раселување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/raseluvanje/ За подобро да се разбереме Sat, 18 Nov 2023 17:12:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png раселување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/raseluvanje/ 32 32 Фон дер Лајен е против „присилното раселување“ на Палестинците https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/fon-der-lajen-e-protiv-prisilnoto-raseluvane-na-palestintsite/ Sat, 18 Nov 2023 17:12:30 +0000 https://republika.mk/?p=702965

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска по средбата со египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси во Каиро уште еднаш истакна дека се противи на „присилното раселување“ на Палестинците, во контекст на војната меѓу Израел и Хамас во Газа.

Со претседателот Сиси разговарав за актуелната хуманитарна криза во Газа и му се заблагодарив за улогата на Египет во обезбедувањето и олеснувањето на испораката на хуманитарна помош за ранливите Палестинци, напиша Фон дер Лејен на Твитер.

Претседателката на Европската комисија го изрази ставот дека го поддржува решението на проблемот со создавање на две држави.

Се согласуваме со принципот на ненасилно раселување на Палестинците и политичкиот хоризонт темелен на решавањето на проблемот со создавање две држави, израелска и палестинска – додаде Фон дер Лајен.

Претседателката на Европската комисија потоа замина за Синај, соопшти гувернерот на регионот што граничи со Израел и Газа.

Тој додаде дека Фон дер Лајен потоа „го посетила аеродромот Ел-Ариш, дека ќе оди на преминот Рафах, ќе ја прегледа хуманитарната помош и ќе ги посети повредените Палестинци во болниците во овој источен египетски регион“.

The post Фон дер Лајен е против „присилното раселување“ на Палестинците appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска по средбата со египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси во Каиро уште еднаш истакна дека се противи на „присилното раселување“ на Палестинците, во контекст на војната меѓу Израел и Хамас во Газа.
Со претседателот Сиси разговарав за актуелната хуманитарна криза во Газа и му се заблагодарив за улогата на Египет во обезбедувањето и олеснувањето на испораката на хуманитарна помош за ранливите Палестинци, напиша Фон дер Лејен на Твитер.
Претседателката на Европската комисија го изрази ставот дека го поддржува решението на проблемот со создавање на две држави.
Се согласуваме со принципот на ненасилно раселување на Палестинците и политичкиот хоризонт темелен на решавањето на проблемот со создавање две држави, израелска и палестинска – додаде Фон дер Лајен.
Претседателката на Европската комисија потоа замина за Синај, соопшти гувернерот на регионот што граничи со Израел и Газа. Тој додаде дека Фон дер Лајен потоа „го посетила аеродромот Ел-Ариш, дека ќе оди на преминот Рафах, ќе ја прегледа хуманитарната помош и ќе ги посети повредените Палестинци во болниците во овој источен египетски регион“.

The post Фон дер Лајен е против „присилното раселување“ на Палестинците appeared first on Република.

]]>
Околу два милиони луѓе во Украина се изложени на ризик од раселување доколку конфликтот ескалира https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/okolu-dva-milioni-lugje-vo-ukraina-se-izlozeni-na-rizik-od-raseluvanje-dokolku-konfliktot-eskalira/ Thu, 03 Feb 2022 09:27:50 +0000 https://republika.mk/?p=453411

Околу два милиони луѓе кои живеат на линијата на фронтот во источна Украина ризикуваат да бидат раселени доколку конфликтот ескалира, предупреди Норвешкиот совет за бегалци додека се зголемуваат тензиите поради распоредувањето руски војници.

Животите и безбедноста на милиони луѓе во источна Украина висат на конец додека чекаме политички пробив во сегашниот ќор-сокак - рече Јан Егеланд, генерален секретар на Норвешкиот совет за бегалци (НБС), во изјава по посетата на регионот.

Не смееме да го потцениме човечкото страдање од обновување на конфликтот – тоа ќе доведе до зголемување на цивилни жртви, масовно раселување и нагло зголемување на хуманитарните потреби, додаде тој.

Со зголемувањето на тензиите, НСБ предупреди дека „до два милиони луѓе кои живеат во зона од 20 километри од двете страни на контактната линија во источна Украина ќе бидат изложени на зголемен ризик од насилство и раселување доколку конфликтот ескалира“. Организацијата соопшти дека повеќе од 850.000 луѓе веќе се внатрешно раселени, а три милиони сметаат на хуманитарна помош.

Активни воени дејствија драстично би ја влошила постоечката хуманитарна ситуација, во која потребите се веќе големи поради долгогодишното насилство, велат од организацијата.

НСБ исто така нагласи дека секоја остра ескалација на конфликтот би можела „да ги промени значајните подобрувања“ во последниве години, согласно кои бројот на луѓе на кои им е неопходна помош е намален од пет милиони колку што изнесуваа во 2015 година.

The post Околу два милиони луѓе во Украина се изложени на ризик од раселување доколку конфликтот ескалира appeared first on Република.

]]>

Околу два милиони луѓе кои живеат на линијата на фронтот во источна Украина ризикуваат да бидат раселени доколку конфликтот ескалира, предупреди Норвешкиот совет за бегалци додека се зголемуваат тензиите поради распоредувањето руски војници.
Животите и безбедноста на милиони луѓе во источна Украина висат на конец додека чекаме политички пробив во сегашниот ќор-сокак - рече Јан Егеланд, генерален секретар на Норвешкиот совет за бегалци (НБС), во изјава по посетата на регионот.
Не смееме да го потцениме човечкото страдање од обновување на конфликтот – тоа ќе доведе до зголемување на цивилни жртви, масовно раселување и нагло зголемување на хуманитарните потреби, додаде тој. Со зголемувањето на тензиите, НСБ предупреди дека „до два милиони луѓе кои живеат во зона од 20 километри од двете страни на контактната линија во источна Украина ќе бидат изложени на зголемен ризик од насилство и раселување доколку конфликтот ескалира“. Организацијата соопшти дека повеќе од 850.000 луѓе веќе се внатрешно раселени, а три милиони сметаат на хуманитарна помош. Активни воени дејствија драстично би ја влошила постоечката хуманитарна ситуација, во која потребите се веќе големи поради долгогодишното насилство, велат од организацијата. НСБ исто така нагласи дека секоја остра ескалација на конфликтот би можела „да ги промени значајните подобрувања“ во последниве години, согласно кои бројот на луѓе на кои им е неопходна помош е намален од пет милиони колку што изнесуваа во 2015 година.

The post Околу два милиони луѓе во Украина се изложени на ризик од раселување доколку конфликтот ескалира appeared first on Република.

]]>