Рацин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ratsin/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Nov 2024 09:40:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Рацин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ratsin/ 32 32 Промоција на книгата „Поглед отстрана. Рацин (1908 – 1943)“ од Горан Калоѓера https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-knigata-pogled-otstrana-ratsin-1908-1943-od-goran-kalogera/ Fri, 22 Nov 2024 09:40:29 +0000 https://republika.mk/?p=840713

На 25 ноември 2024 година (понеделник), со почеток во 19 часот, во изложбениот салон Империјал 2 на Културно-информативниот центар во Скопје ќе биде промовирана книгата „Поглед отстрана. Рацин (1908 – 1943)“ од Горан Калоѓера, во превод од хрватски на македонски јазик на Славчо Ковилоски, кој е и автор на предговорот, а во издание на „Македоника литера“.

За книгата ќе зборуваат проф. д-р Славчо Ковилоски и Нове Цветаноски, уредник на изданието. Датумот на промоцијата се совпаѓа со денот на излегувањето од печат на првото издание на книгата на Кочо Рацин „Бели мугри“, односно со 85-годишнината од објавата на оваа знаменита книга за современата македонска литература (на 25 ноември 1939 година, во Самобор, Хрватска).

Како што пишува авторот во воведот на книгата, Рацин е неговиот научен предизвик за кого, уште како млад научник, се обидел детално да го реконструира престојот во Хрватска и неговите дружења со истакнати антифашисти, писатели, уметници и политички другари. Во воведниот дел проф. д-р Горан Калоѓера пишува за Рацин како интелектуалец, поет, романсиер, публицист, критичар, полемичар, собирач на усно народно творештво, односно за неговата биографија, за неговото место и поврзаност со хрватската култура и со Хрватска воопшто. Главниот дел од книгата е анализа на публицистичкиот опус на Рацин, неговата проза, поезијата (песни на хрватски/српскохрватски јазик), култната книга „Бели мугри“, песните на Рацин надвор од збирки и поетски циклуси, како и збирката народни песни што ја подготвил Рацин пред неговата смрт во 1943 година. На крајот од книгата авторот дава заклучен осврт. Ова е втора книга на Калоѓера за Коста Солев Рацин, првата е напишана на почетокот на неговата научничка дејност.

„Ретко кој македонски поет привлекол толку внимание кај теоретичарите, книжевните историчари и филолозите како Рацин. Рацин беше карпа, брана, првоборец во уметничкиот израз на мајчиниот јазик, потпора и надеж за многумина, пример за идеален револуционер и на крајот жртва. Беше човек визија, предвидел многу историски настани, кои за жал се обвистинија. Тој беше најчесното и најчеститото нешто што го имаа Македонците во периодот меѓу двете војни“ – пишува Калоѓера за Рацин.

Во предговорот Славчо Ковилоски пишува:

„Делото ’Поглед отстрана. Рацин (1908 – 1943)‘ од Горан Калоѓера е силно, експресивно, набиено со емоции, но и остварување коешто дава одлична слика за времето во кое живеел Рацин, како и за неговата личност. Изнесените анализи и синтези се и тоа како добредојдени за поширо­ка­та македонска читателска јавност, а со сигурност ова важи и за хрватските читатели. Всушност, авторот гради уште еден мост на поврзување помеѓу Македонците и Хрватите, во негов препознатлив стил. Тој е директен при соопшту­вањето на своите согледби и ставови и тоа му дава посебна тежина, убавина и читливост на книгата. На крајот, Кало­ѓера завршува со констатацијата дека без разлика на временската дистанца и релативно скромниот опус на Рацин, тој и понатаму останува најпознатиот македонски писател во Хрватска. Така ќе завршиме и ние, со констата­цијата дека Калоѓера е еден од најпознатите современи македонисти, не само во Хрватска, туку и во европски рамки.“

 

Горан Калоѓера (Дубровник, 1951) е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите, надворешен член на Друштвото на писателите на Македонија и почесен доктор (doctor honoris causa) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На Универзитетот во Риека ги извршувал функциите декан на Педагошкиот и на Филозофскиот факултет и проректор за настава и меѓународна соработка. Во периодот од 1980 до 1990 година бил прв предавач на курсевите по Македонска книжевност и Македонски јазик на Педагошкиот факултет во Риека. Основач е и раководител на Лекторатот по македонски јазик на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Риека. По професија е дипломиран кроатист (јужносла­вист) и компаративист. Докторирал на тема македонско-хрватски и хрватско-македонски книжевни врски и допири на Педагошкиот факултет во Риека.

Впечатлива е стручната и академската биографија на професорот Калоѓера, кој првенствено се занимава со книжев­ното наследство, историјата на книжевноста, риеч­ката литература и секако македонската литература. Тој е меѓу најистакнатите македонисти во Хрватска и на Балканот. Објавил триесет и две книги на книжевно-историски теми, како и стотина научни и стручни трудови од областа на јужнословенската компаратистика. Од неговите македо­нистички трудови значајни се: „Јужнословенски кни­жевни проткајувања“ (1991), „Хрватско-македонски кни­жев­ни врски“ (1988), „Рацин во Хрватска“ (2000), „Компа­ра­тивни македонско-хрватски студии“ (2000), „Препозна­вања“ (2004), „Браќата Миладиновци – легенда и ствар­ност“ (2001), „Компаративни македонско-хрватски студии“ (2000), „Препознавања“ (2007), „Прилози за истражува­њето на македонската книжевна историја“ (2009), „Маке­донскиот 19 век“ (2011), „Македонско-хрватски врски“ (2006), „Македонски теми без дилеми“ (2014), „Македон­ците во Приморско-горската жупанија“ (2016), „Македон­ски пријателства“ (2019). За неговиот придонес во афирма­цијата на македонската литература, култура и јазик добил повеќе македонски награди, меѓу кои: Орден за заслуги за Македонија, Почесно Рациново признание за 2005 година, Медал Св. Климент, почесен докторат (doctor honoris causa) на Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Горан Кало­ѓера извесен период ја извршуваше функцијата почесен конзул на Република Македонија во Република Хрватска. По пензионирањето, е прогласен за професор емеритус на Универзитетот во Риека.

Калоѓера е докажан пријател на Македонија и голем поборник на научната вистина за Македонија, а како научник, славист и македонист ужива висок углед како во Хрватска, така и во Македонија.

 

The post Промоција на книгата „Поглед отстрана. Рацин (1908 – 1943)“ од Горан Калоѓера appeared first on Република.

]]>

На 25 ноември 2024 година (понеделник), со почеток во 19 часот, во изложбениот салон Империјал 2 на Културно-информативниот центар во Скопје ќе биде промовирана книгата „Поглед отстрана. Рацин (1908 – 1943)“ од Горан Калоѓера, во превод од хрватски на македонски јазик на Славчо Ковилоски, кој е и автор на предговорот, а во издание на „Македоника литера“. За книгата ќе зборуваат проф. д-р Славчо Ковилоски и Нове Цветаноски, уредник на изданието. Датумот на промоцијата се совпаѓа со денот на излегувањето од печат на првото издание на книгата на Кочо Рацин „Бели мугри“, односно со 85-годишнината од објавата на оваа знаменита книга за современата македонска литература (на 25 ноември 1939 година, во Самобор, Хрватска). Како што пишува авторот во воведот на книгата, Рацин е неговиот научен предизвик за кого, уште како млад научник, се обидел детално да го реконструира престојот во Хрватска и неговите дружења со истакнати антифашисти, писатели, уметници и политички другари. Во воведниот дел проф. д-р Горан Калоѓера пишува за Рацин како интелектуалец, поет, романсиер, публицист, критичар, полемичар, собирач на усно народно творештво, односно за неговата биографија, за неговото место и поврзаност со хрватската култура и со Хрватска воопшто. Главниот дел од книгата е анализа на публицистичкиот опус на Рацин, неговата проза, поезијата (песни на хрватски/српскохрватски јазик), култната книга „Бели мугри“, песните на Рацин надвор од збирки и поетски циклуси, како и збирката народни песни што ја подготвил Рацин пред неговата смрт во 1943 година. На крајот од книгата авторот дава заклучен осврт. Ова е втора книга на Калоѓера за Коста Солев Рацин, првата е напишана на почетокот на неговата научничка дејност. „Ретко кој македонски поет привлекол толку внимание кај теоретичарите, книжевните историчари и филолозите како Рацин. Рацин беше карпа, брана, првоборец во уметничкиот израз на мајчиниот јазик, потпора и надеж за многумина, пример за идеален револуционер и на крајот жртва. Беше човек визија, предвидел многу историски настани, кои за жал се обвистинија. Тој беше најчесното и најчеститото нешто што го имаа Македонците во периодот меѓу двете војни“ – пишува Калоѓера за Рацин. Во предговорот Славчо Ковилоски пишува: „Делото ’Поглед отстрана. Рацин (1908 – 1943)‘ од Горан Калоѓера е силно, експресивно, набиено со емоции, но и остварување коешто дава одлична слика за времето во кое живеел Рацин, како и за неговата личност. Изнесените анализи и синтези се и тоа како добредојдени за поширо­ка­та македонска читателска јавност, а со сигурност ова важи и за хрватските читатели. Всушност, авторот гради уште еден мост на поврзување помеѓу Македонците и Хрватите, во негов препознатлив стил. Тој е директен при соопшту­вањето на своите согледби и ставови и тоа му дава посебна тежина, убавина и читливост на книгата. На крајот, Кало­ѓера завршува со констатацијата дека без разлика на временската дистанца и релативно скромниот опус на Рацин, тој и понатаму останува најпознатиот македонски писател во Хрватска. Така ќе завршиме и ние, со констата­цијата дека Калоѓера е еден од најпознатите современи македонисти, не само во Хрватска, туку и во европски рамки.“   Горан Калоѓера (Дубровник, 1951) е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите, надворешен член на Друштвото на писателите на Македонија и почесен доктор (doctor honoris causa) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На Универзитетот во Риека ги извршувал функциите декан на Педагошкиот и на Филозофскиот факултет и проректор за настава и меѓународна соработка. Во периодот од 1980 до 1990 година бил прв предавач на курсевите по Македонска книжевност и Македонски јазик на Педагошкиот факултет во Риека. Основач е и раководител на Лекторатот по македонски јазик на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Риека. По професија е дипломиран кроатист (јужносла­вист) и компаративист. Докторирал на тема македонско-хрватски и хрватско-македонски книжевни врски и допири на Педагошкиот факултет во Риека. Впечатлива е стручната и академската биографија на професорот Калоѓера, кој првенствено се занимава со книжев­ното наследство, историјата на книжевноста, риеч­ката литература и секако македонската литература. Тој е меѓу најистакнатите македонисти во Хрватска и на Балканот. Објавил триесет и две книги на книжевно-историски теми, како и стотина научни и стручни трудови од областа на јужнословенската компаратистика. Од неговите македо­нистички трудови значајни се: „Јужнословенски кни­жевни проткајувања“ (1991), „Хрватско-македонски кни­жев­ни врски“ (1988), „Рацин во Хрватска“ (2000), „Компа­ра­тивни македонско-хрватски студии“ (2000), „Препозна­вања“ (2004), „Браќата Миладиновци – легенда и ствар­ност“ (2001), „Компаративни македонско-хрватски студии“ (2000), „Препознавања“ (2007), „Прилози за истражува­њето на македонската книжевна историја“ (2009), „Маке­донскиот 19 век“ (2011), „Македонско-хрватски врски“ (2006), „Македонски теми без дилеми“ (2014), „Македон­ците во Приморско-горската жупанија“ (2016), „Македон­ски пријателства“ (2019). За неговиот придонес во афирма­цијата на македонската литература, култура и јазик добил повеќе македонски награди, меѓу кои: Орден за заслуги за Македонија, Почесно Рациново признание за 2005 година, Медал Св. Климент, почесен докторат (doctor honoris causa) на Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Горан Кало­ѓера извесен период ја извршуваше функцијата почесен конзул на Република Македонија во Република Хрватска. По пензионирањето, е прогласен за професор емеритус на Универзитетот во Риека. Калоѓера е докажан пријател на Македонија и голем поборник на научната вистина за Македонија, а како научник, славист и македонист ужива висок углед како во Хрватска, така и во Македонија.  

The post Промоција на книгата „Поглед отстрана. Рацин (1908 – 1943)“ од Горан Калоѓера appeared first on Република.

]]>
Театарската претстава „Рацин“ е рефлексија за она што претставува денес Рацин https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/teatarskata-pretstava-ratsin-e-refleksija-za-ona-shto-pretstavuva-denes-ratsin/ Wed, 31 Jul 2024 12:09:08 +0000 https://republika.mk/?p=801977

Актерите  од Народниот театар Јордан Хаџи Константинов Џинот од Велес вчеравечер маестрално ја одиграа театарската премиера „Рацин“ во режија на Дејан Пројковски.

Претставата беше ново, свежо и несекојдневно доживување и третирање на Кочо Рацин како човек и уметник, но во прв план беше неговата човечка димензија преку која беа претставени и некои други факти кои на извесен начин ги заобиколила историјата.

Според  режисерот Дејан Пројковски, Рацин е веќе дел од нашата митологија, тој е дел од ДНК-та на секој од нас, а неговата емоција  во ова театарско дело е пренесена преку изразните средства на денешницата.

-Претставата за мене беше едно патување како Диоген сред бел ден со фенер во рака кога тргнал да го бара човекот.  Ние во оваа претстава тргнавме со свеќа во рака  да ги бараме рефлексиите од Рацин што се во нас, така што се обидовме да создадеме една претстава којашто всушност  нè инспирира ликот и делото на Рацин, а тоа  е преведено на еден современ сценски јазик односно на јазикот на нашето време. Претставата не си дава за задача и одговорност да го раскажува животниот пат на Рацин или да одговара на некој  историски лавиринти и контексти, туку е наша рефлексија за она што претставува денес Рацин, вели Пројковски според кого целиот процес на создавање на претставата бил интересен и возбудлив.

Директорот на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“, Сашо Димоски, кој е и драматург на претставата, вели дека самиот процес на создавање на претставата бил возбудлив зашто како што додава, се занимавале со Рацин од другата страна на стихот, од другата страна на зборот, од другата страна на она историското кое е општопознато за јавноста, и при тоа, сето тоа да се преведе на автентичен сценски јазик со помош на театарските изразни средства.

-Драматургијата во претставата е кроена според прозата или поезијата на Рацин од една страна, а од друга страна и според  оние таканаречени метатекстуални записи кои постојат  во самиот опус на Рацин. Во драматургијата се занимавав со откривање на работи за Рацин  кои досега нам ни се непознати и во оваа смисла верувам дека претставата понуди една нова вистина за сето она кое ние го знаеме за Рацин. Ние не можеме да го замислиме развојот на современата македонска поезија, проза и уметност генерално без  да зборуваме за Рацин. Во таа смисла, ова ново откривање на идентитетот на Рацин сметам дека  истовремено е и навраќање кон суштините заради кои ние денеска сме тука каде што сме, појаснува драматургот Димоски.

Пред преполното гледалиште во Центарот за култура „Григор Прличев“ , претставата изобилуваше со неверојатни визуелни и музички сензации, креации на костимографот Раде Василев и Елена Вангеловска, сценографот Валентин Светозарев, а музиката во живо беше изведена од Сашко Костов и Орхидеја Дукова.

The post Театарската претстава „Рацин“ е рефлексија за она што претставува денес Рацин appeared first on Република.

]]>

Актерите  од Народниот театар Јордан Хаџи Константинов Џинот од Велес вчеравечер маестрално ја одиграа театарската премиера „Рацин“ во режија на Дејан Пројковски. Претставата беше ново, свежо и несекојдневно доживување и третирање на Кочо Рацин како човек и уметник, но во прв план беше неговата човечка димензија преку која беа претставени и некои други факти кои на извесен начин ги заобиколила историјата. Според  режисерот Дејан Пројковски, Рацин е веќе дел од нашата митологија, тој е дел од ДНК-та на секој од нас, а неговата емоција  во ова театарско дело е пренесена преку изразните средства на денешницата. -Претставата за мене беше едно патување како Диоген сред бел ден со фенер во рака кога тргнал да го бара човекот.  Ние во оваа претстава тргнавме со свеќа во рака  да ги бараме рефлексиите од Рацин што се во нас, така што се обидовме да создадеме една претстава којашто всушност  нè инспирира ликот и делото на Рацин, а тоа  е преведено на еден современ сценски јазик односно на јазикот на нашето време. Претставата не си дава за задача и одговорност да го раскажува животниот пат на Рацин или да одговара на некој  историски лавиринти и контексти, туку е наша рефлексија за она што претставува денес Рацин, вели Пројковски според кого целиот процес на создавање на претставата бил интересен и возбудлив. Директорот на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“, Сашо Димоски, кој е и драматург на претставата, вели дека самиот процес на создавање на претставата бил возбудлив зашто како што додава, се занимавале со Рацин од другата страна на стихот, од другата страна на зборот, од другата страна на она историското кое е општопознато за јавноста, и при тоа, сето тоа да се преведе на автентичен сценски јазик со помош на театарските изразни средства. -Драматургијата во претставата е кроена според прозата или поезијата на Рацин од една страна, а од друга страна и според  оние таканаречени метатекстуални записи кои постојат  во самиот опус на Рацин. Во драматургијата се занимавав со откривање на работи за Рацин  кои досега нам ни се непознати и во оваа смисла верувам дека претставата понуди една нова вистина за сето она кое ние го знаеме за Рацин. Ние не можеме да го замислиме развојот на современата македонска поезија, проза и уметност генерално без  да зборуваме за Рацин. Во таа смисла, ова ново откривање на идентитетот на Рацин сметам дека  истовремено е и навраќање кон суштините заради кои ние денеска сме тука каде што сме, појаснува драматургот Димоски. Пред преполното гледалиште во Центарот за култура „Григор Прличев“ , претставата изобилуваше со неверојатни визуелни и музички сензации, креации на костимографот Раде Василев и Елена Вангеловска, сценографот Валентин Светозарев, а музиката во живо беше изведена од Сашко Костов и Орхидеја Дукова.

The post Театарската претстава „Рацин“ е рефлексија за она што претставува денес Рацин appeared first on Република.

]]>
Премиера на „Охридско лето“: Претставата дава многу јасна слика и за Рацин, но и за времето во кое живее https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-ohridsko-leto-pretstavata-dava-mnogu-jasna-slika-i-za-ratsin-no-i-za-vremeto-vo-koe-zhivee/ Tue, 30 Jul 2024 12:09:24 +0000 https://republika.mk/?p=801696

Актерската екипа на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес со  вечерашната премиера на театарската претстава „Рацин“ што ќе ја изведе на  „Охридско лето“ ќе го долови ликот на Коста Солев Рацин, неговите рефлексии во сите нас, но и неговата автентична емоција.

Претставата ќе се игра на сцената на Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток од 21 часот. Режисер е Дејан Пројковски, драматургијата е на Сашо Димовски,  сценографијата е дело на Валентин Светозарев, а костимографијата ја направија  Раде Василев и Елена Вангеловска.   Во претставата играат Васил Зафирчев, Исидора Јованоски, Кети Борисовска, Весна Димитровска-Бобевски, Јордан Витанов, Слободанка Чичевска, Талија Настова и Благојчо Стојанов.

Рацин е веќе дел од нашата митологија, тој е дел од ДНК-та на секој од нас. Многу се радуваме што создавајќи го тој современ јазик во една театарска лабоараторија успеавме да ја пронајдеме неговата емоција со нови изразни средства...Логички беше претставата за Рацин да ја создадеме токму во Велес, мислам дека тоа е вистинското место каде се уште улиците ги паметат неговите чекори, неговите воздишки по Раца...Тоа е градот каде просто беше неизбежно да се случи „Рацин“, местото каде случувањата ни ја враќаат вербата и љубовта во оваа наша професија, рече режисерот на театарската претстава, Дејан Пројковски на денешната прес-конференција.

Драматургот на поставката, директорот на Велешкиот театар Сашо Димоски, најавувајќи ја денешната премиера го оцени како исклучително возбудлив обидот да се сврти ракавицата, да се сврти неговиот збор , стих и неговото историско значење и преку театарски израз да се сврти нова светлина врз она што е повеќе или помалку познато за него.

Драматургијата за претставата е кроена според  прозата и поезијата на Рацин од една страна, и според метатекстуалните записи што постојат во самиот опус на Рацин. За мене најголемиот предизвик беше да се транспонира поезијата во драма, бидејќи поетскиот дискурс сам посебе  подразбира нешто сосема друго, тој не е наменет за сценска изведба... Истиот да се претвори во жива реплика, во говорна реч беше предизвикот... рече меѓу другото Димоски, кој најави дека вечерашната претстава открива и ќе понуди работи за Рацин што досега не се познати кај аудиториумот.

Актерот Васил Зафирчев од своја страна посочи дека Рацин не само што е најзначајните симболи преку кој многу други луѓе се идентификуваат со градот Велес, туку и духовна перјаница и една од највисоките национални вредности што ги има овој народ и држава...Од друга страна, како што рече, Рацин има и неверојатно универзална вредност оттаму што преку неговата социјална и љубовна поезија тој допира до многу нации, до многу народи насекаде во светот бидејќи третира теми актуелни до ден денеска.

Тој посочи дека претставата дава многу јасна слика и за Рацин, но и за времето во кое живее, кога луѓето лесно преминуваат од една на друга страна, како од пријатели, симпатизери поддржувачи стануваат негови непријатели.

Она што ние во овој проект се обидовме е да направиме своевидна демитологизација на Рацин, бидејќи неговиот лик е обвиткан со многу мистерии, со многу неразјаснети аспекти, од неговиот личен живот до неговото творештво, начинот на кој неговиот збор добива некаков јавен пласман... Се обидовме да го третираме Рацин како човек од крв и месо кој има своја земја, затоа што многу од случките врзани за животот и делото на Рацин, повеќето од нив производ на неговиот еродитен карактер, на неговата судбина, на луѓето и времето во кое живее, рече тој.

.

The post Премиера на „Охридско лето“: Претставата дава многу јасна слика и за Рацин, но и за времето во кое живее appeared first on Република.

]]>

Актерската екипа на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес со  вечерашната премиера на театарската претстава „Рацин“ што ќе ја изведе на  „Охридско лето“ ќе го долови ликот на Коста Солев Рацин, неговите рефлексии во сите нас, но и неговата автентична емоција. Претставата ќе се игра на сцената на Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток од 21 часот. Режисер е Дејан Пројковски, драматургијата е на Сашо Димовски,  сценографијата е дело на Валентин Светозарев, а костимографијата ја направија  Раде Василев и Елена Вангеловска.   Во претставата играат Васил Зафирчев, Исидора Јованоски, Кети Борисовска, Весна Димитровска-Бобевски, Јордан Витанов, Слободанка Чичевска, Талија Настова и Благојчо Стојанов.
Рацин е веќе дел од нашата митологија, тој е дел од ДНК-та на секој од нас. Многу се радуваме што создавајќи го тој современ јазик во една театарска лабоараторија успеавме да ја пронајдеме неговата емоција со нови изразни средства...Логички беше претставата за Рацин да ја создадеме токму во Велес, мислам дека тоа е вистинското место каде се уште улиците ги паметат неговите чекори, неговите воздишки по Раца...Тоа е градот каде просто беше неизбежно да се случи „Рацин“, местото каде случувањата ни ја враќаат вербата и љубовта во оваа наша професија, рече режисерот на театарската претстава, Дејан Пројковски на денешната прес-конференција.
Драматургот на поставката, директорот на Велешкиот театар Сашо Димоски, најавувајќи ја денешната премиера го оцени како исклучително возбудлив обидот да се сврти ракавицата, да се сврти неговиот збор , стих и неговото историско значење и преку театарски израз да се сврти нова светлина врз она што е повеќе или помалку познато за него.
Драматургијата за претставата е кроена според  прозата и поезијата на Рацин од една страна, и според метатекстуалните записи што постојат во самиот опус на Рацин. За мене најголемиот предизвик беше да се транспонира поезијата во драма, бидејќи поетскиот дискурс сам посебе  подразбира нешто сосема друго, тој не е наменет за сценска изведба... Истиот да се претвори во жива реплика, во говорна реч беше предизвикот... рече меѓу другото Димоски, кој најави дека вечерашната претстава открива и ќе понуди работи за Рацин што досега не се познати кај аудиториумот.
Актерот Васил Зафирчев од своја страна посочи дека Рацин не само што е најзначајните симболи преку кој многу други луѓе се идентификуваат со градот Велес, туку и духовна перјаница и една од највисоките национални вредности што ги има овој народ и држава...Од друга страна, како што рече, Рацин има и неверојатно универзална вредност оттаму што преку неговата социјална и љубовна поезија тој допира до многу нации, до многу народи насекаде во светот бидејќи третира теми актуелни до ден денеска. Тој посочи дека претставата дава многу јасна слика и за Рацин, но и за времето во кое живее, кога луѓето лесно преминуваат од една на друга страна, како од пријатели, симпатизери поддржувачи стануваат негови непријатели.
Она што ние во овој проект се обидовме е да направиме своевидна демитологизација на Рацин, бидејќи неговиот лик е обвиткан со многу мистерии, со многу неразјаснети аспекти, од неговиот личен живот до неговото творештво, начинот на кој неговиот збор добива некаков јавен пласман... Се обидовме да го третираме Рацин како човек од крв и месо кој има своја земја, затоа што многу од случките врзани за животот и делото на Рацин, повеќето од нив производ на неговиот еродитен карактер, на неговата судбина, на луѓето и времето во кое живее, рече тој.
.

The post Премиера на „Охридско лето“: Претставата дава многу јасна слика и за Рацин, но и за времето во кое живее appeared first on Република.

]]>