништво appeared first on Република.

]]>
Расчистени се пет разбојништва во ЕВР Аеродром https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/raschisteni-se-pet-razbojnishtva-vo-evr-aerodrom/ Thu, 07 Mar 2024 07:39:58 +0000 https://republika.mk/?p=752085

ЕВР Аеродром при СВР Скопје поднесе 4 кривични пријави до Јавното обвинителство по брза постапка за сторени пет кривични дела „разбојништво“. За четворицата осомничени има одреден притвор од надлежен судија на предходна постапка

ЕВР Аеродром и Драчево при СВР Скопје на ден 29.02.2024 поднесе кривична пријава против лицата И.Ш.и Ј.А. за сторено кривично дело „разбојничка кражба“ предвидено и казниво по член 238 од КЗ, случена на 27.02 2024 год на подрачје на ПСОН Драчево, по што Судија на претходна постапка на истите им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена.

На ден 05.03.2024 од страна на ЕВР Аеродром и Драчево поднесена е кривична пријава по брза постапка против лицата со иницијали E.С. и Ј.С. за сторени 3 (три) кривични дела „разбојништво“ предвидени и казниви по член 237 од КЗ, случени на ден 26.01.24 г, 13.02.24 г и 01.03.24 г на подрачје на ПСОН Аеродром, по што судија на претходна постапка на лицето со иницијали Е.С. му одреди мерка притвор во траење од 30 дена, а на лицето со иницијали Ј .С. му одреди мерка домашен притвор во траење од 30 дена.

The post Расчистени се пет разбојништва во ЕВР Аеродром appeared first on Република.

]]>

ЕВР Аеродром при СВР Скопје поднесе 4 кривични пријави до Јавното обвинителство по брза постапка за сторени пет кривични дела „разбојништво“. За четворицата осомничени има одреден притвор од надлежен судија на предходна постапка ЕВР Аеродром и Драчево при СВР Скопје на ден 29.02.2024 поднесе кривична пријава против лицата И.Ш.и Ј.А. за сторено кривично дело „разбојничка кражба“ предвидено и казниво по член 238 од КЗ, случена на 27.02 2024 год на подрачје на ПСОН Драчево, по што Судија на претходна постапка на истите им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена. На ден 05.03.2024 од страна на ЕВР Аеродром и Драчево поднесена е кривична пријава по брза постапка против лицата со иницијали E.С. и Ј.С. за сторени 3 (три) кривични дела „разбојништво“ предвидени и казниви по член 237 од КЗ, случени на ден 26.01.24 г, 13.02.24 г и 01.03.24 г на подрачје на ПСОН Аеродром, по што судија на претходна постапка на лицето со иницијали Е.С. му одреди мерка притвор во траење од 30 дена, а на лицето со иницијали Ј .С. му одреди мерка домашен притвор во траење од 30 дена.

The post Расчистени се пет разбојништва во ЕВР Аеродром appeared first on Република.

]]>
Приведени тројца малолетници во Кочани, извршиле повеќе од 30 кривични дела https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/privedeni-trojtsa-maloletnitsi-vo-kochani-izvrshile-poveke-od-30-krivichni-dela/ Sun, 18 Feb 2024 18:32:50 +0000 https://republika.mk/?p=745444

Полициски службеници од Полициската станица Кочани по преземени мерки и активности, лишија од слобода тројца малолетници од Кочани поради сомнение дека вчера извршиле разбојништво во Кочани.

-Според пријавеното вчера околу 7:00 часот физички и со тврди предмети го нападнале М.А. од Кочани во дворот од неговата куќа, по што му одзеле пари. Со малолетниците бил извршен службен разговор во полициска станица во присуство на јавен обвинител,  претставник од Центарот за социјални работи и адвокат, по што, по насока на јавен обвинител, против нив е поднесено известување до ОЈО поради сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Тројцата малолетници се сомничат дека во претходниот период извршиле повеќе од 30 кривични дела „кражби“, „тешки кражби“, „тешки кражби на дрзок начин“, „разбојнички кражби“ и „разбојништво“.

The post Приведени тројца малолетници во Кочани, извршиле повеќе од 30 кривични дела appeared first on Република.

Ја повикале сосетката на гости, па на полапат се маскирале и ја ограбиле: Маж и жена од Гевгелија извршиле разбојништво https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ja-povikale-sosetkata-na-gosti-pa-na-polapat-se-maskirale-i-ja-ograbile-mazh-i-zhena-od-gevgelija-izvrshile-razbojnishtvo/ Sat, 04 Nov 2023 10:17:54 +0000 https://republika.mk/?p=698078

Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе наредба за спроведување истражна постапка против двајца сопружници од Гевгелија, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело „разбојништво“ од член 237 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Како што информира ОЈО, мажот направил план заедно со сопругата на сила да одземат златни предмети од нивна 72-годишна сосетка, која често ја посетувале и знаеле за накитот што таа го носи на себе.

На 31 октомври осомничената жена ја повикала жртвата да дојде кај нив на вечера. Во вечерните часови, кога оштетената се јавила дека доаѓа и тргнала, осомничениот на својата сопруга и дал капа и марама за да се маскира, како и дрвена палка. Таа се маскирала, ја пресретнала оштетената во близина на нивниот дом, ја фатила за вратот и ја соборила на земја, па и го одзела златното ланче од вратот вредно 60.000 денари, по што побегнала. Украдениот накит заедно со сопругот го закопале во дворот од нивната куќа, а облеката ја сокриле во куќа во изградба, каде подоцна била пронајдена, соопшти ОЈО.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат дека осомничените би можеле да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоци и оштетената или да го повторат делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, како и мерка куќен притвор за осомничената. Судот го прифати предлогот и ги определи бараните мерки.

The post Ја повикале сосетката на гости, па на полапат се маскирале и ја ограбиле: Маж и жена од Гевгелија извршиле разбојништво appeared first on Република.

]]>

Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе наредба за спроведување истражна постапка против двајца сопружници од Гевгелија, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело „разбојништво“ од член 237 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Како што информира ОЈО, мажот направил план заедно со сопругата на сила да одземат златни предмети од нивна 72-годишна сосетка, која често ја посетувале и знаеле за накитот што таа го носи на себе.
На 31 октомври осомничената жена ја повикала жртвата да дојде кај нив на вечера. Во вечерните часови, кога оштетената се јавила дека доаѓа и тргнала, осомничениот на својата сопруга и дал капа и марама за да се маскира, како и дрвена палка. Таа се маскирала, ја пресретнала оштетената во близина на нивниот дом, ја фатила за вратот и ја соборила на земја, па и го одзела златното ланче од вратот вредно 60.000 денари, по што побегнала. Украдениот накит заедно со сопругот го закопале во дворот од нивната куќа, а облеката ја сокриле во куќа во изградба, каде подоцна била пронајдена, соопшти ОЈО.
Бидејќи постојат околности кои укажуваат дека осомничените би можеле да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоци и оштетената или да го повторат делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, како и мерка куќен притвор за осомничената. Судот го прифати предлогот и ги определи бараните мерки.

The post Ја повикале сосетката на гости, па на полапат се маскирале и ја ограбиле: Маж и жена од Гевгелија извршиле разбојништво appeared first on Република.

]]>
Истепал и ограбил 18-годишник во Прилеп, кога бил уапсен, полицијата открила дека го бараат за неколку „тешки кражби“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/istepal-i-ograbil-18-godishnik-vo-prilep-koga-bil-uapsen-politsijata-otkrila-deka-go-baraat-za-nekolku-teshki-krazhbi/ Sat, 20 May 2023 09:02:46 +0000 https://republika.mk/?p=642913

Полициски службеници од СВР Битола - ОВР Прилеп - Надворешна канцеларија на криминалистички работи Прилеп, вчера во 13:30 часот во Прилеп го лишиле од слобода прилепчанецот Б.А.(25).

Тој се сомничи дека околу 00:30 часот на ул. „Круме Волнароски“ во Прилеп физички го нападнал А.В.(18) од Прилеп и му одзел личен предмет. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. Исто така, Б.А. бил баран и по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна за сторено кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во денешното соопштение од МВР.

The post Истепал и ограбил 18-годишник во Прилеп, кога бил уапсен, полицијата открила дека го бараат за неколку „тешки кражби“ appeared first on Република.

Натерал три деца да ограбат жена инвалид, знаел дека добила пари за лекови https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nateral-tri-detsa-da-ograbat-zhena-invalid-znael-deka-dobila-pari-za-lekovi/ Fri, 07 Apr 2023 09:35:43 +0000 https://republika.mk/?p=628242

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување постапка против 74-годишник осомничен за разбојништво. Кривичното дело тој го сторил во соизвршителство со три деца на возраст од 15, 13 и 17 години за кои ќе се води постапка согласно Законот за правда на децата.

Сите заедно, со употреба на сила врз една оштетена одзеле од неа 30.000 денари. Откако осомничениот добил сознанија дека жртвата – лице со хендикеп и ограничено движење добила парични средства од нејзината ќерка за да купи лекови, тој ги договорил трите деца и со автомобилот ги донел во близина на нејзината куќа, на улицата „Патрис Лумумба“ во Скопје, соопшти државното јавно обвинителство.

На едно од децата му дал чекан, им дал усни насоки како да го извршат делото и им го кажал местото каде жртвата ги чува парите.

Трите деца влегле во домот преку вратата која возрасниот осомничен претходно ја оставил отклучена, употребувајќи го клучот што оштетената му го доверила. Кога ја пресретнале жртвата, едно од децата ѝ ја затворило устата, а другите две ѝ ги држеле рацете. Ѝ го одзеле паричникот каде ги чувала парите и веднаш избегале со возилото во кое ги чекал осомничениот, соопшти ЈО.

Поради можност да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и соучесниците и опасност осомничениот да го повтори кривичното дело, јавниот обвинител достави предлог за определување мерка притвор за полнолетниот осомничен. За децата постапката е раздвоена.​​

The post Натерал три деца да ограбат жена инвалид, знаел дека добила пари за лекови appeared first on Република.

Затвореник на викенд и другар му со палка нападнале постар битолчанец и го ограбиле https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zatvorenik-na-vikend-i-drugar-mu-so-palka-napadnale-postar-bitolchanets-i-go-ograbile/ Thu, 12 Jan 2023 09:24:00 +0000 https://republika.mk/?p=596050

Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода битолчаните А.Ѓ.(48) и М.С.(38), поради постоење основано сомнение дека на 8 јануари годинава околу 15:30 часот на ул.„Солунска“ во Битола извршиле кривично дело „разбојништво“.

Како што информираат денеска од МВР, тие кривичното дело го извршиле со физички напад на 67-годишен битолчанец, користејќи дрвен предмет, при што му одзеле пари во вредност од околу 200.000 денари.

СВР Битола до ОЈО Битола поднесе кривична пријава по чл.237 од Кривичниот законик, а од страна на судија на претходна постапка на А.Ѓ. му одредена мерка притвор во траење до 30 дена, додека М.С., осуденик во КПУ Затвор Битола, е спроведен назад во затворот, каде веќе издржува затворска казна.

The post Затвореник на викенд и другар му со палка нападнале постар битолчанец и го ограбиле appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода битолчаните А.Ѓ.(48) и М.С.(38), поради постоење основано сомнение дека на 8 јануари годинава околу 15:30 часот на ул.„Солунска“ во Битола извршиле кривично дело „разбојништво“. Како што информираат денеска од МВР, тие кривичното дело го извршиле со физички напад на 67-годишен битолчанец, користејќи дрвен предмет, при што му одзеле пари во вредност од околу 200.000 денари. СВР Битола до ОЈО Битола поднесе кривична пријава по чл.237 од Кривичниот законик, а од страна на судија на претходна постапка на А.Ѓ. му одредена мерка притвор во траење до 30 дена, додека М.С., осуденик во КПУ Затвор Битола, е спроведен назад во затворот, каде веќе издржува затворска казна.

The post Затвореник на викенд и другар му со палка нападнале постар битолчанец и го ограбиле appeared first on Република.

]]>
Велешанец и женско лице нападнале и ограбиле сограѓанин https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/veleshanec-i-zensko-lice-napadnale-i-ograbile-sogragjanin/ Tue, 30 Aug 2022 08:44:15 +0000 https://republika.mk/?p=545512

Полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Е.К.(39) од Велес, затоа што вчера со уште едно женско лице физички го нападнале Д.М.(33) од Велес и му одзеле пари.

Oд МВР информираат дека тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Велешанец и женско лице нападнале и ограбиле сограѓанин appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Е.К.(39) од Велес, затоа што вчера со уште едно женско лице физички го нападнале Д.М.(33) од Велес и му одзеле пари. Oд МВР информираат дека тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Велешанец и женско лице нападнале и ограбиле сограѓанин appeared first on Република.

]]>
Уапсени три лица од Студеничани за кражба од февруари тешка 60.000 евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/uapseni-tri-lica-od-studenichani-za-krazba-od-fevruari-teshka-60-000-evra/ Sat, 23 Jul 2022 09:25:32 +0000 https://republika.mk/?p=532367

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал во координација и соработка со СВР-ОКП Куманово, СВР Скопје, ЕВР Аеродром и Драчево и ЕВР Чаир, вчера, по преземени мерки и активности, расчистија кривично дело „разбојништво“ извршено на 23.02.2022 во Куманово, при што од едно лице биле одземени 3.745.000 денари во различни валути. СВР Куманово против три лица поднесе кривична пријава по чл.237 од Кривичниот законик.

Како што соопшти МВР, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело “разбојништво” до ОЈО Куманово е поднесена кривична пријава против М.Р.(25), С.Р.(28) и Ш.Р.(19), сите од с.Студеничани, Скопско.

Притоа, во текот на активностите од страна на полициските службеници беа извршени претреси на четири локации во домовите на три лица, при што биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело. Од страна на судија од Основен суд Куманово на пријавените лица им е одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена.

The post Уапсени три лица од Студеничани за кражба од февруари тешка 60.000 евра appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал во координација и соработка со СВР-ОКП Куманово, СВР Скопје, ЕВР Аеродром и Драчево и ЕВР Чаир, вчера, по преземени мерки и активности, расчистија кривично дело „разбојништво“ извршено на 23.02.2022 во Куманово, при што од едно лице биле одземени 3.745.000 денари во различни валути. СВР Куманово против три лица поднесе кривична пријава по чл.237 од Кривичниот законик. Како што соопшти МВР, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело “разбојништво” до ОЈО Куманово е поднесена кривична пријава против М.Р.(25), С.Р.(28) и Ш.Р.(19), сите од с.Студеничани, Скопско. Притоа, во текот на активностите од страна на полициските службеници беа извршени претреси на четири локации во домовите на три лица, при што биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело. Од страна на судија од Основен суд Куманово на пријавените лица им е одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена.

The post Уапсени три лица од Студеничани за кражба од февруари тешка 60.000 евра appeared first on Република.

]]>
14-годишник со нож се обидел да ограби аптека зошто аптекарката не му давала таблети https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/14-godishnik-so-noz-se-obidel-da-ograbi-apteka-zoshto-aptekarkata-ne-mu-davala-tableti/ Wed, 25 May 2022 08:26:05 +0000 https://republika.mk/?p=506630

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје достави барање за поведување подготвителна постапка против дете за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „разбојништво“ од член 237 став 1 од Кривичниот законик.

На 23 мај, како што информираат од Јавното обвинителство, детето во судир со законот, на возраст од 14 години, влегло во аптека на булеварот „Крсте Петков Мисирков“ во Скопје и од вработената побарало да му даде таблети „дијазепам“.

Кога вработената му кажала дека таблетите не се издаваат без лекарски рецепт, тој преминал од другата страна на пултот и ѝ се заканил со нож. Потоа ја отворил касата и го одзел целиот дневен промет и повторно побарал од неа да му даде таблети. Во тој момент, оштетената го фатила за рака за да не избега, но детето ја удрило со тврд предмет и ѝ нанело телесна повреда. Вработената побарала помош од случајни минувачи кои го совладале и го задржале до доаѓањето на полицијата, се вели во соопштението од ЈОРСМ.

Надлежниот јавен обвинител му предложи на судијата за деца да определи мерка притвор за детето во судир со законот, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство и да ја попречува постапката со влијание врз сведоците, како и поради фактот што веќе е евидентиран како сторител и на други кривични дела разбојништво за кои претходно определените мерки за помош и заштита не дале резултат.

The post 14-годишник со нож се обидел да ограби аптека зошто аптекарката не му давала таблети appeared first on Република.

]]>

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје достави барање за поведување подготвителна постапка против дете за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „разбојништво“ од член 237 став 1 од Кривичниот законик. На 23 мај, како што информираат од Јавното обвинителство, детето во судир со законот, на возраст од 14 години, влегло во аптека на булеварот „Крсте Петков Мисирков“ во Скопје и од вработената побарало да му даде таблети „дијазепам“.
Кога вработената му кажала дека таблетите не се издаваат без лекарски рецепт, тој преминал од другата страна на пултот и ѝ се заканил со нож. Потоа ја отворил касата и го одзел целиот дневен промет и повторно побарал од неа да му даде таблети. Во тој момент, оштетената го фатила за рака за да не избега, но детето ја удрило со тврд предмет и ѝ нанело телесна повреда. Вработената побарала помош од случајни минувачи кои го совладале и го задржале до доаѓањето на полицијата, се вели во соопштението од ЈОРСМ.
Надлежниот јавен обвинител му предложи на судијата за деца да определи мерка притвор за детето во судир со законот, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство и да ја попречува постапката со влијание врз сведоците, како и поради фактот што веќе е евидентиран како сторител и на други кривични дела разбојништво за кои претходно определените мерки за помош и заштита не дале резултат.

The post 14-годишник со нож се обидел да ограби аптека зошто аптекарката не му давала таблети appeared first on Република.

]]>
Расчистено разбојништво во Скопје, приведени четири лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/raschisteno-razbojnishtvo-vo-skopje-privedeni-chetiri-lica/ Tue, 10 May 2022 11:54:44 +0000 https://republika.mk/?p=500428

На 09.05.2022 полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.П.(24) од Катланово, скопско, Р.Ј.(23), А.С.(20) и малолетник, тројцата од с,Огњанци, скопско. Тие се сомничат дека на 06.05.2022 во 22.30 часот во близина на Катлановска Бања, со закана му одзеле пари на М.К.(31) од Малта, со живеалиште во Скопје.

Тие биле приведени во Полициската станица Гази Баба и во службен разговор го признале делото. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Расчистено разбојништво во Скопје, приведени четири лица appeared first on Република.

]]>

На 09.05.2022 полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.П.(24) од Катланово, скопско, Р.Ј.(23), А.С.(20) и малолетник, тројцата од с,Огњанци, скопско. Тие се сомничат дека на 06.05.2022 во 22.30 часот во близина на Катлановска Бања, со закана му одзеле пари на М.К.(31) од Малта, со живеалиште во Скопје. Тие биле приведени во Полициската станица Гази Баба и во службен разговор го признале делото. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Расчистено разбојништво во Скопје, приведени четири лица appeared first on Република.

]]>
Ограбиле бензинска пумпа во Катланово, па биле фатени со пленот в рака: Приведени двајца разбојници https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ograbile-benzinska-pumpa-vo-katlanovo-pa-bile-fateni-so-plenot-v-raka-privedeni-dvajca-razbojnici/ Fri, 14 Jan 2022 09:56:40 +0000 https://republika.mk/?p=444479

Во заедничка акција на полициски службеници од полицискиот пункт од оперативната акција „Рефлекс“, мото патрола од Полициското одделение Петровец и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на подрачјето на село Катланово денеска во 05.20 часот од слобода се лишени М.М. (22) и К.Р. (25), двајцата од Скопје.

Тие, дваесеттина минути претходно, на бензинска пумпа на локалниот пат село Ржаничино – село Катланово, со закана со нож, од вработените одзеле чанта со дневен промет.

Кај лицата се пронајдени одземените парични средства и ножот кој е користен при извршување на кривичното дело. Тие се приведени во полициска станица и во координација со јавен обвинител, по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок - информираат од МВР.

The post Ограбиле бензинска пумпа во Катланово, па биле фатени со пленот в рака: Приведени двајца разбојници appeared first on Република.

]]>

Во заедничка акција на полициски службеници од полицискиот пункт од оперативната акција „Рефлекс“, мото патрола од Полициското одделение Петровец и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на подрачјето на село Катланово денеска во 05.20 часот од слобода се лишени М.М. (22) и К.Р. (25), двајцата од Скопје. Тие, дваесеттина минути претходно, на бензинска пумпа на локалниот пат село Ржаничино – село Катланово, со закана со нож, од вработените одзеле чанта со дневен промет.