раселени Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/raseleni/ За подобро да се разбереме Mon, 23 Oct 2023 19:10:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png раселени Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/raseleni/ 32 32 Повеќе од 19.000 луѓе се раселени во Либан поради конфликтот на границата со Израел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poveke-od-19-000-luge-se-raseleni-vo-liban-poradi-konfliktot-na-granitsata-so-izrael/ Mon, 23 Oct 2023 19:31:14 +0000 https://republika.mk/?p=694318

Повеќе од 19.000 луѓе се раселени во Либан поради ескалацијата на конфликтот меѓу израелската армија и либански Хезболах на границата меѓу двете земји, соопшти денеска агенција на ОН.

„Зголемувањето на прекуграничните инциденти доведе до раселување на 19.646 луѓе во јужен Либан и во други делови на земјата“, се наведува во извештајот на Меѓународната организација за миграција (ИОМ).

Се очекува бројот на раселените жители да се зголеми доколку прекуграничната тензија не стивне или во случај на ескалација на насилството, изјави портпаролот на ИОМ, Мухамедали Абунаџела.

Од почетокот на војната предизвикана од нападот на палестинскиот исламски Хамас врз Израел на 7 октомври, судирите на израелско-либанската граница се речиси секојдневни и се стравува дека моќниот проирански Хезболах може да отвори нов фронт од Либан.

Во нападот на Хамас врз Израел загинаа најмалку 1.400 луѓе, главно цивили, а израелските одмазднички бомбардирања убија повеќе од 5.000 Палестинци, меѓу кои и повеќе од 2.000 деца.

На жителите на десетици населби во северен Израел, кои се соочуваат со напади од Либан, им е наредено да се евакуираат.

The post Повеќе од 19.000 луѓе се раселени во Либан поради конфликтот на границата со Израел appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 19.000 луѓе се раселени во Либан поради ескалацијата на конфликтот меѓу израелската армија и либански Хезболах на границата меѓу двете земји, соопшти денеска агенција на ОН. „Зголемувањето на прекуграничните инциденти доведе до раселување на 19.646 луѓе во јужен Либан и во други делови на земјата“, се наведува во извештајот на Меѓународната организација за миграција (ИОМ). Се очекува бројот на раселените жители да се зголеми доколку прекуграничната тензија не стивне или во случај на ескалација на насилството, изјави портпаролот на ИОМ, Мухамедали Абунаџела. Од почетокот на војната предизвикана од нападот на палестинскиот исламски Хамас врз Израел на 7 октомври, судирите на израелско-либанската граница се речиси секојдневни и се стравува дека моќниот проирански Хезболах може да отвори нов фронт од Либан. Во нападот на Хамас врз Израел загинаа најмалку 1.400 луѓе, главно цивили, а израелските одмазднички бомбардирања убија повеќе од 5.000 Палестинци, меѓу кои и повеќе од 2.000 деца. На жителите на десетици населби во северен Израел, кои се соочуваат со напади од Либан, им е наредено да се евакуираат.

The post Повеќе од 19.000 луѓе се раселени во Либан поради конфликтот на границата со Израел appeared first on Република.

]]>
ОН: Војната во Украина натера шест милиони луѓе да ја напуштат земјата, а осум милиони да бидат внатрешно раселени https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/on-vojnata-vo-ukraina-natera-shest-milioni-lugje-da-ja-napushtat-zemjata-a-osum-milioni-da-bidat-vnatreshno-raseleni/ Thu, 12 May 2022 17:41:38 +0000 https://republika.mk/?p=501633

Бројот на луѓе кои ја напуштија Украина поради руската агресија врз таа земја надмина шест милиони, во најтешката бегалска криза во Европа од крајот на Втората светска војна, соопшти денеска агенцијата за бегалци при ОН.

Руската инвазија, што почна на 24 февруари, предизвика повеќе од осум милиони луѓе внатрешно раселени во Украина, се наведува во најновиот извештај на Меѓународната организација за миграција.

Податоците на ОН, исто така, покажуваат дека до вчера – 6,3 милиони луѓе ја напуштиле Украина, а повеќето бегалци преминале во Европската Унија преку граничните премини во Полска, Словачка, Унгарија и Романија.

Над 3,3 милиони луѓе, главно жени и деца, ја преминале границата со Полска.

Полската влада проценува дека околу половина би можеле да останат во земјата на долг рок, што е дополнителен предизвик за пазарот на недвижности, образованието и здравствениот систем.

The post ОН: Војната во Украина натера шест милиони луѓе да ја напуштат земјата, а осум милиони да бидат внатрешно раселени appeared first on Република.

]]>

Бројот на луѓе кои ја напуштија Украина поради руската агресија врз таа земја надмина шест милиони, во најтешката бегалска криза во Европа од крајот на Втората светска војна, соопшти денеска агенцијата за бегалци при ОН. Руската инвазија, што почна на 24 февруари, предизвика повеќе од осум милиони луѓе внатрешно раселени во Украина, се наведува во најновиот извештај на Меѓународната организација за миграција. Податоците на ОН, исто така, покажуваат дека до вчера – 6,3 милиони луѓе ја напуштиле Украина, а повеќето бегалци преминале во Европската Унија преку граничните премини во Полска, Словачка, Унгарија и Романија. Над 3,3 милиони луѓе, главно жени и деца, ја преминале границата со Полска. Полската влада проценува дека околу половина би можеле да останат во земјата на долг рок, што е дополнителен предизвик за пазарот на недвижности, образованието и здравствениот систем.

The post ОН: Војната во Украина натера шест милиони луѓе да ја напуштат земјата, а осум милиони да бидат внатрешно раселени appeared first on Република.

]]>