ранет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ranet/ За подобро да се разбереме Thu, 29 Aug 2024 07:07:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ранет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ranet/ 32 32 Пукање во Арачиново, рането е 24-годишно момче https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pukane-vo-arachinovo-raneto-e-24-godishno-momche/ Thu, 29 Aug 2024 07:07:22 +0000 https://republika.mk/?p=811031

Во пукање кое се случило во Арачиново доцна синоќа, едно лице е тешко рането.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР), инцидентот се случил на 28.08.2024 година околу 21 часот. Во СВР Скопје е пријавено дека непознат напаѓач пукал кон А.И. (24) од село Арачиново, кој претрпел повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за медицинска помош.

МВР потврди дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и истрагата е во тек.

 

The post Пукање во Арачиново, рането е 24-годишно момче appeared first on Република.

]]>

Во пукање кое се случило во Арачиново доцна синоќа, едно лице е тешко рането. Според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР), инцидентот се случил на 28.08.2024 година околу 21 часот. Во СВР Скопје е пријавено дека непознат напаѓач пукал кон А.И. (24) од село Арачиново, кој претрпел повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за медицинска помош. МВР потврди дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и истрагата е во тек.  

The post Пукање во Арачиново, рането е 24-годишно момче appeared first on Република.

]]>
Син на познат политичар ранет во нападот во училиштето во БиХ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sin-na-poznat-politichar-ranet-vo-napadot-vo-uchilishteto-vo-bih/ Wed, 14 Jun 2023 09:29:19 +0000 https://republika.mk/?p=651187

Синот на Исмет Османовиќ, поранешен пратеник на СДА во Собранието на БиХ, бил застрелан во основното училиште Лукавац Град, потврдија за порталот „Аваз“.

Станува збор за Н.О., дознава „Дневни аваз“.

Тој е роднина на потпретседателот на СДА, Фадил Османовиќ, висок функционер на СДА.

Учениците не се повредени, а пукањето се случило утрово околу осум часот.

„Аваз“ дознава дека се работи за поранешен ученик кој бил префрлен од училиштето поради лошо однесување. Тој утрово дошол во училиштето со пиштол и барал некој вработен во училиштето.

Испукал неколку куршуми во него и во моментов лекарите се борат за неговиот живот.

Според информациите на „Аваз“, насилникот е уапсен, а оружјето е пронајдено на лице место.

 

The post Син на познат политичар ранет во нападот во училиштето во БиХ appeared first on Република.

]]>

Синот на Исмет Османовиќ, поранешен пратеник на СДА во Собранието на БиХ, бил застрелан во основното училиште Лукавац Град, потврдија за порталот „Аваз“. Станува збор за Н.О., дознава „Дневни аваз“. Тој е роднина на потпретседателот на СДА, Фадил Османовиќ, висок функционер на СДА. Учениците не се повредени, а пукањето се случило утрово околу осум часот. „Аваз“ дознава дека се работи за поранешен ученик кој бил префрлен од училиштето поради лошо однесување. Тој утрово дошол во училиштето со пиштол и барал некој вработен во училиштето. Испукал неколку куршуми во него и во моментов лекарите се борат за неговиот живот. Според информациите на „Аваз“, насилникот е уапсен, а оружјето е пронајдено на лице место.  

The post Син на познат политичар ранет во нападот во училиштето во БиХ appeared first on Република.

]]>
Припадниците на Росу раниле Србин додека возел автомобил https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pripadnitsite-na-rosu-ranile-srbin-dodeka-vozel-avtomobil/ Tue, 11 Apr 2023 06:51:39 +0000 https://republika.mk/?p=629646

Доцна синоќа во близина на мостот Бистрица бил ранет Србин од Звечани, пренесуваат српските медиуми.

Како што неофицијално дознава Косово онлајн, додека возел автомобил на главниот пат од Лепосавиќ кон Звечан, бил застрелан од припадници од специјалната единица на косовската полиција – Росу.

Според дежурниот хирург во КБЦ „Косовска Митровица“, д-р Никола Радојичиќ, опериран е М.Ј и се наоѓа во шок соба.

Нешто после 22:00 часот на нашето одделение е примен пациент со прострелна рана во десната страна на градниот кош, донесен е во состојба на хеморагичен шок, итно е примен и опериран. Крварењето било запрено и моментално е надвор од животна опасност и сместен е на одделението за интензивна нега на понатамошен мониторинг - изјави Радојичиќ за „Косово онлајн“.

Според Здравствениот дом Звечан, каде што М.Ј. бил примен и од каде со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата во Северна Митровица, ранетиот рекол дека бил застрелан од припадници на единицата Росу кај мостот Бистрица додека возел автомобил, на главниот пат од Лепосавиќ за Звечан.

The post Припадниците на Росу раниле Србин додека возел автомобил appeared first on Република.

]]>

Доцна синоќа во близина на мостот Бистрица бил ранет Србин од Звечани, пренесуваат српските медиуми. Како што неофицијално дознава Косово онлајн, додека возел автомобил на главниот пат од Лепосавиќ кон Звечан, бил застрелан од припадници од специјалната единица на косовската полиција – Росу. Според дежурниот хирург во КБЦ „Косовска Митровица“, д-р Никола Радојичиќ, опериран е М.Ј и се наоѓа во шок соба.
Нешто после 22:00 часот на нашето одделение е примен пациент со прострелна рана во десната страна на градниот кош, донесен е во состојба на хеморагичен шок, итно е примен и опериран. Крварењето било запрено и моментално е надвор од животна опасност и сместен е на одделението за интензивна нега на понатамошен мониторинг - изјави Радојичиќ за „Косово онлајн“.
Според Здравствениот дом Звечан, каде што М.Ј. бил примен и од каде со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата во Северна Митровица, ранетиот рекол дека бил застрелан од припадници на единицата Росу кај мостот Бистрица додека возел автомобил, на главниот пат од Лепосавиќ за Звечан.

The post Припадниците на Росу раниле Србин додека возел автомобил appeared first on Република.

]]>
Ранет скопјанец пренесен на Клиника https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ranet-skopjanec-prenesen-na-klinika/ Thu, 19 May 2022 15:34:06 +0000 https://republika.mk/?p=504477

На 18.05.2022 околу 19.30 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека со повреди кај нив бил донесен Л.М.(50) од Скопје.

Полициски службеници излегле на местото и во разговор со нив, Л.М. пријавил дека околу 19.00 часот на улица „28“ во Сингелиќ бил нападнат од три лица, по што Б.Ј., кој го познавал, од огнено оружје испукал неколку куршуми кон него и му нанел прострелна рана на ногата.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Ранет скопјанец пренесен на Клиника appeared first on Република.

]]>

На 18.05.2022 околу 19.30 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека со повреди кај нив бил донесен Л.М.(50) од Скопје. Полициски службеници излегле на местото и во разговор со нив, Л.М. пријавил дека околу 19.00 часот на улица „28“ во Сингелиќ бил нападнат од три лица, по што Б.Ј., кој го познавал, од огнено оружје испукал неколку куршуми кон него и му нанел прострелна рана на ногата. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Ранет скопјанец пренесен на Клиника appeared first on Република.

]]>
Андриј Хливнјук, фронтменот на украинскиот бенд Boombox повреден во минофрлачки напад во Украина https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/andrij-hlivnjuk-frontmenot-na-ukrainskiot-bend-boombox-povreden-vo-minofrlachki-napad-vo-ukraina/ Mon, 11 Apr 2022 09:18:47 +0000 https://republika.mk/?p=486613

Фронтменот на украинскиот бенд Boombox, Андриј Хливнјук (42) е повреден во минофрлачки напад врз Украина.
Американската турнеја на Андриј беше прекината од војната. Но, тој размислува за музика и додека ја брани својата татковина, па со јужноафриканскиот музичар The Kiffness снимил кавер на украинската народна песна „Oi Luzi Červona Kaljna“ (Во олето е убава калинка).
На Инстаграм пејачот објавил фотографии на кои се гледаат повреди на лицето.

 

The post Андриј Хливнјук, фронтменот на украинскиот бенд Boombox повреден во минофрлачки напад во Украина appeared first on Република.

]]>

Фронтменот на украинскиот бенд Boombox, Андриј Хливнјук (42) е повреден во минофрлачки напад врз Украина. Американската турнеја на Андриј беше прекината од војната. Но, тој размислува за музика и додека ја брани својата татковина, па со јужноафриканскиот музичар The Kiffness снимил кавер на украинската народна песна „Oi Luzi Červona Kaljna“ (Во олето е убава калинка). На Инстаграм пејачот објавил фотографии на кои се гледаат повреди на лицето.  

The post Андриј Хливнјук, фронтменот на украинскиот бенд Boombox повреден во минофрлачки напад во Украина appeared first on Република.

]]>
„Се прашував само дали смртта ќе ми биде болна“, вели британскиот новинар застрелан кај Киев https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-prashuvav-samo-dali-smrtta-kje-mi-bide-bolna-veli-britanskiot-novinar-zastrelan-kaj-kiev/ Sat, 05 Mar 2022 09:01:32 +0000 https://republika.mk/?p=468071

Главниот дописник на британски „Скај њуз“ од украинската криза, Стјуарт Ремзи, бил застрелан во долниот дел на грбот додека во понеделникот било пукано врз автомобилот што ја превезувал неговата екипа во Киев. Во нападот , исто така, бил погоден и снимателот Ричи Моклер, но двата куршума завршиле во неговиот заштитен елек, пред тимот да успее да избега и да се засолни. Целата екипа подоцна била спасени од украинската полиција.

Во екипата на „Скај Њуз“ се наоѓале и Доминке ван Херден и Мартин Воулс, како и локалниот продуцент Андриј Литвиненко.

Шокантната снимка од инцидентот синоќа беше прикажана на „Скај Њуз“ и на неа се гледа како новинарската екипа се наоѓа под силен оган додека стакло прска околу нив.

Се претпоставува дека нападот го извршиле диверзанти на руското извидување.

Во писмениот извештај за заседата, Ремзи наведува дека неговата екипа се упатувала кон градот Буча, каде што имале намера да дознаат повеќе за уништувањето на рускиот конвој од страна на украинската армија претходниот ден. Ремзи наведува дека екипата мислела дека украинскиот воен контролен пункт може да биде одговорен за пукањето, но нивните панични обиди да објаснат дека се новинари не го одвратиле напаѓачот да отвори оган.

Се сеќавам дека се прашував дали мојата смрт ќе биде болна, рече тој.

Некои членови на тимот успеале да побегнат, но Ремзи бил погоден со куршум во долниот дел на грбот.

Тимот на крајот стигнал до една фабрика, каде се засолниле.

Тимот на „Скај Њуз“, во меѓувреме се вратил во Обединетото кралство, а Литвиненко останал во Украина со своето семејство.

Имавме многу среќа, додаде Ремзи на крајот од прилогот.

The post „Се прашував само дали смртта ќе ми биде болна“, вели британскиот новинар застрелан кај Киев appeared first on Република.

]]>

Главниот дописник на британски „Скај њуз“ од украинската криза, Стјуарт Ремзи, бил застрелан во долниот дел на грбот додека во понеделникот било пукано врз автомобилот што ја превезувал неговата екипа во Киев. Во нападот , исто така, бил погоден и снимателот Ричи Моклер, но двата куршума завршиле во неговиот заштитен елек, пред тимот да успее да избега и да се засолни. Целата екипа подоцна била спасени од украинската полиција. Во екипата на „Скај Њуз“ се наоѓале и Доминке ван Херден и Мартин Воулс, како и локалниот продуцент Андриј Литвиненко. Шокантната снимка од инцидентот синоќа беше прикажана на „Скај Њуз“ и на неа се гледа како новинарската екипа се наоѓа под силен оган додека стакло прска околу нив. Се претпоставува дека нападот го извршиле диверзанти на руското извидување. Во писмениот извештај за заседата, Ремзи наведува дека неговата екипа се упатувала кон градот Буча, каде што имале намера да дознаат повеќе за уништувањето на рускиот конвој од страна на украинската армија претходниот ден. Ремзи наведува дека екипата мислела дека украинскиот воен контролен пункт може да биде одговорен за пукањето, но нивните панични обиди да објаснат дека се новинари не го одвратиле напаѓачот да отвори оган.
Се сеќавам дека се прашував дали мојата смрт ќе биде болна, рече тој.
Некои членови на тимот успеале да побегнат, но Ремзи бил погоден со куршум во долниот дел на грбот. Тимот на крајот стигнал до една фабрика, каде се засолниле. Тимот на „Скај Њуз“, во меѓувреме се вратил во Обединетото кралство, а Литвиненко останал во Украина со своето семејство.
Имавме многу среќа, додаде Ремзи на крајот од прилогот.

The post „Се прашував само дали смртта ќе ми биде болна“, вели британскиот новинар застрелан кај Киев appeared first on Република.

]]>