распуштање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/raspushtanje/ За подобро да се разбереме Wed, 15 Jun 2022 10:57:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png распуштање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/raspushtanje/ 32 32 Хоџа: Почитувани се сите законски рокови за распуштање на Советот на Општина Тетово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/hodza-pochituvani-se-site-zakonski-rokovi-za-raspushtanje-na-sovetot-na-opshtina-tetovo/ Wed, 15 Jun 2022 10:57:09 +0000 https://republika.mk/?p=515482

Сите законски рокови за распуштање на Советот на Општина Тетово се почитувани. По донесувањето на вчерашната владина одлука за распуштање на Советот на Општина Тетово, натамошната процедура продолжува во Собранието на Република Македонија, по што ќе бидат распишани вонредни избори за избор на нов Совет, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на Владата Муамет Хоџа, одговарајќи на новинарско прашање зошто Владата доцни еден месец, согласно роковите, со распуштање на советот на тетовската локална самоуправа.

Согласно законските одредби, ќе бидат организирани предвремени избори за Советот на Општина Тетово - соопшти Хоџа.

Владата на вчерашната седница донесе решение за распуштање на Советот на Општина Тетово.

Од Владата вчера посочија дека причината за распуштање на Советот на Општина Тетово е исполнување на еден од условите во член 75 од Законот за локална самоуправа, според кој општинските совети ќе бидат распуштени, ако не ја донесат завршната сметка на Буџетот до 31 март, како што е предвидено со законската одредба.

За ова решение, согласно законот, Владата ќе го извести Собранието на Република  Македонија по што ќе следува спроведување на постапката за организирање вонредни избори за Советот на Општина Тетово согласно законските одредби, соопштија од Владата

The post Хоџа: Почитувани се сите законски рокови за распуштање на Советот на Општина Тетово appeared first on Република.

]]>

Сите законски рокови за распуштање на Советот на Општина Тетово се почитувани. По донесувањето на вчерашната владина одлука за распуштање на Советот на Општина Тетово, натамошната процедура продолжува во Собранието на Република Македонија, по што ќе бидат распишани вонредни избори за избор на нов Совет, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на Владата Муамет Хоџа, одговарајќи на новинарско прашање зошто Владата доцни еден месец, согласно роковите, со распуштање на советот на тетовската локална самоуправа.
Согласно законските одредби, ќе бидат организирани предвремени избори за Советот на Општина Тетово - соопшти Хоџа.
Владата на вчерашната седница донесе решение за распуштање на Советот на Општина Тетово. Од Владата вчера посочија дека причината за распуштање на Советот на Општина Тетово е исполнување на еден од условите во член 75 од Законот за локална самоуправа, според кој општинските совети ќе бидат распуштени, ако не ја донесат завршната сметка на Буџетот до 31 март, како што е предвидено со законската одредба. За ова решение, согласно законот, Владата ќе го извести Собранието на Република  Македонија по што ќе следува спроведување на постапката за организирање вонредни избори за Советот на Општина Тетово согласно законските одредби, соопштија од Владата

The post Хоџа: Почитувани се сите законски рокови за распуштање на Советот на Општина Тетово appeared first on Република.

]]>