распределба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/raspredelba/ За подобро да се разбереме Thu, 09 May 2024 06:58:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png распределба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/raspredelba/ 32 32 Во новиот собраниски состав ВМРО-ДПМНЕ ќе има 58 пратеници, ДУИ 19, СДСМ 18, Вреди 13, а Левица и ЗНАМ по 6 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-noviot-sobraniski-sostav-vmro-dpmne-ke-ima-58-pratenitsi-dui-19-sdsm-18-vredi-13-a-levitsa-i-znam-po-6/ Thu, 09 May 2024 06:58:18 +0000 https://republika.mk/?p=776123

Според првичните резултати од вчерашните парламентарни избори што Државната изборна комисија ги објави утрово на својата веб-страница, од обработени над 99,27 проценти од гласовите, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ има освоено 431.251 (43,23%) или 58 мандати во новиот 120 член собраниски состав, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ 153.250 (15,36%) – 18 пратеници, Европски фронт на ДУИ 137.486 (13,78%) – 19 пратеници, Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ 106.991 (10,72%) – 13 мандати, Левица има 67.338 гласа (6,75%) – 6 пратеници, а Движење ЗНАМ – За наша Македонија 55.539 (5,57%) – 6 пратеници. Останатите партии и коалиции кои учествуваа на изборите имаат под еден процент гласови.

Во првата Изборна единица Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ освои 76.192 гласови и би имала 10 пратеници, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ со 25.730 гласа – 3 мандати, Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ (21.604), коалицијата Европски фронт на ДУИ (20.560) и Левица (19.596) по 2 пратеника и Движење ЗНАМ – За наша Македонија (11.211) еден пратеник.

Во Изборната единица 2, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ со 66.422 гласа би имала 8 пратеници, коалицијата Европски фронт на ДУИ со 30.626 гласа четири мандати, Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ има 25.820 гласа и 3 пратеници, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ со добиени 18.631 глас ќе има 2 мандати, како и Движење ЗНАМ – За наша Македонија (16.229), додека Левица (10.673) еден пратеник.

Во третата Изборната единица, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ со освоени 96.546 гласа би имала 14 пратеници, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ со 33.605 гласа – 4 мандати, а Левица (13.404) и Движење ЗНАМ – За наша Македонија (9.426) по еден пратеник.

Во ИЕ 4, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ со добиени 96.536 гласа би имала 13 пратеници, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ со 41.962 гласа ќе има 5 мандати, додека Левица (12.427) и Движење ЗНАМ – За наша Македонија (8.405) по еден пратеник.

Во петтата изборна единица, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ со добиени 73.916 гласа би имала 10 пратеници, коалицијата Европски фронт на ДУИ со 27.013 – 4 мандати, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ со 26.904 – 3 мандати, а Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ (11.067), Левица (9.926) и Движење ЗНАМ – За наша Македонија (8.757) по еден пратеник.

Во ИЕ 6 коалицијата Европски фронт на ДУИ со освоени 53.817 гласа би имала девет мандати, Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“со 47.687 гласа 7 пратеници, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ со 21.639 гласа 3 пратеници и Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ со 6.418 гласа еден пратеник.

Право на глас на парламентарните избори имаа 1.815.350 граѓани запишани во избирачкиот список.

Се гласаше согласно пропорционалниот модел во шест изборни единици. Гласање за парламентарните избори во дијаспората не се спроведе бидејќи немаше доволен број пријавени наши државјани.

Во Првата изборна единица има 313.183 гласачи, во Втората 321.087, во Третата 275.034, во Четвртата 278.721, во Петата 310.216 и во Шестата изборна единица 317.109 гласачи.

ДИК првичните резултати од гласањето добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите од записниците од ОИК во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.

Конечните резултати од изборите ДИК ги објавува во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.

Ова се 11-ти парламентарни избори од независноста на државата.

The post Во новиот собраниски состав ВМРО-ДПМНЕ ќе има 58 пратеници, ДУИ 19, СДСМ 18, Вреди 13, а Левица и ЗНАМ по 6 appeared first on Република.

]]>

Според првичните резултати од вчерашните парламентарни избори што Државната изборна комисија ги објави утрово на својата веб-страница, од обработени над 99,27 проценти од гласовите, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ има освоено 431.251 (43,23%) или 58 мандати во новиот 120 член собраниски состав, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ 153.250 (15,36%) – 18 пратеници, Европски фронт на ДУИ 137.486 (13,78%) – 19 пратеници, Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ 106.991 (10,72%) – 13 мандати, Левица има 67.338 гласа (6,75%) – 6 пратеници, а Движење ЗНАМ – За наша Македонија 55.539 (5,57%) – 6 пратеници. Останатите партии и коалиции кои учествуваа на изборите имаат под еден процент гласови. Во првата Изборна единица Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ освои 76.192 гласови и би имала 10 пратеници, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ со 25.730 гласа – 3 мандати, Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ (21.604), коалицијата Европски фронт на ДУИ (20.560) и Левица (19.596) по 2 пратеника и Движење ЗНАМ – За наша Македонија (11.211) еден пратеник. Во Изборната единица 2, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ со 66.422 гласа би имала 8 пратеници, коалицијата Европски фронт на ДУИ со 30.626 гласа четири мандати, Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ има 25.820 гласа и 3 пратеници, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ со добиени 18.631 глас ќе има 2 мандати, како и Движење ЗНАМ – За наша Македонија (16.229), додека Левица (10.673) еден пратеник. Во третата Изборната единица, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ со освоени 96.546 гласа би имала 14 пратеници, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ со 33.605 гласа – 4 мандати, а Левица (13.404) и Движење ЗНАМ – За наша Македонија (9.426) по еден пратеник. Во ИЕ 4, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ со добиени 96.536 гласа би имала 13 пратеници, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ со 41.962 гласа ќе има 5 мандати, додека Левица (12.427) и Движење ЗНАМ – За наша Македонија (8.405) по еден пратеник. Во петтата изборна единица, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ со добиени 73.916 гласа би имала 10 пратеници, коалицијата Европски фронт на ДУИ со 27.013 – 4 мандати, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ со 26.904 – 3 мандати, а Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ (11.067), Левица (9.926) и Движење ЗНАМ – За наша Македонија (8.757) по еден пратеник. Во ИЕ 6 коалицијата Европски фронт на ДУИ со освоени 53.817 гласа би имала девет мандати, Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“со 47.687 гласа 7 пратеници, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ со 21.639 гласа 3 пратеници и Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ со 6.418 гласа еден пратеник. Право на глас на парламентарните избори имаа 1.815.350 граѓани запишани во избирачкиот список. Се гласаше согласно пропорционалниот модел во шест изборни единици. Гласање за парламентарните избори во дијаспората не се спроведе бидејќи немаше доволен број пријавени наши државјани. Во Првата изборна единица има 313.183 гласачи, во Втората 321.087, во Третата 275.034, во Четвртата 278.721, во Петата 310.216 и во Шестата изборна единица 317.109 гласачи. ДИК првичните резултати од гласањето добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите од записниците од ОИК во рок од 12 часа по завршувањето на изборите. Конечните резултати од изборите ДИК ги објавува во рок од 24 часа од денот на нивната конечност. Ова се 11-ти парламентарни избори од независноста на државата.

The post Во новиот собраниски состав ВМРО-ДПМНЕ ќе има 58 пратеници, ДУИ 19, СДСМ 18, Вреди 13, а Левица и ЗНАМ по 6 appeared first on Република.

]]>
Нова распределба на буџетски средства до 15 декември, најави Битиќи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nova-raspredelba-na-budhetski-sredstva-do-15-dekemvri-najavi-bitiki/ Mon, 27 Nov 2023 12:13:05 +0000 https://republika.mk/?p=716708

Најавената нова распределба на буџетските средства ќе биде направена до 15. следниот месец, според проценка дали буџетските ставки се потрошени 100 проценти, информира денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Како што рече Битиќи на новинарско прашање, станува збор за стандардна операција што се прави секогаш на крај на годината.

Се прави финалната прераспределба за да се максимизира ефикасноста на Буџетот т.е. трошењето на Буџетот. Таа се прави отприлика накај 15 декември, стандардна операција што ја имаме секоја година. Гледаме каде реално ќе имаме ниво на трошење, подобро или полошо, и од таму се крати. Нема одредени буџетски ставки коишто се таргетираат, туку едноставно се гледа секоја буџетска ставка дали е возможно до 31 декември да се потроши на нивото на кое што е посакувано, а тоа е 100 отсто, а ако не се кратат дополнителните средства за да се прераспределат таму каде што е навистина потребно - рече Битиќи.

Наведе пример со буџетската ставка што ја менаџира тој за поддршка на приватниот сектор. - Сега веќе имаме претстава дека ни недостигаат одредени средства коишто ќе ги земеме од таму каде што не стигнале одредени институции да ги спроведат за да се исплати 100 отсто субвенционирање на инвестициите што се направени претходната година. Таа е таа операција која што ќе ја направиме до 15 декември, посочи Битиќи, по прес-конференцијата за новите договори согласно Законот за рамномерен регионален развој.

Претходно, на почеток на минатиот месец, на предлог на Владата, Собранието изгласа Одлука за прераспределба на Буџетот за 2023 година, наменета за повисоки плати за 10 проценти во јавната администрација, исплата на К-15, повисоки пензии за пензионерите, како и за средства за социјална помош, за набавка на лекови, субвенции за земјоделците, дополнителна поддршка за фирмите, како и нов деветти пакет антикризни мерки.

The post Нова распределба на буџетски средства до 15 декември, најави Битиќи appeared first on Република.

]]>

Најавената нова распределба на буџетските средства ќе биде направена до 15. следниот месец, според проценка дали буџетските ставки се потрошени 100 проценти, информира денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Како што рече Битиќи на новинарско прашање, станува збор за стандардна операција што се прави секогаш на крај на годината.
Се прави финалната прераспределба за да се максимизира ефикасноста на Буџетот т.е. трошењето на Буџетот. Таа се прави отприлика накај 15 декември, стандардна операција што ја имаме секоја година. Гледаме каде реално ќе имаме ниво на трошење, подобро или полошо, и од таму се крати. Нема одредени буџетски ставки коишто се таргетираат, туку едноставно се гледа секоја буџетска ставка дали е возможно до 31 декември да се потроши на нивото на кое што е посакувано, а тоа е 100 отсто, а ако не се кратат дополнителните средства за да се прераспределат таму каде што е навистина потребно - рече Битиќи.
Наведе пример со буџетската ставка што ја менаџира тој за поддршка на приватниот сектор. - Сега веќе имаме претстава дека ни недостигаат одредени средства коишто ќе ги земеме од таму каде што не стигнале одредени институции да ги спроведат за да се исплати 100 отсто субвенционирање на инвестициите што се направени претходната година. Таа е таа операција која што ќе ја направиме до 15 декември, посочи Битиќи, по прес-конференцијата за новите договори согласно Законот за рамномерен регионален развој. Претходно, на почеток на минатиот месец, на предлог на Владата, Собранието изгласа Одлука за прераспределба на Буџетот за 2023 година, наменета за повисоки плати за 10 проценти во јавната администрација, исплата на К-15, повисоки пензии за пензионерите, како и за средства за социјална помош, за набавка на лекови, субвенции за земјоделците, дополнителна поддршка за фирмите, како и нов деветти пакет антикризни мерки.

The post Нова распределба на буџетски средства до 15 декември, најави Битиќи appeared first on Република.

]]>