равил маганов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ravil-maganov/ За подобро да се разбереме Thu, 01 Sep 2022 09:05:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png равил маганов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ravil-maganov/ 32 32 Директорот на „Лукоил“ пронајден мртов под прозорец на болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/direktorot-na-lukoil-pronajden-mrtov-pod-prozorec-na-bolnica/ Thu, 01 Sep 2022 09:05:22 +0000 https://republika.mk/?p=546335

Претседателот на управниот одбор на втората најголема руска нафтена компанија „Лукоил“, Равил Маганов, е пронајден мртов во двоорт на Клиничкиот центар во Москва. Како што пренесуваат руските медуими, од непознати причини, паднал од шестиот спрат на болницата во која бил хоспитализиран. Засега нема коментар од „Лукоил“, вели Ројтерс.

Маганов паднал утрово, а неговото тело било најдено подоцна од медицинскиот персонал на ЦКБ. Дел од шпекулациите се дека тој лежел во болница заради проблеми со срце, и дека станува збор за самоубиство бидејќи претходно му била дијагностицирана депресија.

Маганов работеше во Лукоил од 1993 година, кратко време по основањето на компанијата, и го надгледуваше рафинирањето, производството и истражувањето, а претседател стана во 2020 година. Неговиот брат Наил е шеф на рускиот производител на нафта од средна големина Татнефт.

Равил Маганов беше близок соработник на еден од основачите на Лукоил, Вагит Алекперов.

Алекперов, поранешен советски заменик-министер за нафта, поднесе оставка од функцијата претседател на Лукоил во април, една недела откако Британија му го замрзна имотот и му забрани да патува како дел од санкциите поради воените дејствија на Русија во Украина.

The post Директорот на „Лукоил“ пронајден мртов под прозорец на болница appeared first on Република.

]]>

Претседателот на управниот одбор на втората најголема руска нафтена компанија „Лукоил“, Равил Маганов, е пронајден мртов во двоорт на Клиничкиот центар во Москва. Како што пренесуваат руските медуими, од непознати причини, паднал од шестиот спрат на болницата во која бил хоспитализиран. Засега нема коментар од „Лукоил“, вели Ројтерс. Маганов паднал утрово, а неговото тело било најдено подоцна од медицинскиот персонал на ЦКБ. Дел од шпекулациите се дека тој лежел во болница заради проблеми со срце, и дека станува збор за самоубиство бидејќи претходно му била дијагностицирана депресија. Маганов работеше во Лукоил од 1993 година, кратко време по основањето на компанијата, и го надгледуваше рафинирањето, производството и истражувањето, а претседател стана во 2020 година. Неговиот брат Наил е шеф на рускиот производител на нафта од средна големина Татнефт. Равил Маганов беше близок соработник на еден од основачите на Лукоил, Вагит Алекперов. Алекперов, поранешен советски заменик-министер за нафта, поднесе оставка од функцијата претседател на Лукоил во април, една недела откако Британија му го замрзна имотот и му забрани да патува како дел од санкциите поради воените дејствија на Русија во Украина.

The post Директорот на „Лукоил“ пронајден мртов под прозорец на болница appeared first on Република.

]]>