раскрсница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/raskrsnica/ За подобро да се разбереме Wed, 08 Mar 2023 17:22:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png раскрсница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/raskrsnica/ 32 32 Ковачевски: Македонија конечно станува раскрсница на Балканот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-makedonija-konechno-stanuva-raskrsnitsa-na-balkanot/ Wed, 08 Mar 2023 17:22:08 +0000 https://republika.mk/?p=617437

„Денеска имаме историски ден во кој Македонија започнува изградба на автопатишта во должина од 110 километри, коишто ќе бидат со врвен квалитет и кои, конечно, после онаа запоставеност во времето на комунизмот, кога Македонија не била поврзана ниту на исток, ниту на запад од политички причини, туку била поврзана само на север и нешто на југ, конечно ќе имаме држава којашто ќе има и Коридор 10 завршен и Коридор 8 завршен“, изјави премиерот Димитар Ковачевски по повод потпишувањето на договорот за изградба на коридорите 8 и 10д.

Од држава која е во центарот на Балканот, наместо, како до пред извесно време, кога бевме кружен тек, отколку раскрсница, сега конечно ќе станеме раскрсница, бидејќи со изградбата на коридорот 8, автопатот кон Албанија и со изградбата на коридорот 10, експресниот пат кон Крива Паланка и со изградбата на железничката пруга кон Бугарија и кон Албанија, Македонија конечно ќе ги има двата коридори кои ќе ја направат раскрсница и ќе имаме излез на три пристаништа, рече тој.

Во однос на постапката за избор на изведувач, премиерот рече дека е спроведена согласно закон донесен од страна на Собранието.

За законитоста на постапката одговараат сите институции, коишто, согласно овој закон, биле задолжени да ја спремат постапката за избор на изведувач и за избор на надзор на истиот проект. Врз основа на законот е предвидено сумата колку што ќе чини овој автопат да биде дефинирана врз основа на експертско знаење, кое го поседува фирмата консултант и надзор, во овој случај ИРД, а државата одлучила преку закон во Собрание дека фирма изведувач ќе биде Бехтел и нивниот партнер Енка, појасни Ковачевски.

The post Ковачевски: Македонија конечно станува раскрсница на Балканот appeared first on Република.

]]>