раскинат Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/raskinat/ За подобро да се разбереме Mon, 10 Jul 2023 14:47:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png раскинат Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/raskinat/ 32 32 Министерство за здравство: Раскинат е договорот за изградба на болницата во Штип, ќе се распише нов тендер https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerstvo-za-zdravstvo-raskinat-e-dogovorot-za-izgradba-na-bolnitsata-vo-shtip-ke-se-raspishe-nov-tender/ Mon, 10 Jul 2023 14:47:57 +0000 https://republika.mk/?p=659791

Дговорот за изградба на новата штипска болница е раскинат на 29 јуни годинава и во тек е пресек на активностите , по што ќе се распише нов тендер, соопштија од Министерството за здравство.

Ве известуваме дека договорот со изведувачот ИНТРАКАТ за новата штипска болница е раскинат на 29.06.2023. Потребно е да се направи преглед, односно пресек на активностите, по што ќе се распише тендер за нов изведувач, согласно заклучок од Влада. Во рок од 42 дена треба да се достави ,,Проект на изведена состојба’’, да се подготви нова тендерска документација и во рок од 30 дена да се објави нова јавна набавка, соопшти Министерството за здравство.

Оттаму велат дека поднесени се барања за активирање банкарски гаранции, во износ од шест милиони евра и тие се реализирани. Рокот за изградба бил 30.06.2023, а досега се реализирани само 30 отсто.

Роковите за изградба на болницата се неколку пати пробиени. Првично болницата требаше да биде изградена до 2018 година а потоа крајниот рок беше продолжен до 2023 и таа се уште не е завршена.

Проектот требаше да чини околу 34 милиони евра, делумно финансиран преку заем од банката на Совет на Европа. Но, пред две години банката се повлече, а финансирањето на овој објект продолжи со средства од буџетот.

The post Министерство за здравство: Раскинат е договорот за изградба на болницата во Штип, ќе се распише нов тендер appeared first on Република.

]]>

Дговорот за изградба на новата штипска болница е раскинат на 29 јуни годинава и во тек е пресек на активностите , по што ќе се распише нов тендер, соопштија од Министерството за здравство.
Ве известуваме дека договорот со изведувачот ИНТРАКАТ за новата штипска болница е раскинат на 29.06.2023. Потребно е да се направи преглед, односно пресек на активностите, по што ќе се распише тендер за нов изведувач, согласно заклучок од Влада. Во рок од 42 дена треба да се достави ,,Проект на изведена состојба’’, да се подготви нова тендерска документација и во рок од 30 дена да се објави нова јавна набавка, соопшти Министерството за здравство.
Оттаму велат дека поднесени се барања за активирање банкарски гаранции, во износ од шест милиони евра и тие се реализирани. Рокот за изградба бил 30.06.2023, а досега се реализирани само 30 отсто. Роковите за изградба на болницата се неколку пати пробиени. Првично болницата требаше да биде изградена до 2018 година а потоа крајниот рок беше продолжен до 2023 и таа се уште не е завршена. Проектот требаше да чини околу 34 милиони евра, делумно финансиран преку заем од банката на Совет на Европа. Но, пред две години банката се повлече, а финансирањето на овој објект продолжи со средства од буџетот.

The post Министерство за здравство: Раскинат е договорот за изградба на болницата во Штип, ќе се распише нов тендер appeared first on Република.

]]>