рана Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rana/ За подобро да се разбереме Wed, 05 Apr 2023 10:04:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png рана Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rana/ 32 32 „Спиев на плажа кога одеднаш ме здоболи ногата, очекував да видам некакво животинче, ама ова…“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/spiev-na-plazha-koga-odednash-me-zdoboli-nogata-ochekuvav-da-vidam-nekakvo-zhivotinche-ama-ova/ Wed, 05 Apr 2023 10:04:56 +0000 https://republika.mk/?p=627471

Човек кој спиел на плажа бил пробуден од силна болка во петицата. Болката била премногу силна за да биде само дел од сон, па ги отворил очите и си ја погледнал ногата. Очекувал да види некакво морско животинче, но не и огромен морски крокодил кој ја држел неговата нога во устата.

Инцидентот му се случил викендов на 65-годишен маж, кој бил во вреќата за спиење на Њуел Бич во австралиската држава Квинсленд, каде што кампувал. Околу 21 часот го разбудиле страшните болки, а неговите крици на останатите кампери во близина кои веднаш притрчале да му помогнат.

Среќа што во близина на плажата имало луѓе, кои веднаш дошле да му помогнат и го однеле во болница, изјавил за „Њуспорт“ Ворен Фаравеј, портпарол на кампот.

За среќа, мажот поминал само со рани по нозете.

Одделот за животна средина и наука е информиран за инцидентот и ги истражува деталите за случајот.

The post „Спиев на плажа кога одеднаш ме здоболи ногата, очекував да видам некакво животинче, ама ова…“ appeared first on Република.

]]>

Човек кој спиел на плажа бил пробуден од силна болка во петицата. Болката била премногу силна за да биде само дел од сон, па ги отворил очите и си ја погледнал ногата. Очекувал да види некакво морско животинче, но не и огромен морски крокодил кој ја држел неговата нога во устата. Инцидентот му се случил викендов на 65-годишен маж, кој бил во вреќата за спиење на Њуел Бич во австралиската држава Квинсленд, каде што кампувал. Околу 21 часот го разбудиле страшните болки, а неговите крици на останатите кампери во близина кои веднаш притрчале да му помогнат.
Среќа што во близина на плажата имало луѓе, кои веднаш дошле да му помогнат и го однеле во болница, изјавил за „Њуспорт“ Ворен Фаравеј, портпарол на кампот.
За среќа, мажот поминал само со рани по нозете. Одделот за животна средина и наука е информиран за инцидентот и ги истражува деталите за случајот.

The post „Спиев на плажа кога одеднаш ме здоболи ногата, очекував да видам некакво животинче, ама ова…“ appeared first on Република.

]]>
Прострелна рана во главата и пиштол до телото, оскудни информации за смртта на Маја Миа во Јужна Африка https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/prostrelna-rana-vo-glavata-i-pishtol-do-teloto-oskudni-informacii-za-smrtta-na-maja-mia-vo-juzna-afrika/ Mon, 05 Dec 2022 16:44:41 +0000 https://republika.mk/?p=582286

Без многу детали, но со официјална потврда за трагичниот крај. Пронајдена е Македонката Маја Јанеска, почината дома во својата спална соба.

Прострелна рана во главата и пиштол до телото – за ова се знае од оскудните информации кои пристигнуваат од јужноафриканската полиција.

На социјалните мрежи позната како Маја Миа, инфлуенсерката го загубила својот живот во место блиску до Јоханесбург – на околу осум илјади километри воздушна оддалеченост од родниот Охрид.

Сега истрагата е отворена, но во оваа фаза случајот не се третира како сомнителен, иако јавноста го перцепира како обвиткан во мистерија. Телото на Јанеска го пронашол нејзиниот партнер кој бил во куќата, известува тамошниот медиум „Њуз24“, кој се повикува на извори од полицијата.

Веста за трагедијата за Телма  ја потврдуваат и од македонското Министерство за надворешни работи, од каде што наведуваат дека помагаат за транспорт на телото во Македонија.

Министерството за надворешни работи преку надлежната амбасада во Каиро, стапи во контакт со надлежните органи на земјата, од каде добивме потврда за трагичниот настан. Нашите претставници се во постојана и непосредна комуникација со надлежните јужноафрикански власти и со роднините на починатата, како во делот на утврдување на деталите, така и околу организирањето транспорт на посмртните останки на починатата во земјава, соопштија од МНР.

Јанеска пред неколку денови била во земјава за прослава на признавањето на Македонија од Јужна Африка и за воспоставување на дипломатски односи меѓу двете земји во што и самата помогнала.

The post Прострелна рана во главата и пиштол до телото, оскудни информации за смртта на Маја Миа во Јужна Африка appeared first on Република.

]]>

Без многу детали, но со официјална потврда за трагичниот крај. Пронајдена е Македонката Маја Јанеска, почината дома во својата спална соба. Прострелна рана во главата и пиштол до телото – за ова се знае од оскудните информации кои пристигнуваат од јужноафриканската полиција. На социјалните мрежи позната како Маја Миа, инфлуенсерката го загубила својот живот во место блиску до Јоханесбург – на околу осум илјади километри воздушна оддалеченост од родниот Охрид. Сега истрагата е отворена, но во оваа фаза случајот не се третира како сомнителен, иако јавноста го перцепира како обвиткан во мистерија. Телото на Јанеска го пронашол нејзиниот партнер кој бил во куќата, известува тамошниот медиум „Њуз24“, кој се повикува на извори од полицијата. Веста за трагедијата за Телма  ја потврдуваат и од македонското Министерство за надворешни работи, од каде што наведуваат дека помагаат за транспорт на телото во Македонија. Министерството за надворешни работи преку надлежната амбасада во Каиро, стапи во контакт со надлежните органи на земјата, од каде добивме потврда за трагичниот настан. Нашите претставници се во постојана и непосредна комуникација со надлежните јужноафрикански власти и со роднините на починатата, како во делот на утврдување на деталите, така и околу организирањето транспорт на посмртните останки на починатата во земјава, соопштија од МНР. Јанеска пред неколку денови била во земјава за прослава на признавањето на Македонија од Јужна Африка и за воспоставување на дипломатски односи меѓу двете земји во што и самата помогнала.

The post Прострелна рана во главата и пиштол до телото, оскудни информации за смртта на Маја Миа во Јужна Африка appeared first on Република.

]]>