Ран корморан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ran-kormoran/ За подобро да се разбереме Wed, 01 Mar 2023 15:43:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ран корморан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ran-kormoran/ 32 32 Почна „Ран корморан“ со најповолните билети за Д Фестивал 2023 https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/pochna-ran-kormoran-so-najpovolnite-bileti-za-d-festival-2023/ Wed, 01 Mar 2023 12:09:59 +0000 https://republika.mk/?p=614654

Со специјалната промотивна акција „Ран Корморан“ започна продажбата на влезници за годинашното, тринаесетто издание на најочекуваниот фестивалски викенд во годината –„Д Фестивал“. Oд денеска, сите љубители на најголемиот музички фестивал во Македонија, можат да ги набават своите билети по промо-цена карактеристична за продажната акција, „РАН КОРМОРАН“!

Акцијата важи за тридневните фестивалски влезници со кои посетителите имаат пристап до целосната програма на фестивалот, кој оваа година ќе се одржува од 30 јуни до 2 јули. Овие билети со „Ран Корморан“ пристигнуваат со првата, најповолна цена од 1100 денари или 1200 денари доколку посетителите се одлучат за тридневните билети кои покрај целосната програма на фестивалот вклучуваат и место за кампување во Д-кампот.

„Ран Корморан“ влезниците се достапни само во ограничен број и можат да се купат најдоцна до 2 април, онлајн на веб страната на „МК Тикетс“ и во нивната продажна мрежа.

За годинашниот „Д Фестивал“ веќе се во тек и повици за пријавување на учесници и тоа во три категории. Со овие повици сите заинтересирани имаат можност да го пронајдат своето место на фестивалот како волонтеримузички изведувачи или креативци . Најдоцна до 15 март, со пополнување на онлајн пријава секој има прилика да биде еден од избраните кои директно ќе бидат вклучени во создавањето на фестивалската магија на омилениот Д Фестивал.

А магијата на „Д Фестивал“ е непобитна и втемелена во својата уникатност со 12 изданија досега исполнети со светски, регионални и домашни музички изведувачи и десетици илјади посетители сплотени во име на музиката, добрите пријателства и љубовта. Само минатата година над 15000 посетители беа дел од богатата мултимедијална програма, која како учесници низ 15 фестивалски зони броеше повеќе од 100 музичари, уметници и активисти. Постојано рушејќи ги сопствените рекорди, Д Фестивал цели кон нови и уште поголеми остварувања ова лето, а наскоро ќе бидат објавени и првите изведувачи од програмата, задолжени за највозбудливото фестивалско доживување.

The post Почна „Ран корморан“ со најповолните билети за Д Фестивал 2023 appeared first on Република.

]]>