рампа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rampa/ За подобро да се разбереме Thu, 25 Apr 2024 19:25:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png рампа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rampa/ 32 32 Само во Македонија воз чека да помине автомобил https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/samo-vo-makedonija-voz-cheka-da-pomine-avtomobl/ Thu, 25 Apr 2024 19:24:37 +0000 https://republika.mk/?p=771113

На социјалните мрежи кружи видео од железнички премин во Македонија.Секаде во светот кога возот поминува рампата се спушта за автомобилите.

Е во оваа наша чудесна Македонија е обратно.

Погледнете

The post Само во Македонија воз чека да помине автомобил appeared first on Република.

]]>

На социјалните мрежи кружи видео од железнички премин во Македонија.Секаде во светот кога возот поминува рампата се спушта за автомобилите. Е во оваа наша чудесна Македонија е обратно. Погледнете

The post Само во Македонија воз чека да помине автомобил appeared first on Република.

]]>
На местото каде „случајно“ гореа бараки кај Рампа, веќе никна нова зграда https://arhiva3.republika.mk/tvitovi/na-mestoto-kade-sluchajno-gorea-baraki-kaj-rampa-vekje-nikna-nova-zgrada/ Wed, 26 Oct 2022 07:49:54 +0000 https://republika.mk/?p=565723

The post На местото каде „случајно“ гореа бараки кај Рампа, веќе никна нова зграда appeared first on Република.

]]>

The post На местото каде „случајно“ гореа бараки кај Рампа, веќе никна нова зграда appeared first on Република.

]]>
Диво вселени граѓани причинители за пожарот кај „Рампа“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/divo-vseleni-gragjani-prichiniteli-za-pozarot-kaj-rampa/ Mon, 19 Sep 2022 11:26:13 +0000 https://republika.mk/?p=552218

Пожарот што денеска избувна кај Стара рампа спроти Тутунски комбинат е локализиран, и според привичните информации, нема повредени.

Командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита Звонко Томески рече дека е спречено ширење на пожарот.

-Затекнат е пожар во разгорена фаза, брзо е интервенирано, направено е секторирање на објектот, спречено е ширењето на пожарот кон соседниот објект, останатиот дел е изгаснат брзо и ефикасно, интервенирано е со шест противпожарни возила и 20 пожарникари, изјави Томевски.

Опожарени се околу 300 метри квадратни, а според Томески, нема повредени лица во пожарот.

-Во моментот нема лица внатре, нема повредени. Опожарени се околу 300 метри квадратни, отежнувачки фактор беше што од едната страна на објектот се наоѓа објект кој е во градба, ископ кој ни ја отежнуваше интервенцијата. На дуќанот нема оштетувања, тоа беше приоритет да се сопре пожарот да се шири кон дуќанот. Нема повредени пожарникари, нагласи Томевски.

И градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски потврди дека нема повредени во пожарот. Најави дека ќе се испитува чие е земјиштето и бараките што се изгорени.

Како што информираше, во тие бараки имало населено семејство на диво, но било отстрането од таму по неколку месеци.

-Ова е трет пожар откако сум јас градоначалник. Според досегашните информации, причината за трите пожари е иста, а тоа е диво вселени граѓани кои се причинители на самиот пожар. Во моментов она што го имам како информација, а дополнително во текот на денот ќе се произнесеме, е дека има сопственост на бараките и на земјиштето, има ДУП што е во важност и не гледам кои се причините за некој сам да си го пали земјиштето за да гради, доколку може да го урне истото и да гради, рече Герасимовски

The post Диво вселени граѓани причинители за пожарот кај „Рампа“ appeared first on Република.

]]>

Пожарот што денеска избувна кај Стара рампа спроти Тутунски комбинат е локализиран, и според привичните информации, нема повредени. Командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита Звонко Томески рече дека е спречено ширење на пожарот.
-Затекнат е пожар во разгорена фаза, брзо е интервенирано, направено е секторирање на објектот, спречено е ширењето на пожарот кон соседниот објект, останатиот дел е изгаснат брзо и ефикасно, интервенирано е со шест противпожарни возила и 20 пожарникари, изјави Томевски.
Опожарени се околу 300 метри квадратни, а според Томески, нема повредени лица во пожарот.
-Во моментот нема лица внатре, нема повредени. Опожарени се околу 300 метри квадратни, отежнувачки фактор беше што од едната страна на објектот се наоѓа објект кој е во градба, ископ кој ни ја отежнуваше интервенцијата. На дуќанот нема оштетувања, тоа беше приоритет да се сопре пожарот да се шири кон дуќанот. Нема повредени пожарникари, нагласи Томевски.
И градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски потврди дека нема повредени во пожарот. Најави дека ќе се испитува чие е земјиштето и бараките што се изгорени. Како што информираше, во тие бараки имало населено семејство на диво, но било отстрането од таму по неколку месеци.
-Ова е трет пожар откако сум јас градоначалник. Според досегашните информации, причината за трите пожари е иста, а тоа е диво вселени граѓани кои се причинители на самиот пожар. Во моментов она што го имам како информација, а дополнително во текот на денот ќе се произнесеме, е дека има сопственост на бараките и на земјиштето, има ДУП што е во важност и не гледам кои се причините за некој сам да си го пали земјиштето за да гради, доколку може да го урне истото и да гради, рече Герасимовски

The post Диво вселени граѓани причинители за пожарот кај „Рампа“ appeared first on Република.

]]>
Жители на Центар 4 месеци не можат да си дојдат дома, зошто градоначалникот Герасимовски не сака да руши нелегална рампа https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ziteli-na-centar-4-meseci-ne-mozat-da-si-dojdat-doma-zoshto-gradonachalnikot-gerasimovski-ne-saka-da-rushi-nelegalna-rampa/ Fri, 08 Apr 2022 07:11:10 +0000 https://republika.mk/?p=485098

И по 4 месеци од вселувањето, општина Центар на станарите од новоизградена зграда не им обезбедила пристап до гаражата, иако и за самиот објект и за пристапот до него уредно се добиени сите дозволи и е постапувано по ДУП.

Во редакцијата на „Република“ пристигна поплака од станарите на новоизградената зграда на ул. „Тетовска“ бр.40, во строгиот центар на Скопје, дека, и по 4 месеци од вселувањето, општина Центар не им обезбедила пристап до нивната подземна гаража.

Станарите од соседната зграда имаат нелегално поставено рампа на државно земјиште која го оневозможува пристапот до новоизградениот објект и одбиваат да ја тргнат.

Со проблемот е запознато и општинското раководство, но досега не постапиле кон рушење на бесправно поставената препрека. И по неколку состаноци со градоначалникот и стручните служби на Општината и дадените, од нивна страна, ветувања дека ќе се реши, станарите сè уште не можат да ја користат сопствената гаража.

Ништо не бараме освен да се спроведи законот и актите на Општината, кои надлежните не сакаат да ги спроведат, велат станарите, додавајќи дека нивното трпение е при крај.

Доколку проблемот не се реши во најкраток рок, велат, ќе бидат приморани своите права да ги заштитат преку правосудните органи. А доколку бидат приморани своите права да ги бараат во судска постапка, пак, покрај одговорност за Општината и одговорните лица, ќе бараат Општината да им ги надомести сите трошоци настанати поради оневозможен пристап до влезот од зградата.

„Република“ побара одговор од градоначалникот Герасимовски и Општина Центар што се превзема за да се реши овој проблем, зошто досега не е постапено кон рушење на нелегално поставената рампа и уште колку време граѓаните нема да може да паркираат во гаражата за која веќе платиле.

Оттаму велат дека градоначалникот Горан Герасимовски одржал неколку средби со жителите кои живеат во овој дел од општината и заеднички се изнаоѓаа решенија за состојбата со дивоградбите.

Од Секторот за инспекциски работи веќе беа на терен, извршени се увиди и направени се записници за фактичката состојба. Рампата во наредниот период ќе биде отстранета и жителите ќе можат непречено да паркираат во гаражата, велат од Центар.

Но, градоначалникот Герасимовски за истото веќе се пофалил на неговата фејсбук-страница уште пред два месеца.

Меѓутоа, ниту рампата е урната, ниту проблемот решен, ниту станарите можат да си дојдат дома.

The post Жители на Центар 4 месеци не можат да си дојдат дома, зошто градоначалникот Герасимовски не сака да руши нелегална рампа appeared first on Република.

]]>

И по 4 месеци од вселувањето, општина Центар на станарите од новоизградена зграда не им обезбедила пристап до гаражата, иако и за самиот објект и за пристапот до него уредно се добиени сите дозволи и е постапувано по ДУП. Во редакцијата на „Република“ пристигна поплака од станарите на новоизградената зграда на ул. „Тетовска“ бр.40, во строгиот центар на Скопје, дека, и по 4 месеци од вселувањето, општина Центар не им обезбедила пристап до нивната подземна гаража. Станарите од соседната зграда имаат нелегално поставено рампа на државно земјиште која го оневозможува пристапот до новоизградениот објект и одбиваат да ја тргнат. Со проблемот е запознато и општинското раководство, но досега не постапиле кон рушење на бесправно поставената препрека. И по неколку состаноци со градоначалникот и стручните служби на Општината и дадените, од нивна страна, ветувања дека ќе се реши, станарите сè уште не можат да ја користат сопствената гаража.
Ништо не бараме освен да се спроведи законот и актите на Општината, кои надлежните не сакаат да ги спроведат, велат станарите, додавајќи дека нивното трпение е при крај.
Доколку проблемот не се реши во најкраток рок, велат, ќе бидат приморани своите права да ги заштитат преку правосудните органи. А доколку бидат приморани своите права да ги бараат во судска постапка, пак, покрај одговорност за Општината и одговорните лица, ќе бараат Општината да им ги надомести сите трошоци настанати поради оневозможен пристап до влезот од зградата. „Република“ побара одговор од градоначалникот Герасимовски и Општина Центар што се превзема за да се реши овој проблем, зошто досега не е постапено кон рушење на нелегално поставената рампа и уште колку време граѓаните нема да може да паркираат во гаражата за која веќе платиле. Оттаму велат дека градоначалникот Горан Герасимовски одржал неколку средби со жителите кои живеат во овој дел од општината и заеднички се изнаоѓаа решенија за состојбата со дивоградбите.
Од Секторот за инспекциски работи веќе беа на терен, извршени се увиди и направени се записници за фактичката состојба. Рампата во наредниот период ќе биде отстранета и жителите ќе можат непречено да паркираат во гаражата, велат од Центар.
Но, градоначалникот Герасимовски за истото веќе се пофалил на неговата фејсбук-страница уште пред два месеца. Меѓутоа, ниту рампата е урната, ниту проблемот решен, ниту станарите можат да си дојдат дома.

The post Жители на Центар 4 месеци не можат да си дојдат дома, зошто градоначалникот Герасимовски не сака да руши нелегална рампа appeared first on Република.

]]>