распуст Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/raspust/ За подобро да се разбереме Sun, 01 Sep 2024 15:02:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png распуст Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/raspust/ 32 32 Годинава нема да има пролетен распуст, се покажал како непотребен https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/godinava-nema-da-ima-proleten-raspust-se-pokazhal-kako-nepotreben/ Sun, 01 Sep 2024 15:02:19 +0000 https://republika.mk/?p=812040

Годинава основците и средношколците нема да имаат пролетен распуст, одлучи Министерството за образование и наука врз основа на спроведената анкета меѓу наставниците, родителите и учениците, кои во мнозинство се изјасниле дека ваков распуст не е потребен. Учебната година ќе трае од 2 септември до 10 јуни за сите ученици, со исклучок на учениците од завршните години во средно образование, кои ќе имаат настава до 16 мај.

- Зимскиот одмор започнува на 31 декември, а завршува на 19 јануари. Летниот пак, започнува на 11 јуни, а завршува на 31 август. Пролетен распуст, нема да има. Оваа одлука произлезе од резултатите на спроведената анкета меѓу наставниците, родителите и учениците, кои мнозинството се изјаснија дека ваков распуст не е потребен, рече на денешната прес-конференција министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Наставата започнува со физичко присуство, а онлајн настава ќе има за учениците од неколку училишта каде, како што нагласи, претходното раководство не исполнило одредени свои обврски, како на пример ненавремено завршување на реконструкција или набавка на опрема – клупи и столчиња за учениците.

https://republika.mk/vesti/makedonija/utre-uchebnitsi-ke-ima-sekade-i-za-sekogo/

Јаневска додаде дека според информициите со кои располагаат во 140 училишта ќе се одвива едносменска настава, за која како Влада се залагаат да се воведе во сите училишта во државата.

- Правиме анализа за да увидиме во кои објекти треба дополнително да се инвестира во капацитетите, за да може да се прошири едносменската настава од следните години и во други училишта, рече Јаневска.

Таа информира и дека за потребите на учениците со попреченост, ќе бидат ангажирани над 1000 образовни асистенти, а огласите за 820 се спроведени и по целосно завршување на постапката за избор, тие ќе почнат со своите активности и надлежности.

The post Годинава нема да има пролетен распуст, се покажал како непотребен appeared first on Република.

]]>

Годинава основците и средношколците нема да имаат пролетен распуст, одлучи Министерството за образование и наука врз основа на спроведената анкета меѓу наставниците, родителите и учениците, кои во мнозинство се изјасниле дека ваков распуст не е потребен. Учебната година ќе трае од 2 септември до 10 јуни за сите ученици, со исклучок на учениците од завршните години во средно образование, кои ќе имаат настава до 16 мај.
- Зимскиот одмор започнува на 31 декември, а завршува на 19 јануари. Летниот пак, започнува на 11 јуни, а завршува на 31 август. Пролетен распуст, нема да има. Оваа одлука произлезе од резултатите на спроведената анкета меѓу наставниците, родителите и учениците, кои мнозинството се изјаснија дека ваков распуст не е потребен, рече на денешната прес-конференција министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Наставата започнува со физичко присуство, а онлајн настава ќе има за учениците од неколку училишта каде, како што нагласи, претходното раководство не исполнило одредени свои обврски, како на пример ненавремено завршување на реконструкција или набавка на опрема – клупи и столчиња за учениците. https://republika.mk/vesti/makedonija/utre-uchebnitsi-ke-ima-sekade-i-za-sekogo/ Јаневска додаде дека според информициите со кои располагаат во 140 училишта ќе се одвива едносменска настава, за која како Влада се залагаат да се воведе во сите училишта во државата.
- Правиме анализа за да увидиме во кои објекти треба дополнително да се инвестира во капацитетите, за да може да се прошири едносменската настава од следните години и во други училишта, рече Јаневска.
Таа информира и дека за потребите на учениците со попреченост, ќе бидат ангажирани над 1000 образовни асистенти, а огласите за 820 се спроведени и по целосно завршување на постапката за избор, тие ќе почнат со своите активности и надлежности.

The post Годинава нема да има пролетен распуст, се покажал како непотребен appeared first on Република.

]]>
Учениците од утре на пролетен распуст https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/uchenitsite-od-utre-na-proleten-raspust/ Sun, 28 Apr 2024 07:50:03 +0000 https://republika.mk/?p=771853

Учениците од основните и средните училишта од утре, 29 април, заклучно со 6 мај 2024, ќе бидат на пролетен распуст кој е воведен во оваа учебна година. Првпат има промена и во календарот за настава, така што 2023/2024 за основците ќе заврши на 17 јуни, а за средношколците, како и во минатите години – на 10 јуни.

Училиштата нема да работат на 8 мај (среда) кога ќе се одржуваат вториот круг од Претседателските избори и Парламентарните избори 2024.

Ден претходно, вторник 7 мај, скратени часови и работно време до 11 часот ќе имаат оние училишта каде што утредента ќе се организира гласањето.

Како што информираше Министерството за образование и наука, наставата од деновите кои поради изборите се неработни ќе бидат одработени во работни денови со подолг престој на учениците во училиштата за да се реализираат дополнителни часови.

Скопските ученици треба да надоместат и за пропуштеното од наставата на 30 ноември 2023 кога во главниот град беше организиран Советот на министри на ОБСЕ.

За планирањето и организирањето на дополнителните часови, МОН ги задолжи директорите на училиштата.

-Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат директорите на училиштата и ќе се реализира со подолг престој на учениците во денови од работната недела, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците, соопшти МОН кое, по реакции во јавноста и од синдикатите, ја повлече претходната одлука пропуштеното да се надомести во саботи.

The post Учениците од утре на пролетен распуст appeared first on Република.

]]>

Учениците од основните и средните училишта од утре, 29 април, заклучно со 6 мај 2024, ќе бидат на пролетен распуст кој е воведен во оваа учебна година. Првпат има промена и во календарот за настава, така што 2023/2024 за основците ќе заврши на 17 јуни, а за средношколците, како и во минатите години – на 10 јуни. Училиштата нема да работат на 8 мај (среда) кога ќе се одржуваат вториот круг од Претседателските избори и Парламентарните избори 2024. Ден претходно, вторник 7 мај, скратени часови и работно време до 11 часот ќе имаат оние училишта каде што утредента ќе се организира гласањето. Како што информираше Министерството за образование и наука, наставата од деновите кои поради изборите се неработни ќе бидат одработени во работни денови со подолг престој на учениците во училиштата за да се реализираат дополнителни часови. Скопските ученици треба да надоместат и за пропуштеното од наставата на 30 ноември 2023 кога во главниот град беше организиран Советот на министри на ОБСЕ. За планирањето и организирањето на дополнителните часови, МОН ги задолжи директорите на училиштата. -Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат директорите на училиштата и ќе се реализира со подолг престој на учениците во денови од работната недела, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците, соопшти МОН кое, по реакции во јавноста и од синдикатите, ја повлече претходната одлука пропуштеното да се надомести во саботи.

The post Учениците од утре на пролетен распуст appeared first on Република.

]]>
Учениците утре се враќаат на настава, до крајот на учебната година ќе имаат и пролетен распуст https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/uchenitsite-utre-se-vrakaat-na-nastava-do-krajot-na-uchebnata-godina-ke-imaat-i-proleten-raspust/ Sun, 21 Jan 2024 08:45:30 +0000 https://republika.mk/?p=735083

По тринеделниот зимски распуст, основците и средношколците утре ќе се вратат во училишните клупи за да ја продолжат наставата од второто полугодие на 2023/2024 година.

Ќе имаат уште еден, пролетен одмор, од 29 април до 6 мај 2024, што е новина оваа учебна година.

Ново е и што учениците во основните училишта ќе учат до 17 јуни, за да се исполни утврдениот број работни денови (180) согласно календарот за организација на наставата.

За средношколците учебната година ќе заврши на 10-ти наместо на 17 јуни. МОН ја смени првичната одлука на барање на Средношколскиот сојуз заради подготовките за запишување во високото образование.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири појасни дека Законот за средно образование дозволува да се постапи и да им се излезе во пресрет на засегнатите затоа што нема одредена законска обврска за точен број работни денови.

За основците, Владата дополнително ќе треба да одлучи како ќе бидат надоместени двете неработни среди кога ќе се одржуваат изборите (24 април и 8 мај) и дали учебната година во основните училишта ќе заврши два дена подоцна од 17 јуни.

Ресорниот министер изјави дека јавноста ќе биде навремено известена.

-Ќе треба да се разгледа како може да се постапи за тие два дена кои се предвидени за реализација во календарот за работа на годишно ниво.

Ќе известиме навремено кога ќе има владина одлука за тоа, рече Шаќири.

Покрај пролетниот распуст за сите ученици и продолжената учебна година за основците, новина во второто полугодие ќе биде и постепената примена на нов електронски дневник (Е-дневник).

Како пилот-проект ќе се воведе во 40 основни и средни училишта во неколку општини во државава за да се отстранат евентуалните слабости пред да се употребува во сите училишта.

Изготвен е со поддршка на ЕУ преку ИПА-фондови.

Пред неколку години целосно беше повлечена хартиената форма на дневникот и воведен Е-дневник, но се појавија проблеми во функционирањето – пад на системот поради што податоците требаше да се воведуваат постепено и во периоди.

По реакции на наставниците, повторно беше воведен хартиен дневник, а воедно почна и ИПА-проект за креирање нов електронски дневник кој ќе биде пофункционален од претходниот.

За време на зимскиот распуст Владата, на предлог на МОН, усвои два предлог-закона – за средно образование и за средно стручно образование и обука, кои треба да ги заменат актуелните од 1995 и 2007 година.

Тие се проследени во Собранието и се очекува да бидат донесени од овој пратенички состав.

Министерот Шаќири ги повика парламентарците да ги изгласаат новите закони затоа што постојните, како што рече, не соодветствуваат со реалноста.

-Во интерес на унапредување на образовниот систем во државата и во интерес на граѓаните, апелирам што поскоро да бидат усвоени овие законски решенија.

Не очекувам политизација на процесот бидејќи политичките партии беа повикани, запознаени и вклучени во креирање на нивната содржина и не треба да постојат дилеми дали тие се потребни, изјави Шаќири, ден по усвојувањето на предлог-законите на владина седница.

Европската комисија во последниот извештај за напредокот на државава, објавен во ноември 2023, исто како и во извештајот од 2022 година, во областа образование нотираше дека се одложува донесувањето клучни закони во образованието.

ЕК укажа дека земјава треба особено да се фокусира на финализирање и усвојување на законите за средно образование и за стручно образование и обука, на формирање и операционализација на регионалните центри за стручно образование и обука (ВЕТ-центри) и на донесување на Законот за образование на возрасни.

The post Учениците утре се враќаат на настава, до крајот на учебната година ќе имаат и пролетен распуст appeared first on Република.

]]>

По тринеделниот зимски распуст, основците и средношколците утре ќе се вратат во училишните клупи за да ја продолжат наставата од второто полугодие на 2023/2024 година. Ќе имаат уште еден, пролетен одмор, од 29 април до 6 мај 2024, што е новина оваа учебна година. Ново е и што учениците во основните училишта ќе учат до 17 јуни, за да се исполни утврдениот број работни денови (180) согласно календарот за организација на наставата. За средношколците учебната година ќе заврши на 10-ти наместо на 17 јуни. МОН ја смени првичната одлука на барање на Средношколскиот сојуз заради подготовките за запишување во високото образование. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири појасни дека Законот за средно образование дозволува да се постапи и да им се излезе во пресрет на засегнатите затоа што нема одредена законска обврска за точен број работни денови. За основците, Владата дополнително ќе треба да одлучи како ќе бидат надоместени двете неработни среди кога ќе се одржуваат изборите (24 април и 8 мај) и дали учебната година во основните училишта ќе заврши два дена подоцна од 17 јуни. Ресорниот министер изјави дека јавноста ќе биде навремено известена. -Ќе треба да се разгледа како може да се постапи за тие два дена кои се предвидени за реализација во календарот за работа на годишно ниво. Ќе известиме навремено кога ќе има владина одлука за тоа, рече Шаќири. Покрај пролетниот распуст за сите ученици и продолжената учебна година за основците, новина во второто полугодие ќе биде и постепената примена на нов електронски дневник (Е-дневник). Како пилот-проект ќе се воведе во 40 основни и средни училишта во неколку општини во државава за да се отстранат евентуалните слабости пред да се употребува во сите училишта. Изготвен е со поддршка на ЕУ преку ИПА-фондови. Пред неколку години целосно беше повлечена хартиената форма на дневникот и воведен Е-дневник, но се појавија проблеми во функционирањето – пад на системот поради што податоците требаше да се воведуваат постепено и во периоди. По реакции на наставниците, повторно беше воведен хартиен дневник, а воедно почна и ИПА-проект за креирање нов електронски дневник кој ќе биде пофункционален од претходниот. За време на зимскиот распуст Владата, на предлог на МОН, усвои два предлог-закона – за средно образование и за средно стручно образование и обука, кои треба да ги заменат актуелните од 1995 и 2007 година. Тие се проследени во Собранието и се очекува да бидат донесени од овој пратенички состав. Министерот Шаќири ги повика парламентарците да ги изгласаат новите закони затоа што постојните, како што рече, не соодветствуваат со реалноста. -Во интерес на унапредување на образовниот систем во државата и во интерес на граѓаните, апелирам што поскоро да бидат усвоени овие законски решенија. Не очекувам политизација на процесот бидејќи политичките партии беа повикани, запознаени и вклучени во креирање на нивната содржина и не треба да постојат дилеми дали тие се потребни, изјави Шаќири, ден по усвојувањето на предлог-законите на владина седница. Европската комисија во последниот извештај за напредокот на државава, објавен во ноември 2023, исто како и во извештајот од 2022 година, во областа образование нотираше дека се одложува донесувањето клучни закони во образованието. ЕК укажа дека земјава треба особено да се фокусира на финализирање и усвојување на законите за средно образование и за стручно образование и обука, на формирање и операционализација на регионалните центри за стручно образование и обука (ВЕТ-центри) и на донесување на Законот за образование на возрасни.

The post Учениците утре се враќаат на настава, до крајот на учебната година ќе имаат и пролетен распуст appeared first on Република.

]]>
Јаневска: А ПИСА рангирањето? А смешната матура со препишувањето од телефони? А IQ второ од назад во Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-a-pisa-rangiraneto-a-smeshnata-matura-so-prepishuvaneto-od-telefoni-a-iq-vtoro-od-nazad-vo-evropa/ Thu, 18 Jan 2024 09:28:04 +0000 https://republika.mk/?p=734271

Календарот за средно образование е објавен последните денови од минатата година. Сепак почекав да видам кога Министерот ќе го објави јавно и дали ќе го користи како предизборен маркетинг. Не сум згрешила, активноста беше многу предвидлива, вели професорката Весна Јаневска.

МИНИСТЕРОТ СЕ ДОДВОРУВА, на идните гласачи.
Убаво, ги скрати работните денови на средношколците, што значи СЕ НАМАЛИ БРОЈОТ НА ЧАСОВИ, АМА НЕ СЕ НАМАЛИ МАТЕРИЈАЛОТ (наставната програма), кој што беше ПРЕДВИДЕН ЗА ПОГОЛЕМ БРОЈ ЧАСОВИ.
Така наставниците набрзина ќе испредадат, учениците набрзина “ќе го совладаат материјалот“ и на крај наставниците и ќе ги оценат учениците.
А ПИСА рангирањето? А смешната матура со препишувањето од телефони? А IQ второ од назад во Европа (види претходен пост).
Дополнително ве информирам дека основците ќе учат до 17 - ти јуни, ама овие што ќе полаат матура не мора да УЧАТ.
Еј кутра Македонијо, што те снајде.

The post Јаневска: А ПИСА рангирањето? А смешната матура со препишувањето од телефони? А IQ второ од назад во Европа appeared first on Република.

]]>

Календарот за средно образование е објавен последните денови од минатата година. Сепак почекав да видам кога Министерот ќе го објави јавно и дали ќе го користи како предизборен маркетинг. Не сум згрешила, активноста беше многу предвидлива, вели професорката Весна Јаневска.
МИНИСТЕРОТ СЕ ДОДВОРУВА, на идните гласачи. Убаво, ги скрати работните денови на средношколците, што значи СЕ НАМАЛИ БРОЈОТ НА ЧАСОВИ, АМА НЕ СЕ НАМАЛИ МАТЕРИЈАЛОТ (наставната програма), кој што беше ПРЕДВИДЕН ЗА ПОГОЛЕМ БРОЈ ЧАСОВИ. Така наставниците набрзина ќе испредадат, учениците набрзина “ќе го совладаат материјалот“ и на крај наставниците и ќе ги оценат учениците. А ПИСА рангирањето? А смешната матура со препишувањето од телефони? А IQ второ од назад во Европа (види претходен пост). Дополнително ве информирам дека основците ќе учат до 17 - ти јуни, ама овие што ќе полаат матура не мора да УЧАТ. Еј кутра Македонијо, што те снајде.

The post Јаневска: А ПИСА рангирањето? А смешната матура со препишувањето од телефони? А IQ второ од назад во Европа appeared first on Република.

]]>
Од денеска и основците на распуст https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-deneska-i-osnovtsite-na-raspust/ Wed, 14 Jun 2023 07:49:15 +0000 https://republika.mk/?p=651106

Од денеска (14 јуни) започнува распустот и за основците во учебната 2022-2023 година, која ја обележаа недостигот на учебници за дел од учениците и губењето часови поради дојавите за поставени бомби во училиштата.

Основците доучуваа бидејќи второто полугодие стартуваше неколку дена подоцна, откако зимскиот распуст беше продолжен со владина одлука.

The post Од денеска и основците на распуст appeared first on Република.

]]>

Од денеска (14 јуни) започнува распустот и за основците во учебната 2022-2023 година, која ја обележаа недостигот на учебници за дел од учениците и губењето часови поради дојавите за поставени бомби во училиштата. Основците доучуваа бидејќи второто полугодие стартуваше неколку дена подоцна, откако зимскиот распуст беше продолжен со владина одлука.

The post Од денеска и основците на распуст appeared first on Република.

]]>
Поднесено барање: Зимскиот распуст да трае два месеци, а летниот само еден месец поради скапата струја https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/podneseno-baranje-zimskiot-raspust-da-trae-dva-meseci-a-letniot-samo-eden-mesec-poradi-skapata-struja/ Thu, 22 Sep 2022 08:51:28 +0000 https://republika.mk/?p=553091

Градоначалниците од Полошкиот регион побараа од Министерството за образование и наука да има поголем распуст или онлајн настава за учениците со цел училиштата да немаат високи трошоци за затоплување на училниците и просториите. За ова се разговараше на седницата на Советот за развој на Полошкиот плански регион, а идејата доаѓа од градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари, кој пред неколку недели ја спомена можноста во изјава за медиумите.

Бидејќи сметките за електрична енергија се повисоки од минатата година одлучивме како идеја да дадеме зимскиот распуст за децата да трае два месеци – декември и јануари или јануари и февруари, така децата потоа преку лето да имаат пократок распуст и учебната година да трае до 30 јуни и потоа да почнат на 15 август со новата учебна година. Или евентуално трите месеци декември, јануари и февруари да бидат онлајн. Ние сме горе-долу дигитализирани, имаме добри искуства во време на пандемијата и зошто сега повторно, во насока на заштеда на електирчна енергија, да не се одржи онлајн настава. Ќе треба поддршка од Министерството и ЗЕЛС, а нас не поддржуваат и други градоначалници - изјави Таравари

The post Поднесено барање: Зимскиот распуст да трае два месеци, а летниот само еден месец поради скапата струја appeared first on Република.

Таравари: Распустот да биде во јануари-февруари или декември-јануари, а учебната година да продолжи до 30 јуни и да почне на 15 август https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/taravari-raspustot-da-bide-vo-januari-fevruari-ili-dekemvri-januari-a-uchebnata-godina-da-prodolzi-do-30-juni-i-da-pochne-na-15-avgust/ Tue, 20 Sep 2022 17:46:07 +0000 https://republika.mk/?p=552691

Поради енергетската криза, градоначалниците од Полошкиот регион бараат зимскиот распуст да трае два месеци или евентуално да има онлајн настава.

Целта, според изјавата на градоначалникот на Гостивар, е да се заштеди во време на криза кога сметките за струја се неколкупати повисоки.

Идејата е со оглед на тоа што сметките за енергија годинава се три до четири пати повисоки од лани, месеците кога е најстудено, јануари и декември, годишниот распуст да трае два месеци или да се разгледа опцијата за дигитални алатки, со цел да заштедиме енергија. Или распустот да биде во јануари-февруари или декември – јануари, а учебната година да продолжи до 30 јуни и да почне на 15 август“, изјави Таравари, пренесе Алсат ТВ.

Ова барање од Советот на Полошкиот регион, во кој спаѓаат девет општини, го упатуваат во Министерството за образование и наука (МОН) и Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС).

The post Таравари: Распустот да биде во јануари-февруари или декември-јануари, а учебната година да продолжи до 30 јуни и да почне на 15 август appeared first on Република.

]]>

Поради енергетската криза, градоначалниците од Полошкиот регион бараат зимскиот распуст да трае два месеци или евентуално да има онлајн настава. Целта, според изјавата на градоначалникот на Гостивар, е да се заштеди во време на криза кога сметките за струја се неколкупати повисоки.
Идејата е со оглед на тоа што сметките за енергија годинава се три до четири пати повисоки од лани, месеците кога е најстудено, јануари и декември, годишниот распуст да трае два месеци или да се разгледа опцијата за дигитални алатки, со цел да заштедиме енергија. Или распустот да биде во јануари-февруари или декември – јануари, а учебната година да продолжи до 30 јуни и да почне на 15 август“, изјави Таравари, пренесе Алсат ТВ.
Ова барање од Советот на Полошкиот регион, во кој спаѓаат девет општини, го упатуваат во Министерството за образование и наука (МОН) и Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС).  

The post Таравари: Распустот да биде во јануари-февруари или декември-јануари, а учебната година да продолжи до 30 јуни и да почне на 15 август appeared first on Република.

]]>
Српските ученици повторно на распуст https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srpskite-uchenici-povtorno-na-raspust/ Fri, 04 Feb 2022 11:01:09 +0000 https://republika.mk/?p=454052

Српските ученици од 12 до 21 февруари повторно ќе бидат а распуст, одлучија образовните власти, јавуваат српските медиуми.

Министерот за образовиание Бранко Ружиќ, донел одлука за измена на календарот на образовно-воспитна работа за основните и средните училишта.

Врз основа на тоа неработни денови за учениците ќе бидат 17 и 18февруари,а со оглед на тоа што 15 и 16 се државен празник и се неработни, учениците ќе останат дома девет дена од 12 до 21 февруари.

По бројни консултации и по согледување на целокупната ситуација и предвидувања дека пикот на овој бра на вирусот се очекува кон средината на месецот донесов одлука за продолжување на распустот. Учениците со спојување на викнедот, државниот празник и дополнителни два дена ќе имаат вкупно девет слободни дена. Првиот работен ден ќе биде понеделник, 21 февруари, рече министерот.

Министерот вели дека како и претходно, училиштата се безбедни поради примената на епидемиолошките мерки, а бројот на заразени ученици и наставници може да се толерира.

Апелираше до учениците и до вработените во образовниот систем, во рекот на распустот да бидат одговорни кон себеси и своите најблиски и да ги почитуваат пропишаните правила за да не дојде до нови зарази.

Поради тродневното продолжување на есенскиот распуст во првото полугодие, како и поради овие два дена, школската година ќе биде продолжена, па место на 21 јуни, ќње заврши на 24 јуни.

До распустот учениците продолжуваат да учат комбинирано, односно од прво до четврто посетуваат настава во училиште, а постарите основци и средношколците се менуваат во училиште и онлајн.

Според податоците од Институт за јавно здравје во неделата од 27 јануари до 2 февруари бројот на заболени деца со Ковид-19 од 6 до 18 години изнесува 4.935.

The post Српските ученици повторно на распуст appeared first on Република.

]]>

Српските ученици од 12 до 21 февруари повторно ќе бидат а распуст, одлучија образовните власти, јавуваат српските медиуми. Министерот за образовиание Бранко Ружиќ, донел одлука за измена на календарот на образовно-воспитна работа за основните и средните училишта. Врз основа на тоа неработни денови за учениците ќе бидат 17 и 18февруари,а со оглед на тоа што 15 и 16 се државен празник и се неработни, учениците ќе останат дома девет дена од 12 до 21 февруари.
По бројни консултации и по согледување на целокупната ситуација и предвидувања дека пикот на овој бра на вирусот се очекува кон средината на месецот донесов одлука за продолжување на распустот. Учениците со спојување на викнедот, државниот празник и дополнителни два дена ќе имаат вкупно девет слободни дена. Првиот работен ден ќе биде понеделник, 21 февруари, рече министерот.
Министерот вели дека како и претходно, училиштата се безбедни поради примената на епидемиолошките мерки, а бројот на заразени ученици и наставници може да се толерира. Апелираше до учениците и до вработените во образовниот систем, во рекот на распустот да бидат одговорни кон себеси и своите најблиски и да ги почитуваат пропишаните правила за да не дојде до нови зарази. Поради тродневното продолжување на есенскиот распуст во првото полугодие, како и поради овие два дена, школската година ќе биде продолжена, па место на 21 јуни, ќње заврши на 24 јуни. До распустот учениците продолжуваат да учат комбинирано, односно од прво до четврто посетуваат настава во училиште, а постарите основци и средношколците се менуваат во училиште и онлајн. Според податоците од Институт за јавно здравје во неделата од 27 јануари до 2 февруари бројот на заболени деца со Ковид-19 од 6 до 18 години изнесува 4.935.

The post Српските ученици повторно на распуст appeared first on Република.

]]>
Учениците во Србија ќе имаат уште една недела одмор во февруари поради голем број заразени со ковид https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/uchenicite-vo-srbija-kje-imaat-ushte-edna-nedela-odmor-vo-fevruari-poradi-golem-broj-zarazeni-so-kovid/ Thu, 03 Feb 2022 09:35:55 +0000 https://republika.mk/?p=453427

Учениците во основните и средните училишта во Србија веројатно ќе имаат уште една недела одмор во февруари. Ова поради зголемениот број заразени со ковид во Србија.

Поради Денот на државноста, учениците веќе имаат два неработни дена 15 и 16 февруари. Бидејќи тоа се вторник и среда, во училишниот календар претходно беше планирано да се додаде и понеделник, 14 февруари, а сега, веројатно, распустот ќе биде продолжен за четврток и петок.

Според тој план, учениците ќе бидат слободни од сабота, 12 февруари, а во клупите ќе се вратат во понеделник на 21 февруари.

Така, со два викенда ќе добијат девет слободни дена, што според дел од училиштата ќе биде од помош за решавање на епидемиолошката состојба.

Ваквата одлуката училишниот тим ќе ја донесе денеска, а ќе биде објавена утре.

Учениците ќе продолжат да ја следат наставата по комбиниран модел, а можно е само во некои локални области каде што се шири инфекцијата, децата да се префрлат на онлајн системот.

The post Учениците во Србија ќе имаат уште една недела одмор во февруари поради голем број заразени со ковид appeared first on Република.

]]>

Учениците во основните и средните училишта во Србија веројатно ќе имаат уште една недела одмор во февруари. Ова поради зголемениот број заразени со ковид во Србија. Поради Денот на државноста, учениците веќе имаат два неработни дена 15 и 16 февруари. Бидејќи тоа се вторник и среда, во училишниот календар претходно беше планирано да се додаде и понеделник, 14 февруари, а сега, веројатно, распустот ќе биде продолжен за четврток и петок. Според тој план, учениците ќе бидат слободни од сабота, 12 февруари, а во клупите ќе се вратат во понеделник на 21 февруари. Така, со два викенда ќе добијат девет слободни дена, што според дел од училиштата ќе биде од помош за решавање на епидемиолошката состојба. Ваквата одлуката училишниот тим ќе ја донесе денеска, а ќе биде објавена утре. Учениците ќе продолжат да ја следат наставата по комбиниран модел, а можно е само во некои локални области каде што се шири инфекцијата, децата да се префрлат на онлајн системот.

The post Учениците во Србија ќе имаат уште една недела одмор во февруари поради голем број заразени со ковид appeared first on Република.

]]>
Пановски: Распустот да се продолжи за две недели или 10 дена, или наставата да се одвива онлајн https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/panovski-raspustot-da-se-prodolzi-za-dve-nedeli-ili-10-dena-ili-nastavata-da-se-odviva-onlajn/ Mon, 31 Jan 2022 11:40:20 +0000 https://republika.mk/?p=451930

По самостојниот синдикат за образование, наука и култура со барање за онлајн настава излезе и првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, како и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку и микробиологот Никола Пановски во утринската програма на Канал 5 телевизија,  предлага распустот да се продолжи за две недели или 10- на дена, или наставата да се одвива онлајн, додека не падне кривата со новозаразени лица.

The post Пановски: Распустот да се продолжи за две недели или 10 дена, или наставата да се одвива онлајн appeared first on Република.

]]>

По самостојниот синдикат за образование, наука и култура со барање за онлајн настава излезе и првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, како и опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Инаку и микробиологот Никола Пановски во утринската програма на Канал 5 телевизија,  предлага распустот да се продолжи за две недели или 10- на дена, или наставата да се одвива онлајн, додека не падне кривата со новозаразени лица.    

The post Пановски: Распустот да се продолжи за две недели или 10 дена, или наставата да се одвива онлајн appeared first on Република.

]]>
Весна Јаневска: Владата да ја преиспита одлуката за физичко присуство, бараме две недели онлајн настава за учениците од 4 до 9 одделение https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vesna-janevska-vladata-da-ja-preispita-odlukata-za-fizichko-prisustvo-barame-dve-nedeli-onlajn-nastava-za-uchenicite-od-4-do-9-oddelenie/ Thu, 27 Jan 2022 16:39:44 +0000 https://republika.mk/?p=450401

Со оглед на одлуката дека учениците од 1 Февруари ќе тргнат на училиште со физичко присуств, бараме Владата, Комисијата за заразни болести, а и Министерот за образование и наука да ја преиспитаат одлуката, објави на својот фејсбук профил професорката Весна Јаневска.

Бројките на заразени со Ковид-19 вирусот се високи, а високи се и потребите од болничко лекување. Медиумите соопштија дека ќе треба повторно отворање на Ковид центрите (според изјавите на стручњаците), а се објави и дека детските оддели се преполни и Систина планира отворање на детски Ковид центар.

Предлагаме: 2 недели онлајн настава на учениците од 4-9 тто одделение со активно следење на епидемиолошката ситуација и настава со физичко присуство на учениците од 1-3 тто одделение со следење на епидемиолошката состојба во Македонија и училиштата. За најмладите ученици предлагаме физичко присуство, за да се избегнат дополнителни мерки, кои се неопходни за чување на децата (ослободување на родител од работни обврски), а кои влијаат на економијата на државата.

The post Весна Јаневска: Владата да ја преиспита одлуката за физичко присуство, бараме две недели онлајн настава за учениците од 4 до 9 одделение appeared first on Република.

]]>

Со оглед на одлуката дека учениците од 1 Февруари ќе тргнат на училиште со физичко присуств, бараме Владата, Комисијата за заразни болести, а и Министерот за образование и наука да ја преиспитаат одлуката, објави на својот фејсбук профил професорката Весна Јаневска.
Бројките на заразени со Ковид-19 вирусот се високи, а високи се и потребите од болничко лекување. Медиумите соопштија дека ќе треба повторно отворање на Ковид центрите (според изјавите на стручњаците), а се објави и дека детските оддели се преполни и Систина планира отворање на детски Ковид центар. Предлагаме: 2 недели онлајн настава на учениците од 4-9 тто одделение со активно следење на епидемиолошката ситуација и настава со физичко присуство на учениците од 1-3 тто одделение со следење на епидемиолошката состојба во Македонија и училиштата. За најмладите ученици предлагаме физичко присуство, за да се избегнат дополнителни мерки, кои се неопходни за чување на децата (ослободување на родител од работни обврски), а кои влијаат на економијата на државата.

The post Весна Јаневска: Владата да ја преиспита одлуката за физичко присуство, бараме две недели онлајн настава за учениците од 4 до 9 одделение appeared first on Република.

]]>
Јаневска со критика на одлуката да не се продолжи распустот:Можеби корона децата нема да добијат, а за воспаление на белите дробови што мислат? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-so-kritika-na-odlukata-da-ne-se-prodolzi-raspustot-mozebi-korona-decata-nema-da-dobijat-a-za-vospalenie-na-belite-drobovi-shto-mislat/ Mon, 17 Jan 2022 17:20:34 +0000 https://republika.mk/?p=445998

Штотуку разбрав дека Комисијата за заразни болести предлага да нема продолжување на распустот за учениците.
Како главен аргумент се посочува дека децата повеќе фаќале корона дома отколку на училиште. Како комисијата ова го заклучила не знам, дали и е цел што побрзо да стекнеме имунитет на орда со омикрон сојот по секоја цена, исто не знам, но само ќе ги прашам:
1. ЌЕ ИМА ЛИ ОБЕЗБЕДЕНО ГРЕЕЊЕ ВО УЧИЛИШТАТА?
2. Влегле ли во училиште во понеделник?
3. Со отворени прозорци ли треба да се држи час, или ги смениле протоколите?
4. Да не треба да се консултираат со некого во врска со енергетската криза?
Можеби Корона децата нема да добијат, а за воспаление на белите дробови што мислат?
#ПочетокотНеВетува
#ПродолжуваатПоСтаро, напиша на Фејсбук, професор доктор Весна Јаневска.

The post Јаневска со критика на одлуката да не се продолжи распустот:Можеби корона децата нема да добијат, а за воспаление на белите дробови што мислат? appeared first on Република.

]]>

Штотуку разбрав дека Комисијата за заразни болести предлага да нема продолжување на распустот за учениците. Како главен аргумент се посочува дека децата повеќе фаќале корона дома отколку на училиште. Како комисијата ова го заклучила не знам, дали и е цел што побрзо да стекнеме имунитет на орда со омикрон сојот по секоја цена, исто не знам, но само ќе ги прашам: 1. ЌЕ ИМА ЛИ ОБЕЗБЕДЕНО ГРЕЕЊЕ ВО УЧИЛИШТАТА? 2. Влегле ли во училиште во понеделник? 3. Со отворени прозорци ли треба да се држи час, или ги смениле протоколите? 4. Да не треба да се консултираат со некого во врска со енергетската криза? Можеби Корона децата нема да добијат, а за воспаление на белите дробови што мислат? #ПочетокотНеВетува #ПродолжуваатПоСтаро, напиша на Фејсбук, професор доктор Весна Јаневска.

The post Јаневска со критика на одлуката да не се продолжи распустот:Можеби корона децата нема да добијат, а за воспаление на белите дробови што мислат? appeared first on Република.

]]>
ВМРО ДПМНЕ со барање: Продолжување на зимскиот распуст за 2 недели https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-so-baranje-prodolzuvanje-na-zimskiot-raspust-za-2-nedeli/ Mon, 17 Jan 2022 15:14:02 +0000 https://republika.mk/?p=445976

Почитувани ученици, наставници и родители,

Бидејќи од синоќа Македонија веќе има Влада, а денес е работен ден, ние продолжуваме со постојан мониторинг, критики и предлози како и досега, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Во првиот работен ден очекувано е Владата покрај другото да помисли и на образованието.
Бројките на заболени од коронавирусот не опаѓаат, а меѓу заболените се наоѓаат и многу деца, односно ученици.

Со цел заштита на здравствениот систем од преоптоварување и непречено, континуирано одвивање на образовниот процес со максимално присуство и на ученици и на наставници во училиштата на новата Влада ѝ предлагаме:

Продолжување на зимскиот распуст за две недели!

Дотогаш очекуваме бројката на заболени да се намалува, а учениците и родителите психички неоптоварени да се посветат на знаењето, велат од ВМРО ДПМНЕ.

The post ВМРО ДПМНЕ со барање: Продолжување на зимскиот распуст за 2 недели appeared first on Република.

]]>

Почитувани ученици, наставници и родители, Бидејќи од синоќа Македонија веќе има Влада, а денес е работен ден, ние продолжуваме со постојан мониторинг, критики и предлози како и досега, велат од ВМРО ДПМНЕ. Во првиот работен ден очекувано е Владата покрај другото да помисли и на образованието. Бројките на заболени од коронавирусот не опаѓаат, а меѓу заболените се наоѓаат и многу деца, односно ученици. Со цел заштита на здравствениот систем од преоптоварување и непречено, континуирано одвивање на образовниот процес со максимално присуство и на ученици и на наставници во училиштата на новата Влада ѝ предлагаме: Продолжување на зимскиот распуст за две недели! Дотогаш очекуваме бројката на заболени да се намалува, а учениците и родителите психички неоптоварени да се посветат на знаењето, велат од ВМРО ДПМНЕ.

The post ВМРО ДПМНЕ со барање: Продолжување на зимскиот распуст за 2 недели appeared first on Република.

]]>
Продолжување на зимскиот распуст за две недели, бара ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prodolzuvanje-na-zimskiot-raspust-za-dve-nedeli-bara-vmro-dpmne/ Mon, 17 Jan 2022 15:00:15 +0000 https://republika.mk/?p=445968

„Бидејќи од синоќа Македонија веќе има Влада, а денес е работен ден, ние продолжуваме со постојан мониторинг, критики и предлози како и досега“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Во првиот работен ден очекувано е Владата покрај другото да помисли и на образованието.
Бројките на заболени од коронавирусот не опаѓаат, а меѓу заболените се наоѓаат и многу деца, односно ученици.

Со цел заштита на здравствениот систем од преоптоварување и непречено, континуирано одвивање на образовниот процес со максимално присуство и на ученици и на наставници во училиштата на новата Влада ѝ предлагаме:

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ЗИМСКИОТ РАСПУСТ ЗА 2 (ДВЕ) НЕДЕЛИ!

Дотогаш очекуваме бројката на заболени да се намалува, а учениците и родителите психички неоптоварени да се посветат на знаењето“, додаваат тие.

The post Продолжување на зимскиот распуст за две недели, бара ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

„Бидејќи од синоќа Македонија веќе има Влада, а денес е работен ден, ние продолжуваме со постојан мониторинг, критики и предлози како и досега“, вели ВМРО-ДПМНЕ.
Во првиот работен ден очекувано е Владата покрај другото да помисли и на образованието. Бројките на заболени од коронавирусот не опаѓаат, а меѓу заболените се наоѓаат и многу деца, односно ученици. Со цел заштита на здравствениот систем од преоптоварување и непречено, континуирано одвивање на образовниот процес со максимално присуство и на ученици и на наставници во училиштата на новата Влада ѝ предлагаме: ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ЗИМСКИОТ РАСПУСТ ЗА 2 (ДВЕ) НЕДЕЛИ! Дотогаш очекуваме бројката на заболени да се намалува, а учениците и родителите психички неоптоварени да се посветат на знаењето“, додаваат тие.

The post Продолжување на зимскиот распуст за две недели, бара ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
Учениците се враќаат во училишните клупи, нема продолжување на зимскиот распуст https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/uchenicite-se-vrakjaat-vo-uchilishnite-klupi-nema-prodolzuvanje-na-zimskiot-raspust/ Mon, 17 Jan 2022 13:14:13 +0000 https://republika.mk/?p=445869

Комисијата за заразни болести не предложи одложување на стартот на второто полугодие, дознава и пренесува ТВ21 неофицијално.

За оваа тема ќе се дискутира и на владината седница која е закажана за во 14 часот, по што ќе има конечна одлука.

Инаку, вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 244.632, бројот на оздравени пациенти е 220.400, на починати е 8.100, а бројот на активни случаи изнесува 16.132.

The post Учениците се враќаат во училишните клупи, нема продолжување на зимскиот распуст appeared first on Република.

]]>

Комисијата за заразни болести не предложи одложување на стартот на второто полугодие, дознава и пренесува ТВ21 неофицијално. За оваа тема ќе се дискутира и на владината седница која е закажана за во 14 часот, по што ќе има конечна одлука. Инаку, вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 244.632, бројот на оздравени пациенти е 220.400, на починати е 8.100, а бројот на активни случаи изнесува 16.132.

The post Учениците се враќаат во училишните клупи, нема продолжување на зимскиот распуст appeared first on Република.

]]>
Јакимовски бара распустот да трае до 10 февруари, поради омикрон и ладните радијатори https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/jakimovski-bara-raspustot-da-trae-do-10-fevruari-poradi-omikron-i-ladnite-radijatori/ Fri, 14 Jan 2022 14:24:11 +0000 https://republika.mk/?p=444642

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски апелира да се продолжи зимскиот распуст на учениците до 10 февруари, не само поради ширењето на омикронот, туку и поради затоплувањето во училиштата.

Апелирам до надлежните да ги земат во предвид препораките на дел од лекарите и да го продолжат зимскиот распуст до 10 февруари. Со тоа од една страна ќе заштедиме на сметките за греење, а од друга страна ако ги слушаме лекарите, продолжувањето на распустот би значело и значително намалување на бројот на заразени од ковид, вели Јакимовски.

Тој стравува дека осум училишта во Карпош ќе останат со ладни радијатори.

Од десет училишта во Карпош, осум се приклучени на мрежата на БЕГ, училиштето Аврам Писевски се затоплува на нафта, а Вера Циривири -Трена користи обновливи изври на затоплување. Ако се случи да запре испораката на топлина осумте училишта кои се на мрежата на Балкан Енерџи Груп ќе останат незатоплени, додава градоначалникот Јакимовски.

The post Јакимовски бара распустот да трае до 10 февруари, поради омикрон и ладните радијатори appeared first on Република.