рамуш харадинај Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ramush-haradinaj/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Nov 2024 20:52:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png рамуш харадинај Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ramush-haradinaj/ 32 32 Харадинај вели дека Курти нема веќе да биде премиер https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/haradinaj-veli-deka-kurti-nema-veke-da-bide-premier/ Thu, 14 Nov 2024 20:52:28 +0000 https://republika.mk/?p=837892

Според поранешниот премиер Рамуш Харадинај, Албин Курти повеќе нема да ја води Владата на Косово по парламентарните избори идниот февруари.

„Курти повеќе нема да биде премиер, веќе нема да владее (партијата на Курти) Движењето самоопределување. Да сум на негово место веќе би имал напишано говор како иден опозиционер. Би испратил сигнали дека нема повеќе да ја држам државата во заложништво“, рече Харадинај.

Тој му порача на Курти да не одолговлекува, бидејќи државата има последици од неговото лошо владеење и тие последици сé повеќе се продлабочуваат.

„Ние немаме друг избор освен да ги санираме овие последици. Поради оваа причина, го барам водењето на Владата, дали по пат на ротација, трите опозициски партии да се договорат, едната една година, другата друга година и третата трета година. Јас барам да ја водам Владата на почетокот на владеењето, за да ги вратам оние доверливи, договорни односи со САД и другите сојузници. Да ги завршам некои тешки работи, а потоа владеењето да биде вообичаено, за економски развој. Додека, останувањето на Курти на власт не е опција, тој дел е завршен“, рече Харадинај.

The post Харадинај вели дека Курти нема веќе да биде премиер appeared first on Република.

]]>

Харадинај за динарот: Импровизации на владата на Курти, Србија создава предност https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/haradinaj-za-dinarot-improvizatsii-na-vladata-na-kurti-srbija-sozdava-prednost/ Fri, 05 Apr 2024 09:58:09 +0000 https://republika.mk/?p=762588

Лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово, поранешниот премиер Рамуш Харадинај, разговорите меѓу Косово и Србија во Брисел за прашањето за српскиот динар ги нарече „импровизации на владата“ на Албин Курти што се штетни за Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во изјава за порталот „Економија онлајн“ (ekonomiaonline.com), Хардинај вели дека поради таквите постапки на Курти, косовските сојузници се огорчени и дека одложувањата во решавањето на прашањето на забраната за користење на српската валута во Косово, оди во прилог на Србија.

Не е нешто ново, за жал, тоа се главно импровизации на владата, значи не се нешто сериозно и не го носат потребниот резултат. Така што, гледате дека имаме огорченост, кажано со народен јазик, од сите наши сојузници кон Косово, токму поради таквите постапки на владата, изјави Харадинај.

Поранешниот премиер вели дека Косово треба да се фокусира на спроведувањето на француско-германскиот план за постигнување договор меѓу Приштина и Белград, додека одолговлекувањето на решавањето на прашањето на динарот ѝ дава предност на Србија.

Сметам дека треба да се фокусираме на главната тема, а тоа е имплементацијата на договорот, познат како француско-германски план, се разбира со обврските кои се преземени. Бидејќи, доколку ги спроведеме овие обврски од Советот на Европа и од кандидатурата за членство во ЕУ и во НАТО, стагнацијата во прашањето за динарот е прашање кое нè уназадува и секако создава предност за Србија. Реално Србија ги користи овие против Косово, рече Харадинај.

Главниот преговарач на Косово во дијалогот со Србија, вицепремиерот Бесник Бислими, по последната рунда преговори вчера во Брисел за прашањето на користењето на српскиот динар во Косово, изјави дека Приштина се согласува со предлогот на емисарот на ЕУ, Мирослав Лајчак, додека Србија не е подготвена за компромис и побарала дополнително време. Бислими не кажа за каков предлог се работи.

The post Харадинај за динарот: Импровизации на владата на Курти, Србија создава предност appeared first on Република.

]]>

Лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово, поранешниот премиер Рамуш Харадинај, разговорите меѓу Косово и Србија во Брисел за прашањето за српскиот динар ги нарече „импровизации на владата“ на Албин Курти што се штетни за Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Во изјава за порталот „Економија онлајн“ (ekonomiaonline.com), Хардинај вели дека поради таквите постапки на Курти, косовските сојузници се огорчени и дека одложувањата во решавањето на прашањето на забраната за користење на српската валута во Косово, оди во прилог на Србија. Не е нешто ново, за жал, тоа се главно импровизации на владата, значи не се нешто сериозно и не го носат потребниот резултат. Така што, гледате дека имаме огорченост, кажано со народен јазик, од сите наши сојузници кон Косово, токму поради таквите постапки на владата, изјави Харадинај. Поранешниот премиер вели дека Косово треба да се фокусира на спроведувањето на француско-германскиот план за постигнување договор меѓу Приштина и Белград, додека одолговлекувањето на решавањето на прашањето на динарот ѝ дава предност на Србија. Сметам дека треба да се фокусираме на главната тема, а тоа е имплементацијата на договорот, познат како француско-германски план, се разбира со обврските кои се преземени. Бидејќи, доколку ги спроведеме овие обврски од Советот на Европа и од кандидатурата за членство во ЕУ и во НАТО, стагнацијата во прашањето за динарот е прашање кое нè уназадува и секако создава предност за Србија. Реално Србија ги користи овие против Косово, рече Харадинај. Главниот преговарач на Косово во дијалогот со Србија, вицепремиерот Бесник Бислими, по последната рунда преговори вчера во Брисел за прашањето на користењето на српскиот динар во Косово, изјави дека Приштина се согласува со предлогот на емисарот на ЕУ, Мирослав Лајчак, додека Србија не е подготвена за компромис и побарала дополнително време. Бислими не кажа за каков предлог се работи.

The post Харадинај за динарот: Импровизации на владата на Курти, Србија создава предност appeared first on Република.

]]>
Харадинај: Ако Курти не лаже, претседателката да ги повика партиите за распишување предвремени избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/haradinaj-ako-kurti-ne-lazhe-pretsedatelkata-da-gi-povika-partiite-za-raspishuvane-predvremeni-izbori/ Fri, 22 Mar 2024 17:59:00 +0000 https://republika.mk/?p=757518

По изјавата на премиерот Албин Курти дека може да се приклучи на опозицијата за земјата да оди на предвремени избори, лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, побара од претседателката Вјоса Османи да се изјасни во врска со тоа и да ги повика партиите да постигнат консензус за распуштање на Собранието, јави дописникот на МИА од Приштина.

Харадинај напомена дека неговата партија веќе подолго време бара гласање за недоверба на Владата, но премиерот досега не само што се спротивставувал туку и „се погрижи да нé потсети кога е рокот за редовни избори“.

Сега излегол со барање да се приклучи на опозицијата за распуштање на Собранието. Што се смени во меѓувреме!? Дали претседателката на државата е запознаена со оваа промена на курсот од страна на премиерот? Распуштањето на Собранието мора да биде резултат на политички консензус. Претседателката мора да се изјасни по ова прашање и евентуално да ги повика политичките партии на состанок за да разговараат за оваа промена на курсот на премиерот, напиша Харадинај на својот Фејсбук профил.

Поранешниот премиер вели дека, сепак, можно е ова да е „само уште една во низата лаги“ на Курти.

Денес Косово се соочува со чувствителна ситуација и на политички и на безбедносен план и оваа тема бара јасност. Освен ако и оваа промена на курсот на Албин Курти не е само уште една во низата негови лаги, напиша Харадинај

The post Харадинај: Ако Курти не лаже, претседателката да ги повика партиите за распишување предвремени избори appeared first on Република.

]]>

По изјавата на премиерот Албин Курти дека може да се приклучи на опозицијата за земјата да оди на предвремени избори, лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, побара од претседателката Вјоса Османи да се изјасни во врска со тоа и да ги повика партиите да постигнат консензус за распуштање на Собранието, јави дописникот на МИА од Приштина. Харадинај напомена дека неговата партија веќе подолго време бара гласање за недоверба на Владата, но премиерот досега не само што се спротивставувал туку и „се погрижи да нé потсети кога е рокот за редовни избори“.
Сега излегол со барање да се приклучи на опозицијата за распуштање на Собранието. Што се смени во меѓувреме!? Дали претседателката на државата е запознаена со оваа промена на курсот од страна на премиерот? Распуштањето на Собранието мора да биде резултат на политички консензус. Претседателката мора да се изјасни по ова прашање и евентуално да ги повика политичките партии на состанок за да разговараат за оваа промена на курсот на премиерот, напиша Харадинај на својот Фејсбук профил.
Поранешниот премиер вели дека, сепак, можно е ова да е „само уште една во низата лаги“ на Курти.
Денес Косово се соочува со чувствителна ситуација и на политички и на безбедносен план и оваа тема бара јасност. Освен ако и оваа промена на курсот на Албин Курти не е само уште една во низата негови лаги, напиша Харадинај

The post Харадинај: Ако Курти не лаже, претседателката да ги повика партиите за распишување предвремени избори appeared first on Република.

]]>
Харадинај сака по Шведска, Косово да биде следно за прием во НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/haradinaj-saka-po-shvedska-kosovo-da-bide-sledno-za-priem-vo-nato/ Thu, 07 Mar 2024 21:46:57 +0000 https://republika.mk/?p=752422

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово (ААК), поранешниот косовски премиер, Рамуш Харадиај го поздрави официјалниот влез на Шведска во НАТО.

Харадинај оцени дека Северноатлантската алијанса се зајакнала со приемот во своите редови на таа скандинавска држава.

Во објава на својата страница на Фејсбук, Харадинај изрази надеж оти „сега е на ред Косово“ да стане членка на НАТО.

Политичко-воениот сојуз - НАТО, се зајакна со приемот на Шведска како нејзина 32-ра членка. е надеваме дека сега е на ред Косово, напиша Харадинај.

The post Харадинај сака по Шведска, Косово да биде следно за прием во НАТО appeared first on Република.

]]>

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово (ААК), поранешниот косовски премиер, Рамуш Харадиај го поздрави официјалниот влез на Шведска во НАТО. Харадинај оцени дека Северноатлантската алијанса се зајакнала со приемот во своите редови на таа скандинавска држава. Во објава на својата страница на Фејсбук, Харадинај изрази надеж оти „сега е на ред Косово“ да стане членка на НАТО.
Политичко-воениот сојуз - НАТО, се зајакна со приемот на Шведска како нејзина 32-ра членка. е надеваме дека сега е на ред Косово, напиша Харадинај.

The post Харадинај сака по Шведска, Косово да биде следно за прием во НАТО appeared first on Република.

]]>
Рамуш Харадинај: Тероризмот нема да победи, го осудувам нападот врз израелскиот народ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ramush-haradinaj-terorizmot-nema-da-pobedi-go-osuduvam-napadot-vrz-izraelskiot-narod/ Tue, 10 Oct 2023 15:54:46 +0000 https://republika.mk/?p=689894

Поранешниот командант на ОВК и терорист Рамуш Харадиниј изјави дека го осудува страшниот напад врз израелскиот народ!

Тероризмот нема да победи ниту денес ниту никогаш, ние сме силно на страната на израелскиот народ!-изјави поранешниот лидер на УЧК.

The post Рамуш Харадинај: Тероризмот нема да победи, го осудувам нападот врз израелскиот народ appeared first on Република.

Не му верувајте на измамникот Курти, им порача Харадинај на Албанците во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ne-mu-veruvajte-na-izmamnikot-kurti-im-poracha-haradinaj-na-albantsite-vo-makedonija/ Sat, 12 Aug 2023 12:39:06 +0000 https://republika.mk/?p=671394

Претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, им порача на Албанците во Македонија дека не треба да му веруваат на „измамникот Албин Курти“, пренесува Косово онлајн.

Вака Харадинај реагираше на обраќањето на Курти при вчерашната посета на Тетово, каде рече дека патот Призрен-Тетово, како регионален проект, е многу важен и дека придонесува за развојот и на Косово и на Македонија.

Харадинај, на својот Фејсбук профил, објави дека сите проекти и патишта на Косово се блокирани.

Не му верувајте на измамникот Албин Курти. Сите патишта и проекти се блокирани во Косово, вклучително и патот Плав. Бидејќи веќе не може да ги лаже граѓаните на Косово, дојде да ве излаже, зборувајќи за патот Тетово – Призрен. Истото го пробал и во Албанија, но не му поверувале и го избркале. Не потпаѓајте на неговите трикови, напиша Харадинај на Фејсбук.

The post Не му верувајте на измамникот Курти, им порача Харадинај на Албанците во Македонија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, им порача на Албанците во Македонија дека не треба да му веруваат на „измамникот Албин Курти“, пренесува Косово онлајн. Вака Харадинај реагираше на обраќањето на Курти при вчерашната посета на Тетово, каде рече дека патот Призрен-Тетово, како регионален проект, е многу важен и дека придонесува за развојот и на Косово и на Македонија. Харадинај, на својот Фејсбук профил, објави дека сите проекти и патишта на Косово се блокирани.
Не му верувајте на измамникот Албин Курти. Сите патишта и проекти се блокирани во Косово, вклучително и патот Плав. Бидејќи веќе не може да ги лаже граѓаните на Косово, дојде да ве излаже, зборувајќи за патот Тетово – Призрен. Истото го пробал и во Албанија, но не му поверувале и го избркале. Не потпаѓајте на неговите трикови, напиша Харадинај на Фејсбук.

The post Не му верувајте на измамникот Курти, им порача Харадинај на Албанците во Македонија appeared first on Република.

]]>
Харадинај: Курти е најсмешниот и најштетниот политичар во поновата историја на Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/haradinaj-kurti-e-najsmeshniot-i-najshtetniot-politichar-vo-ponovata-istorija-na-kosovo-2/ Tue, 11 Jul 2023 08:19:14 +0000 https://republika.mk/?p=659936

Лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК), поранешниот премиер, Рамуш Харадинај вели дека актуелниот косовски премиер, Албин Курти е „најсмешниот и најштетниот политичар во поновата историја на Косово“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во објава на неговата страница на Фејсбук, Харадинај напиша дека Курти изградил „кула од карти, која ќе се урне на истиот начин како што е изградена“.

Албин Курти изгради кула од карти! Безбројните скандали на министрите и најблиските соработници на Албин Курти; курсот на наводен „тврд политичар“ на самиот Албин и неговото повлекување од сè што ветил во животот, го прават него најсмешниот и најштетниот политичар во поновата историја на Косово. Сè што има направено Курти во неговиот политички живот е тоа дека има изградено кула од карти, која ќе се урне на истиот начин како што е изградена, напиша Харадинај.

Реакцијата на поранешниот премиер уследи по изјавата на шефицата на косовската дипломатија и вицепремиерка, Доника Грвала, дадена на безбедносната конференција во Дубровник, дека „Европската унија, без САД и НАТО, е само еден тигар од хартија“ и по објавувањето на снимките на разговорите на Мимоза Кусари-Лила, шефица на пратеничката група на партијата на Курти, Движење самоопределување, со лидерот на партијата Српска листа, Славко Симиќ. Во разговорот со Симиќ, Кусари-Лила потврдува дека за политички прашања контактирала со Милан Ракиќ, политичар од редовите на косовските Срби за кого се покренати кривични пријави за разни злоупотреби и кој, според приштинските медиуми, се сомничи за вмешаност во убиството на политичарот Оливер Ивановиќ.

The post Харадинај: Курти е најсмешниот и најштетниот политичар во поновата историја на Косово appeared first on Република.

]]>

Лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК), поранешниот премиер, Рамуш Харадинај вели дека актуелниот косовски премиер, Албин Курти е „најсмешниот и најштетниот политичар во поновата историја на Косово“, јави дописникот на МИА од Приштина. Во објава на неговата страница на Фејсбук, Харадинај напиша дека Курти изградил „кула од карти, која ќе се урне на истиот начин како што е изградена“. Албин Курти изгради кула од карти! Безбројните скандали на министрите и најблиските соработници на Албин Курти; курсот на наводен „тврд политичар“ на самиот Албин и неговото повлекување од сè што ветил во животот, го прават него најсмешниот и најштетниот политичар во поновата историја на Косово. Сè што има направено Курти во неговиот политички живот е тоа дека има изградено кула од карти, која ќе се урне на истиот начин како што е изградена, напиша Харадинај. Реакцијата на поранешниот премиер уследи по изјавата на шефицата на косовската дипломатија и вицепремиерка, Доника Грвала, дадена на безбедносната конференција во Дубровник, дека „Европската унија, без САД и НАТО, е само еден тигар од хартија“ и по објавувањето на снимките на разговорите на Мимоза Кусари-Лила, шефица на пратеничката група на партијата на Курти, Движење самоопределување, со лидерот на партијата Српска листа, Славко Симиќ. Во разговорот со Симиќ, Кусари-Лила потврдува дека за политички прашања контактирала со Милан Ракиќ, политичар од редовите на косовските Срби за кого се покренати кривични пријави за разни злоупотреби и кој, според приштинските медиуми, се сомничи за вмешаност во убиството на политичарот Оливер Ивановиќ.

The post Харадинај: Курти е најсмешниот и најштетниот политичар во поновата историја на Косово appeared first on Република.

]]>
Харадинај тврди дека Србија ќе ја признае независноста на Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/haradinaj-tvrdi-deka-srbija-ke-ja-priznae-nezavisnosta-na-kosovo/ Wed, 08 Mar 2023 14:53:43 +0000 https://republika.mk/?p=617377

Претседателот на Алијансата за иднината на Косово Рамуш Харадинај изјави дека времето е клучен фактор за Косово и дека доколку се постигне договор овој месец, изборите на северот на земјата ќе се одржат според планираното.

Се очекува во наредните денови да се постигне договор за анексот за имплементација (на европската Спогодба за нормализација на односите меѓу Србија и Косово). Доколку договорот биде постигнат во текот на овој месец, тогаш ќе можеме да одржиме избори на север според планираното“, изјави Харадинај, пренесува Косово онлајн.

Харадинај изрази уверување дека европскиот план вклучува и признавање на Косово и рече дека партијата што ја предводи ќе гласа за овој договор.

Нема заклучок дека има признавање. Има признавање во договорот, има признавање на меѓународно ниво. Значи, Србија ја признава независноста на Косово, неговите права како независна, рамноправна држава врз основа на повелбата на ОН и меѓународната план, рече Харадинај.

Вонредните избори во четири општини на северот на Косово требаше да се одржат во декември минатата година, но претседателката на Косово Вјоса Османи ги одложи за април годинава, поради недостиг на безбедност за нивно одржување.

The post Харадинај тврди дека Србија ќе ја признае независноста на Косово appeared first on Република.

Харадинај бара „спас“ од ЕУ и САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/haradinaj-bara-spas-od-eu-i-sad/ Sat, 10 Dec 2022 22:00:07 +0000 https://republika.mk/?p=584173

Рамуш Харадинај, лидерот на Алијансата за иднината на Косово, алармираше дека Приштина треба да ги искористи сите механизми што ги има за да ги отстрани барикадите на северот. На Фејсбук Харадинај упати повик до ЕУ и САД да интервенираат и да ја смират ситуацијата на северот на Косово и Метохија.

-Државата Косово треба да ги искористи сите механизми што ги има за итно отстранување на барикадите и сите други пречки на северот. Српската влада треба веднаш да се откаже од својата провоена политика и да ги повлече своите паравоени единици од северот. Апелирам до ЕУ и САД да интервенираат за да се смири ситуацијата на северот. Мирот не е алтернатива! Косово и Србија да седнат на маса и да постигнат мировен договор за меѓусебно признавање, пишува Харадинај во објавата.

Инаку, ситуацијата на северот на Косово и Метохија стана потензична откако лидерот Аљбин Курти испрати единици на РОСУ на север, без одобрение на четворицата градоначалници на северните општини со српско мнозинство.

The post Харадинај бара „спас“ од ЕУ и САД appeared first on Република.

Харадинај бара на Самит во САД, Косово и Србија меѓусебно да се признаат https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/haradinaj-bara-na-samit-vo-sad-kosovo-i-srbija-megjusebno-da-se-priznaat/ Wed, 30 Nov 2022 12:47:41 +0000 https://republika.mk/?p=580055

Опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК) денеска побара од државното раководство да започне дијалог со косовските Срби за нивно враќање на работните места, откако на почетокот на месецов поднесоа оставки поради проблемите со регистерските таблички, јави дописникот на МИА од Приштина.

Лидерот на ААК, Рамуш Харадинај, претставувајќи во Собранието резолуција за состојбата во земјата по тензиите поради табличките, предложи и да се побара неколкудневен самит во САД, што би требало да резултира со меѓусебно признавање на Косово и Србија.

– Политичката и безбедносната ситуација во Косово е една од најтешките во овие 23 години. За жал и дејствијата на институциите не беа соодветни на создадената ситуација. Премиерот наместо да ги прифати барањата на меѓународните институции, започна со имплементација на одлуката во фази, со што ѝ даде на Србија можност да се прогласи за жртва, рече Харадинај.

Лидерот на ААК и поранешен премиер на Косово ги обвини институциите дека состојбата во северно Косово не ја истретираа сериозно врз основа на настанатиот ризик.

The post Харадинај бара на Самит во САД, Косово и Србија меѓусебно да се признаат appeared first on Република.

]]>

Опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК) денеска побара од државното раководство да започне дијалог со косовските Срби за нивно враќање на работните места, откако на почетокот на месецов поднесоа оставки поради проблемите со регистерските таблички, јави дописникот на МИА од Приштина. Лидерот на ААК, Рамуш Харадинај, претставувајќи во Собранието резолуција за состојбата во земјата по тензиите поради табличките, предложи и да се побара неколкудневен самит во САД, што би требало да резултира со меѓусебно признавање на Косово и Србија.
– Политичката и безбедносната ситуација во Косово е една од најтешките во овие 23 години. За жал и дејствијата на институциите не беа соодветни на создадената ситуација. Премиерот наместо да ги прифати барањата на меѓународните институции, започна со имплементација на одлуката во фази, со што ѝ даде на Србија можност да се прогласи за жртва, рече Харадинај.
Лидерот на ААК и поранешен премиер на Косово ги обвини институциите дека состојбата во северно Косово не ја истретираа сериозно врз основа на настанатиот ризик.

The post Харадинај бара на Самит во САД, Косово и Србија меѓусебно да се признаат appeared first on Република.

]]>
Рамуш Харадинај го надгледувал вадењето органи во „жолтата куќа“, во фрижидери се носеле од Албанија во Турција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ramush-haradinaj-go-nadgleduval-vadenjeto-organi-vo-zoltata-kukja-vo-frizideri-se-nosele-od-albanija-vo-turcija/ Tue, 19 Apr 2022 06:13:27 +0000 https://republika.mk/?p=490275

Во „жолтата куќа“ во Албанија, каде што им беа вадени органи на Србите киднапирани на Космет кон крајот на 90-тите, имаше просторија која беше опремена како приватна клиника.

Во таа куќа неколку пати доаѓаше поранешниот командант на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Рамуш Харадинај кој и даваше пари на ќерката на сопственикот на куќата, раскажува во вториот дел од приказната заштитениот сведок во сведоштво за „Курир.рс“.

Откако биле извадени, органите на Србите заминувале директно во Турција каде што се продавани на богати клиенти.

Тој е убеден дека Харадинај бил детално запознаен со се што се случувало таму.

- Ќерката од таа куќа беше главна, татко и е обичен селанец, а брат ѝ е „овчар“, таа е глава на куќата. Таа доби многу пари од Рамуш и тимот. Па, Рамуш Харадинај беше во таа куќа неколку пати Постојат записи. Колку што знам, документацијата за тоа била во таа куќа. Дали во 2004 или 2005 година, мислам дека тогаш, почна приказната за таа куќа и слушнав дека сакаат да ја уништат да ја запалат таа документација.

Тој опиша како изгледало внатре во куќата.

Имаше крв на подот и голема маса со бел чаршаф, кофи со алат за операции, се беше како во приватна болница. „Пациентите не беа врзани, туку имаше стража на вратата. Прозорците беа затворени за да не избегаат. Разговарав со нив. Не комуницирав многу, ги прашав дали се добро . Имаа за јадење. Беа млади. Никој не ги допре и не ги тепаше. Беше и докторот од Пеќ и некои други лекари, еден од Албанија и еден од Косово, но не се сеќавам кои се. Тогаш првпат ги видов таму . Лично носев фрижидери со „роба“ од „жолтата куќа“ до аеродромот во Тирана, од каде органите заминуваа во Турција.

https://republika.mk/vesti/balkan/cenovnik-za-organi-na-uchk-srce-na-srbin-bilo-300-000-marki-bubreg-60-000-pet-litri-krv-10-000-ako-e-nulta-negativ/

The post Рамуш Харадинај го надгледувал вадењето органи во „жолтата куќа“, во фрижидери се носеле од Албанија во Турција appeared first on Република.

]]>

Во „жолтата куќа“ во Албанија, каде што им беа вадени органи на Србите киднапирани на Космет кон крајот на 90-тите, имаше просторија која беше опремена како приватна клиника. Во таа куќа неколку пати доаѓаше поранешниот командант на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Рамуш Харадинај кој и даваше пари на ќерката на сопственикот на куќата, раскажува во вториот дел од приказната заштитениот сведок во сведоштво за „Курир.рс“. Откако биле извадени, органите на Србите заминувале директно во Турција каде што се продавани на богати клиенти. Тој е убеден дека Харадинај бил детално запознаен со се што се случувало таму.
- Ќерката од таа куќа беше главна, татко и е обичен селанец, а брат ѝ е „овчар“, таа е глава на куќата. Таа доби многу пари од Рамуш и тимот. Па, Рамуш Харадинај беше во таа куќа неколку пати Постојат записи. Колку што знам, документацијата за тоа била во таа куќа. Дали во 2004 или 2005 година, мислам дека тогаш, почна приказната за таа куќа и слушнав дека сакаат да ја уништат да ја запалат таа документација.
Тој опиша како изгледало внатре во куќата.
Имаше крв на подот и голема маса со бел чаршаф, кофи со алат за операции, се беше како во приватна болница. „Пациентите не беа врзани, туку имаше стража на вратата. Прозорците беа затворени за да не избегаат. Разговарав со нив. Не комуницирав многу, ги прашав дали се добро . Имаа за јадење. Беа млади. Никој не ги допре и не ги тепаше. Беше и докторот од Пеќ и некои други лекари, еден од Албанија и еден од Косово, но не се сеќавам кои се. Тогаш првпат ги видов таму . Лично носев фрижидери со „роба“ од „жолтата куќа“ до аеродромот во Тирана, од каде органите заминуваа во Турција.
https://republika.mk/vesti/balkan/cenovnik-za-organi-na-uchk-srce-na-srbin-bilo-300-000-marki-bubreg-60-000-pet-litri-krv-10-000-ako-e-nulta-negativ/

The post Рамуш Харадинај го надгледувал вадењето органи во „жолтата куќа“, во фрижидери се носеле од Албанија во Турција appeared first on Република.

]]>
Вучиќ до Харадинај: Ти ли ќе нè бомбардираш? https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchikj-do-haradinaj-ti-li-kje-ne-bombardirash/ Thu, 10 Mar 2022 21:10:01 +0000 https://republika.mk/?p=470943

Српскиот претседател Александар Вучиќ во четвртокот реагираше на изјавите на поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај за бомбардирањето на Белград, нарекувајќи ги бесмислици.

Откако поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај изјави дека Белград ќе биде бомбардиран ако само еден српски војник влезе во Косово, српскиот претседател Александар Вучиќ во четвртокот рече дека тоа е глупост.

-Дали тој или некој друг ќе не бомбардира?, праша Вучиќ.

Српскиот претседател рече дека неговата земја ќе ги зачува мирот и стабилноста и рече дека армијата може да биде само посилна.

Потсетуваме, Рамуш Харадинај синоќа за ТВ Дукаѓини изјави дека Белград ќе биде бомбардиран доколку само еден српски војник влезе на Косово и Метохија.

The post Вучиќ до Харадинај: Ти ли ќе нè бомбардираш? appeared first on Република.

]]>

Српскиот претседател Александар Вучиќ во четвртокот реагираше на изјавите на поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај за бомбардирањето на Белград, нарекувајќи ги бесмислици. Откако поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај изјави дека Белград ќе биде бомбардиран ако само еден српски војник влезе во Косово, српскиот претседател Александар Вучиќ во четвртокот рече дека тоа е глупост.
-Дали тој или некој друг ќе не бомбардира?, праша Вучиќ.
Српскиот претседател рече дека неговата земја ќе ги зачува мирот и стабилноста и рече дека армијата може да биде само посилна. Потсетуваме, Рамуш Харадинај синоќа за ТВ Дукаѓини изјави дека Белград ќе биде бомбардиран доколку само еден српски војник влезе на Косово и Метохија.

The post Вучиќ до Харадинај: Ти ли ќе нè бомбардираш? appeared first on Република.

]]>
Белград ќе е бомбардиран ко во 1999 ако српски војник згане на косовска земја, се фали Харадинај https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/belgrad-kje-e-bombardiran-ko-vo-1999-ako-srpski-vojnik-zgane-na-kosovska-zemja-se-fali-haradinaj/ Thu, 10 Mar 2022 09:28:39 +0000 https://republika.mk/?p=470472

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово Рамуш Харадинај рече дека знае дека Американците не дозволуваат ниту еден српски војник да влезе на територијата на Косово зошто ако нешто слично се случи Белград ќе биде бомбардиран како во 1999 година.

Српското раководство многу добро го знае тоа. Ако некој српски офицер помине на територијата на Косово, ќе биде бомбардиран Белград, а не некоја друга територија. Доколку тоа се случеше, тогаш целиот свет ќе знаеше дека Вучиќ тоа го прави во служба на Русија. Ако немаат можност да најдат решение за Русија, Западот е прилично добар во изнаоѓање решение за Србија, како што тоа го направи уште еднаш во 1999 година, изјави Харадинај на РТВ Дукаѓини.

Тој додаде дека Србија знае дека Косово е подрачје на одговорност на Америка, Велика Британија и други, додека за Русија рече дека има влијание во некои делови на Балканот, но дека на Косово воопшто нема.

Вучиќ и Србија во овој момент немаат храброст да интервенираат на север поради меѓународната гаранција, рече Харадинај.

The post Белград ќе е бомбардиран ко во 1999 ако српски војник згане на косовска земја, се фали Харадинај appeared first on Република.

Харадинај до Курти: Побарај членство на Косово во НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/haradinaj-do-kurti-pobaraj-chlenstvo-na-kosovo-vo-nato/ Sat, 05 Mar 2022 18:44:20 +0000 https://republika.mk/?p=468310

Лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК), Рамуш Харадинај го повика премиерот Албин Курти официјално да побара зачленување на Косово во Северноатлантската алијанса, јави дописникот на МИА од Приштина.

Поранешниот премиер му порача на актуелниот претседател на косовската влада да не доцни со апликацијата за членство во НАТО, затоа што, како што напиша на неговата страница на Фејсбук, ситуацијата е мошне сериозна.

– Премиеру Курти, поднеси официјално барање за зачленување на Косово во НАТО. Немој да одолговлекуваш, затоа што ситуацијата е посериозно одошто можеш ти да мислиш! Јавните реторики за зачленување не се доволни. Дејствувај според процедурите и преку институциите, напиша Харадинај.

Курти деновиве во интервју за британската телевизија СкајЊуз изјави дека европските држави треба да го примат Косово во Европската унија и НАТО, затоа што „на тој начин ќе се придонесе за мирот, стабилноста и безбедноста

The post Харадинај до Курти: Побарај членство на Косово во НАТО appeared first on Република.

]]>

Лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК), Рамуш Харадинај го повика премиерот Албин Курти официјално да побара зачленување на Косово во Северноатлантската алијанса, јави дописникот на МИА од Приштина. Поранешниот премиер му порача на актуелниот претседател на косовската влада да не доцни со апликацијата за членство во НАТО, затоа што, како што напиша на неговата страница на Фејсбук, ситуацијата е мошне сериозна.