Расадник Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rasadnik/ За подобро да се разбереме Tue, 17 Sep 2024 16:46:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Расадник Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rasadnik/ 32 32 „Расадник“, салата на УКИМ и на Воената академија: Владата ќе гради и реконструира повеќе спортски објекти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/rasadnik-salata-na-ukim-i-na-voenata-akademija-vladata-ke-gradi-i-rekonstruira-poveke-sportski-objekti/ Tue, 17 Sep 2024 18:22:58 +0000 https://republika.mk/?p=817203

Владата на седница усвои информација за реализација на проекти од програмата за изградба и реконструкција на спортски објекти за 2024 година од страна на Министерството за спорт. Меѓу нив е изградбата на спортска сала во Воена академија - Скопје, санација на спортска сала Расадник во Општина Кисела Вода, како и на спортската сала во УКИМ.

Во однос на проектот „Изградба на спортска сала во Воена академија - Скопје“, од Владата соопштија дека спортската сала ќе се гради во комплексот на касарната во општина Аеродром. Истата ќе биде наменета за питомците на Воената Академија. Реализацијата ќе се одвива во 2024 и 2025 година.

Во врска со проектот „Санација на спортска сала Расадник, Општина Кисела Вода“, реконструкцијата ќе се изврши во соработка со општина Кисела Вода. Од страна на Општината е подготвен Проект за реконструкција на мултифункционалната спортската сала Расадник со капацитет од 1000 до 1500 гледачи.

Проектот „Санација на спортска сала во УКИМ“ е исто така дел од оваа програма. Како што соопштија од Владата, салата е оштетена од причина што по завршување на градежните активности истата не беше приклучена на водоводната и канализационата мрежа, што претставуваше обврска на Универзитетот. Потребни се низа на санации, како поправање на фасада, менување на прозори, машинство обезбедување на опрема и сл.

Како што соопштија од Владата, ќе се реализира и проектот „Санација на спортска сала во Општина Радовиш“.

СРЦ „25 Мај“ Радовиш располага со вкупна површина од 3.968 м². Самиот комплекс располага со голема сала со површина од 1.126 м² и капацитет од фиксни трибини од 1300 гледачи, но со помош на подвижни седишта гледачкиот капацитет се движи од 1300 до 2600 во услови на боксерски и слични натпревари и мала сала со површина од 400.80 м² со капацитет од 160 гледачи, се вели во владиното соопштение.

Останатите проекти се „Санација на спортска сала во Општина Ново Село“, „Санација на фудбалско игралиште на ФК Тетекс, Тетово“, „Санација на маалски мултинаменски игралишта“, „Санација на детски игралишта со поставување на спортска опрема во градинките“, „Поставување на пристапни рампи во објектите за спорт за лица со попреченост“, „Изградба на атлетска патека во Општина Гевгелија“.

Од Владата информираат дека Министерство за спорт ќе спроведе постапки за јавни набавки со цел избор на најповолен понудувач/изведувач и надзорен орган при реализација на проектите.

Оваа година, како што посочуваат, средства во висина од 35.039.500,00 денари ќе бидат наменети за инвестиции за овие објекти.

The post „Расадник“, салата на УКИМ и на Воената академија: Владата ќе гради и реконструира повеќе спортски објекти appeared first on Република.

]]>

Владата на седница усвои информација за реализација на проекти од програмата за изградба и реконструкција на спортски објекти за 2024 година од страна на Министерството за спорт. Меѓу нив е изградбата на спортска сала во Воена академија - Скопје, санација на спортска сала Расадник во Општина Кисела Вода, како и на спортската сала во УКИМ. Во однос на проектот „Изградба на спортска сала во Воена академија - Скопје“, од Владата соопштија дека спортската сала ќе се гради во комплексот на касарната во општина Аеродром. Истата ќе биде наменета за питомците на Воената Академија. Реализацијата ќе се одвива во 2024 и 2025 година. Во врска со проектот „Санација на спортска сала Расадник, Општина Кисела Вода“, реконструкцијата ќе се изврши во соработка со општина Кисела Вода. Од страна на Општината е подготвен Проект за реконструкција на мултифункционалната спортската сала Расадник со капацитет од 1000 до 1500 гледачи. Проектот „Санација на спортска сала во УКИМ“ е исто така дел од оваа програма. Како што соопштија од Владата, салата е оштетена од причина што по завршување на градежните активности истата не беше приклучена на водоводната и канализационата мрежа, што претставуваше обврска на Универзитетот. Потребни се низа на санации, како поправање на фасада, менување на прозори, машинство обезбедување на опрема и сл. Како што соопштија од Владата, ќе се реализира и проектот „Санација на спортска сала во Општина Радовиш“.
СРЦ „25 Мај“ Радовиш располага со вкупна површина од 3.968 м². Самиот комплекс располага со голема сала со површина од 1.126 м² и капацитет од фиксни трибини од 1300 гледачи, но со помош на подвижни седишта гледачкиот капацитет се движи од 1300 до 2600 во услови на боксерски и слични натпревари и мала сала со површина од 400.80 м² со капацитет од 160 гледачи, се вели во владиното соопштение.
Останатите проекти се „Санација на спортска сала во Општина Ново Село“, „Санација на фудбалско игралиште на ФК Тетекс, Тетово“, „Санација на маалски мултинаменски игралишта“, „Санација на детски игралишта со поставување на спортска опрема во градинките“, „Поставување на пристапни рампи во објектите за спорт за лица со попреченост“, „Изградба на атлетска патека во Општина Гевгелија“. Од Владата информираат дека Министерство за спорт ќе спроведе постапки за јавни набавки со цел избор на најповолен понудувач/изведувач и надзорен орган при реализација на проектите. Оваа година, како што посочуваат, средства во висина од 35.039.500,00 денари ќе бидат наменети за инвестиции за овие објекти.

The post „Расадник“, салата на УКИМ и на Воената академија: Владата ќе гради и реконструира повеќе спортски објекти appeared first on Република.

]]>
Тројца малолетници со петарди и жижици го предизвикале пожарот кај Расадник https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/trojtsa-maloletnitsi-so-petardi-i-zhizhitsi-go-predizvikale-pozharot-kaj-rasadnik/ Fri, 06 Sep 2024 16:04:00 +0000 https://republika.mk/?p=813900

Тројца малолетници со петарди и жижици го предизвикале пожарот кај Расадник во Кисела Вода. Само еден од нив има 14 години, а другите двајца биле помали. Затоа и само 14-годишникот заработи кривична пријава за предвидување општа опасност.

Малолетниците имале среќа што избегале, па не се повредени во пожарот.

На 3 септември во попладневните часови, детето на возраст од 14 години, заедно со уште две деца во ризик кои не наполниле 14 години и од тие причини не се кривично одговорни, палеле петарди и жижици на земјена патека во месноста Расадник, Кисела Вода. Како последица на тоа, бил инициран пожар кој брзо се проширил на околната сува трева поради ветерот и зафатил површина од околу 3 хектари – дрвја, сандаци со пчели и неколку бандери за пренос на електрична енергија. Со пожарот била предизвикана значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери, велат од ОЈО.

Јавното обвинителство поднесе барање за поведување подготвителна постапка за 14-годишниот малолетник. Иако станува збор за кривично дело, кое според Кривичниот законик може да биде казнето со затвор од шест месеци до пет години, постапката е сосема различна со оглед на тоа што станува збор за малолетно лице. Постапката ја води Судија за деца од Основниот кривичен суд и за неа важи посебен Закон – за права на децата.

Токму тој Закон опишува како може да биде казнето едно дете.

На дете од 14 до 16 годишна возраст за дејствие кое со закон е предвидено како кривично дело можат да му се изречат само воспитни мерки, се вели во Законот за права на децата.

Тоа значи дека малолетникот ќе може да добие мерка – укор, засилен надзор од родителите или да биде упатен во воспитна установа или воспитно-поправен дом.

The post Тројца малолетници со петарди и жижици го предизвикале пожарот кај Расадник appeared first on Република.

]]>

Тројца малолетници со петарди и жижици го предизвикале пожарот кај Расадник во Кисела Вода. Само еден од нив има 14 години, а другите двајца биле помали. Затоа и само 14-годишникот заработи кривична пријава за предвидување општа опасност. Малолетниците имале среќа што избегале, па не се повредени во пожарот.
На 3 септември во попладневните часови, детето на возраст од 14 години, заедно со уште две деца во ризик кои не наполниле 14 години и од тие причини не се кривично одговорни, палеле петарди и жижици на земјена патека во месноста Расадник, Кисела Вода. Како последица на тоа, бил инициран пожар кој брзо се проширил на околната сува трева поради ветерот и зафатил површина од околу 3 хектари – дрвја, сандаци со пчели и неколку бандери за пренос на електрична енергија. Со пожарот била предизвикана значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери, велат од ОЈО.
Јавното обвинителство поднесе барање за поведување подготвителна постапка за 14-годишниот малолетник. Иако станува збор за кривично дело, кое според Кривичниот законик може да биде казнето со затвор од шест месеци до пет години, постапката е сосема различна со оглед на тоа што станува збор за малолетно лице. Постапката ја води Судија за деца од Основниот кривичен суд и за неа важи посебен Закон – за права на децата. Токму тој Закон опишува како може да биде казнето едно дете.
На дете од 14 до 16 годишна возраст за дејствие кое со закон е предвидено како кривично дело можат да му се изречат само воспитни мерки, се вели во Законот за права на децата.
Тоа значи дека малолетникот ќе може да добие мерка – укор, засилен надзор од родителите или да биде упатен во воспитна установа или воспитно-поправен дом.  

The post Тројца малолетници со петарди и жижици го предизвикале пожарот кај Расадник appeared first on Република.

]]>
Пожарот кај Расадник предизвикан од малолетници: Фрлале пиротехнички средства, поднесена кривична пријава https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/pozharot-kaj-rasadnik-predizvikan-od-maloletnitsi-frlale-pirotehnichki-sredstva-podnesena-krivichna-prijava/ Fri, 06 Sep 2024 10:00:05 +0000 https://republika.mk/?p=813744

СВР Скопје до ОЈО Скопје денеска поднесе кривична пријава против 14-годишен малолетник за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”, предвидено и казниво по член 288 од КЗ.

-Имено, пријавениот, заедно со уште две деца кои не наполниле 14 години и не подлежат на кривична одговорност, на 03.09.2024 околу 15 часот во местото викано Расадник, на територија на општина Кисела Вода во Скопје, фрлале пиротехнички средства кои претходно ги запалиле со запалка, по што се запалила сувата трева и настанал пожар кој зафатил површина  од околу три хектари, информира МВР.

Со брзата реакција на полициски службеници од СВР Скопје, во координација со други служби, пожарот е локализиран и спречено е настанување на штета од големи размери.

The post Пожарот кај Расадник предизвикан од малолетници: Фрлале пиротехнички средства, поднесена кривична пријава appeared first on Република.

Град Скопје: Пожарот во Расадник е ставен под контрола https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/grad-skopje-pozharot-vo-rasadnik-e-staven-pod-kontrola/ Tue, 03 Sep 2024 16:39:46 +0000 https://republika.mk/?p=812840

Екипите на Противпожарната единица на Град Скопје, со надчовечки напори делуваат на терен во Расадник каде попладнево изби пожар кој е веќе локализиран, ставен под контрола и во најкраток можен рок ќе биде целосно изгаснат, соопшти прес-службата на Град Скопје.

Оттаму апелираат општина Кисела Вода да го прифати предлогот за меѓуопштинска соработка со Град Скопје за изградба на нов мега-парк на таа локација, како што нагласуваат, со цел оплеменување на опожарениот простор и заштита на животната средина.

На овој начин жителите на општината ќе добијат нов зелен појас наместо запуштен простор, кој во моментов претставува опасност по животот и здравјето на граѓаните, се вели во соопштението на Град Скопје.

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов претходно изјави дека со пожарот во Расадник зафатена е поголема површина со оревови дрвја, грмушки и трева и се шири во сите насоки, но оти нема да се прошири на околните објекти.

The post Град Скопје: Пожарот во Расадник е ставен под контрола appeared first on Република.

]]>

Екипите на Противпожарната единица на Град Скопје, со надчовечки напори делуваат на терен во Расадник каде попладнево изби пожар кој е веќе локализиран, ставен под контрола и во најкраток можен рок ќе биде целосно изгаснат, соопшти прес-службата на Град Скопје. Оттаму апелираат општина Кисела Вода да го прифати предлогот за меѓуопштинска соработка со Град Скопје за изградба на нов мега-парк на таа локација, како што нагласуваат, со цел оплеменување на опожарениот простор и заштита на животната средина.
На овој начин жителите на општината ќе добијат нов зелен појас наместо запуштен простор, кој во моментов претставува опасност по животот и здравјето на граѓаните, се вели во соопштението на Град Скопје.
Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов претходно изјави дека со пожарот во Расадник зафатена е поголема површина со оревови дрвја, грмушки и трева и се шири во сите насоки, но оти нема да се прошири на околните објекти.

The post Град Скопје: Пожарот во Расадник е ставен под контрола appeared first on Република.

]]>
Пожарникарите се борат да го стават под контрола пожарот во Расадник https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pozharnikarite-se-borat-da-go-stavat-pod-kontrola-pozharot-vo-rasadnik/ Tue, 03 Sep 2024 15:42:40 +0000 https://republika.mk/?p=812809

Скопските пожарникари се борат да го стават под контрола пожарот што гори во расадникот во општина Кисела Вода во Скопје.

Како што информира првиот човек на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, и покрај обидите на пожарникарите да биде пожарот ставен под контрола има еден крак каде што се уште има силна линија на горење.

Огнот е многу силен, не може да се доближиме до него. Линијата на фронтот е со стотици метри, што е невообичаено за градот Скопје, поради што е отежнато гасењето на овој пожар“, вели Ангелов за борбата со пламените јазици.

https://www.youtube.com/watch?v=HHeKluTMB4w

Ангелов, сепак, апелриа до граѓаните дека нема потреба од паника.

Објекти нема да бидат загрозени, затоа што верувам дека огнот ќе биде сопрен. Но, навистина, ова е тежок шумски пожар во урбана средина, вели Ангелов.

The post Пожарникарите се борат да го стават под контрола пожарот во Расадник appeared first on Република.

]]>

Скопските пожарникари се борат да го стават под контрола пожарот што гори во расадникот во општина Кисела Вода во Скопје. Како што информира првиот човек на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, и покрај обидите на пожарникарите да биде пожарот ставен под контрола има еден крак каде што се уште има силна линија на горење.
Огнот е многу силен, не може да се доближиме до него. Линијата на фронтот е со стотици метри, што е невообичаено за градот Скопје, поради што е отежнато гасењето на овој пожар“, вели Ангелов за борбата со пламените јазици.
https://www.youtube.com/watch?v=HHeKluTMB4w Ангелов, сепак, апелриа до граѓаните дека нема потреба од паника.
Објекти нема да бидат загрозени, затоа што верувам дека огнот ќе биде сопрен. Но, навистина, ова е тежок шумски пожар во урбана средина, вели Ангелов.
 
The post Пожарникарите се борат да го стават под контрола пожарот во Расадник appeared first on Република.

]]>
Голем пожар во расадникот во Кисела Вода, огнот се шири во сите насоки https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/golem-pozhar-vo-rasadnikot-vo-kisela-voda-ognot-se-shiri-vo-site-nasoki/ Tue, 03 Sep 2024 15:04:29 +0000 https://republika.mk/?p=812787

Голем пожар гори во расадникот во Кисела Вода.

Како што информира директорот на Центарот а управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, во овој невообичаен шумски пожар среде град, горат ореови дрвја, грмушки и трева, а пожарот се шири во сите насоки.

Како што информира Ангелов, ангажирани се неколку противпожарни екипи, кои се трудат да ги заштитат сите објекти во околината на расадникот.

https://www.youtube.com/watch?v=6pIX5on6kE8

Ангелов апелира до граѓаните дека нема потреба од вознемиреност без оглед на чадот што се крева и се гледа во голем дел од градот.

The post Голем пожар во расадникот во Кисела Вода, огнот се шири во сите насоки appeared first on Република.

]]>

Голем пожар гори во расадникот во Кисела Вода. Како што информира директорот на Центарот а управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, во овој невообичаен шумски пожар среде град, горат ореови дрвја, грмушки и трева, а пожарот се шири во сите насоки. Како што информира Ангелов, ангажирани се неколку противпожарни екипи, кои се трудат да ги заштитат сите објекти во околината на расадникот. https://www.youtube.com/watch?v=6pIX5on6kE8 Ангелов апелира до граѓаните дека нема потреба од вознемиреност без оглед на чадот што се крева и се гледа во голем дел од градот.  

The post Голем пожар во расадникот во Кисела Вода, огнот се шири во сите насоки appeared first on Република.

]]>
На меѓународен конкурс е избран концепт за хумано домување во Расадник https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/na-megunaroden-konkurs-e-izbran-kontsept-za-humano-domuvane-vo-rasadnik/ Wed, 22 Nov 2023 09:07:07 +0000 https://republika.mk/?p=715003

Јавно и транспарентно, како што се водеше во целиот изминат период Меѓународниот конкурс за Расадник, беа објавени резултатите за идејно решение за ДУП за оваа градска четврт во Кисела Вода.

Два од вкупно пет пристигнати труда, освоија еднаков максимален број на поени и рамноправно го поделија првото место, како најдобар одговор на барањето на Општина Кисела Вода за обезбедување на хумано живеење во населбата Расадник. Се работи за проекти на проектантска куќа од Хрватска, AG PLANUM doo и од група архитекти од Грција, предводени од Alexios Tzompanakis, за кои одлучуваше стручната меѓународна жири комисија. Третото место го освоија Team PUPA, Life over space, од Литванија, а беше откупен и еден труд од професори и студенти од Меѓународен Балкански Универзитет од Македонија.

Настанот го отвори градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој беше иницијатор на конкурсот, но кој ,како што вети, од самиот почеток до крајот, беше изоставен од одлуките. Тој даде кус осврт на случувањата со Расадник за кој претходното раководство на општината предвидуваше изградба на 99 згради.

The post На меѓународен конкурс е избран концепт за хумано домување во Расадник appeared first on Република.

]]>

Јавно и транспарентно, како што се водеше во целиот изминат период Меѓународниот конкурс за Расадник, беа објавени резултатите за идејно решение за ДУП за оваа градска четврт во Кисела Вода. Два од вкупно пет пристигнати труда, освоија еднаков максимален број на поени и рамноправно го поделија првото место, како најдобар одговор на барањето на Општина Кисела Вода за обезбедување на хумано живеење во населбата Расадник. Се работи за проекти на проектантска куќа од Хрватска, AG PLANUM doo и од група архитекти од Грција, предводени од Alexios Tzompanakis, за кои одлучуваше стручната меѓународна жири комисија. Третото место го освоија Team PUPA, Life over space, од Литванија, а беше откупен и еден труд од професори и студенти од Меѓународен Балкански Универзитет од Македонија. Настанот го отвори градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој беше иницијатор на конкурсот, но кој ,како што вети, од самиот почеток до крајот, беше изоставен од одлуките. Тој даде кус осврт на случувањата со Расадник за кој претходното раководство на општината предвидуваше изградба на 99 згради.  

The post На меѓународен конкурс е избран концепт за хумано домување во Расадник appeared first on Република.

]]>
Општина Кисела Вода си ја врати салата „Расадник“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/opshtina-kisela-voda-si-ja-vrati-salata-rasadnik/ Tue, 09 May 2023 11:43:40 +0000 https://republika.mk/?p=638777

Општина Кисела Вода го презеде управувањето со спортската сала „Расадник“. Извршено е примопредавањето и објектот, без долгови е преземен на трајно користење од владиното Јавно претпријатие за стопанисување со објекти за спорт, известуваат од општината.

Градоначалникот на Кисела вода Ѓорѓиевски, кој денеска изврши увид во руинираната сала, истакна дека сега, откако општината правно управува со „Расадник“, ќе започне процес за целосна реконструкција и враќање на сјајот на овој некогашен дом на спортот.

- Со големо задоволство сакам да ве информирам дека конечно правно ја вративме салата „Расадник“. Ја презедовме без долговите кои ги имаше и започнуваме процес за нејзина темелна реконструкција. Со овој чин, ставаме крај на 30-годишната негрижа која овој објект го претвори во руина, во демолиран, небезбеден и целосно уништен простор кој од најголема гордост, стана најголем срам, не само за Кисела Вода, туку и за цела држава, рече Ѓорѓиевски.

[caption id="attachment_638789" align="alignnone" width="640"] Фото: Општина Кисела Вода[/caption]

Тој истакна дека од денеска се врти нова страница во приказната за салата Расадник.

- Од денеска испишуваме ново поглавје кое ќе го врати сјајот на овој спортски објект. Расадник повторно ќе биде центар на најголемите спортски случувања, повторно ќе биде дом на црвено-црните и на сите други значајни клубови. Место од каде ќе одекнуваат аплаузи и навивања, место каде ќе се слави успехот, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.

The post Општина Кисела Вода си ја врати салата „Расадник“ appeared first on Република.

]]>

Општина Кисела Вода го презеде управувањето со спортската сала „Расадник“. Извршено е примопредавањето и објектот, без долгови е преземен на трајно користење од владиното Јавно претпријатие за стопанисување со објекти за спорт, известуваат од општината. Градоначалникот на Кисела вода Ѓорѓиевски, кој денеска изврши увид во руинираната сала, истакна дека сега, откако општината правно управува со „Расадник“, ќе започне процес за целосна реконструкција и враќање на сјајот на овој некогашен дом на спортот.
- Со големо задоволство сакам да ве информирам дека конечно правно ја вративме салата „Расадник“. Ја презедовме без долговите кои ги имаше и започнуваме процес за нејзина темелна реконструкција. Со овој чин, ставаме крај на 30-годишната негрижа која овој објект го претвори во руина, во демолиран, небезбеден и целосно уништен простор кој од најголема гордост, стана најголем срам, не само за Кисела Вода, туку и за цела држава, рече Ѓорѓиевски.
[caption id="attachment_638789" align="alignnone" width="640"] Фото: Општина Кисела Вода[/caption] Тој истакна дека од денеска се врти нова страница во приказната за салата Расадник.
- Од денеска испишуваме ново поглавје кое ќе го врати сјајот на овој спортски објект. Расадник повторно ќе биде центар на најголемите спортски случувања, повторно ќе биде дом на црвено-црните и на сите други значајни клубови. Место од каде ќе одекнуваат аплаузи и навивања, место каде ќе се слави успехот, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.

The post Општина Кисела Вода си ја врати салата „Расадник“ appeared first on Република.

]]>
Општина Кисела Вода спроведе акција за чистење на депонијата во Расадник https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/opshtina-kisela-voda-sprovede-aktsija-za-chistene-na-deponijata-vo-rasadnik/ Fri, 10 Mar 2023 19:45:46 +0000 https://republika.mk/?p=618293

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, порача дека општината мора да биде чиста општина, а за тоа треба сите да дадет свој придонес.

Ѓорѓиевски присуствуваше на акцијата за чистење на депониите во Расадник, при што упати повик до сите жители да бидат одговорни. Ѓорѓиевски додаде дека општината ќе продолжи со ваквите акции.

Денеска сме во Расадник. Оваа дива депонија, која е двапати темелно исчистена во текот на изминатата година, за жал повторно е создадена од несовесни граѓани и затоа силно апелирам да покажеме колективна свест и грижа за животната средина во која живееме. Расадник е исклучително важна точка за Скопје, трета по големина зелена површина на која се одгледуваат автохтони сорти на овошја и затоа во никој случај не смее да биде загаден, рече Ѓорѓиевски.

Во рамки на активностите за подигнување на нивото на хигиената во општина Кисела Вода, во текот на минатата година беа расчистени 32 помали и поголеми депонии и собран беше околу 200 тони комунален и кабаст отпад.

Од општината информираат дека акциите за чистење засилено ќе продолжат, како и стратегијата секаде каде што постои можност на местото од депониите да се градат паркови или паркинзи.

The post Општина Кисела Вода спроведе акција за чистење на депонијата во Расадник appeared first on Република.

Конкурсот за ДУП-от во Расадник објавен во престижни портали за архитектура: Голем интерес од Англија, Иран, Украина, Србија… https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/konkursot-za-dup-ot-vo-rasadnik-objaven-vo-prestizni-portali-za-arhitektura-golem-interes-od-anglija-iran-ukraina-srbija/ Fri, 23 Sep 2022 11:22:32 +0000 https://republika.mk/?p=553491

Голем интерес кај стручната јавност предизвикува Меѓународниот конкурс за идејно решение за ДУП за Расадник, кој го распиша Општина Кисела Вода пред повеќе од два месеци. Со цел да се обезбеди што подобро архитектонско-урбанистичко решение за потребите на жителите на овој дел од Скопје и целосна транспарентност на процесот, конкурсот е објавен на повеќе меѓународни стручни веб страници.

Имено, покрај на сајтот за јавни набавки на Европската Унија, на веб страниците на Архитектонскиот факултет, Комората на овластени архитекти и инженери и Асоцијацијата на архитекти конкурсот е поставен и на веб страниците на нивните сестрински организации. Истиот до стручњаците од нивните земји го пренесе и Сојузот на архитекти на Црна Гора, а текстот со сите критериуми се појави и на престижниот портал https://www.architectsjournal.co.uk/, како и на најпосетуваниот светски сајт за архитектура https://www.archdaily.com/986151/international-competition-for-conceptual-urban-architectural-solution-for-a-city-quarter-j14-rasadnik-skopje-municipality-of-kisela-voda.

Досега интерес околу учество на Меѓународниот конкурс има од стручни лица од целиот свет, како од Англија, Иран, Украина, Србија, Црна Гора… Жири комисијата во која има и врвен меѓународен експерт од областа на архитектурата и урбанистичкото планирање, претставници од домашната стручна јавност, и граѓаните преку Партиципативното тело за урбанизам на Општина Кисела Вода, веќе одржа неколку состаноци. Главниот фокус беше ставен на пристигнатите прашања и барања за дополнителни податоци.

Од пред неколку дена, сите досега пристигнати прашања и нивните одговори, се достапни и на веб страницата на Општина Кисела Вода.

http://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/component/content/article/8-soodrzina/3428-2022-09-16-12-07-24

Истото ќе биде пракса и во периодот што останува до 11 ноември 2022, кој е краен рок за пристигнување на идејните решенија.

-После речиси 60 години, Кисела Вода е првата општина која се осмели да направи сериозен чекор напред и да ги следи меѓународните стандарди за урбанистичкото планирање, транспарентното работење и водење сметка за јавниот интерес. За потсетување, програмските насоки за Расадник, зададени во конкурсот, предвидуваат постоење на детска градинка, основно училиште, верски објект, урбан парк од минимум 100.000 м2, спортско-рекреативни содржини, високо образование со ботаничка градина, велат од Општината.

Иттаму ги охрабруваат сите заинтересирани да земат свое учество и да понудат архитектонско-урбанистичко решение кое ќе одговара потребите на жителите на Расадник и ќе биде естетско решение за идниот лик на овој дел од Кисела Вода. Наградите се парични. Сите детали се достапни на следниот линк

http://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/component/content/article/8-soodrzina/3216-2022-02-04-12-00-35 .

The post Конкурсот за ДУП-от во Расадник објавен во престижни портали за архитектура: Голем интерес од Англија, Иран, Украина, Србија… appeared first on Република.

]]>

Голем интерес кај стручната јавност предизвикува Меѓународниот конкурс за идејно решение за ДУП за Расадник, кој го распиша Општина Кисела Вода пред повеќе од два месеци. Со цел да се обезбеди што подобро архитектонско-урбанистичко решение за потребите на жителите на овој дел од Скопје и целосна транспарентност на процесот, конкурсот е објавен на повеќе меѓународни стручни веб страници. Имено, покрај на сајтот за јавни набавки на Европската Унија, на веб страниците на Архитектонскиот факултет, Комората на овластени архитекти и инженери и Асоцијацијата на архитекти конкурсот е поставен и на веб страниците на нивните сестрински организации. Истиот до стручњаците од нивните земји го пренесе и Сојузот на архитекти на Црна Гора, а текстот со сите критериуми се појави и на престижниот портал https://www.architectsjournal.co.uk/, како и на најпосетуваниот светски сајт за архитектура https://www.archdaily.com/986151/international-competition-for-conceptual-urban-architectural-solution-for-a-city-quarter-j14-rasadnik-skopje-municipality-of-kisela-voda. Досега интерес околу учество на Меѓународниот конкурс има од стручни лица од целиот свет, како од Англија, Иран, Украина, Србија, Црна Гора… Жири комисијата во која има и врвен меѓународен експерт од областа на архитектурата и урбанистичкото планирање, претставници од домашната стручна јавност, и граѓаните преку Партиципативното тело за урбанизам на Општина Кисела Вода, веќе одржа неколку состаноци. Главниот фокус беше ставен на пристигнатите прашања и барања за дополнителни податоци. Од пред неколку дена, сите досега пристигнати прашања и нивните одговори, се достапни и на веб страницата на Општина Кисела Вода. http://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/component/content/article/8-soodrzina/3428-2022-09-16-12-07-24 Истото ќе биде пракса и во периодот што останува до 11 ноември 2022, кој е краен рок за пристигнување на идејните решенија. -После речиси 60 години, Кисела Вода е првата општина која се осмели да направи сериозен чекор напред и да ги следи меѓународните стандарди за урбанистичкото планирање, транспарентното работење и водење сметка за јавниот интерес. За потсетување, програмските насоки за Расадник, зададени во конкурсот, предвидуваат постоење на детска градинка, основно училиште, верски објект, урбан парк од минимум 100.000 м2, спортско-рекреативни содржини, високо образование со ботаничка градина, велат од Општината. Иттаму ги охрабруваат сите заинтересирани да земат свое учество и да понудат архитектонско-урбанистичко решение кое ќе одговара потребите на жителите на Расадник и ќе биде естетско решение за идниот лик на овој дел од Кисела Вода. Наградите се парични. Сите детали се достапни на следниот линк http://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/component/content/article/8-soodrzina/3216-2022-02-04-12-00-35 .  

The post Конкурсот за ДУП-от во Расадник објавен во престижни портали за архитектура: Голем интерес од Англија, Иран, Украина, Србија… appeared first on Република.

]]>
На возобновената манифестација за Водици во Кисела Вода, најсреќен Сашо Милошевски, наградите ќе ги донира https://arhiva3.republika.mk/vesti/na-vozobnovenata-manifestacija-za-vodici-vo-kisela-voda-najsrekjen-sasho-miloshevski-nagradite-kje-gi-donira/ Wed, 19 Jan 2022 14:43:36 +0000 https://republika.mk/?p=446737

Триесетиедногодишниот Сашо Милошeвски беше најсреќен од 47-те верници, кои денес, во базенот “Расадник” во Кисела Вода, скокнаа да го фатат чесниот крст во чест на празникот Богојавление-Водици. Здравје, среќа и успех за себе, но пред се’, за синчето Максим и сопругата Бранкица, посака да му донесе осветениот крст. И’ се заблагодари на Oпштина Кисела Вода и на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски за возобновената манифестација, како и за наградите, кои во духот на христијанството, одлучи да ги донира на социјално загрозени семејства.

Градоначалникот Ѓорѓиевски, му честиташе на среќниот Милошевски и им се заблагодари на сите кои зедоа учество во денешната манифестација. Потенцираше дека дадоа свој удел во идејата за обединување на народот и продолжување на една вековна традиција на празнувањето на еден ваков голем христијански празник.

Најнапред да ви се заблагодарам, вам, на медиумите за вашето присуство. Денес, за мене е многу значаен ден, најпрвин затоа што ми е именден и би сакал овој голем македонски православен празник да им го честитам на сите верници. Исклучително важно ми е што денес, овде, во Кисела Вода, имавме вистинско обединување. Сакам да ги поздравам за својата храброст сите оние кои денес се фрлаа по крстот и воедно, да му честитам на оној кој што го фати крстот, Сашо. Добар гест е она што го направи, баш во духот на православието, да ги донира овие работи кои што ги доби денес од општината и нашите општествено одговорни компании. Ова е една традиција која што беше замрена со години наназад во општина Кисела Вода. Драго ми е што има ваков одзив, имаше над 500-тини наши сограѓани, овде присутни. Се надевам дека ќе премине во вистинска традиција, ова е нешто што не одржува со векови како народ и како нација и со години понатаму ќе се практикува и ќе се спроведува ова како настан во Кисела Вода, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

На новинарско прашање колку фаќачи на крстот имаше денес, градоначалникот Ѓорѓиевски одговори дека бројката, односно интересот за манифестацијата, ги надминала очекувањата.

На почетокот мислевме дека нема да има повеќе од десетмина, но мислам дека беа вкупно 47 пријавени. Не видов точно дали сите се фрлија, но драго ми е што имаше и две девојки кои се фрлија по крстот, а имаше неколку луѓе кои што не се од Кисела Вода. Денес направивме еден убав настан. Сакам да им се заблагодарам на сите граѓани, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.

На чинот на положување на крстот му претходеше света литургија со која чиноначалствуваше отецот Благоја од црквата Св. Ѓорѓија. За најсреќниот Сашо Милошевски, кој одлучи да ги донира наградите, се обезбедени средства во висина од 12 000 денари од градоначалникот Ѓорѓиевски, икона од пратеничката од Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, како и бела техника, апарати за домаќинстовото и вредносни ваучери од повеќе општествено одговорно компании.

The post На возобновената манифестација за Водици во Кисела Вода, најсреќен Сашо Милошевски, наградите ќе ги донира appeared first on Република.

]]>

Триесетиедногодишниот Сашо Милошeвски беше најсреќен од 47-те верници, кои денес, во базенот “Расадник” во Кисела Вода, скокнаа да го фатат чесниот крст во чест на празникот Богојавление-Водици. Здравје, среќа и успех за себе, но пред се’, за синчето Максим и сопругата Бранкица, посака да му донесе осветениот крст. И’ се заблагодари на Oпштина Кисела Вода и на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски за возобновената манифестација, како и за наградите, кои во духот на христијанството, одлучи да ги донира на социјално загрозени семејства. Градоначалникот Ѓорѓиевски, му честиташе на среќниот Милошевски и им се заблагодари на сите кои зедоа учество во денешната манифестација. Потенцираше дека дадоа свој удел во идејата за обединување на народот и продолжување на една вековна традиција на празнувањето на еден ваков голем христијански празник.