Раванелиус Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ravanelius/ За подобро да се разбереме Mon, 03 Jul 2023 08:26:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Раванелиус Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ravanelius/ 32 32 Македонскиот камерен оркестар „Профундис“ ќе го затвори фестивалот на класична музика „Раванелиус“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/makedonskiot-kameren-orkestar-profundis-ke-go-zatvori-festivalot-na-klasichna-muzika-ravanelius/ Mon, 03 Jul 2023 08:23:42 +0000 https://republika.mk/?p=657610

Во сабота, 8-ми јули, македонскиот камерен оркестар Профундис ќе настапи на еден од најпрестижните фестивали за класична музика во регионот – „Раванелиус“ во Ќуприја, Србија. Ова учество е посебно и значајно, бидејќи Профундис ќе биде дел од затворањето на овој врвен музички фестивал.

Реномираниот камерен оркестар Профундис е единствениот македонски претставник на овој фестивал, а на сцената заедно со нив како солист ќе настапи извонредниот српски кларинетист Огњен Поповиќ, исто така познат како виртуоз во своето музичко творење.

Ова е само еден од настапите кои уште еднаш го потврдуваат трудот, вредната посветеност и љубов која ја посветуваме во нашето творење и навистина со голема чест ја прифативме поканата на организаторите да настапуваме на затворањето на фестивалот на музички извонредности – Раванелиус и да ја делиме сцената заедно со најпознатниот српски кларинетист Огњен Поповиќ, изјави маестра Ѓурѓица Дашиќ, уметнички раководител и диригент на „Профундис“.

Фестивалот на музички извонредности „Раванелиус“ преставува еден од најпрестижните фестивали во регионот кој преку својот современ концепт допринесува кон развој на класичната музика. Овогодинешното издание, кое се одржува од 1-8 јули, го отвори еден од најдобрите светски виолинисти Немања Радуловиќ. Во своето четиригодишно постоење, фестивалот се закити со престижното признание „Музика класика“ за најдобар регионален фестивал во регионот и беше домаќин на преку 150 изведувачи со преку 4.000 посетители.

The post Македонскиот камерен оркестар „Профундис“ ќе го затвори фестивалот на класична музика „Раванелиус“ appeared first on Република.

]]>

Во сабота, 8-ми јули, македонскиот камерен оркестар Профундис ќе настапи на еден од најпрестижните фестивали за класична музика во регионот – „Раванелиус“ во Ќуприја, Србија. Ова учество е посебно и значајно, бидејќи Профундис ќе биде дел од затворањето на овој врвен музички фестивал. Реномираниот камерен оркестар Профундис е единствениот македонски претставник на овој фестивал, а на сцената заедно со нив како солист ќе настапи извонредниот српски кларинетист Огњен Поповиќ, исто така познат како виртуоз во своето музичко творење.