растат Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rastat/ За подобро да се разбереме Sat, 21 Sep 2024 13:38:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png растат Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rastat/ 32 32 Платите на граѓаните растат, инфлацијата паѓа, се очекува тој тренд да продолжи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/platite-na-graganite-rastat-inflatsijata-paga-se-ochekuva-toj-trend-da-prodolzhi/ Sat, 21 Sep 2024 13:27:12 +0000 https://republika.mk/?p=818515

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Кавадарци истакна дека индикаторите во економијата во изминатите неколку месеци се позитивни, и дека очекува платите на граѓаните и натаму да растат.

Очекувам и понатаму да растат, затоа што првите индикатори во делот на екомонијата се изненадувачки позитивни. Расте БДП, се намалува инфлацијата. И тоа охрабрува. Што се однесува до платите, имаше една теза од поранешната влада на СДСМ и ДУИ, дека со нив платите растеле, а со ВМРО-ДПМНЕ платите нема да растат. Веднаш државниот завод за статистика, не само што ги демантираше, туку испорача две контра тези. Прво видовме дека платите во јули месец продолжија да растат со забрзано темпо. Разликата е што тогаш кога се ограбуваше буџетот, инфлацијата беше двоцифрена, и стигнуваше 20%, па платата која ја добиваа граѓаните беше обезвреднувана. Платата расте и сега, но инфлацијата е најниска, изјави Мицкоски.

 

The post Платите на граѓаните растат, инфлацијата паѓа, се очекува тој тренд да продолжи appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Кавадарци истакна дека индикаторите во економијата во изминатите неколку месеци се позитивни, и дека очекува платите на граѓаните и натаму да растат.
Очекувам и понатаму да растат, затоа што првите индикатори во делот на екомонијата се изненадувачки позитивни. Расте БДП, се намалува инфлацијата. И тоа охрабрува. Што се однесува до платите, имаше една теза од поранешната влада на СДСМ и ДУИ, дека со нив платите растеле, а со ВМРО-ДПМНЕ платите нема да растат. Веднаш државниот завод за статистика, не само што ги демантираше, туку испорача две контра тези. Прво видовме дека платите во јули месец продолжија да растат со забрзано темпо. Разликата е што тогаш кога се ограбуваше буџетот, инфлацијата беше двоцифрена, и стигнуваше 20%, па платата која ја добиваа граѓаните беше обезвреднувана. Платата расте и сега, но инфлацијата е најниска, изјави Мицкоски.
 

The post Платите на граѓаните растат, инфлацијата паѓа, се очекува тој тренд да продолжи appeared first on Република.

]]>
Во Македонија се потешко се живее https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vo-makedonija-se-poteshko-se-zhivee/ Tue, 14 Feb 2023 14:45:45 +0000 https://republika.mk/?p=608987

Трошоците на живот во јануари се зголемиле за 17,1 процент во однос на истиот период лани, а цените на мало се пораснале за 13,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во споредба со декември 2022 година, трошоците на живот се зголемени за 0,1 процент, а цените на мало бележат намалување од 0,4 проценти.

Пораст на трошоците на животот има кај кафето, чајот, какаото, рибата и морските плодови, свежото и разладеното овошје, жестоките пијалаци, месото, лебот и житата, прехранбените производи, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи.

Зголемување е забележано и кај собирањето смет, весниците, канцеларискиот материјал, електричната енергија, големите електрични апарати за домаќинствата, поправката на апаратите за домаќинствата, стаклените садови, кујнскиот прибор, опремата за спорт, производи за лична хигиена….

Намалување на трошоците на животот во споредба со декември има кај свежиот и разладен зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови, кај маслото и виното, како и кај воздухопловниот патнички транспорт, снабдувањето со вода, обувките, горивата, малите електрични апарати за домаќинствата.

 

The post Во Македонија се потешко се живее appeared first on Република.

]]>

Трошоците на живот во јануари се зголемиле за 17,1 процент во однос на истиот период лани, а цените на мало се пораснале за 13,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Во споредба со декември 2022 година, трошоците на живот се зголемени за 0,1 процент, а цените на мало бележат намалување од 0,4 проценти. Пораст на трошоците на животот има кај кафето, чајот, какаото, рибата и морските плодови, свежото и разладеното овошје, жестоките пијалаци, месото, лебот и житата, прехранбените производи, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи. Зголемување е забележано и кај собирањето смет, весниците, канцеларискиот материјал, електричната енергија, големите електрични апарати за домаќинствата, поправката на апаратите за домаќинствата, стаклените садови, кујнскиот прибор, опремата за спорт, производи за лична хигиена…. Намалување на трошоците на животот во споредба со декември има кај свежиот и разладен зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови, кај маслото и виното, како и кај воздухопловниот патнички транспорт, снабдувањето со вода, обувките, горивата, малите електрични апарати за домаќинствата.  

The post Во Македонија се потешко се живее appeared first on Република.

]]>
Зошто само во Европа температурите растат двојно побрзо од остатокот од светот? https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/zoshto-samo-vo-evropa-temperaturite-rastat-dvojno-pobrzo-od-ostatokot-od-svetot/ Thu, 03 Nov 2022 16:56:23 +0000 https://republika.mk/?p=569305

Температурите во Европа се зголемени повеќе од двапати од глобалниот просек во изминатите 30 години, покажа нов извештај.

Зголемувањето во просек изнесуваше 0,5 степени Целзиусови секоја деценија помеѓу 1991 и 2021 година, според годишниот извештај за состојба на климата во Европа објавен од Светската метеоролошка организација (СМО) и Коперник, програма на Европската унија за набљудување на Земјата.

– 2021 година прикажа жива слика на светот кој се загрева и не потсети дека дури и оние општества кои ги сметаме за подобро подготвени не се безбедни од сериозните влијанија на екстремните временски настани, напиша генералниот секретар на СМО, Петри Таалас во предговорот на извештајот, истакнувајќи ги рекордните поплави и шумски пожари кои го погодија континентот минатата година.

Повеќе од половина милион луѓе беа „директно погодени” од големи временски и климатски настани, главно бури или поплави. Според извештајот, предизвиканата штета е повеќе од 50 милијарди долари. Во извештајот се забележани екстремно високи температури и топлотни бранови, вклучувајќи го и европскиот топлотен рекорд од 48,8 степени Целзиусови измерени на Сицилија во август 2021 година.

Зголемувањето на температурите има значително влијание и врз европските глечери. На Алпите е регистрирана загуба од 30 метри дебелина на мразот помеѓу 1997 и 2021 година, а топењето на ледената покривка на Гренланд придонесе за глобално зголемување на нивото на морето.

Оваа година во Европа беа урнати неколку температурни рекорди, а Англија и Франција го доживеаја најсушниот јули досега. Британија ја забележа највисоката температура досега, 40 степени, а глечерите се топат со невидена брзина.

Екстремни временски настани беа забележани и во текот на зимата, при што невообичаено обилен снег ги погоди Шпанија и Норвешка, а неочекуван студен бран предизвика сериозна штета на лозјата и другите земјоделски култури во зимата 2021 година.

Во меѓувреме, светските лидери и дипломати се подготвуваат за овогодишниот самит на ОН за климатски промени, познат како ЦОП27, во египетското одморалиште Шарм ел Шеик.

Таалас ја повика Европа поактивно да се посвети на поставените цели во борбата против климатските промени и ја нагласи важноста од ограничување на „зголемувањето на глобалната температура на значително под 2 Целзиусови степени, додека продолжуваат напорите да се ограничи зголемувањето на 1,5 степени, како што е наведено во Парискиот договор”. ј

 

The post Зошто само во Европа температурите растат двојно побрзо од остатокот од светот? appeared first on Република.

]]>

Температурите во Европа се зголемени повеќе од двапати од глобалниот просек во изминатите 30 години, покажа нов извештај. Зголемувањето во просек изнесуваше 0,5 степени Целзиусови секоја деценија помеѓу 1991 и 2021 година, според годишниот извештај за состојба на климата во Европа објавен од Светската метеоролошка организација (СМО) и Коперник, програма на Европската унија за набљудување на Земјата. – 2021 година прикажа жива слика на светот кој се загрева и не потсети дека дури и оние општества кои ги сметаме за подобро подготвени не се безбедни од сериозните влијанија на екстремните временски настани, напиша генералниот секретар на СМО, Петри Таалас во предговорот на извештајот, истакнувајќи ги рекордните поплави и шумски пожари кои го погодија континентот минатата година. Повеќе од половина милион луѓе беа „директно погодени” од големи временски и климатски настани, главно бури или поплави. Според извештајот, предизвиканата штета е повеќе од 50 милијарди долари. Во извештајот се забележани екстремно високи температури и топлотни бранови, вклучувајќи го и европскиот топлотен рекорд од 48,8 степени Целзиусови измерени на Сицилија во август 2021 година. Зголемувањето на температурите има значително влијание и врз европските глечери. На Алпите е регистрирана загуба од 30 метри дебелина на мразот помеѓу 1997 и 2021 година, а топењето на ледената покривка на Гренланд придонесе за глобално зголемување на нивото на морето. Оваа година во Европа беа урнати неколку температурни рекорди, а Англија и Франција го доживеаја најсушниот јули досега. Британија ја забележа највисоката температура досега, 40 степени, а глечерите се топат со невидена брзина. Екстремни временски настани беа забележани и во текот на зимата, при што невообичаено обилен снег ги погоди Шпанија и Норвешка, а неочекуван студен бран предизвика сериозна штета на лозјата и другите земјоделски култури во зимата 2021 година. Во меѓувреме, светските лидери и дипломати се подготвуваат за овогодишниот самит на ОН за климатски промени, познат како ЦОП27, во египетското одморалиште Шарм ел Шеик. Таалас ја повика Европа поактивно да се посвети на поставените цели во борбата против климатските промени и ја нагласи важноста од ограничување на „зголемувањето на глобалната температура на значително под 2 Целзиусови степени, додека продолжуваат напорите да се ограничи зголемувањето на 1,5 степени, како што е наведено во Парискиот договор”. ј  

The post Зошто само во Европа температурите растат двојно побрзо од остатокот од светот? appeared first on Република.

]]>
Растат цените на плинот на европските берзи https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rastat-cenite-na-plinot-na-evropskite-berzi/ Wed, 23 Feb 2022 11:03:08 +0000 https://republika.mk/?p=462385

Цените на плинот во Европа за време на тргувањето денеска се искачија над 960 долари за илјада кубни метри, за првпат од 14 февруари, покажуваат податоците на лондонската берза ИЦЕ.

Цената на мартовските фјучерси во центарот ТТФ во Холандија се искачи на 960,6 долари за 1.000 кубни метри, или 82 евра за мегават-час.

Вкупното поскапување на плинот од почетокот на денот изнесува околу 2,8 отсто.

Аналитичарите потсетуваат дека вчера германскиот канцелар Олаф Шолц рече дека Берлин ја прекинува сертификацијата на гасоводот „Северен поток 2“. Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок исто така рече дека „проектот ‘Северен поток 2’ е замрзнат“.

Цените на нафтата се стабилизираа на меѓународните пазари над 97 долари, поради загриженоста за снабдувањето по признавањето од страна на Русија на двата источни украински региони контролирани од проруските сепаратисти.

The post Растат цените на плинот на европските берзи appeared first on Република.

]]>

Цените на плинот во Европа за време на тргувањето денеска се искачија над 960 долари за илјада кубни метри, за првпат од 14 февруари, покажуваат податоците на лондонската берза ИЦЕ. Цената на мартовските фјучерси во центарот ТТФ во Холандија се искачи на 960,6 долари за 1.000 кубни метри, или 82 евра за мегават-час. Вкупното поскапување на плинот од почетокот на денот изнесува околу 2,8 отсто. Аналитичарите потсетуваат дека вчера германскиот канцелар Олаф Шолц рече дека Берлин ја прекинува сертификацијата на гасоводот „Северен поток 2“. Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок исто така рече дека „проектот ‘Северен поток 2’ е замрзнат“. Цените на нафтата се стабилизираа на меѓународните пазари над 97 долари, поради загриженоста за снабдувањето по признавањето од страна на Русија на двата источни украински региони контролирани од проруските сепаратисти.

The post Растат цените на плинот на европските берзи appeared first on Република.

]]>