раскинување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/raskinuvanje/ За подобро да се разбереме Fri, 06 Jan 2023 09:07:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png раскинување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/raskinuvanje/ 32 32 Бидете на штрек: Овие хороскопски знаци одеднаш ќе престанат да ви се јавуваат https://arhiva3.republika.mk/zivot/astro/bidete-na-shtrek-ovie-horoskopski-znatsi-odednash-ke-prestanat-da-vi-se-javuvaat/ Fri, 06 Jan 2023 19:30:48 +0000 https://republika.mk/?p=594089

Астрологијата може да биде корисна алатка кога станува збор за љубовта. Покрај тоа што ја открива хороскопската компатибилност, исто така ни помага да откриеме кои знаци едноставно ќе престанат да се појавуваат откако ќе одлучат дека им е доста. Доколку сакате да избегнете кршење на срцето и разочарување, имајте на ум дека овие знаци се најмногу склони кон т.н. духови.

Близнаци

Кога станува збор за љубовта, Близнаците никогаш не знаат што сакаат. Тие се многу непостојани, до тој степен што еден ден ќе бидат целосно заљубени во некого, но веќе следниот ќе им исчезнат чувствата. Близнаците не сакаат тешки и сериозни разговори, па најверојатно еден ден едноставно ќе престанат да контактираат со вас.

Овен

Љубовта е игра за Овенот, па нема да се двоуми да го прекине контактот со личноста со која е во врска доколку дојде некој подобар. Овните знаат да бидат доста диви во љубовта и љубовната возбуда, што сугерира дека не се многу верни на долг рок. Вистина е дека мразат рутина и често губат интерес откако ќе заврши фазата на заведување.

Скорпија

Скорпијата е најмистериозниот хороскопски знак, што објаснува зошто толку често исчезнува без објаснување. Овие луѓе секогаш ги следат своите инстинкти и прават што сакаат. Полесно им е само да исчезнат отколку да се соочат со другата страна која бара разумно објаснување што тие не можат да им го дадат.

Стрелец

Стрелецот не е ни свесен колку срца скршил. Ова е најавантуристичкиот хороскопски знак, што значи дека овие луѓе се многу непредвидливи и можат да патуваат на другиот крај на светот на момент доколку се укаже прилика. Секогаш кога некој Стрелец ќе има можност да се впушти во нова авантура, ќе отфрли се и секого и нема ни да биде свесен дека прават нешто лошо.

The post Бидете на штрек: Овие хороскопски знаци одеднаш ќе престанат да ви се јавуваат appeared first on Република.

]]>

Астрологијата може да биде корисна алатка кога станува збор за љубовта. Покрај тоа што ја открива хороскопската компатибилност, исто така ни помага да откриеме кои знаци едноставно ќе престанат да се појавуваат откако ќе одлучат дека им е доста. Доколку сакате да избегнете кршење на срцето и разочарување, имајте на ум дека овие знаци се најмногу склони кон т.н. духови. Близнаци Кога станува збор за љубовта, Близнаците никогаш не знаат што сакаат. Тие се многу непостојани, до тој степен што еден ден ќе бидат целосно заљубени во некого, но веќе следниот ќе им исчезнат чувствата. Близнаците не сакаат тешки и сериозни разговори, па најверојатно еден ден едноставно ќе престанат да контактираат со вас. Овен Љубовта е игра за Овенот, па нема да се двоуми да го прекине контактот со личноста со која е во врска доколку дојде некој подобар. Овните знаат да бидат доста диви во љубовта и љубовната возбуда, што сугерира дека не се многу верни на долг рок. Вистина е дека мразат рутина и често губат интерес откако ќе заврши фазата на заведување. Скорпија Скорпијата е најмистериозниот хороскопски знак, што објаснува зошто толку често исчезнува без објаснување. Овие луѓе секогаш ги следат своите инстинкти и прават што сакаат. Полесно им е само да исчезнат отколку да се соочат со другата страна која бара разумно објаснување што тие не можат да им го дадат. Стрелец Стрелецот не е ни свесен колку срца скршил. Ова е најавантуристичкиот хороскопски знак, што значи дека овие луѓе се многу непредвидливи и можат да патуваат на другиот крај на светот на момент доколку се укаже прилика. Секогаш кога некој Стрелец ќе има можност да се впушти во нова авантура, ќе отфрли се и секого и нема ни да биде свесен дека прават нешто лошо.

The post Бидете на штрек: Овие хороскопски знаци одеднаш ќе престанат да ви се јавуваат appeared first on Република.

]]>
Тамара, Антониа, Иванна… – 2022 кобна за долгогодишните врски од македонската естрада https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/tamara-antonia-ivanna-2022-kobna-za-dolgogodishnite-vrski-od-makedonskata-estrada/ Wed, 04 Jan 2023 19:42:10 +0000 https://republika.mk/?p=590777

Ако светот се занимаваше со раскинувањето на Пике и Шакира, кои по една деценија бурно се разделија, Балканот, пак, пишуваше за разводот на Бајага, во Македонија неколку јавни врски го имаа својот крај во 2022 година. Се разбира, секое од тие раскинувања ја заинтересира и јавноста.

1. Антониа Гиговска и Иван Јованов

Убедливо најголема помпа се направи околу разделбата на Антониа Гиговска и Иван Јованов. Девојчето кое го запознавме преку „Ѕвездичките од Пинк“, сега е една од најпознатите и најбарани пејачки во Македонија. Таа годинава стави крај на врската со постариот колега Иван Јованов и порача дека периодов се пронаоѓа сама себе и не е во врска со никого.

https://republika.mk/scena/estrada/antonia-gigovska-go-prekina-molkot-otkri-so-kogo-e-vo-vrska/

2. Тамара и Мачка

Седум години по свадбата пејачката и поранешниот кошаркар Александар Димитревски – Мачка одлучија да се разведат, но и покрај тоа да останат во добри и коректни односи, пред сѐ штитејќи го интересот на нивните две деца. Дека навистина останаа на зборот потврдува и неодамнешниот роденден на нивното синче, кој го прославија заедно.

https://republika.mk/scena/estrada/tamara-na-tastatura-sekoj-e-jak-eden-den-ti-davaat-aplauzi-drug-te-navreduvaat-vo-komentari/

3. Тамара и Катарина

https://republika.mk/scena/estrada/ovojpat-zasekogash-tamara-todevska-i-katarina-ivanovska-povtorno-se-skarani-prichinata-bila-dosta-seriozna/

Иако не станува збор за романтична врска или брак, кавгата меѓу двете најдобри пријателки беше доста интересна за јавноста, особено зошто не им е првпат да не зборуваат. Дали можеби повторно ги закопаа секирите почна да се зборува неодамна, кога на „Инстаграм“ беше споделена стара фотографија од друштвото.

4. Иванна и Влатко

Поранешната водителка и советничка во владата годинава му стави крај на долгогодишниот брак со Влатко Кошевалиски. Сепак, секогаш насмеата Иванна не остана долго сама, па како што зборува чаршијата, веќе е во љубов со доктор од Битола.

5. Жарко Димитриоски и Марија

Долгогодишна врска раскина водителот Жарко Димитриоски од „Еден на Еден“. Според него, ниедна врска нема смисла на долг рок, ако немаш вистински, искрен партнер покрај себе.

Секоја врска е партнерство. Добрата врска е цврсто и сигурно партнерство. Мое длабоко убедување е дека клучно е да знаеш и да си уверен дека имаш вистински, искрен партнер покрај себе. Без тоа ниедна врска нема смисла на долг рок и подобро е да заврши, рече по раскинувањето Жаре.

https://republika.mk/scena/estrada/ne-krijam-deka-raskinav-stara-vrska-no-ne-sum-chovek-shto-celo-vreme-objavuva-so-kogo-e-i-shto-pravi-veli-zare-od-eden-na-eden/

6. Костадин Костадинов и Марија

Без својата Марија остана и струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов. Иако по долгогодишната врска и по ланското запросување, двојката наскоро требаше да застане пред олтар, неодамна тие раскинаа. Гласините се дека убавата битолчанка сфатила дека во Струмица нема живот за неа, па оставајќи го Косте замина надвор од Македонија.

7. Туна

Пејачката Туна Сејдиу годинава стави крај и на вториот брак. Нејзината врска со сопругот Патрис Бериша, музичар од Косово, подолго време не функционирала, па Туна била таа која се решила да стават крај на нивната љубовна романса.

https://republika.mk/zivot/semejstvo/propadna-i-vtoriot-brak-tuna-sejdiu-se-razvede-od-kosovskiot-muzichar-patris/

8. Саше Политико

Самонаречениот новинар по турбулентните години во љубовта, годинава доби документи за развод. Веста ја објави адвокатот Јанаки Митревски, кој порача дека едвај чека да се видат во суд и дека „Кармата е кучка“.

https://republika.mk/zivot/semejstvo/se-sakaa-se-tepaa-na-kraj-se-razveduvaat/

The post Тамара, Антониа, Иванна… – 2022 кобна за долгогодишните врски од македонската естрада appeared first on Република.

]]>

Ако светот се занимаваше со раскинувањето на Пике и Шакира, кои по една деценија бурно се разделија, Балканот, пак, пишуваше за разводот на Бајага, во Македонија неколку јавни врски го имаа својот крај во 2022 година. Се разбира, секое од тие раскинувања ја заинтересира и јавноста.

1. Антониа Гиговска и Иван Јованов

Убедливо најголема помпа се направи околу разделбата на Антониа Гиговска и Иван Јованов. Девојчето кое го запознавме преку „Ѕвездичките од Пинк“, сега е една од најпознатите и најбарани пејачки во Македонија. Таа годинава стави крај на врската со постариот колега Иван Јованов и порача дека периодов се пронаоѓа сама себе и не е во врска со никого. https://republika.mk/scena/estrada/antonia-gigovska-go-prekina-molkot-otkri-so-kogo-e-vo-vrska/

2. Тамара и Мачка

Седум години по свадбата пејачката и поранешниот кошаркар Александар Димитревски – Мачка одлучија да се разведат, но и покрај тоа да останат во добри и коректни односи, пред сѐ штитејќи го интересот на нивните две деца. Дека навистина останаа на зборот потврдува и неодамнешниот роденден на нивното синче, кој го прославија заедно. https://republika.mk/scena/estrada/tamara-na-tastatura-sekoj-e-jak-eden-den-ti-davaat-aplauzi-drug-te-navreduvaat-vo-komentari/

3. Тамара и Катарина

https://republika.mk/scena/estrada/ovojpat-zasekogash-tamara-todevska-i-katarina-ivanovska-povtorno-se-skarani-prichinata-bila-dosta-seriozna/ Иако не станува збор за романтична врска или брак, кавгата меѓу двете најдобри пријателки беше доста интересна за јавноста, особено зошто не им е првпат да не зборуваат. Дали можеби повторно ги закопаа секирите почна да се зборува неодамна, кога на „Инстаграм“ беше споделена стара фотографија од друштвото.

4. Иванна и Влатко

Поранешната водителка и советничка во владата годинава му стави крај на долгогодишниот брак со Влатко Кошевалиски. Сепак, секогаш насмеата Иванна не остана долго сама, па како што зборува чаршијата, веќе е во љубов со доктор од Битола.

5. Жарко Димитриоски и Марија

Долгогодишна врска раскина водителот Жарко Димитриоски од „Еден на Еден“. Според него, ниедна врска нема смисла на долг рок, ако немаш вистински, искрен партнер покрај себе.
Секоја врска е партнерство. Добрата врска е цврсто и сигурно партнерство. Мое длабоко убедување е дека клучно е да знаеш и да си уверен дека имаш вистински, искрен партнер покрај себе. Без тоа ниедна врска нема смисла на долг рок и подобро е да заврши, рече по раскинувањето Жаре.
https://republika.mk/scena/estrada/ne-krijam-deka-raskinav-stara-vrska-no-ne-sum-chovek-shto-celo-vreme-objavuva-so-kogo-e-i-shto-pravi-veli-zare-od-eden-na-eden/

6. Костадин Костадинов и Марија

Без својата Марија остана и струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов. Иако по долгогодишната врска и по ланското запросување, двојката наскоро требаше да застане пред олтар, неодамна тие раскинаа. Гласините се дека убавата битолчанка сфатила дека во Струмица нема живот за неа, па оставајќи го Косте замина надвор од Македонија.

7. Туна

Пејачката Туна Сејдиу годинава стави крај и на вториот брак. Нејзината врска со сопругот Патрис Бериша, музичар од Косово, подолго време не функционирала, па Туна била таа која се решила да стават крај на нивната љубовна романса. https://republika.mk/zivot/semejstvo/propadna-i-vtoriot-brak-tuna-sejdiu-se-razvede-od-kosovskiot-muzichar-patris/

8. Саше Политико

Самонаречениот новинар по турбулентните години во љубовта, годинава доби документи за развод. Веста ја објави адвокатот Јанаки Митревски, кој порача дека едвај чека да се видат во суд и дека „Кармата е кучка“. https://republika.mk/zivot/semejstvo/se-sakaa-se-tepaa-na-kraj-se-razveduvaat/

The post Тамара, Антониа, Иванна… – 2022 кобна за долгогодишните врски од македонската естрада appeared first on Република.

]]>
Најчести причини поради кои мажите раскинуваат https://arhiva3.republika.mk/zivot/psihologija/najchesti-prichini-poradi-koi-mazite-raskinuvaat/ Wed, 29 Jun 2022 20:45:21 +0000 https://republika.mk/?p=521321

Кои се најчестите причини зошто мажот одлучува да ја прекине врската и да замине?

Прекумерни забелешки

Замерките не се невообичаени од време на време, но тие можат да бидат крајно фрустрирачки ако се повторат. Никој не сака да слуша врескање и прекорување секој ден! Желбата да се контролира и наметне сопственото мислење може да ја избрка личноста која не сака, доколку создадеме нездрава атмосфера во која е невозможно да се живее мирно. Направете компромис или избројте до 10 пред да реагирате бурно.

Присилување на брак

Жените сакаат сигурност и по некое време ќе почнат да размислуваат за брак и деца. Меѓутоа, ако почнете премногу да ја форсирате врската и да создавате притисок, тоа може да го исплаши мажот до вас. Секако, тоа не значи дека ги задушувате емоциите и желбите, туку да размислите дали премногу форсирате нешто посериозно и дали очекувате премногу од врската која не трае долго.

Нема страст во креветот

Важен аспект на врската е сексот. Ако со текот на времето тоа стане рутина без емоции и страст, може да влијае на целата врска. Разговарајте со партнерот, внесете малку освежување и бидете подготвени да ја прекинете рутината.

Простор за себе

Нема ништо поубаво на светот од тоа да поминуваме време со саканата личност. Но запомнете дека секогаш треба да одвоите време за себе. Кога сте секогаш достапни, постојано инсистирате на средби и немате ваше хоби и време за себе – многу лесно можете да ѝ досадите на саканата личност.

The post Најчести причини поради кои мажите раскинуваат appeared first on Република.

]]>

Кои се најчестите причини зошто мажот одлучува да ја прекине врската и да замине? Прекумерни забелешки Замерките не се невообичаени од време на време, но тие можат да бидат крајно фрустрирачки ако се повторат. Никој не сака да слуша врескање и прекорување секој ден! Желбата да се контролира и наметне сопственото мислење може да ја избрка личноста која не сака, доколку создадеме нездрава атмосфера во која е невозможно да се живее мирно. Направете компромис или избројте до 10 пред да реагирате бурно. Присилување на брак Жените сакаат сигурност и по некое време ќе почнат да размислуваат за брак и деца. Меѓутоа, ако почнете премногу да ја форсирате врската и да создавате притисок, тоа може да го исплаши мажот до вас. Секако, тоа не значи дека ги задушувате емоциите и желбите, туку да размислите дали премногу форсирате нешто посериозно и дали очекувате премногу од врската која не трае долго. Нема страст во креветот Важен аспект на врската е сексот. Ако со текот на времето тоа стане рутина без емоции и страст, може да влијае на целата врска. Разговарајте со партнерот, внесете малку освежување и бидете подготвени да ја прекинете рутината. Простор за себе Нема ништо поубаво на светот од тоа да поминуваме време со саканата личност. Но запомнете дека секогаш треба да одвоите време за себе. Кога сте секогаш достапни, постојано инсистирате на средби и немате ваше хоби и време за себе – многу лесно можете да ѝ досадите на саканата личност.

The post Најчести причини поради кои мажите раскинуваат appeared first on Република.

]]>
Не кријам дека раскинав стара врска, но не сум човек што цело време објавува со кого е и што прави вели Жаре од „Еден на Еден“ https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/ne-krijam-deka-raskinav-stara-vrska-no-ne-sum-chovek-shto-celo-vreme-objavuva-so-kogo-e-i-shto-pravi-veli-zare-od-eden-na-eden/ Fri, 13 May 2022 21:37:07 +0000 https://republika.mk/?p=502088

Водителот и бизнисмен Жарко Димитриоски од „Еден на Еден“ во интервју за „Женски магазин“ за првпат искрено зборува во јавноста дека по подолго време е повторно „сингл“, по раскинувањето на долгогодишната врска. Според него, ниедна врска нема смисла на долг рок, ако немаш вистински, искрен партнер покрај себе.

Не го кријам воопшто раскинувањето. Едноставно, не сум човек што цело време слика и објавува кај е, со кого е и што прави. И да ти кажам, од тоа не сум видел некој зијан. Инаку, се разбира дека знаат тие што треба и тие луѓе што ми се поблиски. Растрчани се, бараат девојки под дрво и под камен, ако знаеш некое добро девојче кажи. Бевме долго време заедно и поминавме убав период. Јавна личност или не, не правам разлика, ако двајцата луѓе се доволно зрели ќе најдат начин да се разделат човечки и со разбирање. Тоа подразбира и да останат пријатели, а секако подразбира да задржат коректен однос, вели Димитриоски.

На прашањето што е тоа што може да направи да опстане или да престане една сериозна врска, одговара:

Секоја врска е партнерство. Добрата врска е цврсто и сигурно партнерство. Мое длабоко убедување е дека клучно е да знаеш и да си уверен дека имаш вистински, искрен партнер покрај себе. Без тоа ниедна врска нема смисла на долг рок и подобро е да заврши.

Додава и дека е отворен за нова врска.

Целото интервју на „Женски магазин

The post Не кријам дека раскинав стара врска, но не сум човек што цело време објавува со кого е и што прави вели Жаре од „Еден на Еден“ appeared first on Република.

Додава и дека е отворен за нова врска. Целото интервју на „Женски магазин

The post Не кријам дека раскинав стара врска, но не сум човек што цело време објавува со кого е и што прави вели Жаре од „Еден на Еден“ appeared first on Република.

]]>