ранко кривокапиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ranko-krivokapikj/ За подобро да се разбереме Sat, 22 Oct 2022 07:11:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ранко кривокапиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ranko-krivokapikj/ 32 32 Иако му е изгласана недоверба, Абазовиќ ги смени министрите за одбрана и за надворешн работи на Црна Гора https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/iako-mu-e-izglasana-nedoverba-abazovikj-gi-smeni-ministrite-za-odbrana-i-za-nadvoreshn-raboti-na-crna-gora/ Sat, 22 Oct 2022 08:12:14 +0000 https://republika.mk/?p=564225

Собранието на Црна Гора ги разреши министрите за одбрана и за надворешни работи Рашко Коњевиќ и Ранко Кривокапиќ на предлог на премиерот Дритан Абазовиќ, на чија Влада претходно и беше изгласана недоверба.

Тоа е првпат во парламентарната историја министри да бидат разрешени од влада на која веќе и е изгласана недоверба, што според мислењето на правници е противуставно. Пратениците гласаа пред почетокот на молкот за локалните избори закажани за в недела на 23 октомври.

Абазовиќ порача дека Коњевиќ и Кривокапиќ немаат право да ги злоупотребуваат своите позиции.

Ако некој мисли дека надворешната политика на Црна Гора треба да се прилагоди на одбраната на Ѓукановиќ (претседателот Мило), со засипување на меѓународната заедница со неточни информации, мислам дека тоа е сосема несоодветно. Министерот за одбрана не го направи она што се очекуваше од него - истакна Абазовиќ.

Тој деновиве размени низа сериозни обвинувања со Коњевиќ и Кривокапиќ, кои се членови на Социјалдемократската партија. СДП е дел од малцинската влада на Абазовиќ, избрана во април, по падот на владата на Здравко Кривокапиќ.

Таа партија е еден од иницијаторите за падот на владата на Абазовиќ во август годинава, по потпишувањето на Основниот договор со Српската православна црква. На владата и беше изгласана недоверба на 19 август.

Ѓукановиќ откако никому не му го довери мандатот за состав на нова влада, до собранието достави предлог за скратување на мандатот и распишување нови избори, но не го доби потребното мнозинство гласови.

Сега Владата работи со технички мандат, Уставниот суд е блокиран бидејќи не се избрани нови членови, а ДФ предложи да се донесе Законот за претседател за да се намалат овластувањата на Ѓукановиќ во однос на предлагањето на претставници и амбасадори.

The post Иако му е изгласана недоверба, Абазовиќ ги смени министрите за одбрана и за надворешн работи на Црна Гора appeared first on Република.

]]>

Собранието на Црна Гора ги разреши министрите за одбрана и за надворешни работи Рашко Коњевиќ и Ранко Кривокапиќ на предлог на премиерот Дритан Абазовиќ, на чија Влада претходно и беше изгласана недоверба. Тоа е првпат во парламентарната историја министри да бидат разрешени од влада на која веќе и е изгласана недоверба, што според мислењето на правници е противуставно. Пратениците гласаа пред почетокот на молкот за локалните избори закажани за в недела на 23 октомври. Абазовиќ порача дека Коњевиќ и Кривокапиќ немаат право да ги злоупотребуваат своите позиции.
Ако некој мисли дека надворешната политика на Црна Гора треба да се прилагоди на одбраната на Ѓукановиќ (претседателот Мило), со засипување на меѓународната заедница со неточни информации, мислам дека тоа е сосема несоодветно. Министерот за одбрана не го направи она што се очекуваше од него - истакна Абазовиќ.
Тој деновиве размени низа сериозни обвинувања со Коњевиќ и Кривокапиќ, кои се членови на Социјалдемократската партија. СДП е дел од малцинската влада на Абазовиќ, избрана во април, по падот на владата на Здравко Кривокапиќ. Таа партија е еден од иницијаторите за падот на владата на Абазовиќ во август годинава, по потпишувањето на Основниот договор со Српската православна црква. На владата и беше изгласана недоверба на 19 август. Ѓукановиќ откако никому не му го довери мандатот за состав на нова влада, до собранието достави предлог за скратување на мандатот и распишување нови избори, но не го доби потребното мнозинство гласови. Сега Владата работи со технички мандат, Уставниот суд е блокиран бидејќи не се избрани нови членови, а ДФ предложи да се донесе Законот за претседател за да се намалат овластувањата на Ѓукановиќ во однос на предлагањето на претставници и амбасадори.

The post Иако му е изгласана недоверба, Абазовиќ ги смени министрите за одбрана и за надворешн работи на Црна Гора appeared first on Република.

]]>
Османи во Берлин се сретна со црногорскиот министер за надворешни работи Кривокапиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-vo-berlin-se-sretna-so-crnogorskiot-minister-za-nadvoreshni-raboti-krivokapikj/ Sat, 14 May 2022 09:27:47 +0000 https://republika.mk/?p=502156

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на маргините на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО во Берлин, се сретна со неговиот црногорски колега Ранко Кривокапиќ.

Упатувајќи честитки за формирањето на новата Влада на Црна Гора и за изборот на Кривокапиќ на функцијата министер за надворешни работи, Османи ги потенцирал одличните партнерски и пријателски односи меѓу двете земји, изразувајќи уверување дека ова партнерство ќе продолжи и во следниот период.

Македонија и Црна Гора имаат исклучително добра и интензивна соработка, но и разбирање во однос на заокружувањето на нашите взаемни стратешки цели, кои со војната во Украина добиваат важна, ако не пресудна, безбедносна и геополитичка димензија, истакнал Османи, посочувајќи го взаемниот интерес за членство на двете држави во Европската Унија.

Тоа е процес, рекол Османи, кој е од регионален, па и поширок интерес, како важен инпут во создавањето на идната безбедносна архитектура и на Западниот Балкан и на Европа.

На средбата, како што соопшти Министерството за надворешни работи, биле разменети мислења за војната во Украина при што двајцата министри ја осудиле воената агресија на Русија, потенцирајќи дека станува збор за повреда на основните принципи на меѓународното право и сериозна закана за сигурноста на Европа.

The post Османи во Берлин се сретна со црногорскиот министер за надворешни работи Кривокапиќ appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на маргините на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО во Берлин, се сретна со неговиот црногорски колега Ранко Кривокапиќ. Упатувајќи честитки за формирањето на новата Влада на Црна Гора и за изборот на Кривокапиќ на функцијата министер за надворешни работи, Османи ги потенцирал одличните партнерски и пријателски односи меѓу двете земји, изразувајќи уверување дека ова партнерство ќе продолжи и во следниот период.
Македонија и Црна Гора имаат исклучително добра и интензивна соработка, но и разбирање во однос на заокружувањето на нашите взаемни стратешки цели, кои со војната во Украина добиваат важна, ако не пресудна, безбедносна и геополитичка димензија, истакнал Османи, посочувајќи го взаемниот интерес за членство на двете држави во Европската Унија.
Тоа е процес, рекол Османи, кој е од регионален, па и поширок интерес, како важен инпут во создавањето на идната безбедносна архитектура и на Западниот Балкан и на Европа. На средбата, како што соопшти Министерството за надворешни работи, биле разменети мислења за војната во Украина при што двајцата министри ја осудиле воената агресија на Русија, потенцирајќи дека станува збор за повреда на основните принципи на меѓународното право и сериозна закана за сигурноста на Европа.

The post Османи во Берлин се сретна со црногорскиот министер за надворешни работи Кривокапиќ appeared first on Република.

]]>