Државниот универзитет „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) е рангиран на 1.990 место на листата на 2.000 најдобри универзитети во светот за 2024 година од страна на Центарот за рангирање на светски универзитети (CWUR).
УКИМ е на истата позиција од минатогодишното рангирање и се уште е единствениот македонски универзитет кој се наоѓа на рангирањето на CWUR.
Петте најдобро рангирани универзитети во светот, според листата на CWUR, се универзитетите Харвард, МИТ, Стенфорд (од САД), Кембриџ и Оксфорд (Велика Британија).
Од земјите од соседството, Србија има четири високообразовни институции меѓу најдобрите светски универзитети. Од нив, најдобро рангиран е Белградскиот универзитет, кој се најде на 376 место, што е пад од 14 позиции во однос на лани а на листата се и универзитетите во Нови Сад, Крагуевац и Ниш.
Од Бугарија се рангирани два универзитета, додека пак Грција е на листата со 12 универзитети.
Од Хрватска на рангирањето се најдоа 4 високообразовни институции. На листата и годинава немаше место за ниту еден универзитет од Албанија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
The post УКИМ рангиран на 1.990-то место од 2.000 најдобри универзитети во светот appeared first on Република.
]]>The post УКИМ рангиран на 1.990-то место од 2.000 најдобри универзитети во светот appeared first on Република.
]]>Македонија е рангирана на 67 место меѓу 142 држави на најновата глобална листа според Индексот за владеење на правото на Светскиот проект за правда, објавена денеска, со оценка од 0,53 поени, иста како и во претходните три години.
Според критериумот ограничување на моќта на властите, земјава е на 97 место со оценка 0,47, според отсуството на корупција на 75-то со индекс 0,45, според транспарентност на Владата на 70-то со оценка 0,50, а според основните права на 56-та позиција со оценка 0,60. Кога станува збор за критериумот ред и безбедност, Македонија на 43-то место со оценка 0,80, според спроведување на регулативи на 94-та позиција со 0,46, според граѓанска правда на 75 место со индекс 0,52 и според кривична правда на 72-то со 0,44 поени.
Во однос на минатата година, иако има иста оценка, земјава е рангирана четири места подолу и сега е на ниво со Монголија, Казахстан, Индонезија и Молдавија.
Од земјите во Западниот Балкан, подобро од Македонија на вкупната листа се рангирани Црна Гора и Косово на 57-то, односно 58-то место, со оценки 0,56, а послабо е Босна и Херцеговина, која е 75-та со индекс 0,51, Албанија и Србија на 91-то, односно на 93-то место со 0,48, како и Турција, која е на 117-то место со оценка 0,41.
Од 27-те членки на ЕУ, послабо рангирана од земјава единствено е Унгарија со оценка 0,51 на 73-то место, додека од останатите држави на Унијата од балканскиот регион највисоко на листата е Словенија со индекс 0,69 на 27 место, по што следуваат Романија со 0,63 на 40-то, Хрватска и Грција со по 0,61 на 45-то односно 47-то место и Бугарија со 0,56 на 59-то место.
Инаку, најголем раст во споредба со лани, меѓу членките на ЕУ имаат Бугарија и Словенија, а најголем пад бележат Грција и Белгија, која е 16-та со оценка 0,78.
На првите две места на листата се две членки на ЕУ – Финска и Данска со оценки 0,84, односно 0,83, по што следуваат Норвешка исто со индекс 0,83, Шведска и Австрија со по 0,79 и Германија со индекс 0,78. Седмопласиран е Сингапур со оценка 0,77, по што следуваат Јапонија (0,76), Естонија (0,75) и Холандија (0,74).
На самото дно како 142 е рангирана Венецуела со оценка 0,27 поени, а пред неа се Камбоџа со 0,31, Авганистан со 0,32, Хаити и ДР Конго со 0,34 и Никарагва, Египет, Мјанмар и Камерун сите со по 0,35 поени.
The post Македонија на ниво со Молдавија и Монголија со пад на новата листа на Индексот за владеење на правото appeared first on Република.
]]>The post Македонија на ниво со Молдавија и Монголија со пад на новата листа на Индексот за владеење на правото appeared first on Република.
]]>