раскази Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/raskazi/ За подобро да се разбереме Tue, 31 Jan 2023 13:26:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png раскази Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/raskazi/ 32 32 Претставата „Скопјани“ работена според расказите на Оливера Ќорвезироска вечерва во „Јавна соба“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pretstavata-skopjani-rabotena-spored-raskazite-na-olivera-korveziroska-vecherva-vo-javna-soba/ Tue, 31 Jan 2023 13:26:46 +0000 https://republika.mk/?p=603001

Четврта изведба на театарската претстава „Скопјани“ ќе се одржи вечер, во 20 часот, во „Јавна соба“. Претставата е колективно авторство и драматизација на раскази од збирката „Улиците што ги нема“ на Оливера Ќорвезироска, во режија на Милош Б. Андоновски. Улогите ги играат: Филип Христовски, Нина Елзесер, Виктор Велевски, Јанка Лефкова, Христијан Поп-Симонов, Ангела Стојановска.
Драматургијата и драматизацијата на расказите се на Ивана Нелковска и на Милош Андоновски. Драматургијата на личните приказни е на Ева Камчевска.
Костимографка е Ирина Тошева, асистентка на костимографија Ива Ивановска
сценограф Мартин Манев, асистентка на сценографија Симона Димковска.
Проектот финансиски е поддржан од Министерството за култура на РСМ и Град Скопје.

Претставата „Скопјани“ е резултат на истражувачки и експериментален процес во кој актерската екипа, разработувајќи ги расказите на Ќорвезироска, споделува и лични приказни, доживувања и искуства од градот Скопје; ги преиспитува и ги бара одликите на денешните скопјани и духот на денешно Скопје. Оваа претстава не зборува за „старо Скопје“, за ослободувањето на Скопје, за земјотресот и Кензо Танге, туку за градот денес. Го согледува односот на локалците и дојденците, нивните перцепции за градот, нивните недоразбирања и соживот – вели Милош Андоновски, режисер на претставата.

Талкајќи низ улиците, преку мостовите и покрај плоштадите пристигнуваме во секојдневието на луѓето што го сочинуваат градот. Шест актери преку своите животи се нурнуваат во приказните за други лица што се жители на истиот град.

Водејќи се низ наративната мапа на „Улиците што ги нема“ од Оливера Ќорвезироска создадовме приказна за нас, за тоа што е сега, за тоа што останало изгубено, за нешто што постојано се трансформира и за тоа што ни е заедничко – вели Ивана Нелковска, која ја направи драматизацијата на расказите.

The post Претставата „Скопјани“ работена според расказите на Оливера Ќорвезироска вечерва во „Јавна соба“ appeared first on Република.

]]>

Четврта изведба на театарската претстава „Скопјани“ ќе се одржи вечер, во 20 часот, во „Јавна соба“. Претставата е колективно авторство и драматизација на раскази од збирката „Улиците што ги нема“ на Оливера Ќорвезироска, во режија на Милош Б. Андоновски. Улогите ги играат: Филип Христовски, Нина Елзесер, Виктор Велевски, Јанка Лефкова, Христијан Поп-Симонов, Ангела Стојановска. Драматургијата и драматизацијата на расказите се на Ивана Нелковска и на Милош Андоновски. Драматургијата на личните приказни е на Ева Камчевска. Костимографка е Ирина Тошева, асистентка на костимографија Ива Ивановска сценограф Мартин Манев, асистентка на сценографија Симона Димковска. Проектот финансиски е поддржан од Министерството за култура на РСМ и Град Скопје.
Претставата „Скопјани“ е резултат на истражувачки и експериментален процес во кој актерската екипа, разработувајќи ги расказите на Ќорвезироска, споделува и лични приказни, доживувања и искуства од градот Скопје; ги преиспитува и ги бара одликите на денешните скопјани и духот на денешно Скопје. Оваа претстава не зборува за „старо Скопје“, за ослободувањето на Скопје, за земјотресот и Кензо Танге, туку за градот денес. Го согледува односот на локалците и дојденците, нивните перцепции за градот, нивните недоразбирања и соживот – вели Милош Андоновски, режисер на претставата.
Талкајќи низ улиците, преку мостовите и покрај плоштадите пристигнуваме во секојдневието на луѓето што го сочинуваат градот. Шест актери преку своите животи се нурнуваат во приказните за други лица што се жители на истиот град.
Водејќи се низ наративната мапа на „Улиците што ги нема“ од Оливера Ќорвезироска создадовме приказна за нас, за тоа што е сега, за тоа што останало изгубено, за нешто што постојано се трансформира и за тоа што ни е заедничко – вели Ивана Нелковска, која ја направи драматизацијата на расказите.

The post Претставата „Скопјани“ работена според расказите на Оливера Ќорвезироска вечерва во „Јавна соба“ appeared first on Република.

]]>
Промоција на збирката раскази „Скопје во високата зона“ од Калина Малеска во „Буква“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promocija-na-zbirkata-raskazi-skopje-vo-visokata-zona-od-kalina-maleska-vo-bukva/ Wed, 13 Apr 2022 07:12:14 +0000 https://republika.mk/?p=487637

Збирката раскази „Скопје во високата зона“ од авторката Калина Малеска ќе биде промовирана во кафе-книжарницата „Буква“ на 13 април, среда.

Промоторка на збирката издадена од „Или-или“ е Лидија Капушевска Дракулевска, а промоцијата ќе започне во 20 часот.

Капушевска-Дракулевска објаснува дека збирката се состои од раскази разнородни по структурата и наративните методи, а содржат утописки, дистописки елементи, реинтерпретација на постоечки бајки, лични доживувања, како и слики на специфични моменти од животот.

„Расказите низ четири циклуси, се сосредоточени на различни визии што временски и просторно се шират во и околу Скопје, истражуваат различни потенцијални начини на постоење и доживување на искуствата, како можност за трансформирање на постоечките перспективи и светогледи“, се вели во освртот.

Владимир Мартиновски се надоврзува дека авторката создала еден вид на скопски „времеплов“,  во кој низ фикционална призма читателите можат да ги следат не само трансформациите на урбаниот простор, ами и промените на навиките, сфаќањата, меѓучовечките односи, менталитетите, вредносните системи и светогледите на скопјани низ вековите.

Калина Малеска е авторка на три збирки раскази –  „Недоразбирања“ (Македонска книга, 1998), „Именување на инсектот“ (Слово, 2008) и „Мојот непријател Итар Пејо“ (Или-Или, 2016), романите „Бруно и боите“ (Слово, 2006) и „Призраци со срмени нишки“ (Слово, 2014), драмата „Случка меѓу настани: Хипатија од Александрија“ (Слово, 2010), книгата за деца „Арно ама“ (Или-Или, 2018) и книжевната студија „Облици на моќ во современата книжевност“ (Или-Или, 2020).

Малеска е професорка по англиска книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје, а нејзини статии поврзани за книжевни истражувања се објавени во домашни и меѓународни списанија. Се занимава и со книжевни преводи, а некои од делата што ги превела се „Тристрам Шенди“ од Лоренс Стерн, раскази од Амброуз Бирс и „Волшебникот од Оз“ од Л. Френк Баум.

The post Промоција на збирката раскази „Скопје во високата зона“ од Калина Малеска во „Буква“ appeared first on Република.

]]>

Збирката раскази „Скопје во високата зона“ од авторката Калина Малеска ќе биде промовирана во кафе-книжарницата „Буква“ на 13 април, среда. Промоторка на збирката издадена од „Или-или“ е Лидија Капушевска Дракулевска, а промоцијата ќе започне во 20 часот. Капушевска-Дракулевска објаснува дека збирката се состои од раскази разнородни по структурата и наративните методи, а содржат утописки, дистописки елементи, реинтерпретација на постоечки бајки, лични доживувања, како и слики на специфични моменти од животот. „Расказите низ четири циклуси, се сосредоточени на различни визии што временски и просторно се шират во и околу Скопје, истражуваат различни потенцијални начини на постоење и доживување на искуствата, како можност за трансформирање на постоечките перспективи и светогледи“, се вели во освртот. Владимир Мартиновски се надоврзува дека авторката создала еден вид на скопски „времеплов“,  во кој низ фикционална призма читателите можат да ги следат не само трансформациите на урбаниот простор, ами и промените на навиките, сфаќањата, меѓучовечките односи, менталитетите, вредносните системи и светогледите на скопјани низ вековите. Калина Малеска е авторка на три збирки раскази –  „Недоразбирања“ (Македонска книга, 1998), „Именување на инсектот“ (Слово, 2008) и „Мојот непријател Итар Пејо“ (Или-Или, 2016), романите „Бруно и боите“ (Слово, 2006) и „Призраци со срмени нишки“ (Слово, 2014), драмата „Случка меѓу настани: Хипатија од Александрија“ (Слово, 2010), книгата за деца „Арно ама“ (Или-Или, 2018) и книжевната студија „Облици на моќ во современата книжевност“ (Или-Или, 2020). Малеска е професорка по англиска книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје, а нејзини статии поврзани за книжевни истражувања се објавени во домашни и меѓународни списанија. Се занимава и со книжевни преводи, а некои од делата што ги превела се „Тристрам Шенди“ од Лоренс Стерн, раскази од Амброуз Бирс и „Волшебникот од Оз“ од Л. Френк Баум.

The post Промоција на збирката раскази „Скопје во високата зона“ од Калина Малеска во „Буква“ appeared first on Република.

]]>