Пожар предизвикале работници на градежна фирма при работа на плац во селото Раштак кога исекле кабел на ЕВН. Искрите при сечењето предизвикале пожар, која за среќа пожарот бил изгаснат.
„Вчера во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во с.Раштак, скопско. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека неколку лица градежни работници, кои биле ангажирани преку градежна фирма да работат на еден плац, исекле кабел за електрична енергија и од искрите настанал пожар при што биле опожарени сува трева, нискостеблеста шума и една бандера на ЕВН, која паднала и предизвикала пожар во дворовите од викенд куќите на Б.П.(69) и И.А.(56), двајцата од Скопје.
Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид бил извршен“, пишува во полицискиот билтен.
The post Градежни работници при работа на плац во село Раштак исекле кабел на ЕВН и предизвикале пожар appeared first on Република.
]]>The post Градежни работници при работа на плац во село Раштак исекле кабел на ЕВН и предизвикале пожар appeared first on Република.
]]>Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски денес беше во посета на населеното место Раштак каде што завршија градежните работи за поврзување на изградената бушотина со бунарите од кои населеното место добива вода.
За посетата, градоначалникот Стефковски објави на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:
Се решава проблемот со водоснабдувањето на Раштак!
Денес бев во посета на населеното место Раштак каде што завршија градежните работи и направената бушотина е поврзана со бунарите од кои населеното место добива вода.
Поставена е и потопна пумпа од докажано квалитетен европски производител и истата е спуштена на 60 метри
Завршија и градежните работи во кои се изгради нова водоводна линија од 350 метри.
Дополнително по скоро пет години повторно е ставена во функција пречистителната станица.
Изведувач на градежните работи е ЈКП Гази Баба.
Имајќи предвид дека е потребно да се обезбедат и нови капацитети на вода со ребалансот на буџетот обезбедивме нови средства за изградба на нова бушотина и нови пумпи.
Се интензивираат работите за решавање на водоснабдувањето на Раштак, а во следниот период ќе започнат градежните работи за подобрување на водоснабдувањето и на Брњарци.
Кога се работи со план и визија нема проблем за кој нема решение. Заедно со граѓаните продолжуваме да ја менуваме Гази Баба на подобро. – напиша Стефковски.
The post Стефковски: Се решава водоснабдувањето на Раштак appeared first on Република.
]]>The post Стефковски: Се решава водоснабдувањето на Раштак appeared first on Република.
]]>