разбојници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/razbojnici/ За подобро да се разбереме Sat, 09 Nov 2024 10:10:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png разбојници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/razbojnici/ 32 32 Ноќва грабеж кај Собрание, разбојниците веднаш уапсени https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nokva-grabezh-kaj-sobranie-razbojnitsite-vednash-uapseni/ Sat, 09 Nov 2024 10:10:36 +0000 https://republika.mk/?p=835797

Ноќва околу 02.45 часот во Скопје, во централното градско подрачје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишија од слобода Ј.Т. (19) и К.П. (19), двајцата од Скопје, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „разбојништво“.

Веднаш по добиената пријава околу 02.30 часот од Ф.Ф. (22) дека во близина на Собрание на град Скопје две лица со закана со остар предмет му одзеле пари, преземени се соодветни мерки и активности и извршителите се лишени од слобода, а одземеното е пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот. Пронајден е и предметот со кој е извршено делото и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

The post Ноќва грабеж кај Собрание, разбојниците веднаш уапсени appeared first on Република.

]]>

Приведени разбојници во Велес https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/privedeni-razbojnitsi-vo-veles/ Sat, 23 Dec 2023 14:28:38 +0000 https://republika.mk/?p=725961

Полициски службеници од Полициската станица за безбедноста на патниот сообраќај при СВР-Велес, денеска околу 8.30 часот ги лишиле од слобода М.Г. (25) и О.Т.(32), двајцата од Велес, соопштија од МВР.

Полицијата постапувала по претходно добиена пријава дека утрото околу 08 часот извршиле разбојништво во спортска обложувалница и со употреба на сила врз вработената, одзеле пари.

По кратко време, лицата се пронајдени и приведени во полициска станица. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението од МВР.

The post Приведени разбојници во Велес appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од Полициската станица за безбедноста на патниот сообраќај при СВР-Велес, денеска околу 8.30 часот ги лишиле од слобода М.Г. (25) и О.Т.(32), двајцата од Велес, соопштија од МВР. Полицијата постапувала по претходно добиена пријава дека утрото околу 08 часот извршиле разбојништво во спортска обложувалница и со употреба на сила врз вработената, одзеле пари. По кратко време, лицата се пронајдени и приведени во полициска станица. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението од МВР.

The post Приведени разбојници во Велес appeared first on Република.

]]>
Заложничка драма во домот на голманот на ПСЖ: Донарума и неговата девојка соблечени голи и ограбени https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/zalozhnichka-drama-vo-domot-na-golmanot-na-pszh-donaruma-i-negovata-devojka-soblecheni-goli-i-ograbeni/ Fri, 21 Jul 2023 09:56:42 +0000 https://republika.mk/?p=663851

Голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума и неговата партнерка станаа плен на грабеж во нивниот стан во Париз. Европскиот шампион со тимот на Италија и неговата придружничка биле врзани од разбојниците, кои потоа зеле 500.000 евра. Француските медиуми известуваат дека биле приморани од разбојниците да се соблечат голи.

Голманот на Пари Сен Жермен и неговата девојка потоа успеале да се ослободат. Крадците среде ноќ се упатиле во луксузен хотел недалеку од нивниот дом. Персоналот на хотелот бил тој што ја алармирал полицијата.

Дваесет и четиригодишниот Италијанец и неговата партнерка се испратени на лекување во болница поради претрпен шок, а започната е истрага за откривање на сторителите и нивно апсење.

The post Заложничка драма во домот на голманот на ПСЖ: Донарума и неговата девојка соблечени голи и ограбени appeared first on Република.

]]>

Голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума и неговата партнерка станаа плен на грабеж во нивниот стан во Париз. Европскиот шампион со тимот на Италија и неговата придружничка биле врзани од разбојниците, кои потоа зеле 500.000 евра. Француските медиуми известуваат дека биле приморани од разбојниците да се соблечат голи. Голманот на Пари Сен Жермен и неговата девојка потоа успеале да се ослободат. Крадците среде ноќ се упатиле во луксузен хотел недалеку од нивниот дом. Персоналот на хотелот бил тој што ја алармирал полицијата. Дваесет и четиригодишниот Италијанец и неговата партнерка се испратени на лекување во болница поради претрпен шок, а започната е истрага за откривање на сторителите и нивно апсење.

The post Заложничка драма во домот на голманот на ПСЖ: Донарума и неговата девојка соблечени голи и ограбени appeared first on Република.

]]>
Уапсени двајца мажи зошто нападнале и ограбиле две деца во Петровец https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/uapseni-dvajtsa-mazhi-zoshto-napadnale-i-ograbile-dve-detsa-vo-petrovets/ Sat, 04 Mar 2023 08:41:06 +0000 https://republika.mk/?p=615774

По преземени мерки и активности, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба расчистија кривично дело разбојништво случено на 26.02.2023 година во село Петровец, скопско.

Како што информираат утрово од МВР, по преземени мерки било констатирано дека Б.Б.(67) од село Петровец и М.И.(31) од Скопје на 26.02.2023 во село Петровец физички нападнале двајца малолетници и им одзеле мобилен телефон. Со нив бил извршен службен разговор, при што го признале делото. Исто така, бил пронајден и телефонот и бил вратен на сопственикот.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава

The post Уапсени двајца мажи зошто нападнале и ограбиле две деца во Петровец appeared first on Република.

]]>

По преземени мерки и активности, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба расчистија кривично дело разбојништво случено на 26.02.2023 година во село Петровец, скопско. Како што информираат утрово од МВР, по преземени мерки било констатирано дека Б.Б.(67) од село Петровец и М.И.(31) од Скопје на 26.02.2023 во село Петровец физички нападнале двајца малолетници и им одзеле мобилен телефон. Со нив бил извршен службен разговор, при што го признале делото. Исто така, бил пронајден и телефонот и бил вратен на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава

The post Уапсени двајца мажи зошто нападнале и ограбиле две деца во Петровец appeared first on Република.

]]>
Кај Мавровка нападнале прилепчанка и ѝ го земале мобилниот: Уапсени двајца разбојници во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kaj-mavrovka-napadnale-prilepchanka-i-go-zemale-mobilniot-uapseni-dvajca-razbojnici-vo-skopje/ Fri, 07 Oct 2022 10:15:47 +0000 https://republika.mk/?p=558305

Полициски службеници од ЕВР Карпош и ЕВР Центар-Бит Пазар во 01:05 часот на булевар „ВМРО“ во Скопје ги лишиле од слобода С. М. (42) и В. Т. (24), двајцата од Скопје.

Тие се сомничат дека вчера околу 23:00 часот на булевар „Гоце Делчев“ физички ја нападнале А. Ц. (36) од Прилеп и со закана ѝ одзеле мобилен телефон. Кај нив бил пронајден телефонот, кој бил вратен на сопственичката - соопшти Министерството за внатрешни работи.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во консултација со Јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Кај Мавровка нападнале прилепчанка и ѝ го земале мобилниот: Уапсени двајца разбојници во Скопје appeared first on Република.

Фатени разбојниците од Грчец кои ограбија објект во Ѓорче Петров https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/fateni-razbojnicite-od-grchec-koi-ograbija-objekt-vo-gjorche-petrov/ Sun, 07 Aug 2022 11:23:02 +0000 https://republika.mk/?p=537647

Одделенијата за криминалистички работи Ѓорче Петров и Карпош при СВР Скопје расчистија три кривични дела „разбојништво“ сторени на подрачјето на Скопје.

– На 04.08.2022 од слобода беа лишени Ш.И.(31) од с.Грчец, скопско и Л.Ј.(23) од с.Крушопек, скопско, откако со закана со огнено оружје одзедоа пари и повеќе предмети од продажен објект на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје. Во службен разговор во полициска станица тие признале уште две дела кои ги сториле на 29.07 и 01.08.2022 во Скопје. На 29.07.2022 во 22.23 часот во продажен објект на ул.„Козле“ со закана кон вработените одзеле пари и предмети и на 01.08.2022 во финансиско друштво на ул.„Ѓорче Петров“ со закана одзеле пари, соопштија денеска од МВР.

По документирање на случаите, појаснуваат од МВР, Ш.И. бил пренесен во Казнено-поравната установа Затвор Прилеп за доиздржување казна затвор од околу седум години, од каде претходно бил во бегство. На лицето Л.Ј. пак, му е поднесена кривицна пријава по брза постапка, а од судија на претходна постапка му бил одреден притвор во траење од 30 дена

The post Фатени разбојниците од Грчец кои ограбија објект во Ѓорче Петров appeared first on Република.

]]>

Одделенијата за криминалистички работи Ѓорче Петров и Карпош при СВР Скопје расчистија три кривични дела „разбојништво“ сторени на подрачјето на Скопје. – На 04.08.2022 од слобода беа лишени Ш.И.(31) од с.Грчец, скопско и Л.Ј.(23) од с.Крушопек, скопско, откако со закана со огнено оружје одзедоа пари и повеќе предмети од продажен објект на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје. Во службен разговор во полициска станица тие признале уште две дела кои ги сториле на 29.07 и 01.08.2022 во Скопје. На 29.07.2022 во 22.23 часот во продажен објект на ул.„Козле“ со закана кон вработените одзеле пари и предмети и на 01.08.2022 во финансиско друштво на ул.„Ѓорче Петров“ со закана одзеле пари, соопштија денеска од МВР. По документирање на случаите, појаснуваат од МВР, Ш.И. бил пренесен во Казнено-поравната установа Затвор Прилеп за доиздржување казна затвор од околу седум години, од каде претходно бил во бегство. На лицето Л.Ј. пак, му е поднесена кривицна пријава по брза постапка, а од судија на претходна постапка му бил одреден притвор во траење од 30 дена

The post Фатени разбојниците од Грчец кои ограбија објект во Ѓорче Петров appeared first on Република.

]]>
Со автоматска пушка и црна вреќа пари фатени крадци што ограбиле продажен салон во Ѓорче https://arhiva3.republika.mk/vesti/so-avtomatska-pushka-i-crna-vrekja-pari-fateni-kradci-shto-ograbile-prodazen-salon-vo-gjorche/ Thu, 04 Aug 2022 17:20:52 +0000 https://republika.mk/?p=536844

Службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска ги лишија од слобода Ј.Л. (23) од село Крушопек и Ш.И. (31) од Скопје, кои се осомничени дека во 15.30 часот во продажен салон на подрачјето на Ѓорче Петров со закани со оружје кон вработените, одзеле пари и производи.

При обидот за бегство со патничко моторно возило „фолксваген кеди“ биле забележани од полициски службеник од Полициска станица Ѓорче Петров, кој во содејство со полициски службеници од Полициско одделение Сарај во близина на мостот „Сарај“ успеале да го запрат возилото, во кое биле пронајдени една црна вреќа со украдените пари, производи и автоматска пушка, додека двете лица се дале во бегство, информира МВР.

Малку подоцна, во близина на село Кондово осомничените биле пронајдени и приведени, а во непосредна близина биле пронајдени пиштол, пари, мобилни телефони и други предмети поврзани со кривичното дело.

Тие се сомничат дека извршиле уште две кривични дела разбојништво, кои во службен разговор ги признале. Увид ќе се врши и по документирање на случајот против двете лица ќе биде поднесена соодветна пријава, се додава во соопштението на МВР.

The post Со автоматска пушка и црна вреќа пари фатени крадци што ограбиле продажен салон во Ѓорче appeared first on Република.