расизам Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rasizam/ За подобро да се разбереме Thu, 18 Apr 2024 20:12:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png расизам Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rasizam/ 32 32 УЕФА ја казни Барселона за расистичките испади на навивачите https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/uefa-ja-kazni-barselona-za-rasistichkite-ispadi-na-navivachite/ Thu, 18 Apr 2024 21:02:42 +0000 https://republika.mk/?p=767754

Европската фудбалска централа (УЕФА) ја казни Барселона поради расистичките испади на нејзините навивачи во Париз за време на четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против ПСЖ, објави УЕФА на својата веб-страница.

Покрај расизмот, Барселона е казнета и за палење ракети и оштетување на стадионот од страна на своите навивачи. Шпанскиот клуб е казнет со вкупно 32.000 евра.

Барселона ќе мора да стапи во контакт со ПСЖ во следните 30 дена за да ја санира штетата што ја предизвикаа нивните симпатизери на стадионот „Парк де Пренс“.

Во првиот меч во Париз Барселона победи со 3:2, но ПСЖ се пласираше во полуфиналето со победата од 4:1 во реваншот во Барселона.

The post УЕФА ја казни Барселона за расистичките испади на навивачите appeared first on Република.

]]>

Европската фудбалска централа (УЕФА) ја казни Барселона поради расистичките испади на нејзините навивачи во Париз за време на четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против ПСЖ, објави УЕФА на својата веб-страница. Покрај расизмот, Барселона е казнета и за палење ракети и оштетување на стадионот од страна на своите навивачи. Шпанскиот клуб е казнет со вкупно 32.000 евра. Барселона ќе мора да стапи во контакт со ПСЖ во следните 30 дена за да ја санира штетата што ја предизвикаа нивните симпатизери на стадионот „Парк де Пренс“. Во првиот меч во Париз Барселона победи со 3:2, но ПСЖ се пласираше во полуфиналето со победата од 4:1 во реваншот во Барселона.

The post УЕФА ја казни Барселона за расистичките испади на навивачите appeared first on Република.

]]>
Замислете белец да го направеше ова: Ограничен влезот за белци на претстава за расизам https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zamislete-belets-da-go-napraveshe-ova-ogranichen-vlezot-za-beltsi-na-pretstava-za-rasizam/ Mon, 04 Mar 2024 09:13:14 +0000 https://republika.mk/?p=750976

На белците им бил ограничен влезот на две изведби на претстава за расизмот и сексуалноста во лондонската населба Вест Енд. Кабинетот на премиерот на Велика Британија, Риши Сунак го осуди потегот како поттик на поделби.

Претставата на авторот Џереми Харис, кој инаку е црнец, под наслов „Игра на робови“ (Slave Play) ќе се прикажува во театарот „Ноел Кауард“ во Лондон, од јуни до септември. А, двете претстави на 17 јули и 17 септември се резервирани за „припадници на црнечкото население“, според одлуката на авторот.

Замислата е дека ова е ноќ кога конкретно ги покануваме црнците да го пополнат просторот, да се чувствуваат безбедно со многу други луѓе со темна кожа на место каде што често не се чувствуваат безбедно, нагласи Харис за Би-би-си.

Тој додаде дека гледачите со темна кожа може да донесат белци - партнери или пријатели.

Следеше осудата од британските власти.

Јасно е дека ограничувањето на публиката врз основа на раса е погрешно и би значело поделба, изјави портпаролот на премиерот.

На прашањето - дали Владата ќе размисли за откажување на јавното финансирање за театрите коишто се занимаваат со таква дискриминација, портпаролот не понуди јасен одговор „да“ или „не", пренесува „Кликс“.

The post Замислете белец да го направеше ова: Ограничен влезот за белци на претстава за расизам appeared first on Република.

]]>

На белците им бил ограничен влезот на две изведби на претстава за расизмот и сексуалноста во лондонската населба Вест Енд. Кабинетот на премиерот на Велика Британија, Риши Сунак го осуди потегот како поттик на поделби. Претставата на авторот Џереми Харис, кој инаку е црнец, под наслов „Игра на робови“ (Slave Play) ќе се прикажува во театарот „Ноел Кауард“ во Лондон, од јуни до септември. А, двете претстави на 17 јули и 17 септември се резервирани за „припадници на црнечкото население“, според одлуката на авторот.
Замислата е дека ова е ноќ кога конкретно ги покануваме црнците да го пополнат просторот, да се чувствуваат безбедно со многу други луѓе со темна кожа на место каде што често не се чувствуваат безбедно, нагласи Харис за Би-би-си.
Тој додаде дека гледачите со темна кожа може да донесат белци - партнери или пријатели. Следеше осудата од британските власти.
Јасно е дека ограничувањето на публиката врз основа на раса е погрешно и би значело поделба, изјави портпаролот на премиерот.
На прашањето - дали Владата ќе размисли за откажување на јавното финансирање за театрите коишто се занимаваат со таква дискриминација, портпаролот не понуди јасен одговор „да“ или „не", пренесува „Кликс“.

The post Замислете белец да го направеше ова: Ограничен влезот за белци на претстава за расизам appeared first on Република.

]]>
Севиља исфрли навивач поради расизам https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/sevila-isfrli-navivach-poradi-rasizam/ Sun, 22 Oct 2023 17:58:30 +0000 https://republika.mk/?p=693972

Шпанскиот фудбалски прволигаш Севиља исфрли навивач од својот стадион и против него поднесе пријава во полицијата поради наводно „ксенофобично и расистичко однесување“ за време на саботниот прволигашки дуел против Реал Мадрид (1-1).

Севиља во соопштението не прецизираше повеќе детали, ниту кој бил цел на расистички напад.

„Го осудуваме секое ксенофобично и расистичко однесување, дури и во изолирани случаи, каков што беше овој, и изразуваме подготвеност да соработуваме со властите на искоренување на таквото однесување“, соопшти Севиља.

Фудбалерот на Реал, Винисиус, во минатото повеќе пати беше цел на расистички навреди од противнички навивачи.

The post Севиља исфрли навивач поради расизам appeared first on Република.

]]>

Шпанскиот фудбалски прволигаш Севиља исфрли навивач од својот стадион и против него поднесе пријава во полицијата поради наводно „ксенофобично и расистичко однесување“ за време на саботниот прволигашки дуел против Реал Мадрид (1-1). Севиља во соопштението не прецизираше повеќе детали, ниту кој бил цел на расистички напад.
„Го осудуваме секое ксенофобично и расистичко однесување, дури и во изолирани случаи, каков што беше овој, и изразуваме подготвеност да соработуваме со властите на искоренување на таквото однесување“, соопшти Севиља.
Фудбалерот на Реал, Винисиус, во минатото повеќе пати беше цел на расистички навреди од противнички навивачи.

The post Севиља исфрли навивач поради расизам appeared first on Република.

]]>
Ширел расистички и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем: Вевчанец повикан на информативен разговор по пријава од „Меѓаши“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/shirel-rasistichki-i-ksenofobichen-materijal-preku-kompjuterski-sistem-vevchanets-povikan-na-informativen-razgovor-po-prijava-od-megashi/ Sun, 27 Aug 2023 17:17:29 +0000 https://republika.mk/?p=676404

Во ОВР Струга е извршен службен разговор со Р.С.(36) од Вевчани по поднесена пријава од Детска амбасада „Меѓаши“ и З.М. од Штип дека преку социјалната мрежа Фејсбук упатил коментари со кои сторил кривично дело по чл.394 од Кривичниот законик.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи во службениот разговор Р.С. го признал делото, обезбедени се потребните докази и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Струга за ширење на расистички и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем.

The post Ширел расистички и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем: Вевчанец повикан на информативен разговор по пријава од „Меѓаши“ appeared first on Република.

]]>

Во ОВР Струга е извршен службен разговор со Р.С.(36) од Вевчани по поднесена пријава од Детска амбасада „Меѓаши“ и З.М. од Штип дека преку социјалната мрежа Фејсбук упатил коментари со кои сторил кривично дело по чл.394 од Кривичниот законик. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи во службениот разговор Р.С. го признал делото, обезбедени се потребните докази и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Струга за ширење на расистички и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем.

The post Ширел расистички и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем: Вевчанец повикан на информативен разговор по пријава од „Меѓаши“ appeared first on Република.

]]>
„Тесла“ казнета поради расистичка злоупотреба, на поранешен вработен мора да му плати 3,2 милиони долари https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tesla-kazneta-poradi-rasistichka-zloupotreba-na-poraneshen-vraboten-mora-da-mu-plati-3-2-milioni-dolari/ Sat, 08 Apr 2023 18:35:20 +0000 https://republika.mk/?p=628798

Производителот на електрични автомобили „Тесла“ доби наредба да плати речиси 3,2 милиони долари на поранешен вработен Афроамериканец, откако тој ја доби тужбата за расно вознемирување.

Овен Дијаз, оператор со лифтови од 2015 до 2016 година во фабриката во Фремонт, бил подложен на расно непријателско работно опкружување, утврди федералната порота.

Сепак, исплатата беше намалена за 98 отсто од 137 милиони долари што првично му беа доделени во 2021 година. Судијата минатата година пресуди дека првичната сума е превисока.

Во понеделникот на Дијаз му беа доделени три милиони долари за казнена отштета и 175.000 долари за отштета од емоционална вознемиреност.

Да ни беше дозволено да воведеме нови докази, пресудата ќе беше нула. Поротата направи најдобро што можеше со информациите што ги имаше. Ја почитувам одлуката“, објави извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск на Твитер.

Маск не даде детали за тоа какви нови докази ќе презентира „Тесла“.

Во првичната тужба, Дијаз тврдеше дека афроамериканските работници „наишле на сцена директно од ерата на Џим Кроу“ во фабриката на компанијата во Фремонт, Калифорнија. Тој тврдеше дека овие работници редовно се соочуваат со расистичка злоупотреба во фабриката и расистички графити во бањите.

Во тужбата, исто така, беше наведено дека афроамериканскиот персонал работел со расистички историски имиња, како што е „плантажата“. Се вели дека еден работник слушал расни навреди „50-100 пати на ден“.

Во 2021 година, федералниот суд во Сан Франциско утврди дека „Тесла“ не презел разумни чекори за да се справи со злоупотребата и покрај жалбите до супервизорите. Поротата му додели на Дијаз отштета од 137 милиони долари. Во тоа време, „Тесла“ ја оспори пресудата, но соопшти дека признава оти „не е совршена“.

Во април 2022 година, американски федерален судија ја намали наградата на Дијаз на 15 милиони долари и рече дека надоместокот за кој поротниците одлучиле е „исклучително висока“.

Бернард Александер, адвокатот на Дијаз, минатата недела изјави дека „погледот на Дијаз за светот е трајно променет, што се случува кога некому му ја одземате безбедноста“.

Александар ги повика поротниците да му доделат отштета на неговиот клиент од речиси 160 милиони долари. Сепак, адвокатот на „Тесла“, тврдеше дека адвокатите на Дијаз не успеале да докажат дека „Тесла“ предизвикала сериозна, долгорочна штета.

Тие само фрлаат бројки на екранот како да е некој вид на игра“, изјави адвокатот на „Тесла“.

The post „Тесла“ казнета поради расистичка злоупотреба, на поранешен вработен мора да му плати 3,2 милиони долари appeared first on Република.

]]>

Производителот на електрични автомобили „Тесла“ доби наредба да плати речиси 3,2 милиони долари на поранешен вработен Афроамериканец, откако тој ја доби тужбата за расно вознемирување. Овен Дијаз, оператор со лифтови од 2015 до 2016 година во фабриката во Фремонт, бил подложен на расно непријателско работно опкружување, утврди федералната порота. Сепак, исплатата беше намалена за 98 отсто од 137 милиони долари што првично му беа доделени во 2021 година. Судијата минатата година пресуди дека првичната сума е превисока. Во понеделникот на Дијаз му беа доделени три милиони долари за казнена отштета и 175.000 долари за отштета од емоционална вознемиреност.
Да ни беше дозволено да воведеме нови докази, пресудата ќе беше нула. Поротата направи најдобро што можеше со информациите што ги имаше. Ја почитувам одлуката“, објави извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск на Твитер.
Маск не даде детали за тоа какви нови докази ќе презентира „Тесла“. Во првичната тужба, Дијаз тврдеше дека афроамериканските работници „наишле на сцена директно од ерата на Џим Кроу“ во фабриката на компанијата во Фремонт, Калифорнија. Тој тврдеше дека овие работници редовно се соочуваат со расистичка злоупотреба во фабриката и расистички графити во бањите. Во тужбата, исто така, беше наведено дека афроамериканскиот персонал работел со расистички историски имиња, како што е „плантажата“. Се вели дека еден работник слушал расни навреди „50-100 пати на ден“. Во 2021 година, федералниот суд во Сан Франциско утврди дека „Тесла“ не презел разумни чекори за да се справи со злоупотребата и покрај жалбите до супервизорите. Поротата му додели на Дијаз отштета од 137 милиони долари. Во тоа време, „Тесла“ ја оспори пресудата, но соопшти дека признава оти „не е совршена“. Во април 2022 година, американски федерален судија ја намали наградата на Дијаз на 15 милиони долари и рече дека надоместокот за кој поротниците одлучиле е „исклучително висока“. Бернард Александер, адвокатот на Дијаз, минатата недела изјави дека „погледот на Дијаз за светот е трајно променет, што се случува кога некому му ја одземате безбедноста“. Александар ги повика поротниците да му доделат отштета на неговиот клиент од речиси 160 милиони долари. Сепак, адвокатот на „Тесла“, тврдеше дека адвокатите на Дијаз не успеале да докажат дека „Тесла“ предизвикала сериозна, долгорочна штета. Тие само фрлаат бројки на екранот како да е некој вид на игра“, изјави адвокатот на „Тесла“.

The post „Тесла“ казнета поради расистичка злоупотреба, на поранешен вработен мора да му плати 3,2 милиони долари appeared first on Република.

]]>
Морала да оди во тоалет преку прозорецот: Поранешната латино чистачка го тужи Џеф Безос за расизам и дискриминација https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/morav-da-odam-vo-toalet-preku-prozorecot-poraneshnata-latino-chistachka-go-tuzi-dzef-bezos-za-rasizam-i-diskriminacija/ Fri, 04 Nov 2022 19:28:47 +0000 https://republika.mk/?p=569715

Основачот на Амазон и еден од најбогатите луѓе во светот, Џеф Безос, е тужен од страна на поранешна чистачка која тврди дека била изложена на расна дискриминација и била присилувана редовно да излегува преку прозорецот од пералната за да оди во тоалет. Наводно, не и било дозволено да влегува во куќата на милијардерот освен во деновите кога имала задача да чисти.

Мерцедес Веда, која три години работела за Безос во неговата вила во Сиетл, во поднесената тужба тврди дека таа и другиот латиноамерикански персонал биле третирани поинаку од „белите“.

Таа тврди дека управителот на куќата на Безос станал агресивен кон неа, додека од друга страна бил пристоен со другите работници и ги почитувал.

Адвокатот на Безос ги демантирал овие тврдења и истакнал дека Веда е дискриминирана на основ на нејзиниот расен апсурд.

Веда, која почнала да работи во домот на Безос во 2019 година, рекла дека редовно морала да работи од 10 до 14 часа без пауза за ручек или одмор доколку Безос и неговото семејство биле дојдени во куќата.

Во тужбата се наведува дека немало посебна соба за одмор, како и дека персоналот морал да јаде во пералната. Таа тврди и дека не и било дозволено да влезе во куќата освен „ако не чисти“ што го отежнувало одењето во тоалет и резултирало со здравствени проблеми.

Околу 18 месеци, за да користи бања, тужителката и другите од персоналот биле приморани да поминуваат преку прозорецот од пералната, се наведува во тужбата.

Во неа се додава дека поради целата ситуација таа често не одела во тоалет што довело до често развивање на инфекција на мочниот канал.

The post Морала да оди во тоалет преку прозорецот: Поранешната латино чистачка го тужи Џеф Безос за расизам и дискриминација appeared first on Република.

]]>

Основачот на Амазон и еден од најбогатите луѓе во светот, Џеф Безос, е тужен од страна на поранешна чистачка која тврди дека била изложена на расна дискриминација и била присилувана редовно да излегува преку прозорецот од пералната за да оди во тоалет. Наводно, не и било дозволено да влегува во куќата на милијардерот освен во деновите кога имала задача да чисти. Мерцедес Веда, која три години работела за Безос во неговата вила во Сиетл, во поднесената тужба тврди дека таа и другиот латиноамерикански персонал биле третирани поинаку од „белите“. Таа тврди дека управителот на куќата на Безос станал агресивен кон неа, додека од друга страна бил пристоен со другите работници и ги почитувал. Адвокатот на Безос ги демантирал овие тврдења и истакнал дека Веда е дискриминирана на основ на нејзиниот расен апсурд. Веда, која почнала да работи во домот на Безос во 2019 година, рекла дека редовно морала да работи од 10 до 14 часа без пауза за ручек или одмор доколку Безос и неговото семејство биле дојдени во куќата. Во тужбата се наведува дека немало посебна соба за одмор, како и дека персоналот морал да јаде во пералната. Таа тврди и дека не и било дозволено да влезе во куќата освен „ако не чисти“ што го отежнувало одењето во тоалет и резултирало со здравствени проблеми.
Околу 18 месеци, за да користи бања, тужителката и другите од персоналот биле приморани да поминуваат преку прозорецот од пералната, се наведува во тужбата.
Во неа се додава дека поради целата ситуација таа често не одела во тоалет што довело до често развивање на инфекција на мочниот канал.

The post Морала да оди во тоалет преку прозорецот: Поранешната латино чистачка го тужи Џеф Безос за расизам и дискриминација appeared first on Република.

]]>
Расистичка порака на фискална сметка го згрозила келнерот, гостинот избркан за цел живот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rasistichka-poraka-na-fiskalna-smetka-go-zgrozila-kelnerot-gostinot-izbrkan-za-cel-zivot/ Wed, 22 Jun 2022 11:49:10 +0000 https://republika.mk/?p=518441

Ресторан во Тексас трајно му го забранил доаѓањето на гостин кој оставил расистичка порака до келнерот на фисдкална сметка на која напишал „не даваме бакшиш на терористи“, пренесува „Индипендент“.

Своето лошо искуство келнерот го објавил на Фејсбук, каде што објавил дека „му се слошило“ кога се вратил на масата за сервирање и ја видел пораката на сметката.

Не знаев што да мислам и што да кажам, само ми се слоши. Ја споделувам оваа порака јавно затоа што сакам луѓето да разберат дека овој расизам и омраза сè уште постои - пишува келнерот.

Тој како доказ за слученото објавил фотографија како доказ дека гостите не оставиле бакшиш за сметката од 108,73 долари и дека намерно го заокружиле неговото име (Халил).

The post Расистичка порака на фискална сметка го згрозила келнерот, гостинот избркан за цел живот appeared first on Република.

]]>

Ресторан во Тексас трајно му го забранил доаѓањето на гостин кој оставил расистичка порака до келнерот на фисдкална сметка на која напишал „не даваме бакшиш на терористи“, пренесува „Индипендент“. Своето лошо искуство келнерот го објавил на Фејсбук, каде што објавил дека „му се слошило“ кога се вратил на масата за сервирање и ја видел пораката на сметката.
Не знаев што да мислам и што да кажам, само ми се слоши. Ја споделувам оваа порака јавно затоа што сакам луѓето да разберат дека овој расизам и омраза сè уште постои - пишува келнерот.
Тој како доказ за слученото објавил фотографија како доказ дека гостите не оставиле бакшиш за сметката од 108,73 долари и дека намерно го заокружиле неговото име (Халил).

The post Расистичка порака на фискална сметка го згрозила келнерот, гостинот избркан за цел живот appeared first on Република.

]]>
Украински расизам кон Африканците: Нигеријка обвинува дека во автобусите за евакуација пуштаат само белци https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukrainski-rasizam-kon-afrikancite-nigerijka-obvinuva-deka-vo-avtobusite-za-evakuacija-pushtaat-samo-belci/ Sun, 13 Mar 2022 19:36:59 +0000 https://republika.mk/?p=472233

Нигериска студентка по медицина, која неодамна избегала од Украина, раскажува како таа и други Африканци биле запрени од вработени на автобуска станица во Украина, во нивниот обид да стигнат до границата со Полска.

Џесика Оракпо (23) ги обвинува украинските работници на автобуската дека им дозволувало само на белци да влезат во автобусите и дерка група од дваесетина Африканци биле принудени да останат на станицата. Многу други етнички групи раскажуваат слични приказни за расизам во изминатите две недели, додека се обидувале да побегнат од Украина, пишува магазинот „Пипл“.

Џесика, која живее во Украина од 2016 година и требало да дипломира во јуни, своето патување го почнала на 26 февруари, со само еден мал куфер, ранец и неколку основни работи, како вода, сок, слатки и ќебе. Таа заедно со пријателката Натаизија Нанјангве од Замбија, со такси тргнале на запад, кон граниниот премин Медика на полската граница.

Тие морале да пешачат значаен дел од патот откако возачот заглавил во сообраќајниот метеж и им рекол дека не може да продолжи понатаму. Пешачејќи по патот, еден возач им се смилувал и им понудил превоз до засолниште каде што преноќиле и за каде им рекол дека може да се качат на автобус што ќе ги одведе право во Полска.

Наредното утро заминале на автобуската станица во Мостиска во Украина, близу до границата, за да го фатат автобусот за Медика, веднаш преку полската граница.

Сепак, како што раскажува Џесика, тие две биле спречени во нивната намера затоа што не им било дозволено да влезат на станицата затоа што вработените на станицата им давале предност на белите Украинци.

Не те ни погледнуваа ако си Црнец. Оценуваа кој може да патува врз основа на бојата на кожата - вели Џесика.

https://www.youtube.com/watch?v=rUja0J6mMds&feature=emb_title

 

 

Do sada je ukupno 2,5 miliona pobeglo iz Ukrajine od početka invazije Vladimira Putina 24. februara – u najvećem egzodusu Evrope od Drugog svetskog rata.

The post Украински расизам кон Африканците: Нигеријка обвинува дека во автобусите за евакуација пуштаат само белци appeared first on Република.

]]>

Нигериска студентка по медицина, која неодамна избегала од Украина, раскажува како таа и други Африканци биле запрени од вработени на автобуска станица во Украина, во нивниот обид да стигнат до границата со Полска. Џесика Оракпо (23) ги обвинува украинските работници на автобуската дека им дозволувало само на белци да влезат во автобусите и дерка група од дваесетина Африканци биле принудени да останат на станицата. Многу други етнички групи раскажуваат слични приказни за расизам во изминатите две недели, додека се обидувале да побегнат од Украина, пишува магазинот „Пипл“. Џесика, која живее во Украина од 2016 година и требало да дипломира во јуни, своето патување го почнала на 26 февруари, со само еден мал куфер, ранец и неколку основни работи, како вода, сок, слатки и ќебе. Таа заедно со пријателката Натаизија Нанјангве од Замбија, со такси тргнале на запад, кон граниниот премин Медика на полската граница. Тие морале да пешачат значаен дел од патот откако возачот заглавил во сообраќајниот метеж и им рекол дека не може да продолжи понатаму. Пешачејќи по патот, еден возач им се смилувал и им понудил превоз до засолниште каде што преноќиле и за каде им рекол дека може да се качат на автобус што ќе ги одведе право во Полска. Наредното утро заминале на автобуската станица во Мостиска во Украина, близу до границата, за да го фатат автобусот за Медика, веднаш преку полската граница. Сепак, како што раскажува Џесика, тие две биле спречени во нивната намера затоа што не им било дозволено да влезат на станицата затоа што вработените на станицата им давале предност на белите Украинци.
Не те ни погледнуваа ако си Црнец. Оценуваа кој може да патува врз основа на бојата на кожата - вели Џесика.
https://www.youtube.com/watch?v=rUja0J6mMds&feature=emb_title     Do sada je ukupno 2,5 miliona pobeglo iz Ukrajine od početka invazije Vladimira Putina 24. februara – u najvećem egzodusu Evrope od Drugog svetskog rata.

The post Украински расизам кон Африканците: Нигеријка обвинува дека во автобусите за евакуација пуштаат само белци appeared first on Република.

]]>