разбере Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/razbere/ За подобро да се разбереме Mon, 06 Jun 2022 09:23:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png разбере Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/razbere/ 32 32 Бугарскиот вицепремиер Василев смета дека ЕУ треба да се разбере со Македонија, а не Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bugarskiot-vicepremier-vasilev-smeta-deka-eu-treba-da-se-razbere-so-makedonija-a-ne-bugarija/ Mon, 06 Jun 2022 09:23:24 +0000 https://republika.mk/?p=511662

Подметнувањето на пожарот во Бугарскиот културен центар во Битола претставува уште еден обид за разгорување на страстите, со цел да се спречи постигнување разумно решение од страна на министерствата за надворешни работи на Македонија и Бугарија, заедничката Историската комисија и сите оние кои се трудат да најдат такво решение, оцени бугарскиот вицепремиер и министер за финансии Асен Василев во изјава за софиската Нова ТВ.

Пожарот не е насочен против Бугарија или Македонија, туку е насочен против обидите да се постигне договор и тоа доаѓа по многу долго време на разговори и ветувања, за да се дојде до точка на разбирање, смета Василев, која заедно со бугарскиот премиер Кирил Петков е копретседавач на партијата Промената продолжува (ПП).

Според него, подметнувањето на пожарот нешто што нема шанси да не предизвика емоции, па оттука и да не влијае на преговорите.

Се надевам дека тоа нема да има драматичен ефект, нагласи Василев.

Тој смета дека „прашањето со Македонија не е ситуација поврзана со партијата ПП, туку со целата бугарска држава и народ, а Бугарија долго време не го поставувала тоа прашање“.

Подолго време молчевме за ова прашање со Македонија. За разлика од Грција која 20 години викаше дека имаат проблем, а ние велевме дека нема проблем и во последен момент кажавме дека сепак има проблем, рече Василев, додавајќи дека проблемот постои и дека не може „да се стави под тепих“.

Тој истакна дека пораката што Софија ја добива од европските партнери е да седне со властите во Скопје и да постигне договор за откочување на пристапниот процес на земјава во ЕУ.

Првиот чекор за да започнеме со ослободување на процесот, во основа е да ги убедиме нашите европски партнери дека не е Бугарија таа што треба да се разбере со Македонија, туку дека ЕУ треба да се разбере со Македонија. Тоа значи дека ЕУ треба барем делумно да го прифати бугарскиот став дека има проблеми со говорот на омраза, со проблемите на Бугарите во Македонија. И кога ЕУ ќе го прифати ова, проблемот ќе биде меѓу ЕУ и Македонија, а не меѓу Македонија и Бугарија. Се додека немаме поширок ангажман и прифаќање на нашиот став, нема начин Бугарија да го укине ветото, нагласи Василев.

The post Бугарскиот вицепремиер Василев смета дека ЕУ треба да се разбере со Македонија, а не Бугарија appeared first on Република.

]]>