рането Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/raneto/ За подобро да се разбереме Mon, 15 May 2023 10:56:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png рането Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/raneto/ 32 32 Ранетото девојче им подлегна на повредите по 12 дена борба https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ranetoto-devojche-im-podlegna-na-povredite-po-12-dena-borba/ Mon, 15 May 2023 10:54:56 +0000 https://republika.mk/?p=640958

Девојчето А.А кое беше тешко повредено во масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, Белград, почина по 12 дена борба за живот.

Таа е 10-та жртва на масакрот што го изврши тринаесетгодишикот на 3 мај во ова училиште, кое уби девет ученици и еден чувар.

И покрај натчовечките напори на лекарите, девојчето им подлегнало на тешките повреди на главата, пренесуваат српските медиуми.

Веста ја потврди и Министерството за здравство на Србија.

Пациентот кој се лекуваше на Универзитетската детска клиника во Тиршова со тешки повреди на главата, опасни по живот, здобиени при пукањето во основното училиште „Владислав Рибникар“, почина утрово и покрај итната хируршка интервенција и сите мерки на интензивно лекување. Министерката за здравство Даница Грујичиќ во свое име и во име на Министерството за здравство изразува искрено сочувство до семејството на повреденото девојче, се вели во соопштението.

The post Ранетото девојче им подлегна на повредите по 12 дена борба appeared first on Република.

]]>

Девојчето А.А кое беше тешко повредено во масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, Белград, почина по 12 дена борба за живот. Таа е 10-та жртва на масакрот што го изврши тринаесетгодишикот на 3 мај во ова училиште, кое уби девет ученици и еден чувар. И покрај натчовечките напори на лекарите, девојчето им подлегнало на тешките повреди на главата, пренесуваат српските медиуми. Веста ја потврди и Министерството за здравство на Србија.
Пациентот кој се лекуваше на Универзитетската детска клиника во Тиршова со тешки повреди на главата, опасни по живот, здобиени при пукањето во основното училиште „Владислав Рибникар“, почина утрово и покрај итната хируршка интервенција и сите мерки на интензивно лекување. Министерката за здравство Даница Грујичиќ во свое име и во име на Министерството за здравство изразува искрено сочувство до семејството на повреденото девојче, се вели во соопштението.

The post Ранетото девојче им подлегна на повредите по 12 дена борба appeared first on Република.

]]>
Доктор не си го препознал своето дете, кое е тешко рането: Познатиот пулмолог врескал од болка https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/doktor-ne-si-go-prepoznal-svoeto-dete-koe-e-teshko-raneto-poznatiot-pulmolog-vreskal-od-bolka/ Thu, 04 May 2023 12:15:44 +0000 https://republika.mk/?p=636812

Детето В.П. кое е рането кога на него пукал малолетниот Коста К., во основното училиште Владислав Рибникар, во Белград, и кој во таа прилика се здобил со тешки повреди на кичмата и главата, бил во толку непрепознатлива состојба, што ни неговиот татко не сфатил за кого се работи, кога стигнал во болница.

Како што дознава српски Информер, ранетото дете е син на пулмологот Спасоје Попевиќ.

Околностите станале уште потрагични, со оглед на тоа дека Попевиќ, кој е началник на пулмологија во КЦС, работел за време на вчерашниот ден и на неговото одделение  стигнал токму неговиот ранет син, кој тој не си го препознал од многуте тешки повреди и рани кои му биле нанесени.

Лекарот го здогледал крвавото и изобличено лице на детето, кое било целосно непрепознатливо. Иако колегите му кажале дека тоа е неговиот син, тој не можел да верува. Сепак кога му станало јасно дека се работи за неговото дете кое лежи пред него, докторот целосно избезумен, вриштел и го кинел мантилот во состојба на екстремениот шок кој го доживеал.

The post Доктор не си го препознал своето дете, кое е тешко рането: Познатиот пулмолог врескал од болка appeared first on Република.

]]>

Детето В.П. кое е рането кога на него пукал малолетниот Коста К., во основното училиште Владислав Рибникар, во Белград, и кој во таа прилика се здобил со тешки повреди на кичмата и главата, бил во толку непрепознатлива состојба, што ни неговиот татко не сфатил за кого се работи, кога стигнал во болница. Како што дознава српски Информер, ранетото дете е син на пулмологот Спасоје Попевиќ. Околностите станале уште потрагични, со оглед на тоа дека Попевиќ, кој е началник на пулмологија во КЦС, работел за време на вчерашниот ден и на неговото одделение  стигнал токму неговиот ранет син, кој тој не си го препознал од многуте тешки повреди и рани кои му биле нанесени. Лекарот го здогледал крвавото и изобличено лице на детето, кое било целосно непрепознатливо. Иако колегите му кажале дека тоа е неговиот син, тој не можел да верува. Сепак кога му станало јасно дека се работи за неговото дете кое лежи пред него, докторот целосно избезумен, вриштел и го кинел мантилот во состојба на екстремениот шок кој го доживеал.

The post Доктор не си го препознал своето дете, кое е тешко рането: Познатиот пулмолог врескал од болка appeared first on Република.

]]>