расте Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/raste/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Sep 2023 08:31:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png расте Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/raste/ 32 32 Расте бројот на заболени со ковид-19 во Белгија, но засега нема причина за паника, сметаат лекарите https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/raste-brojot-na-zaboleni-so-kovid-19-vo-belgija-no-zasega-nema-prichina-za-panika-smetaat-lekarite/ Fri, 01 Sep 2023 08:31:33 +0000 https://republika.mk/?p=677812

Бројот на заразени со Ковид-19 во Белгија бележи раст во последниве недели, но според вирологот на белгискиот Национален здравствен институт „Сајнсано“, Стивен Ван Гухт, засега нема причина за паника.

Како што објави „Брисел Тајмс“, анализите во последните недели утврдиле зголемување на концентрацијата на вирусот во отпадните води, што се смета за релевантен показател за зголемен број инфекции меѓу граѓаните.

Зголемувањето започна на почетокот на август, иако вообичано порастот започнува во септември. Немаме добро објаснување за тоа. Ако се погледнат апсолутните вредности, бројките засега се уште ниски – особено во споредба со претходниот бран, изјави Ван Гухт за Фламанското радио, посочувајќи дека тоа не е случај само во Белгија, туку и во други земји.

Како и во претходните години, експертот предвидува пораст на бројот на инфекции во октомври и ноември.

Училиштата повторно проработуваат, а луѓето остануваат многу повеќе во затворени простории. Како што знаеме тие работи имаат влијание врз вирусот, вели Ван Гухт.

Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, во Белгија во овој период циркулираат пет до шест варијанти на Ковид-19.

Од 26 април годинава, лицата во Белгија кои се позитивни на корона вирусот повеќе не се обврзани да одат во карантин. Според Ван Гухт, карантинот како мерка веројатно нема повторно да се воведе.

Никогаш не вели никогаш, но враќањето на ригорозните мерки би ме изненадило. Треба да престанеме да размислуваме за тие термини. Тоа беше во периодот на пандемијата. Сега сме во следната фаза, изјави Ван Гухт.

Сепак, според него, препорачливо е оние лица кои ќе ги почувствуваат симптомите на Ковид-19 да останат дома.

Тоа важи за секоја болест. Се разбира, носењето маски, миењето на рацете и тестирањата треба да останат добра практика, посочува белгискиот виролог.

Кон средината на септември во Белгија ќе започне кампањата за вакцинација против Ковид-19, но според Ван Гухт, младите и здравите лица немаат потреба од ново вакцинирање, туку тоа првенствено се препорачува на луѓе постари од 65 години и на хронично болите.

Потребно е да се стекне што е можно поголем имунитет пред зимата и сезоната на респираторни вируси, заклучи Ван Гухт.

The post Расте бројот на заболени со ковид-19 во Белгија, но засега нема причина за паника, сметаат лекарите appeared first on Република.

]]>

Бројот на заразени со Ковид-19 во Белгија бележи раст во последниве недели, но според вирологот на белгискиот Национален здравствен институт „Сајнсано“, Стивен Ван Гухт, засега нема причина за паника. Како што објави „Брисел Тајмс“, анализите во последните недели утврдиле зголемување на концентрацијата на вирусот во отпадните води, што се смета за релевантен показател за зголемен број инфекции меѓу граѓаните.
Зголемувањето започна на почетокот на август, иако вообичано порастот започнува во септември. Немаме добро објаснување за тоа. Ако се погледнат апсолутните вредности, бројките засега се уште ниски – особено во споредба со претходниот бран, изјави Ван Гухт за Фламанското радио, посочувајќи дека тоа не е случај само во Белгија, туку и во други земји.
Како и во претходните години, експертот предвидува пораст на бројот на инфекции во октомври и ноември.
Училиштата повторно проработуваат, а луѓето остануваат многу повеќе во затворени простории. Како што знаеме тие работи имаат влијание врз вирусот, вели Ван Гухт.
Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, во Белгија во овој период циркулираат пет до шест варијанти на Ковид-19. Од 26 април годинава, лицата во Белгија кои се позитивни на корона вирусот повеќе не се обврзани да одат во карантин. Според Ван Гухт, карантинот како мерка веројатно нема повторно да се воведе.
Никогаш не вели никогаш, но враќањето на ригорозните мерки би ме изненадило. Треба да престанеме да размислуваме за тие термини. Тоа беше во периодот на пандемијата. Сега сме во следната фаза, изјави Ван Гухт.
Сепак, според него, препорачливо е оние лица кои ќе ги почувствуваат симптомите на Ковид-19 да останат дома.
Тоа важи за секоја болест. Се разбира, носењето маски, миењето на рацете и тестирањата треба да останат добра практика, посочува белгискиот виролог.
Кон средината на септември во Белгија ќе започне кампањата за вакцинација против Ковид-19, но според Ван Гухт, младите и здравите лица немаат потреба од ново вакцинирање, туку тоа првенствено се препорачува на луѓе постари од 65 години и на хронично болите.
Потребно е да се стекне што е можно поголем имунитет пред зимата и сезоната на респираторни вируси, заклучи Ван Гухт.

The post Расте бројот на заболени со ковид-19 во Белгија, но засега нема причина за паника, сметаат лекарите appeared first on Република.

]]>
Како побрзо да ви расте косата? https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/kako-pobrzo-da-vi-raste-kosata/ Sun, 26 Mar 2023 13:47:30 +0000 https://republika.mk/?p=623857

Постојат неколку фактори кои влијаат на растот на косата, вклучувајќи ја генетиката, стресот, лоша исхрана или хормоналните промени.

Пред да направите некаков третман или надградба, еве што можете самите да направите за да го подобрите нејзиниот квалитет.

Поретко миење ја зајакнува косата

Дамите што имаат мрсна коса, обично ја мијат секој ден. Според стручњаците тоа е грешка и тие препорачуваат поретко третирање на косата со шампон. Идеално би било да се мие двапати неделно за да може таа да закрепне помеѓу двете миења. Важно е темелно да ја измиете косата, затоа што ако скалпот не е темелно измиен, хранливите материи не стигнуваат до внатрешноста на фоликулите и косата не може да расте.

Етерични масла за побрз раст на косата

Маслата можат да ви бидат одличен сојузник во растот на косата. Истражувањата кои ја следеле важноста на маслата за побрз раст на косата откриле дека маслото од семки од тиква и маслото од рузмарин за дури 40% го зголемиле бројот на влакна кај мажите кои имале проблем со опаѓање на косата. Овие есенцијални масла можете да ги измешате со други масла кои спречуваат оштетување на косата, како што се: кокосово масло или сончогледово масло. Ќе забележите и сами колку честите масажи на главата можат да бидат пријатни и како со текот на времето косата побргу расте видно обновена.

Исхрана богата со витамини

Цинкот може да ви биде од корист. Истражувањето кое ги следело ефектите на Б-5 и биотинот покажало дека тие помогнале да се намали опаѓањето на косата, како и да се подобри и нејзиниот квалитет и јачина.

Витаминот Ц помага да се спречи оксидативниот стрес кој предизвикува опаѓање и истенчување на косата. Со адекватен внес на витамини повеќе нема да се прашувате како да го забрзате растот на косата, бидејќи набргу самите ќе забележите разлика во должината.

Јајцата се богати со протеини, минерали и Б комплекс витамини, кои се есенцијални хранливи состојки за здрава коса. Биотините и другите витамини од Б групата го зајакнуваат коренот на косата и на тој начин го спречуваат нејзиното опаѓање. Покрај тоа, тие го стимулираат растот на нова коса, ја зајакнуваат и таа добива волумен. Мастите што ги содржи јајцето ја подобруваат текстурата на косата.

The post Како побрзо да ви расте косата? appeared first on Република.

]]>

Постојат неколку фактори кои влијаат на растот на косата, вклучувајќи ја генетиката, стресот, лоша исхрана или хормоналните промени. Пред да направите некаков третман или надградба, еве што можете самите да направите за да го подобрите нејзиниот квалитет. Поретко миење ја зајакнува косата Дамите што имаат мрсна коса, обично ја мијат секој ден. Според стручњаците тоа е грешка и тие препорачуваат поретко третирање на косата со шампон. Идеално би било да се мие двапати неделно за да може таа да закрепне помеѓу двете миења. Важно е темелно да ја измиете косата, затоа што ако скалпот не е темелно измиен, хранливите материи не стигнуваат до внатрешноста на фоликулите и косата не може да расте. Етерични масла за побрз раст на косата Маслата можат да ви бидат одличен сојузник во растот на косата. Истражувањата кои ја следеле важноста на маслата за побрз раст на косата откриле дека маслото од семки од тиква и маслото од рузмарин за дури 40% го зголемиле бројот на влакна кај мажите кои имале проблем со опаѓање на косата. Овие есенцијални масла можете да ги измешате со други масла кои спречуваат оштетување на косата, како што се: кокосово масло или сончогледово масло. Ќе забележите и сами колку честите масажи на главата можат да бидат пријатни и како со текот на времето косата побргу расте видно обновена. Исхрана богата со витамини Цинкот може да ви биде од корист. Истражувањето кое ги следело ефектите на Б-5 и биотинот покажало дека тие помогнале да се намали опаѓањето на косата, како и да се подобри и нејзиниот квалитет и јачина. Витаминот Ц помага да се спречи оксидативниот стрес кој предизвикува опаѓање и истенчување на косата. Со адекватен внес на витамини повеќе нема да се прашувате како да го забрзате растот на косата, бидејќи набргу самите ќе забележите разлика во должината. Јајцата се богати со протеини, минерали и Б комплекс витамини, кои се есенцијални хранливи состојки за здрава коса. Биотините и другите витамини од Б групата го зајакнуваат коренот на косата и на тој начин го спречуваат нејзиното опаѓање. Покрај тоа, тие го стимулираат растот на нова коса, ја зајакнуваат и таа добива волумен. Мастите што ги содржи јајцето ја подобруваат текстурата на косата.

The post Како побрзо да ви расте косата? appeared first on Република.

]]>