распуштање на Собрание Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/raspushtanje-na-sobranie/ За подобро да се разбереме Thu, 17 Aug 2023 09:48:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png распуштање на Собрание Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/raspushtanje-na-sobranie/ 32 32 ДС: Најиздржана одлука е распуштање на Парламентот одма https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ds-najizdrzhana-odluka-e-raspushtane-na-parlamentot-odma/ Thu, 17 Aug 2023 09:48:45 +0000 https://republika.mk/?p=672943

Демократскиот сојуз предлага на утрешната седница пратениците да донесат одлука за распуштање на Собранието, со што ќе се создадат уставни можности во рок од 60 дена да се одржат вонредни парламентарни избори.

Сосема е извесно дека нема граѓански и политички консензус за промена на Уставот со која Бугарите ќе станат конститутивен народ во Македонија. Без реципроцитет за признавање на правата на Македонците во Бугарија, како и без поддршка на Преговарачката рамка од која ќе бидат отстранети билатералните прашања (историски, образовни, јазични итн.) наметнати oд Бугарија и надвор од Копенхашките критериуми, нема и нема да има промена на Уставот, велат од партијата на Павле Трајанов.

Според ДС, доколку пратениците водат сметка за автентичните национални и државни интереси, како и за евроинтеграциите, тогаш ќе ја донесат најиздржаната одлука, ќе го распуштат Парламентот.

Инаку, без коренити реформи на судскиот систем, владеење на правото и изградба на независен и ефикасен систем за борба против криминалот и високата корупција, како и измена на изборните правила, Македонија нема да може да се интегрира во ЕУ.

Треба да обезбедиме сплотеност, единство и државничко однесување.

Мораме да го послушаме народот и цврсто да застанеме зад неговите и државните интереси, велат од ДС.

The post ДС: Најиздржана одлука е распуштање на Парламентот одма appeared first on Република.

]]>

Демократскиот сојуз предлага на утрешната седница пратениците да донесат одлука за распуштање на Собранието, со што ќе се создадат уставни можности во рок од 60 дена да се одржат вонредни парламентарни избори.
Сосема е извесно дека нема граѓански и политички консензус за промена на Уставот со која Бугарите ќе станат конститутивен народ во Македонија. Без реципроцитет за признавање на правата на Македонците во Бугарија, како и без поддршка на Преговарачката рамка од која ќе бидат отстранети билатералните прашања (историски, образовни, јазични итн.) наметнати oд Бугарија и надвор од Копенхашките критериуми, нема и нема да има промена на Уставот, велат од партијата на Павле Трајанов.
Според ДС, доколку пратениците водат сметка за автентичните национални и државни интереси, како и за евроинтеграциите, тогаш ќе ја донесат најиздржаната одлука, ќе го распуштат Парламентот.
Инаку, без коренити реформи на судскиот систем, владеење на правото и изградба на независен и ефикасен систем за борба против криминалот и високата корупција, како и измена на изборните правила, Македонија нема да може да се интегрира во ЕУ. Треба да обезбедиме сплотеност, единство и државничко однесување. Мораме да го послушаме народот и цврсто да застанеме зад неговите и државните интереси, велат од ДС.

The post ДС: Најиздржана одлука е распуштање на Парламентот одма appeared first on Република.

]]>