ранковце Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rankovce/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Nov 2024 20:26:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ранковце Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rankovce/ 32 32 Мечка се прошета низ село во Ранковце, Ловното здружение предупредува: Не смее да се убива https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/mechka-se-prosheta-niz-selo-vo-rankovtse-lovnoto-zdruzhenie-predupreduva-ne-smee-da-se-ubiva/ Thu, 14 Nov 2024 20:26:10 +0000 https://republika.mk/?p=837883

Мечка се појави во селото Петралица, општина Ранковце, во средината на денот. Оваа информација ја сподели ловното здружение „Славишко поле“ на својата Фејсбук страница.

Во објавата се истакнува дека мечката е заштитен вид и дека нејзиното застрелување е строго забрането според законот.

Ловците и жителите на општината се предупредени да не ја нарушуваат нејзината безбедност.

„Драги ловци и почитувани граѓани на Општина Ранковце, во село Петралица беше забележана кафеава мечка! Потсетуваме дека ова животно е заштитено со закон и не смее да се убива. Мечката е тревопасна и ќе се повлече во шумските предели. Апелираме да не се предизвикува, бидејќи застрелување на мечка е кривично дело, за што е предвидена казна затвор и глоба до 5000 евра“, стои во објавата од Ловното здружение.

The post Мечка се прошета низ село во Ранковце, Ловното здружение предупредува: Не смее да се убива appeared first on Република.

]]>

Мечка се појави во селото Петралица, општина Ранковце, во средината на денот. Оваа информација ја сподели ловното здружение „Славишко поле“ на својата Фејсбук страница. Во објавата се истакнува дека мечката е заштитен вид и дека нејзиното застрелување е строго забрането според законот. Ловците и жителите на општината се предупредени да не ја нарушуваат нејзината безбедност.
„Драги ловци и почитувани граѓани на Општина Ранковце, во село Петралица беше забележана кафеава мечка! Потсетуваме дека ова животно е заштитено со закон и не смее да се убива. Мечката е тревопасна и ќе се повлече во шумските предели. Апелираме да не се предизвикува, бидејќи застрелување на мечка е кривично дело, за што е предвидена казна затвор и глоба до 5000 евра“, стои во објавата од Ловното здружение.

The post Мечка се прошета низ село во Ранковце, Ловното здружение предупредува: Не смее да се убива appeared first on Република.

]]>
Татко со забрана за приближување повторно си ги нападнал децата и искршил сè низ дома https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tatko-so-zabrana-za-priblizhuvane-povtorno-si-gi-napadnal-detsata-i-iskrshil-se-niz-doma/ Thu, 27 Jun 2024 07:30:56 +0000 https://republika.mk/?p=791139

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Н.А. (41) од Ранковце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неизвршување на судска одлука“.

Пријавениот на 06.06.2024 не почитувајќи ја судската одлука – Решение на Основен суд Крива Паланка, со кое му биле изречени привремени мерки за заштита од родово базирано и семејно насилство во времетраење од три месеци, отишол во семејната куќа на неговата сопруга која живеела со нејзините деца, по што најпрвин вербално ги нападнал децата, а потоа со тврд предмет искршил делови од покуќнината, соопшт МВР.

The post Татко со забрана за приближување повторно си ги нападнал децата и искршил сè низ дома appeared first on Република.

]]>

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Н.А. (41) од Ранковце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неизвршување на судска одлука“. Пријавениот на 06.06.2024 не почитувајќи ја судската одлука – Решение на Основен суд Крива Паланка, со кое му биле изречени привремени мерки за заштита од родово базирано и семејно насилство во времетраење од три месеци, отишол во семејната куќа на неговата сопруга која живеела со нејзините деца, по што најпрвин вербално ги нападнал децата, а потоа со тврд предмет искршил делови од покуќнината, соопшт МВР.  

The post Татко со забрана за приближување повторно си ги нападнал децата и искршил сè низ дома appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Актуелната власт донесе цикличен артаноиден хибриден режим, по 8 мај Македонија ќе биде повторно слободна и предводена од Влада на ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-aktuelnata-vlast-donese-tsiklichen-artanoiden-hibriden-rezhim-po-8-maj-makedonija-ke-bide-povtorno-slobodna-i-predvodena-od-vlada-na-vmro-dpmne/ Fri, 19 Apr 2024 16:31:29 +0000 https://republika.mk/?p=768134

Во овие 15 дена од кампањата за првиот круг за претседателски избори буквално насекаде низ Македонија се чувствува победничката атмосфера, се чувствува како граѓаните се обединуваат околу желбата за промени, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Ранковце.

„Масовно на 24-ти април да излеземе овде во Ранковце и да го поддржиме идниот претседател на Македонија, професорката Гордана Силјановска Давкова. Тоа е многу важно затоа што државата ни е одземена од мала група на луѓе кои што се дел од раководството на ДУИ и неколкумина измеќари од СДСМ кои што цело време за да добијат некое парче коска од наместените тендери, да добијат некое ситно евро во џебот и да ги задржат своите фотелји упорно и упорно шест и половина години измеќарат на овие од Мала Речица“, појасни Мицкоски.

Мицкоски додаде дека Македонија ја претворија во еден вид на артаноиден режим. Таква е денеска Македонија поради дел од раководството на ДУИ и неколкумина измеќари од СДСМ.

„Пред шест и половина години овие што сега се Влада ни ветуваа дека ќе донесат слобода, ќе донесат правда, подобар живот, подостоинствен живот, поквалитетен живот за граѓаните, повеќе пари за граѓаните. А, во суштина што направија? Донесоа цикличен артаноиден хибриден режим“, рече тој.

„Кога велам артаноиден тука мислам и на неговиот ментор, а тоа е Али Ахмети од Зајас, кој што денеска ја доби Македонија на тацна од Ковачевски, Зечевиќ и останатите неколкумина политичари во раководството на СДСМ, кои се покажаа и докажаа како главни измеќари“, укажа Мицкоски.

Тој посочи дека никој не очекуваше една државотворна партија СДСМ да се претвори во гранапче на Али Ахмети, на Артан, на ДУИ и да бидат главни измеќари само за да ги задржат своите позиции.

„Тоа е политичкото мочуриште во кое што ние денеска живееме“, истакна Мицкоски.

Мицкоски укажа дека СДСМ и Стево Пендаровски немаат план, немаат програма. Единствено нешто што научиле е само ЕУ, ЕУ.

„А, од ЕУ им остана само еврото кое што го крадат од вас граѓаните преку наместени тендери“, нагласи тој.

„После осми мај Македонија ќе биде повторно слободна и предводена од Влада на ВМРО-ДПМНЕ. А, сите оние кои што и нанесоа зло, неправда, болка, јас ви ветувам дека ќе одговараат“, порача Мицкоски.

Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“ на овие избори се бори за 61 пратеник и за претседател Гордана Силјановска Давкова. Време е граѓаните да живеат достоинствен живот во Македонија каде што ќе има правда, успешен образовен систем, подобар здравствен систем.

The post Мицкоски: Актуелната власт донесе цикличен артаноиден хибриден режим, по 8 мај Македонија ќе биде повторно слободна и предводена од Влада на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Во овие 15 дена од кампањата за првиот круг за претседателски избори буквално насекаде низ Македонија се чувствува победничката атмосфера, се чувствува како граѓаните се обединуваат околу желбата за промени, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Ранковце. „Масовно на 24-ти април да излеземе овде во Ранковце и да го поддржиме идниот претседател на Македонија, професорката Гордана Силјановска Давкова. Тоа е многу важно затоа што државата ни е одземена од мала група на луѓе кои што се дел од раководството на ДУИ и неколкумина измеќари од СДСМ кои што цело време за да добијат некое парче коска од наместените тендери, да добијат некое ситно евро во џебот и да ги задржат своите фотелји упорно и упорно шест и половина години измеќарат на овие од Мала Речица“, појасни Мицкоски. Мицкоски додаде дека Македонија ја претворија во еден вид на артаноиден режим. Таква е денеска Македонија поради дел од раководството на ДУИ и неколкумина измеќари од СДСМ. „Пред шест и половина години овие што сега се Влада ни ветуваа дека ќе донесат слобода, ќе донесат правда, подобар живот, подостоинствен живот, поквалитетен живот за граѓаните, повеќе пари за граѓаните. А, во суштина што направија? Донесоа цикличен артаноиден хибриден режим“, рече тој. „Кога велам артаноиден тука мислам и на неговиот ментор, а тоа е Али Ахмети од Зајас, кој што денеска ја доби Македонија на тацна од Ковачевски, Зечевиќ и останатите неколкумина политичари во раководството на СДСМ, кои се покажаа и докажаа како главни измеќари“, укажа Мицкоски. Тој посочи дека никој не очекуваше една државотворна партија СДСМ да се претвори во гранапче на Али Ахмети, на Артан, на ДУИ и да бидат главни измеќари само за да ги задржат своите позиции. „Тоа е политичкото мочуриште во кое што ние денеска живееме“, истакна Мицкоски. Мицкоски укажа дека СДСМ и Стево Пендаровски немаат план, немаат програма. Единствено нешто што научиле е само ЕУ, ЕУ. „А, од ЕУ им остана само еврото кое што го крадат од вас граѓаните преку наместени тендери“, нагласи тој. „После осми мај Македонија ќе биде повторно слободна и предводена од Влада на ВМРО-ДПМНЕ. А, сите оние кои што и нанесоа зло, неправда, болка, јас ви ветувам дека ќе одговараат“, порача Мицкоски. Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“ на овие избори се бори за 61 пратеник и за претседател Гордана Силјановска Давкова. Време е граѓаните да живеат достоинствен живот во Македонија каде што ќе има правда, успешен образовен систем, подобар здравствен систем.

The post Мицкоски: Актуелната власт донесе цикличен артаноиден хибриден режим, по 8 мај Македонија ќе биде повторно слободна и предводена од Влада на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
Следете во живо: Народен митинг во општина Ранковце- Македонија повторно твоја! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sledete-vo-zhivo-naroden-miting-vo-opshtina-rankovtse-makedonija-povtorno-tvoja/ Fri, 19 Apr 2024 15:53:22 +0000 https://republika.mk/?p=768111

The post Следете во живо: Народен митинг во општина Ранковце- Македонија повторно твоја! appeared first on Република.

]]>

The post Следете во живо: Народен митинг во општина Ранковце- Македонија повторно твоја! appeared first on Република.

]]>
Тешка сообраќајна несреќа во близина на Ранковце: Загина 21-годишно момче https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/teshka-soobrakajna-nesreka-vo-blizina-na-rankovtse-zagina-21-godishno-momche/ Mon, 14 Aug 2023 09:19:44 +0000 https://republika.mk/?p=671896

Автомобил ноќеска излетал од патот Крива Паланка-Ранковце-Куманово по што се забил во банкината. Има повеќе настрадани во оваа тешка сообраќајна несреќа во близина на Ранковце.

Во несреќата има еден загинат и тројца повредени патници од автомобилот. Полицијата врши увид, а сообраќајот се одвива отежнато.

Автомобилот се уште се наоѓа заглавен во банкината.

Од МВР соопштија дека загинатиот возач на аудито имал 21 година.

На 14.08.2023 во 01.28 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка-Ранковце, во село Љубинци, И.М.(21) од Крива Паланка, управувајќи патничко моторно возило „ауди” со кривопаланечки регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото удрил во банкина на патот. Од здобиените повреди, возачот И.М. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, сопатниците Ј.С.(21), Х.С.(22) и М.С.(21), сите од Крива Паланка, се здобиле со повреди констатирани во Општа болница Куманово. Увид на место на настанот извршила екипа од ОВР Крива Паланка.

The post Тешка сообраќајна несреќа во близина на Ранковце: Загина 21-годишно момче appeared first on Република.

]]>

Автомобил ноќеска излетал од патот Крива Паланка-Ранковце-Куманово по што се забил во банкината. Има повеќе настрадани во оваа тешка сообраќајна несреќа во близина на Ранковце. Во несреќата има еден загинат и тројца повредени патници од автомобилот. Полицијата врши увид, а сообраќајот се одвива отежнато. Автомобилот се уште се наоѓа заглавен во банкината. Од МВР соопштија дека загинатиот возач на аудито имал 21 година. На 14.08.2023 во 01.28 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка-Ранковце, во село Љубинци, И.М.(21) од Крива Паланка, управувајќи патничко моторно возило „ауди” со кривопаланечки регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото удрил во банкина на патот. Од здобиените повреди, возачот И.М. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, сопатниците Ј.С.(21), Х.С.(22) и М.С.(21), сите од Крива Паланка, се здобиле со повреди констатирани во Општа болница Куманово. Увид на место на настанот извршила екипа од ОВР Крива Паланка.

The post Тешка сообраќајна несреќа во близина на Ранковце: Загина 21-годишно момче appeared first on Република.

]]>
Kино под отворено небо во Ранковце и Кратово https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kino-pod-otvoreno-nebo-vo-rankovce-i-kratovo/ Wed, 10 Aug 2022 08:09:32 +0000 https://republika.mk/?p=538612

Европската куќа Крива Паланка вечерва на плоштадот во Општина Ранковце организира кино под отворено небо, дел од летната културна програма што им ја нуди на младите од Североисточниот регион.

Проекциите се реализираат во рамки на неделата на младите.

– По кино-проекциите реализирани на крајот на минатиот месец на градскиот плоштад во Крива Паланка кога беа претставени едни од најдобрите европски филмови: “И тогаш танцувавме” на Леван Акин од Грузија и “Нека биде светлина” од Марко Шкоп, Чешка и Словачка продукција, продолжуваме со проекциите и одличната атмосфера за младите од соседните општини. Вечерва организираме кино под отворено небо во Ранковце, каде ќе се прикажува филмот “Олег” од Јурис Курситис, а во сабота во Кратово на програмата е “Нејзина работа” на Никос Лавот од Грција, информира Димитар Петровски од Европска куќа Крива Паланка.

Кино под отворено небо во Кратово ќе се реализира на 13 август, сабота, со почеток во 20 часот, на платото пред Домот на култура ,,Лазар Софијанов”.

Во текот на овој месец планирано е да се одржат кино-проекции и во Куманово.

The post Kино под отворено небо во Ранковце и Кратово appeared first on Република.

]]>

Европската куќа Крива Паланка вечерва на плоштадот во Општина Ранковце организира кино под отворено небо, дел од летната културна програма што им ја нуди на младите од Североисточниот регион. Проекциите се реализираат во рамки на неделата на младите. – По кино-проекциите реализирани на крајот на минатиот месец на градскиот плоштад во Крива Паланка кога беа претставени едни од најдобрите европски филмови: “И тогаш танцувавме” на Леван Акин од Грузија и “Нека биде светлина” од Марко Шкоп, Чешка и Словачка продукција, продолжуваме со проекциите и одличната атмосфера за младите од соседните општини. Вечерва организираме кино под отворено небо во Ранковце, каде ќе се прикажува филмот “Олег” од Јурис Курситис, а во сабота во Кратово на програмата е “Нејзина работа” на Никос Лавот од Грција, информира Димитар Петровски од Европска куќа Крива Паланка. Кино под отворено небо во Кратово ќе се реализира на 13 август, сабота, со почеток во 20 часот, на платото пред Домот на култура ,,Лазар Софијанов”. Во текот на овој месец планирано е да се одржат кино-проекции и во Куманово.

The post Kино под отворено небо во Ранковце и Кратово appeared first on Република.

]]>
Спасовски: И покрај кризата максимално се вложуваме и во решавање на проблемите на граѓаните и подобрување на инфраструктурата во Ранковце https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-i-pokraj-krizata-maksimalno-se-vlozuvame-i-vo-reshavanje-na-problemite-na-gragjanite-i-podobruvanje-na-infrastrukturata-vo-rankovce/ Wed, 13 Apr 2022 14:56:18 +0000 https://republika.mk/?p=488025

Борче Спасовски, градоначалник на општина Ранковце и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски денеска извршија увид на градежни активности во општина Ранковце во село Радибуш. Се работи за изградба на дел од локален пат во село Радибуш - маала Којкарци, должина од 480 метри, со вредност на инвестицијата 2.170.000 денари.

Средствата се обезбедени од програмите за регионален развој за 2021 и 2022 година на Бирото за регионален развој преку Центар за развојот на североисточен плански регион од каде се обезбедени и финансиските средства за

- изградба на дел од улица во село Ранковце (Десетак-Млин), во должина од 450 метри, вредност од 2.057.000 денари.

- изградба на дел од локален пат во село Ветуница-Стојкова маала, во должина од 440 метри, вредност 2.220.000 денари.

Изведувач на овие три проекти е „Фиушер Тихи“ од Куманово.

Пред 3 месеци заврши изградба на дел овој локален пат во должина од 500 метри, чија вредност беше 2.540.000 денари за кој средствата беа обезбедени до Бирото за регионален развој. Во тек е и реконструкција на подрачното училиште во село Радибуш, вредност на проектот 6.130.000 денари. Средствата се обезбедени од министерството. Изведувач е „Конструктор“ од Скопје. Во тек е изградба на водоснабдителен систем за населено место Псача, инвестиција во вкупна вредност од 30.120.000 денари. Средствата се обезбедени со договор за грант согласно договор за финансирање Република Македонија и Европска инвестициона банка за Проект: „Водоснабдување и одведување на отпадни води“ склучен помеѓу Општина Ранковце и Министерството за транспорт и врски, изведувач на работите е „МИНТ-ИНЖЕНЕРИНГ“ Скопје; Изградба на дел од канализација во село Љубинци, во должина од 1338 метри, вредност на проектот 3.911.000 денари. 3 милиони денари се обезбедени од министерството за животна средина и 1 милион денари од сопствени приходи. Изведувач „ПОРТЛАНД“ од Струмица. Изградба на дел од локален пат село Герман, во должина од 886 метри, вредност на проектот 6.066.000 денари. Изведувач „Енерго инвест“ од Скопје. Средствата се обезбедени од Бирото за регионален развој. Деновиве ќе започна и изградба на улици во село Ранковце – крак 1 во должина од 200 метри, вредност 1.530.000 денари. Средствата се обезбедени од министерството за транспорт и врски. Изведувач „Мајоко“ од Куманово. И покрај економската и енергетската криза во која се наоѓа нашата држава, ние максимално се вложуваме и во решавање на проблемите на нашите граѓани и подобрување на инфраструктурата во општина Ранковце, соопшти градоначалникот.

https://youtu.be/V1Gz23JzSDM

The post Спасовски: И покрај кризата максимално се вложуваме и во решавање на проблемите на граѓаните и подобрување на инфраструктурата во Ранковце appeared first on Република.

]]>

Борче Спасовски, градоначалник на општина Ранковце и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски денеска извршија увид на градежни активности во општина Ранковце во село Радибуш. Се работи за изградба на дел од локален пат во село Радибуш - маала Којкарци, должина од 480 метри, со вредност на инвестицијата 2.170.000 денари. Средствата се обезбедени од програмите за регионален развој за 2021 и 2022 година на Бирото за регионален развој преку Центар за развојот на североисточен плански регион од каде се обезбедени и финансиските средства за - изградба на дел од улица во село Ранковце (Десетак-Млин), во должина од 450 метри, вредност од 2.057.000 денари. - изградба на дел од локален пат во село Ветуница-Стојкова маала, во должина од 440 метри, вредност 2.220.000 денари. Изведувач на овие три проекти е „Фиушер Тихи“ од Куманово.
Пред 3 месеци заврши изградба на дел овој локален пат во должина од 500 метри, чија вредност беше 2.540.000 денари за кој средствата беа обезбедени до Бирото за регионален развој. Во тек е и реконструкција на подрачното училиште во село Радибуш, вредност на проектот 6.130.000 денари. Средствата се обезбедени од министерството. Изведувач е „Конструктор“ од Скопје. Во тек е изградба на водоснабдителен систем за населено место Псача, инвестиција во вкупна вредност од 30.120.000 денари. Средствата се обезбедени со договор за грант согласно договор за финансирање Република Македонија и Европска инвестициона банка за Проект: „Водоснабдување и одведување на отпадни води“ склучен помеѓу Општина Ранковце и Министерството за транспорт и врски, изведувач на работите е „МИНТ-ИНЖЕНЕРИНГ“ Скопје; Изградба на дел од канализација во село Љубинци, во должина од 1338 метри, вредност на проектот 3.911.000 денари. 3 милиони денари се обезбедени од министерството за животна средина и 1 милион денари од сопствени приходи. Изведувач „ПОРТЛАНД“ од Струмица. Изградба на дел од локален пат село Герман, во должина од 886 метри, вредност на проектот 6.066.000 денари. Изведувач „Енерго инвест“ од Скопје. Средствата се обезбедени од Бирото за регионален развој. Деновиве ќе започна и изградба на улици во село Ранковце – крак 1 во должина од 200 метри, вредност 1.530.000 денари. Средствата се обезбедени од министерството за транспорт и врски. Изведувач „Мајоко“ од Куманово. И покрај економската и енергетската криза во која се наоѓа нашата држава, ние максимално се вложуваме и во решавање на проблемите на нашите граѓани и подобрување на инфраструктурата во општина Ранковце, соопшти градоначалникот.
https://youtu.be/V1Gz23JzSDM

The post Спасовски: И покрај кризата максимално се вложуваме и во решавање на проблемите на граѓаните и подобрување на инфраструктурата во Ранковце appeared first on Република.

]]>
Мисајловски и Спасовски на увид на градежни активности на улици во општина Ранковце https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-i-spasovski-na-uvid-na-gradezni-aktivnosti-na-ulici-vo-opshtina-rankovce/ Wed, 13 Apr 2022 10:54:06 +0000 https://republika.mk/?p=487836

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски денес во 12:00 часот, заедно со градоначалникот на општина Ранковце, Борче Спасовски во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“, ќе извршат увид на градежни активности на улици во село Радибуш, општина Ранковце.

https://www.youtube.com/watch?v=2owNef_-vTM

The post Мисајловски и Спасовски на увид на градежни активности на улици во општина Ранковце appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски денес во 12:00 часот, заедно со градоначалникот на општина Ранковце, Борче Спасовски во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“, ќе извршат увид на градежни активности на улици во село Радибуш, општина Ранковце. https://www.youtube.com/watch?v=2owNef_-vTM

The post Мисајловски и Спасовски на увид на градежни активности на улици во општина Ранковце appeared first on Република.

]]>
Мисајловски и Спасовски на увид на градежни активности на улици во Ранковце https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-i-spasovski-na-uvid-na-gradezni-aktivnosti-na-ulici-vo-rankovce/ Wed, 13 Apr 2022 07:44:55 +0000 https://republika.mk/?p=487663

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски денес во 12:00 часот, заедно со градоначалникот на општина Ранковце, Борче Спасовски во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“, ќе извршат увид на градежни активности на улици во село Радибуш, општина Ранковце.

The post Мисајловски и Спасовски на увид на градежни активности на улици во Ранковце appeared first on Република.

Спасовски: Општината ја затекнав со 15-тина тужби и голем долг, но за 100 дена го променив во функционирањето во Ранковце https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-opshtinata-ja-zateknav-so-15-tina-tuzbi-i-golem-dolg-no-za-100-dena-go-promeniv-vo-funkcioniranjeto-vo-rankovce/ Tue, 15 Feb 2022 13:25:36 +0000 https://republika.mk/?p=458887

Изминаа првите 100 дена од преземањето на функцијата градоначалник на општина Ранковце. Тоа се 100 дена исполнети со одговорност, посветеност, и желба да се направи нешто повеќе за своите сограѓани. Па, во суштина и луѓето се разликуваат токму по тоа, колку се одговорни и колку се работливи, колку се професионални и колку знаат да се носат и да бидат посветени на она што го работат, истакна, Борче Спасовски, градоначалник на општина Ранковце на регионалниот отчет „Промени што носат иднина - 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“ кој се одржа во Мултикултурниот центар во општина Кочани.

Спасовски додаде дека тој е градоначалник бидејќи сака неговата општина да е развиена и модерна општина која ќе е во функција на граѓаните.

Колку сум јас задоволен лично најмалку е важно, во моментот најважно е колку се задоволни граѓаните од сработеното во изминативе 100 дена. Мислам дека со проектите кои што ги реализиравме со оние проекти кои веќе ги реализираме во овој кус временски период граѓаните треба да се задоволни. Тоа граѓаните треба најдобро да го кажат и да судат за сработеното, рече Спасовски.

Спасовски посочи дека граѓаните веќе го чувствуваат подобрувањето на квалитетот на нивното живеење.

Општината ја затекнав со 15-тина тужби, со долг од приближно 3 милиони денари кон доверители по основ на набавени стоки и извршени услуги. Во изминатите 100 дена она што го променив во функционирањето на општина Ранковце во поглед на приходите и расходите е сведување на непродуктивните расходи на минимум и зголемување на приходите пред се од локални даноци, такси за да со домаќинско работење го забрзаме локалниот економски развој на општината. Досега се започнати и реализирани следниве проекти, изградба на делот на канализација во село Љубинце во должина на 711 метри, изградба на дел од локален пат во село Герман во должина од 900 метри, реконструкција на основно училиште во село Радибуш во вредност од 7 милиони денари, заврши изградбата на асфалтирање на дел од локален пат во село Радибуш во должина од 500 метри. Започна првата фаза од изградба на водоснабдителен систем за населеното место Сача, инвестиција во вкупна вредност од над 30 милиони денари, појасни Спасовски.

Спасовски укажа дека обезбедил финансиски средства за изградба на улица во село Ранковце, крак 1, за кое е во тек спроведување на постапка за доделување на договор за јавна набавка.

Обезбедив средства за урбана опрема и реквизити на детско игралиште во село Ранковце, рече Спасовски.

Спасовски додаде дека има одобрен проект од УНДП за меѓуопштинска соработка со општината Крива Паланка, обезбедена техничка опрема за територијалните противпожарни единици од Крива Паланка – Ранковце.

Во овие 100 дена се одржаа пет седници во Советот на Општина Ранковце. Одлуките на Советот во Општината Ранковце се носат едногласно. Тоа најдобро зборува дека политичка обоеност нема. Она што е во интерес на граѓаните, она што е во интерес на општината, она што е во интерес на подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните во општина Ранковце секогаш и секаде ќе биде прифатено, нагласи Спасовски.

https://youtu.be/NNlc1E5tFdk

The post Спасовски: Општината ја затекнав со 15-тина тужби и голем долг, но за 100 дена го променив во функционирањето во Ранковце appeared first on Република.

]]>

Изминаа првите 100 дена од преземањето на функцијата градоначалник на општина Ранковце. Тоа се 100 дена исполнети со одговорност, посветеност, и желба да се направи нешто повеќе за своите сограѓани. Па, во суштина и луѓето се разликуваат токму по тоа, колку се одговорни и колку се работливи, колку се професионални и колку знаат да се носат и да бидат посветени на она што го работат, истакна, Борче Спасовски, градоначалник на општина Ранковце на регионалниот отчет „Промени што носат иднина - 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“ кој се одржа во Мултикултурниот центар во општина Кочани. Спасовски додаде дека тој е градоначалник бидејќи сака неговата општина да е развиена и модерна општина која ќе е во функција на граѓаните.
Колку сум јас задоволен лично најмалку е важно, во моментот најважно е колку се задоволни граѓаните од сработеното во изминативе 100 дена. Мислам дека со проектите кои што ги реализиравме со оние проекти кои веќе ги реализираме во овој кус временски период граѓаните треба да се задоволни. Тоа граѓаните треба најдобро да го кажат и да судат за сработеното, рече Спасовски.
Спасовски посочи дека граѓаните веќе го чувствуваат подобрувањето на квалитетот на нивното живеење.
Општината ја затекнав со 15-тина тужби, со долг од приближно 3 милиони денари кон доверители по основ на набавени стоки и извршени услуги. Во изминатите 100 дена она што го променив во функционирањето на општина Ранковце во поглед на приходите и расходите е сведување на непродуктивните расходи на минимум и зголемување на приходите пред се од локални даноци, такси за да со домаќинско работење го забрзаме локалниот економски развој на општината. Досега се започнати и реализирани следниве проекти, изградба на делот на канализација во село Љубинце во должина на 711 метри, изградба на дел од локален пат во село Герман во должина од 900 метри, реконструкција на основно училиште во село Радибуш во вредност од 7 милиони денари, заврши изградбата на асфалтирање на дел од локален пат во село Радибуш во должина од 500 метри. Започна првата фаза од изградба на водоснабдителен систем за населеното место Сача, инвестиција во вкупна вредност од над 30 милиони денари, појасни Спасовски.
Спасовски укажа дека обезбедил финансиски средства за изградба на улица во село Ранковце, крак 1, за кое е во тек спроведување на постапка за доделување на договор за јавна набавка.
Обезбедив средства за урбана опрема и реквизити на детско игралиште во село Ранковце, рече Спасовски.
Спасовски додаде дека има одобрен проект од УНДП за меѓуопштинска соработка со општината Крива Паланка, обезбедена техничка опрема за територијалните противпожарни единици од Крива Паланка – Ранковце.
Во овие 100 дена се одржаа пет седници во Советот на Општина Ранковце. Одлуките на Советот во Општината Ранковце се носат едногласно. Тоа најдобро зборува дека политичка обоеност нема. Она што е во интерес на граѓаните, она што е во интерес на општината, она што е во интерес на подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните во општина Ранковце секогаш и секаде ќе биде прифатено, нагласи Спасовски.
https://youtu.be/NNlc1E5tFdk

The post Спасовски: Општината ја затекнав со 15-тина тужби и голем долг, но за 100 дена го променив во функционирањето во Ранковце appeared first on Република.

]]>
Коридорот 8 го вративме меѓу врвните приоритети, вели Ковачевски при увидот на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/koridorot-8-go-vrativme-megju-vrvnite-prioriteti-veli-kovachevski-pri-uvidot-na-ekspresniot-pat-rankovce-kriva-palanka/ Wed, 26 Jan 2022 13:50:55 +0000 https://republika.mk/?p=449810

 Премиерот Димитар Ковачевски денеска заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Ејуп Рустеми извршија увид на изградбата на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, со вкупна должина од 24,5 километри и вкупна вредност од 62,5 милиони евра, откако со бугарскиот колега Кирил Петков, при неодамнешните средби во Скопје и Софија се обврзаа да ги интензивираат работите за поскора реализација.

Со колегата Петков многу време посветивме во разговор за важноста од Коридорот 8 и особено на патната инфраструктура, која во голема мера зависи од институциите и изведувачите. Се договоривме заедничката работна група во чија надлежност е патната инфраструктура, високо на својата агенда да го врати Коридорот 8 меѓу врвните приоритети на Европската Унија. На тој начин очекуваме поголема поддршка за целосна реализација и на патната и на железничката инфраструктура, изјави Ковачевски, оценувајќи дека очекува поголема поддршка за целосна реализација и на патната и на железничката инфраструктура.

Ковачевски, како што стои во соопштението од владиниот Сектор за односи со јавноста, изрази охрабрување за силен интензитет на изградба на овој експресен пат, додавајќи дека и премиерот Петков се обврзал добро да провери што се случува со изградбата на патот од бугарската страна кај преминот Клепало кај Берово.

Македонија има стратешка определба за изградба и модернизација на Коридорот 8, како дел од Паневропските коридори што ја поврзуваат оската Исток – Запад и со инвестицијата се овозможува голем економски потенцијал и за овој дел од државата, изјави министерот за транспорт и врски Бочварски.

Тој изрази задоволство од динамиката и реализацијата од над 70 проценти на експресниот пат, каде како што нагласи се дава дополнителен стимул во забрзување на градежните работи.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Рустеми споделувајќи пообемни технички информации поврзани со изградбата на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка информира дека претходните проблеми се надминати.

Идниот експресен пат Ранковце – Крива Паланка ќе има по една лента за возење и по една помошна лента за застанување во секој правец, со што значително ќе се скрати времето на патување меѓу Куманово и Крива Паланка, истакна Рустеми, информирајќи дека во тек се градежни активности во зимски услови на втората делница.

Во овој дел од државата, се наведува во соопштението, се отпочнати значајни проекти меѓу кои рехабилитацијата на магистралниот пат Куманово – Страцин, со вкупна должина од 32 километри и вкупна вредност од 11,9 милиони евра и втората делница, која е веќе во завршна фаза и се очекува во скоро време да заврши.

Во изработка е проектната програма за проектирање на нов експресен пат Романовце – Страцин, кој што е планиран да се финансира од ИПА 3 инструментот и со сите овие рехабилитации, санации и изградби во регионот целта е да се добие комплетен Коридор 8, кој како главна артерија ќе биде безбеден и сигурен за учесниците во сообраќајот и инфраструктурно ја поставува Македонија, се додава во соопштението.

The post Коридорот 8 го вративме меѓу врвните приоритети, вели Ковачевски при увидот на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка appeared first on Република.

]]>

 Премиерот Димитар Ковачевски денеска заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Ејуп Рустеми извршија увид на изградбата на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, со вкупна должина од 24,5 километри и вкупна вредност од 62,5 милиони евра, откако со бугарскиот колега Кирил Петков, при неодамнешните средби во Скопје и Софија се обврзаа да ги интензивираат работите за поскора реализација.
Со колегата Петков многу време посветивме во разговор за важноста од Коридорот 8 и особено на патната инфраструктура, која во голема мера зависи од институциите и изведувачите. Се договоривме заедничката работна група во чија надлежност е патната инфраструктура, високо на својата агенда да го врати Коридорот 8 меѓу врвните приоритети на Европската Унија. На тој начин очекуваме поголема поддршка за целосна реализација и на патната и на железничката инфраструктура, изјави Ковачевски, оценувајќи дека очекува поголема поддршка за целосна реализација и на патната и на железничката инфраструктура.
Ковачевски, како што стои во соопштението од владиниот Сектор за односи со јавноста, изрази охрабрување за силен интензитет на изградба на овој експресен пат, додавајќи дека и премиерот Петков се обврзал добро да провери што се случува со изградбата на патот од бугарската страна кај преминот Клепало кај Берово.
Македонија има стратешка определба за изградба и модернизација на Коридорот 8, како дел од Паневропските коридори што ја поврзуваат оската Исток – Запад и со инвестицијата се овозможува голем економски потенцијал и за овој дел од државата, изјави министерот за транспорт и врски Бочварски.
Тој изрази задоволство од динамиката и реализацијата од над 70 проценти на експресниот пат, каде како што нагласи се дава дополнителен стимул во забрзување на градежните работи. Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Рустеми споделувајќи пообемни технички информации поврзани со изградбата на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка информира дека претходните проблеми се надминати.
Идниот експресен пат Ранковце – Крива Паланка ќе има по една лента за возење и по една помошна лента за застанување во секој правец, со што значително ќе се скрати времето на патување меѓу Куманово и Крива Паланка, истакна Рустеми, информирајќи дека во тек се градежни активности во зимски услови на втората делница.
Во овој дел од државата, се наведува во соопштението, се отпочнати значајни проекти меѓу кои рехабилитацијата на магистралниот пат Куманово – Страцин, со вкупна должина од 32 километри и вкупна вредност од 11,9 милиони евра и втората делница, која е веќе во завршна фаза и се очекува во скоро време да заврши. Во изработка е проектната програма за проектирање на нов експресен пат Романовце – Страцин, кој што е планиран да се финансира од ИПА 3 инструментот и со сите овие рехабилитации, санации и изградби во регионот целта е да се добие комплетен Коридор 8, кој како главна артерија ќе биде безбеден и сигурен за учесниците во сообраќајот и инфраструктурно ја поставува Македонија, се додава во соопштението.

The post Коридорот 8 го вративме меѓу врвните приоритети, вели Ковачевски при увидот на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка appeared first on Република.

]]>