распит Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/raspit/ За подобро да се разбереме Thu, 13 Jun 2024 11:01:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png распит Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/raspit/ 32 32 Мета на распит во СПАК, обвини дека првиот човек на оваа институција работи по наредба на Рама https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/meta-na-raspit-vo-spak-obvini-deka-prviot-chovek-na-ovaa-institutsija-raboti-po-naredba-na-rama/ Thu, 13 Jun 2024 11:01:04 +0000 https://republika.mk/?p=787196

Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на опозициската Партија на слободата, Илир Мета, денеска е на распит во Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК.

Пред да влезе во зградата, Мета одбра да не открие за кој случај е повикан, но продолжи со нападите кон Алтин Думани. Првиот човек на оваа правосудна институција го нарече „Дум Думани“, кој добива наредби од премиерот Еди Рама.

Одам да се сретнам со Дум Думани. Дали го познавате Дум Думани? Тој е оној што не се осмелува да го отвори случајот Мекгонигал, кој е од глава до петици со Еди Рама, кој не се осмелува да го употреби името на Еди Рама, ниту во случајот со Бериша... Одам кај Дум Думани, рече тој.

Мета (55), кој беше претседател на Албанија до 24 јули 2022 година, во СПАК беше и во февруари минатата година, за да даде исказ по повеќето поднесени пријави против него, меѓу кои за перење пари и прикривање на сопственоста на зградата на партијата Движење за социјалистичка интеграција, сега Партија на слободата.

СПАК против него почна кривична постапка за лобирање во САД со 670 илјади американски долари непријавени пари на Илир Мета и неговата сопруга Моника Круемади, потоа за извршени естетски услуги, од страна на двајцата, во клиника во Сан Марино и Австрија, со непријавени пари.

Круемади, која е пратеничка од Партијата на слободата вчера пет часа беше на распит во СПАК во рамки на истрагата што се води за имотната истрага за неа и нејзината мајка и брат.

По напуштањето на СПАК, Круемади рече дека била прашана за проверките што се вршат за некои кривични дела како непријавување имот, прикривање или перење пари, врз основа на „лажната тужба што ја поднесе Ерион Велиај (градоначалник на Тирана)“

The post Мета на распит во СПАК, обвини дека првиот човек на оваа институција работи по наредба на Рама appeared first on Република.

]]>

Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на опозициската Партија на слободата, Илир Мета, денеска е на распит во Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК. Пред да влезе во зградата, Мета одбра да не открие за кој случај е повикан, но продолжи со нападите кон Алтин Думани. Првиот човек на оваа правосудна институција го нарече „Дум Думани“, кој добива наредби од премиерот Еди Рама. Одам да се сретнам со Дум Думани. Дали го познавате Дум Думани? Тој е оној што не се осмелува да го отвори случајот Мекгонигал, кој е од глава до петици со Еди Рама, кој не се осмелува да го употреби името на Еди Рама, ниту во случајот со Бериша... Одам кај Дум Думани, рече тој. Мета (55), кој беше претседател на Албанија до 24 јули 2022 година, во СПАК беше и во февруари минатата година, за да даде исказ по повеќето поднесени пријави против него, меѓу кои за перење пари и прикривање на сопственоста на зградата на партијата Движење за социјалистичка интеграција, сега Партија на слободата. СПАК против него почна кривична постапка за лобирање во САД со 670 илјади американски долари непријавени пари на Илир Мета и неговата сопруга Моника Круемади, потоа за извршени естетски услуги, од страна на двајцата, во клиника во Сан Марино и Австрија, со непријавени пари. Круемади, која е пратеничка од Партијата на слободата вчера пет часа беше на распит во СПАК во рамки на истрагата што се води за имотната истрага за неа и нејзината мајка и брат. По напуштањето на СПАК, Круемади рече дека била прашана за проверките што се вршат за некои кривични дела како непријавување имот, прикривање или перење пари, врз основа на „лажната тужба што ја поднесе Ерион Велиај (градоначалник на Тирана)“

The post Мета на распит во СПАК, обвини дека првиот човек на оваа институција работи по наредба на Рама appeared first on Република.

]]>
Палевски даде исказ во Обвинителството, негира поврзаност со кривичното дело https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/palevski-dade-iskaz-vo-obvinitelstvoto-negira-povrzanost-so-krivichnoto-delo/ Wed, 05 Jun 2024 18:40:40 +0000 https://republika.mk/?p=785071

Љупчо Палевски - Палчо денеска на распит во Обвинителството негирал каква било поврзаност со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски и во своја одбрана посочил докази кои дополнително ќе бидат доставени, информираше вечерва адвокатот Марјан Витановски по повеќечасовниот распит на Палевски.

Како причини поради кои е посочен како обвинет во постапката навел дека се работи за претходни непријателства, па дури и како што рече Витановски, некакви политички недоразбирања со определени претставници од власта.

- Обвинениот даде исказ пред Обвинителството, во целост негира конкретна поврзаност со кривичното дело, негира поврзаност со обвинетите по кој било основ, негира постоење на каков било договор за сторување на ова кривично дело, тврди дека не е виновен и дека не презел ниту едно дејствие како што е наведено во наредбата за негово спроведување на истрага. Даде одбрана посочувајќи факти и определени докази кои дополнително ќе ги доставиме. Не знаеме со какви докази располага обвинителството, бидејќи до оваа фаза на постапка немавме ниту можност да извршиме увид. Засега остануваме на тоа и на неговото тврдење дека воопшто не е сторител на кривичното дело. Причиите поради кои е посочен како обвинител во оваа постапка посочи дека се работи за некои претходни непријателства, па дури и некакви политички недоразбирања со определени претставници од власта, изјави Витановски по неколкучасовниот распит на Палевски во Обвинителството.

Како одбрана, појасни адвокатот Витановски, имаме докази да го потврдиме она што го кажа денеска. - За сите  наводи, со какви докази располага Обвинителството, сметам дека сигурно има признание на останатите обвинети бидејќи за нив веќе има покренато обвинение. Меѓутоа, засега се работи за вербални докази, дали дека некој од останатите обвинетите или само поединци го посочуваат него како сторител на кривичното дело односно дека ги има убиено малолетната Ваља и пензионерот Панче, дополни Витановски.

Палевски минатата година на 6 декември беше уапсен во Баликесир, Турција, а во отсуство му беше одреден 30-дневен притвор. Тој на 15 мај беше екстрадиран од Турција и спроведен во Истражниот затвор Шутка, а на 21 мај беше изведен пред судија на претходна постапка.

Основното јавно обвинителство Скопје на 31 мај до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против четири лица во врска со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Јавниот обвинител до Кривичниот суд достави и предлог за продолжување на мерката притвор за тројцата обвинети соизвршители и мерката куќен притвор за нивниот помагач.

Тројца од обвинетите се гонат за едно кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.1 и т.7 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и едно кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.1 и т.4 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и двете казниви по чл.123 ст.3 од Кривичниот законик, едно кривично дело – Грабнување од чл.141 ст.2 в.в. со ст.1 в.в. со чл.22 од  Кривичниот законик и едно кривично дело  – Грабнување од чл.141 ст.1 в.в. со чл.22 од  Кривичниот законик. Ѓорчевска и Жежовски кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември 2023, а пронајдени мртви во близина на Велес и на Скопје на 3 декември.

The post Палевски даде исказ во Обвинителството, негира поврзаност со кривичното дело appeared first on Република.

]]>

Љупчо Палевски - Палчо денеска на распит во Обвинителството негирал каква било поврзаност со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски и во своја одбрана посочил докази кои дополнително ќе бидат доставени, информираше вечерва адвокатот Марјан Витановски по повеќечасовниот распит на Палевски. Како причини поради кои е посочен како обвинет во постапката навел дека се работи за претходни непријателства, па дури и како што рече Витановски, некакви политички недоразбирања со определени претставници од власта.
- Обвинениот даде исказ пред Обвинителството, во целост негира конкретна поврзаност со кривичното дело, негира поврзаност со обвинетите по кој било основ, негира постоење на каков било договор за сторување на ова кривично дело, тврди дека не е виновен и дека не презел ниту едно дејствие како што е наведено во наредбата за негово спроведување на истрага. Даде одбрана посочувајќи факти и определени докази кои дополнително ќе ги доставиме. Не знаеме со какви докази располага обвинителството, бидејќи до оваа фаза на постапка немавме ниту можност да извршиме увид. Засега остануваме на тоа и на неговото тврдење дека воопшто не е сторител на кривичното дело. Причиите поради кои е посочен како обвинител во оваа постапка посочи дека се работи за некои претходни непријателства, па дури и некакви политички недоразбирања со определени претставници од власта, изјави Витановски по неколкучасовниот распит на Палевски во Обвинителството.
Како одбрана, појасни адвокатот Витановски, имаме докази да го потврдиме она што го кажа денеска. - За сите  наводи, со какви докази располага Обвинителството, сметам дека сигурно има признание на останатите обвинети бидејќи за нив веќе има покренато обвинение. Меѓутоа, засега се работи за вербални докази, дали дека некој од останатите обвинетите или само поединци го посочуваат него како сторител на кривичното дело односно дека ги има убиено малолетната Ваља и пензионерот Панче, дополни Витановски. Палевски минатата година на 6 декември беше уапсен во Баликесир, Турција, а во отсуство му беше одреден 30-дневен притвор. Тој на 15 мај беше екстрадиран од Турција и спроведен во Истражниот затвор Шутка, а на 21 мај беше изведен пред судија на претходна постапка. Основното јавно обвинителство Скопје на 31 мај до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против четири лица во врска со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Јавниот обвинител до Кривичниот суд достави и предлог за продолжување на мерката притвор за тројцата обвинети соизвршители и мерката куќен притвор за нивниот помагач. Тројца од обвинетите се гонат за едно кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.1 и т.7 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и едно кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.1 и т.4 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и двете казниви по чл.123 ст.3 од Кривичниот законик, едно кривично дело – Грабнување од чл.141 ст.2 в.в. со ст.1 в.в. со чл.22 од  Кривичниот законик и едно кривично дело  – Грабнување од чл.141 ст.1 в.в. со чл.22 од  Кривичниот законик. Ѓорчевска и Жежовски кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември 2023, а пронајдени мртви во близина на Велес и на Скопје на 3 декември.

The post Палевски даде исказ во Обвинителството, негира поврзаност со кривичното дело appeared first on Република.

]]>
Палевски на распит во обвинителството https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/palevski-na-raspit-vo-obvinitelstvoto/ Wed, 05 Jun 2024 11:38:19 +0000 https://republika.mk/?p=784942

Љупчо Палевски-Палчо во моментов е на распит во обвинителството, по околу 20 дена од неговата екстрадиција во земјава. Првоосомничениот за убиствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска и на 74 годишниот Панче Жежовски ќе се соочи со доказите на обвинителството за случајот. Претходно се вештачеа предметите кои тој ги донесе со себе по спроведувањето од Турција, а меѓу кои имало и документи.

Палевски беше екстрадиран на 15 мај и од аеродромот заврши зад решетки Шуто Оризари, бидејќи му беше определен притвор во отсуство. За прв пат со јавноста се соочи по неколку дена кога во Кривичниот суд се произнесе за околностите за неговиот притвор. Тој изјави дека е невин, дека не бил во бегство и дека нема да се брани со молчење.

Истрагата за Палевски може да трае максимум 6 месеци, по што би требало да се поднесе и обвинителен акт.

 

The post Палевски на распит во обвинителството appeared first on Република.

]]>

Љупчо Палевски-Палчо во моментов е на распит во обвинителството, по околу 20 дена од неговата екстрадиција во земјава. Првоосомничениот за убиствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска и на 74 годишниот Панче Жежовски ќе се соочи со доказите на обвинителството за случајот. Претходно се вештачеа предметите кои тој ги донесе со себе по спроведувањето од Турција, а меѓу кои имало и документи. Палевски беше екстрадиран на 15 мај и од аеродромот заврши зад решетки Шуто Оризари, бидејќи му беше определен притвор во отсуство. За прв пат со јавноста се соочи по неколку дена кога во Кривичниот суд се произнесе за околностите за неговиот притвор. Тој изјави дека е невин, дека не бил во бегство и дека нема да се брани со молчење. Истрагата за Палевски може да трае максимум 6 месеци, по што би требало да се поднесе и обвинителен акт.  

The post Палевски на распит во обвинителството appeared first on Република.

]]>
Никој не ми кажа дека спиел на фотелја, тврди мајката на Коста https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/nikoj-ne-mi-kazha-deka-spiel-na-fotelja-tvrdi-majkata-na-kosta/ Tue, 30 May 2023 08:09:25 +0000 https://republika.mk/?p=645997

За време на неколкучасовното испрашување на мајката на 13-годишникот кој го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“, ѝ било поставено и прашањето за екскурзијата во Франција, открива добро упатен извор за „Нова.рс“. Станува збор за деталите кои мајката на убиената Ема Кобиљски ги објави во нејзиното јавно писмо до родителите на Коста Кецмановиќ.

https://republika.mk/vesti/balkan/do-roditelite-na-nelekuvanoto-momche-potresno-pismo-na-nina-kobilski-majka-na-ubienata-ema/

Се сеќавате дека нашите деца отидоа заедно во јазичен камп во Франција… па добивме видеа од нив како пеат покрај каминот, си играат на тематски ноќи и одат на патувања… знаете и дека сите заедно играа карти и се смееја во своите соби до доцна во ноќта. Како да не знаете, кога со благодарност му се јавивте на класниот раководител и му се заблагодаривте што вашиот син беше толку добро примен од неговите пријатели во новиот клас во кој избравте да го префрлите. Им беше убаво, но во исто време им беше чудно зошто едно дете 7 дена спие свиткано во фотелја наместо во кревет, иако на располагање има цела двокреветна соба?! Дали знаете дека на тоа дете му била потребна помош од вашите родители и стручни лица?, пишува меѓудругото Нина Кобиљски.

Миљана Кецмановиќ твдела дека никој не ѝ кажал за ова.

Беше поставено и прашање во врска со изјавите на мајката на убиеното девојче дека момчето за време на престојот во кампот во Франција, седум дена спиело свиткано во фотелја, наместо во креветот што му бил достапен. Таа рече дека никогаш не слушнала за тоа, дека ниту наставничката која ги однела децата во кампот, ниту родителите на другите деца ѝ кажале за тоа. По враќањето на децата од кампот, добила порака од учителката со пофалби за нејзиниот син, вели изворот.

За време на сослушувањето, според изворот, мајката била во тешка психичка состојба и поради тоа имало чести прекини. Целиот исказ тука:

https://republika.mk/vesti/balkan/shto-pravel-kosta-toa-utro-majkata-so-svoja-verzija-za-toa-kakov-bil-nejziniot-sin-vo-iskazot-za-politsijata/

The post Никој не ми кажа дека спиел на фотелја, тврди мајката на Коста appeared first on Република.

]]>

За време на неколкучасовното испрашување на мајката на 13-годишникот кој го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“, ѝ било поставено и прашањето за екскурзијата во Франција, открива добро упатен извор за „Нова.рс“. Станува збор за деталите кои мајката на убиената Ема Кобиљски ги објави во нејзиното јавно писмо до родителите на Коста Кецмановиќ. https://republika.mk/vesti/balkan/do-roditelite-na-nelekuvanoto-momche-potresno-pismo-na-nina-kobilski-majka-na-ubienata-ema/
Се сеќавате дека нашите деца отидоа заедно во јазичен камп во Франција… па добивме видеа од нив како пеат покрај каминот, си играат на тематски ноќи и одат на патувања… знаете и дека сите заедно играа карти и се смееја во своите соби до доцна во ноќта. Како да не знаете, кога со благодарност му се јавивте на класниот раководител и му се заблагодаривте што вашиот син беше толку добро примен од неговите пријатели во новиот клас во кој избравте да го префрлите. Им беше убаво, но во исто време им беше чудно зошто едно дете 7 дена спие свиткано во фотелја наместо во кревет, иако на располагање има цела двокреветна соба?! Дали знаете дека на тоа дете му била потребна помош од вашите родители и стручни лица?, пишува меѓудругото Нина Кобиљски.
Миљана Кецмановиќ твдела дека никој не ѝ кажал за ова.
Беше поставено и прашање во врска со изјавите на мајката на убиеното девојче дека момчето за време на престојот во кампот во Франција, седум дена спиело свиткано во фотелја, наместо во креветот што му бил достапен. Таа рече дека никогаш не слушнала за тоа, дека ниту наставничката која ги однела децата во кампот, ниту родителите на другите деца ѝ кажале за тоа. По враќањето на децата од кампот, добила порака од учителката со пофалби за нејзиниот син, вели изворот.
За време на сослушувањето, според изворот, мајката била во тешка психичка состојба и поради тоа имало чести прекини. Целиот исказ тука: https://republika.mk/vesti/balkan/shto-pravel-kosta-toa-utro-majkata-so-svoja-verzija-za-toa-kakov-bil-nejziniot-sin-vo-iskazot-za-politsijata/

The post Никој не ми кажа дека спиел на фотелја, тврди мајката на Коста appeared first on Република.

]]>
Oбвинителството ја бара бугарската адреса на Пендиков, треба да има распит https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/obvinitelstvoto-ja-bara-bugarskata-adresa-na-pendikov-treba-da-ima-raspit/ Thu, 23 Feb 2023 09:51:28 +0000 https://republika.mk/?p=612243

Обвинителството во Охрид побара распит на претепаниот Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ од Охрид. За таа цел, обвинителството во Република Македонија ќе побара од Бугарија информации за моменталната адреса на Пендиков, јавува бугарска Нова.

Пендиков беше претепан во Охрид на 19 јануари. Според обвинителството, делото е извршено од омраза. Вчера беше приведен вториот напаѓач на Пендиков, битолчанецот Б.А. Обвинителството во Охрид побара од судот привремено да му го одземе пасошот за да не може да ја напушти Македонија.

Првиот напаѓач на Пендиков, Илија Спасески, од вчера повеќе не е во притвор. Судското рочиште за него е закажано за 28 февруари.

The post Oбвинителството ја бара бугарската адреса на Пендиков, треба да има распит appeared first on Република.

]]>

Обвинителството во Охрид побара распит на претепаниот Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ од Охрид. За таа цел, обвинителството во Република Македонија ќе побара од Бугарија информации за моменталната адреса на Пендиков, јавува бугарска Нова. Пендиков беше претепан во Охрид на 19 јануари. Според обвинителството, делото е извршено од омраза. Вчера беше приведен вториот напаѓач на Пендиков, битолчанецот Б.А. Обвинителството во Охрид побара од судот привремено да му го одземе пасошот за да не може да ја напушти Македонија. Првиот напаѓач на Пендиков, Илија Спасески, од вчера повеќе не е во притвор. Судското рочиште за него е закажано за 28 февруари.

The post Oбвинителството ја бара бугарската адреса на Пендиков, треба да има распит appeared first on Република.

]]>
Лицата кои учествуваа во инцидентот во Куманово се на распит https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/licata-koi-uchestvuvaa-vo-incidentot-vo-kumanovo-se-na-raspit/ Tue, 15 Nov 2022 21:16:31 +0000 https://republika.mk/?p=574210

Основното јавно обвинителство Куманово и СВР Куманово интензивно постапуваат за расчистување на настанот регистриран на видео снимки објавени на социјалните мрежи, во кои, според првичните информации кои се проверуваат, две лица биле предмет на напад од поголема група.

Речиси сите лица од објавената видео снимка се веќе идентификувани и се преземаат дејствија за утврдување на причините и мотивите за инцидентот. Се врши распит и на учесниците и на други лица кои би можеле да имаат одредени сознанија. По целосно утврдување на фактите, Основното јавно обвинителство Куманово ќе донесе одлука за натамошниот тек на постапката за што јавноста веднаш ќе биде информирана​“, додаваат од обвинителството.

The post Лицата кои учествуваа во инцидентот во Куманово се на распит appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Куманово и СВР Куманово интензивно постапуваат за расчистување на настанот регистриран на видео снимки објавени на социјалните мрежи, во кои, според првичните информации кои се проверуваат, две лица биле предмет на напад од поголема група. Речиси сите лица од објавената видео снимка се веќе идентификувани и се преземаат дејствија за утврдување на причините и мотивите за инцидентот. Се врши распит и на учесниците и на други лица кои би можеле да имаат одредени сознанија. По целосно утврдување на фактите, Основното јавно обвинителство Куманово ќе донесе одлука за натамошниот тек на постапката за што јавноста веднаш ќе биде информирана​“, додаваат од обвинителството.

The post Лицата кои учествуваа во инцидентот во Куманово се на распит appeared first on Република.

]]>
Габриел Бајрам спроведен на распит за кражба на струја https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/gabriel-bajram-sproveden-na-raspit-za-krazba-na-struja/ Mon, 25 Jul 2022 14:48:49 +0000 https://republika.mk/?p=533050

Габриел Бајрам, син на починатиот пратеник Амди Бајрам, не се јавил на распит во полиција за копањето биткоени во ГТЦ, но се одзвал на поканата да слави со Владата во Клубот на пратеници по првата меѓувладина конференција во Брисел.

МВР објави дека по Габриел Бајрам имало и централен распис за да се спроведе во полициска станица, но засега нема одговор дали бил пронајден пред или по прославата.

The post Габриел Бајрам спроведен на распит за кражба на струја appeared first on Република.

]]>

Габриел Бајрам, син на починатиот пратеник Амди Бајрам, не се јавил на распит во полиција за копањето биткоени во ГТЦ, но се одзвал на поканата да слави со Владата во Клубот на пратеници по првата меѓувладина конференција во Брисел. МВР објави дека по Габриел Бајрам имало и централен распис за да се спроведе во полициска станица, но засега нема одговор дали бил пронајден пред или по прославата.

The post Габриел Бајрам спроведен на распит за кражба на струја appeared first on Република.

]]>
Заврши распитот на Мухамед Зеќири https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zavrshi-raspitot-na-muhamed-zekjiri/ Fri, 08 Apr 2022 20:06:41 +0000 https://republika.mk/?p=485586

Во Основниот Кривичен суд – Скопје, вечерва заврши рочиштето пред судија на претходна постапка по барањето за определување притвор на генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири, кој поднесе неотповиклива оставка по сомневањата дека ја злоупотребил службената положба.

Јавната обвинителка Катерина Коларовиќ информираше дека го соочиле осомничениот Зеќири со аргументите кои ги бара Законот за кривична постапка и дека останува судот да одлучи по барањето. Таа посочи дека немаат доказ во формална смисла дека тој планира бегство, но, како што рече, „постои сомнеж“.

Тоа се оперативни сознанија кои што се изнесени од страна на судот, доколку судот ги прифати ќе ви бидат соопштени, ако не ги прифати, повторно ќе објасни зошто не ги прифати, рече Коларовиќ.

Во однос на двајцата осомничени хрватски државјани, таа рече дека оперативните сознанија од Министерството за внатрешни работи се дека ја имаат напуштено територијата на Македонија, меѓутоа судот има доставено наредба за приведување.

Дури откако ќе добие официјален податок по наредбите, ќе има доказ дали се тука или не, посочи Коларовиќ.

Истакна дека станува збор за штета од околу 57 милиони денари за кои во моментов не знаат каде се, ниту дали се надвор од државава.

Не можеме да кажеме каде се парите во моментов. Истрагата е започната во текот на вчерашниот ден, сето она што беше обезбедено како документација е во тек на предистражна постапка која претходеше неколку месеци претходно, рече таа, посочувајќи на Управата за финансиско разузнавање која што, како што рече, се обидува да ја утврди трагата како се движеле парите.

Обвинителката рече дека очекува судот да го прифати предлогот, а во однос на тоа дали може истрагата да се прошири и на други лица, рече во овој момент не, меѓутоа, дека истрагата е започната и дека не се знае што може да произлезе како доказ.

Претходно, судија на претходна постапка, од Кривичниот суд – Скопје, издаде наредба до надлежната полициска станица за спровод на Мухамед Зеќири, но тој во судот пристигна сам во придружба на својот адвокат.

Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска донесе наредба „за спроведување истражна постапка против двајца хрватски државјани и висок функционер во Владата на Македонија во својство на службено лице, осомничен дека сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување“.

Зеќири се сомничи дека во периодот од април 2021 година до јануари 2022 година, со искористување на службената положба, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани. Со преземените дејствија, осомничените за правното лице прибавиле значителна противправна имотна корист во вкупна вредност од 57.932.100,00 денари, на штета на Буџетот на  Македонија, износ што бил поголем од 795.000 евра, односно од договорениот износ за вршење на консултантските услуги.

 

The post Заврши распитот на Мухамед Зеќири appeared first on Република.

]]>

Во Основниот Кривичен суд – Скопје, вечерва заврши рочиштето пред судија на претходна постапка по барањето за определување притвор на генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири, кој поднесе неотповиклива оставка по сомневањата дека ја злоупотребил службената положба. Јавната обвинителка Катерина Коларовиќ информираше дека го соочиле осомничениот Зеќири со аргументите кои ги бара Законот за кривична постапка и дека останува судот да одлучи по барањето. Таа посочи дека немаат доказ во формална смисла дека тој планира бегство, но, како што рече, „постои сомнеж“.
Тоа се оперативни сознанија кои што се изнесени од страна на судот, доколку судот ги прифати ќе ви бидат соопштени, ако не ги прифати, повторно ќе објасни зошто не ги прифати, рече Коларовиќ.
Во однос на двајцата осомничени хрватски државјани, таа рече дека оперативните сознанија од Министерството за внатрешни работи се дека ја имаат напуштено територијата на Македонија, меѓутоа судот има доставено наредба за приведување.
Дури откако ќе добие официјален податок по наредбите, ќе има доказ дали се тука или не, посочи Коларовиќ.
Истакна дека станува збор за штета од околу 57 милиони денари за кои во моментов не знаат каде се, ниту дали се надвор од државава.
Не можеме да кажеме каде се парите во моментов. Истрагата е започната во текот на вчерашниот ден, сето она што беше обезбедено како документација е во тек на предистражна постапка која претходеше неколку месеци претходно, рече таа, посочувајќи на Управата за финансиско разузнавање која што, како што рече, се обидува да ја утврди трагата како се движеле парите.
Обвинителката рече дека очекува судот да го прифати предлогот, а во однос на тоа дали може истрагата да се прошири и на други лица, рече во овој момент не, меѓутоа, дека истрагата е започната и дека не се знае што може да произлезе како доказ. Претходно, судија на претходна постапка, од Кривичниот суд – Скопје, издаде наредба до надлежната полициска станица за спровод на Мухамед Зеќири, но тој во судот пристигна сам во придружба на својот адвокат. Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска донесе наредба „за спроведување истражна постапка против двајца хрватски државјани и висок функционер во Владата на Македонија во својство на службено лице, осомничен дека сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување“. Зеќири се сомничи дека во периодот од април 2021 година до јануари 2022 година, со искористување на службената положба, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани. Со преземените дејствија, осомничените за правното лице прибавиле значителна противправна имотна корист во вкупна вредност од 57.932.100,00 денари, на штета на Буџетот на  Македонија, износ што бил поголем од 795.000 евра, односно од договорениот износ за вршење на консултантските услуги.  

The post Заврши распитот на Мухамед Зеќири appeared first on Република.

]]>