Ратко Ивановиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ratko-ivanovik/ За подобро да се разбереме Thu, 04 Jul 2024 14:21:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ратко Ивановиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ratko-ivanovik/ 32 32 Вака изгледа сопственикот на стрелиштето кој му давал да пука на Коста https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vaka-izgleda-sopstenikot-na-strelishteto-koj-mu-daval-da-puka-na-kosta/ Thu, 04 Jul 2024 14:11:48 +0000 https://republika.mk/?p=793463

Петмесечна казна домашен затвор му беше изречена денеска од Вишиот суд во Белград на Ратко Ивановиќ, сопственикот на стрелиште каде што научил да пука малолетникот кој го изврши масакрот во училиштето на Владислав Рибникар, јавија белградските медиуми.  Ивановиќ е прогласен за виновен за кривичното дело давање лажен исказ, објавија од тој суд. Пресудата е донесена по спогодба со Судот.

Казната ќе ја издржува во просториите каде што живее и кои не смее да ги напушти, освен во случаите пропишани со законот за извршување на кривичните санкции, без користење електронски надзор.

Јавните обвинители, обвинетиот и неговите бранители се откажаа од правото на жалба на таа одлука, и таа е конечна.

За овој случај, судењето на родителите на момчето и инструкторот на стрелиштето продолжува. За давање лажен исказ е обвинет и инструкторот на стрелиште Немања Маринковиќ.

Малолетниот К.К. на 3 мај минатата година уби девет соученици и еден училишен чувар во училиштето Владислав Рибникар во Белград. Со оглед на тоа дека во моментот на убиството имал 13 години, К.К. не може кривично да биде гонет.

The post Вака изгледа сопственикот на стрелиштето кој му давал да пука на Коста appeared first on Република.

]]>

Петмесечна казна домашен затвор му беше изречена денеска од Вишиот суд во Белград на Ратко Ивановиќ, сопственикот на стрелиште каде што научил да пука малолетникот кој го изврши масакрот во училиштето на Владислав Рибникар, јавија белградските медиуми.  Ивановиќ е прогласен за виновен за кривичното дело давање лажен исказ, објавија од тој суд. Пресудата е донесена по спогодба со Судот. Казната ќе ја издржува во просториите каде што живее и кои не смее да ги напушти, освен во случаите пропишани со законот за извршување на кривичните санкции, без користење електронски надзор. Јавните обвинители, обвинетиот и неговите бранители се откажаа од правото на жалба на таа одлука, и таа е конечна. За овој случај, судењето на родителите на момчето и инструкторот на стрелиштето продолжува. За давање лажен исказ е обвинет и инструкторот на стрелиште Немања Маринковиќ. Малолетниот К.К. на 3 мај минатата година уби девет соученици и еден училишен чувар во училиштето Владислав Рибникар во Белград. Со оглед на тоа дека во моментот на убиството имал 13 години, К.К. не може кривично да биде гонет.

The post Вака изгледа сопственикот на стрелиштето кој му давал да пука на Коста appeared first on Република.

]]>