ранливи категории Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ranlivi-kategorii/ За подобро да се разбереме Thu, 02 May 2024 18:46:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ранливи категории Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ranlivi-kategorii/ 32 32 Силјановска Давкова на трибина „Ранливи категории“: Оваа држава не смее да се откаже од лицата со посебни потреби https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/siljanovska-davkova-na-tribina-ranlivi-kategorii-ovaa-drzhava-ne-smee-da-se-otkazhe-od-litsata-so-posebni-potrebi/ Thu, 02 May 2024 18:46:05 +0000 https://republika.mk/?p=773615

Во рамките на претставувањето на клучните точки од Програмата „Македонија повторно горда“ се одржа петтата трибина на тема: “Ранливи категории”. На трибината свое обраќање имаше кандидатката за претседател на Република Македонија, проф. д-р Гордана Силјановска-Давкова. Исто така, беше промовирана и аудио-верзијата на програмата „Македонија повторно Горда“. На трибината учество зедоа преставници на различни групи на ранливи граѓани.

Силјановска-Давкова истакна:

“Оние кои ме познаваат знаат дека нема луѓе со хендикеп, туку има држави со посебни потреби, како нашава.

Член 9 од Уставот е нецелосен, мора да се прошири со лицата со посебни потреби.
Никој подобро не може да ги застапува овие лица, од самите тие, преку нивна промоција во разни сфери.

Оваа држава не смее да се откаже од лицата со посебни потреби. Можеби им треба повеќе време за изразување, но ние имаме човечка обврска да го браниме и поддржиме тоа. Тоа е само различен начин на изразување, а не хендикеп.

Јас секогаш ќе водам сметка за сите категории на луѓе, вклучително и за овие лица. Тие луѓе можат на еден поинаков начин да придонесат за развојот на општеството.

Пресреќна сум што ВМРО- ДПМНЕ даде шанса на оваа категорија на луѓе да се промовираат себеси.

Јас ќе бидам промоторка и заштитничка на ранливите категории на луѓе, за да имаат шанса да го докажат она што го знаат.”

The post Силјановска Давкова на трибина „Ранливи категории“: Оваа држава не смее да се откаже од лицата со посебни потреби appeared first on Република.

]]>

Во рамките на претставувањето на клучните точки од Програмата „Македонија повторно горда“ се одржа петтата трибина на тема: “Ранливи категории”. На трибината свое обраќање имаше кандидатката за претседател на Република Македонија, проф. д-р Гордана Силјановска-Давкова. Исто така, беше промовирана и аудио-верзијата на програмата „Македонија повторно Горда“. На трибината учество зедоа преставници на различни групи на ранливи граѓани. Силјановска-Давкова истакна: “Оние кои ме познаваат знаат дека нема луѓе со хендикеп, туку има држави со посебни потреби, како нашава. Член 9 од Уставот е нецелосен, мора да се прошири со лицата со посебни потреби. Никој подобро не може да ги застапува овие лица, од самите тие, преку нивна промоција во разни сфери. Оваа држава не смее да се откаже од лицата со посебни потреби. Можеби им треба повеќе време за изразување, но ние имаме човечка обврска да го браниме и поддржиме тоа. Тоа е само различен начин на изразување, а не хендикеп. Јас секогаш ќе водам сметка за сите категории на луѓе, вклучително и за овие лица. Тие луѓе можат на еден поинаков начин да придонесат за развојот на општеството. Пресреќна сум што ВМРО- ДПМНЕ даде шанса на оваа категорија на луѓе да се промовираат себеси. Јас ќе бидам промоторка и заштитничка на ранливите категории на луѓе, за да имаат шанса да го докажат она што го знаат.”

The post Силјановска Давкова на трибина „Ранливи категории“: Оваа држава не смее да се откаже од лицата со посебни потреби appeared first on Република.

]]>
МТСП: Исплатата на финансиската поддршка за ранливи категории на граѓани ќе се изврши на 13 февруари, а списоците на корисниците ќе бидат објавени на 6 февруари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mtsp-isplatata-na-finansiskata-poddrshka-za-ranlivi-kategorii-na-gragani-ke-se-izvrshi-na-13-fevruari-a-spisotsite-na-korisnitsite-ke-bidat-objaveni-na-6-fevruari/ Fri, 03 Feb 2023 11:21:59 +0000 https://republika.mk/?p=604272

Министерството за труд и социјална политика, ги известува граѓаните дека паричните средства за корисници на финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе бидат исплатени на 13.02.2023 година.

Списокот на корисници на паричните средства за финансиска поддршка за справување со енергетската криза ќе се објави на 6-ти февруари 2023 година и тоа:

На веб страната на Министерството за труд и социјална политика (корисници на правото на социјална сигурност на стари на лица, посебен додаток, надоместок заради попреченост, корисници на надоместок за помош и нега од друго лице со трајни промени во здравствената состојба без потреба од контролен преглед и не користат право на надоместок заради попреченост, како и самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош)

На веб страната на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија (корисници на пензија во висина не поголема од 11.525 денари месечно, односно во висина не поголема од 14.000 денари месечно, како и корисници на право на надоместок за телесно оштетување)

На веб страната на Агенцијата за вработување на Република Македонија (невработени лица - корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок).

Списокот се објавува со цел граѓаните да можат да извршат проверка, а доколку лицето не е на списокот, а смета дека ги исполнува условите како корисник на право, може да поднесе приговор до Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка при Министерството за труд и социјална политика, во рок од три дена од денот на објавувањето на списоците на корисници на финансиската поддршка.

Приговорот може да се поднесе преку архивата на Министерството за труд и социјална политика или преку електронската пошта mtsp@mtsp.gov.mk.

Списокот на корисници на паричните средства за финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе биде отстранет од веб страната на Министерството за труд и социјална политика,  веб страната на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија  и веб страната на Агенцијата за вработување на Република Македонија,  по истекот на три дена од денот на објавувањето.

The post МТСП: Исплатата на финансиската поддршка за ранливи категории на граѓани ќе се изврши на 13 февруари, а списоците на корисниците ќе бидат објавени на 6 февруари appeared first on Република.

Општина Охрид ќе субвенционира сметки за комунални услуги на граѓаните од ранливите категории https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/opshtina-ohrid-ke-subventsionira-smetki-za-komunalni-uslugi-na-graganite-od-ranlivite-kategorii/ Thu, 02 Feb 2023 13:34:59 +0000 https://republika.mk/?p=603886

Општина Охрид со средства од буџетот ќе субвенционира дел од трошоците за комунални услуги на граѓаните изложени на социјални ризици.

Како што се посочува во денеска објавениот Јавен повик, предвидено е субвенционирање на трошоците за комунални услуги за тековната година за што преку Програмата за социјална заштита во буџетот на Општина Охрид се предвидени 1,5 милиони денари.

Вкупниот износ по субвенција ќе изнесува 703 денари месечно за секој корисник, средства за покривање на трошоците за потрошена вода до 320 денари, за спроведување на отпад до 150 денари, покривање на трошоците за одведување на отпадни и атмосферски води до 150 денари, како и 83 денари за покривање на трошоците за плаќање на гробна такса-гробарина.

Субвенционирање од средствата на буџетот на Општина Охрид ќе можат да користат лицата кои имаат статус на корисник на социјална помош, корисник на постојана парична помош, невработено лице подолго од 12 месеци. За лицата коис е во брак услов е и неговиот брачен другар да е невработен, како и лица кои имаат најмалку 70-постотен инвалидитет или тешка болест, односно нивниот брачен другар или друг член на семејство е со инвалидитет од најмалку 70 отсто има тешка болест и истото исклучиво е утврдено од надлежен орган или комисија.

Мерката за субвенционирање не се однесува на инвалидизираните лица кои се во работен однос.

The post Општина Охрид ќе субвенционира сметки за комунални услуги на граѓаните од ранливите категории appeared first on Република.

]]>

Општина Охрид со средства од буџетот ќе субвенционира дел од трошоците за комунални услуги на граѓаните изложени на социјални ризици. Како што се посочува во денеска објавениот Јавен повик, предвидено е субвенционирање на трошоците за комунални услуги за тековната година за што преку Програмата за социјална заштита во буџетот на Општина Охрид се предвидени 1,5 милиони денари. Вкупниот износ по субвенција ќе изнесува 703 денари месечно за секој корисник, средства за покривање на трошоците за потрошена вода до 320 денари, за спроведување на отпад до 150 денари, покривање на трошоците за одведување на отпадни и атмосферски води до 150 денари, како и 83 денари за покривање на трошоците за плаќање на гробна такса-гробарина. Субвенционирање од средствата на буџетот на Општина Охрид ќе можат да користат лицата кои имаат статус на корисник на социјална помош, корисник на постојана парична помош, невработено лице подолго од 12 месеци. За лицата коис е во брак услов е и неговиот брачен другар да е невработен, како и лица кои имаат најмалку 70-постотен инвалидитет или тешка болест, односно нивниот брачен другар или друг член на семејство е со инвалидитет од најмалку 70 отсто има тешка болест и истото исклучиво е утврдено од надлежен орган или комисија. Мерката за субвенционирање не се однесува на инвалидизираните лица кои се во работен однос.  

The post Општина Охрид ќе субвенционира сметки за комунални услуги на граѓаните од ранливите категории appeared first on Република.

]]>
Започнува исплатата на финансиската помош за ранливите категории граѓани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zapochnuva-isplatata-na-finansiskata-pomosh-za-ranlivite-kategorii-gragjani/ Sun, 11 Dec 2022 13:54:01 +0000 https://republika.mk/?p=584306

Владата предводена од СДСМ никого не остава сам во време на светска економска и енергетска криза.

Започнува исплатата на финансиската помош за ранливите категории граѓани, за што пари се обебзедени од вториот пакет антикризни мерки што го реализира Владата предводена од СДСМ.

Финансиска поддршка за пензионерите веќе започнува со исплатата на пензијата за месец декември.

Пензионерите со најниски пензии, односно пензии до 11.525 денари,  месечно добиваат по 1.500 денари, за период од четири месеци, додека, пензионерите со пензии од 11.526 денари од 14.000 денари, добиваат  помош од 750 денари месечно, за период од четири месеци.

Веќе утре ќе се исплати  паричната помош за корисниците  на правото на социјална сигурност на стари лица, корисниците  на посебен додаток, на  правото на надоместок заради попреченост, надоместокот за  попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост, како и самохраните родители кои добиваат гарантирана минимална помош.

Овие граѓани четири месеци ќе добијат финансиската поддршка од 3.000 денари месечно.

Корисниците на надоместокот за телесно оштетување исто така добиваат по 750 денари месечно, за период од четири месеци.

Во среда ќе биде исплатена и паричната помош за невработени лица - корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок, од страна на Агенцијата за вработување на Република Македонија.

И овие лица исто така  ќе добијат финансиска поддршка од 3.000 денари месечно, за период од четири месеци.

На веб страниците на Министерството за труд и социјална политика, на Фондот за пензиско осигурување, како и на Агенцијата за вработување, секој ќе може да се провери дали е на списокот за добивање на финансиска поддршка и доколку не се пронајде, а сепак ги исполнува условите, може да поднесе приговор до Министерството.

СДСМ и во време на најголема економска криза останува посветена на поддршка на граѓаните во справувањето со последиците, за никој да не биде изоставен.

The post Започнува исплатата на финансиската помош за ранливите категории граѓани appeared first on Република.

]]>

Владата предводена од СДСМ никого не остава сам во време на светска економска и енергетска криза. Започнува исплатата на финансиската помош за ранливите категории граѓани, за што пари се обебзедени од вториот пакет антикризни мерки што го реализира Владата предводена од СДСМ. Финансиска поддршка за пензионерите веќе започнува со исплатата на пензијата за месец декември. Пензионерите со најниски пензии, односно пензии до 11.525 денари,  месечно добиваат по 1.500 денари, за период од четири месеци, додека, пензионерите со пензии од 11.526 денари од 14.000 денари, добиваат  помош од 750 денари месечно, за период од четири месеци. Веќе утре ќе се исплати  паричната помош за корисниците  на правото на социјална сигурност на стари лица, корисниците  на посебен додаток, на  правото на надоместок заради попреченост, надоместокот за  попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост, како и самохраните родители кои добиваат гарантирана минимална помош. Овие граѓани четири месеци ќе добијат финансиската поддршка од 3.000 денари месечно. Корисниците на надоместокот за телесно оштетување исто така добиваат по 750 денари месечно, за период од четири месеци. Во среда ќе биде исплатена и паричната помош за невработени лица - корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок, од страна на Агенцијата за вработување на Република Македонија. И овие лица исто така  ќе добијат финансиска поддршка од 3.000 денари месечно, за период од четири месеци. На веб страниците на Министерството за труд и социјална политика, на Фондот за пензиско осигурување, како и на Агенцијата за вработување, секој ќе може да се провери дали е на списокот за добивање на финансиска поддршка и доколку не се пронајде, а сепак ги исполнува условите, може да поднесе приговор до Министерството. СДСМ и во време на најголема економска криза останува посветена на поддршка на граѓаните во справувањето со последиците, за никој да не биде изоставен.

The post Започнува исплатата на финансиската помош за ранливите категории граѓани appeared first on Република.

]]>
Тренчевска: Доколку има потреба ќе се прошири опфатот на најранливи категории кои се дел од антикризните мерки https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trenchevska-dokolku-ima-potreba-kje-se-proshiri-opfatot-na-najranlivi-kategorii-koi-se-del-od-antikriznite-merki-2/ Thu, 17 Nov 2022 09:26:33 +0000 https://republika.mk/?p=574807

Почнувајќи од декември оваа година, најранливите категории на граѓани ќе добијат финансиска поддршка, како дел од новиот пакет антикризни мерки. Не е исклучена и можноста да се прошири опфатот на граѓаните кои се детектирани како најранливи категории, изјави министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска на денешната конференцијата „Нови форми на вработување на променливиот пазар на трудот”, во организација на Меѓународната организација на трудот, Здружението за трудово и социјално право и Импакт фондацијата.

– Самохраните родители, приматели на гарантирана помош, лица со попреченост, над 26 години и деца со попреченост, лица кои имаат надоместок согласно Законот преку Агенцијата за вработување, во наредните четири месеци ќе добиваат 3000 денари месечно, како дополнителен приход. Пензионерите со пензија до 14.000 денари ќе бидат поделени во две категории. Првата категорија е со минимална пензија до 11.525 денари. Оваа категорија ќе има дополнителен приход од 1500 денари во наредните четири месеци. Втората категорија на пензионери со пензија од 11.525 до 14.000 денари ќе има дополнителен приход од 750 денари месечно. Примателите на туѓа нега ќе добиваат по 3000 денари месечен приход, во наредните четири месеци, а лицата со надомест за телесно оштетување по 750 денари, појасни Тренчевска.

Додаде дека овие категории се детектирани како најранливи категории кои досега не добивале поддршка во делот на антикризните мерки, но како Влада ја следат состојбата и доколу има потреба ќе биде проширен опфатот.

Во однос на Економско-социјалниот совет, министерката информираше дека се дефинираат нови мерки и за стопанството.

– Економскиот-социјален совет дефинира нови мерки за стопанството, се со единствена причина да се надмине полесно зимскиот период. Од страна на економските министри ќе бидат најавени нови мерки, вели таа.

Во врска со Законот за работни односи, министерката најави дека се финализира, а веќе од следна недела имаат интензивни пет дена работа.

– Верувам дека ќе биде финализиран предлог-текстот, а потоа ќе организираме и јавни расправи ширум државата.

The post Тренчевска: Доколку има потреба ќе се прошири опфатот на најранливи категории кои се дел од антикризните мерки appeared first on Република.

]]>

Почнувајќи од декември оваа година, најранливите категории на граѓани ќе добијат финансиска поддршка, како дел од новиот пакет антикризни мерки. Не е исклучена и можноста да се прошири опфатот на граѓаните кои се детектирани како најранливи категории, изјави министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска на денешната конференцијата „Нови форми на вработување на променливиот пазар на трудот”, во организација на Меѓународната организација на трудот, Здружението за трудово и социјално право и Импакт фондацијата. – Самохраните родители, приматели на гарантирана помош, лица со попреченост, над 26 години и деца со попреченост, лица кои имаат надоместок согласно Законот преку Агенцијата за вработување, во наредните четири месеци ќе добиваат 3000 денари месечно, како дополнителен приход. Пензионерите со пензија до 14.000 денари ќе бидат поделени во две категории. Првата категорија е со минимална пензија до 11.525 денари. Оваа категорија ќе има дополнителен приход од 1500 денари во наредните четири месеци. Втората категорија на пензионери со пензија од 11.525 до 14.000 денари ќе има дополнителен приход од 750 денари месечно. Примателите на туѓа нега ќе добиваат по 3000 денари месечен приход, во наредните четири месеци, а лицата со надомест за телесно оштетување по 750 денари, појасни Тренчевска. Додаде дека овие категории се детектирани како најранливи категории кои досега не добивале поддршка во делот на антикризните мерки, но како Влада ја следат состојбата и доколу има потреба ќе биде проширен опфатот. Во однос на Економско-социјалниот совет, министерката информираше дека се дефинираат нови мерки и за стопанството. – Економскиот-социјален совет дефинира нови мерки за стопанството, се со единствена причина да се надмине полесно зимскиот период. Од страна на економските министри ќе бидат најавени нови мерки, вели таа. Во врска со Законот за работни односи, министерката најави дека се финализира, а веќе од следна недела имаат интензивни пет дена работа. – Верувам дека ќе биде финализиран предлог-текстот, а потоа ќе организираме и јавни расправи ширум државата.

The post Тренчевска: Доколку има потреба ќе се прошири опфатот на најранливи категории кои се дел од антикризните мерки appeared first on Република.

]]>
Донесен Законот за финансиска поддршка на ранливите категории за справување со енергетската криза https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/donesen-zakonot-za-finansiska-poddrshka-na-ranlivite-kategorii-za-spravuvanje-so-energetskata-kriza/ Tue, 15 Nov 2022 20:28:11 +0000 https://republika.mk/?p=574199

Собранието попладнето со 70 гласа „за“, ниту еден воздржан или против, го усвои Предлог-законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза, по скратена постапка,  предложен од Министерството за труд и социјална политика. Според предлагачот, целта на законот е обезбедување финансиска поддршка на најранливите категории на граѓани, во услови на енергетска криза.

Пратениците од опозицијата рекоа дека ќе го поддржат Предлог-законот, но забележаа дека со него треба да бидат опфатени и други категории на граѓани, а средствата предвидени за непродуктивни трошоци да се прераспределат за антикризните мерки.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски рече дека мерката за финансиска помош од 750 денари е потценување на категориите на граѓаните во услови кога има инфлација од 20 отсто и кога опозицијата обзнанува колкави големи плати земаат некои функционери.

– Ние имавме прес-конфекции на кои ги презентиравме нашите антикризни мерки. Претседателот Мицкоски излезе со предлог за четири мерки. Ни требаа четири месеци да ве убедиме да ги интегрирате училиштата и јавните претпријатија за комунални и водни услуги од слободен на регулиран пазар. Останаа и некои мерки, за кои Владата не се охрабри да каже дали ги прифаќа или не ги прифаќа, рече Стојановски.

Тој потсети дека еден од предлозите на опозицијата е мерките наместо четири месеци да траат додека трае кризата. Според него, кризните состојби се користеле од власта за склучување на договори во четири очи во областа на енергетиката.

Пратеникот од СДСМ Диме Велковски во реплика до Стојановски рече дека не е добро што не ја кажува вистината и оти треба да каже дека со законот се опфатени осум категории граѓани.

– Вие рековте на Комисија дека ќе го поддржите законот. Со овој закон се доделуваат над една милијарда денари на осум категории на луѓе, од кои пет категории, меѓу кои корисници на право на социјална сигурност на стари лица, корисници на посебен додаток, корисници на правото на надоместок заради попреченост, ќе добиваат по 3.000 денари, рече Велковски.

Стојановски во контрареплика до Велковски рече дека можат да се скратат непродуктивните трошоци и наместо 20 милиони евра, уште 27 милиони евра да се прераспределат на социјално ранливите категории на граѓани.

Ели Панова од ВМРО-ДПМНЕ рече дека некои категории на граѓани се заборавени со овој сет мерки.

– Дискриминаторски е да се дава помош за самохрани родители кои имаат деца до седумгодишна возраст. Што станува со останатите самохрани родители? Дали тие немаат потреба во оваа голема криза, да им дадат по 50 денари на нивите деца?, праша Панова.

Таа посочи дека минималната кошница сега изнесува 51.000 денари и праша кој од самохраните родители зема толкава плата за да ги покрие основните потреби на едно семејство. Панова, повикувајќи се на податоци од невладината организација „Една може“, рече дека голем број на самохрани родители не земаат ниту минимална плата. Панова истакна дека со мерките не се опфатени ниту децата без родители.

Пратеничката од СДСМ Жаклина Лазаревска во реплика до Панова рече дека и е мило што опозицијата ќе го поддржи законот.

– Законот опфаќа најразлични категории на граѓани, оние на кои им е најпотребна дополнителна финансиска помош во ова време на криза, која го зафати цел свет, рече Лазаревска.

По донесување на законот, претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина 88-та седница и најави дека за нејзиното продолжение пратениците ќе бидат дополнително известени.

The post Донесен Законот за финансиска поддршка на ранливите категории за справување со енергетската криза appeared first on Република.

]]>

Собранието попладнето со 70 гласа „за“, ниту еден воздржан или против, го усвои Предлог-законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза, по скратена постапка,  предложен од Министерството за труд и социјална политика. Според предлагачот, целта на законот е обезбедување финансиска поддршка на најранливите категории на граѓани, во услови на енергетска криза. Пратениците од опозицијата рекоа дека ќе го поддржат Предлог-законот, но забележаа дека со него треба да бидат опфатени и други категории на граѓани, а средствата предвидени за непродуктивни трошоци да се прераспределат за антикризните мерки. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски рече дека мерката за финансиска помош од 750 денари е потценување на категориите на граѓаните во услови кога има инфлација од 20 отсто и кога опозицијата обзнанува колкави големи плати земаат некои функционери. – Ние имавме прес-конфекции на кои ги презентиравме нашите антикризни мерки. Претседателот Мицкоски излезе со предлог за четири мерки. Ни требаа четири месеци да ве убедиме да ги интегрирате училиштата и јавните претпријатија за комунални и водни услуги од слободен на регулиран пазар. Останаа и некои мерки, за кои Владата не се охрабри да каже дали ги прифаќа или не ги прифаќа, рече Стојановски. Тој потсети дека еден од предлозите на опозицијата е мерките наместо четири месеци да траат додека трае кризата. Според него, кризните состојби се користеле од власта за склучување на договори во четири очи во областа на енергетиката. Пратеникот од СДСМ Диме Велковски во реплика до Стојановски рече дека не е добро што не ја кажува вистината и оти треба да каже дека со законот се опфатени осум категории граѓани. – Вие рековте на Комисија дека ќе го поддржите законот. Со овој закон се доделуваат над една милијарда денари на осум категории на луѓе, од кои пет категории, меѓу кои корисници на право на социјална сигурност на стари лица, корисници на посебен додаток, корисници на правото на надоместок заради попреченост, ќе добиваат по 3.000 денари, рече Велковски. Стојановски во контрареплика до Велковски рече дека можат да се скратат непродуктивните трошоци и наместо 20 милиони евра, уште 27 милиони евра да се прераспределат на социјално ранливите категории на граѓани. Ели Панова од ВМРО-ДПМНЕ рече дека некои категории на граѓани се заборавени со овој сет мерки. – Дискриминаторски е да се дава помош за самохрани родители кои имаат деца до седумгодишна возраст. Што станува со останатите самохрани родители? Дали тие немаат потреба во оваа голема криза, да им дадат по 50 денари на нивите деца?, праша Панова. Таа посочи дека минималната кошница сега изнесува 51.000 денари и праша кој од самохраните родители зема толкава плата за да ги покрие основните потреби на едно семејство. Панова, повикувајќи се на податоци од невладината организација „Една може“, рече дека голем број на самохрани родители не земаат ниту минимална плата. Панова истакна дека со мерките не се опфатени ниту децата без родители. Пратеничката од СДСМ Жаклина Лазаревска во реплика до Панова рече дека и е мило што опозицијата ќе го поддржи законот. – Законот опфаќа најразлични категории на граѓани, оние на кои им е најпотребна дополнителна финансиска помош во ова време на криза, која го зафати цел свет, рече Лазаревска. По донесување на законот, претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина 88-та седница и најави дека за нејзиното продолжение пратениците ќе бидат дополнително известени.

The post Донесен Законот за финансиска поддршка на ранливите категории за справување со енергетската криза appeared first on Република.

]]>
Ранливи категории граѓани и пензионери со ниски пензии ќе добијат финансиска помош во наредните четири месеци https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ranlivi-kategorii-gragjani-i-penzioneri-so-niski-penzii-kje-dobijat-finansiska-pomosh-vo-narednite-chetiri-meseci/ Sun, 09 Oct 2022 15:13:59 +0000 https://republika.mk/?p=559112

По 3.000 денари месечно во наредните четири месеци, или вкупно 12.000 денари, ќе примаат 42 000 граѓани од ранливи категории, предвидува пакетот антикризни мерки за справување со кризата кои денеска на прес-конференција ги соопшти премиерот Димитар Ковачевски.

Тука спаѓаат лица кои користат право на социјална сигурност, лица кои го користат правото за попреченост, родители на децата со попреченост до 26-годишна возраст кои користат право на посебен додаток, лицата со попреченост кои користат право за помош и нега од друго лице, лицата со потешки трајни промени во здравствената состојба, самохрани родители корисници на гарантирана минимална плата и невработени лица. За оваа мерка вкупно се издвоени над 8 милиони евра, рече Ковачевски.

Директна финансиска поддршка ќе има и за пензионерите приматели на најниски пензии: над 91 600 пензионери кои примаат до 11.525 пензија ќе бидат помогнати со по 1.500 денари месечно односно вкупно 6.000 денари за четири месеци.

Воедно, директна финансиска помош од вкупно 3.000 денари обезбедивме за пензионерите кои земаат пензија од 11.525 до 14.000 денари, односно над 66.000 пензионери. За оваа мерка, за нашите пензионери издвоивме над 12,2 милиони евра, рече Ковачевски соопштувајќи ги сетот нови мерки за справување со економската и енергетска криза, усвоени денеска на 88-та седница на Владата.

Дел од сетот мерки што беа соопштени треба да поминат во процедура во Собрание зашто за нив се потребни законски измени, а дел, согласно Уредбата за кризна состојба ќе може да се операционализираат со одлука на Владата или на одделни министетства.

Од идниот месец пензионерите може да ја очекуваат најновата владина поддршка доколку Собранието ги изгласа потребните законски измени, соопшти Ковачевски.

И Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши очекуваат дека сите пратеници ќе ги усвојат измените што ќе овозможат помош за пензиоенрите и за ранливите категории граѓани, но и реализирање на сите останати мерки за справување со енергетската и ценовната криза.

Очекувам и верувам дека сите пратеници ќе бидат на ниво на задачата и ќе ги усвојат измените што значат помош за пензиоенрите и ранливите категории граѓани, истакна Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата на која соопшти дека е усвоен нов пакет мерки тежок преку 350 милиони евра.

The post Ранливи категории граѓани и пензионери со ниски пензии ќе добијат финансиска помош во наредните четири месеци appeared first on Република.

За најранливите граѓани, мерки до вечер – за фирмите до крајот на месецот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/za-najranlivite-gragjani-merki-do-vecher-za-firmite-do-krajot-na-mesecot/ Sat, 08 Oct 2022 14:18:49 +0000 https://republika.mk/?p=558813

До вечер ќе бидат финализирани мерките за најранливите категории граѓани, најави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Од понеделник ќе имаме мерки кои ќе може да се најават за најранливите категории на граѓани, рече денеска премиерот.

Во однос на компаниите, пак, Ковачевски посочи дека постојано се разговара со стопанските комори и за помош на бизнисот.

Владата секојдневно разговара со стопанските комори како да им се помогне на големите компании кои се на либерализираниот пазар. Се подготвува пакет мерки кој би требало да биде финализиран до крајот на овој месец“, рече премиерот.

Според него, намалувањето на ДДВ-то не е клучно во однос на намалувањето на цената на електричната енергија која се зголеми десет пати во споредба со цените пред војната во Украина туку она што е потребно е максимално зголемување на производството на електрична енергија и ставање во функција на сите производствени капацитети.

Се разговара државата да им помогне на големите потрошувачи кои се на либерализираниот пазар. Разговараме за обезбедување поевтина струја од билатерални извори, со Бугарија, Турција, Грција, Србија. Во моментов се подготвува пакет мерки кој би требало да биде финализиран до крајот на овој месец. Ќе се земат предвид карактеристиките на индустриите и врз основа на таква анализа и на буџетските можности, да обезбедиме финансиска поддршка на компаниите кои се на либерализираниот пазар. Тоа во моментов се работи, ќе биде разговарано со стопанските комори. Прво ќе се излезе пред нив, а потоа и пред јавноста, кажа Ковачевски.

Во однос на енергетските капацитети, тој најави дека во понеделник ќе се пушти еден таков во употреба, но не откри детали.

Во понеделник ќе има пуштање во употреба на уште еден производствен енергетски капацитет. Верувам дека во мојот досегашен мандат од девет – десет месеци ќе имаме скоро еднакво инсталирана моќност на нови производствени капацитети на електрична енергија колку што биле инсталирани во последните 30 години, истакна Ковачевски.

За снабдувањето со природен гас преку компаниите што ги посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак, тој рече дека министерот за економија Крешник Бектеши е тој што треба да го соопшти исходот.

Бектеши ќе соопшти сам каде бил и какви се резултатите. Тој ќе треба изворно да каже, зашто тој ја водеше нашата делегација. Позитивно е кога ќе стигне понуда и кога таа ќе биде подобра од другите. Јас не можам да интервенирам и да елаборирам понуди од приватни компании ако ги имаа воопшто, кои треба да стигнат во Комисија која независно треба да врши евалуација. Тоа е и етички и законски, рече премиерот.

The post За најранливите граѓани, мерки до вечер – за фирмите до крајот на месецот appeared first on Република.

Ранливите категории од денеска аплицираат за помош за електрична енергија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ranlivite-kategorii-od-deneska-apliciraat-za-pomosh-za-elektrichna-energija/ Tue, 11 Jan 2022 11:49:16 +0000 https://republika.mk/?p=443091

Министерството за економија денеска го објави јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за лица со ниски примања за 2022 година.

Согласно јавниот повик од 600 до 800 денари пониски сметки за струја ќе добијат над 7.500 домаќинства со ниски приходи во период од 12 меесеци. За оваа мерка се обезбедени 60 милиони денари.

Финансиска поддршка ќе добијат домаќинствата чии редовни месечни примања не го надминуваат нето приходот од 30.000 денари и тоа за: самец до 15.194 денари; домаќинство со два члена до 18.000 денари; домаќинство со три члена до 21.000 денари, домаќинство со четири члена до 25.000 денари; и домаќинство со пет члена и повеќе до 30.000 денари.

Јавниот повик и потребната документација може да се најде на веб-страната на Министерството за економија на следниот линк: https://www.economy.gov.mk/doc/3070

The post Ранливите категории од денеска аплицираат за помош за електрична енергија appeared first on Република.

]]>

Министерството за економија денеска го објави јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за лица со ниски примања за 2022 година. Согласно јавниот повик од 600 до 800 денари пониски сметки за струја ќе добијат над 7.500 домаќинства со ниски приходи во период од 12 меесеци. За оваа мерка се обезбедени 60 милиони денари. Финансиска поддршка ќе добијат домаќинствата чии редовни месечни примања не го надминуваат нето приходот од 30.000 денари и тоа за: самец до 15.194 денари; домаќинство со два члена до 18.000 денари; домаќинство со три члена до 21.000 денари, домаќинство со четири члена до 25.000 денари; и домаќинство со пет члена и повеќе до 30.000 денари. Јавниот повик и потребната документација може да се најде на веб-страната на Министерството за економија на следниот линк: https://www.economy.gov.mk/doc/3070

The post Ранливите категории од денеска аплицираат за помош за електрична енергија appeared first on Република.

]]>